|
Македонска Етнологија |
Внеси реплика | страница <1 34567 26> |
Автор | ||
depo
Сениор Регистриран: 28.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 501 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Адвизор и Каснакоски сосема се заглавија со докази што самите ги презентираа. Всушност докажаа сосема спротивно од тоа што сакаа. |
||
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne se site Mijaci Arm'ni tuku del .Tie se izmesale so Mijacite -poznato slovensko pleme. |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во она кое е цитирано од твојот извор, јасно е потенцирана разликата помеѓу Ароманите и Мијаците. А и не заборавај дека довчера тврдеше дека Ароманите не се мешаат со никого....самиот си противречиш. |
||
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Pa ne se mesale vo Pind a ovde se mesale |
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А сите ли сточари се Власи,јас барем колку што энам Власите воедно се добри трговци и ги имало по градовите не само по планините,но и една друга работа пак како што энам Македонците се многу добри преработувачи на Млечни проиэводи,како што Македонец ке направи овчо сирење тешко некој друг да го погоди.
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ѓорѓи Здравев остави силна трага во етнокултурната традиција на Македонците
Од сега натаму, македонската наука и култура ќе биде посиромашна за една истакната, сестрана и почитувана личност - професорот, научник, уметник и педагог д-р Ѓорѓи Здравев (1941 - 2007). Тој беше сестрано академски образована личност која со успех над триесет години делуваше на повеќе полиња од културната, образовната и научната сфера. Двете негови најзначајни научни дела Македонски народни носии 1 (1997) и Македонски народни носии (ткаеници, везови, плетила, китење и накит) (2006), претставуваат сублимација на неговата многугодишна научно-истражувачка дејност во една област што и самата сеуште претставува недостатно истражено подрачје од нашето културно-национално наследство. Со народната орнаментика на Македонија беше примарно преокупиран во текот на целиот свој работен век и која ја проучуваше до најситни детали, покривајки на тој начин една значајна област во македонската традиционална фундаментална култура. Народните носии се создавани како колективна културна придобивка, втемелена во многубројни животни ситуации и потреби што произлегуваат од секојдневниот живот на човекот, но и како резултат на неговиот колективен креативен дух, со специфично и препознатливо обележје за македонскиот ентитет. Тие се сублимиран одраз на народните традиции вградени во етнокултурната историја на Македонците, во социјалните односи, во општествено-политичките околности, во извесни елементи на народните обичаи и верувања, како и во определени естетски сфаќања создавани во текот на низа векови. За д-р Здравев носиите беа специфична материја преку која можат да се согледаат разни одрази на културните настани и влијанија, како и врските со другите, а пред се’ со соседните народи и култури. |
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
"Македонски народни носии" од Ѓорѓи Здравев
Традиционални македонски носии, везови, ткаеници, накит и многу фрагменти од нашата народна облека се опишани во големата монографија "Македонски народни носии" што ја издаде книгоиздателството "Матица македонска". Автор на делото е Ѓорѓи Здравев кој неколку години ги истражувал народните носии и текстилното творештво на територијата каде што живеат етнички Македонци. Монографијата е отпечатена на англиски и на македонски јазик, а покрај текстовите вметнати се и повеќе од 300 црно-бели и фотографии во боја. Во неколку поглавја во книгата опишани се секојдневните, празничните и свадбарските традиционални машки и женски носии што некогаш биле дел од секојдневието на жителите од горновардарскиот, дебарско-мијачкиот, брсјачкиот, средновардарскиот, шопско-македонскиот, струмско-местанскиот и јужно-македонскиот етнички регион. Во монографијата се опишани и ткајачката вештина, везењето и плетењето како дел од културата на нашиот народ, а посебно поглавје е посветено на накитот што бил составен дел од традиционалната македонска облека. |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во твојот извор јасно се одвоени Власите од Македонците, не ги мешај поимите. Сепак, ти го постираше тоа, не јас. |
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Радовишка Машка носија:
-Состав: Кошула,гаќи,потури,фустан,појас,елек,чорапи, опинци,крпа,капа,ќустен. Кошула-од домашно памучно платно.Кроена од преден и заден стан(од едно платно);рамно кроени ракави,околу шаката набрани со помош на манжетни “ролки”; јака; “крша’лк”-лајсна на предниот заден дел и клинови од страните.Украсена е со вез во техника “крсчиња” на јаката,на “крша’лкот” и на “роклите” на ракавите.Празничната кошула од страната има повеќе клинови,а на ракавите по целата должина е везена по бочната страна со вез во вид на лајсна дополнеа со монистра “срчи” и “пулови”.Се носи со спуштени пли преку гаќите. Гаќи-Од исто платно како и кошулата со ногавици до глуждовите,во горниот дел проширени,околу половината стегнати со “учк*р”.Гаќите се основен дел од летната машка носија.Зимно време над нив се облекуваат потури. Потури-Од црн или во сура боја шајак,со долги ногавици во горниот дел прочирени и стегнати со проверен “учк*р”.Во празничите прилики се носеле потесни потури нашарани со сини и зелени “гајтани”. -Фустан-Вид здолниште од домашно амучно платно; кроен од повеќе “клинови”, на горниот крај околу половината проверен “учк*р”(во поново време и ластик).Се носел во празничните прилики во летниот период. |
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Бојмија-Машка носија:
Состав:кошула,гаќи,ѕиври,бернавези или шалвари, ф’стан,елек,појас,долама,опинци,коса,капа. -Кошула:Од домашно памучно платно “бурунџук” долга до колената,од страните со понеколку клинови-“бочници”,со рамни или широко отворени ракави или набрани околу заракавјето со помош на тесна манжетна и со јака.На предниот делукрасена со попарчиња. -Гаќи:ОД исто платно како и кошулата,со долги ногавици над глуждовите,во горниот дел прилично проширени. -Ѕиври:Ногавици(од глуждовите до препоните),од бела клашна на горниот дел со јамка за протнување на врвци за пристегнување на појасот. -Барнавез или Шалвари:Од црна волнена ткаенина,по крој слични на гаќите,околу половината се придржуваат со учк*р. -Ф’стан:Широко и многу набрано здолниште од бело платно.Се носел со бели клашнени ѕиври и е составен дел од облеката на русалиите. -Елек:Горна допојасна безракавна облека од домашен волнен материјал во пруги “авалаџа” ; Од внатрешната страна поставен со бело домашно платно.Горниот дел е кроен четвртасто и е богато украсен Изменето од mungos80 - 19.Ноември.2009 во 22:18 |
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мариово-Машка носија:
Состав:Аба,кошула,гушале,калци,ѕиври,бечви,гаќи, шалвари,појас,вутче,чорапи,подвески, пртеници,обвијала,пинци,џамадан,шајак,сакма,кожув, капи,обурс. -Кошула:Од бел лито или четворно самоткаено памучно платно,долга до колена,кроена од следните делови:”затилок”-јака,ракави долги до подлактицата,преден стен,заден стен. -Гушале:Парче бело памучно платно во триаголна форма –за покривање на предниот оотворен дел од кошулата;на горниот крај со врвки за врзување околу вратот.Се носело како составен дел на празничните кошули за млади мажи украсено со вез од мониста,со “петлици” и “пулејки”. -Калци:Плетени полуракави од волнена преѓа носени од шаките до лактите.За ергените и младите мажи се кроеле шарени калци а за постарите бели калци. -Ѕиври:Од бела валана клашна,вид старски гаќи кроени во форма на ногавици долги од глуждовите до препоните. -Бечви:Од бела валана клашна, кроени од “заден кутел”(како тур доаѓа позади),”преден кутел” (што ја покрива трбушната страна) и две ногавици. -Гаќи: “Бубќарни”,од бело четворно ткаено памучно платно,кроени слично како и бечвите. Започнале да се носат во очетокот на овој век.Летно време се облекувале под ѕиврите а зимно под бечвите и шалварите. |
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
mijacka nosija
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мијаци-Машка носија:
Состав:Кошула,Џамадан (минтан) ,бечви ,појас , долама, кепе,зобан,чорапи,обала, опинци,капи, ќустек. -Кошула:Од тенко домашно памучно платно,со рамно кроени и широко отворени ракави (стар вид) или набрани со помош на “белегија”-манжетна(понв вид). Зеовските кошули биле везени со бел вез со бели “синџаци” и бели “ќесмиња”. -Џамадан или Минтан:-Горна допојасна облека од клашна или од “свита”-чоја(по бој бел,драп, моров) без ракави или со нив,на лактите украсен со “колчази”-декоративни елементи од гајтани. -Бечви:Од бела клашна,кроеви со прилично широко седло.Се носеле врзани под стомак по што се разликувале од соседите кои ги носеле врзани над стомак. -Појас:Исткаен од “чиста” вишна волна.Можел да се сретне еднобоен или прошаран со прави напречни шарки или во каро комбинација. -Долама:Горна празнична облека од клашна,со долги ракави,долга до колена.Ракавите под мишките се носеле расечени на два начина:рацете проврени преки целата должина на ракавите или само низ расечениот дел под мишките. |
||
Внеси реплика | страница <1 34567 26> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |