|
Македонската репрезентација |
Внеси реплика | страница <1 1617181920 35> |
Автор | ||||||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
И јас малку
Статијата е од вчера,ама нема врска,ајде денес да ги колфнеме Шкотите и да им ги замиме килтовите како сувенири НАПРЕД МАКЕДОНИЈА Шкотите уплашени нe чекаат во Глазгов "Шкотите навистина стравуваат околу крајниот резултат од дуелот. Нивниот национален тим е под голем притисок, во период на голема криза. Тоа е и нашата шанса", вели единствениот наш репрезентативец од Островот, Величе Шумуликоски Завршувајќи со Охрид од синоќа, по чартер летот директно од Скопје до Глазгов, македонската репрезентација во најголемиот град во Шкотска ги брои часовите пред утрешниот можеби историски натпревар во желбата конечно да се остане до крај низ едни квалификации со надежта дека и за нас е достижен сонот наречен светски шампионат. Шкотска утре од 16 часот е показателот колку вистински сме го достигнале моментот на способност да се етаблираме себеси во европскиот крем, како начин за конечно позитивно пишување на фудбалската историја. Ако се суди според "изразот на лицето", кој воопшто не соодејствува на нивното "храбро срце", со кое Шкотите ја дочекуваат Македонија во Глазгов тогаш дефинитивно е јасно дека нашите момци мора да го искористат моментот на целокупна слабост во нивниот национален тим... "Верувајте, Шкотите навистина стравуваат околу крајниот резултат на утрешната средба. Уплашени се максимално, не само поради тоа што се свесни дека се соочуваат со серија проблеми во својот тим, но и поради тоа што знаат дека ние поседуваме и тоа каков квалитет да ги изненадиме пред нивните навивачи", вели нашиот единствен репрезентативец кој настапува на Островот, Величе Шумуликоски. Факт е дека крајниот резултат од утрешниот дуел ќе се "крои" во голема мера на средината од теренот каде пресудна улога ќе има мотивираноста, желбата и физичката подготвеност на нашето "моторно трио", Шумуликоски - Деспотовски - Георгиевски. "Шкотска е во период на голема криза. Нивниот национален тим е пред голем притисок. Неизбежно очекуваат победата од дуелот со нас, што, пак, е наша шанса да стигнеме до изненадување. Како и да е, не смее да се браниме на овој дуел. Мора да се концентрираме на играта која ја негувавме на претходните натпревари со отворена желба за атак на противничкиот гол", истакнува Шумуликоски, на кого се дополнува размислувањето и на Филип Деспотовски, кој сосема оправдано по назначувањето на Мирсад Јонуз на селекторската функција јасно си ја пронајде својата стандардна позиција во националниот тим. "Нема никакви калкулации. Ова се натпревари од кои може силно да се воздигнеме во европскиот фудбалски свет, а не верувам дека нешто може да загубиме. Притисокот е на нивна страна", вели Деспотовски, кој верува дека ќе постигнеме погодок кој може многу да значи. "Шкотите и покрај сите проблеми со кои се соочуваат, во секој случај, не се за потценување. Имаат одличен среден ред и брзи напаѓачи. Мислам дека мора да се бара нашата шанса во нивната одбрана која сe почесто демонстрира дека е лесно 'кршлива'. За нас еден гол во нивната мрежа, кој верувам дека ќе го постигнеме, многу ќе значи..., а може и да биде пресуден". А, околу задоложеноста за погодоци вниманието е насочено кон еден од тројцата офанзивци, Аце Стојков. Погледите на нашата шанса да се стигне до поволен резултат дефинитивно се насочени кон брзите контранапади за кои секогаш фокусот е кон брзоногиот Стојков. "Мора да ги запреме Шкотите на почетокот од натпреварот. Јасно е дека тие од самиот старт ќе тргнат агресивно кон нашиот гол. Во тие моменти треба, според мене, да пресуди нашето трпение. Доколку ги задржиме нивните налети во првите дваесеттина минути мислам дека потоа во голема мера ни се зголемуваат шансите за успех. Контранападите, кои треба да бидат нашето најсилно оружје, сигурно ќе профункционираат", истакна пред вчерашното заминување од Охрид, Стојков, дополнувајќи го целокупниот оптимизам со кој репрезентативците ги одработија подготовките покрај охридското крајбрежје. Оптимизмот со кој вчера од скопскиот аеродром се отпатува кон Шкотска без сомнение ги остава домашните љубители на фудбалот крајно нетрпеливо да го очекуваат нашето финално лице низ овие квалификации кои, преку низа случајности и поклопување на разно-разни за нас поволни коцкички, нe сместија на второто место во групата 9. Желбата е да се остане на таа позиција, па потоа да се очекува разврската и во другите групи и како една од најдобрите осум второпласирани селекции меѓу деветте групи да се најдеме во баражот за пласман на СП 2010. Денеска последниот тренинг пред дуелот Националниот тим вчера, со почеток од 9:30 часот во Охрид го имаше својот последен тренинг пред заминувањето за Шкотска. Без апсолутно никакви проблеми околу составувањето на тимот Мирсад Јонуз патува во Глазгов каде синоќа по пристигнувањето се очекуваше да го одржи првиот тренинг на "Хемпден парк". Денеска од 15 часот нашите репрезентативци ќе ја одработат и финалната подготовка пред средбата како заокружување на мини подготвителниот циклус. |
||||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||||||||||
Delija sever
Сениор Регистриран: 02.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 119 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Ajde da vidime sto ke napravat nasive, mada jas ne se nadevam mnogu.
|
||||||||||||||
I jas bi trcal kako Bolt, da e pozadi mene nekoj gej.
|
||||||||||||||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
abe kakov glupav gol primivme
|
||||||||||||||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
||||||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
За чудо потребен е гол..
Како ли ќе беше денеска во Осло доколку во саботата барем не загубевме во Глазгов!? Шкотскиот пораз од 2:0 го става во сенка денешното гостување на нашиот национален тим на Норвешка. Избраниците на Мирсад Јонуз се пред невозможна бараж мисија и со само теоретски шанси за пласман на втората позиција во групата. Со математика заминавме и во Глазгов, но ни се случи тој толку наивен пораз, тој толку проклет меч во кој имавме добар старт, шанси па на крајот добивме 2:0 и со наведнати глави тргнавме кон следната и последна квалификациска станица - Норвешка. А како ќе се победи Норвешка, која има далеку подобри шанси од нас за втората позиција во групата и со победа вечерва ќе има какви-такви шанси за да се надева на баражот. Македонија дуелот во Осло го почнува со лоша статистика. Нашите најдобри фудбалери за да се надеваат на чудо ќе мора да дадат гол а такво нешто на гостувањата не ни се случило веќе 505 минути од оној гол во 2007 година кога Седлоски ја тресеше мрежат на Хрватска на "Максимир". Победата последна на гостувањата е она од Андора во 2006 година, а тоа е од пред три години. "Треба да се обидеме да одиграме најдобро што можеме и да се бориме до крај за што е можно подобар пласман на табелата. Норвешка е во улогата на фаворит, но ние треба да се надеваме дека ќе ги повториме добрите минути од Глазгов, но и да се надеваме дека нема да ни се повторат истите грешки кои ни донесоа пораз на натпреварот од пред неколку дена. Нема што да се загуби и затоа без оптоварување треба да влеземе на овој меч..", коментира капитенот Гоце Седлоски за очекувањата од она што го очекува нашиот најдобар тим вечерва, од 20:30 часот, на стадионот "Улевал" во Осло. Пет гостувања и пет порази во Серија. Русија (3:0) Израел (2:0), Исланд (1:0), Холандија (3:0) и Шкотска (2:0). Таа лоша серија ќе се обидеме да ја прекинеме вечерва кога треба да се бели образот и да се освои барем првиот бод од гостувањата во овој квалификациски циклус. "Потребно е да постигнеме гол доколку сакаме добар резултат од ова тешко гостување кај Норвешка. Не очекува тежок предизвик. Домаќините се фаворити за победата, а нам ни преостанува да се надеваме дека ќе ја повториме играта од првиот час во Глазгов со која сум сигурен дека би стигнале до полн погодок вечерва тука, во Осло", е желбата на Величе Шумуликоски, лидерот во нашиот среден ред. Македонските репрезентативци од понеделникот се во Осло и таму во мирна атмосфера ги очекуваат претстојните последни 90 минути во овој квалификациски циклус за пласман на СП 2010 година. Во нашиот табор се уште се зборува за саботната пресметка со Шкотска кога ги загубивме шансите за историски бум затоа што и со реми од Глазгов денеска се уште ќе имавме шанси да се бориме за тој толку посакуван бараж. Оваа генерација ја доби шансата да се бори до крај за голем подвиг, но не успеа да го положи испитот на зрелост и да не израдува на пресудниот меч. Затоа денеска Норвешка е нов предизвик за поправен и шанса да се подобри репрезентативниот рејтинг. Да се одигра максимално и со оглед на последните случувања во и околу националниот тим и нерешен резултат би бил успех и покрај тоа што и со таков скор ќе бидеме на неуспешното 4. место во групата и зад себе ќе имаме уште еден неуспешен и загубен циклус. |
||||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||||||||||
blackeye
Сениор The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
momentalno igraat mladite u21..vodime uste od 30 sekunda 1:0
|
||||||||||||||
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
||||||||||||||
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
1-1! KRAJ...i tuka katastrofa!
|
||||||||||||||
|
||||||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
"Катастрофални грешки"
Ништо од големите очекувања, ништо од баражот и ништо од чекорот нанапред. Македонија како по традиција квалификациите ги завршува на позицијата која ја има во барабаните за време на ждрепката. За синоќешниот меч за импресиите од поразот свој коментар на прес-конференцијата во Осло даде Мирсад Јонуз. Нашиот селектор е разочаран од слабиот старт на средбата кој е главната причина за поразот. "Многу рано примивме гол и тоа го наруши нашиот план и нашите очекувања. За да биде нашата несреќа уште поголема примивме и втор евтин гол. Тоа се катастрофални грешки кои беа пресудни на оваа средба и грешки благодарение на кои Норвешка дојде до посакуваната победа", беа зборовите на Јонуз, кој е задоволен од пристапот на фудбалерите во вториот дел од средбата и од самиот финиш. "По долга пауза видовме едно добро второ полувреме. Во претходните средби секогаш игравме подобро во првите 45 минути, а сега имавме поинаква слика. Иако имавме лоша негатива од 2:1 имавме резултатско враќање со голот на Грнчаров во 79. минута. Имавме доволно време, но и шанси да се избориме за бод, но немавме доволно среќа", беше завршниот коментар околу натпреварот на Мирсад Јонуз. Нескриено веднаш по средбата беше задоволството кај норвешкиот селектор Егил Олсен - Дрило од победата над Македонија, но пред се и поради освојувањето на второто место во групата на крајот од квалификациите. "Многумина по нашето брзо водство помислија дека работата е завршена, но Македонија потврди дека сепак е квалитетна селекција. На крајот резултатот можеше да биде и сосема поинаков откако непотребно се опуштивме во финишот од средбата. Имавме квалитетно прво полувреме кога комплетно доминиравме. На крајот не знам што се случи, но секако мора да бидам максимално задоволен од триумфот", истакна на средбата со новинарите Олсен притоа дополнувајќи дека сега единствено остануваат очекувањата на разврската во другите групи за евентуално место во баражот за пласман на СП 2010. "Сега ни останува да се надеваме дека сепак ќе успееме да се најдеме во баражот. Шансите се можеби мали, меѓутоа се додека има надеж ќе се надеваме на Јужна Африка. Сега може да се види колку загубивме со нерешениот резултат против Исланд во Рејкјавик за кој уште долго ќе жалиме. Без разлика на се, се надевам дека и натаму ќе останам на клупата на нашата репрезентација", дополни популарниот Дрило. |
||||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||||||||||
ВАЖНА
Сениор Оптимист Регистриран: 09.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Горан Пандев е најдобар фудбалер од нашиве
Изменето од ВАЖНА - 27.Септември.2009 во 13:06 |
||||||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Три новини за дуелот со Катар
Македонскиот селектор Мирсад Јонуз ќе повика 21 фудбалер за пријателскиот натпревар на нашата репрезентација против Катар, кој на 11 октомври го играме на националната арена "Филип 2 Македонски". На списокот кој треба да биде објавен во текот на денешниот ден ќе има неколку измени во однос на претходните наши собири, со три нови имиња кои ќе добијат шанса да се наметнат во националниот тим за следниот наш квалификациски циклус. Како што објавивме и претходно, најзвучното ново име кое го очекува деби во црвено-жолтиот дрес е фудбалерот од средниот ред на Војводина, Марио Ѓуровски. Свежина во тимот треба да донесат и фудбалерите од домашното првенство, напаѓачот на Работнички Душан Савиќ, кој претходно има еден настап во националниот тим против Нигерија во 2008 година, како и деснокрилниот дефанзивец на Силекс, Глигор Глигоров... "Марио Ѓуровски со игрите во новата сезона за Војводина заслужи повик, како и Савиќ и Глигоров со што сакаме да покажеме дека и секој квалитет од домашниот шампионат е постојано следен од нас", вели Јонуз. Во однос, пак, на претходните наши дуели сега нема да има повик, поради повреди за голманот Јане Николоски и Александар Васоски, Славчо Георгиевски не доби дозвола од својот клуб, додека извесна пауза ќе следи и за Дарко Тасевски и Влатко Гроздановски, кој е на немилост во Војводина... "Сите нови фудбалери ќе треба да го потврдат својот квалитет, но и сите останати стандардни репрезентативци ќе мора на секоја средба да не убедуваат дека и натаму заслужуваат да бидат во нашиот најдобар тим. Во зависност од игрите на овие пријателски средби за некои ќе зависи дали и понатаму ќе бидат во 'А' репрезентацијата", истакнува македонскиот селектор. И покрај тоа што се соочуваат со помали повреди, се очекува дефанзивците Гоце Седлоски и Игор Митрески, како и напаѓачот Аце Стојков, сепак, да се јават на стартот на репрезентативниот собир на 6 октомври. |
||||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||||||||||
spaski
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Група Регистриран: 14.Септември.2005 Статус: Офлајн Поени: 82 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
MAKEDONIJA - KATAR 2:1
Strelec: Goran Pandev Ne beshe losh natprevarot. Sega Pandev e najdobar strelec vo reprezantacijata so 17 gola. Bravo. |
||||||||||||||
http://www.macedonian-kingdom.piczo.com
|
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Македониja на 66 место во светот за месец септември
|
||||||||||||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
|
||||||||||||||
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Македонија ја совлада Канада со 3:0
По сите фудбалски параметри, Македонија беше подобра и затоа победи, само привидно Канада е десет места подоброрангирана на ФИФА листата. Допадлив фудбал, Македонија невообичаено создаде многу шанси, традиционално се изнапромашува, но сепак на убавиот струмички амбиент се заблагодари со триумф. Наумовски како да беше магнетизиран на почетокот, топката по правило доаѓаше кај него, но по трите обиди аплаузите сепак му припаднаа на гостинскиот голман Ванегар. Втор на ред дојде, Новески, две слични ситуации по корнерите на Пандев - за статива и за воздишки на петилјадната публика. Желбата со голови да потсетат на јуниорските денови, како да го спречи струмичкиот тандем Стојков - Пандев да ги реализира своите пет минути во првото полувреме, но сепак најнејасно е како Ѓорѓиевски во последните секунди пред одморот промаши нешто што не смееше. Канаѓаните ги немаше нигде, но требаше да се заканат веднаш на стартот на вториот дел преку Џонсон за нашата репрезентација да го фати победничкиот ритам. 48 минута, Пандев шести корнер, Седлоски 98 настап, осми гол, 1:0 - како најава за несекојдневната низа пенали. Почна со шансата на Хјум, реакцијата на Новески, раката на Ибраими и непрецизноста на истиот Хјум во 56-тата минута. Пет подоцна, во дуелот Савиќ - Сталтери, бугарскиот судија Генов најде доволно елементи за 11 метри. Пандев безгрешен 2:0. Канаѓаните ја пропуштија и последната можност евентуално да преживеат, откако Мојсов непрописно стартуваше врз Френд, а Пачовски во 69-тата минута го прочита Џексон. Колку изведувањето пенали може да биде едноставно демонстрираше Пандев. Меккена наивно го сопре Деспотовски, најдобриот македонски стрелец го завери заслужениот триумф, 3:0. „Пак ни се појавуваат истите тие слабости кои што ги имавме порано, а тоа е реализацијата.Значи наместо да го решиме натпреварот во првите 45 минути и потоа да влеземе уште порелаксирано ние дозволивме резултатот да остане ист 0:0. Сепак сум задоволен од играта на репрезентацијата која одигра во Струмица“, изјави македонскиот селектор Мирсад Јонуз „Мислам дека одигравме еден одличен натпревар, отворен натпревар, ја покажавме нашата зрелост. Мислам дека така треба да продолжиме да играме, на резултат. Сигурно е дека имавме и ние шанси,а и они ама на крајот е важна победата“ додаде нашиот репрезентативец Горан Пандев Пандев не игра во Лацио, но е во одлична голгетерска форма, собра 21 погодок. Дебитираше младиот голман Кристијан Наумовски, со 39 натпревари и официјално се прости екс репрезентативецот Горан Ставревски. Атмосферата е одлична, но се одржува само со добри резултати, тоа е следната обврска на Македонија в среда на гостувањето кај Иран. |
||||||||||||||
|
||||||||||||||
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Фудбалерите денеска на контрола против Иран
Македонската фудбалска репрезентација веќе денес ја очекува средбата со селекцијата на Иран во Техеран која на програмата е закажана со почеток во 15:30. Во нашиот табор по победата над Канада во Струмица владее позитивна атмосфера и се најавува дека и денес се очекува победа на гостински терен нешто што неуспеавме да го направиме веќе 15 месеци. Според најавите во првиот тим на нашата селекција поставени во нападот ќе бидат Стојков и Ибраими а зад нив ќе биде најдобриот фудбалер во нашиот тим Горан Пандев. Фудбалерите во „војна“ со Иран |
||||||||||||||
|
||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 1617181920 35> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |