Теракотна иконата посветена на свети Андреј потекнува од крајот на третиот и првите децении на четвртиот век
Станува
збор за откривањето на една од најстарите досега познати теракотни
икони посветена на првоповиканиот апостол Андреј, родениот брат на св.
Петар, преку која јасно сознаваме какви биле најстарите корени на
христијанството и какви уметнички дела биле создавани во најраниот
христијански период на тлото на Македонија, односно кон крајот на
третиот и во почетокот на четвртиот век. При археолошките
ископувања на Виничкото Кале, коешто се наоѓа во непосредна близинана
градот виница во Источна Македонија, во 2000-2002 година, во блокот 9,
на длабочина од 100-120 см, откривме три фрагменти од теракотна икона.
По чистењето се покажа, дека припаѓаат на една икона, бидејќи идеално
се вклопуваат, оформувајќи целина на плоча со димензии: 32 х 32 х 5 см. Веднаш
треба да се каже дека новооткриената икона (која за првпат се публикува
во овој напис, во најкуса можна форма), споредена со теракотните икони
порано откриени на Виничкото Кале (1985-2000) се разликува по неколку
свои карактеристики. Прво, основното тело (плочата) било оформено во
калап, за да се добијат бараните димензии и облик, меѓутоа, релјефот со
иконографската тема бил добиен со притисок на четири различни уметнички
изработени матрици. Со притисок на двете поголеми, еднакви по димензии
матрици, во меката глина, бил добиен облик на буквата икс° (Х), односно
т.н. Адријанов крст (Цруџ декусата), а потоа, од едната и другата
страна на крстот, биле втиснати помалите по димензии матрици. Отпрвин
била притисната, прилично длабоко, матрицата на која се наоѓаат
релјефните претстави на два морски рака, две риби, една морска школка и
една плочкаста - елипсоводна претстава. Раковите и рибите се групирани
во парови од по еден рак и една риба, со главите свртени кон средишното
поле, кадешто е претставена школката којашто ги раздвојува.
Потоа
била втисната втората матрица, значително поплитко. Со неа отпрвин бил
втиснат едниот крак на крстот а потоа, со поместување на матрицата, бил
оформен и вториот крак на крстот. Гледана во целина, втората матрица ги
содржи следните претстави - симболи: паун, свртен во десно, над него
риба, свртена со грб кон паунот. Пред рибата, односно зад паунот, како
средишен мотив е претставено јагне. По јагнето следува претстава на пес
со подигната глава свртена наназад. До песот се наоѓа морска школка
(морската школка по својот облик е иста како таа на првата матрица).
Откако била втисната и втората матрица, со која бил оформен
Андријановиот крст, од двете страни на крстот, со помали матрици, биле
втиснати претставите на една риба и една школка со сосема поинаков
облик од претходните школки.
Теракотната икона може да се смета дека
многу добро е зачувана, иако, заради долгиот престој во длабините на
земјата од силните притисоци, распукнала на неколку парчиња. Од
ликовна гледна точка, релјефот на оваа теракота е многу добро
моделиран, со мноштво ситни детали, посебно при обликувањето на
раковите, рибите и школките. Цртежот е прецизен и сосема јасно ги
отсликува основните карактеристики и облици на претставените животни -
симболи. На теракотната икона нема никаква сигнатура или натпис. Новооткриената
икона на Виничко Кале, со ваква содржина, колку што ми е мене досега
познато, е единствен досега познат примерок со ваква содржина и со
вакви симболи, не само во ранохристијанската уметност во Македонија и
Балканскиот Полуостров туку и во Европа воопшто.
За да ја сфатиме
основаната идеја на непознатиот винички скулптор, треба да укажеме
дека, покрај основната тема, ликовно презентирана со јазикот на
симболите, во која се апострофира и толкува проповедничката активност,
мачеништвото и подвизите на првоповиканиот апостол Андреј, иконата
содржи уште еден цел спектар поединечни теми, реализирани повторно со
посредство на симболи, наменети за ранохристијанските верници, кои го
познавале и разбирале тој, сў уште, таен јазик, користен во најраниот
христијански период, во периодот кога христијанството сў уште е жестоко
прогонувано. Несомнено се работи за времето кога во Рим настануваат
првите катакомби во кои непознати уметници сликаат сцени врзани за
Стариот и Новиот завет, користејќи притоа и многу зооморфни симболи. Во
Македонија, досега не се откриени катакомби, меѓутоа, новооткриената
таракотна икона сведочи за тоа дека нејзината намена можело да биде
врзана за украсување на гробниците на раните христијани, што всушност
би ја имало истата улога каква што била и улогата на насликаните
претстави во катакомбите во Рим.
Во житието на св. Андреј се вели
дека тој бил син на Јона и брат на св. (Симеон) Петар, роден во
Бетсаида во Галилеја. И двајцата браќа Андреј и Петар, биле рибари. Св.
Андреј, одпрво бил ученик на св. Јован Крстител. Виничкиот скулптор,
работејќи на Виничкото Кале, користејќи глина од околните глиништа,
(што беше докажано со хемиските анализи направени од компетентни
институти), посветувајќи ја оваа икона на првоповиканиот апостол
Христов Андреј, на извонреден начин, преку симболи ја прикажал токму
поврзаноста на св. Андреј со неговиот прв учител св. Јован Крстител,
како и со најзначајното собитие врзано со Христовото крштение во реката
Јордан. По чинот на крштевањето св. Андреј станал Христов ученик. Јагнето
претставено во централниот дел од новооткриената теракотна икона
несомнено има повеќе симболични значења. Едно од нив укажува на
моментот кога Св. Јован Крстител го здогледал Исус Христос кој му се
приближувал за да побара од него да биде крстен, односно кога Св. Јован
го вперил својот прст кон Христа и рекол: Еве го јагнето Божје° (Јов.
1,36). Иконографијата на оваа икона недвојбено настојува да го
поврзе св. Андреј со Христовото крштение во реката Јордан и да го
нагласи неговото сведоштво за тој чин. Меѓутоа, симболот јагне, на
нашава икона, несомнено укажува и на една од најзначајните теми на
христијанска иконографија, смртта на распнатиот Христос. Во историјата
на уметноста се вели дека Распјатието Христово сў до 6 век, се
прикажувало исклучиво преку симболи, меѓу кои основен симбол
претставувало јагнето. Преку симболите иконата ни раскажува моменти
од житието на св. Андреј, кој почнал да го проповеда Евангелието низ
Источното Римско царство, во Тракија, потоа во земјите околу Дунав,
околу Црното Море, во Епир и на крајот на Пелопонез. На Пелопонез,
римскиот намесник Егеат, плашејќи се од активноста на првоповиканиот
апостол, наредил св. Андреј да биде фатен, измачуван и на крајот
распнат на крст. Крстот на кој бил распнат имал облик на буквата икс°
(Х).
Обликот на крстот на кој бил распнат и на кој починал во 62
година Св. Андреј, подоцна станал негов симбол. За раните христијани,
на кои била наменета Виничката теракотна икона, симболот недвојбено бил
сосема јасен и за да биде разбран немало потреба од никакви други
дополнителни текстови. Споменот на св. Андреј, првоповиканиот апостол се слави на 30 ноември по стар стил, односно на 13 декември по новиот стил. Од
досега кажаното, може да се види дека основниот мотив на новооткриената
теракотна икона е врзан за житието на Св. Андреј првоповиканиот
апостол, во овој случај претставен преку неговиот симбол-Андријановиот
крст. Меѓутоа, непознатиот винички скулптор и учените теолози кои
живееле во населбите во долината на река Брегалница, еден од
најзначајните христијански центри од периодот на раното христијанство
но и подоцна, во периодот на активностите на солунските браќа св. Кирил
и св. Методиј, создавајќи ја оваа икона, значително ја збогатиле
темата, користејќи симболи кои недвојбено зборуваат за проповедничката
дејност на Св. Андреј и крштевањето како еден од најзначајните настани
врзани за животот на секој христијански верник, кој преку крштевањето
повторно се раѓа°.
Виктор Василевич Бичков, во својата книга
посветена на Византиската естетика, меѓу другото вели:
Во текот на
првите три века на христијанството, скоро целата религиозна уметност
била разумно-симболичка. На ѕидовите на катакомбите и саркофазите
сликани се условни знаци кои го симболизирале Христос и другите лица од
Евангелието. Претставите на риби, сидра, кораби, лозовите пенушки,
јагнињата биле толкувани како симболи на Христос, меѓутоа, само некои
од тие симболи се задржале во уметноста на идните времиња. Покрај нив,
во првите векови на христијанството, често се употребувале и алегории.
Симболични биле не само цели слики туку и нивни поединечни елементи:
виното, реката, паунот и др.
Псевдо-Дионисиј смета дека симболите
и условните знаци се имаат појавено не заради самите нив, туку со
одредена, а со тоа и противречна цел, истовремено и да ја истакнат и да
ја сокријат вистината. На таквите облици Псевдо-Дионисиј им ја
припишува убавината која е скриена внатре° во симболите и со која се
постигнува надсуштинска духовна светлина. И така, неразбирливата
информација на симболите ја прифаќа оној кој тежнее кон нејзино
сознавање пред сў двојно емоционално во облик на убавина° и светлина°.
А таа убавина се открива само на оној кој умее да ја види. Спрема тоа,
нужно е да се учат луѓето за начинот како да се гледаат симболите.
Секој симбол може да има повеќе значења во зависност од контекстот во
кој се употребува и зависно од личните својства на созерцателот. Веќе
укажав на симболот што го претставува првоповиканиот апостол Андреј.Тоа
е централната претстава на крстот во облик на буквата икс° (Х).
Меѓутоа, виничкиот скулптор, користејќи ги полињата на краците од
крстот, како и просторот на триаголниците што се формираат помеѓу
краците на крстот, во нив поместува неколку сцени, се разбира,
раскажувајќи ги со помошта на релјефно претставените симболи.
Во прв
ред, во подлабоко втиснатите краци на крстот, како што веќе спомнав, се
претставени во парови по еден рак и по една риба. Раковите и рибите
како зооморфни симболи се познати во ранохристијанската уметност. За
нив, во речникот на симболи се вели: Со ракот се врзува сиот воден
свет. Тој е симбол на праисконските води, на мирните и длабоки праводи
на изворите кои минуваат низ мајчиното млеко и соковите на билките. Со
овој симбол се обележуваат почетоците на префигурацијата на животот кој
повторно се раѓа. Спрема тоа, претставата на раковите, во овој случај,
ја симболизира водата на реката Јордан-водата во која бил крстен Исус
Христос. Рибите пак, го симболизираат Исус Христос и самиот чин на
крштевањето, бидејќи е речено: Како што рибата не може да живее надвор
од водата, така и христијанинот може да биде спасен само преку неговото
крштевање°.
На оваа многу значајна релјефна плоча, меѓу двата пара
со ракови и риби, се наоѓа морска школка, која го симболизира раѓањето,
смртта и препородот, симбол што повторно асоцира на раѓањето на Исус
Христос, неговата смрт и неговото воскресение. Школката е во врска со
водата и со месечевите мени. Затоа на нашата икона е претставен и
месецот во облик на елипсовидна плоча, сместена зад опашките на рибата
и ракот. Месецот како небеско тело расте, се смалува и исчезнува, но
неговата смрт, неговото исчезнување никогаш не е конечно. Тој е врска и
со праисконските води и причина за нивното појавување.
На едниот
крак е претставен паун, а над него риба, а на вториот крак, песот
Кербер и една школка. Веќе укажав дека централна фигура на оваа матрица
е претставата на јагнето. Симболот на паунот ја претставува
бесмртноста, но и раѓањето Христово. Во овој случај заедно со рибата го
персонифицира рајот кон кој што тежнеат душите на праведниците. Од
другата страна, на кракот од крстот прикажан е пес повторно со школка
до него. Песот скоро во сите познати митологии е поврзуван со смрта, со
пеколот, со подземниот свет (песот Кербер).
Во рамките на двете
помали матрици, втиснати на оваа икона, ги распознаваме симболите риба
и школка со издолжен врат. Рибата во овој случај го симболизира Исус
Христос, додека школката со издолжен врат, го симболизира најавувањето
на страшниот суд, зошто по својот облик личи на дувачкиот инструмент
труба, со која се најавувале многу значајни собитија. Она што
посебно паѓа во очи тоа е богатата иконографска содржина на оваа
извонредно значајна икона, која покрај другото сведочи за тоа дека во
Источна Македонија, во регионот на река Брегалница, во периодот на
раното христијанство, пред тоа да биде признаено за официјална религија
во Римското царство, веќе постои христијански центар, во чијашто
заедница работат скулпторски работилници, кои покрај другите производи
изработуваат и уметнички дела наменети за потребите на првите
христијански заедници на овој простор. Од досега изложеното, врз
основа на иконографијата предадена исклучиво преку симболи, како и врз
основа на ликовните и стилски карактеристики на делото на непознатиот
винички скулптор, иконата ја датирам во крајот на третиот и првите
децении на четвртиот век. На тој начин, новооткриената икона
претставува најстара теракотна икона откриена до денес на тлото на
Европа. Македонија пак, без сомнение, во овој најран период е
земјата во која веќе се зацврстило христијанството и покрај жестоките
прогони што резултирало со многу човечки жртви. Само педесетина години
подоцна од настанувањето на оваа единствена по своето значење теракотна
икона, во овој регион, конкретно во Струмица, по времето на императорот
Јулијан Апостата (361-363 год.) во прогоните на христијаните настрадале
Петнаесетте Тивериополски (Струмички) маченици, кои биле закопани на
градските гробишта во овој град. На тоа место, подоцна, струмичани
изградиле величенствен храм со гробница посветена на Струмичките
маченици. Фактот што по времето на најжестоките прогони, кога паѓале
глави на христијани, христијанството во Македонија опстојало и нашло
сили уметнички да се изразува, убеден сум дека тоа ќе го стори и денес. По
откривањето на најстарата теракотна икона во Европа Историјата почнува
на Виничкото кале Виничките икони ги означуваат почетоците на
организираното модерно уметничко творење на европските простори Иконата
на Андреја, најстара икона во Европа Постојат повеќе репери според кои
се одредува почетокот на цивилизизацијата. Еден од најраспространетите
е воведувањето на монобоштвото (христијанството) како преод од
паганското кон цивилизираното општество. Впрочем, и новата ера се брои
од Исусовото раѓање. Во секој случај ова е еден од контекстите низ кој
може да се гледа откритието на професорот Балабанов, теракотната икона
датирана од период на преодот меѓу третиот и четвртиот век од нашата
ера. Значи, контекстот е во периодот пред или на почетокот на
владеењето на Константин, во зародишот на појавата на христијанството
на европскиот континент. Во секој случај станува збор за најстарата
теракотна икона во Европа! Феноменот на теракотните икони, откриени на
Виничкото кале во дводецениските континуирани истражувања, а особено
феноменот на иконата на Свети Андреј, откритието што професор Балабанов
за првпат на македонската поширока јавност и го претстави во вчерашниот
број на нашиот весник, покрај своето несомнено научно значење, може да
се разгледува токму од аспектот на клучниот период во развивањето на
она што се нарекува цивилизација. Имено, станува збор за почетоците на
организираното модерно уметничко творење на европските простори.
Мотивите и релјефите на теракотните икони не се преземени од
ранохристијанската симболика, туку напротив, може да се каже дека се во
функција на создавање на таа симболика. Тие, значи, покажуваат
организиран пристап на нешто што со право може да се нарече современ
(модерен) пристап кон ликовната уметност, зашто станува збор за мотиви
кои не се голо преземање на она што го опкружува тогашниот човек, туку
се и внатрешен израз на разбирањето на уметничката симболика. Датирани
негде од четвртиот па до седмиот век од нашата ера, овие икони на мал
простор (отприлика на некои триесетина квадратни сантиметри) јасно го
детерминираат стилот и начинот на изразувањето на уметникот
(уметниците) во тој период. Впрочем, ако за првпат императорот
Константин во 313 година (Милански едикт), покрај другите религии во
Римската империја, го признал правото на постоењето на христијанската
вера, а таа станува официјална државна религија многу подоцна
(императорот Теодосиј), наодите дека иконата на Свети Андреј е
создадена токму во тој период, а најверојатно и нешто порано, на ова
откритие му даваат фундаментална важност, не само за почетоците на
христијанството на оваа територија, туку и на следењето на нешто што би
можело да се нарече создавање на општествената свест во преломните
мигови на развојот на човековата цивилизација. Имено, станува збор за
се уште прогонетото христијанство, па така мотивите што се сликаат
мораат да бидат симболични, непрепознатливи како знаци за оние кои не
треба да ги видат, а од друга страна треба да ја имаат и онаа
пропагандна сила која ќе регрутира повеќе верници во христијанската
вера. Сето ова предизвикува повеќезначни толкувања на одредениот мотив.
Во
тоа светло може да се гледа последното откритие на д-р Балабанов - како
еден од клучните артефакти во докажување на растежот на таа општествена
свест, кој во себе ќе ја подразбере уметноста како еден важен сегмент
за сопствениот развој. Значи, треба да се земе предвид дека станува
збор за предвизантискиот период, нешто што историчарите го нарекуваат
доцен антички период, значи токму време кога од една епоха се преоѓа во
друга, односно период од кога можеме многу попрецизно да го мериме и
следиме континуитетот на историјата. Виничкото кале и артефактите што
тоа сега ни ги покажува се значајна алка.
Извор:http://archives.vmacedonia.com/10070.htm
------------- за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|