|
Јустин или Тертулијан? |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | ||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 05.Ноември.2009 во 03:26 |
|
Маченикот Јустин (105-166) бил грк и љубител на Платоновата филозофија. Откако се обратил станал мисионер во Рим. Во неговата прва апологија 5-тото поглавје тој го вели следново:
"Сократ (учителот на Платон), по правото Слово (Логос), се обидел да ги одврати луѓето од злите духови кон самиот Бог, ама злите духови го осудиле на смрт како да е безбожник или хулник. А сега истото го прават и со нас христијаните. Бидејќи ако Словото (Логосот) било присутно меѓу грците во Сократ, тоа е отелотворено и станало човек меѓу евреите по името Исус Христос"
(Јусин, 1 Апологија 5) Од друга страна пак, Тертулијан (162-220) од Картагина ќе го каже следново (една од неговите најпознати и најцитирани изјави):
"Ересите се предизвикани од филозофите....
Што имаат заедничко Атина и Ерусалим?...
Да ги оставиме напорите да се направи христијанството шаренило од стоицистичка, платонистичка и дијалектичка содржина!"
(Тертулијан, На барање на еретиците 7) Се прашувам, доколку овие двајца би можеле да пишуваат денес на форумов, каква ли би им била дискусијата?
На чија страна сте вие? Што мислите вие, дали Логосот (Христос) бил присутен и во Платоновиот ученик Сократ како што вели источно ориентираниот Јустин или пак се сложувате со западно ориентираниот Тертулијан кој ја презира грчката филозофија и е против секаков компромис со неа?
Јустин или Тертулијан?
Изменето од EvAngelos - 10.Ноември.2009 во 00:37 |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И ДВАЈЦАТА БИДЕЈЌИ ЗА СВОЕТО (поточно за тоа) ВРЕМЕ И ДВАЈЦАТА СЕ ПРАВИ...
п.с. а да те прашам нешто лично ЕвАнгелосе - ШТО ИМААТ ОВИЕ ДВАЈЦА ОПШТО СО СВЕШТЕНОТО ПИСАНИЕ - БИБЛИЈАТА??????!!! Изменето од Tetratka - 05.Ноември.2009 во 04:31 |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А јас се прашувам дали оваа тема е поставена како одговор на моето барање ЕвАнгелос да принесе некаков доказ дека Светите Отци си контрираат еден на друг или?
|
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Лелеее, само што ја читав оваа апологија... ЕвАнгелосе, подобро повлечи си ги коментарите, затоа што не само што се брукаш и смешен излегуваш, туку и докажуваш дека поим немаш од историја. Човече, па св. Јустин во оваа апологија зборува за тоа дека идолопоклониците ги обвинуваат Христијаните за неверство кон Бога и нагласува дека идолите се ДЕМОНИ, А ТИ ДО НЕКНИ ТАКА СИГУРНО ТВРДЕШЕ ДЕКА ИДЛИТЕ НЕ БИЛЕ ДЕМОНИ!!! Изменето од Maran Ata - 05.Ноември.2009 во 05:21 |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тертулијан! п.с. Немам време сега, но подоцна (доколку има интернет на местото каде што одам) ќе наведам и зошто сум за Тертулијан по ова прашање. |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne znam sega za koj da glasam...
Mozhebi poposle na eci peci pec. |
||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Колку што се сеќавам протестантите ги обвинуваат православните дека не ја читаат библијата и сега ги разберам кога може ќе се изненадат дека православните сепак не само библијат туку изгледа и ги читаат и списите од светите оци,во случајов свети Јустин маченик. (тертулијан не е светител бидејќи при крајот на животот се придружил на монтанистите и со тоа си го извалкал угледот и затоа треба да се чита овој автор внимателно) Апологијат ја имам на англиски(на хартија),и тоа од бобајги одаман,така да би се придружил на маран ата во препораката да си ги повлечеш коментарите,зашто се бламираш. Не праиш муабет тука ко на улица ..еј сум читал у една книга тоа и тоа,а соговорниците појма немаат и нели ќе ти веруват на зборот.. А ти тука ќе цитираш свети оци од Црквата за да ја критикуваш Црквата?!!а ние види богати,сепак сме ги читале тие дела.Затоа ти викам не се бламирај те молам...
Сигурно мислиш за ОВА Изменето од ahmar1 - 05.Ноември.2009 во 12:04 |
||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
EvAngelos: Просто е: ПАВЛОВИ ИЛИ ПЕТРОВИ????
твојата тема е таква... |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ova mu doagja kako glasanje za nekakvi izbori.
Ili pak kako duhovnosta i Gospod da se ekskluzivnost samo za nekoi ili nekogo... Interesno e kako na toa gledal Pavle koga doshol vo Atina i koga se sretnal so tamoshnite filozofi. Vo prviot mig na soochuvanjeto so kipovite na atinskite bogovi Pavle bil voznemiren soochuvajki se so tipichnen paganizam, no otkako bil sretnat od atinskite filozofi koi se ponudule da mu gi podarat svoite ushi, da nauchat koe e Pavlovoto propovedanje, ovoj razbral deka rabotite ne se taka crno-beli kako sto mislel... Lugje, atinjani, po s'e gledam deka ste pobozhni. Zashto koga minuvav i gi razgleduvav svetilishtata vashi, najdov i zhrtvenik na koj beshe napishano "Na nepoznatiot Bog". Za Nego pak, Kogo vie ne go znaete, a kogo go pochituvate, za Nego jas vi propovedam. Dela, Luka 17: 22-23 Pavle razbral deka Gospod e SEKOGASH so lugejto i deka toj raboti so niv i na niv, iako tie mozhebi ne se sekogash svesni za toa. Gospod Bog bil i rabotel so atinjanite iako tie s'e ushte pochituvale povekje bogovi i Pavle razbral deka negovoto doagjanje megju niv e samo ZAVRSHNICATA na Boshjiot plan, no NE I NEGOV POCHETOK! Gospod SEKOGASH e so svoite cheda zatoa sto ednostavno nemozhe da bide poinaku: Oti nie preku Nego zhiveeme, i se dvizhime , i postoime, kako shto rekle i nekoi od vash*te stihotvorci: "Negov sme rod". Dela, Luka 17: 28 Nerazbiranjeto i neosoznavanjeto na ovie zborovi, kako fundamentalna osnova na bituvanjeto, vodi samo kon neosoznavanje na Boga i Negovata Kreacija i ragjanje na religijski shovinizam chii shto posledici se edinstveno zabluda, frustracii i histerija. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
vaskapraska
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 127 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И јас тука се согласувам со Тертулијан од причина што ова негово учење е во согласност со Библијата, додека пак Јустин проповеда нешто сосема радикално спротивно од Библијата. |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како што ветив, сега имам време и сега ќе одговорам зошто сметам дека Тертулијан е во право по ова прашање (а зошто Јустин не е), се разбира за почеток цитирајќи само од Библијата:
"Пазете да не ве зароби некој со философија и со суетна измама по човечко предание, според стихиите на светот, а не според Христа." (Колошаните 2:8, Библијата)
"Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверниците! Зашто, што има правдата заедничко со беззаконието? Или какво заедништво има светлината со темнината? Во што се сложува Христос со Велијал? Или каков дел има верникот со неверникот?" (2 Коринтјаните 6:14-15) Овој стих е во сосема истата насока како што вели и Тертулијан "Што има заедничко Атина и Ерусалим?", додека во сосема спротивна насока од обидите на Јустин да ја направи грчата филозофија Божјо откровение, а Сократ Божји пророк
Но и покрај тоа што Библијата е на страната на Тертулијан, сепак православните велат дека тој не бил светец, а дека Јустин (иако проповеда контра-библиско учење) е светец.
Зошто?
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Apostol Pavle bil mnogu sposoben propovednik. Toj navistina bil ozalosten od paganizmot i od idolite koi gi videl, no namesto da pocne da gi omalovazuva nivnite bogovi i oltari, postavil zaednicki temel koga videl deka imaat postaveno "oltar na Nepoznatiot Bog". Apostol Pavle go iskoristil toa kako osnova da im propoveda za toj , na niv Atinjanite, "nepoznat Bog". |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
KINGDAVID, на чија страна си ти по однос на ова прашање: На страната на апостол Павле и Тертулијан, или пак на страната на Јустин?
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Jas glasam za ISUS, brate Evangelos. |
||
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |