|
Лазар Колишевски и македонското прашање |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | |||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Никој не тврди дека биле поголеми Македонци од сите други, најмалку од дисидентите, кои за македонштината платија со глава.
Сепак, темата за Тито многу повеќе би разјаснила некои работи, па од мене имаш поддршка за отворање таква тема, одлично ќе биде да се разговара за тоа, секако од историски аспект! П.С. Прееска тоа не беше опомена за држење до тема, туку намерно спомнав, за да се држиме до темата, да не и ја изместиме насоката. |
|||||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Да се суди од оваа временска дистанца, а кога се има ментален склоп кој априори е предодреден да го отфрла политичкото опкружување во кои се наоѓала Македонија, па ако сакате и Југославија, тогаш нема да бидеме во состојба објективно да ги анализираме настаните и мотивите за донесувањето на одредени полтички одлуки.
Овде сакам да се оградам и заштитам пред се од можноста да бидам етикетиран како “комуњара“ или југоносталгичар, а уште помалку имам намера да ги бранам позициите на одредени личности од тоа време, вклучувајќ го и Колишевски. Немојте да заборавате во каква состојаба беше пошироката територија на Македонија гледано од историски, воен, економски и политички аспект. Немојте да заборавате низ какви турболентни времиња поминуваше македонскиот народ по формирањето на ново создадените монархии во нашето соседство и распадот на Отоманската Имерија. Немојте да заборавате дека последиците од нивните пропаганди, за жал и ден денеска ги чувстуваме. Немојте да заборавате дека сите тие мали монархии беа создадени за да ги штитат интересите на големите сили. Немојте да заборавате дека тие беа само сателити преку кој ќе се реализираат нивните империјалистички цели. Последователно на тоа Егејска Македонија станува англиска сфера на влијание, Пиринска Македонија станува советска сфера на влијание, она што денес го имаме како Република Македонија станува југословенска сфера на влијание. Се чини единствено лево ориентираните сили имале платформа и капацитет врз која ќе може да се реши проблемот на Македонија и нејзиниот народ. Не случајно е тоа што има блики контакти меѓу партизаните од Вардарска и Егејска Македонија. Не случајно е тоа што Македонците масовно се приклучуваат во Демократската Армија на Грција. Не случајно е што Титова Југославија ги подржува во текот на граѓанската војна се до онај момент кога големите сили не се вклучуваат да ги обезбедат своите сфери на влијание и одлуките од Јалта. Не случајно се донесува Резолуцијата на Инфорбирото. Не е случајно што македонските родљуби се сотрени кај Грамос и Вичо. Не е случаен егзодусот на Македонците од Егејска Македонија и нивното раселување во Узбекистан, Полска, Романија, Чехословачка, Унгарија, Југославија (во тоа време сите припаднички на тој лево ориентиран блок). Немојте да заборавате, додека беше жив еден Георги Димитров, националните права на Македонците се почитуваа, се формираа македонски училишта, весници, институции, дека Македонците се појавија на пописите во Бугарија. За жал оваа кусо траеше, а бугарскиот „социјализам“ почна да наликува по донос на Македонците на системот кој владееше до 1944 година. Немојте да заборавате дека тој Тито ги прибра раселените македонци на кои им беа обезбедени нормални услови за живеење, образување на сопствениот македонски јазик, простор за домување, вработување, културна и духовна изградба. Немојте да заборавате што бугарската и грчката држава направија од Македонците кои останаа таму и одбиваа да се бугаризираат или хеленизираат. Јас отворено се прашувам, дали ние денеска ќе ги уживаме благодетите и привилегијата да се носи македонскот име и на интелектуален план да можеме рамноправно да се носиме со сите наши негатори доколку не победеа тие лево ориентирани сили?! Не треба да гледаме подалеку од нашето соседство, убеден сум дека мнозинството од нас денес ќе беа Срби, како мнозинството во Бугарија што се чувстуваат Бугари или Грци во Грција. Малцинството кое ќе останело да си ја држи македонската линија ќе било маргинализирано и отфрлено од општеството, баш онака како што се отфрлени таквите луѓе и во Грција и во Бугарија. Несакам погрешно да бидам разбран дека ги оправдувам грешките кои ги направила таа гранитура на Македонци, но во едни такви луди времиња, каде во прашање бил опстанокот и исполнувањето на вековниот сон на македонскиот народ, барем на еден дел од територијата на Македонија, веројатно била жртва која македонскиот народ требало да ја поднесе. Врз основа на тие поденсени жртви ние денес ја имаме Република Македониј. Членка на поголем број светски организации, а прашање е на време кога таа наша Македонија и официјално ќе постане дел од интеграциските текови на таа Европа, блудница вавилонска. Ние сме во повластена положба во однос на нашите Македонци од соседните земји кои за жал ги немале истите прилики како и ние во Република Македонија. Но, тоа нетреба да не обесхрабрува, напротив ние треба да ја гледаме Република Македонија како мајка која ќе биде во состојба да помогне во рамките на своите можности нашите обесправени сонародници да си ги добијата своите светски загарантирани права, без разлика каде и да се. Во целата оваа приказна ниту Колишевски, ниту Тито, ниту Македонија или Југославија биле клучните фактори кои ја одлучувале судбината на Македонија. Тој истиот Тито, требал да направи компромис за Трст, Корушка, Штаерска.....и не заборавете бил словенчко-хрватска комбинација. Колку и тие неправди мене како Македонец ме болат, сепак сакам да останам со нозете на земја, (иако понекогаш главата ми е во облаци) и одговорно да изјавам дека не е се црно или бело, не се се дели на добро и зло, а тоа најмалку важи за политичките процеси или општествата во кои живееме. Македонија си останува Македонија и без Европа и без разлика на политчкото уредување, вусшност како и што била во изминатите 4000 години. Оставете ги протагонситете на различните политчки опции да се борат и докажуваат која од нив ќе не доведе да стигнеме до совршеното општество. Дел од македонската историја се и Алекснадар , Самоил, Карпош, Гоце Делчев, Алекснадров, Влахов, Рацин, Ченто, Пинџур, Ацев, Тито па према тоа и Колишевски,па и еден Љубчо Георгиевски сакал тоа некој да го признае или не. Кој повеќе кој помалку имал , а некој воопшто немал заслуга за она што денес го знаеме како Македонија. Знам само едно, Македонија се изборуват за својата државност во еден историски период во кој се појавува наушна потреба да се раскрсти со националшовинситичките платформи кои ја доминарале Европа во иминатите 2 века. Ајде запрашај те се кому му смета што Македонија ја стекан својата државност во овај период, па према тоа и си зема за право да го доведува до прашање легимитетот на таа државност, а со тоа и вековната борба на македонскиот народ да стигне до својата независност?! Поставете се во нечива кожа (улога) па после донесувајте судови или едноставно поставете си го прашањето, каква одлука јас би донел да сум на негово место? Имајте ги во предвид консеквенците. Големи борци, историчари, стратези, политичари и лидери се чини можат да се сретнат на секое ќоше. Изменето од Platenik - 23.Октомври.2009 во 02:28 |
|||||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Не, немам намера никого да етикетирам со било какви именувања, од проста причина што сите сме Македонци и сме ставени во една идиотска апсурдна позиција токму од тие, комуњарите, а не од лево ориентираните сили, бидејќи, кои се всушност левите сили? Тргнувајќи од левото крило на ВМРО, па завршувајќи до Влахов, Шарло, Шатев, Марковски, Рацин, Брашнаров, Ченто се се тоа дејци на левите сили. Ама ако ние под „леви сили“ подразбираме имиња како Колишевски, Страхил Гигов, Михајло Апостолски и др. е тогаш имаме голем проблем. Што се однесува до Тито, дај да бидеме реални. На Тито му било гајле за Македонија, Македонците и македонското прашање воопшто. Единствената работа за која тој се грижел била Југославија, наследничката на стара Југославија, а инструменти за одржување на истата во рамките на нејзиините постојни граници биле токму овие горе спомнатите. Преку нив тој буквално ги почистил потенцијалните закани за територијалниот интегритет на таа измислена држава во која Македонците не влегле доброволно, како што тоа го пишуваше до неодамна во учебниците по историја (не знам дали е така се уште)Од 1918 година Македонија влегува во составот на Кралството СХС, како да сме излегле на референдум и сме го изгласале тоа. Сме биле поробени! А струјата на Ченто барала да му се овозможи на Македонецот неговото неприкосновено право самиот да одлучува за себе, нели тој се залагал во уставот на ФНРЈ да се вметне член со кој секоја република би имала право на отцепување. Епа против тоа се борел Колишевски, против оттргнувањето на ФР Македонија од сферата на српските интереси. Каде се школувал тој? Кога дошол во Македонија, не знаел ни да зборува македонски!
|
|||||||
Zero Tolerance For Silence
|
|||||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Сакал некој да признае или не и тие личности изиграле одредена улога во сосздавањето на македонската држава. Велам македонската држава во која за првпат Македонците добиваат статус на засебен народ, кога за првпат се создаваат сопствени академии, научни и образовни иституции, акдемски кадар, стучњаци, поети, писатели сликари, глумци дипломати.... кои достојно ќе ја ширата и преставуваат македонската нација. Нивни потомци сме и ние, кои можеме гордо да се наречеме Македонци.
Македонците под СХС биле Срби, под бугарска окупација Бугари, под Грција Грци, а во ФНРЈ/СФРЈ биле Македонци, а и конститутивен народ. Македонскиот бил еден од трите државни јазици. Дали на Тито му чуело за Македонија или не, незнам, ама според погорното можам да заклучам дека не му било баш сеедно. Ако не му било галје за Македонија, негледам причина зошто не би му било гајле за дежела, а од друга страна резултатот бил ист. Зошто не издржал до крај ќе оставиме на историчарите да проценат, дали ради неговата слабост, негиржа или заради моќта на “сојузниците“. Велам, жалосно е што останатите делови на Македонија останале надвор од тековите кои се одвивале во СРМ/РМ. Штета е што и во Грција не победила ДАГ, а штета е и што Георги Димитров непоживеал подолго. Но времето работи за нас. Јас повоторно прашувам, кому му е криво што Македонија ја добила својата државност во такви историски околности? На бугарските, грчките и српските монархисти и фашисти, на денешниве бугарски и грчки демократи, на кого?! Или пак на таквите кои потајно, а сега и јавно се изјаснуваат дека се поборници на една од пропагандите на сателитите на големите држави. Еден Колишевски или било кој друг, замене е само маргиналец, единка, кога во прашање е Македонија и нејзиниот опстанок. Дај да не се доведуваме во ситуација каде не ќе можеме да ја видиме шумата, заради тоа што има премногу дрва! Познато е дека рволуцијата некогаш си ги јаде своите чеда, ама ние сами се јадеме и без раволуција. |
|||||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Платеник, во твојот пост има само многу релативизирање и некое чудно повикување на разумност, не би знаел како да го наречам тоа, но и не е важно, ајде. Кои токови се случувале во ФРМ/СРМ? Гушење на националниот идентитет, местени процеси и преследувања, политички и физички ликвидации итн. Зборуваш за академии, ајде еве едно конкретно прашање- зошто во тој период беше табуизиран Тодор Александров и редица други револуционери? И прашуваш, „кому му е криво што Македонија ја добила својата државност“- и навистина, кому му е криво? Сите македонски дејци се бореле за тоа. Но ФРМ/СРМ не била независна држава, и во голема мера и тие академии и политичкиот врв гледале на север. Блаже Ристовски дури и сега си кажува дека во многу нешта се угледува на САНУ. Револуцијата не ги јаде своите деца- тие деца биле изедени од мршојадци.
Изменето од Pat - 23.Октомври.2009 во 13:30 |
|||||||
Zero Tolerance For Silence
|
|||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Во времето на Лазар Колишевски, многу работи се случувале во Југославија, многу политики, интриги, сплетки и слично од кои страдале сите народи, па и македонскиот. Прво, како што кажав, административниот социјализам-етатизмот. Се настојувало сојузната власт да ја приграби сета власт за себе, а секој противник на таа идеја бил прогласуван за државен непријател и елемент несраснат за федерацијата кој веднаш треба да биде елиминиран. Второ- НР Македонија не била независна држава, била држава членка на федерација ( од самата дефиниција на федерацијата произлегува дека сојузната власт има поголеми ингеренции од власта на државите членки на истата ), па следствено на тоа, ако го додадеме и фактот дека имаме административен социјализам, веднаш е јасно дека НР Македонија имала мали ингеренции во почетокот, па и не можела да спречи ништо, дури и самиот Лазар Колишевски во многу наврати зборувал дека за македонското прашање повлечени се погрешни потези. Во книгата за Егејските Македонци, јасно пишува дека е потребна комплетна мобилизација на фронтовците за помош на нашите браќа таму, особено жесток по ова прашање бил Лазар Мојсов, за што интервенирала и британската амбасада, нарекувајќи го "бесен македонски националист" и барала негова смена бидејќи во тоа време веќе се чувствуваат првите немири во НР Македонија и загриженоста на народот за тоа што се случува таму. Не случајно "Нова Македонија" ќе излезе со критика за пасивноста на Југославија по тоа прашање, меѓутоа при собирот на ИЗ на КПЈ британската амбасада јасно ќе им стави до знаење дека следната грешка ќе резултира со затворање на границите кон Југославија и економска блокада на земјата, па оттогаш Југославија ќе го промени и односот кон македонското прашање. Прочитај ги сите дела на Лазар Колишевски, а особено прочитај ги и изјавите на оние кои разговарале со него за низа прашања, како на пример за Венко Марковски и слично. |
|||||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Пат, Во дават мои поста се содржани сите одговори на твоите прашања. Јас неможам да најдам подобри зборови со кои би ги објаснил моите мисли на поедниставен и поразбирлив начин. Се разбира би требело да напишам книга или некоја студија со која би ги објаснил тековите кои се одвивале во рамките на ФРМ, а подоцна и во СРМ. Меѓутоа што јас и ти комуницираме на литературен македонски јазик, тоа што Македонскиот народ бил конститутивен во Југославија, македонскиот јазик бил еден од трите официјални јазици, понатаму се образувале стручни кадри од сите област на сопствениот мајчин јазик, имање сосптвени медиуми, културни институции, влада парламент, претставници на федерално ниво, амбасадори... се факти што тешко некој ќе може да ги побие. Јас ќе те прашам, што добиле Македонците кои останале под бугарска и грчка окупација? На кое ниво останале во однос на зачувувањето на сопствениот македонски идентитет? Па ако сакаш и ниво на образованост доколку не е на грчки и бугарски. Жално! Кому му бил задушен националниот идентитет? Македонија и македонството биле испеани многу повеќе одколку сите други народи и народности кои живееле во Југославија заедно. Чија култура претставувал ТАНЕЦ, една од трите нареномирани професионални асамбли кои постоеле во Југославија? Јас би рекол и најреномиран асамбал, кој и ден денеска постои. Ако зборуваш дека некому му бил гушен националниот идентитет, тогаш сигурно зборуваш за оние екстремните, како четниците, усташите и балистите. Во Македонија никогаш не се развил екстремен национализам ниту пак имало услови за тоа. И денешниот национализам кој постои во Македонија повеќе е реакција на нашите оспорувања отколку што е природен, генетски, ако можам така да се изразам. Што е битно од оваа цела дискусија? Дека Македонија ја стекна својата државност, национално и културно се афирмира, интелектуално воздигна, а по степен на образованост ги стигна, дури можеби и ги надмина соседите. Демократските процеси во Македонија се спроведуваат како никаде на Балканот, па и пошироко. Дали треба да ги дискутираме само “прифатливите“ политчките опции до кои Македонија требеше да дојде до својата независност или пак ќе ги дискутирам резултатите од конфронтацијата на политичките ривали?! Во тоа време немало западен тип на демократија и било или си со нас или си против нас. Но, кога ќе размислам подбро, дури и ден денеска во западните демократски општества тоа паравило е на сила. Зарем Буш не го изјавиотоа јавно?! Историски гледано, во тој временски период мислам дека непостоеше друга политичка опција која на Македонија ќе и го обезбедеше она за кое долги години се бореше. Она што сме го стекнале со ФРМ или СРМ. Таа етапа е завршена, а сега одиме понатаму, самостојно. Целата е постигната, а поекогаш целта не ги бира средствата. Гарнитурата на Колишевски беше само една фаза од нашата борба да се стигне до самостојна, независна и суверена Македонија. Чест секому, вересија никому. Секој според заслугите, а тоа важи и за мене и за тебе и за Колишевски, па и за Александров. Несакам да се мерам со никого, поготово што можеби никогаш нема ни да го достигнам резултатите кои нашите предходници ги потигнале за нашата македонска кауза. Нека пукнат душманите на Македонија, а меѓу нив и домашните издајници, петтоколонашите. Изменето од Platenik - 24.Октомври.2009 во 08:56 |
|||||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Во што е Колишевски позаслужен од Александров жити се? „По окупацијата на земјата, српското раководство го испраќа Колишевски во Македонија, каде што тој се вклучува во подготовките на востанието против бугарската власт. На 6 ноември 1941 година е уапсен од бугарската окупаторска полиција[1], заедно со 15 други дејци на Охридската партијна организација[2] и на судскиот процес во Охрид заедно со Петре Пирузе[3] комунистички партизан, инаку македонци по род, е осуден на смрт. На 7 декември Колишевски поднесува додека престојува во окупаторскиот затвор[4] поднесува молба за помилување до бугарскиот цар, по што смртната казна му е заменета со доживотен затвор. Во март 1942 година е префрлен од Скопскиот затвор во затворот во Плевен и таму останува се до капитулацијата на Бугарија и доаѓањето на власт на Отечествениот фронт на 9 септември 1944 година.“ http://mk.wikipedia.org/wiki/Лазар_Колишевски Веднаш после тоа започнуваат политичките и физичките ликвидации на вистинските борци. По своето ослободување, Колишевски се враќа во Македонија каде ја презема функцијата Секретар на Комунистичката партија на Македонија, на која бил избран во отсуство, при основањето на КПМ на 19 март 1943 година. На оваа функција останува до јули 1963. „На Третото собрание на АСНОМ на 16 април 1945 година е избран за прв претседател на Владата на Демократска Федеративна Македонија. Лазар Колишевски активно учествува во прогонот на македонските противници на новата власт. Со негово знаење истите биле или убивани или праќани на Голи Оток. За противници на новата власт, ги сметал сите напредни интелектуалци како и негови поранешни соборци, кои јавно ја истакнувале идејата за Независна Македонија. Голем дел од нив биле елиминирани дури и во затворите, без можност, некогаш да бидат помилувани или ослободени. Во текот на својата политичка кариера, Колишевски бил на различни државни и партиски функции, при што игра важна улога во политичките настани и општествените процеси во СРМ и СФРЈ.“ Да видиме уште некои интересни детали за него: Жителите на Зррле не се помируваат- председателот гази врз коските на нашите предци Прохор Пчински Шарло Масакрите „...Поради тоа Ченто го повикал секретарот на ЦК КПМ, Лазар Колишевски, истовремено и потпретседател на АСНОМ, кој божем извинувајќи му се дека не се виделе порано поради божикните празници кратко и јасно објаснил дека тоа е сторено по налог на Едвард Кардељ!? "Кога го испраќав по (Второто) заседание на АСНОМ (28 декември 1944 година во Скопје - н.з.) ми рече дека е многу зачуден што за време на Војната во Македонија имало толку многу малку жртви во споредба со другите краишта на Југославија. (Кардељ) ми рече дека за да се потврди сликата која е создадена кај сојузниците, треба од ОЗНА нечујно сите затвореници да бидат стрелани. Мислев дека и ти треба да си согласен со овој став, бидејќи и Партијата се согласува сите народни непријатели да се ликвидираат. Следните вечери треба да бидат ликвидирани и во другите градови" - рекол Колишевски...“ Петоколонаши велиш...Да, Колишевски бил типичен петоколонаш. Изменето од Pat - 24.Октомври.2009 во 15:31 |
|||||||
Zero Tolerance For Silence
|
|||||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Јас не ги глорифицирам работите и “успесите“ кои Колишевски ги постигнал. Наполно се сложувам дека тој бил анонимус на македонската политичката сцена, а со тоа и како лидер или идеолог во комунистичката организација. Во НОВ се појавува кон крајот на втората светска војна и под чудни околности се вивнува до највисоките можни позиции во ново создадената рамноправна федерална единка, ФР Македонија. Ако ме прашаш дали по заслуга, ќе речам не. Човекот немал ниту интелектуален капацитет, ниту лидерски, а ниту организатосрки способности. Имал едно нешто да понуди, а тоа е способноста да се прилагоди на идеите за решавањето на јужнословенството, а со тоа и на болното македоснкото прашање. Се чини дека во тоа време на мнозинството од македонскиот народ не им сметала таа опција и од се срце ја прифатило идејата за Македонија да постане рамноправна федерална единка.
Од таквата еуфорија и радост меѓу народот дека ете конечно и Македонија и припаѓа на Македонците, произлегува и мандатот на ганитурата на Колишевски да се пресмета со политичките конк*ренти. Класична политичка борба без пардон. Кога ќе размислам, ништо поразлично од политичките пресметки меѓу Македонците од 20-30тите години од минатиот век. Полтички опортунист, кој ја искористил секоја една прилика кој му се укажала. Лесно му било да излезе како победник од причина што тој имал силна подршка од повисоките федерални истанци, а за кои верувам дека имале повозвишени идеали одколку тесно градите националшовинистички ориентирани елементи, кои биле остатоци од минатото. Со таквите елемнти тие безмилосно се пресметувале не само во Македонија туку и на целата територија на ФНРЈ. Сметај го тоа како борба на две спротивставени идеологии, а од таа борба повторно Македонците излегуваат со “најмал“ допринос и на Голи Оток и по другите политички затвори. Велам жалосно е што голем број македонски борци се жртвувани, но тоа само покажува дека конфронтацијата на идеолошки план, често пати ги разединува луѓето, ма колку тие да и припаѓаат на еден народ, нација. Колку и да несакам да двојам некого, сепак постои разлика меѓу Колишевски и Александров. Алекснадров, е и ќе остане контраверзна личност. Се бори за независна Македонија, а од друга страна како Бугарин чија крајна цел ќе му биде присоединување на Македонија кон Бугарија. Тие негови ставови се косат со интерсите на Македонскиот народ и постоењето на Македонија како независна држава или како федерална единка. Под претпоставка тоа да се случело, дали значи дека во Бугарија, Македонците ќе станеле Бугари?! Познавајќи ги историските прилики, не се сомневам дека тоа и ќе станело. Затоа Бугарите и Бугароманите играат на таа карта. За разлика во времето на НОВ и понего, а и во времето на Колишевски се раѓа Македонската држава, прво како федерална единка, за да тој процес во 90тите резултира во независна, самостојна Република Македонија. Во тој процес Македонците остануваат Македонци, не Срби, не Бугари. Во тој процес ние културно се издигнуваме, образуваме, формираме македонски организации и институции. Македонците се афирмираат, градат кадар, спремен да се носат со проблемите во секој еден сегмент од општествено политичкиот, економскиот и кутурниот живот на новата федерална единка, а подоцна и на Република Македонија. Ниту Платеникот, ниту Пат, ниту било кој друг немало да бидат оние кои се, доколку непостоела Македонија. Сигурно дека ова не се заслуги на Колишевски, туку допринос на долготрајна и макотрпна работа на многу луѓе кои грижливо го чуваа и негуваа македонскиот бит. Тој како учесник во сето тоа сигурен сум дека мешал во манџата, да не загори случајно. Дали можеш да видиш каде е разликата меѓу Колишевски и Алекснадров? Што е битно за мене, а верувам и за сите руги Македонци? Битно е што Македонија ја постигна целта! Немам никаква грижа на совест кој, како и на кој начин ја постигнал целта. Се друго може да биде само злоба и љубомора на успесите кои Македонија ги постигнала во изминативе 70тина години, а пред се од губитниците на оваа или онаа политичка опција или пак од петоколонашите и нивните спонзори. Дали сега ќе ја доведуваме под знак прашање и легитимноста на НОВ и околностите под кои Македониај ја стекна својата државност?! Ќе ми простите, ама тоа е само една алка од синџирот на вековната борба на македонскиот народ. Пордолжеток на Илинден кој по некоја случајност кулминраше во 1944/45, па ако сакате и во 1992 година. Македонија победи во однос на Србија, Македонија победува во однос на Бугарија и Грција, се друго е ирелевантно. Македонскиот сон стана јаве. Изменето од Platenik - 26.Октомври.2009 во 04:16 |
|||||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Од ова што го приложи можам да кажам дека сепак нешто сторил за Македонија, имено лежел затвор две години поради тоа што сакал да крене востание во Македонија, бугарски затвор ( прашај некој од постарите, нека ти објаснат што е бугарски затвор и нека ти ја објаснат максимата 10 удри едно брои ). Не е точно дека српското раководство го испраќа, го испраќа југословенското, односно раководството на КПЈ.
Ликвидациите започнуваат во текот на борбите ( примерот со Шарло и Кочо Рацин ), ама за организирани ликвидации може да говориме дури по ослободувањето на Југославија и Македонија.
Колишевски реално немал моќ во времето на етатизмот и централизацијата на моќта, сите тие кои биле испратени на Голи Оток да ги изведе од затвор без да добие благослов од највисокото раководство на КПЈ. Само за пример, Колишевски не се согласувал Венко Марковски ( патем, сосед на фамилијата на баба ми, две улици подолу од нас ) да отиде во затвор, ама по наредба од "горе" морал да премолчи. Сите конци во тоа време биле влечени од највисокото раководство на КПЈ. Ете, дури и во книгата негова стои дека требало да им се помогне на Македонците од Егејска Македонија, ама откако Тито, по наредба на британската амбасада, забранил помош и ги затворил границите, никој не смеел ниту да помисли да помогне.
Ова е повеќе поврзано со процесот на експропријацијата национализацијата на средствата за производство, не лично со Колишевски. И кај нас е истото сторено, национализирано е земјиште и слично ( партизанска фамилија ), тоа не значи дека Колишевски го стори тоа. Сега на тоа место се наоѓаат претседателска вила и куќите на други големци. А за рушење цркви, тогаш беше комунизам, нека не те чуди тоа, сепак добро поминавме ние, народот не ја заборави верата и не ги даде црквите за разлика од другите комунистички цркви, вклучително и некои републики од Југославија.
За ова си во право, во името на братството и единството направена е оваа катастрофална грешка. Во однос на Србите, Колишевски не дозволи враќање на 200.000 Срби во Македонија, во наредба лично потпишана од него право на враќање имаат само Србите во брак со Македонци/Македонки, додека другите немаат. Дури и имотите на колонистите не им ги врати.
И за ова си во право.
За ова не си во право. Дали знаеш дека Едвард Кардељ бил највлијателниот човек по Тито во рамките на Југославија? Тој успеа на многу Републики да им ја скрои капата, тој беше човекот кој ги пишуваше Уставите на Југославија и тој ја проверуваше "чистотата на верата ( марксизмот )". Колишевски не бил воопшто моќен да му се спротивстави. Сите кои го сторија тоа, мораа подоцна да ја напуштат функцијата. Како што гледаш, јас не го бранам Лазар Колишевски, се што е позитивно го истакнав, но и се што е негативно! Не можеме да гледаме црно-бело на работите, секогаш треба да се истакне позитивното, но и негативното. |
|||||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Платеник, во твојот пост има многу спротивставени на себе гледишта, а ти ги поддржуваш и едните и другите:
-Колишевски бил некомпетентен анонимус -народот му дал на Колишевски мандат да се пресметува со политичките противници -македонскиот народ сакал своја самобитност -цитирам: Лесно му било да излезе како победник од причина што тој имал силна подршка од повисоките федерални истанци, а за кои верувам дека имале повозвишени идеали одколку тесно градите националшовинистички ориентирани елементи, кои биле остатоци од минатото Кои се тие тесногради националшовинистички елементи кои биле остатоци од минатото- дали Ченто, Шарло, Шатев, Брашнаров, Марковски итн.? Уште еден цитат: Велам жалосно е што голем број македонски борци се жртвувани, но тоа само покажува дека припадноста кон некоја идеологија, често пати ги разединува луѓето, ма колку тие да и припаѓаат на еден народ, нација. Човеку, како не можеш да разбереш, истиот тој анонимус не се вивнал на врвот, туку бил вивнат на врвот. Бил поставен од неговите ментори чиишто наребди тој ги извршувал слепо и безкомпромисно. Затоа што народот толку еуфорично се согласувал во такви услови да влеземе во таа федерација, затоа и ги имало тие масакри. Останатото е само рационализација. Изменето од Pat - 25.Октомври.2009 во 13:24 |
|||||||
Zero Tolerance For Silence
|
|||||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Македон, дали ти можеш да направиш разлика помеѓу на пример Мирче Ацев, Коле Неделковски и Никола Вапцаров од една страна, и Колишевски, кој што се изјаснил како Бугарин само за да биде помилуван, од друга страна |
|||||||
Zero Tolerance For Silence
|
|||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Секако Pat, за тоа збор не станува, зарем мислиш дека ќе ги ставам на исто рамниште?! Јас само пишувам што и како се правело тогаш, во времето на Колишевски, негативното, но и позитивното, сакам објективно да се гледа на нештата. |
|||||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Епа, објективно гледано на нештата, Колишевски бил полтрон и петоколонаш, со чиј амин се направени големи злосторства и во поглед на обичниот народ, и во поглед на прогресивните македонски дејци и во поглед на многу други нешта. Ти велиш, направил позитивни нешта, ама акде вака да ги поставиме нештата- зошто?
- Доколку дозволил да се вратат српските колонисти, можеби би ризикувал немири во СРМ, бидејќи сеќавањата биле сеуште свежи за тоа како се заграбале имоти од Македонците. - Кој издејствувал да бидат пратени на Голи Оток и во Идризово истакнати дејци од НОБ? Кој издејствувал да се тргне Венко Марковски, а кој дал амин за тоа? Има многу нешта кои допрва треба да излегуваат на виделина. |
|||||||
Zero Tolerance For Silence
|
|||||||
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |