|
Окупација од Бугарската војска 1941 |
Внеси реплика | страница <1 2930313233 98> |
Автор | |
tanas_1902
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 346 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Само едно уточнение - жената не е точно внучка на Гоце а е малце по далечна роднина! |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како и да е Македонка е како што и Гоце бил Македонец |
|
tanas_1902
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 346 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Така е верно е - и jас сом Македонец! |
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Баба Ката пише:
Се сеќавам имаше еден млад бугарски полицаец кој се сожали на мене и разгласи меѓу народот дека сум тешко болна. Тој ноќе со оцет се обидуваше да ми ја симне температурата и грозницата. Во меѓувреме додека лежев во штипскиот затвор не знаев дека сестра му на Гоце која беше снаа на тогашниот министер за внатрешни работи, професор Станишев, му пишала писмо дека негова блиска роднина се наоѓа во затвор и дека е тешко болна легната во постела. Подоцна дознав дека тоа писмо или телеграма на некој начин ми го спаси животот. По таа реакција ме повикаа во началството. Се сеќавам дека беше ден. Инаку, обично по 12 часот, по полноќ, не земаа од ќелиите и онака раскопчани и распашани полицајците ќе ни ги ставеа своите усмрдени нозе и чизми на градите и ќе не мачеа за да кажеме и да ги откриеме имињата на револуционерите. Цел живот ќе го паметам началникот на полицијата Борис Жуглов кој ме мачеше. Тој велеше:"Мамката ти македонска. Ако знае министерот дека има таква роднина, прв ќе се откаже од тебе". ---- Сега што излиза? Сестрата на Гоце Делчев е снаа на фашистичкоит министар на внатрешните работи Александар Станишев И фашистот Станишев е спасил баба Ката од арестот. А после фашистот е стрелан като куче. Извод: нема ненаказано добро! |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тоа што некој има роднина што е на другата страна нема врска со самата Баба Ката и со тоа што таа ги доживувала бугарските власти како окупатори. Интервјуто е повеќе од јасно. |
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Началникот на полицијата бил некој си Борис Жуглов. Дали е бил Бугарин? Неее .. бил е кутро Македонче. Жуглов (Жугла) е типична македонска фамилиja. Тоа е видно и од "Македониум":
Писмена заклетва на еден одродник од македонскиот народ (Борис Жуглов): „Се колнам во името на единствениот Господ дека свето ќе ја исполнувам должноста, ... --- Сепак - било е класова борба: комунисти срешту фашисти. Да се мисли за национално-олободителна борба е многу далеч од истината. |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секако дека е национално-ослободителна борба. Доколку не било така, немало да се зборува за бугарски окупатор, туку за идеолошки противник, немало никој ад бара слободна Македонија, немало да се декларира никој од борците дека е Македонец и немало народот да ги доживува Бугарите како окупатори. Повеќето од оние кои дошле со окупаторот се оние кои од Македонија пребегале многу порано и одеднаш дошле како службеници овде, меѓутоа таквите на македонскиот народ му изгледале како дел од окупаторите и за него биле далечни. Побарај и поназад во американската книга за истото. И чекам доказ дека тоа е само идеолошка борба, а дека Бугарите не биле третирани како окупароти. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи Борис Жуглов е Бугарин од Хасково - виден висок службеник(агент) во тајната служба на Бугарија кој по Бугарската окупација на Македонија станува началник на полиција.
Дали бил Македонец политички Бугаризиран по потекло не е познато бидејки бил закоравен Македономрзец,ги гонел и убивал Македонците низ целото царство во тоа време - но судејки по онаа старат “ПоТурчениот е поголем душман на Македонецот и од Турчинот„ веројатно е дека не е Бугарин по потекло туку само Бугаризиран |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кон крајот на декември 1941г. од Загреб пристигнува и Борис Бунев. Тој започнува да ги исполнува указанијата на Иван Михајлов, да се сретне со „годните за работа момчета" и им препорачува: приврзаниците на Организацијата да заемат, колку што е возможно повеќе места во администрацијата и да работат за „автономна и независима Македонија": да агитираат дека дојдените од „стара" Блгарија административни чиновници се негодни и неподходјашти за местните услови. Иван Михајлов сметал, дека преку налагање на местни чиновници, автономијата ќе дојде сама по себе си.Известни успеси се постигнати преку Чкатров-Ѓузелев, кои успеваат да издејствуваат на многу места за околиски управители и кметови да бидат назначени местни луѓе. Според сведенија на полицијата, по тоа време Димитар Чкатров е получил од својот брат Јордан Чкатров писмо, во кое тој го советува да си ги изглади односите со Кирил Дрангов. На тој начин групата на Чкатров-Ѓузелев решава да започне општа борба заедно со ВМРО против блгарската власт.
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Извор има за ова или нема? Некако не ми е вистинито тоа дека Иван Михајлов ќе се бори против власта која подоцна ја глорификува.
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каде ја глорификува?
Има извор, една книга. Ванчо и ВМРО секогаш се бореле за обединета и независна Македонија. Не заборавај како бил протеран од Бугарија во 1934. Ќе ја побарам. Интересна е. |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Можеби употребив несоодветен термин. Не ја глорификува директно, меѓутоа не ја смета за окупаторска, дури и на едно место говори дека таа сторила многу за македонскиот народ од 1941-1944 година. Ајде да видиме доказ дека таа не е окупаторска, ама не од Ванчо Михајлов, кој се сметал за Бугарин, туку од македонскиот народ. |
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прочети материалот за Методија Шаторов-Шарло и много нешта ке бидат јасни. За него Jосип Броз Тито е казал: Драги другари, постапката на "Стариот Бугарин" кој што беше одговорен за нашата работа во Македонија с епокажа не само антипартиска но и контарреволуционерна. 1. Тој го саботираше издавањето на прогласот на ЦК на ЈКП и зазеде националистичка позиција. 2. Тој ги прекина сите врски со ЦК на ЈКП после окупацијата и не се јави на поканата да дојде со известието на ЦК. 3. Тој завзеде непријателска позиција спрема другарите Срби, завзеде позиција која со ништо не се разлкува од позицијата на македонската реакционна буржоазија. И уште Лазар Колишевски: А кога на 6-ти април Југославија беше нападната, наместо порано и сега да ги готви масите за одбрана на земјата тој ја издига паролата за побратимување на војниците на фронтот..... Шарло ја издига лозинката за создавање на национален фронт со сите противници на големосрпскиот режим без оглед дали се тоа ванчо-михајловисти, прикриени фашисти и распалувачи на омраза против братскиот српски народ. Тој не гледаше ништо повеќе освен една слепа борба против големосрпскиот режим ... А каква е сегашната оценка: Кокан Стојчев во "Македонско сонце" |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што значи од македонскиот народ? Има различни групи кои различно гледале на работите. Ете ВМРО исто се бореле за македонска држава, тие се разочарале дека западна Македонија им била дадена на туѓи сили. ЈКП се бореле за Југославија и т.н.
|
|
Внеси реплика | страница <1 2930313233 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |