|
На столбот на срамот! |
Внеси реплика | страница <1 1011121314 49> |
Автор | |
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
разбирам шефе
|
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МАНУ ЌЕ ЈА ПРОМОВИРА МАКЕДОНСКАТА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска во Македонската опера и балет ќе ја промовира Македонската енциклопедија. На промоцијата ќе присуствува премиерот Никола Груевски. Промоцијата ќе ја отвори претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов.Академиците Владо Камбовски и Гане Тодоровски ќе ја промовираат енциклопецијата, а обраќање ќе има и главниот редактор, академик Блаже Ристовски. Издавач на публикацијата е МАНУ. Sitel Ova e za sramenje posle 18 godini samostalnost se izdava enciklopedija, a sme edna od retkite drzavi koja ja nema... Moze bi ova e pricinata koja site ja spomnuvate , pricinata poradi koja seuste nemozeme da se stabilizirame kako drzava... I dodeka ostanatite drzavi posle odcepuvanjeto vednas stapija kon zacvrstuvanje i jaknenje na nacionalnata svest, nie placevme po nekoj pominati vreminja i navivavme za nekoj drzavi koi nepostoea... A bez silna nacionalna svest i bez patriotizam ne se gradi drzava ... Za zal posle tolku vrteme dojde garnitura koja ja odrabotuva ona rabota koja veke trebase da bide minato , za zal nekoj predhodnici nemaa nitu doblest a nitu custva za vakov cekor... |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Анџи јас не правам разлика кој од која партија бил, сите ми се исти, ги разликувам само по ставовите или она што го прават за државата и народот. Кој и да излезе со такви самонегирачки ставови, со очи свртени секогаш кон туѓото а за домашното само најлошо - за мене има само едно име (ај да не го кажам)!... Изменето од Анастеа - 16.Септември.2009 во 15:19 |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Анѓелина кога се гради градежништво или се копа во археологија, се градат патишта, мостови, има работа и фирмите и работниците за тоа добиваат пари. Контра она кое сега советуваат странските и пространски експерти, што е спротивно на вистината, во периодите на криза се инвестира во непроизводните инфраструктурни проекти за излез од кризата. Тоа е главната основа на Рузвелтовиот план со кој излегле од Големата економска криза 1929-1933. Ако се вложува во производство, непродаденото производство уште повеќе ја внесува земјата во криза. Кога има криза, нема побарувачка, затоа вложувањето во зголемување на производството ја влошува ситуацијата. Тогаш државата прави прелевање, капацитите да работат на непродуктивни инфраструктурни сектори. Во криза СЕ ПОТТИКНУВА трошењето, за да се ослободат и граѓаните и инвеститорите, бидејќи во психологија на криза, кога секој капиталот го чува дома запира економијата. Иако тоа експертите го знаат си ќутат и зборуваат нешто друго. Контра тоа економско искуство, странците ни препорачуваат стегнувајте го каишот, а истовремено кај нив ги симнаа цените подолу од нашите само да се троши. И тука нешто не е чисто. Би сакал да мислам дека Владата знае, ама не им противречи, сепак сеуште не можам да дадам сигурна оценка дека ова е свесно правено. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
секогаш кога напишам нешто кое е против вмро нагласувам-да не бидам погрешно разбрана секогаш кога напишам нешто против сдсм-велам да не бидам погрешно разбрана не го пофалив бране за изјавата,не го покудив грујчо за копањето реков -ок треба да се работи на историјата,но треба да се води сметка за народот до сега ниту една власт не била по мој мерак... Изменето од Анастеа - 16.Септември.2009 во 18:11 |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Култузин, одлични неколку постови. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија повторно ќе биде свртена кон Брисел, А НЕ кон Пела и Паљурци.
Првиот дел од реченицата „Македонија повторно ќе биде свртена кон Брисел,“ со исклучок на повторно, ај и да помине, ама „А НЕ кон Пела и Паљурци“ е навредливо и човек со македонско чувство тоа не го изговара. Зошто не кон Пела и Паљурци, туку само кон Брисел? Како што пиша Култузин тие да се и најмизерните места, тие се наши и ќе ги почитуваме за да ги издигнеме да не останат мизерни. Сис.. не знам што зборувате, ама ти си во право. Изменето од sard - 16.Септември.2009 во 15:52 |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
ultra
Сениор Регистриран: 17.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 2616 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Црвенковски и неговите истомисленици имаат македонско чувство ама македонско од 1945 година па навака, затоа никогаш не се занимавале со минато пред 1945та (што ќе се замараат, се е објаснето во историските читанки од социјалистичко време), можда и археологијата би ја укинале кога би можеле. Они гледаат напред... република Македонија со било каква наставка, тоа значи автоматски влез во НАТО и ЕУ, па тогаш ќе навалат странските инвеститори да вложуваат кај нас... со еден збор економски БУМ ќе направат... Практиката кажува дека есапот дома и есапот на пазар не е ист ама луѓе се лажат... за жал... Искрено се прашував од кај многумина мислат ако влеземе во ЕУ дека автоматски економски пресврт ќе доживееме |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не само тоа, јас исто не разбирам од каде се убедени дека со влез во ЕУ и НАТО ќе прекинат уценувањата. Тогаш уцените и притисоците ќе бидат уште поголеми. Ако сега се врши надворешен притисок за да прифатиме работи кои не ни се допаѓаат тогаш како дел од ЕУ ќе бидеме правно обврзани да ги исполнуваме одлуките кои секако нема да бидат избор на малите, туку на големите. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ma kakov stolb?!. ..treba da se oraganizira,..na ploshtadot...ili ushte podobro ..na kaleto...neshto vakvo:
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ќе се спасува живописот во Перивлепта
Со грантот кој е во висина од 650 000 американски долари од следната година ќе се реализира проектот со кој ќе се спасува живописот од 13 век во црквата која е една од најрепрезентативните сакрални објекти во Република Македонија Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска и амбасадорот на САД во Република Македонија, Филип Рикер, вчера во Охрид потпишаа договор за доделување грант од страна на Амбасадата на САД во Македонија за реставрација и ревитализација на манастирскиот комплекс Св. Богородица Перивлепта. Со грантот кој е во висина од 650 000 американски долари од следната година ќе се реализира проектот со кој ќе се спасува живописот од 13 век во црквата која е една од најрепрезентативните сакрални објекти во Република Македонија. Исто така предвидено е да се интервенира и врз статиката на конакот, која е нарушена, а ќе се санираат и оштетувањата на камбанаријата. Целиот проект според најавите треба да се реализира во период од три години. -Живописот, вредноста од 13 век, е едно сликарство кое подолго време беше оставено во една ситуација која почна да влијае на губење на таа вредност. Сега ќе бидат вклучени експерти не само од Македонија ќе добиеме помош и од УНЕСКО во поглед на нивниот избор. Со тоа ќе се отстранат болестите во архитектурата кои се присутни кај нас, вели директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Според него ова е празничен ден за македонската конзервација и реставрација. "Ова е наш конзерваторско-реставратоски Велигден за живописот во црквата Св. Богородица Перивлепта како и за архитектонските вредности и на црквата и на камбанаријата и на северниот конак", рече Кузман. За претседателот на Македонија овој грант го потврдува традиционалното пријателство помеѓу САД и Македонија. -Америка не само што ни е голем пријател туку е и поддржувач на наследството кое ни го оставиле нашите предци и кое треба да го чуваме за идните генерации. Ова наследство не е само од локални рамки туку е цивилизациско наследство кое укажува како живееле луѓето на овој простор. Амбасадорот Рикер секогаш наоѓа време да се посвети на овие проекти од кои имаме потреба, но немаме доволно средства, рече претседателот Иванов. Охрид е центар на научната мисла повеќе илјади години, а црквата Перивлепта со векови опстојувала во такво опкружување, рече амбасадорот Рикер во својот говор. -Реставрацијата на црквата и нејзините фрески ќе потсети на славата на фрескосликарите Михаил и Ефтихиј и на правослвното културно изразување. Реставрацијата исто така ќе придонесе Охрид да прерасне во светска културна атракција, додаде Рикер. Министерката Канческа Милеска потпишувањето на грантот го оцени како голем чекор во зачувувањето на културното наследство на Македонија. Реализацијата на овој проект според министерката ќе биде уште еден доказ за заедничките напори во грижата за наследството оставено од нашите предци за идните поколенија. -Владата на Република Македонија и Министерството за култура како никогаш досега инвестираат во областа на културата и заштитата на културното наследство. САД се наш голем стратешки политички економски и културен подржувач и нашите заеднички напори ќе продолжат и во иднина, рече министерката за култура. Сузана Вренцовска - Вечер Навистина за срамота за нас православните верници во Македонија што за нашето богатство ние самите не даваме средства и труд туку потребно е некој од странство да ни даде пари за да го зачуваме. За срамота е како штом дава пари колку сме благодарни, колку хвалоспеви даваме тогаш кога некој ни дава за она кое ние самите сме должни да го изградиме и одржуваме. "Ова е наш конзерваторско-реставратоски Велигден за живописот во црквата Св. Богородица Перивлепта како и за архитектонските вредности и на црквата и на камбанаријата и на северниот конак", рече Кузман. (цц...ццц... каква сервилност и умилкување кога некој дава пари, без чувство на достоинство) Во најстариот монашки типик (Св. Антониј Велики) стои правилото дека монахот не смее да зема поклони. И храната која ја јаде треба да ја заработи со свој труд. Тоа е така тогаш и сега затоа што секој поклон создава обврзаност. Денес ни даваат поклони за храмовите како објекти, утре ќе ни ја рушат правата Црква во нас како Вера во Господ Исус Христос и притоа ќе молчиме затоа што преку поклоните ни го купиле молчењето. Не само за храмот Св. Богородица Перивлепта, туку и за Бигорски. Не треба да се бара помош од страна, ниту пак од Владата, а најмалку од масони како Трифун Костовски. Ако и остане храмот онака неизграден, нека биде за срам за самите Православни Македонци. Нека се гледаат себе си и да се срамат за својата лажна вера кога само кукаат, а не се спремни на никаква доброволна жртва во името на Верата. Самите треба да ги градиме нашите свети храмови и свети вредности, а не некој друг да ни ги гради. Кога ќе погледнеме во нив да го видиме својот труд и жртва, за да знаеме дека се наши. А не странски или масонски пари, тогаш тие полека се помалку ќе бидат наши. Епа затоа, штом не сакате да дадете, само ќе ви се одзема. Нека се угледаат Македонците на православните Руси, на нивната храброст и нивното единство. Какви храмови имаат изградено, и секој поддава по нешто. Соборната Црква во Москва Исус Христос Спасител самите верници ја обновија за само една година. Затоа и имаат моќна држава, а ние Македончињата само кукаме дека некој ни прави неправди. Никој не ни прави сопки туку самите ние по карактер сме такви и го заслужуваме ова што ни се случува. Како да не ни прават неправди кога сме пимплачи научени само да кукаат кои очекуваат други да им ја завршат нивната работа, наместо машки да се ризикува и да се бори за своите вредности. |
|
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
|
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jas mislam deka veke sme 21 vek a ne 6 vek. Taka da vakvite primeri voopshto ne pridonesuvaat vo NAPREDOKOT na zemjata tuku vo UNAZADUVANJETO. Sekoj shto promovira vakov teror i agresija pa makar bilo pod izgovor "na shala" ili od neznaenje kako da go reshi problemot, NE SME da se tolerira i potkrepuva. Изменето од Popi - 31.Октомври.2009 во 04:27 |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
someone wrote:
"Sekoj shto promovira vakov teror i agresija pa makar bilo pod izgovor "na shala" ili od neznaenje kako da go reshi problemot, NE SME da se tolerira i potkrepuva. " .......poradi vakvi,...."nezni dushi"....i nikoj nishto ne im moze na ... tie shto zasluzile i polosho od toa ,..da visat ...zalosno ! |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Neznite dushi" baraat reshnija, postavuvaat regulacii i zakoni KOI SE SPROVEDUVAAT a ne vnesuvaat teror i ja unazaduvaat civilizacijata. Koga zakonite bi se sproveduvale (zboruvam za segashnava situacija vo MK) ne bi imalo potreba od nikakvi dopolnitelni "predlozi".
|
|
Внеси реплика | страница <1 1011121314 49> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |