|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 111112113114115 138> |
Автор | |
Ecy0
Група Регистриран: 03.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 43 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве ја последната и веќе не ве умарам...
Што ти вреди Дали знаеш за што вреди за да се бориш Кога нешто е вредно за умирање И кога срцето силно ти чука... Не знае за запирање Мислиш неможеш да дишиш Дали болката кога тежи од гордост, бараш место да се скриеш повторно,мирно,леко да заспиеш... Дали некој го крши твоето срце внатре? Па ти си во урнатини Утврди ги твоите раце, откажи се од борбата Поврати ги твоите раце кон небото, ти и јас Засекогаш... Кога си на крајот на патот Нема време за повраток.... И си го изгубил чувство на контрола И мислиш тие го земаа својот данок Кога твојот ум го крши духот на твојата душа Твојата вера прошетај ја по скршено стакло И остаток не поминува Сепак не заминува... Ништо не е воопшто изградено до последното Ти си во урнатини Го изгуби највредното Дали се обидуваш да живееш на свој начин Дали ти стоиш преблиску до оган Како лажливец бараш прошка од камен? Во ноќта бескрајно осамаен Кога е време за да живее и да умре А ти не можеж да добиеш друго пробај Нешто внатре во ова срце не ќе умре |
|
• Come as you are, as you were
As I want you to be As a trend, as a friend, as an old enemy Take your time, hurry up The choice is yours, don't be late. Come As You |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светот е без врска
но бар ние сме во врска да не бевме во врска и ние ќе бевме без врска како и сите кои не се во врска каква е нашата врска какви бевме и ние кога не бевме во врска целите бевме без врска изгубени и залутани од живот немавме поим кога на глупи нешта се радувавме затоа што други така правеа за кои немавме поим зошто се дружиме мислевме имаат некаква врска и кога не беа за нашата врска затоа што не сме доволно без врска затоа што знаеа дека ќе ги заборавиме затоа што за нас е важна нашата врска, а не тие без врска. Нашата е силна врска поинаква од секоја врска, а посебно од тие без врска. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Некоја моја мисла те допира
по косата се допираш се смешкаш знаеш дека е моја знам дека си моја. Мислам на твоето тело се подисправуваш како да здивуваш го мирисаш ветерот како плен ме бараш се наежувам дека ќе ме најдеш знам. Некоја моја мисла “Стани гордо македонче доста беше жртва пресретни ја ти“. Зар’жувам тивко тргнувам топлина од некаде ти иде на прсти се подигаш се наежуваш дека ќе те најдам знаеш. Изменето од zbunet - 24.Октомври.2009 во 15:21 |
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Моите демони
Повторно,и повторно се спушта ноќта знаејќи дека моите демони ме чекаат штом очи склопам,штом полу заспана го слушам чекорот нивен во изгубениот не постоечки простор. Моите демони се слични на Фреди.Постојам во сонот и надвор сум од него,надвор од своето тело а сепак заробена во луспа наречено човечко битие. Демоните демнеат над моето тело,ме креваат од моето тело гледајќи го нивниот пекол заробени во моите очи,во моите сонови пипајќи ги нивните илузии и мечти. Пулсираат во моето тело одѕвонувајќи во мозочните вибрации,чучат во секој дел на моето суштествено битие.Светлосното тело издигнато над материјалното тело ги гледа отворените очи кои го гледаат пеколот на моите демони. Таа вечер клекната пред мојот олтар ја опејувам молитвата за спасение ,за мирен сон,да исчезнат моите демони создадени од мртвите коски на заборавени гробови скриени под тешкиот камен од каде се слушаат гласови од пеколниот крик на осаменици желни за вода и леб,за превриено вино ,за глас на саканите свои,за запалено кандило,за светлоста на свеќи за да својот пат го пронајдат. Тие се тука за да ме потсетат дека лежам над нивните заборавени и сокриени гробови кои сега над нив се згради со светлосни реклами,асфалтирани патишта од кој доаѓа хаосот на модерното време. Еден таков демон ме посети,се појави штом ги склопив очите.А сепак бев подготвена да се соочам со него, предчувство во моето тело пред да заспијам пред да ги склопам очите.И грешев..сепак сум грешник,но моите демони тоа не ми го простија.Ме казнија со изгубен чекор од далечина на просторот и времето од каде се појави човек со демодиран шешир и сако некаде од „45„-пета година. Ја почувствував неговата иронична насмевка од безбојното лице без контури ,од неговата желба да ме растргне осеменуваќи ме со мртвото семе на не плодност . Се парализира мојата мисла и беше заклучена во некоја пора на мозокот.Да,клучот!Мора да го пронајдам!Го пронајдов клучот и мислата се ослободи.Се сетив на евангелистите дека молитвата е спасот.“Оче наш„ми беше единствена мисла пронаоѓајќи го спасот. Мојот демон ја почувствува магијата на молитвата но сепак тој сакаше да биде последен кажувајќи ми порака за која подоцна настојував да го пронајдам кодот на шифрата.Мојот вечерашен демон си замина штом ги изговори неговите зборови. “Сега пред малку слушнав на телевизија дека се родил нов антихрист„ Тој глас,таа порака,тој демон ме прогонуваше цел ден. Повторно,и повторно се спушти ноќта,мојот демон го слушнав од устата на мајка ми: “Сега пред малку слушнав на телевизија дека се родиле нови антихристи..група на секта и наркомани ги оскрнавиле гратските гробишта„ Јас ја дознав пораката од мојот демон кој сакаше да ми ја пренесе во моите полу заспани очи,во мојот не реален-реален сон ..само кој да ми ја дешифрираше пораката во еден и дваесет минути по полноќ..гробиштата тоа утро во два часа наутро беа оскрнавени и оштетени каде крстовите од гробовите биле превртени од наопаку. Дел од моите демони. Даница Петровска „09„ |
|
Љубов и само љубов
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сега
би сакал само да се разбудам во твои прегратки секогаш свежи додека секоја црта од моето лице го будат сонце додека ме огрева низ твоите очи како низ прозорци трепкам те зграбувам како прва среќа утринска го упивам твојот кикот слушам како птиците се обидуваат да запеат како умееш ти зар ќе имав причина да се разбудам да не беше ти ? |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гледаме како бродот ни’ тоне
не се плаши ништо изгубено не е тоа брод е само има нешто таму и твое и мое кога слаби бевме стисни ме за рака и други начини има се дур сме заедно се дур не’ има ако патот ти е долг на раце ќе те носам не си тешка лесно те разбирам затоа што сакам затоа што ме сакаш. |
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
aj edna od mojata riznica
Дали ме сакаш,
кога дождот поглед ми мати
Дали ме сакаш само,
кога насмевката усните ми ги краси
Дали ме сакаш,
кога туѓи зборови,името ми го гнасат,
Дали ме сакаш само
кога со бакнежи ноќе те гасам,
Дали ме сакаш,
кога сите врати се затворени,
Дали ме сакаш само,
кога те чекам со раце отворени,
Дали ме сакаш,
кога пред тебе ке застанам гола,
кога гордоста ке ја cоблечам цела,
без мисла ,без срам,
Дали ме сакаш само....
Дали ме сакаш?
Изменето од Delicia - 26.Октомври.2009 во 15:51 |
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каков сум кога претерувам ?
Знам, никаков. Онаков каков би се згадил да бев некој друг а морам да се носам со себе секогаш и секаде понекогаш восхитен понекогаш недостоен понекогаш очигледен дур на дланка те гледам уплашен раце ми треперат додека нешто во глава ми урла дека не те заслужувам. Низ глутница губитници минувам некогаш не се разликувам кога морам околу себе да гледам но сепак на тебе мислам сепак ме издава од толпа се издвојувам нешто посебно имам но гледам каде сум се прашувам дали те заслужувам ? |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Надвор сивило
но јас сум сончев зрак чудно, нели ? Погледај во себе и ќе најдеш што ме прави таков а не само во мене да гледаш и да ми велиш дека поинаков сум секој би бил на мое место да бил но на друго место бил тоа само моја среќа била некој мора да бил од тогаш до сега и секого со клетви гаѓам ако посака на мое место да биде јас сум сончев зрак нека си седат во сивило што ми е гајле што ја немат мојата среќа. |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vo maglata samo mojata shofershajbna
i belina okolu mene a patot e tolku prav i tolku jasen koga e nekoe "bolji vreme"... |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
E bolji, bolji
naulji i ne bolji ke stori kliz mazno i tivko |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Racete mi smrznaa...od volanot
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
....
облаците ми натежнале врз раменат ко да го молат моето скончание... ми се подсмеваш... велиш дека сум во состојба на рамнодушен минерал... а јас само се плашам од текот на моите мисли-натрапници...се плашам за парчето земја под моите стапала,се распаѓам..вкочането седам на малото островче со собрани нозе и колена стегнати под брада... пробувам да се оттргнам...да зачувам бар малку здрав разум... кога ќе приметиш како мојот брз чекор успорува,па клекнувам...побрзај...подигни ме...силно протреси ме...зашто во таквите мигови пофторно се обидувам да ѕирнам во мојата душа,да се пронајдам...но празнината е толку голема што се заканува да ме проголта... со месеци ниту сантим поместување од мртвата точка... ме гледаш..те молам немој...твојот поглед пребрзо ме расклопува на милион делови кои потоа не можам да си ги приберам... јас сум актер и жртва истовремено. хрчак во кафез кој трча по тркалото без престан и јалово го врти до бесвест,до изнемоштеност. очајнички посакувам да слезам,но тркалото е целиот мој живот... ако јас застанам... ако тркалото застане... мојот свет ќе се распадне... |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
Внеси реплика | страница <1 111112113114115 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |