IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - КУЛТОТ ЗА МАРИЈА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КУЛТОТ ЗА МАРИЈА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5253545556 60>
Автор
Порака
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2009 во 01:59
п.с. се извинувам на тоа што не одделив само за стихот во Ефесјаните, ама сепак добро би било да се види компарацијата дека Богородица била облагодатена и останала во благодатта, а од друга страна пак, имало христијани кои отпаѓале од благодатта (и сеуште има).
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2009 во 02:48
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Значи, одговорот на твоето прашање е: ДА, оние христијани кои се облагодатени преку Божјиот Возљубен Син, а отпаднале од верата поради непослушност и изопачување на истата, повторно остануваат без благодат:
 
Ти благодарам на одговорот. Значи сепак сите оние кои не отпаднале од верата остануваат со благодатта и се благодатни? трепкање
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2009 во 12:38
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Значи, одговорот на твоето прашање е: ДА, оние христијани кои се облагодатени преку Божјиот Возљубен Син, а отпаднале од верата поради непослушност и изопачување на истата, повторно остануваат без благодат:

 

Ти благодарам на одговорот. Значи сепак сите оние кои не отпаднале од верата остануваат со благодатта и се благодатни? трепкање


Демек мислиш дека со ваква игра на зборови ќе ме зезнеш?

Значи сето она што го пишав претходно, дури и подетално изложено со цитати од светско познати лингвисти, џабе е кога ЕвАнгелос е тврдоглав!

Убаво ти беше образложено дека зборот благодатна, конкретно „κεχαριτωμενη“ (kecharitomene), се однесува само на БОГОРОДИЦА, затоа што таа ја има ПОЛНОТАТА НА БЛАГОДАТТА како што никој друг ја нема. Таа Го родила Господ! Господ не ја избрал неа ради реда, туку била избрана уште пред воопшто и да биде родена! Ти текнува на параболата со талантите? На неа и беше најмногу доверено, и таа не Го изневери Господ.

Останатите кои пребиваат во вистинската вера, добиваат благодат од Бога, но секој од нив греши се’ додека не го достигне степенот на чисто срце од страстите и просветление на умот, додека Богородица не направила НИТУ еден грев во својот живот (тука треба да разликуваме грев од грешка!), ниту со мисла. Кога ќе ти влезе ова во главата?


+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2009 во 18:00
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Убаво ти беше образложено дека зборот благодатна, конкретно „κεχαριτωμενη“ (kecharitomene), се однесува само на БОГОРОДИЦА, затоа што таа ја има ПОЛНОТАТА НА БЛАГОДАТТА како што никој друг ја нема.
 
Сакаш да кажеш дека Марија добила 100% од Божјата благодат, а останатите христијани добиваат 90%, 80%, 75%, 60%, 34% итн?
Ова учење може многу лесно да се побие цитирајќи само еден единствен стих од Библијата
 
„Јован сведочи за Него и вика: „Еве Го Оној, за Кого реков: Оној, Кој доаѓа после мене, пред мене е, зашто беше пред мене!” И, сите ние (а не само Марија!) примивме од Неговата полнота: благодат врз благодат.“
(Јован 1:15-16, Библијата)
 
Понатаму...
 
1. Исус никаде не ја воздигнал Марија над другите Негови следбеници. Кога Марија заедно со браќата на Исус дошла кај Исус и некој го известил Исус за тоа, Исус одговорил...
 
„И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.“
(Матеј 12:47-50)
 
Оттука гледаме дека Исус го вреднувал духовното сродство и духовната фамилија над телесната фамилија.
 
Понатаму, кога Исус поучувал во една прилика една жена, воодушевена од Неговото поучување, извикала
 
„А кога го зборуваше тоа, една жена извика од народот и му рече: “Блажена е утробата, што Те носела, и на градите, од кои си се хранел!” А Он рече: “Да, но блажени се и оние што го слушаат словото Божјо, и го пазат.“
(Лука 11:27-28)
 
Тука исто така гледаме дека Исус повторно не го задржува фокусот на Неговата телесна/крвна поврзаност со Марија, туку веднаш го префрла фокусот на Неговото учење укажувајќи дека тоа е важното и она што треба да им биде фокусот на верниците, а не Марија.
 
2. Доколку Марија, според православните, е Најблагодатната (единствена што има полна благодат, наспроти обичните верници кои имаат делумна облагодатеност), Најголемата, Царицата на Небото, Господарка на ангелите, Спасителка на светот, онаа која на ангелите слава им дава итн. тогаш зошто апостолите воопшто не ја спомнале ниту еднаш во своите посланија?
 
Според православната традиција, Марија пред да умре ги повикала апостолите во молитва и тие буквално летајќи на облаците дошле кај неа и она се поздравила со нив, па потоа умрела, па потоа исто така воскреснала изненадување, овие го нашле гробот празен, па им се покажала жива на апостолите (плагијат No.1 на Исусовото воскресение)... и покрај сето ова сензационално искуство, тие одлучуваат ниту еднаш да не ја спомнат неа во своите посланија. Зарем е можно, ако ова навистина се десило тие, да заборават да го спомнат?
 
3. Исус јасно кажал дека никој човек роден од жена (значи ниту Марија) не се воздигнал повеќе од Јован Крстителот.
 
„Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јована Крстител; но, најмалиот во царството небесно е поголем од него.“
(Исус Христос, ев. Матеј 11:11)
 
Дали Марија била родена од жена? Да. Тогаш, според оваа изјава на Исус, јасно е дека таа не била воздигната повеќе од Јован Крстителот.
п.с. Се разбира ова не важи за Исус, затоа што Исус поттекнува од царството Небесно и како таков, според истата изјава, е поголем од Јован.
 
4. Исус во евангелијата не ја нарекувал Марија „мајко“, туку ја нарекувал „жено“ како што ги нарекувал и сите останати жени:
 
"Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено (блажената Марија)? Уште не дошол Мојот час.”" (Јован 2:4)
"Верувај Ми жено (самарјанката), дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим" (Јован 4:21)
"Исус се исправи и и рече: „Жено (блудницата), каде се? Ниеден ли не те осуди?”" (Јован 8:10)
"Исус и рече: „Жено (Марија Магдалена), зошто плачеш? Кого Го бараш?” " (Јован 20:15)
"Штом Исус ја виде, ја повика и и рече: „Жено (згрбавената), ослободена си од својата болест.”" (Лука 13:12)
"Тогаш Исус и одговори и и рече: „О жено (Ханенејката), голема е твојата вера; нека ти биде по твојата желба" (Матеј 15:28)
 
Оттука гледаме дека обраќањето на Исус кон Марија било исто како и кон сите останати жени на кои Тој им се обраќал во евангелијата (наспроти десетиците титули што денес православните и ги воспеваат на Марија)
 
Заклучок:
 
Исус, а и целото Свето Писмо во глобала, никаде не ја возвеличува Марија над останатите богоугодници во Библијата.
 
Православното учење дека Марија има полнота од Божјата благодат, а сите останати верници непотполна Божја благодат е погрешно, затоа што, како што вели Светото Писмо “сите ние примивме од Неговата полнота, благодат врз благодат
 
Православното учење дека Марија е Најголемата, Највоздигната и сл. е исто така погрешно затоа што Самиот Исус јасно кажа дека никој од луѓето не се воздигнал повеќе од Јован Крстителот. Значи, само Бог знае кои други се воздгинати повеќе од Марија, но, бидејќи Исус ни кажа, ние знаеме дека барем Јован е поголем од неа - со што автоматски следува дека Марија не е Најголемата.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2009 во 18:50
za mene e neprifatlivo toa sto isus ja narekol svojata majka zeno, bog na site im naredil da bidat ljubezni kon svoite majki svoite roditeli,,..

od tebe ke zemam primer evangelos zarem mozes li ti da mu recis na svojsta sopstvena majka zeno t.e kako ke ja nazivas kako majka ili kako zeno.
odgovorot ke ti bide kako majka togas kako moze isus da izgovara takvi raboti za svojata majka i da ja imenuva kako zeno demek nisto ne mue,apsurd .
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2009 во 02:18
Marija Bilo samo sredstvo da go donese ISUS na zemjata,sto toa ne znaci deka ona mu bila majka:)
ISUS vika deka site onie so mu sluzat iskreno se negovi BRAKJA,SESTRI,MAJKA itn,itn,.
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2009 во 02:53
Христос има 2 природи: божествена и човечка (Син Божји и Син Човеков - како што и Самиот се нарекувал).
Блажената Марија е мајка на човечката природа на Исус Христос, но не и на Божјата. Затоа Марија не може да биде Богородица, затоа што таа не го родила неродениот Бог Исус, Кој си постоел уште пред таа да биде создадена. Впрочем, Светото Писмо не учи дека се е создадено преку Исус, дека целото создание е создадено преку Исус, а се разбира дека и блажената Марија е вклучена во тоа цело создание.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Rita.MD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 719
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rita.MD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2009 во 12:34
Римјаните 1:22-23
Зборувајќи дека се мудри, станаа безумни, и ја заменија славата на нераспадливиот Бог со слика слична на распадлив човек, на птици, на четвороножни животни, и на лазачи.

25 нив, кои Божјата вистина ја заменија со лага, и му се поклонуваа и служеа на созданието место на Создателот, Кој е благословен довека, Амин!

Култ? Ма нееее...


Изменето од Rita.MD - 14.Ноември.2009 во 12:40
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2009 во 18:36
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Христос има 2 природи: божествена и човечка (Син Божји и Син Човеков - како што и Самиот се нарекувал).

Блажената Марија е мајка на човечката природа на Исус Христос, но не и на Божјата. Затоа Марија не може да биде Богородица, затоа што таа не го родила неродениот Бог Исус, Кој си постоел уште пред таа да биде создадена. Впрочем, Светото Писмо не учи дека се е создадено преку Исус, дека целото создание е создадено преку Исус, а се разбира дека и блажената Марија е вклучена во тоа цело создание.



blazenata marija e majka na coveckata priroda na isus hristos . dobro i da receme deka e taka po toa sto e majka po covecka priroda sepak isus ne mozel da ja narekuva svojata majka zeno toa za mene e nelogicno   so sigurnost vi tvrdam deka isus nikogas taka ne ja narekuval svojata majka .

hristos imal dve prirodi ,, toa vazi samo za vas hristijanite ,koi ste bo zabluda okolu toa   sto vi tvrdite no toa sie vase veruvanje ,
marija ne moize da bide bogorodica '
pa zosto ja narekuvate bogorodica ?
ne go rodila isus
pa nemase valda da bide majka negova ako ne go rodila ,
kakov apsurd sto ne ke slusnis od narodov
sekoj si ima pravo na svoe veruvanje, ajde pozdrav

kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
el_kevser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 832
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај el_kevser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2009 во 18:38
Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Римјаните 1:22-23
Зборувајќи дека се мудри, станаа безумни, и ја заменија славата на нераспадливиот Бог со слика слична на распадлив човек, на птици, на четвороножни животни, и на лазачи.

25 нив, кои Божјата вистина ја заменија со лага, и му се поклонуваа и служеа на созданието место на Создателот, Кој е благословен довека, Амин!

Култ? Ма нееее...


za vas rita koj e sodatelot otecot ili isus

koje pogolem otecot ili isus
kazuvajte ja vistinata kolku i da im e gorcliva na lugeto
Кон врв
Rita.MD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 719
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rita.MD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2009 во 22:45
Originally posted by el_kevser el_kevser напиша:

Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Римјаните 1:22-23
Зборувајќи дека се мудри, станаа безумни, и ја заменија славата на нераспадливиот Бог со слика слична на распадлив човек, на птици, на четвороножни животни, и на лазачи.

25 нив, кои Божјата вистина ја заменија со лага, и му се поклонуваа и служеа на созданието место на Создателот, Кој е благословен довека, Амин!

Култ? Ма нееее...


za vas rita koj e sodatelot otecot ili isus

koje pogolem otecot ili isus


Бог е Создателот. Таткото, Синот и Светиот Дух.

Во Битие прва глава, Бог (Елохим плуралитет од Ел)зборува во множина: "...да направиме...".

Јован: 14:28 Чувте дека ви реков: Одам и ќе ви дојдам. Ако Ме љубите, ќе се зарадувате дека одам при Мојот Татко, зашто Таткото е поголем од Мене.

И офф топик си.
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2009 во 06:37
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

] Убаво ти беше образложено дека зборот благодатна, конкретно „κεχαριτωμενη“ (kecharitomene), се однесува само на БОГОРОДИЦА, затоа што таа ја има ПОЛНОТАТА НА БЛАГОДАТТА како што никој друг ја нема.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Сакаш да кажеш дека Марија добила 100% од Божјата благодат, а останатите христијани добиваат 90%, 80%, 75%, 60%, 34% итн?


Па со оглед на тоа што Богородица го носела Господ во својата утроба, го родила, го доела, го растела, го воспитувала лично таа, а нели Господ е 100% благодат, мојот одговор е – ДА, Богородица добила многу поголем талант од било кој друг човек. Значи, Бог, полнотата на благодатта, благоволи да се воплоти од Богородица, да пребива во нејзината утроба.

А дека тоа е навистина така, сведочи и Светото Писмо кое само неа ја нарекува благодатна т.е. κεχαριτωμενη (kecharitomene).



Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Ова учење може многу лесно да се побие цитирајќи само еден единствен стих од Библијата

„Јован сведочи за Него и вика: „Еве Го Оној, за Кого реков: Оној, Кој доаѓа после мене, пред мене е, зашто беше пред мене!” И, сите ние (а не само Марија!) примивме од Неговата полнота: благодат врз благодат.“
(Јован 1:15-16, Библијата)


Да не знаев доволно добро македонски, ќе можеше да ме лажеш, ама јас одлично знам да разликувам што значи „примивме ОД Неговата полнота“ и „ЈА примивме Неговата полнота“.
Примивме љубов, добрина, милост од Неговата полнота, но не Го примивме Него (апстолутната полнота) во нашата утроба!

А дека секој христијанин добива различна благодат, според милоста Божја и својот труд, одлично сведочи параболата со талантите (Матеј 25:14-30) каде се вели дека Господ секому дава толку колку што му се силите, некому 2 таланта, некому 5, а некому само 1.


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

1. Исус никаде не ја воздигнал Марија над другите Негови следбеници. Кога Марија заедно со браќата на Исус дошла кај Исус и некој го известил Исус за тоа, Исус одговорил...

„И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.“
(Матеј 12:47-50)

Оттука гледаме дека Исус го вреднувал духовното сродство и духовната фамилија над телесната фамилија.

Понатаму, кога Исус поучувал во една прилика една жена, воодушевена од Неговото поучување, извикала

„А кога го зборуваше тоа, една жена извика од народот и му рече: “Блажена е утробата, што Те носела, и на градите, од кои си се хранел!” А Он рече: “Да, но блажени се и оние што го слушаат словото Божјо, и го пазат.“
(Лука 11:27-28)


Во моментот кога Господ (а не другар ти од маало - Исус) ги поучувал луѓето и во контекст на неговата поука, тој сакал да потенцира дека телесното сродство не е битно за спасение на душата, но тоа воопшто не значи дека Богородица не била достојна, или дека ја изедначувал со останатите. Зарем има некоја логика да ја изедначувал со останатите, кога Тој како Господ предвечен и Кој пред вековите го знае секој момент од човечката историја однапред, знаел дека оние кои викале по него „Осана“, после недела дена ќе викаат „Распни Го, распни!“, а Богородица знаел дека ќе остане со Него до крајот? Малку ти е контрадикторно тоа што се трудиш да го докажеш.

Според твоето изложување Господ испаѓа теле, демек ќорав и глупав е, па сите во еден кош ги става (и Богородица, и маченици, и оние кои стигнале до третото небо, и некој кој везден седи пред тастатурата на интернет...). Нон сенс! Човеку, па дури и општеството те учи дека правилен начин на размислување не е сите да ги поистоветуваш еден со друг, туку дека секој е различна личност за себе, со посебен квалитет, со посебен дар.


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

2. Доколку Марија, според православните, е Најблагодатната (единствена што има полна благодат, наспроти обичните верници кои имаат делумна облагодатеност), Најголемата, Царицата на Небото, Господарка на ангелите, Спасителка на светот, онаа која на ангелите слава им дава итн. тогаш зошто апостолите воопшто не ја спомнале ниту еднаш во своите посланија?

Според православната традиција, Марија пред да умре ги повикала апостолите во молитва и тие буквално летајќи на облаците дошле кај неа и она се поздравила со нив, па потоа умрела, па потоа исто така воскреснала , овие го нашле гробот празен, па им се покажала жива на апостолите (плагијат No.1 на Исусовото воскресение)... и покрај сето ова сензационално искуство, тие одлучуваат ниту еднаш да не ја спомнат неа во своите посланија. Зарем е можно, ако ова навистина се десило тие, да заборават да го спомнат?



1.     Зошто мислиш дека апостолите би ја изложиле на позор и ризик Мајката на набараниот и најомразениот меѓу јудејците во тоа време – Господ Исус Христос?
2.     Од каде знаеш дека нешто не е запишано по останатите посланија, кои денеска ги немаме т.е. кои се изгубиле, и кои поради тоа што не можело да биде докажано дали авторот е односната личност која што се потпишала како автор, не влегле во канонот на Светото Писмо?


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

3. Исус јасно кажал дека никој човек роден од жена (значи ниту Марија) не се воздигнал повеќе од Јован Крстителот.

„Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јована Крстител; но, најмалиот во царството небесно е поголем од него.“
(Исус Христос, ев. Матеј 11:11)

Дали Марија била родена од жена? Да. Тогаш, според оваа изјава на Исус, јасно е дека таа не била воздигната повеќе од Јован Крстителот.
п.с. Се разбира ова не важи за Исус, затоа што Исус поттекнува од царството Небесно и како таков, според истата изјава, е поголем од Јован.



Смешно е да се ваѓаш со вакви работи откако убаво ти беше образложена дека единствено Богородица била наречена благодатна, т.е. облагодатена уште пред воопшто некој човек да бил облагодатен, уште пред ангелот да и’ ја соопшти радосната вест, уште пред Господ да се роди, уште пред Тој да биде распнат и да воскресне, уште ПРЕД ДА СЕ ИЗВРШИ ЦЕЛИОТ ДОМОСТРОЈ ЗА СПАСЕНИЕ НА ЧОВЕЧКИОТ РОД.
Зошто Господ не го рекол тоа за св. Јован?

И друга работа е што си ги толкуваш стиховите, не само своеглаво со непросветлен ум, туку и делумно, селективно.

Според ова што си го навел излегува дека Богородица на земјата е „помала“ од св. Јован, ама на небесата е поголема. Значи, сепак е поголема, затоа што тие веќе СЕ на небесата.


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

4. Исус во евангелијата не ја нарекувал Марија „мајко“, туку ја нарекувал „жено“ како што ги нарекувал и сите останати жени:

"Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено (блажената Марија)? Уште не дошол Мојот час.”" (Јован 2:4)
"Верувај Ми жено (самарјанката), дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим" (Јован 4:21)
"Исус се исправи и и рече: „Жено (блудницата), каде се? Ниеден ли не те осуди?”" (Јован 8:10)
"Исус и рече: „Жено (Марија Магдалена), зошто плачеш? Кого Го бараш?” " (Јован 20:15)
"Штом Исус ја виде, ја повика и и рече: „Жено (згрбавената), ослободена си од својата болест.”" (Лука 13:12)
"Тогаш Исус и одговори и и рече: „О жено (Ханенејката), голема е твојата вера; нека ти биде по твојата желба" (Матеј 15:28)

Оттука гледаме дека обраќањето на Исус кон Марија било исто како и кон сите останати жени на кои Тој им се обраќал во евангелијата (наспроти десетиците титули што денес православните и ги воспеваат на Марија)


Мислам дека одличен коментар, т.е. прашање постави, на кое би требало да му одговориш

Originally posted by el_kevser el_kevser напиша:

za mene e neprifatlivo toa sto isus ja narekol svojata majka zeno, bog na site im naredil da bidat ljubezni kon svoite majki svoite roditeli,,..

od tebe ke zemam primer evangelos zarem mozes li ti da mu recis na svojsta sopstvena majka zeno t.e kako ke ja nazivas kako majka ili kako zeno.
odgovorot ke ti bide kako majka togas kako moze isus da izgovara takvi raboti za svojata majka i da ja imenuva kako zeno demek nisto ne mue,apsurd .


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Заклучок:

Исус, а и целото Свето Писмо во глобала, никаде не ја возвеличува Марија над останатите богоугодници во Библијата.


Заклучокот ти е терање инает и извитоперување на вистината, затоа што една-две страни пред оваа објаснивме дека БОГОРОДИЦА Е ВОЗВЕЛИЧЕНА НАД ОСТАНАТИТЕ БОГОУГОДНИЦИ!!!

Стихот Лука 1:28 гласи: ... Радувај се, благодатна! Господ е со тебе!

Самиот збор благодатна индицира на тоа дека таа веќе е облагодатена уште пред да дојде архангел Гаврил да ја посети и да и’ ја соопшти радосната вест. Кога архангел Гаврил и’ вели на Богородица „Радувај се, БЛАГОДАТНА!“, Господ Исус Христос не бил ниту зачнат од Светиот Дух, а камоли пак да бил распнат и да воскреснал. Јасна индикација дека Богородица била облагодатена уште пред сето тоа да се случи со Господ и уште пред воопшто и да и’ била соопшетна Радосната вест.

А стихот Ефесјаните 1:6 гласи: За да биде фалена славата на Неговата благодат, со која не дарува преку Својот Возљубен Син

Христијаните се облагодатени преку СИНОТ БОЖЈИ, откако тој се родил, бил распнат и воскреснал.

Од лингвистички и граматички аспект додека Kecharitomene е перфект пасивен партицип, echaritosen е активен индикативнен аорист. Kecharitomene значи "биле" или "веќе се" облагодатени.

Тоа можеме да го видиме и во други стихови. На пример во грчкиот превод на Стариот Завет во

Псалм 117: 26 Нека е благословен оној, кој оди во името на Господа!

за благословен е искористен зборот 'eulogamenos' кој буквално значи "бил благословен" т.е. означува дека тоа се извршило пред времето на говорникот и делото е веќе завршено. Говорникот кој го користи овој збор се осврнува дека оној за кој зборува веќе бил благословен. (Фредерик П. Милер „Обновување на Захарија и Евреите: Од мрак до слава“, глава 31 Захарија 20)

Ефесјаните 2:8 Зашто по благодат сте спасени преку верата…

Зборот „спасени“ е преведен од грчкиот збор „σεσέσμένοι“ (sesosmenoi), кој е перфект пасивен партицип. Означува дека спасението се случило во некое време во минатото и продолжува во сегашност…

Граматичарот по грчки јазик J. Gresham Machen (Грчки на Новиот Завет за почетници, стр. 187) вели: „Грчкиот перфект ја означува сегашната состојба која е резултат на мината акција“ Перфектот е употребен во Матеј 4:4, 7, 10 („Напишано е“) што буквално означува дека било напишано во минатото и сеуште е во сила.

Перфектот во грчкиот јазик е минато време со посебно значење: се користи за да се направи осврт на мината акција чиј ефект се пренесува во сегашноста.

Значи, Kecharitomene означува целосност со постојан, неменлив резултат, односно континуитет на извршената акција (Х. В. Смит, Грчка граматика [Harvard Univ Press, 1968] стр.108-109, 1852:b исто и Блас и ДеБрунер, стр. 175)

+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2009 во 06:42
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Христос има 2 природи: божествена и човечка (Син Божји и Син Човеков - како што и Самиот се нарекувал).

Блажената Марија е мајка на човечката природа на Исус Христос, но не и на Божјата. Затоа Марија не може да биде Богородица, затоа што таа не го родила неродениот Бог Исус, Кој си постоел уште пред таа да биде создадена. Впрочем, Светото Писмо не учи дека се е создадено преку Исус, дека целото создание е создадено преку Исус, а се разбира дека и блажената Марија е вклучена во тоа цело создание.


До сега неколку пати ти беше поставено прашањето:

Ако ти веруваш дека Господ Исус Христос има две природи, и Божествена и Човечка, а дека Богородица ја родила само Човечката природа на Господ, кажи ми во кој момент Неговата Човечка природа се соединила со Божествената за Тој да стане Богочовек?

Според твојот коментар, очигледно е дека Богородица родила обичен човек, кој во одредено време примил Божествена природа и станал БогоЧовек! Лудо!
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2009 во 12:40
Немам сега време да ти реплицирам на сите работи, ама на ова апла не можев да одолеам голема%20насмевка

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Сакаш да кажеш дека Марија добила 100% од Божјата благодат, а останатите христијани добиваат 90%, 80%, 75%, 60%, 34% итн?


Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Па со оглед на тоа што Богородица го носела Господ во својата утроба, го родила, го доела, го растела, го воспитувала лично таа, а нели Господ е 100% благодат, мојот одговор е – ДА, Богородица добила многу поголем талант од било кој друг човек. Значи, Бог, полнотата на благодатта, благоволи да се воплоти од Богородица, да пребива во нејзината утроба.


„Јован сведочи за Него и вика: „Еве Го Оној, за Кого реков: Оној, Кој доаѓа после мене, пред мене е, зашто беше пред мене!” И, сите ние (а не само Марија!) примивме од Неговата полнота: благодат врз благодат.“
(Јован 1:15-16, Библијата)

Наспроти твоите православни толкувања, Библијата вели дека сите христијани примиле од полната благодат (благодат врз благодат).
Читате ли вие што вели Библијата. Допира ли воопшто до вас Светото Писмо?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5253545556 60>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.