IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Лазар Колишевски и македонското прашање
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Лазар Колишевски и македонското прашање

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2009 во 18:49
Велешкиот масакр од 15 јануари 1945 година


Јосип Броз и Едвард Кардељ

На 15 јануари 1945 година, стрелани се 53 затвореници од велешкиот затвор. Судбината на тие луѓе долго време беше табу-тема во Македонија, а за злосторот почна поотворено да се зборува дури пред 15-тина години.

На 7 јануари 1945 година се случил бунтот на македонските војници стационирани на Кале. Поради тоа, Белград во Скопје го испраќа началникот на КОС Јефто Шашиќ (умре во 2000 година) за да ја среди работата со Републиката чии војници повеќе сакале да се борат за Солун, отколку да гинат како топовско месо на Срем.

Во Скопје Шашиќ останува цела недела, се додека на 15 јануари не добил известување дека ден пред тоа, бунт се случил и во касарната во Штип. Поради тоа, тој со придружба, во џип, тргнал за Штип. Во попладневните часови, негде во близина на денешното вештачко Велешко Езеро, поради брзање, на една остра кривина џипот слетал од патот во Отовичка река.

ПИЈАНА ВЕЧЕР
‘Великиот’ началник поминал неповреден, но бил мокар до ‘гола кожа’. Поради тоа не можел вечерта да продолжи за Штип, туку останал во Велес. Домаќините од Комунистичката партија го нагостиле, а според пишувањето на биографот на Јосип Броз Тито, Владимир Дедиер, вечерта, поднапиен, Шашиќ почнал да се распрашува како функционира новата власт и дали има непријатели. Му одговориле дека има 50-тина затвореници, по што Шашиќ дал наредба веднаш да бидат стрелани.

Така започнува масакрот од кој се спасиле само двајца, еден со сокривање зад вратата од ќелијата. Затворениците биле натоварени на камион и однесени на една мала висорамнина во близината на Велес, каде 13 од нив биле стрелани, а другите убиени со некој предмет.

Нивните остатоци беа ексхумирани во 1996 година, но Македонија како држвава не продолжи да се занимава со овој случај, кој претставува класично воено злосторство бидејќи сите се ликвидирани без судска пресуда. Хрватите, на пример, се обидоа тоа да го процесуираат виновникот за ликвидација на 140 луѓе во 1945 година - Петар Зинаиќ, против кого поведоа истражна постапка, а ја прекинаа кога Зинаиќ во 2007 година умре во 90-та година од животот.

МИНУСИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Словенците исто така барем јавно го посочија некогашниот комунистички функционер Митја Рибичиќ како одговорен за воени злосторства. Во Македонија, за жал, на ова поле ништо поконкретно не е сторено, иако по велешките ликвидации, следеа и такви во Ресен и Куманово, а затворениците од прилепскиот затвор за влакно се имаат спасено. Се чини, Македонија се уште е во голема љубов со своето комунистичко минато во кое имаше убави работи, но и одвратни масакри и злосторства.


Инаку, според спомените на Методија Андонов - Ченто, злосторствата во Македонија почнуваат откако на 28 декември 1944 година, во Скопје, како гостин на Второто заседание на АСНОМ означено како вонредно, присуствувал Едвард Кардељ.

На заминување тој му спомнал на Лазар Колишевски дека Македонија има неколку минуси кај КПЈ - последна почнала со востанието, имала најмалку жртви, нејзиното население удобно ја поминало војната, имала најмалку разурнувања и нејзината војска не учествувала во ослободувањето на Југославија.

Колишевски тогаш прашал што да прави, на што Кардељ му рекол дека некои работи не можат да се поправат, но за два минуси може нешто да се стори: ОЗНА веднаш да почне да апси и нечујно да ликвидира и Македонија веднаш да испрати војници на Срем.

Спроведувањето на оваа наредба ги крева на нозе војниците на Калето и во Штип, тоа го носи во Скопје Јефто Шашиќ, а едно слетување од патот го задржува вечерта на 15 јануари 1945 година во Велес. Така почнува реализацијата на наредбата на Кардељ.




Изменето од cercetator - 05.Јули.2009 во 18:51
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2009 во 14:38


Писмо од Лазар Колишевски до партизаните во Пиринска Македонија
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2009 во 21:20
Лазар Колишевски за Македонците во Егејска Македонија

ЗА ПОМОШ НА НАШИТЕ БРАЌА ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2009 во 21:40
По делата ќе ги познаете, а не по зборовите
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2009 во 21:44
Море како што читам, и по зборовите- тој чпвек бил Југословен, а не Македонец. што толку го браните, не знам

Цитат: „Доколку нашата емиграција или некој друг во Бугарија сака да ни помогне, тоа може да го стори единствено преку патот Софија- Белград- Скопје“ Ако тоа не е србоманија, тогаш не знам што е.

Изменето од Pat - 22.Октомври.2009 во 21:48
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2009 во 21:46
Originally posted by Pat Pat напиша:

Море како што читам, и по зборовите- тој чпвек бил Југословен, а не Македонец. што толку го браните, не знам


Да, точно, колку што бил Македонец, тој бил и Југословен, јасно е дека решението на македонското прашање го гледал во рамките на Југославија.
Никој никого не брани, само дискутираме, убаво е да проанализираме се, не треба да судиме веднаш.големо%20гушкање
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2009 во 21:52
Originally posted by Pat Pat напиша:



Цитат: „Доколку нашата емиграција или некој друг во Бугарија сака да ни помогне, тоа може да го стори единствено преку патот Софија- Белград- Скопје“ Ако тоа не е србоманија, тогаш не знам што е.


Пат, не заборавај дека тоа се случува во периодот по Втората Светска војна, кога владее т.н. административен социјализам, од 1945 година до 1951 година, познат и како етатизам, кога федерацијата ја централизира сета власт во републиките, кои и покрај формалниот статус на држави, сепак, ги немаат сите овластувања кои треба да ги имаат, а и нормално е во една федерација самата федерација да располага со поголема власт отколку државите-членки на истата, самата дефиниција на федерацијата го подразбира тоа.
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2009 во 22:00
Македон, едноставно кажано, Колишевски бил полтрон, кој шѕо го дал Прохор Пчински на Србите, и кој што имал вазалски менталитет, што не бил случајот кај Ченто, затоа тој бил и тргнат, а овој поставен на власт, како инструмент за отуѓување на македонскиот народ од своите браќа во Пиринска и во Егејска Македонија. Што се случува денес со таа емиграција, имаме ли ние денес контакти со нив, со нивните потомци, со потомците на некои наши славни личности од минатото, а кои денес живеат таму?
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2009 во 22:07
Originally posted by Pat Pat напиша:

Македон, едноставно кажано, Колишевски бил полтрон, кој шѕо го дал Прохор Пчински на Србите, и кој што имал вазалски менталитет, што не бил случајот кај Ченто, затоа тој бил и тргнат, а овој поставен на власт, како инструмент за отуѓување на македонскиот народ од своите браќа во Пиринска и во Егејска Македонија. Што се случува денес со таа емиграција, имаме ли ние денес контакти со нив, со нивните потомци, со потомците на некои наши славни личности од минатото, а кои денес живеат таму?


Колишевски бил многу вешт во политиката, знаел дури и на самиот Тито да му се спротивстави, меѓутоа точно е тоа дека во однос на македонското прашање направил неколку големи грешки, за што и самиот подоцна признава, сепак, во тоа време и политичките прилики биле доста тешки. Сепак, тој а и доста други, па и самиот Тито, во однос на Македонците во Егејска Македонија направија нешто, не сторија се, но и толку можеа, не случајно британскиот амбасадор во Југославија е крајно вознемирен од односот на македонските власти кон Македонците во Егејска Македонија, напротив, Македонците од Егејска Македонија не се оттуѓени од Македонците тука, не случајно таму и ден-денес се приврзани кон нас и се чувствуваат како неодвоив дел од нас ( погледни ја темата Македонците од Егејска Македонија, таму има доста докази за тоа што го зборувам ), па и се изјаснуваат како Македонци, додека прашањето со Бугарија посебно се политизира по 1948 година ( резолуциите на Информбирото во однос на ФНР Југославија), а и блискоста меѓу нас и нашата емиграција замрува пред се поради тоа што македонската емиграција во Софија и другите делови на Бугарија, односно голем дел од неа не сака да се сврзе целосно со НР Македонија, туку лојалноста кон Бугарија е поголема, а и самата бугарска политика е вешта, па одлично успева да го ползува тоа.
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2009 во 22:13
Да, за тие во Егејска Македонија знам, нормално е дека ќе се приврзани кон нас, но што мислиш, дали ќе се отуѓевме и од оние во Пиринска, доколку не победеше таа, полтронската опција. А за Тито не ми зборувај. Знаеш ли за сликата која му ја дал Тито на Ченто, со ветување дека ќе се заложи за македонското прашање, и со зборовите „ти ја давам оваа слика, за ако ве изневерам, да покажувате кој ве изневерил“!!! Па каков цинизам е тоа?! А најголемиот парадокс е тоа што југоносталгијата најмногу ја боледуваат- Македонците!
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2009 во 22:21
Originally posted by Pat Pat напиша:

Да, за тие во Егејска Македонија знам, нормално е дека ќе се приврзани кон нас, но што мислиш, дали ќе се отуѓевме и од оние во Пиринска, доколку не победеше таа, полтронската опција. А за Тито не ми зборувај. Знаеш ли за сликата која му ја дал Тито на Ченто, со ветување дека ќе се заложи за македонското прашање, и со зборовите „ти ја давам оваа слика, за ако ве изневерам, да покажувате кој ве изневерил“!!! Па каков цинизам е тоа?! А најголемиот парадокс е тоа што југоносталгијата најмногу ја боледуваат- Македонците!


Тие од Пиринска Македонија беа приврзани кон нас, меѓутоа по резолуцијата од информбирото, политиката на Бугарија кон Македонците и Југославија се менува, па следствено на тоа и Македонците се оттуѓуваат едни од други, а и голем дел од Македонците во Бугарија ( не говорам за тие од Пиринска ) беа повеќе лојални на Бугарија, отколку на Македонија.
Сепак, тоа е веќе политика во која ниту Југославија не била играч, туку големите сили, Велика Британија, САД и СССР, тие се оние кои ја скроија капата на Македонците.
Кога зборував за Тито мислев на периодот кога им помагал на Македонците, се до интервенцијата на амбасадата на Велика Британија, кога јасно му е порачано дека Титова Југославија ќе биде препуштена на СССР ако продолжи да им помага на Македонците во Егејска Македонија и дека Грција е во британската сфера на влијание. Сепак во 60-тите Тито ги повика Македонците да се вратат во Македонија, на што Македонците од Егејска Македонија ширум светот одговорија позитивно и се вратија овде.
Сепак, да не се одалечуваме од темата, темата е за Лазар Колишевски, има тема за македонската емиграција.


Изменето од Македон - 22.Октомври.2009 во 22:25
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Октомври.2009 во 22:51
Македон, со сета почит, ама ние не зборуваме за односите на Колишевски со жена му, туку за последиците на неговото владеење со Македонија. Прво прашање, зошто македонската ениграција во Бугарија била повеќе лојална кон Бугарија отколку кон Македонија? Зар не се тоа потомците на македонската интелегенција која се борела за независна Македонија во минатото, како и потомците на оние кои српската власт ги протера во периодот 1913-41? Па уште имаме и потомци, како што реков, на некои многу познати личности, на пример од македонската преродба. Одговорот според мене е- поради тоа што во Македонија била инсталирана просрпска власт, а Македонците не биле баш толку приврзани кон Србите во минатото. Што правиме со велешкиот масакр, со масакрот на Кале, со убиството на Кочо Рацин, а за Ченто, Шатев и Брашнаров да не зборуваме?!

Изменето од Pat - 22.Октомври.2009 во 22:52
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 00:10
Сето тоа беше политика - Македонците кои иэбегаа эа Бугарија беа верни на Инфорбирото како и самите Бугари - нормално неможеме да ги наречеме и едните и другите дека се Руси,едноставно тие бранеле политика а се покажа дека таа политика е погрешна
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 00:53
Ахаа...Сакаш да кажеш дека овие нашиве што ја бранеле политиката на Тито бранеле правилна политика и биле поголеми Македонци од нив или од македонските дисиденти во ФРМ? Има ли на овој форум тема за Тито или јас да отворам една каде ќе пуштам линкови кон видеа каде се гледа колку Маршалот бил филантроп, всушност?!
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.