|
Теракотни икони во Македонија |
Внеси реплика |
Автор | |
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 20.Ноември.2009 во 21:29 |
Иконите датираат од 5 и 6 век и претпоставка е дека биле еден вид апликација на sидовите на гробниците од доцната антика во овој градски комплекс. Овие икони спаѓаат во редот меѓу најавтентичните и најоригинални откритија на почвата на Македонија. Теракотни плочи, често нарекувани икони според содржината на претставите, и според многу работи се исклучителни. Рустикални во својата изведба, концизни во своите прикази, тие претставуваат сублимирани пораки за најраните христијански догми, изведени на уникатен начин кој досега не е виден на други слични релјефи. Автентичноста на овие археолошки откритија се состои и од фактот што виничките релјефи претставуваат едиствена целина од ранохристијанскиот период во Македонија, која во себе вклучува антропоморфни прикази Сите претстави на теракотните икони се придружени со латински натписи изведени во длабок рељеф, кој ги опишуваат сцените или ликот, при што во нив е вградена концизна теолошка порака. Најчести теми се од Стариот и Новиот Завет, групирани во 4 групи: Старозаветни сцени, илустрирани псалми, Христолошки претстави и претстави на ликови на христијански светители. Како на пример: "Јошуа и Калеб", "Даниел меѓу лавовите", "Константинов крст", "Св. Архангел Михаил и други Колекцијата ја сочинуваат 50-тина икони, при што 20-тина се откриени цели, а останатите во фрагменти. Овие икони имаат и свој Музеј во градот Виница каде што, покрај нив, изложени се и други артефакти пронајдени на локалитетот Виничко кале. Изменето од mungos80 - 20.Ноември.2009 во 21:30 |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://www.pmf.ukim.edu.mk/PMF/Chemistry/members/kuzmi/2007_AnaliDiChimica.pdf
http://www.ace.hu/emac07/pdf/abstract/P11-Abstract-Tanevska-01.pdf Хемиската анализа на иконите Изменето од mungos80 - 20.Ноември.2009 во 21:39 |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оваа е иконата со крстот нејзините димензии се 32х20х4,5 см Латинскиот назив на крстот е CRUX CRISTI VINCE ET VINCERE PRESTA OMNIBUS SPERANTIBUS IN TE Преводот е : Крстот на смрта Исусова се обврзува и гарантира победа на секој кој ќе се одгледа на тебе Изменето од mungos80 - 21.Ноември.2009 во 00:21 |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пророкот Данило(Danilo) Икона со Данило во лавовска пештера димензии на иконата 29х31х4 см Латинскиот текст: SCS DANAIL + AD DOMINO CL SUI SHOM PA CICUMYUR + e Исус преводот е: Свети Данило + преживеаа во лавовска пештера со подигнати раце благодарение на вербата и со помош на Господ тие се питоми Оваа е ликовна реконструкција на стариот завет од книгата на пророкот Данило 6(16-23) Изменето од mungos80 - 21.Ноември.2009 во 00:22 |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ѓорѓи и Христофор Икона со Ѓорѓи и Христофор димензии 27х30х4,5 см Латински текст: + DNS OS VIRTUTUMEXAUDI NOS + XPOFORUS GEORGIUS Исус Христос Господ устата која не учи за доблестите помилуј не Изменето од mungos80 - 21.Ноември.2009 во 00:21 |
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Теракотна иконата посветена на свети Андреј потекнува од крајот на третиот и првите децении на четвртиот век Станува збор за откривањето на една од најстарите досега познати теракотни икони посветена на првоповиканиот апостол Андреј, родениот брат на св. Петар, преку која јасно сознаваме какви биле најстарите корени на христијанството и какви уметнички дела биле создавани во најраниот христијански период на тлото на Македонија, односно кон крајот на третиот и во почетокот на четвртиот век. Веднаш треба да се каже дека новооткриената икона (која за првпат се публикува во овој напис, во најкуса можна форма), споредена со теракотните икони порано откриени на Виничкото Кале (1985-2000) се разликува по неколку свои карактеристики. Прво, основното тело (плочата) било оформено во калап, за да се добијат бараните димензии и облик, меѓутоа, релјефот со иконографската тема бил добиен со притисок на четири различни уметнички изработени матрици. Со притисок на двете поголеми, еднакви по димензии матрици, во меката глина, бил добиен облик на буквата икс° (Х), односно т.н. Адријанов крст (Цруџ декусата), а потоа, од едната и другата страна на крстот, биле втиснати помалите по димензии матрици. Отпрвин
била притисната, прилично длабоко, матрицата на која се наоѓаат
релјефните претстави на два морски рака, две риби, една морска школка и
една плочкаста - елипсоводна претстава. Раковите и рибите се групирани
во парови од по еден рак и една риба, со главите свртени кон средишното
поле, кадешто е претставена школката којашто ги раздвојува. Потоа
била втисната втората матрица, значително поплитко. Со неа отпрвин бил
втиснат едниот крак на крстот а потоа, со поместување на матрицата, бил
оформен и вториот крак на крстот. Гледана во целина, втората матрица ги
содржи следните претстави - симболи: паун, свртен во десно, над него
риба, свртена со грб кон паунот. Пред рибата, односно зад паунот, како
средишен мотив е претставено јагне. По јагнето следува претстава на пес
со подигната глава свртена наназад. До песот се наоѓа морска школка
(морската школка по својот облик е иста како таа на првата матрица).
Откако била втисната и втората матрица, со која бил оформен
Андријановиот крст, од двете страни на крстот, со помали матрици, биле
втиснати претставите на една риба и една школка со сосема поинаков
облик од претходните школки. Теракотната икона може да се смета дека
многу добро е зачувана, иако, заради долгиот престој во длабините на
земјата од силните притисоци, распукнала на неколку парчиња. За да ја сфатиме
основаната идеја на непознатиот винички скулптор, треба да укажеме
дека, покрај основната тема, ликовно презентирана со јазикот на
симболите, во која се апострофира и толкува проповедничката активност,
мачеништвото и подвизите на првоповиканиот апостол Андреј, иконата
содржи уште еден цел спектар поединечни теми, реализирани повторно со
посредство на симболи, наменети за ранохристијанските верници, кои го
познавале и разбирале тој, сў уште, таен јазик, користен во најраниот
христијански период, во периодот кога христијанството сў уште е жестоко
прогонувано. Несомнено се работи за времето кога во Рим настануваат
првите катакомби во кои непознати уметници сликаат сцени врзани за
Стариот и Новиот завет, користејќи притоа и многу зооморфни симболи. Во
Македонија, досега не се откриени катакомби, меѓутоа, новооткриената
таракотна икона сведочи за тоа дека нејзината намена можело да биде
врзана за украсување на гробниците на раните христијани, што всушност
би ја имало истата улога каква што била и улогата на насликаните
претстави во катакомбите во Рим. Во житието на св. Андреј се вели
дека тој бил син на Јона и брат на св. (Симеон) Петар, роден во
Бетсаида во Галилеја. И двајцата браќа Андреј и Петар, биле рибари. Св.
Андреј, одпрво бил ученик на св. Јован Крстител. Виничкиот скулптор,
работејќи на Виничкото Кале, користејќи глина од околните глиништа,
(што беше докажано со хемиските анализи направени од компетентни
институти), посветувајќи ја оваа икона на првоповиканиот апостол
Христов Андреј, на извонреден начин, преку симболи ја прикажал токму
поврзаноста на св. Андреј со неговиот прв учител св. Јован Крстител,
како и со најзначајното собитие врзано со Христовото крштение во реката
Јордан. По чинот на крштевањето св. Андреј станал Христов ученик. Обликот на крстот на кој бил распнат и на кој починал во 62
година Св. Андреј, подоцна станал негов симбол. За раните христијани,
на кои била наменета Виничката теракотна икона, симболот недвојбено бил
сосема јасен и за да биде разбран немало потреба од никакви други
дополнителни текстови. Виктор Василевич Бичков, во својата книга
посветена на Византиската естетика, меѓу другото вели: Во текот на
првите три века на христијанството, скоро целата религиозна уметност
била разумно-симболичка. На ѕидовите на катакомбите и саркофазите
сликани се условни знаци кои го симболизирале Христос и другите лица од
Евангелието. Претставите на риби, сидра, кораби, лозовите пенушки,
јагнињата биле толкувани како симболи на Христос, меѓутоа, само некои
од тие симболи се задржале во уметноста на идните времиња. Покрај нив,
во првите векови на христијанството, често се употребувале и алегории.
Симболични биле не само цели слики туку и нивни поединечни елементи:
виното, реката, паунот и др. Псевдо-Дионисиј смета дека симболите
и условните знаци се имаат појавено не заради самите нив, туку со
одредена, а со тоа и противречна цел, истовремено и да ја истакнат и да
ја сокријат вистината. На таквите облици Псевдо-Дионисиј им ја
припишува убавината која е скриена внатре° во симболите и со која се
постигнува надсуштинска духовна светлина. И така, неразбирливата
информација на симболите ја прифаќа оној кој тежнее кон нејзино
сознавање пред сў двојно емоционално во облик на убавина° и светлина°.
А таа убавина се открива само на оној кој умее да ја види. Спрема тоа,
нужно е да се учат луѓето за начинот како да се гледаат симболите.
Секој симбол може да има повеќе значења во зависност од контекстот во
кој се употребува и зависно од личните својства на созерцателот. Во прв
ред, во подлабоко втиснатите краци на крстот, како што веќе спомнав, се
претставени во парови по еден рак и по една риба. Раковите и рибите
како зооморфни симболи се познати во ранохристијанската уметност. За
нив, во речникот на симболи се вели: Со ракот се врзува сиот воден
свет. Тој е симбол на праисконските води, на мирните и длабоки праводи
на изворите кои минуваат низ мајчиното млеко и соковите на билките. Со
овој симбол се обележуваат почетоците на префигурацијата на животот кој
повторно се раѓа. Спрема тоа, претставата на раковите, во овој случај,
ја симболизира водата на реката Јордан-водата во која бил крстен Исус
Христос. Рибите пак, го симболизираат Исус Христос и самиот чин на
крштевањето, бидејќи е речено: Како што рибата не може да живее надвор
од водата, така и христијанинот може да биде спасен само преку неговото
крштевање°. На оваа многу значајна релјефна плоча, меѓу двата пара
со ракови и риби, се наоѓа морска школка, која го симболизира раѓањето,
смртта и препородот, симбол што повторно асоцира на раѓањето на Исус
Христос, неговата смрт и неговото воскресение. Школката е во врска со
водата и со месечевите мени. Затоа на нашата икона е претставен и
месецот во облик на елипсовидна плоча, сместена зад опашките на рибата
и ракот. Месецот како небеско тело расте, се смалува и исчезнува, но
неговата смрт, неговото исчезнување никогаш не е конечно. Тој е врска и
со праисконските води и причина за нивното појавување. На едниот
крак е претставен паун, а над него риба, а на вториот крак, песот
Кербер и една школка. Веќе укажав дека централна фигура на оваа матрица
е претставата на јагнето. Симболот на паунот ја претставува
бесмртноста, но и раѓањето Христово. Во овој случај заедно со рибата го
персонифицира рајот кон кој што тежнеат душите на праведниците. Од
другата страна, на кракот од крстот прикажан е пес повторно со школка
до него. Песот скоро во сите познати митологии е поврзуван со смрта, со
пеколот, со подземниот свет (песот Кербер). Во рамките на двете
помали матрици, втиснати на оваа икона, ги распознаваме симболите риба
и школка со издолжен врат. Рибата во овој случај го симболизира Исус
Христос, додека школката со издолжен врат, го симболизира најавувањето
на страшниот суд, зошто по својот облик личи на дувачкиот инструмент
труба, со која се најавувале многу значајни собитија. Во тоа светло може да се гледа последното откритие на д-р Балабанов - како еден од клучните артефакти во докажување на растежот на таа општествена свест, кој во себе ќе ја подразбере уметноста како еден важен сегмент за сопствениот развој. Значи, треба да се земе предвид дека станува збор за предвизантискиот период, нешто што историчарите го нарекуваат доцен антички период, значи токму време кога од една епоха се преоѓа во друга, односно период од кога можеме многу попрецизно да го мериме и следиме континуитетот на историјата. Виничкото кале и артефактите што тоа сега ни ги покажува се значајна алка. Извор:http://archives.vmacedonia.com/10070.htm Изменето од Tetratka - 21.Ноември.2009 во 00:48 |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тоа е иконата на св. Андреј Изменето од Tetratka - 21.Ноември.2009 во 01:02 |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |