IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Филозофија и психологиjа
  Активни теми Активни теми RSS - За најголемите филозофи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За најголемите филозофи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: За најголемите филозофи
    Испратена: 23.Октомври.2009 во 10:13
Не можеме да филозофираме без основата на најпознатите филозофи кој се занимавале со етика и духовните гранки на филозофијата, разликувајќи што е добро што е лошо, решавајќи тешки филозофски прашања и оставајќи нови за ние самите да ги сватиме и да ги дефинираме универзално, а не секој за себе си, а да не се потсетиме на нив.
Најпознати старогрчки филозофи: Аристотел, Платон, Сократ,...
Најпознати кинески филозофи: Конфучие, Лао Це, Џуанг Це, Менцие,... ( како што учевме по македонски јазик, по старо би требало да има ц место е, но сега е напишано според стандарден литературен македонски јазик )
Најпознати македонски филозофи: денес се смета дека Аристотел бил македонски филозоф, Митко Илиевски, Љубомир Цуцулевски.
Најпознати современи филозофи: Алберт Ајнштајн, Бенџамин Франклин, Вилијам Џејмс, Дејвид Бом.

Мислам дека овие најмногу би не интересирале и ве молам ако некој знае нешто дополнително нека напише за нив, нивната биографија, нивните дела, нивниот придонес за политиката, религијата, војската, принципите на правилно живеење.

Ако смеам да надополнам за крај најпознатите филозофи од идивиди: Меssenger, Анастеа, DDarko.големо%20гушкање
Најпознати филозофи од идивиди кој успеале да ја сватат љубовта и да ја дефинираат како и да ја живеат: bijonse1, sanja - a, pagane.

Се надевам дека малата шала нема да ги прекрши правилата на форумот и дека модераторите нема да реагираат на неа.
Поздрав и со здравје да се служиме со темата!среќа
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 10:30
Филозофија во превод значи љубов кон вистината ( φιλοσόφια ). Не постои човек кој не филозофира, секој филозофира, некој научно, некој веронаучно, некој етички, некој со следење на туѓи животни патишта коментирајќи ги во биографиите. Филозофијата има неколку гранки: метафизика, етика, логика, онтологија, естетика...
Етика: која верувам дека најмногу ќе не интересира мене и Messenger, задлабочени во спознавањето на духовноста и моралностите во светот во кој живееме.
Поимот етика прв го воведел Аристотел од поимот Ethos или на македонски обичај, а моралноста има цел да го покаже начинот на регулирање на поединецот наспроти општествено во духовните правци на живеење. Пример, спознавање на почитта, љубовда, осудувањето, сомнежот, намерата, утехата.
Аристотел: Најголем старогрчки филозоф кој се денес смета дека бил античко македонски со што не се сложувам бидејќи ако ја погледнеме историјата таа ни кажува друг факт, а знаеме дека историјата е базирана само на факти, додека митологијата на приказни за боговите во некој времиња, што нема смисла читајќи ја и проучувајќи ја. Аристотел бил голем мислител, кој ја знаел добро математиката, физиката, логиката и напишал многу книги како што се: физика, метафизика, механика и други. Аристотел го дефинирал Бог како Дух кој е неподвижен трвдејќи дека ако е подвижен Бог тогаш тој не би бил прв туку пред него би постоеле движењето, силата, брзината.

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 10:38
Конфучие живеел од 551 до 479 година пред новата ера.

Кина и соседните земји со векови биле под големо влијание на неговото капитално дело Аналект, кое се состои од неговите одговори на прашањата на 72 ученици со кои ја обиколувал земјата за време на таканаречениот Период на завојуваните држави.

Советите на Конфучие за живеењето вклучуваат позитивна самодисциплина, хармонија во семејниот живот и мир во светот. И по 2560 години, неговото дело се уште се изучува низ целиот свет.

По Конфучие суштината на секој човек е човекољубието.
Тоа е материјална суштина на човековите должности према другите а се искажува пеку совесноста,лојалноста,алтруизмот,обзирноста.
Единствено човекот кој е воден од правдољубието може правлно и потполно да ги извршува своите должности кон другите.
Аксиомот на совесноста према другите гласи-
„Ако сакаш да се издигнеш себеси,издигни ги другите“
Аксиом на алтруизмот -
„Не прави го на другите она што не сакаш да ти биде направено тебе“

„Племенитиот човек ја разбира исправноста,малиот човек ја разбира само користа“
                                 Конфучие
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 10:46
Конфучие.

Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 10:52
И уште еден љубовен филозоф: Andjelina.
-
„На човека му е дадена моќ своето небо да го спушти наземи и да го нарече ЉУБОВ.
Нејзиното сваќање е колку поголеми штикли на аватар, толку повеќе памет има членот.големо%20гушкање

Алберт Ајнштајн (14 март, 187918 април, 1955) бил германски теоретски физичар, најпознат по неговата теорија на релативноста и теоријата за масно-енергетска еквиваленција, E = mc2. Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика во 1921 година „за неговата работа во полето на теоретската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект.“
По овој цитат од википедија би рекол дека повеќе е научник физичар, но според Аристотел и филозофијата е гранка на науката. Значи основата на знаењето е науката. Мајка на науката е историјата, мајка на знаењето е повторувањето.среќа



Изменето од DDarko - 23.Октомври.2009 во 10:55
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 11:10
И уште еден љубовен филозоф: Andjelina.
- „На човека му е дадена моќ своето небо да го спушти наземи и да го нарече ЉУБОВ.
Нејзиното сваќање е колку поголеми штикли на аватар, толку повеќе памет има членот.


Изменето од Andjelina - 23.Октомври.2009 во 11:11
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 11:23
Петте правила на Буда
(ви ги пренесувам на англиски...да не ја изгубат автентичноста низ преводот...мислам се разбираме)

1.Do not belive in anuthing (simply)because you have heard it.Do not belive in tradition because they have been handed.

2.Down for many generations do not believe in anything because it is spoken and rumoured by many.Do not belive in anything simply.

3.Because it is found written in your religious books do not belive anything merely on the authority of your teachers end elders.

4.But after observation and analysis,when you find that anything agrees with reason and conducive to the good and benefit of all...

5.then accept it and live up to it.
                           buddha Anguttara Nikaya

значи,не верувајте лекоумно во се што ви е кажано...размислете зошто некој ја пратил таа информација до вас како таква...проверете...профилозофирајте...побарајте ја целта на информацијата...корените...
а потоа ако е вредна прифатете ја и живејте со неа

Изменето од Andjelina - 23.Октомври.2009 во 11:23
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 12:23
зошто сите познати филозофи во историјата на човештвото биле само мажи ? ..........а ? размислување

Изменето од МАРШАЛ - 23.Октомври.2009 во 12:23
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 12:25
Буда (буквално „разбуден“, од санскрит "budh" - се будам, будење) се нарекува човек кој до ослободување дошол преку самсара.Сидарта Гаутама Буда, е мудрец од Индија, и живеел во Северна Индија во текот на 6 век п.н.е., но се прославил во Кина. Татко му, Судходана, бил владетел на царството на Шакиите (во денешен Непал, во тоа време територија на Индија). Мајка му била царицата Маја. Според традициите на тогашното време, принцот се оженил многу млад, на 16 години за една прекрасна и млада принцеза на име Јашодхара.Младиот принц живеел во својот дворец, разполагајќи со сите удобства. Но истовремено,соочувајќи се со реалноста во тогашно време, со неизбежната смрт и страданието на своето население, тој решил дека е потребно да се пронајде решение. И затоа на 29 години, тој го напуштил своето царство барајќи решение и излез од ваквата состојба на народот.Една вечер, седејќи под едно дрво (познато като Бодхи или дрвото Бо, „Дрвото на Мудроста”), на брегот на реката Неранџара при Бодхгаја, на 35-годишна возраст Готама постигнал Просветление, со кое станал познат како Буда „Просветлениот”.Буда го презел учењето за реинкарнација од Ведите, а за Бог ништо не кажувал. Тој сметал дека патот на Хинду е премногу тежок, и советувал поумерени подвизи. „Целта на животот е целосен мир, нирвана.Главното учење според Буда е:- За да има радост мора да има болка. Само откажување од задоволствата води во целосен мир;Во почетокот будизмот бил сфаќан само како обична филозофија, но преминала во религија. Слично е и со останатите филозофи од Кина, Конфучие и Лао Це, како и индиските мудреци и богови. Народот после повеќе векови започнал да ги обожува овие мудреци, да им се моли, да им прави кипови и слично.Во текот на 45 години од своето работење и проповедање, тој ги учел на сите класи, мажи и жени, царови и селани, трговци и просјаци, светци и крадци – без да прави и најмала разлика помеѓу нив. Тој не ги признавал различностите по социјалната состојба или според класата на народот, и патот, кој тој го проповедал, бил отворен за сите луѓе, кои се биле способни да го разберат и следат.Буда починал на осумдесетгодишна возраст во градот Кушинара во Индија.

Гледајќи го ова кратко "житие" дознаваме дека и Буда бил филозоф, паметно момче ( просветлено ), живо, имал одлично сваќање за животот, само не ми е јасно зошто денес се слави како што се слави некоја Виша Сила од страна на религија и која е целта за будизамот да стане религија?


Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 12:34
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

И уште еден љубовен филозоф: Andjelina.
- „На човека му е дадена моќ своето небо да го спушти наземи и да го нарече ЉУБОВ.
Нејзиното сваќање е колку поголеми штикли на аватар, толку повеќе памет има членот.


Сакаш да ти докажам дека е така?

Ако не носиш добри обувки, твоите стапала ќе ја сменат правобитната форма на коските на палецот, а со тоа ти се намалува способноста на правилно одење. Ако ти се намали способноста за правилно одење ти се јавува искривување на коските на нозете, со тоа најверојатно, барем јас така мислам, ширење на карлицата, а со тоа да 'рбетот дојде до сколиоза, со тоа се нарушува 'рбетниот мозок, со тоа информациите за чувствата, дразбите, со тоа целта на животот ти е да оздравиш, а за друго ќе немаш време и ќе немаш време да научиш и така нема да бидеш паметен.

А,а?плазење
Затоа треба да се удобни првин обувките т.е чевлите, штиклите, патиките...итн!

Ова го рекол DDarko пред неколку минути во 2009 година, а во блиската историја е познато како DDarkova медицинска филозофија, со која освестил лугето да носат правилно анатомски чевли бидејќи имаат хигиенско, а пред се здраствено значење.смеење
За жал слика од него нема бидејќи личноста е многу секси и не смее да се појави со лик на идивиди поради можност некому да се наруши видот.намигнување
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 13:38
Originally posted by МАРШАЛ МАРШАЛ напиша:

зошто сите познати филозофи во историјата на човештвото биле само мажи ? ..........а ? размислување

Позицијата на жената во античката филозофија

Најголемиот број антички филозофи го оправдувале нееднаквиот социјален и правен третман со потчинувањето на поединецот под општата благосостојба и со нееднаквата поделба на надарености и способности. Жената се смета за „ по природа“ пониско суштество.
Пример од Аристотел: граѓани во неговите очи се само оние што се ослободени од куќните производни и репродукциски активности. На робовите, странците, жените и децата им е забрането учеството во политичкиот живот, бидејќи им недостасуваат неопходните предуслови. Тие дејствувале како помошници за да ги создадат неопходните рамковни услови за елитата како целосни граѓани.Жената за Аристотел е деформација на природата создадена од оплодување со недостатоци, еден вид дефицитарен предстепен кон мажот. Таа не поседува ниту разум ниту репродуктивни способности. Нејзе ñ се припишува за двете само пасивна, дополнувачка улога:
„Како што имено од сакатите потекнуваат понекогаш сакати, а понекогаш и не несакати, така од една жена се создава понекогаш повторно жена, но понекогаш и момче. Жената е како осакатен маж, а месечниот тек е семе, само нечисто семе. Бидејќи нејзе и недостасува само едно нешто, изворот на живот... бидејќи тој извор на живот го носи машкото семе“.
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 13:41

Сократ (4 јуни, 470 п.н.е. - 399 п.н.е), (грчки: Σωκράτης, Сократис) е старогрчки (атински) философ и една од најзначајните икони на Западната философска традиција.Сократ е родум од Атина. Го напуштил занаетот на татка си (каменорежач) и сиот свој живот го посветил на философијата. Тој одел меѓу луѓето, разговарал со нив, ги терал на размислување, едностојно им поставувал прашања, а на одговорите други прашања. За него основен проблем е човекот, пред сѐ; неговото однесување во етичката сфера и во политичката. Тој решително им се спротиставувал на софистите, а пред сѐ; на нивниот реализам и субјективизам, сметајќи дека човекот можел да пронајде знаења кои важат општо и нужно. Сократовата основна поставка била „Јас знам дека ништо не знам!“Уникатниот метод на подучување на учениците на Сократ се состоел во тоа што ученикот преку прашања и одговори доаѓал до сопствени заклучоци. При тоа Сократ играл улога на „акушер“ кој помагал да се раѓаат здрави духовни деца.


СОКРАТ СМЕТАЛ ДЕКА ЗНАЕЊЕТО Е ДОБРО, А НЕ ЗНАЕЊЕТО Е ЗЛО, А ТОГАШ ЗНАЕЛ ДЕКА НИШТО НЕ ЗНАЕЛ!намигнување ( СЕПАК ИМАЛ ЗНАЕЊЕ)среќа


Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 13:43
Дарко, одма да се коригираш за наj познати современни филозофи...не%20зборувам
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 13:47
размислување.....не%20зборувам....нека%20ти%20е%20срам
филозофи...мажи...

Жената е како осакатен маж, а месечниот тек е семе, само нечисто семе. Бидејќи нејзе и недостасува само едно нешто, изворот на живот... бидејќи тој извор на живот го носи машкото семе“.

јас би рекла вака-
човекот без својата подобра половина односно без сродна душа е осакатен човек...
а семето...каде би посеале семе ако немате почва,а?
сепак изворот на животот не е само семето туку и почвата.
семето расфрлено низ ветар  е само обично јалово семе  кога нема каде да се посеенамигнување


Изменето од Andjelina - 23.Октомври.2009 во 13:50
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,969 секунди.