|
Дали знаете зошто ......???? |
Внеси реплика | страница <1234 9> |
Автор | ||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
aj poarno e da ne znajs ti sve ke prepishes na tebe..... znam jas preku nok odma dobivash bolest ti..... ti rekov jas tebe chupe pod raka i na shetanje |
||||||||
vodolija_89
Група Регистриран: 29.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 78 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
hahhhi mozi arno velis oti sum sop plan sega ze edna druga bolest , oti ustava mi s e sysi nekos retko i odma neso si najduvam bolesti i odam na forum prasuvam heheh:)) poz :()
Изменето од vodolija_89 - 29.Октомври.2009 во 13:06 |
||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
e paaaaa ne znajs deka od pivo se susi usta?? |
||||||||
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
boli srce
|
||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
10 работи што можеби не сте ги знаеле за срцето1. Сексипил. Ако веќе не вежбате класично, направете малку „гимнастика под чаршафите“. Вашето срце ќе ви биде благодарно. Истражувањето спроведено врз 2.500 мажи на возраст помеѓу 49 и 54 години покажало дека доколку доживуваат оргазам барем три пати неделно, ја преполовуваат веројатноста за смрт од некоја срцева болест. Сексот слободно може да се смета и за вежбање: проценето е дека при една енергична сексуална средба согоруваат околу 200 калории, што е еднакво на 15 минутно брзо трчање. 2. Женско срце. Жените се во предност околу некои работи за срцето, но кога се работи за кардиоваскуларните болести - главни се мажите. Жените не доживуваат срцев удар како на филмовите: со остри болки во градите и губење на свеста. Наместо тоа, тие се жалат на умор, болка или притисок во срцето и дополнителни симптоми како мачнина и болки во грбот и вилицата. 3. Закрепнување на срцето.
Скршеното срце при невозвратена љубов толку боли, што посакувате да
имате „ново“ срце или барем прибор за поправање. 4. Од срце за срце. Наизглед глупавиот поглед со кој ве гледа кучето, или попатното триење на мачката од вашата нога ве тера да помислите дали е возможно тие да комуницираат со вас. Една неодамнешна студија ги става и коњите на списокот животни коишто можат да ги распознаат човечките емоции. Научниците откриле дека биењето на срцето на коњот се усогласува со биењето на срцето на човекот којшто го допира. Коњскиот детектор на емоции еден ден ќе може да ја замени апаратурата за стрес-тест. 5. Големи срца. Некои луѓе навистина имаат поголеми срца од другите. Но, зголеменото срце повеќе е знак на срцево заболување отколку на знак за вљубеност. Најчестиот тип на зголемување, наречен дилатирачка кардиомиопатија се појавува кога срцевите комори се истегнати и зголемени. Испакнатините го ослабнуваат пумпањето на срцето и се намалува дотокот на крв во органите. Ако не се лечи, зголеменото срце за кратко време откажува. 6. Смејте се, тоа е добро за вас. Смеењето од срце, она од кое ви се насолзуваат очите, прави многу повеќе од подобрување на расположението. Истражувањата покажале дека смеењето на глас ги отпушта мускулите на крвните садови со што се подобрува дотокот на крв во следните 45 минути. Кардиоваскуларните болести се последица на оштетувањето на токму овие мускули. Тоа и не е баш за смеење... или можеби е... 7. Пијте за своето срце. Една чаша црвено вино оди право кон срцето, но неодамнешните истражувања покажуваат дека истиот ефект го имаат и белите вина. Научниците го оправдуваа ефектот на црвеното вино со лушпата од грозјето, бидејќи таа е полна со одредени антиоксиданси. Бидејќи грозјето се лупи за да се добие бела варијанта од виното, многу научници претпоставуваа дека овие вина немаат позитивни ефекти на здравјето на срцето. Но лабораториските опити со глувци покажале дека внатрешноста на зрната е полна со други состојки погодни за срцето. Затоа, кога треба да изберете вино - следете го своето срце. 8. Моќна пумпа. За помалку од една минута, вашето срце пумпа крв до секоја клетка од вашето тело. И во текот на денот со околу 100.000 отчукувања лансира 9.000 литри крв богата со кислород, низ 96.650 километри крвни садови кои ги поврзуваат ткивата и органите во нашето тело. Тоа е доста добра работа за мускул со големина на тупаница. 9. Скршено срце. Скршеното срце може да предизвика губење на свеста. Истражувањата покажале дека раскинувањето со саканата личност или пак вест за смртта на сакана личност буквално може да доведе до скршени срца во облик на зголемен ризик од срцев удар. Овие трауми доведуваат до зголемено ниво на хормон на стрес кој привремено го „зашеметува“ срцето. Резултатот се симптомите на срцев удар: болки во градите и тешкотии со дишењето. Но ова заболување на срцето се лекува со блага терапија и одморање. 10. Знак на љубов. Со тежина од околу 280 грама, мускулот исполнет со крв наречен срце стана универзален знак на љубов. Старите Грци верувале дека срцето е седиштето на духот, Кинезите го сметаат за центар на среќата, а Египќаните мислеле дека од него потекнуваат емоциите и интелектот. Сепак, никој не е сигурен од каде точно потекнува поврзувањето на срцето со љубовта. Една од тезите е дека срцето го добило ова значење во античкиот грчки град Кирена во денешна Либија. Оваа колонија била позната по растението наречено Силфиум - чијашто мешунка била полна со зрна во облик на срце. Силфиумот имал лековити својства, а можно е да се користел како растително контрацептивно средство............ |
||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Зошто се потиме..........
Изменето од bijonse1 - 22.Ноември.2009 во 17:37 |
||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Поголем задник - здравје!Жените кои имаат тело во облик на крушка како Бијонси или Џенифер Лопез, помалку се изложени на ризик од заболување на некоја болест, тврдат научниците. Имено, големиот задник и колковите помагаат да се спречат болестите како дијабетес тип 2 и високиот крвен притисок, открија научниците од Харвардската медицинска школа. Тие зеле масти од колковите и задниците на жените со таков облик на телото и го вбризгале во глувци. Глувците полесно ја изгубиле тежината и подобро го користеле инсулинот, што подврди дека не се сите маснотии лоши. Од друга страна, жените кои имаат тело во облик на јаболко (масните наслаги им се околу нивната половина) се во поголема опасност од болести како дијабетис и срцеви заболувања. „Обликот на јаболко дефинитивно е поопасен“, вели Џеф Халеви, личен тренер од Менхетн. Причината за тоа е фактот дека салото се собира околу стомакот, каде се наоѓаат внатрешните органи како црниот дроб и панкреасот. Така, жените кои имаат вишок килограми на стомакот можат полесно да развијат дијабетис или да заболат од висок крвен притисок. Освен тоа може да патат и од депресија. Но, телото во облик на јаболко не значи нужно и лошо здравје. Жените како Кетрин Зета Џонс и Дру Баримор, кои се класичен облик на јаболко, но немаат вишок на килограми, се одлични примери за тоа. Жените пак, кои имаат повеќе килограми во нозете и задникот се изложени на болести како што е остеопороза, проширени вени, пореметување во исхраната, а може да патат и од ниска самодоверба. Но, никој не може да контролира каков облик ќе биде неговото тело. Се е запишано во ДНК. „Сепак сите можат да изгледаат убаво и да бидат здрави, ако вежбаат редовно и ако правилно се хранат“... Изменето од bijonse1 - 28.Ноември.2009 во 01:01 |
||||||||
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Дали знаете зошто пуштаме ветрови ?
Во гастроинтестиналниот тракт секогаш постојат гасови. Тие настануваат поради голтањето на воздух, бактериската активност од која настануваат гасови, дифузијата на гасови од крвта во гастроинтестиналниот тракт. Гасовите во желудникот потекнуваат главно од проголтаниот воздух. Зголеменото испуштање ветрови се среќава при употреба на некои продукти како грав, расол, кромид, лук, гулаш, специјално зачинети јадења и др. Од тавче гравче најмногу пуштаме ветрови Изменето од Lithium - 30.Ноември.2009 во 22:04 |
||||||||
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
||||||||
konan
Сениор Регистриран: 27.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 749 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
bidi polezen za okolinata vkluci se vo proektot na obnovlva energija
ugradisi veternjacha
|
||||||||
Nekogas gospod ja smiruva burata,a nekogas te smiruva tebe za da ja prziveis istata
|
||||||||
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
А дали знаете зошто икаме?
Икањето настанува поради ненадејна, силна и конвулзивна контракција на дијафрагмата која предизвикува ненадејно вдишување на воздух со вибрации на гласните жици при што настанува карактеристичен звук. Значи, тоа е краткотраен ненадеен инспираторен звук поради брза и клонична контракција на дијафрагмата при што настанува ненадејно вдишување кое се прекинува со спастично затворање на гласните жици. ете така да знаете зошто икаме, а не дека некој го спомнал вашето име |
||||||||
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Лек против грицкање нокти
Наскоро светот ќе го добие првиот клинички центар за одвикнување од грицкање на нокти, кој ќе биде сместен во холандскиот град Венло и во кој пациентите ќе добиваат стручна помош за конечно да се ослободат од оваа ужасна навика. Директорот на клиниката, Алан-Рејмонд фан Абе тврди дека тој и неговиот тим успеале да осмислат третман кој во рок од 4 недели го прави грицкањето нокти невозможно. Како доказ за тврдењето, се повикува на нивниот претходно спроведен експеримент, кој се покажал речиси 100 процентно успешен. ”Ова е првата институција во светот која ќе се справува со овој навистина сериозен проблем. Очекуваме клиенти од целиот свет”, вели Фан Абе, најавувајќи го отворањето на клиниката за месец октомври годинава. Неговиот третман вклучува поставување специјално изработена протеза за заби, која е едвај видлива и адаптивна за двете вилици. Носењето на протезата целосно го оневозможува грицкањето на нокти а со оглед на тоа што не е фиксна, може да се вади пред јадење. Освен тоа, на пациентите ќе им биде понудена и психолошка терапија, која дополнително ќе им го олесни одвикнувањето.Статистиките откриваат дека 45% од адолесцентите, 33% од младите луѓе и 15% од возрасните во светот, се робови на оваа навика..... КАКО ДА ПРЕКИНАМ ДА ГИ ГРИЦКАМ НОКТИТЕ??? За да имате нокти какви што отсекогаш сте посакувале, претходно мора да се ослободите од лошата навика да ги грицкате. Грицкањето на ноктите не е лошо само од естетски аспект, многу повеќе е штетно за вашето здравје. Ноктите се најголемиот извор на бактерии. Размислете, со рацете работите буквално сé. Тие се најнечистиот дел од целото тело. Истражувачите потврдиле дека под ноктите живеат многу поголем број
бактерии отколку во тоалетната школка. По ова, останува на вас дали и
понатаму ќе продолжите да ги грицкате ноктите......... еве неколку брзи чекори за одвикнување од грицкањето нокти: Лак против грицкање. Сигурно сте слушнале за ова феноменално откритие кое докажано помага во победување на лошата навика. Можете да го најдете во која било поголема аптека или парфимерија. Се нанесува исто како лак и трае долго време. Има одвратен горчлив вкус кој ќе ве предомислува секогаш кога ќе сакате ноктите да ги ставите в уста. Маникир. Создадете навика ноктите секогаш да ви бидат средени и задолжително лакирани. Многу девојки велат дека кога имаат лак на ноктите се предомислуваат да ги грицкаат. Сигурно дека нема да сакате да го уништите францускиот маникир, особено ако дебело сте го платиле. Вештачки нокти. Вештачките нокти се вистинска бариера што ги штити природните нокти од вашите заби. Обидете се да ги ставите и видете го ефектот. Сигурно дека нема да сакате да ги грицкате вештачките нокти бидејќи задоволството не е исто. На овој начин им давате можност на природните нокти да пораснат под вештачките. Можеби ќе ви се допаднат и нема да посакате да ги уништите. Работа на психата. Во ситуациите кога имате трема или сте премногу возбудени, ноктите се најдобриот начин за ослободување на непријатното чувство. Ако кај некој тоа се цигарите, кај друг благото, кај вас се ноктите. Тоа навистина не е лесно да се победи, но обидете се да најдете замена и да се воздржите. Ова е најтешко да се постигне, но дефинитивно е трајно решение............ |
||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
ТАНГАТА МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕД Жените беа пресреќни кога на пазарот се појавија тангите. Конечно можевме да им кажеме збогум на видливите линии од обичните гаќи. Навистина е пријатно чувството, а богами и самодовербата расте, кога ќе облечете тесен фустан и знаете дека немате проблем со набори на задникот. Но, дали тангите се уште една модна жртва со која се соочуваат жените секојдневно? И гинеколозите кај нас не ги препорачуваат, а некои земји во светот размислуваат и за нивно забранување. ШТО МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ТАНГАТА? Повреди...тесните танги од лош материјал се премногу груби за нежната кожа на вагината. Честа е појавата на повреди, црвенило, па дури и модринки од носењето премала танга. Инфекции...повредите го зголемуваат ризикот од габични инфекции. Кандидата многу често се поврзува со честото носење танга. Ширење на инфекцијата...и сами знаете дека кожата не може да дише кога сте облечени во претесни фармерки. Истиот ефект се добива и од тангата. Кожата е притисната, се качува температурата и се создаваат идеални услови за ширење на инфекциите. Можеби од тие причини не можете да се спасите од кандидата. ДАЛИ ОВА ЗНАЧИ ОТКАЖУВАЊЕ ОД ТАНГИТЕ? Откажување, не би бил соодветен збор. Повеќе мислиме на ограничување во носењето. Сигурно дека нема ништо да ви се случи ако една вечер излезете носејќи танга. Денес има голем избор на секси-гаќички поради кои тангите ќе излезат од мода. Правилата за носење танга се едноставни: 1. Тангата не смее да биде замена за долната облека, носете ја само во нужни ситуации. 2. Никако не легнувајте со танга. 3. Доколку имате каква било генитална инфекција, избегнувајте ја тангата сè додека не се излекувате. 4. Купувајте танги со квалитетен материјал, никако претесни и задолжително пеглајте ги по перењето................ Изменето од bijonse1 - 12.Декември.2009 во 18:45 |
||||||||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
bijonse1
e mnogu ti znae gazenceto. Za se imash odgovor i prichina da nasochish na tema.
Bravo bre devojche. Shto majka kje beshe shto te rodi tolku lichna i simpatichna i umna. Ama kapata kako amajlija li ti e ili imdzj? Bidi zdravo i zjivo devojche. Ti si chedo bozje i kako takvo ni trebash. Изменето од orlov - 12.Декември.2009 во 23:39 |
||||||||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||||||||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Vo posledno vreme nemam pritisokot nikako nitu da mi se digne nitu da mi padne, normalno si e vo nekoja cvrsta da ne recham kruta granica. A si sakam se, si jadam se i se shto mi saka dushata i davam, a i srceto stom neshto kje posaka mu udovoluvam.
Ve molam cna shto se dolzji toa? |
||||||||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||||||||
Внеси реплика | страница <1234 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |