|
Светот денес |
Внеси реплика | страница <1 89101112 46> |
Автор | |
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рускиот претседател Дмитриј Медведев во Белград ........
Подарени една милијарда евра за помош на Србија ........
Изразена и дадена целосна поддршка за влез во ЕУ ........
Потпишани низа договори за ИЗВОЗ во Русија ...........
Русија најавува ВРАЌАЊЕ на балканот како своја стратешка цел ......
|
|
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vo Hrvatska za vreme na internacionalna NATO prezentacija od strana na Hrvatskata armija se sluchil "incident", kade shto simbolot na NATO se pretvoril vo svastika i kako takov kruzhel za vremetraenjeto na konferencijata, ostavajki go generalot zacrvenet od sram.
E sega kolku e seto toa sluchajnost....
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
исто како кога ја “ ослободуваа “ косово ........ едните плаќаа други војуваа ......... Изменето од МАРШАЛ - 22.Октомври.2009 во 17:52 |
|
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
.................
Изменето од Popi - 14.Ноември.2009 во 05:56 |
|
mimicria
Сениор magnet za defekti Регистриран: 27.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3444 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
A DA GI PRASAS KANAGANITE STO MAJKA KE BARAAT VO LIBIJA A???
|
|
al_islamia
Сениор Регистриран: 09.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Израел ги држи Палестинците жедни
Забранет пристап дури и до минимално количество чиста, безбедна вода Израел им забранува на Палестинците пристап дури и до минимално количество чиста, безбедна вода, соопшти Амнести интернешенел. Во извештајот на групата за човекови права се наведува дека рестрикциите на вода што се прават од страна на Израел ги дискриминираат Палестинците во окупираниот Западен брег. Уште се наведува дека во Газа, израелската блокада го доведе веќе проблематичниот водоводен и канализационен систем до „кризна точка“. Израел соопшти дека извештајот е невистинит и дека Палестинците добиваат повеќе вода отколку што е договорено според мировниот договор од 1990 година. Во извештајот на 112 страници, Амнести наведува дека просечното дневно количество вода за Палестинците изнесува 70 литри, во споредба со 300 литри за Израелците. Уште се додава дека некои Палестинци едвам добиваат и 20 литри вода дневно, минимум количество препорачано дури и во хуманитарни вонредни ситуации. Додека израелските доселеници во Западниот брег уживаат во раскошни градини и базени, Амнести посочува серија израелски мерки за кои наведува дека се дискриминирачки кон Палестинците: Израел „во целост го присвои палестинскиот дел од реката Јордан“ и користи 80 отсто од клучниот водопропустлив слој; на Палестинците од Западниот брег не им е дозволено да копаат бунари без притоа да обезбедат дозвола од Израел, до кои „честопати е невозможно“ да се дојде; цистерните во кои се собира дождовницата „најчесто се уништени од израелската армија“; израелските војници ги конфискуваат резервоарите со вода од селаните, кои се обидуваат да останат на територијата што Израел ја прогласи за „затворена воена зона“; анонимен израелски војник открива дека резервоарите со вода на покривите на палестински куќи се „добра цел за гаѓање“; поголемиот дел од земјата отсечена со ѕидот кренат низ Западниот брег е земја со добар пристап до главниот водопропустлив слој; операциите на израелската армија ја оштетија водоводната инфраструктура на Палестинците, вклучувајќи го и шест милиони долари вредниот систем за време на операцијата што се водеше минатата зима во Газа; израелско-египетската блокада на Газа го „влоши она што веќе беше ужасна ситуација“ со забрана за голем број градежни материјали, кои се потребни за проектите од областа на водоводот и канализацијата. Во извештајот, исто така, се наведува дека палестинските власти одговорни за водата се критикуваат поради лошиот менаџмент, цитирајќи еден ревизорски извештај каде што се опишува дека секторот е во „тотален хаос“. „Водата е основна потреба и право, но за многу Палестинци обезбедувањето дури и на количества вода со слаб квалитет и за опстанок стана луксуз кој едвам може да се дозволи“, изјави Донатела Ровера, од Амнести. „Израел мора да стави крај на својата дискриминаторска политика, веднаш да ги укине сите рестрикции што се воведени за пристапот на Палестинците до водата“. (Би-Би-Си) |
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
иако е секојдневие онаму од каде доаѓа оваа вест , и не само таму , вредно е да се спомене ......... како тргнале , ќе ги стават и по обложувалници
Бомба разнесе 90 лица во Пешавар
Изменето од МАРШАЛ - 29.Октомври.2009 во 19:05 |
|
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bosanskite Hrvati decidno baraat federalizacijata da bide vo polna sila zastapena sekade a ne samo na parche hartija.
E pa koga ne znaea i Srbite isto taka nivnata federalizacija kako Kosovo i Metohija da si ja zachuvaat, Hrvative sega naucheni od nivniot primer "duvaat na jogurt".
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
не се радувај на туѓата мака туку гледај како да се справиш со својата
|
|
al_islamia
Сениор Регистриран: 09.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Почина претeпано дете, мајката осомничена
Катерина Гетева Коментари (13) 03.11.2009 11:37 Претепано до смрт, раскрварено и со модрици по целото тело, во трошна куќа во населбата Драчево, некој синоќа го истурил својот гнев врз беспомошно седумгодишно момче. Најверојатно со тврд предмет детето било претепано, и покрај обидот на лекарите да го вратат во живот, момченцето починало. Уште синоќа како главен осомничен за убиството на детето е приведена неговата мајка Сузана Ѓановиќ, со неа во полициска станица е и нејзиниот љубовник. „Се уште се разговара со него, исто така и со мајката за точно да се утврдат причините за смртта, односно дали таа настапила како последица на трауматски шок кој настанал од нанесени повеќе тешки телесни повреди, или пак, постојат и други причини. Доколку се утврди дека причините за смртта се насилни, против лицето кое ги нанело на 7-годишното момченце, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, рече Иво Котевски, портпарол на МВР. Трите деца се згрижени во Центарот за социјални грижи, од таму велат дека ќе бидат сместени во Дом за семејства. 29-годишната Ѓановиќ е босанска државјанка, живеела во вонбрачна заедница со своите 4 деца, заработувала како пејачка, но сомнежот на полицијата дека можеби таа ја убила сопствената рожба го дополнува и нејзиното криминално досие. Уште во 2004 Сузана Ѓановиќ има две кривични пријави за запуштање и малтретирање на малолетни лица, во полицијата имаат документирано и две кривични пријави за кражби, а според наши извори, има изречено и повеќе затворски казни. Во 2005 година за Сузана Ѓановиќ имало изречено и мерка протерување на странец за пет години, но судот ја обновил постапката |
|
kapo
Сениор Регистриран: 31.Октомври.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 126 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
denesnovo vreme poleka no sigurno ni gi otkriva site degenerici koi ziveat niz svetov. Ne mi teknuva na tolku mnogu Fritzeli ili pedofili da imalo kolku sto ima sega.Moze i ne e losa rabota inkite(ili maite) da se u pravi i stvarno da ja snema topkava kal vo 2012
|
|
al_islamia
Сениор Регистриран: 09.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бил Клинтон: Муслиманска БиХ ја плашела ЕУ
Коментари (11) 03.11.2009 09:46 Босна и Херцеговина остана без меѓународна воена помош во текот на војната поради европскиот страв да стане единствената муслиманска држава на нејзино тло, пишува Тејлор Бренч во книгата "The Clinton tapes" која е пишувана врз основа на приватни разговори со поранешниот американски претседател, објави Федералната телевизија. Клинтон сметал дека неговата немоќ да го укине ембаргото, е еден од најголемите негови неуспеси, наведува Бренч. Имено, Клинтон сакал да го укине ембаргото за оружје за БиХ за време на првиот мандат, и неговата администрација сметала дека ембаргото е неправедно спрема БиХ која била најслаба држава во регионот, а најголема жртва на војната во поранешна Југославија, а муслиманските жители биле изолирани, пишува во првото поглавје од книгата. Европските сојузници не го укинувале ембаргото правдајќи со хуманитарни причини, додека клучните европски сојузници му приговарале оти независна БиХ би била неприродна како една муслиманска држава во Европа. Според пишувањето на Бренч, Клинтон рекол дека сојузниците во Европа поддржувале ембарго бидејќи со тоа БиХ се задржувала во неповолна ситуација. Клинтон рекол дека Митеран бил особено безобѕирен кога рекол оти на муслиманска држава не и е местото во Европа. Истовремено, британските официјални луѓе зборувале за болна, но вистинска христијанска Европа. Наспроти француските и британски ставови, германскиот канцелар Хелмут Кол поддржувал укинување ембарго, но тоа не успеало бидејќи Германија немала место во Советот за безбедност на ОН. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
al_islamia
Сениор Регистриран: 09.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Италија осуди 23 агенти на ЦИА
Суд во Милано вчера на затворски казни ги осуди во отсуство 23 Американци обвинети за киднапирање на египетскиот свештеник Абу Омар во Милано. Тие, згора на тоа ќе треба да му платат надомест од милион евра на киднапираниот имам и уште 500 илјади евра на неговата сопруга. Тие се осудени поради киднапирање на Осама Мустафа Хасан Наср, познат како Абу Омар, осомничен за тероризам, за време на акцијата на ЦИА во 2003 година. Американците беа обвинети дека на 17 февруари 2003 година го киднапирале Абу Омар во Милано и со минибус го транспортирале до военовоздухопловната база Авиано, од каде што со авион е одведен во базата Рамштајн во јужна Германија. Оттаму тој бил испратен во Египет, каде што, според неговите зборови, бил подложен на тортура. Наср потоа е ослободен, но немал право да го напушти Египет. Дваесет и двајца од Американците се осудени на пет години затвор, додека еден од нив, директорот на централата на ЦИА во Милано, Роберт Селд Лејди, доби осум години затвор. - Не сум виновен. Одговорен сум единствено за тоа што ги извршував наредбите на оние што се повисоко рангирани од мене, изјави Лејди. За случајот беа обвинети 26 Американци, но тројца од нив имаа дипломатски имунитет и тие не можеа да бидат предмет на судска истрага, изјави судијата Оскар Маги. Сите обвинети, освен еден од нив, се агенти на ЦИА. Со пресудата, сите осудени се прогласени за меѓународни бегалци и можат да бидат уапсени во која било земја на светот. Стејт департментот изрази разочарување поради пресудата. - Разочарани сме од пресудата изречена за Американците обвинети во Милано, поради нивното наводно учество во случајот во кој е вмешан Египќанецот, имамот Абу Омар, изјави портпаролот на Стејт департментот, Јан Кели |
|
Внеси реплика | страница <1 89101112 46> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |