|
Карате |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Емоциите на Наташа посилни од златото
Се уште сум под силни импресии, освојувањето на сребрениот медал е остварување на мојот најголем сон. Морам да кажам дека главен виновник за освојување на медалот е мојот тренер и селектор Бошко Заборски како и останатите репрезентативци кои ме бодреа во текот на сите борби, вели Илиевска Македонската карате репрезентативка, Наташа Илиевска го постигна најголемиот успех во историјата на македонското карате, во женска конк*ренција. Таа на 44. Европското првенство во Загреб (Хрватска) го освои сребрениот медал во категорија до 55 килограми, во дисциплината борби. Илиевска е прва македонска каратистка што успеала да се пласира во финале на едно континентално натпреварување каде загуби од домашната натпреварувачка Јелена Ковачиќ (1:0). -Се уште сум под силни импресии, освојувањето на сребрениот медал е остварување на мојот најголем сон. Морам да кажам дека главен виновник за освојување на медалот е мојот тренер и селектор Бошко Заборски како и останатите репрезентативци кои ме бодреа во текот на сите борби. Причината поради која не го освоив златото е тоа што со многу емоции влегов во финалната борба, но и стравот повторно да не ја обновам повредата на шаката, вели Илиевска. За влез во финалето Наташа мина четири пречки. Во првото коло славеше над Полјакината Сзумцак (5:1), потоа беше подобра од Австриката Андерлхантеи (3:1), Германката Оецки (3:2), а последна пречка за влез во финалето беше Романката Санду (3:2). Пред Наташа со медал од Европско првенство се врати Ардита Исени. Таа минатата година на првенството во Талин, Естонија го освои бронзениот медал. Освојувањето на среброто ја стави Илиевска во категоријата на стипендисти од светска категорија. Таа ќе прима стипендија од државата во висина од околу 30.000 денари, односно две просечни плати. |
|
|
|
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Последното кадетско државно првенство во Кавадарци, помина многу лошо за мене!
Кој беше од вас? |
|
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Суштината на карате вештината не е во победата ниту во поразот, но во создавањето на карактерот на каратистот.
|
|
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ни ги скршиле каратистите во Мароко... |
|
ShiningElune
Нов член Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Abe ima vo Skopjevo kvaliteten kyokushin karate club so full kontakt sparinzi?Ako ne ima voopshto karate klub so full contakt sparinzi?
|
|
stefanastibo
Нов член Регистриран: 19.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
haha Vo karateto nema full kontakt odi treniraj boks ili kick boks
|
|
ShiningElune
Нов член Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
E nema da nishto bratce ne te krivam tebe shto drzavava e tolku zaostanata i nerazviena vo sekoj pogled pa i vo sportot patem ima mnogu karate full kontakt stilovi nema da navleguvam vo toa nego sakam da se drzime do temata ali kako shto gledam a i sum bil informiran deka nema full kontakt karate stilovi pa i klubovi zastapeni vo Makedonija ako nekoj iskusen karatist znae slucajno nekoj karate klub kade shto trenjirat full kontakt karate vo ramkite na Skopje neka pishe(ali cisto sumnjam)ako ne shto se odnesuva do mene moderatorite slobodno mozat da go zatvorat threadov.
|
|
taske
Нов член Регистриран: 02.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дечки види го линков
http://www.kyokushin-macedonia.org/ |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најдобрите каратисти на КК Макпетрол освоија вкупно четири медали од кои три се од најсилната и најтешката категорија сениори.
Вчера завршија борбите на најмасовниот светски карате турнир Милано Опен, на кој учествуваа преку 200 спортисти од 38 држави од целиот свет. Покрај натпреварите од сениорска конк*ренција во Милано имаше и голем број на спортисти на кој се натпреваруваа и во кадетска и јуниорска конк*ренција. Како на најсилните турниро во Ротердам и Париз, така и турнирот во Милано помина во знакот на најдобрите сеиори од КК Макпетрол. Наташа Илиевска за прв пат во историјата на Македонското карате во женска конк*ренција успеа да влезе во финалето на Милано Опен, каде се сретна со минатогодишната шампионка од Бразил, Кумизаки Валерија. Веднаш потоа нејзината колешка Наташа Стефановска успеа со четири победи во категоријата -61 кг да го освои бронзениот медал. Жарко Арсовски во тешка категорија, во конк*ренцијата од 27 спортисти успеа да го ссвои бронзениот медал. Кај јуниорите најдобар впечаток оствари младиот спортист Симон Антиќ, кој во категоријата +76 кг со пет победи успеа да стигне до финалето и да го освои златниот медал. Истиот ден во јуниорска конк*ренција Крсте Мишев (Металург) во категоријата -76 кг го освои сребрениот медал. Ова се случуваше во саботата, додека вчера македонските кадети успеаја да освојата уште две медали. Азис Исмаили во категоријата -57 кг освои сребрен медал и Михаил Ѓурчиновски во категоријата -52 кг освои бронзен медал. Кај јуниорките најдобар впечаток остави Симона Заборска од Макпетрол која се пласираше на петтото место, висок пласман оствари и нејзиниот клупски колега Никола Димитриевиќ во кадетска конк*ренција во категоријата -52 кг. |
|
manchi
Нов член Регистриран: 23.Мај.2011 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
imalo druze vo kisela voda vo salata NEZAVISNA MAKEDONIJA vo skoloto Dunja vo Kisela Voda ... ne znam kako se vika klubot ama i jas sum zainteresiran za Kyokushin karateto ... vezbav so prvacite na avstralija 8-9 meseci i me voodushevija :)))sakam ovde da prodolzam . majstorot se vika Zivko mislam i deka e 4 dan :))) Pozdrav
|
|
msatm2
Нов член Регистриран: 28.Декември.2011 Статус: Офлајн Поени: 12 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има некаде во Скопје или Македонија да се тренира Kyokushin Карате-то?
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од Крушево црпам енергија и силаПрепознатливоста на Македонија на сите карате натпревари е на високо ниво. Преку извонредните настапи и резултати на нашите каратисти, целиот свет успеа да дознае повеќе за нас и за нашата татковина. Во таа низа од успеси е и освоеното трето место на Симона Заборска, најдобрата млада македонска каратистка, на неодамна завршеното Европско јуниорско првенство во Баку, Азербејџан. Треира од својата шеста година, а од 14 години е член на македонската карате репрезентација Како се чувствуваш по враќањето дома? Впечатоците се прекрасни! Убаво е чувството кога ги бранам боите на мојата татковина и се чувствувам горда што и покрај другите знамиња се вееше и нашето македонско знаме. Бронзениот медал за мене е голем поттик да продолжам понатаму со исто темпо за во иднина да се закитам со сребрен или златен медал. Медалот дојде во вистинско време. Сега сум помотивирана и имам поголема самодоверба за освојување на нови медали од првенствата кои ме очекуваат. Веднаш по враќањето продолжив со секојдневните тренинзи во мојот клуб Макпетрол. Беше ли лесно освојувањето на бронзениот медал и која беше борба за паметење? На европски и светски првенства секогаш одат најдобрите и најподготвените. Затоа би рекла дека не беше лесно да се дојде до медал, зашто немаше лесен противник. Би ја издвоила борбата за бронзен медал која беше највпечатлива со каратистката од Србија. И двете бевме мотивирани и дадовме се од себе. Со голема пожртвуваност и желба да дојдам до посакуваниот медал успеав да победам. Во текот на натпреварите имав тешка ждрепка и имав борви со каратистки од: Словачка, Чешка , Израел, Франција. Што за тебе значи да настапуваш под знамето на својата татковина? За мене е големо задоволство, бидејќи оваа малечка земја има храбри спортисти кои освојуваат и ќе освојуваат уште многу медали со кои сите ќе се гордеат. Во иднина посакувам да освојувам и медали во сениорска конкуренција. Нема да застанам се додека не се најдам на победничкото место во сениорска конкуренција. Покрај тоа што имаме изградено свој стил на борба ние секогаш сме добро прифатени од публиката во сите европски и светски центри каде што се одржуваат првенствата. Кое ти е омилено место во Скопје и Македонија? Во Македонија омилени места ми се нашите бисери Охрид и Струга, но и Крушево. Тоа е гратче кое посебно ме воодушевува со својата местоположба и со топлината на луѓето кои живеат во него. Од овој град црпам некоја чудна енергија и сила и се чувствувам исполнето. Го сакам и моето Скопје и во него сите места се убави. Би го издвоила кејот на Вардар каде секогаш среќавам насмеани и млади лица кои се рекреираат и спортуваат. Со оглед дека физички си многу активна значи дека сакаш да бидеш во природа? Секако и тоа во пролет и лето кога мојата земја е најубава и најзелена. Во лето покрај карате долго време тренирам и пливање и уживам во езерските убавини. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нашата каратистка Наташа Стефановска, членка на Карате клубот Макпетрол - Скопје на вториот турнир од Светската 1 Премиер карате лига кој се одржа во Дордрехт, Холандија успеа да го освои сребрениот медал, информираат од карате клубот Макпетрол.Таа до медалот стигна со четири убедливи победи во конкуренција на 51 држава од целиот свет. Најнапред во првото коло се сретна со репрезентативката на Франција Ноел Амандине и победи со резултат 5-2, во второто коло таа извојува победа со преставничката на Луксембург Соња Стеланд 2-0, трето коло победи со Холанѓанката Остерлен Кимберли и потоа во полуфиналето ја совлада Белгијанката Луана Дебати со резултат 2-0. Во финалниот натпревар нашата каратистка загуби од актуелната европска шампионка Австриската натпреварувачка Алиса Бушингер со прекин на натпреварот поради повредата кој настана за време на натпреварот на коленскиот зглоб на нашата каратистка. Во тој момент Австриската најдобра каратистка водеше со резултат 6-0. Ова е веќе втор медал на Наташа Стефановска од најелитните светски турнири таа минатата година во Милано, Италија го освои бронзениот медал, и веќе сериозно се наметнува како спортистка од која Македонија во иднина треба да очекува поголеми резултатски остварувања. Само како потсетување да споменеме дека во Измир 2010 година на Европското првенство Наташа Стефановска го освои бронзениот медал во конкуренција на спортистки од 18-21 годишна возраст. |
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |