IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 125126127128129 146>
Автор
Порака
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2009 во 09:02

три стиха и прашање 

по секој мој нов сон
во кој ќе наминеш
ми недостасува по едно сеќавање

кај тебе ли се?

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
sinisaang Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Мај.2009
Локација: Mayotte
Статус: Офлајн
Поени: 27
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sinisaang Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2009 во 00:08
Mirisot svez go custvuvam jas,dopirot tvoj me zamislluva znaj
Pogledot moj znam proziren e,vosh*tot moj znam ocigleden e
No dali vredi sonot moj I dali so mene ke prodolzis ti
Vo nokta svetla i so mesecina kako sonce

Ili utrinskiot pogled ke bide tazen,no pak so nadez
Veruvam deka ke te najde,samo tajnata e kade
Sonceto ke te bara I znam deka ke te cuva
A dodeka spijam vo sonot ke te krijam

Dali me pratis,citatelu moj lazen
I dali pogledot tvoj zastana tazen
Tvojata uteha za mene e melem
a srceto moe za tebe ne znam sto e
Кон врв
nevena Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Ноември.2009
Локација: Morocco
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nevena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2009 во 22:49
Есенски своја

Зраците ѕиркаат, ветрето ме гушка,
ЕСЕН Е...
Го шеткам карираното капутче
и новото шарено шалче,
ЕСЕН Е...

Знам ја мразиш есента, го сакаш летото,
а знам и зашто.
Тераш инает со мене како мало дете,
ме прекоруваш за ситници,
за тивкото свежо ветре,
за сонцето кое се смешка
низ лисјата што паѓаат...

Знам дека мразиш што се радувам
на сите убавини на есента,
што ти правам лиги со ајварот в рака,
што крцкам со јаболкото в уста.
Мразиш се, и ти велам в лице
дека си намќор.
Но џабе... ЕСЕН е...

Се чувствувам како мачка,
додека чекорам врз лисјата
и ги слушам како шушкаат
под моите стапалца, патики...

Го мразиш и нивниот звук,
само за инает на мене...

Знаеш, баш сум своја во своите ситни радости
кои многу ти пречат, знам.
Знаеш, ти велам по сто пати
дека си се сакам ваква,
нема да ме смениш,
џабе се трудиш...

Се радувам на есента.
Јас сум си есенски своја...

Изменето од nevena - 14.Ноември.2009 во 22:50
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2009 во 23:32

 

четиристотини пати сакав
да напишам песна за една 


......................, слично како денес
седам, пишувам, помнам, не помнам  

миговите секако избледуваат со времето
но четиристотини чувства во песните остануваат

засекогаш,
заправо, само до тогаш, додека некој уште ќе ги чита 

а што заправо сакав да кажам
о, да,
дека ова последна е

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2009 во 20:40

Смешен е начинот
на кој се лажам себе си,
дека во оваа
тетратка на порази,
ти го запишав името
со ситни буквички.
Таму лебдиш среде
едно неосвоено небо
од детството,
...ресичките од мојот
искинат змеј
ти ги скокоткаат
подочниците,
и ти постоиш така цврсто...
како конечно освоена цитадела
од која моите стрели
сепак не можат да се откажат.
Се сетив дека никогаш не сум
го видел мојот одраз
во огледало до твојот,
се сетив дека
читајќи го утринскиот весник,
милион пати несвесно
сум го кажал името
со кое сега ме чекаат мугрите...
се сетив дека пет минути пред тебе
сум чекал автобус на иста станица...
и миг по тебе сум ја разлистал
истата книга во истата книжарница...


...се сетив дека сум им давал душа
на многу сенки пред тебе...
Ниедна не стана ти...

Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2009 во 22:09
немото момче

немото момче
пак било тука
немало кој
да го пречека

в дланки ни донел
планинска вода
в која самовили
се огледувале

немото момче
пак било тука
празната чаша
ја наполнил






Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2009 во 20:03
Глетки

Знам да бидам без тебе...
како што умеам да ја поднесам
оваа слабодушна човечност,
што ме испраќа на див остров,
кога не сакам да водам војни
со сопствената совест...

Вибрирачки бас и скришум
упатени погледи...
Јас сум маг што успева
да го претвори димот од цигари
во слаткоста на твојот здив.

Знам да бидам без тебе...
како што сум мртов
со возбудени дамари,
како што секој пат сум убеден
дека сум ги допишал песните...

Смешни додворувања
со блискоста на телата...
На шанкот те потпишувам со
едно од многуте твои имиња,
зошто јас вистински
те доведов со себе,
ти го галев вратот
со лимон од мојата текила
и ти пишував горчливи елегии
по челото.

Буден те сонував
со очи поразени од глетки...
Ти беше последната
капка од времето,
во кое не сакав да се
трошам за други.
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2009 во 18:38
од тука наназад трети пат 
http://www.pef.uni-lj.si/matwww/bledfiz/kalejdoskop.jpg

остај!
шо ти е поента?
ќе имав изговор во моите мисли
и бистра река и карти, нешто отприлика така
а каде јас сум денес јас?
шо е? безбоен калејдоскоп таму горе?
знаеш, најголемо е кога навистина е
не смеам, не можам и не сакам утре да е ден
ова не е графит
ова е порака во шишето 

 

 

 

 

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Ма-Ста-Пе Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член

Vrven Poet

Регистриран: 01.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 14
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ма-Ста-Пе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2009 во 19:49
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2009 во 23:42

секој ќе плати

http://i.thestreet.com/files/tsc/mainstreet-photos/photo-gallery/art-gallery/shrunkgripe.jpg

секој од нас, еднаш ќе плати
за доручекот на тревата
за ветерот, кој дувал на сосем друго место
што не заврна по чашка третата
што громовите не биле неканети гости


да, секој, па ќе платам и јас
за полноќниот воз, кога се возев без вас
за ритамот, за светлата, иако не светеа поради нас
што не застана на станица, не собра патници
што свирката ги пополни празните страници


секој, па и јас ќе платам
за искажано утро, кога не се разбудив сам
за испеана песна, која за првпат не ја пеев јас 
што масата била наместена за двајцата
знам, само за неискажани мисли, данок не се плаќа



Изменето од anakin - 24.Декември.2009 во 23:44
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Ану Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 15
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ану Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2009 во 01:46
Postmodern lullaby

Дете качено на месечина.
(нека не ви доаѓа на ум лого на филмска индустрија)
Бара ѕвезди, и ги вади
од театарската завеса небесна.
Галаксии, му се лулките
го пуштаат сам да се нишка.
Додека не стивне ноќта.

Сака да биде космички јавач
Принц што се дружи само со себе
рози тигри и слонови му се само боите во кои се плиснува
кога рипа во сон од ќебе во ќебе.

Небитно.


И порасна.
Ѕвездите не се симнуваат, сами паѓаат.
Розите се дестабилизирани мајки, тигрите се тирани - татковци, слоновите се љубовите незаборавни...
Детето е Маж сега.
Црна дупка на зрелоста.


Секаде ставам моја поезија, па ајде и овде.плазење
She. Poet.
Кон врв
Ану Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 15
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ану Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2009 во 12:18
She. Poet.
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 01:59

14804481_2008042411034915136000

.

кога Сонцето од север ќе изгрее

кога оган ќе смрзне а мраз ќе не‘ изгори

кога верноста со неверство ќе се казнува

кога искреноста воопшто нема да боли

кога незнаењето ќе е доблест

и кога тоа, што не било ќе биде последно

тогаш, љубов, ќе ти поверувам, дури тогаш

а постоиш ли ти воопшто?

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 16:11

На родилката

Смев во утробата.
Зрнца надеж ти го оплодија сонот.
Ти пиеш вода од истиот извор
на кој се пои бел еднорог.
Да, тоа во тебе
ќе биде прво и последно
од таков вид.
Ќе има бисерни запчиња
и прозрачни очиња
што ќе им веруваат
на твоите приказни
за оџакот и штркот.
Да, тоа ќе биде
единственото нешто
што си го создала
за да го сакаш
повеќе од себе.
Тоа ќе биде
здивот што ќе те држи
додека ги искачуваш планините,
рикањето што ќе го спознаеш
за да го зачуваш од лавовите,
тоа ќе биде ноќта во која
ти ѕемнеш оти нему му е студено…
Тоа ќе биде причината да сакаш,
без да прашаш “зошто”,
единствениот цвет во животот
што ќе го чуваш од туѓите стапки
и ќе го полеваш за да те надрасне
и да ги носи твоите бои.

%20

Сенка без човек

Се родив во најсветлиот миг
од цела космичка година.
Луѓето бараа симетрија на моето лице,
не знаејќи дека нивните се разобличени.
Со езотеричен збор,
кој одамна ја изгазил тајната,
времето ми припиша докажана вина
без кренат камен.
А јас растев во сонот,
нацицан со безброј одрекувања,
разулавен од демоните,
разлулан од болките,
скриен во сојузите со ангели,
венчан со верувањата дека
не можат да ме остават без небо.
Дали некогаш ќе имам доволно,
за да ми биде доста?
Еден ден, со благослов
и мед на усните,
некој ќе се прикраде и
ќе ми ја земе сенката,
која не вреди без сонце,
и не стои без човек.

%20

Абажур

Ги одминав полињата со долини

смислени за твојот чекор.

Се престорив во триптих

што спие со мирисот на

твојата вообразена невиност.

Ти си абажурот што

собира лажен сјај

за да им го означи рајот

на џебните идоли.

Колку дна треба

да сознае тагата,

за да се преименува во

неоткриен вид

на водење љубов?

Примероци од твојата коса.

Ме потсетуваат на деловите од тебе

што никогаш не ми припаднаа.

Јас сум растргнат сомнеж

што го чуваш во својот несесер,

за гордите усни што имаат

потреба од нежност

на секој 29-ти февруари.


%20

Луѓе за мразење

Тргнувам…
да го откријам расплаканиот Бог
што требаше да ме создаде
од кревка хартија…
Не ќе можеа така
лесно да ме искинат,
како сега…
Ги селам моите шалови
во нова зима.
Без точка и запирка
ќе ја пропелтечам
оваа нова селидба,
на десната страна од креветот.
Соништата овде ги кажувам
со замрзнати усни…
Никој не ми ги гони стиховите
со факелот на скриена смисла.
Ми снемува луѓе за мразење.
Ми снемува луѓе…

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 125126127128129 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.