IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Енергетски центри-ЧАКРИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Енергетски центри-ЧАКРИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Енергетски центри-ЧАКРИ
    Испратена: 08.Јануари.2009 во 22:02
Енергетски Центри
Челна Чакра
Се наоѓа на центарот на челото. Контролира и енергизира епифиза и нервен систем. Неправилната функција на челната чакра може да се манифестира како губиток на меморија, парализа или епилепсија. Енергизирањето има ист ефект како и кај крунската чакра, го енергизира целото тело, го преплавува со Прана.

Оваа чакра, која исто така се вика и Трето око, е центар на јасновидноста, визиите и премините во времето и просторот при размислување. Зрачи чиста зелена светлина, а луѓето кои започнале да ја развиваат способноста за гледање повеќе отколку другите луѓе имаат светлечка топка лоцирана на местото на оваа чакра. Оваа топка го заштитува мозокот и му дава енергија.

1.     Muladhara - Root Chakra - Имаш право да бидеш токму овде
Кога е недоволно активна поттикнува чувство на страв

2. Swadhisthana - Sacral Chakra - Имаш право слободно да чувствуваш
Кога е недоволно активна поттикнува чувство на вина

3. Manipura - Solar Plexus Chakra - Имаш право да дејствуваш
Кога е недоволно активна поттикнува чувство на срам

4. Anahata - Heart Chakra - Имаш право да љубиш и да бидеш љубен
Кога е недоволно активна поттикнува чувство на сожалување

5. Vishudha - Тhroat Chakra - Имаш право да се зборува и да се слуша вистината
Кога е недоволно активна ги поттикнува лагите

6. Ajna - Third Eye Chakra (популарното трето око) - Имаш право да видиш
Кога е недоволно активна ги поттикнува илузиите

7. Sahasrara - Crown Chakra - Имаш право да знаеш
Кога е недоволно развиена поттикнува преголемо приврзување за неважните работи.

првиот енергетски центар

        Сместен е во пределот на крсно-тртичниот плексус, во пределот на perineum кај мажите и cerviks кај жените, меѓу половиот орган и аналниот отвор, во внатрешноста.   
        Врзан е за материјализација на нашиот тн. Пат, инстинкти и има потполна контрола над сите телесни функции. Ја контролира стабилноста, сигурноста и приземноста. (некои мајстори по источна медицина сметаат дека ја претставува сексуалната енергија кај мажите).
        Поврзан е за елементот земја и има јасна и чиста црвена боја.
        Овој центар се однесува на нашето физичко преживување и задоволување нашите неопходни физички потре*и – храна, пиење, облекување, лекови, живеалиште и др. Го уредува и нашиот однос кон материјата, материјалното остварување, телото и храната која ја јадеме, а исто така е поврзан и со семејството, домот, племе односно народ, традицијата.
        Кога е затворен овој енергетски центар, личноста пати од недостаток на виталност, тешко ги материјализира својте идеи, има финансиски проблеми, чувствува страв од промени и сопствени искуства, премногу се потпира на родителите, партнерот или некој авторитет, и недостасува иницијатива и
општо, склона е светот да го посматра како опасно и непријателско место.

        Кога овој центар е премногу отворен, личноста е постојано гладна и незадоволна на материјален план, се поистоветува со својот материјален имот, склона е кон работохолично однесување, претерана физичка активност, па можно е да живее во непрекинат страв од губиток на сила, пари, здравје. Поради тоа опсесивно се посветува на нега на сопственото тело, како и претерана грижа околу храната што ја јаде, а можна е и хипохондрија.
        Многу тн. “духовњаци“ го имаат овој центар неурамнотежен бидејќи го сметаат за нижи план на свесноста кој треба да се надмине , а што е потполно погрешно бидејќи овој прв енергетски центар на матреијален план ги манифестира сите идеи и духовни дострели на останатите енергетски центри.

втор енергетски центар


        Сместен е на местото на карличниот плексус, на кичмата, во висина на опавчето. Тука се наоѓа средиштето на нашата сексуална енергија . Чувството за овој енергетски центар обично го нарекуваме “пеперутки во стомакот“ особено изразено кај женит. За него се врзува доминацијата и емотивноста. Поврзан е со елементот вода и има јасна портокалова боја.
        Овој центар го уредува нашиот однос кон сексуалноста, но и нашето нагонското, несвесно битие, каде се потхрануваат нашите најдлабоки желби, тежнеења и способноста за доживување на животните уживања. Тука се одржува и нашето право да чувствуваме и да сакаме, без страв и цензура кои обично во детството ни се наметнуваат. Имено, некои негативни чувства како бес, тага или страв се потискуваат со што се оштетува детското самопочитување, што покасно го наведува да има потиснати чувства, па врз физичкото тело предизвикува различни енергетски блокади, заболувања и психича нерамнотежа.
        Кога овој енергетски центар е затворен, личноста сама се*е не се доживува доволно вредна и привлечна, се плаши од својте нагонски реакции и емоции, па склона е кон претерано рационализирање. Не знае да ужива во сопственото тело, па можно е да има проблеми со фригидност или импотенција.
        Кога е премногу отвотерен овој центар, личноста е склона кон исцрпување на туѓата енергија за задоволување на сопствените потре*и, ги конзумира својте сексуални партнери на чисто телесно ниво без заинтересираност за нивните емоции, но со тоа всушност самата се*е се повредува користејќи ја својата промискуитетност и непочитувањето на сопственото тело.
        Урамнотежен со првиот центар и доволно проточен, овој енергетски центар му дава способност на човекот да ужива во плодовите на својата работа како и спонтано и природно да ги изразува својте емоции и желби.
трет енергетски центар

       
          Третиот центар се врзува за соларниот плексус. Ова е резервоарот на нашата животна енергија, каде што се врши нејзината акумулација, за да ја можеме употре*име за сите неопходни телесни и психо-ментални процеси. Се наоѓа во пределот на стомакот, и на кичмата, поточно на половина растојание меѓу пупакот и градната коска. Ова е највисокото ниво на нашето физичко тело; врзан е за рационалното и умот.
Со овој енергетски центар владее огнот. Има топла жолта боја, со примеси на златна.
        Тука се уредува нашоит однос кон моќта, амбициите, авторитетите. Одговорен е за нашето чувство за самопочитување и личен интегритет, како и за нашето право за делување и интелектуална нзависност. Општеството и оваа чакра ја подредува на репресија со вообичаени воспитни шаблони: девојчињата треба да бидат послушни и незахтевни, при што таа се потискува, а кај момчињата се пренагласува со тоа што тие мораат да бидат со натпреварувачки, победнички дух, најдобри и први. Многу луѓе под вакви влијанија во детството, покасно се повлекуваат во се*е, плашливи и несигурни, но и аутодеструктивни. Според врвите мајстори на источните духовно-боречки вештини, токму неурамнотеженоста на овој енергетски центар е причина за сериозни психосоматски пореметувања како и тешки болести као рак и оштетувања на имунитетот.
        Кога овој енергетски центар е премногу затворен, личноста е пасивно – агресивна, не знае да се избори за своето место под сонцето, ја нервираат туѓи успеси, внатрешно фрустрирана па и бесна и чувствува љубомора. Надворешно е претерано скромна и попустлива. Исто така се присутни и сите видови на стравови, посебно страв да не биде исмеван, изневерен, искористен итн.
        Кога овој енергетски центар е премногу отворен, личноста не бира средства да ги оствари својте професионални цели, склона е кон тиранско однесување, ја наметнува својата воља, како и вербална и физичка агресија со која се обидува да го прикрие своето чувство на внатрешна немоќ.Урамнотежена со првите два енергетски центри и доволно проточна, овој центар на позитивен начин го урамнотежува и засилува егото кое се изразува асертивно наместо агресивно однесување, дава моќ на храброста и одлучноста, но така да не ги повредува туѓите лични граници.


четврти енергетски центар

       
        Сместен е во кардиалниот плексус, на кичмата, во висина на средната градна коска. Се врзува за срцето. Тоа е центар на безусловна љубов, на креативната, универзална енергија. Со потполно отварање на овој центар, личноста е во состојба да ја контролира и усмерува својата животна енергија, да се ослободи од поврзаноста со материјата и од својте сетила. Негов елемент е воздухот и поврзан е со астралното ниво. Има смарагдно зелена боја, а понекогаш розе.
        Овој енергетски центар го уредува нашиот однос кон љубовта, но не само на онаа кон нашиот партнер, туку во прашање е виши облик на внатрешна освестеност, кога личноста е способна да се сака прво се*е, другите луѓе, и светот во целина, па во се*е развила и универзално сочувство кон сите живи суштества.
        Тука е содржано нашето право да љубиме и да бидеме љубени, сакани. Општеството и оваа чакра ја блокира, особено на колективно ниво кое се оцртува низ некои осудувачки ставови кое ги има кон слободната еротска љубов меѓу жената и мажот, љубов меѓу различни нации, раси, вери, како и кон љубовта меѓу хомосексуалците. Патријахатот дозволува само еден облик на човеково здружување, тоа е традиционалниот брак меѓу маж и жена, првенствено наменет за создавање потомство.
        Кога овој енергетски центар е затворен, личноста е непрекинато сомничава кон туѓите мотиви, тешко ја изразува својата наклоност, а одвнатре се чувствува недоволно сакана или невредна за љубов, без оглед колку луѓето околу неа се трудат да и угодат.
        Кога е премногу отворен овој центар, личноста претерано се жртвува за другите сентинентална е, попустлива, склона кон претерана идеализација, сладуњава романтика, самосожалување и некритички нудење љубов на личности кои не се за Урамнотежен и проточен, овој енергетски центар дава способност за емотивна интелегенција. Личноста е способна да ги препознае и разбере првенствено својте , но и туѓите емотивни потре*и, односно способна е и знае како да ги урамнотежи спротивностите во самата се*е, а природното чувство на љубов кое го изразува кон светот е одраз на нејзиното внатрешно самоприфаќање.

петти енергетски центар


        Овој центар се наоѓа во faringel i laringel plaksus, на кичмениот столб во висина на гркланот. Центар е на вољата, вербата и самодовербата. Го претставува потполното знаење за минатото, сегашноста и иднината, способноста за егзистирање без храна, бесмртноста. Ги соединува Љубовта и Спознанието, сите наши потенцијали на патот кон бесконечниот развиток. Овој центар има светла сина боја.
        Ги уредува нашите способноста за комуникација, кога човекот преку говорот го изразува она што го мисли и чувствува. Ова е енергетски центар заслужен за слободниот избор, одговорноста и креативноста. Во него е содржано нашето право да ја зборуваме и слушаме вистината, со зборови да го искажеме она што го носиме во срцето, како и она што го гледаме со својот внатрешен поглед во длабочините на нашето битие. Како центар на вољата (со чија помош) нашиот внатрешен дух се организира самиот се*е, за да може да се изрази во материјалните светови на нашето постоење, на различни креативни планови.
        Кога е затворен овој енергетски центар, личноста има страв од јавно изразување на сопствените ставови. Може да е склон на плагирање на туѓи идеи и мисли, на претерано интелектуализирање, разионализација и кон сувопарни академски знаења кои немаат практична цел. Може да е неорганизиран, деконцентриран, но и недруштвен.       
        Кога е премногу отворен, постои склоност кон ментално надмудрување и некорисни расправи. Личноста е премногу усмерена на тоа што и каков дојам нејзините мисли/зборови предизвикуваат во околината, вербално нетактична, па и окрутна. Вољата е пренагласена, можна е зависност од информирање, и подложна е на нервно растројство како последица на ментална преоптеретеност.
                     Урамнотежен со нижите центри, особено со срцевиот, дава способност за мудро и убаво изразување кое ги допира срцата. Комуникацијата не се доживува како наметнување и побивање на ставовите на соговорникот, туку како мост кој ја проширува взаемната перцепција. Вољата се урамнотежува со емоциите, а одговорноста кон се*е и другите се доживува природно, без оптеретува
шести енергетски центар


        Се наоѓа во kavernen plexus, во цетарот на главата, на врвот на мозочното стебло, каде што е епифизата. Тоа е команден центар и го претставува вишото ментално ниво. Со негово отварање се доаѓа до потполното Знаење, просветлување на сопствеиот Пат. Има виолетова боја.
        Овој енергетски центар ја уредува нашата способност за внатрешно согледување, интуиција, трагање по убавината, вистината и мудроста. Тоа е центар на идеалите, визиите, фантазијата и секако, соништата. Во него се содржи нашето право да ја согледам вистината без илузија и разубавување.
        Општеството на колективно ниво исто така го блокира овој енергетси центар така што преку разни медиуми сервира лажни слики (пр. приказни за богати и убави луѓе, медиумски ѕвезди и сл. како и родови стереотипи за тоа какви треба да бидат тн. идеални мажи односно тн. идеални жени).
           Кога овој енергетски центар е затворен, личноста не е способна за доживувања на подлабока вистина зад привидот на реалноста, премногу е прагматична и стерилна, склона на шаблонизирање, воопштување, како и своевидна слепост кога се во прашање нејзините духовни димензии. Блокирана е оригиналноста, па таа личност не ги гледа или незнае да ги изрази својте внатрешни таленти
           Кога овој центар е премногу отворен, личноста е склона кон различни илузии и бегство од реалноста. Стварноста никогаш не е доволно совршена во онаа мера, во која таа се гледа на својот внатрешен план, што може да доведе до трајно чувство на фрустрации.        Урамнотежен со останатите енергетски центри и проточен, овој центар дава моќ да се искористат различните психички дарби. Личноста е способна да ја види суштината на нештата, мудроста ја создава на темел на сопствените искуства, чувствува внатрешно водство и знае да го препознае вистинскиот момент за делување.



                         седми енергетски центар


        Овој енергетски центар се наоѓа на врвот на главата, на темето. Тоа е највисокиот центар на нашето физичко тело. Го претставува надминувањето на просторот и времето. Има бела боја со златен сјај.
        Ова е центар на свесноста и самоспознанието. Во него се содржани сите наши уверувања, како и способноста за свесно усмерување, расудување и трансформација на тие уверувања. Тука е содржано и нашето право да постојано тежнееме кон нови знаења и вештини, да се просветлуваме во тој процес и да бидеме креативни, во смисла на обликување на нови светови на духот со кои може да се трансформира материјаната стварност, во и вон се*е. Во овој центар се решава и нашиот однос кон универзумот, бог и религијата.
        Кога овој центар е затворен, личноста не поседува свест за смислата на сопствениот живот, нејасни и се нејзината цел и животна мисија. Се препушта на водство на различни духовни авторитети. Некои личности немаат изграден духовен интегритет и често се склони да го нарушуваат туѓиот. Не се чувствуваат поврзани со универзалните принципи.
        Кога овој енергетски центар е премногу отворен, личноста може да пати од месијански идеи, да го развие тн. “духовно его“ и разни облици на духовна дискриминација кон сите оние што имаат поинакви уверувања. Исто така личноста може да биде и зависна од духовноста и да бега во неа, притисната со тешкотиите на материјаното живеење.
        Кога овој енергетски центар е проточен и урамнотежен со сите останати нижи центри, дава способност на синтеза, длабоки духовни увиди, како и способноста на отфрлање на негативни влијанија и блокади од уверувања.
        Оваа личност вербата ја сваќа како енергија која самата ја усмерува, создава и разградува и живее доследно, во склад со сопствените уверувања на сите нивоа на сопственото битие.


Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2009 во 22:14


Љубов и само љубов
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 00:43
Sistemot cakri orginalno nastanal vo Indija,pred poveke od 4000 godini.
Cakrata e aktiven centar koj ja prima,asimilira i ja osloboduva zivotnata energija.Moze da se prevede i kako disk(vrtliva sfera).
Postojat 7 glavni cakri,koi se podredeni vo niza.Postojat i sporedni cakri smesteni vo dlankite,stopalata,prstite i ramenicite.
Sedumte glavni cakri se poistovetuvaat so osnovnata sostojba vo svesta.
Tie se energetski sedista na suptilna elektromagnetna sila,koi deluvaat na fizicki,emocionalen,mentalen i duhoven plan.
Postojat mnogu meditacii za otvaranje na energetskite centri,so sto bi se izlecilo i procistilo teloto i bi se vospostavil tekot na energija.


~Live the life you love, love the life you live~
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2009 во 21:55
Spored Hristovite objavi primeni vo prahristijanskata zaednica Univerzalen zivot cakrite, ili kako tamu se narekuvaat centri na svesta, se duhovni preraspredeluvacki centri na energijata vo teloto. Nastanale postepeno pri nastanokot na covekot, i voedno se spojnici na tnr. obvivki na dushata koi pak nastanale preku otpadjanjeto na dush*te od Boga.

Sekoj centar na svesta(cakra) ima i ime koja soodvetstvuva na edna eticko moralna osobina.

7 - Milosrdie (jadroto na bitieto)
6 - Ljubov
5 - Trpelivost
4 - Serioznost (Hristov centar)
3 - Mudrost
2 - Volja
1 - Red

Ovie iminja voedno odgovaraat i na 7 pati sedumte regii vo i von cistite Nebesa, kako i na iminjata na stepenite na Vnatresniot Pat kon Boga.

Centrite na svest se osetlivi na cuvstvata, mislite, zborovite i postapkite na covekot. Kolku covek povece negativno misli i postapuva dotolku centarot na svest ili povece od niv se zatvaraat i onevozmozuvaat pravilen dotok na etericnite duhovni sili. Ako toa potrae, posledica mozat da bidat bolesti. I obratno, kolku covekot misli i postapuva vo sklad so bozjite zakoni dotolku cakrite se pootvoreni i povece energija se vleva vo niv. Posledica e zdrav, srecen i uramnotezen covek.

Nasilnoto otvoranje na centrite na svesta preku razni tehniki e duhovno nezakonsko i dolgorocno gledano ima stetni posledici. Pravilnoto procistuvanje na cakrite se slucuva samo preku zivot spored bozjite zakoni.

Ulogata na 4-tiot centar na svesta - Serioznost e mosne vazen, no na istokot nepoznat. Od vremeto na Isusovoto raspetie tamu se naodja Hristovata izbavitelska iskra. Taa ovozmozuva opstojuvanje na dushata nezavisno kolku e taa oddalecena od Boga. Koga toa ne bi bilo taka, kaj nekoi dushi bi zapocnale procesi na degradacija. Imeno, vo narednoto otelotvoruvanje bi se rodile kako zivotno, pa kako rastenie, pa mineral i na krajot bi se rastopile vo bezlicniot eter. Preku Hristovata iskra na izbavenie taa opasnost e trajno onevozmozena. Voedno Hristovata iskta smestena vo 4-ot centar na svesta ima i iscelitelska i utesitelska uloga.

Koga covekot ce postigne odreden stepen na duhovna cistotija preku praktikuvanje na Bozjite zakoni(Desette zapovedi i Besedata na Gorata) i celosno procistuvanje na ostanatite centri na svest Ovoj 4-ti centar na svesta stanuva zasileno aktiven, i ovozmozuva stapuvanje vo direktna komunikacija so Hristos koj potoa go voda coveka ponataka na negoviot duhoven razvoj kon Boga.

Vo 7-ot centar na svesta(cakra) -Milosrdie - vo blizina na tilot, se naodja neoptovarlivoto jadro na bitieto. Tamu e sedisteto na dusata, taa ottamu se razvlekuva niz celoto telo.

Povece informacii za centrite na svest i nivnoto znacenje se naodjaat vo knigata objavena od heruvimot na bozestvenata Mudrost, Brat Emanuel vo: "Spoznaj i leci se samiot so silata na Duhot" primena preku Gabrielle od Würzburg niz vnatresnata Rec vo godinata 1980/1981, dostapna i na hrvatski jazik.




Изменето од Majkl - 13.Јануари.2009 во 22:12
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2009 во 15:34
Preporaka kako bi mozhele da gi oslobodime i povekje da gi ozhiveeme chakrite?
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2009 во 18:36
Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Preporaka kako bi mozhele da gi oslobodime i povekje da gi ozhiveeme chakrite?
Со отворањето чакри - центрите на свеста, нема играње играчки.

Христос и Божјиот Дух воопшто не препорачуваат тоа да биде преку техники и мантри.

Единствен начин и трајно да се отворат центрите на свест и е преку консеквентно остварување на Божјите закони во секојдневието, облагородување на сетилата и чистењето на минатото преку простување и молење за прошка. Тоа оди сосема постепено.

Деталите се објаснети во книгата: Внатрешен Пат(збирно издание). Книгата е достапна и на македонски јазик.



Изменето од Majkl - 22.Август.2009 во 18:37
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2009 во 20:00
Majkl, дали веруваш во таа енергија и во постоењето на чакри?

Познавам луѓе кои се бават со оваа работа и кои достигнале некој си крајни нивоа, но искрено не гледам некои бог-зна-какви работи кај нив во смисла на надворешна промена, исцелувања на себе и блиски и слично.

Од др. страна верувам во традиционална кинеска медицина и во акупунктурните точки кои се докажани, и мнозина виделе аир од такво лекување, што на ишијаси, мигрени...за што сериозно размислувам и јас да појдам кај Кинезине (Тонг Да)

каков став имаш по однос на акупунктурата?



МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2009 во 20:32
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Majkl, дали веруваш во таа енергија и во постоењето на чакри?
Јас верувам во вистинитоста на објавите на Божјиот Дух преку пророкот преку кој беа дадени обилни информации и на таа тема. Со тоа верувам во постоењето на чакрите и етеричните сили.

Некои видовити луѓе, чакрите можат да ги гледаат со своето духовно око.
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Познавам луѓе кои се бават со оваа работа и кои достигнале некој си крајни нивоа, но искрено не гледам некои бог-зна-какви работи кај нив во смисла на надворешна промена, исцелувања на себе и блиски и слично.
Претпоставувам станува збор за тнр. школа на „Космичка Енергија„. Тоа претставува духовно противзаконско отворање на центрите на свест(чакри). Негативните последици од тоа можат да настапат во овој или во некој од наредните животи.

Кога тие луѓе навистина би биле на “крајни нивоа“ тогаш тие би биле просветлени и би стоеле под директно водство на Христа. Еден од критериумите е дека треба да има токму промена(добри плодови) во нивните животи и нив самите како личности.
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

каков став имаш по однос на акупунктурата?
Не сум се бавел со акупунктура. Многумина луѓе сведочат дека таа им помогнала во олеснување на нивните телесни тегоби.

Она за кое знам е дека и акупунктурата само ја третира послеедицата, а не и причината на болеста која пак лежи во човековото погрешно однесување, зборување и мислење кое пак укажува дека таа извира од душата.

Колку што се сеќавам, во објавите за денешно време, Духот не препорачува акупунктура но не се сеќавам на деталите.


Изменето од Majkl - 22.Август.2009 во 20:33
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2009 во 19:56
Demek na tie shto im se otvoreni chakrite se sovrsheni i mozhat da poletat...голема%20насмевка
Кон врв
Предраг Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 224
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Предраг Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2009 во 00:07
Majkl?!. . .Дали е "духовно противзаконски", да се отвараат чакрите со помош на медитација?
Сега извини можеби е глупо прашањево,но не сум многу духовно просветлен.

Изменето од Предраг - 03.Септември.2009 во 00:08
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2009 во 01:25
Originally posted by Предраг Предраг напиша:

Majkl?!. . .Дали е "духовно противзаконски", да се отвараат чакрите со помош на медитација?
Зависи каква.

Божјиот Дух во повеќе откровенија предупреди за големите опасности кон кои се изложуваат оние кои сакајќи да ги разбудат силите на Животот и да ја прошират својата свест а се зафаќаат со спиритуални техники кои доаѓаат од тнр. источни учители. Тој тип на медитации, Духот сериозно замоли да не се практикуваат. Дали поединецот сериозно ќе го сфати тоа предупредување или не, се препушта на неговата слободна волја. Но тоа воедно значи дека секој поединец ја сноси одговорноста за начинот на своето мислење и постапување, а последиците од тоа можат да бидат кобни. Затоа Бог и предупредува.

Но Божјиот Дух исто така даруваше повеќе медитации за активирање на центрите на свеста во неговата школа на христијанските мистерии - високата школа на Духот.

Тие се изложени во Вториот к у р с за прахристијанско отворање на свеста кој служи за подготовка на човековата душа за тргнување на Внатрешниот Пат: Поблизу мој Боже до Тебе. Пред секоја медитација се прават вежби за хармонизација на душата и телото.



Овие високовибрирачки текстови се достапни и на македонски јазик неколку ЦД-а како и ДВД со телесните вежби.
Originally posted by Предраг Предраг напиша:

Сега извини можеби е глупо прашањево,но не сум многу духовно просветлен.
Прашањето воопшто не е глупаво. Тоа би требало да се прашаат сите оние кои планираат да започнат спиритуални практики и благовремено се заштитат од непожелни телепатски влијаниа.

Трајно законито прочистување и отворање на центрите на свест(чакри) се одвива само преку еден консеквентен христијански живот. Тоа нема врска со одење во цркви, ритуали и читање стари списи туку со примена на Беседа на Гората дарувана од Исус од Назарет, а која Христос денес преку пророчката Реч ја објасни и продлабочи. Медитациите од Духот притоа се даваат како енергетска потпора, но не цел сама по себе.

Изменето од Majkl - 17.Октомври.2011 во 18:08
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
Кон врв
After Dark Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 28
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај After Dark Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2009 во 20:31
http://www.youtube.com/watch?v=rFqHa...eature=related

eve edno relaksiracko klipce za otvaranje na cakrite so ednostavna koncentracija na boite na sekoja cakra.
ima na facebook eden test koja cakra ti e najaktivna, prilicno verodostoen
Kolkav varietet na karakteri samo postoi na svetov, a ne povrzuvaat mal broj na horoskopski znaci, aktivni cakri...i sto li uste ne...mnogumina se pronaogaat vo isti karakteristiki a tolku sme razlicni.....?!
Se e relativno...
Кон врв
DarlinG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*Lara*Croft*

Регистриран: 09.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1621
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DarlinG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2009 во 21:30
Се бара Бисерна на темава
Кон врв
IvaMk Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Октомври.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај IvaMk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2011 во 01:49
Би сакала некој да ми објасни подетално во врска со чакриве, како да ги отвориш, дали нивното функционирање зависи од тебе.. или ?! :)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.