![]() |
|
Окупација од Бугарската војска 1941 |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7576777879 98> |
Автор | |||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ако не изгорела и книгата, тогаш може да се бара нешто, може да е и запишано. Досега повеќе жители ( не само две баби ) посочуваат на намерно палење и грабеж, меѓу кои и еден блаженоупокоен Архиепископ. Еве, дури и на страната на Македонската Православна Црква пишува дека храмот е опожарен. Црквата, што се градеше четири години, е лоцирана на просторот на истоимениот храм осветен во 1835 година, кој во Втората светска војна во 1944 година беше опожарен и уништен. Храмот е со катедрални димензии. Останува да се доврши мермерниот иконостас и да се фрескописаат ѕидовите на храмот. http://www.mpc.org.mk/mpc/se/vest.asp?id=2709 Значи како што и Каснакоски кажа, факт е дека Црквата е запалена, а и според кажувањата дека бугарската војска се нашла таму, за потоа некои работи "мистериозно" да "исчезнат"... P.S. Истата страна што ја цитирав и јас си ја цитирал ти, ама не си видел што пишува погоре, а Архиепископот г.г. Стефан ги обвинува за духовен пожар. Изменето од Македон - 25.Октомври.2009 во 16:14 |
|||
![]() |
|||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Слово на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
ВОЗОБНОВЕНА ДУХОВНАТА ТВРДИНА НА СКОПЈЕ Да Му благодариме на Бога, по молитвите на Пресвета Богородица, што ни го дарува овој ден за радост, за радост на благочестиви христијани во Скопје и Македонија, за радост на сите богољубиви луѓе, за радост на земјата и небото и на целата Божја Црква. Храмот е дом Господен и претставува „парче небо на земјата!” Негова основна цел е да им Го доближува Бога на луѓето, како и тоа нив, луѓето, меѓусебно да ги зближува. А, градењето на сакрални објекти, на храмови и манастири, значи градење на вечност и вградување во неа. Со денешниов чин на осветувањето, конечно, се исполнија желбите на многу побожни скопјани, кои посакуваа да се возобнови некогашниот катедрален храм, храмот кој со децении бил духовен столб и место за духовна поткрепа на многу скопски и македонски генерации. - Опожарен и разграбен, разурнат и потиснат од многу планови и желби на времето, со децении овој свет храм лежеше под своите урнатини и под тежината на нашата негрижа. Ќе потсетам: неговата градба била оштетена од пожар при крајот на Втората светска војна како и од катастрофалниот земјотрес што го зафати Скопје во 1963 година. Но, овој храм најмногу настрадал од несовесното и безбожно однесување на оние кои го изгореа повеќе од пожарот и од оние кои на него удрија посилно и од земјотресот.Околу овој храм присутна е невидена противречност: истиот бил подигнат во време на Османлиите, во време кога со Скопје и со Македонија владееле друговерни, а бил урнат во солидарно Скопје и во слободна Македонија! Слово на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан Даже и архиепископ Стефан не обвинува Бугарите. Видно е коj е обвинет!!!! Изменето од чоли - 25.Октомври.2009 во 16:08 |
|||
![]() |
|||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Кога се говори за инвентар значи овоj инвентар е бил зачислен во инвентарна книга. Лесно може да се провери кое по инвентарната книга е там и кое го нема. Досега само две баби и еден саjт тврдат за нарочен палеж и кражба... а баба Цвета дури не говори за кражба по време на пожарот само прави претположениjа за предварителен обир.... Бабини работи... Посочи да видим какво е становиштетото на Св. Синод на МПЦ - нема начин тие ""кражби" да не са документирани.... Иначе - агенциjа ЕЖК... Изменето од чоли - 25.Октомври.2009 во 15:58 |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Богатиот црковен иконостас-инвентар...на што асоцира тоа? За Свети Спас нема спор, ако навистина така се спасип и сочувал, тогаш и нема зошто да биде обвинуван некој за тоа, ден-денес си стои, иако и самиот професор го обвиниле дека чепка каде што не му е местото, ама никој никогаш не го обвинил за ништо, ниту старите скопјани денес не говорат дека тоа го украле Бугарите или слично за разлика од Света Богородица, каде сведоците се многу, нема како да го прескокнеме тоа...па војската тука...па изнесувања.... |
|||
![]() |
|||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Хе ,Хе... во овоj извор не става дума за некакви "златни икони" - току за иконостас и олтар. Како видохме от спомените на проф. Вакарелски - олтарот бил мермерен - тоj не може да изгори ниту да се пренесе по време на пожарот. Вакарелски не е описал за ценност иконостастот на "св. Богородица" за разлика от иконостасот на на "св. Спас" |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Чоли, ако не ти се дискутира, не дискутирај, што да ти правам јас што некои работи не ти се допаѓаат, никој со сила не те тера да ги прифатиш, верувај си во што сакаш, ама вакви испади тука да не видам!
|
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
За време на Втората
светска војна, црквата била запалена од страна на бугарските
окупатори и не биле најдени остатоци од богатиот црковен
инвентар-иконостасот, олтарот и др.
http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/c30/c30crkvi.html Во "Извори" имате и сведоштва на скопјани, а како што гледам има многу од Пајко Маало ( местото каде се наоѓала Црквата ) што сведочат, а оваа страна е според тие сведоштва правена. Не се само два-тројца сведоци кои покажуваат на Бугарите, повеќемина се, меѓу кои и жителите на Пајко Маало. |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Да се само баба Цвета и баба Милка, може и не би верувал, ама кога сите зборуваат за тоа, многу сведоци, дури и еден Архиепископ, тогаш нема како да не веруваме, колку и да затворам очи, тоа е тоа, нема бегање. Оние кои сеуште се живи, јасно се сеќаваат на тој ден, на пожарот и слично А тоа дека се зборува САМО за лошите бугарски окупатори....немам коментар...никому не му посакувам такво "ослободување". |
|||
![]() |
|||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ако баба Цвета и баба Милка си ги запишале спомените во 1944-45 може и да биле достоверни извори, ама кога поминале толку години, тешко може да им се верува, особено кога од тогаш до денес се зборува само за лошите бугарски окупатори. Понекогаш може виденото со очи да се преплетка со нешто чуено одпосле и човек може сам да си верува, ама да не било точно така, како што си го замислува. |
|||
![]() |
|||
ADVISOR ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
baba Cveta i baba Milka
![]() |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Пожарникарите гаснеле ( имаше интервју со пожарникар, ќе се обидам да го најдам, каде вели дека тие пристигнале по војската, иако и од сведоштвата се гледа тоа, војската била таму, пожарната гаснела, војската грабала ). Јасно е кој гаснел, а кој крадел. |
|||
![]() |
|||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
И јас тоа се сетив, ама ја заборавив како се викаше бабата. Значи може се пак да не се во Бугарија. Претпоставки.... |
|||
![]() |
|||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Dali bile златни или жолти иконите, оти за баба ми часовникот што го имам е златен, ама тој си е жолт. Значи лесно може да се претпостави се. Штом нема факти, фантазијата е готова да заработи. |
|||
![]() |
|||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Само претпоставки не стигат... Требе да има и малце факти. Според баба Цвета пожарот е гасен от пожарникари од Пожарната служба, а не од бугарски воjници. Както веке казав: пажарникарите са били месни момчета-Македонци. |
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7576777879 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |