IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Реформацијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Реформацијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
Автор
Порака
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2009 во 22:53
Секој, ама баш секој кој верува дека БОГ во Исус ја отелотвори својата Прасвета Мудрост за спасение на сите луѓе, секој кој ги љуби своите браќа и сестри без разлика на нивната деноминација, секој кој верува и исповедува дека Исус е Господ и дека БОГ Го воскресна од мртвите, мие брат и сестра кој верува и исповедува вистинско учење!


Се разбравме Асја?!


Изменето од spiros - 30.Октомври.2009 во 22:54
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2009 во 01:29

На сите христијани кои се водат по изворното библиско христијанство им го честитам денот на реформацијата забава со искрена желба, надеж и молитва истата да се случи што поскоро и во нашата земја, меѓу нашиот народ, за и ние да ги уживаме благодетите и придобивките од враќањето кон Светото Писмо, кон Христовото и апостолско учење.

Оваа година е значајна и по 500 годишнината од раѓањето на еден од најзначајните реформатори во Швајцарија - Жан Калвин.
Тој на неговите 26 години го издал своето капитално дело, „Институциите на христијанската религија“, кое претставува првата реформирана систематска теологија. Во прилог ќе ви цитирам еден извадок од тоа обемно дело, дел кој мене, а и на мнозина други посебно им оставил впечаток. Се надевам ќе ви се допадне.
 
 
СПОРЕДБАТА НА ВИСТИНСКАТА И ЛАЖНАТА ЦРКВА
(Извадок од „Институциите на христијанската религија“ од Жан Калвин)
 
 
"Вистинската црква е таа каде што Зборот Божји верно се проповеда и правилно се извршуваат обредите. Христос објавил дека црквата е изградена врз „темелите на апостолите и пророците, а Исус Христос е нејзиниот камен темелник“ (Еф. 2:20). Ако основата на црквата е учењето на пророците и на апостолите, преку кое учење верниците доаѓаат до своето спасение и до вера само во Христос, тогаш како може Црквата да опстои ако ова учење е напуштено?
Ова е моменталната состојба со лажната црква, па лесно е да се процени колку од вистинската Црква останала таму. Наместо службата на Зборот, таму владее корумпирана хиерархија, преку која се гаси секое светло. На местото на Причеста, се извршува грозно богохулство. Славењето на Бога е извитоперено со разновидна литургија на суеверија. Учењето, без кое христијанството не може да постои, е целосно заборавено. Така, во нашето повлекување од оваа расипаност, нема никаква опасност да се одвоиме од Христовата Црква.
Тие пак тврдат дека нивната црква е единствената и сите што од неа излегуваат ги нарекуваат расколници и еретици. А аргументот со кој докажуваат дека тие се вистинската Црква е низата на епископи, која може да се трасира до античко време. Но тоа е јалов изговор.
Ова не е ништо поразлично од изговорите кои порано ги даваа и Евреите, во нивната слепост и идолатрија. Бидејќи и тие се фалеа со храмот, со церемониите, со свештенството, нешта за кои веруваа дека се суштината на Црквата. Така, наместо Црква, тие произведоа надворешни форми, кои се далеку од вистинската Црква. Не ни треба никаков друг аргумент да ги побиеме нашите современици, освен оној даден од Еремија за лажната увереност на Евреите: „Не се надевајте на лажните зборови: „ова е храмот Господов, ова е храмот Господов, ова е храмот Господов“ “ (Еремија 7:4). Бидејќи Господ не признава ниедно место за Свој Храм ако Неговиот Збор таму не се проповеда и не се слуша. Па така, иако славата Божја пребиваше меѓу двата херувима во Светилиштето, кога свештенството го замени вистинското прославување на Бога со лажни суеверија, Тој од таму си замина. Ако тој Храм можеше да биде оставен, нема причина да им веруваме дека Господ е толку приврзан со личности и со места, па ќе биде ограничен да остане таму каде што останало само името и надворешноста на Црквата.
Ништо не може да биде толку површно како тоа да се мисли дека низата личности може да се постави над правилното учење. Црквата не постои како некое наследно право, туку како одржувач на вистинското учење.
Вистинската црква не е карактеризирана со суетен раскош, со кој лесно се маѓепсуваат очите на неуките, туку со гласот на добриот Пастир кој и се обраќа: „секој, кој е од вистината, го слуша Мојот глас... А вие не ги слушате, зашто не сте од Бога“ (Јован 18:37, 8:47). Со други зборови, Црквата е царството на Христос, а бидејќи Тој управува преку Својот Збор, оние кои се лишени од Неговиот Збор не можат да се квалификуваат да бидат Неговата Црква.
Иако нè истераа како еретици со анатеми, бидејќи се повлековме од нивната црква, така постапивме бидејќи не е можно тие да ја кажуваат чистата вистина. Беше неопходно да се повлечеме од нив, за да се доближиме до Христос.
Тие бараат сета почит, моќ и власт која Христос и ја оставил на Црквата, да им ја предадеме на нив. Но по примерите на Илија, Михеј, Исаија, Еремија и Осија, кои се повлекоа од заедништвото со лажните пророци и свештеници, неопходно е и ние да се повлечеме од заедништво со нив."
 

(Скратен извадок од „Институциите на христијанската религија“, книга 4, второ поглавје)


Изменето од EvAngelos - 31.Октомври.2009 во 01:44
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2009 во 01:41
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

На сите христијани кои се водат по изворното библиско христијанство им го честитам денот на реформацијата забава со искрена желба, надеж и молитва истата да се случи што поскоро и во нашата земја, меѓу нашиот народ, за и ние да ги уживаме благодетите и придобивките од враќањето кон Светото Писмо, кон Христовото и апостолско учење.




Би сакал да те замолам, ако не ти е тешко (а знам дека тебе не ти е) да ни претставиш кратка биографија на АПОСТОЛИТЕ И ЕВАНГЕЛИСТИТЕ, Колку биле, кој каде се родил,? Кој каде умира? Кој каде проповедал? и сотанатите работи - нели знаеш што треба да содржи една таква биографија ...

За сето тоа да не биде ОБИЧНА прикаска ЗА ДЕЦА - ти ќе ни представиш извори, документи, факти достоверни за тие информации - после тоа која каде започнал да проповеда, кои биле негови ученици, па на нив кои биле другите - па некако да стигнеме и до ВАС!

Така ке ни ја олесниш нас работата - ПРАВИЛНО ДА ГО РАЗБЕРЕМЕ “ИЗВОРНОТО“ ХРИСТИЈАНСТВО,  и да станеме дел од РЕФОРМАТА

ЕвАнгелос -брате - ти благодарам предвреме!големо%20гушкање

Ти посакувам многу неспани ноќи за овој ИСЦРПЕН ОДГОВОР!!!


п.с.
Историјата не започнува од Жан Калвин

Изменето од Tetratka - 31.Октомври.2009 во 01:44
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2009 во 01:50
EvAngelos,

1. Neophodno e da se izjasnish na koja reformatorska denominacija i pripagjash, bidejki nekoi megjusebno si protivrechat. Patem, ne e fer da napagjash, bez da ja identifikuvash svojata verska zaednica i nejziniot sistem na veruvanja. Ili, vashiot sistem na veruvanja se sostoi od neveruvanja?

2. Kako bi mozhela tvojata t.n. "crkva" da bide apostolska, t.e. da ja ima verata na Sv. Apostoli, ako nema apostolsko nasledstvo?

3. Gorniot tekst ne sodrzhi nishto informativno za verata na reformatorskite t.n. "crkvi", tuku e SEKTANTSKA, anti-hristijanska propaganda i kleveta, i kako obichno, go zloupotrebuva Sv. Pismo.

Изменето од Asya - 31.Октомври.2009 во 01:52
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2009 во 01:53
Тетратка, доколку евангелистите благоволиле во знак на скромност и понизност ни своите имиња да не ги забележат во евангелијата што ги напишале, тогаш кој сум јас да пишувам за нивната биографија со цел некој "правилно да го разбере изворното христијанство"?
Доколку нивната биографија беше неопходна за правилно разбирање на изворното христијанство, тие самите (од прва рака) ќе напишеле детали од нивниот живот. Но како што знаеме, тие ни збор не напишале за себе, ниту своето име го забалежиле во евангелијата.
Затоа, доколку сакаш правилно да го разбереш изворното христијанство, отвори го Новиот Завет и читај пријателе. Читај, и откако ќе го прочиташ, пак читај. Читај го постојано и моли се Бог да те ослободи од секакви човечки придодавки во верата, а да ти исполни со вистините кои произлегуваат од Неогиот Збор - Светото Писмо. големо%20гушкање
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2009 во 01:56
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Тетратка, доколку евангелистите благоволиле во знак на скромност и понизност ни своите имиња да не ги забележат во евангелијата што ги напишале, тогаш кој сум јас да пишувам за нивната биографија со цел некој "правилно да го разбере изворното христијанство"?
Доколку нивната биографија беше неопходна за правилно разбирање на изворното христијанство, тие самите (од прва рака) ќе напишеле детали од нивниот живот. Но како што знаеме, тие ни збор не напишале за себе, ниту своето име го забалежиле во евангелијата.

Затоа, доколку сакаш правилно да го разбереш изворното христијанство, отвори го Новиот Завет и читај пријателе. Читај, и откако ќе го прочиташ, пак читај. Читај го постојано и моли се Бог да те ослободи од секакви човечки придодавки во верата, а да ти исполни со вистините кои произлегуваат од Неогиот Збор - Светото Писмо. големо%20гушкање


Na ovoj forum ima dovolno mnogu dokazi deka tvoeto samovolno tolkuvanje, nema nikakva vrska so Noviot Zavet!
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2009 во 01:56
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Тетратка, доколку евангелистите благоволиле во знак на скромност и понизност ни своите имиња да не ги забележат во евангелијата што ги напишале, тогаш кој сум јас да пишувам за нивната биографија со цел некој "правилно да го разбере изворното христијанство"?



Е тогаш зошто изиграваш ПОТПАРОЛ НА РЕФОРМАЦИЈАТА, зарем не треба и ти да си скромен и да молчиш, за да не се знае твоето име?изненадување
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2009 во 02:20
Originally posted by Tetratka Tetratka напиша:


Е тогаш зошто изиграваш ПОТПАРОЛ НА РЕФОРМАЦИЈАТА, зарем не треба и ти да си скромен и да молчиш, за да не се знае твоето име?изненадување
 
Тетратка, како што гледаш јас на овој форум имам 9273 коментари. Цитирај ме барем на едно место каде јас сум го напишал своето име? среќа
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2009 во 02:21
"А кога Исус дојде во околината на Кесарија Филипова, ги праша Своите ученици и рече: „Што велат луѓето, Кој е Синот Човечки?” А тие рекоа: „Едни велат дека е Јован Крстител; други Илија, а други пак Еремија или еден од пророците.” Тој им рече: „А вие што велите, Кој Сум Јас?” Симон Петар одговори и рече: „Ти си Христос, Син на живиот Бог.” Исус одговори и му рече: „Блажен си, Симоне, сине Јонин, зашто тело и крв не ти го открија тоа, туку Мојот Otec, Кој е na небесата. И Јас ти велам, дека ти си Петар, и на тој Камен ќе ја изградам Мојата Црква, и портите на пеколот нема да надвладеат наспроти неа. И ќе ти ги дадам клучевите на царството небесно, и што и да сврзеш на земјата, ќе bide сврзано во небото; и што и да разврзеш на земјата, ќе биде веќе разврзано na nebesata” (Matej 16: 13-19).

Vo gorniot tekst, Hristos jasno iskazhuva deka Hristovata vera ne e chovechka, a Negovata Crkva e zasnovana na Bozhjata Vistina (vo Liceto na Hrista, koj e "kamenot", nejzin osnovach i temel), koja na Petra mu ja otkril Otecot od nebesata. Kluchevite od carstvoto nebesno mu se dadeni na Petar, kako na poseben avtoritet, no nikako oddelno od Crkvata . Petar bil vodach ne nad drugite apostoli, tuku srede niv.

Kako e mozhno reformatorskite t.n. "crkvi" da bidat "izvorni" ili apostolski, koga ne se svrzani vo Crkvata Hristova na zemjata? Faktichki, spored Hristovite zborovi, toa znachi deka se razvrzani (odvrzani) na zemjata, a Bog ne gi priznava na nebesata.


Изменето од Asya - 31.Октомври.2009 во 02:33
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2009 во 10:04
Никој нема право да суди никого а посебно некого кој со срцето верува на Евангелието БОЖЈЕ - Господ Исус Христос - Кого со устата Го исповедува!
Никој нема право да суди!



Ветрот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди; така е со секој човек роден од Духот.”




Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2009 во 10:20
Spiros, "da se sudi" i "da se rasuduva", ne e edno isto. Gospod ni dal ochi, ushi i razum, za da gi koristime, t.e. da gledame, slushame i rasuduvame. Za sebe mozhesh da chinish shto sakash, toa e tvoe pravo, a kako kje postapuvaat drugite, ne e tvoja rabota!

Ne mozhe da se bide roden od Duhot vo Negovo otsustvo, a vo Sv. Pismo jasno pishuva kako se dava Sv. Duh. Obrati vnimanie: "така е со секој човек роден од Духот", a ne so sekoj shto misli deka e roden od Duhot.

Изменето од Asya - 31.Октомври.2009 во 10:40
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2009 во 11:53
Асја, пред неколку месеци постираше ти тука видеоклип на една христијанска заедница во која што проповедникот слезе од говорницата, отиде помеѓу собраните мавајќи со рацете небаре ќе ги удри, но никого неудри.

Се сеќаваш ли?

Неколку дена после тоа се случи тоа што се случи во ерусалим помеѓу членовите на грчката и ерменската заедница, кадешто тие што мавтаа најчесто и удираа!

Се сеќаваш ли?

Сега кажими те молам: Во кого беше повеќе Духот Светол?

И не заборавај дека: ГОСПОД Е ВИСТИНА!


Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2009 во 13:47
Реформација

Во сите времиња постоеле луѓе кои, без разлика на цената, стоеле на страната на вистината. Често биле неразбрани и неприфатени од мнозинството, но тие биле верни на својата совест - живееле според она што го читале од Светото Писмо - Библијата. Како и првите христијани некогаш, и тие често свое засолниште наоѓале во пустите места, далеку од раката на прогонувачите.

Таквите луѓе го отпочнале процесот кој се нарекува Реформација и кој во полна сила се појавува во XVI век, процес кој претставува реформирање на Црквата, нејзино враќање кон изворните учења и начин на живот.

Во разни делови на Европа се појавуваат луѓе кои го подигаат својот глас против она што црквата станала, против сите неправди и невистини кои се вовлекле во неа. Некои од нив се: Џон Виклиф, Јан Хус, Урлих Цвингли, Мартин Лутер, Жан Калвин, Џон Нокс, браќата Веслеј...

Проучувајќи ја Библијата тие почнале повторно да ги откриваат заборавените, и со човечки традиции, покриени вистини. Ги откривале и ги објавувале на народот. Библијата почнала да се преведува на народен, разбирлив јазик, за луѓето да можат лично да се уверат во прекрасните вистини кои таа ги содржи.

www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2009 во 17:33
Reformacijata apsolutno imala svoja vrednost i svoe mesto vo vremeto koga se javila.

Veruvam deka i denes taa ima svoja uloga vo tolkuvanjeto i razbiranjeto na verata.

Onoa sto neodbeglivo mi pagja vo ochi e faktot deka reformatorite od site boi smetaat deka tokmu tie ja razbrale vistinata i samo tie propovedaat izvorno i kako sto treba i site drugi greshat.

Изменето од Messenger - 31.Октомври.2009 во 17:33
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,422 секунди.