IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Цркви или амбасади?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Цркви или амбасади?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Nya Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 17
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Цркви или амбасади?
    Испратена: 18.Ноември.2009 во 21:58
 
Познавам неколку протестантски "цркви" за кои често се двоумам дали се она што претендираат дека се "цркви" или пак како што на дело се покажуваат (барем во мои очи) дека се амбасади.
Сега ќе објаснам што мислам под називот "амбасади" за овие "цркви" и ме интересира да слушнам ваш коментар што мислите вие за тоа.
Сум имала прилика неколкупати да посетам ваква црква-амбасада, а познавам и доста верници кои одат таму, а некои од нив веќе се во земјата која оваа "црква-амбасада" ја претставува. Од моето набљудување на овие цркви и верниците во нив ги донесов следниве заклучоци:
(нагласувам дека ова се мои субјективни заклучоци!)
 
Во овие цркви:
 
* Свештениците им се македонци, но марионети во рацете на светите мисионери.
Свештениците им се официјално поставени македонски пастори, но зад нив конците ги држат мисионерите и ниедна одлука или промена не може да се случи без нивниот "свет благослов".
 
* Спасението не им е Христос, туку визата, пасошот.
 
* Ветената земја не е Небото, туку Америка.
 
* Не мечтаат по божјото царство, туку по животот прикажан на холивудските филмови.
 
* Не сонуваат за спасение на својот народ меѓу кои Бог ги поставил, туку мечтаат по Лос Анџелес, Њу Јорк, Холивуд, Калифорниа, Воундерленд.
 
* Јазикот им е полн со американизми, што суптилно ја издава "ветената земја" која им е во срцето - Америка. Многумина од нив зборуваат амерички подобро и од американците. Тоа им е мајчинот јазик.
 
* Спасителот не им е Христос, туку светиот американец/ка на белиот коњ, кој ќе ги спаси од скромната Македонија и ќе ги однесе во светата земја каде владее раскошот и луксузот - Холивудската Америка каде што непрестано тече мед и млеко (Кој бил во Америка ќе рече: Мало морген на ова). Најчесто се тоа некои американци кои не можат таму да си фатат девојка, па доаѓаат тука на истокот знаејќи дека тука лесно можат да ја ќарат било која од верничките кои се палат по амери.
 
* Многумина од нив сакаат да бидат "мисионери" и да му служат на Бог, ама по можност не тука, туку во Америка. Велат: Мојот повик е во Америка, таму Бог ме повикува да му служам. Замислете Бог повикува протестанти од Македонија (каде што тие се под 0.1%) во протестантската Америка каде што тие се мнозинство. Тоа е слично како некој кој живее во пустината да рече: "Бог ме повикува да им однесам вода на жителите на Филипинските острови кои од сите страни се заобиколени со вода.
 
* Мисионерите ја купуваат лојалноста на верниците суптилно фрлајќи им по некое доларче за превод, час по македонски јазик или пак бејбиситинг (да им ги чуваат децата додека овие ги трошат покрупните долари на "службени" состаноци по рестораните) со што автоматски ја добиваат контролата и над нивните приватни животи правејќи ги зависни од нив.
 
Не тврдам дека сите протестантски цркви се "амбасади". Некои се повеќе, некои помалку, некои можеби воопшто не се. Јас познавам и такви и такви. А вие? Кое е вашето мислење за ваквите цркви? Дали и вие во нив препознавате еден вид амбасади?
 

Дали верниците (од сите деноминации) на форумов препознаваат нешто од ова погоре во своите цркви или верски организации?
Ви пожелувам пријатна дискусија.
Nya

И јас ви посакувам пријатна дискусија, само да напоменам дека нема потреба од повикување на одредени личности дали се препознаваат или не, за тоа служат ЛП-јата. Овде  нека земат учество сите кои се чувствуваат повикани да одговорат
роза


Изменето од maria_magdalena - 18.Ноември.2009 во 22:33
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 22:24
Читам и не ми се верува - после секоја реченица се повеќе радосно се смеам, бидејќи Вашите коментари радосно ја “растревожија“ мојата душа...

И јас би сакал да прашам како некој пастор од странските земји има смелост тука кај нас да проповеда што е христијанството и тоа не обично а “изворното“. 
Таквите “амбасадори на љубовта“ треба да се сетат од каде доаѓаат - од кое место и од која земја, традиција и култура и со која смелост се осмелуваат нас да не учат што е христијанство

Луѓето кој секојдневно живеат во мракот на идолопоклонствот, страста и блудот, (слободно можам да кажам Новиот Вавилон) се осмелуваат нас да ни проповеда и да не подучуваат што било христијанството, кој бил Христос и како треба да живееле христијаните...

Треба да разберат дека ова парче земја се вика Македонија - тука од 1 век има христијанство... има Црква и христијанска традиција...

Затоа на Вашите коментари така многу се израдував а особено ова:

“Најчесто се тоа некои американци кои не можат таму да си фатат девојка, па доаѓаат тука на истокот знаејќи дека тука лесно можат да ја ќарат било која од верничките кои се палат по амери.“

п.с.
100% реална вистина... и не само тоа - но многу повеќе од тоа...
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 22:57
Originally posted by Nya Nya напиша:

 
Не тврдам дека сите протестантски цркви се "амбасади". Некои се повеќе, некои помалку, некои можеби воопшто не се. Јас познавам и такви и такви. А вие? Кое е вашето мислење за ваквите цркви? Дали и вие во нив препознавате еден вид амбасади?
 


Има голема вистина во твојот текст. За жал...Се согласувам по однос на точките кои си ги навела како карактеристики. Секако, не можеме да кажеме дека сите се такви, а сите и не сум имала прилика да ги запознаам, но од она што го имам видено можам да кажам, да така е. Имам по темиве пишувано порано за тоа.



Изменето од maria_magdalena - 18.Ноември.2009 во 22:59
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Rita.MD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 719
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rita.MD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 23:02
Не во секоја црква која има мисионери американци е вака. Немој да клеветиш наоколу. Ако ти имаш таков впечаток, не значи дека е тоа така.

Штом некој дошол од Америка, сигурно не е тоа за пропаганда, туку навистина да го шири Евангелието. Пропаганда има доволно, вистина-малку.
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 23:04
Па убаво кажа девојката, не во секоја црква е така. Но во некои е НАВИСТИНА така.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 00:12
Nva pa vo sekoja edna religija od vernicite se nekoj ISKRENI NEKOJ SO DRUGA CEL MU SLUZAT NA BOG a i so e tolku loso ako imas drugar hristianin od amerika i ti pomogne da otides tamu nemoj da SUDI,SKAPO KE BIDES SUDEN
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 01:14
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Па убаво кажа девојката, не во секоја црква е така. Но во некои е НАВИСТИНА така.


Toкму така Маре, не во секоја, ама во некои е така, па не само како амбасади, туку и како трговски претставништва ( намерно го употребив овој термин, ме потсетуваат на разно-разните трговски претставништва кои порано тргуваа со судбината на македонскиот народ  ) , а сега тргуваат со пари и слично. Не си ја грешам душата, не спомнувам никого ама во многу градови во Македонија, точно се знае, колку се добива, како, каде и слично.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 03:36
Бидејќи бев предизвикан по лична порака од членот Nya да одговорам на прашањето овде, со задоволство ќе го направам тоа.

Прво, јас немам своја црква, но посетувам и член сум на туѓа - Христова црква.
Локалната црква каде што јас си ја негувам мојата христијанска вера слободно и одговорно можам да кажам дека не е амбасада, ниту пак има услови некој да ја третира/злоупотребува како таква.
Јас лично сум имал услови да останам на запад (каде што не сум бил по верска основа), но не сум го направил тоа, ниту ќе го направам. Читај ми од усни Nya: EvAngelos нема да ја напушти земјава наша додека не ја види истата реформирана мечтаење Животна желба и цел на ЕвАнгелос му е да го види нашиов народ ослободен од прангите на православието, да го види разбуден од длабокиот сон, од длабоката хипноза на православието, суеверноста и атеизмот. Не планирам да се преселувам никаде се додека Христовото евангелие не биде лесно и јасно достапно до секој жител на нашата земја, затоа што посакувам секој жител на нашата земја да го видам во Царството Небесно. Секој роднина, сите комшии, сите пријатели, сите оние што ги гледам во автобус, сите оние со кои се разминувам на плоштад, во ГТЦ, во парк, на Водно, на кеј, на плажите на Охридското езеро, Радовиш, Битола, Прилеп итн. што е можно повеќе, па ако е можно и цела Македонија да ја доведеме до Христос, до Божјото Царство, до вистинската ветена земја големо%20гушкање

Originally posted by Nya Nya напиша:


 
* Многумина од нив сакаат да бидат "мисионери" и да му служат на Бог, ама по можност не тука, туку во Америка. Велат: Мојот повик е во Америка, таму Бог ме повикува да му служам. Замислете Бог повикува протестанти од Македонија (каде што тие се под 0.1%) во протестантската Америка каде што тие се мнозинство. Тоа е слично како некој кој живее во пустината да рече: "Бог ме повикува да им однесам вода на жителите на Филипинските острови кои од сите страни се заобиколени со вода.


Со ова 99% се согласувам, а 100% лично. Гледано од перспектива на мисиската потреба за евангелизација, Македонија навистина претставува еден вид духовна пустина и секое изворче на животодавна вода е драгоцено и повеќе од потребно тука. Затоа се сложувам со тебе дека христијаните кои сакаат да му служат на Бог му се потребни Нему повеќе тука, отколку во Америка. Но тоа е моето и твоето мислење. Некои можеби мислат поинаку. Само Бог може да проникне во мотивите на христијаните и да види кој, како, каде, зошто и дали Му служи.

А што се однесува до американките на „белиот коњ“, ноу тенкју! Ниту нив, ниту коњот среќа Ев сака македонско девојче, китка шарена, мала селанка, на росна ледина.. љубов

Задоволна? Повели сега, откако беше удостоена со одговор, тебе ти е редот да се произнесеш по ова прашање. Или пак ти само отвараш теми и џом да те нема?

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 04:01
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Читај ми од усни Nya: EvAngelos нема да ја напушти земјава наша додека не ја види истата реформирана мечтаење Животна желба и цел на ЕвАнгелос му е да го види нашиов народ ослободен од прангите на православието, да го види разбуден од длабокиот сон, од длабоката хипноза на православието, суеверноста и атеизмот.



мечтаење
мечтаењемечтаењемечтаењемечтаењемечтаењејави%20ми%20се


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Не планирам да се преселувам никаде се додека Христовото евангелие не биде лесно и јасно достапно до секој жител на нашата земја, затоа што посакувам секој жител на нашата земја да го видам во Царството Небесно. Секој роднина, сите комшии, сите пријатели, сите оние што ги гледам во автобус, сите оние со кои се разминувам на плоштад, во ГТЦ, во парк, на Водно, на кеј, на плажите на Охридското езеро, Радовиш, Битола, Прилеп итн. што е можно повеќе, па ако е можно и цела Македонија да ја доведеме до Христос, до Божјото Царство, до вистинската ветена земја големо%20гушкање



Рече Патар: Со тебе Господи до смрт ... и уште петел не пропеа, а тој (Петар) трипати се одрече од Христос!!!!
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 04:07
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Локалната црква каде што јас си ја негувам мојата христијанска вера слободно и одговорно можам да кажам дека не е амбасада, ниту пак има услови некој да ја третира/злоупотребува како таква.


Заборави да пишеш која е таа локална црква што ја посетуваш, за да не’ увериш во тоа што го велиш. Вака испаѓа - живеам во шупа, ама на другите им велам: Да видите каква е мојата палата...

Е ајде, покажи која е таа твоја црква што не е амбасада. Има ли адреса? Пастор?

Изменето од Maran Ata - 19.Ноември.2009 во 04:08
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 04:16
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Животна желба и цел на ЕвАнгелос му е да го види нашиов народ ослободен од прангите на православието, да го види разбуден од длабокиот сон, од длабоката хипноза на православието, суеверноста и атеизмот.


Господине Евангелос слободно ќе се осмелам да ве прашам: Дали вие го познавате Уставот на Држава во Која живеете... (Р. Македонија)

Дали сте свесни дека за изјави како вашата, г. Јован Вранишковски лежеше у затвор и беше обвинет за ширење на верска и национална омраза... свесни ли сте вие колку пати го направивте тоа јавно на форум... немате никакво право да го навредувате мнозинството во оваа Држава, за тоа кривично се одговара!!!


Изменето од Tetratka - 19.Ноември.2009 во 04:23
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 04:37
Abe vo veles crkvata e vo BUGARSKA AMBASADA pa sea
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
Rita.MD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 719
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rita.MD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 11:36
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:


... немате никакво право да го навредувате мнозинството во оваа Држава, за тоа кривично се одговара!!!


Ни ти немаш право да го навредуваш малцинството, па сепак го правиш тоа. Никакво цвеќе за мирисање не си.
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2009 во 12:50
Доста интересна тема...
Нема да зборам од памет него ќе кажам од мое искуство.

Пред 7-8 години еден колега на брат ми во тимот во кој играа беше Американец со кој имав прилика и тоа доста добро да се запознаам.
Навистина ќе грешам душа ко кажам дека беше некаков си трговец туку навистина ептен беше онака пријателски расположен и не криеше дека е доста активен читател на библијат и слично.

Идеше у некоја си "црква" у Ново Лисиче у која има американци и еден куп македонци.
На моето прашање од која групација потекнува ми го кажа она вообичано америчконо non-denominational.
Се гледаше дека имаше во него доста мисионерски дух,не лицемереше туку нависта веруваше у тоа.
Е сега е друг проблем е што НЕМАШЕ ПОЈМА за православието.Тоа нешто ко римокатолиците сме му личеле.Па ме канеше мене и брат ми на предавањата за толкување на декалогот.
Па морав да му објаснувам дека на православните не им дозволено ниту во приватен дом со не-правсолавни да се молат а камоли па од предавање со гитара госпел да пееме!!

Значи дечкото како човек беше супер(со сопругата и со мајка му беше тука),мислам немам лош збор.
Но кога почнав да правам муабет со него за ставот на православието беше ама навистина изненаден, и одма ми рече..ама доста македонци доаѓаат во нашата црква?!..

Е тука сме сега кај тоа нашите(условно кажано).

Еден многу мал дел од нив се навистина искрени верници на тие здруженија(ја би ги нарекол така).
Е сега што никој дома не им ја објаснил верата во која се крстени, е тоа е веќе проблем на тоа проклето номинално "право"славие кај мнозинство од популацијата.
Која е мислам дека е главен проблем на оваа каша попара во религизоноста кај нас.

Додека еден дел се навистина луѓе во потрага по кариера пари и некао да киднат во туѓина.Ова се тоа да ги наречам најкористољубивите членово од тие групи.

Но најголем дел од тие групи сепак се млади луѓе кои уствари се Боготрагачи.
Ништо подобро не видел,не ги задоволува материјалното и сувопарно битисување на секојдневието.
За верата немат никаво предзнаење(па како и би имале кога родителите им се само номинални "право"славни или атеисти)
И сега идат тука енергични луѓе со порака за вечен живот,млади луѓе,дружба,(биљард имаат у тоа "црквата")и ете ти нов член у секта.

Но Бог е Голем и искрените трагачи кои го бараат Него и ќе го најдат.
Проблем само прават некои од тоа прват група кои се како ем шуто ем боде.Кој место да евангелизираат(што и да подрзабират под тоа) само плукаат по нивната (погрешна)престава на православието и упорствуваат на Вистината.

Но Бог не за џабе ни дал слодобна воља.
или како што вели светиот апостол Павле
1 Коринтјаните 6:12 „Се ми е допуштено!” Но не е се полезно: „Се ми е допуштено!” Но ништо не сакам да завладее над мене.


Изменето од ahmar1 - 19.Ноември.2009 во 12:52
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,453 секунди.