IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - СУШТИНАТА НА ХРИСТИЈАНСТВОТО
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СУШТИНАТА НА ХРИСТИЈАНСТВОТО

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
Автор
Порака
Safe_Haven Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 15
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Safe_Haven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2006 во 20:14
Браво бе Стево.Се што кажа е така.супер образложено и аргументирано.Библиски.
"...To give children a good education in manners, arts and science, is important; to give them a religious education is indispensable..."
Noah Webster's dictionary
definition of "education"
Кон врв
krale Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 923
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај krale Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2006 во 10:14
Еве уште еден пример да надоврзам од еден англиски филозоф Луис (писателот на Нарнија) што е сличен на овој пример што го даде Стевче од Блез Паскал, па можда ќе ви биде интересен ( а посебно на те*е бутел).

Луис ја поставува оваа проблематика на еден ваков начин. Вели Христос за се*е тврдел дека е Божји Син, спасител, месијата. Во таков контекст, вели Луис, остануваат две опции: 1) Лаже 2) Ја зборува вистината.

1) Ако лаже, има повторно две опции:
а) лаже свесно
б) лаже несвесно (односно е ментално пореметен).

Луис понатаму вели ако Христос лажел свесно, тогаш несомнено тој не бил во ред ментално, бидејќи за таа своја лага и умрел. На своето судење Христос имал можност да ја признае својата лага и да ја избегне казната.

Значи всушност, вели Луис, остануваат само овие две опции:

Христос е или:

    1) Луд
    2) Ја зборува вистината.

Понатаму Луис детално се прашува дали е можно Христос да е луд? Дали е можно луд човек да биде толку генијален во своите одговори. Го разгледува прашањето кое му е поставено од фарисеите за тоа дали треба да плаќаат данок на Римјаните, знаејќи дека ако Христос каже да, тогаш ќе го обвинат кај Евреите за предавство, а ако каже не, ќе го обвинат кај Римјаните за бунт. Но Христос неверојатно мудро одговара со прашање: „чиј е ликот на парите кои ги користите?“. На цезарот. „Епа тогаш дајте му го на Цезарот тоа што е Негово, а дајте му го на Бог тоа што е Божјо“. Луѓето остануваат вчудоневидени, бидејќи со една реченица се извлече од оваа неверојатна загатка, со суптилно тврдење дека се му припаѓа на Бог.

Понатаму Луис ги разгледува Христовите проповеди и заклучува дека тие не е можно да се напишани од луд човек. Тие зрачат со преголема совршеност и мудрост. Според тоа, вели Луис, останува само втората можност:

Христос ја зборува вистината.
Ние сме Христов благ мирис пред Бог меѓу оние кои се спасуваат, и меѓу оние кои загинуваат; на едните смртен мирис за смрт, а на другите животен мирис за живот. 2Кор 2.15-16
Кон врв
Safe_Haven Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 15
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Safe_Haven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2006 во 11:35
Знам дека е ван тема,ама морам да прашам нешто:
Стево и Крале,од каде сте и у која црква идете,ако идете и ако не е тајна?
"...To give children a good education in manners, arts and science, is important; to give them a religious education is indispensable..."
Noah Webster's dictionary
definition of "education"
Кон врв
aaaaaaaaaaaaaa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 31.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 97
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aaaaaaaaaaaaaa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2006 во 19:46
 Crkva e da ucestvuvas vo bozjata priroda.
Кон врв
Стевче Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 34
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Стевче Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2006 во 11:00

За Safe_Haven

Јас одам онаму каде што пронаоѓам заедништво со верници!

Одам и во православните Цркви во Велес и Скопје и во Христијански центар (Пентакосна).

Одам и на низа средби со верници или потенцијални верници со цел да се прошири Божјото слово. Имам и низа средби со дечки муслимани кои сакам да ги запознаам со вистината од Библијата. Имам и низа други евангелизаторски средби и дружења како што се кафе дискусиите на Студентската Христијанска организација ,,Нова надеж,,

Искрено кога некој ме прашува што сум, мојот одговор е ХРИСТИЈАНИН. Зашто не давам приоритет на поделбите во Христијанството. Истите сметам дека се направени пред се од политички аспекти. За мене приоритетно место има она што е суштината на христијанството- Христос и Библијата.

СТЕФАН
Кон врв
Стевче Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 34
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Стевче Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2006 во 12:09

Христос навистина воскресна!
Војната во Бивша Југославија. Падот на Берслинскиот ѕид. ^овекот на месечината. Втората и Првата Светска војна. Откривањето на Новиот свет. Падот на Римската империја. Секој од овие настани има извонредно историско значење. Но ниту еден од нив нема толку сеопфатни, еднакво важни за целиот свет и вечни последици, како што е настанот од пред 2000 години. Тој настан е воскресението на Исус Христос.
Бог дојде на Земјата како човек, за да плати со смртна казна за гревовите на целиот свет.
Докази дека Исус воскресна:
1. Исус беше мртов кога неговото тело беше симнато од оној ужасен крст на Голготата. Некои критичари велат, Исус беше само онесвестен од болка. Тогаш немаше да има потреба од воскресение. За некој да воскресне од мртвите, мора прво да умре. Римските војници не ги прекршија Исусовите нозе, зашто видоа дека Тој веќе е мртов. Војникот со копје го прободе меѓу ребрата и од таму потече вода и крв. Медицинските експерти велат дека, дури и да бил Тој сеуште мртов, самиот тој убод би го убил. Кога Јосиф го побара телото на Христос, за тој и Никодим да можат да го погребаат, Понтие Пилат определи офицер да потврди дека Исус е мртов. Тие го подготвија телото за погребуање според еврејскиот обичај. Тоа вклучува и замотување во чист ленен повој. Ако имало било каков знак на живот, овие ожалостени пријатели ќе го забележеле тоа и немало Исусовото тело да го положат во гробот издлабен во карпа. Војниците на крај го запечатиле гробот со голем камен и поставиле стража за да се спречи евентуална кражба.
2. Гробот беше празен. Беше недела, жените одеа да го премачкаат телото на Исус со миризливи масла. По пат се чудеа кој ќе им помогне да го отстранат големиот камен за да влезат во гробот. Но кога стасаа, видоа дека каменот веќе беше отстранет! Тогаш ги пречека ангел, и им рече Исус воскресна. На гробот имало официјален римски печат и на власите ништо не им било поважно од тоа Исус да остане таму каде што Јосиф го беше положил. Имаше стража пред гробот, а телото не било веќе во гробот (за ова постојат и официјални историски записи).
3. Појавувањата на Исус. Исусовите следбеници три години го слушаа и следеа и беа близу до Него. Тие немале причина да измислуваат приказни дека го виделе. Исус се појавуваше пред Своите пријатели во текот на четириесет дена ширум земјата. Марија Магдалена- плачеше, затоа што како, што рече самата: ,,Го однеле мојот Господ и не знам каде го положиле.,, Но Исус ја изненади и и се појави. Се појави и пред повеќе жени- близу до гробот. Пред учениците се појави на третиот ден, првен на двајца од нив потоа и на останатите. Се појавил и пред Петар, па пред десет од своите ученици во горната соба, за време на молитвениот час. Тие мислеа дека гледаат дух, но тој брзо ги разувери и им понуди да Му ги допрат рацете и нозете и вечераше со нив. Се појави пред единаесет ученици- во горната соба, сега и Тома го виде. На седум луѓе кај Галилејското езеро. Учениците се вратија на работа, некои беа рибари, а риби немаше ни за лек. Тој им спреми вечера. Се појави и на договорена средба со единаесетмина ученици на една планина во Галилеја, и со уште 500 луѓе. Последното појавување на Исус беше близу до Бетанија пред Тој да се вознесе- Облак го зеде од пред нивните погледи. Само пред неколку недели тие беа малодушна група чиј водач беше мртов. Сега наеднаш станаа ревносни евангелизатори.
4. Реакција на власта. Римските војници не беа страшливци. Тие беа специјално обучени, дисциплинирани и добро опремени. Но кога стражареја пред гробот, тие осетија дека земјата се поместува и видоа ангел како го отстранува каменот, се преплашија и се онесвестија. Иако знаеја дека ќе бидат казнети зашто не успеале во стражарењето (најчесто биле претепувани или фрлани во оган) ги известија претпоставените. Се расцепи и завесата во храмот на пола. Старешините сфатија дека со убивањето на Исус не ја постигнале целта, одлучиле да ја заташкаат работата. Ги поткупија војниците за да рашират лажна вест, дека учениците го украле телото, додека тие спиеле. Но прашање е како не успеале да се разбудат кога група на луѓе поминувала крај нив. Како не успеале да се разбудат кога таа група го тргала огромниот камен. Како не успеале да се разбудат кога го одмотувале телото од 50 метри долгиот повој и кога го изнесувале телото. Старешините знаеја дека Исус воскресна. Нивната реакција и поткуп е доказ за тоа.
5. Однесувањето на Исусовите ученици. Учениците на Исус не беа некое чудо од луѓе. Ноќта откако Исус беше уапсен, учениците се распрснаа секој на разна страна. Петар се исплаши и од една слугинка што го препозна како Пријател на Исус и три пати се одрече од Него. Едноставно учениците не беа луѓе од акција. Но се случи нешто и сите до еден се променија. Што би можело да биде тоа што од една група плашливци и натажени луѓе ќе направи храбри и сложни евангелизатори, спремни да станат и да сведочат дека Исус што го распнаа воскресна? Што беше тоа што им даде сила доброволно да ги жртвуваат своите животи за верата? Тие луѓе беа мачени, распнати на крст со главата надоле, набодени на колец, главите им беа отсечувани, но до последен здив тврдеа дека Исус воскреснал. Нема друго нешто што би можело толку цврсто да ги разувери, освен со свои очи да Го виделе воскреснатиот Исус. Тие не се плашеа ни својот живот да го дадат за Оној што ја победи смртта, за нив и за нас! Никој не би пострадал на ваква смрт ако стануваше збор за лага.
6. Раѓањето на христијанската Црква. Христијанската Црква ниту ќе се родеше, ниту пак денеска ќе постоеше, само врз основа на Исусовиот живот и учење. Црквата што се роди нешто помалку од два месеци после смртта на Исус е резултат на нешто многу позначајно од Неговите изреки, параболи и филозофија. Тоа започна откако луѓето го видоа воскреснат. Петар не проповедаше веронаука, ниту штитеше некаква филозофија. Едноставно им кажуваше на луѓето дека распнатиот Исус е жив. Тој воскреснал. Таа порака е веќе две илјади години движеѓка сила на Црквата.
7. Очекувањето на Христовото враќање. Раната црква беше време на славење и потсетување на Исусовата смрт, како и време за споменување на неговата жртва. Каква причина би имале раните христијани да слават, ако Исус се уште бил мртов? Тие луѓе беа современици на Исус. Ако приказната за Исус беше лажна, тие ќе го знаеле тоа. Никој не би се осмелил да претскажува дека Исус ќе се врати, ако Тој лежеше во гробот, или пак ако Неговото тело беше однесено и скриено. Тие немаше да веруваат во Исусовото второ доаѓање, ако не знаеја дека Тој е жив

Што вели противничката страна?
- Телото било украадено од гробот. Според оваа теорија учениците се злосторници. Тие незабележано се прикрале до каменот, го истуркале настрана и заминале оттаму, носејќи го телото на Исус. ПРИГОВОР: Како би можело да се прикрадат незабележано, кога имало стражари. Дури и ако тие стражари добро обучени, дисциплинирани и опремени, задремале, за што следи строга казна. Па тоа не било пракса. Сигурно би се разбудиле при тркалањето на големиот камен. И ако Исус не воскресна, тогаш кој се појави пред сите оние луѓе?
- Властите го зеле телото. Знаеќи дека телото на Исус би им значело многу на учениците, претставниците на власта, световна и религиозна го зеле телото. ПРИГОВОР: Да било така властите многу лесно ќе го побиеле тврдењето на Петар и другите луѓе дека Исус воскреснал. Немаше да дозволат на учениците толку ревносно да го шират христијанството, за што и ќе немаше потреба од ширење ако телото беше кај властите.
- Исусовите пријатели дошле на погрешен гроб. ПРИГОВОР: Ако беше така, тогаш чии биле погребните завои што ги пронајдоа Петар и Јован? Што правеше ангелот пред нечиј гроб? Можно ли е сите на ист начин да погрешиле и да дојдат на погрешен гроб? И на погрешен гроб ли стражареа војниците?
- Исус само се онесвестил. Според оваа теорија Исус не умрел на крстот. Тој паднал во длабока несвестица. Потоа, кога веќе бил сместен во гробот, оживеаал. ПРИГОВОР: Како војниците не забележале дека Исус не е мртов? Како Јосиф кој го завиткувал во ленено платно, не забележал дека Исус не е мртов? Како можел Исус, во една таква состојба, сам да се одвита од погребните завои, да го турне каменот и да се појави пред луѓето совршено здрав?
- Исусовите пријатели халуцинирале. Тие гледале слики во нивните умови што одговарале на она што сакале да го видат. ПРИГОВОР: Како може единаесет луѓе да халуцинираат на ист начин и да видат иста слика? Како може 500 души истовремено да халуцинираат на идентичен начин. Можат ли халуцинациите да траат повеќе недели и да се случуваат на повеќе места? Може ли халуцинациите да бидат повод учениците да си го дадат животот?

За ова може да ни послужи аферата Вотергејт од 1973г. Ја објаснува поранешниот советник на претседателот Никсон на САД, ^арлс Колсон. …Вотергејт не можеше да се прикрива повеќе. Го правевме тоа три неделеи, но не можевме повеќе. Ние бевме дванаесетте најмоќни луѓе во САД. Целата моќ беше во наши раце, но не можевме да издржиме сложно да лажеме ни 3 недели. Најмоќните луѓе на светот не можеа да протнат една лага, за да го спасат мандатот на претседателот Никсон. И сега вие ми тврдите дека тие бедни апостоли, отфрлени во нивната сопствена земја, можеа да издржат каменувања, прогонства и ќотеци, маченичка смрт и што ли уште не. ^овечки гледано невозможно, освен ако не го виделе воскреснатиот Христос лице в лице. Ако тоа беше лага ќе се спогодуваа со властите и ќе бараа да спасат глава. Би попуштиле под тој притисок. Но тие пострадаа за Исус, зашто беа сведоци.

(Ова е избор од ,,Основи на Христијанстовот,, мислам дека сега пред Белигден е идеално да се прочита нешто повеќе за Него)

СТЕФАН
Кон врв
daskalot Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 10.Февруари.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 10
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај daskalot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2006 во 12:54
Pozdrav na site, osobeno do Stevche, Krale i poltronot Safe_Haven!
Denes naletav na Vash*te stavovi i navistina se zainteresirav za ona shto ima da go kazhete.
Za Butel-kata: Zhalam za tvojata najgolema zaguba. Vo tie momenti ne treba da go barash Boga do sebe, treba da go barash vo sebe i prashanje e na vreme koga kje go najdesh. Ne ochekuvaj deka tvojot inferioren mozok od 1,4 kg. kje go vospriemi Sevishniot kako konkretizacija ili deka kje ti se priche neshto. Srceto raboti avtonomno za razlika od mozokot.
Za Stevche (od: 02.Април.2006 во 00:15) - Zoshto ja smeni temata> Nemash li svoe mislenje pa mora sekogash da citirash i da se povikuvash na avtoritet.
Tocno e deka Crkvata - toa sme nie, no nie - krstenite, ne sme moduli pa izolirani sami da deluvame i rasuduvame (ne sudime). So krshtevanjeto stanuvame edno, i so nash*te predci i so nash*te sledbenici. Vremeto e najnerelevantniot faktor vo ovaa diskusija. Toa "Prashanje na vreme" e samo oddolzhuvanje na kaznata vo koe kako chovek staree stanuva "pogolem" vernik - Ja sfakja relevantnata vrednost na zhivotot - BOG. Pouka: Kolku chovek e postar - tolku e pogolem vernik.
Nov sum na forumov i se nadevam deka mojov komentar kje izleze bez slikiche. Ne bi sakal da me prepoznavaat kako: ahaaa, onoj sho imat ikonche so sklopeni dlanki za molenje ili apstrancija na vzaemno normalni pravi so prikacheni ribici ili obeseni jagninja.
Dali bi mozhelo vo idnina da pishuvate pokratki komentari, bidejkji pochesto ja gubite sushtinata na kazhanoto.
So pochit,
Кон врв
Стевче Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 34
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Стевче Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2006 во 13:35

Не гледам причина зошто некои работи не би можеле да ги искористиме и за форумов. Да форумов е и за нашите мислења да ги кажеме, но и да споделиме она што сме го прочитале, виделе, доживеале. Па убаво би било тоа со сите на форумов да го споделиме.

Даскалот- ти во твојот коментар велиш дека ние сме црквата, но ние крстените.

Јас на ова ќе додадам. Дека, пеколот ќе врие од крстени луѓе! Пеколот ќе врие од луѓе што палат свеќи или уште што знам не. Не дека сум против тоа. Туку, се додека секој не ја најде својата лична поврзаност со Господ Исус Христос залудно му е се што прави (се во смисла на секакви обичаи). Потребно е да секој преку молитва го прими Исус, зашто ти можеш да бидеш како бе*е крстен, дали си тогаш христијанин? Не! Зашто прифаќањето на Исус е свесна одлука. Не треба да е нешто наметнато. Луѓето затоа ја имаме нашата слободна волја да го прифатиме или одбиеме Исус.

И ако го прифатиме имаме живот вечен. Ако го одбиеме го немаме тој вечен живот.

СТЕФАН
Кон врв
krale Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 923
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај krale Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2006 во 13:39
Добредојде даскале... Се надевам ќе има што да не даскалуваш овде...

Што се однесува до твојот пост, се сложувам, претежно, иако можеби не до крај.

Поготово ме „пече“ она „колку е човек постар - толку е поголем верник“. Сум видел старци што го псујат Бога, а и млади што му се молат со најискрен дух. Не знам дали ова ти е баш точна констатација.
Ние сме Христов благ мирис пред Бог меѓу оние кои се спасуваат, и меѓу оние кои загинуваат; на едните смртен мирис за смрт, а на другите животен мирис за живот. 2Кор 2.15-16
Кон врв
Стевче Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 34
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Стевче Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2006 во 13:51

Се сложувам со Крале. Зашто и јас верувам дека верата во Исус не е нешто што се обезбедува со наследство или тестамент. Тоа што некои се постари воопшто не значи дека се поголеми верници. Верата во исус е духовен растеж и секој што го има прифатено Исус, се исполнува со Светиот Дух.

Белата коса не е доказ за вернос кон Бог.

СТЕФАН
Кон врв
Стевче Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Март.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 34
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Стевче Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2006 во 13:54
Даскале. Не знам дали си ти верник. Но можам слободно да речам - изгледа не. Зашто Христијанството пред се нуди љубов, почит, внатрешен мир. ВО твоето обраќање кон Бутел и кон Сафе- Хавен не го увидов тоа.
СТЕФАН
Кон врв
daskalot Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 10.Февруари.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 10
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај daskalot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2006 во 18:03
Blagodaram shto voopshto mi obrativte so Vash*te stavovi.
Vo kolku ne go razbravte moeto obrakjanje kon "Butel" togash ne znam kako bi go tolkuval podobro, a za ona kon Safe, go zakluchiv od kratkite poddrshki kon ostanatite za koi mu izgledaat interesni.
Inaku, vernik. Poznata mi e definicijata za "vernik", odnosno, shto nekogo pravi vernik. Chesto slikata e kleknata lichnost, lichnost koja plai svekji, se klanja, se ispostuva do stepen na asketstvo, nosi crno so prikladni simboli, koga odi na gosti glasno dava na znewe deka "choekov nejadel mrsno" a koga kje se prepne na kamenot na izleguvawe kje kazhe pcost na set glas.
Stevche neka ne prejudicira od mozhebi nejasnost za mojata opredelba dali sum vernik ili ne. Potrebno beshe duri vo tretata toa da go iskazhe. Mojata vera nema potreba da ja iskazhuvam na TV jasno i glasno ili da nosam krst okolu vratot (iako nosam) za da me zaprimetat.
Normalno e tvrdenjeto deka kolku si postar tolku si pogolem vernik ne treba da se svakja bukvalno ili kako vremensko stareenje. Ova e vo kontekst so "nasleduvaweto" na religioznata opredelba. Site nie sme odredena spored nash*te roditeli. Nemam zapoznaeno chovek koj ja smenil verata spored negovo lichno prifakjanje na Boga gledano od druga strana. Sekoe desidentstvo kon druga vera e od egzistencijalni prichini. Svedok sum na prebegnuvanje (ne moite)od pravoslavna vo islamska vera za da mozhe da go ispolni pravoto na krvna osveta. Pa kda kje odi negovata dusha: smenil vera za da ubie a negovite sledbenici se sega muslimani?
Ajde so pretpostavka deka site na forumov se hristijani (pretezhno pravoslavni): Hristos ni e daden (ja imame taa srekja) so nasheto krshtevanje a na nas ostanuva dali da go odbieme (a so toa sleduva opshtestvena osuda bidejkji moralnata vekje bi bila pogazena) ili pak da prodolzhime so Hrista, za chie shto odbivanje samo ludite (prostete mi site shto ste ateisti) se sposobni. Darot na ljubov i vzaemna pochit e najmaliot dar vo hristijanstvoto. Ona vozvishenoto (a da, tochno e deka golem broj na hristijani kje gorat vo pekol ako nekoj toa go sfakja kako "konkretno mesto" tamu nekade) se postignuva na ovoj svet koj kako eden vid na test (ne deka sum daskal) mora da se polozhi. Polaganjeto ne e redovno odenje vo crkva, polganjeto ne e redovno postenje, polaganjeto ne e nishto shto bi se manifestiralo nadvoreshno, toa e vo nash*te srca. Odish po patot ili prekutrupa.
Postenjeto, osven od zdravstveni prichini i nasledstvo od torata, pretstavuvalo NUS PROIZVOD na asketite koi od pregolemo vremensko molenje go isposnuvale svoeto telo za da mu se doblizhat na Boga. Budizmot ne e nishto poaren. Denes, pak, toj nus proizvod go koristime kako sredstvo da se piblizhime do Boga a kako nesakan efekt go dobivame odenjeto vo crkva za praznici (i samo togash).
Ve molam, ne me razbirajte pogreshno. Shto e do mene, verskite instanci potrebno e da go ozakonat odenjeto vo crkva a neodenjeto da go osudat. Toj sobir na lugje na edno mesto vo edno vreme, POSVETENO NA BOGA - e toa osnovnoto vo doblizhuvanjeto kon sevishniot. Sekoja misa, treba da e poduchuvanje a ne uchenje. Chovekot i kolku pati da go prochita Svetoto pismo sekogash kje najde neshto novo. Ponekogash duri i strav da te fati. Koga toa kje dojde od sveshteni lica (zborot) svesta e pogolema.
Navistina e dobro koga Stevche, Krale, Safe i drugite se na stranata na Hristijanskoto uchenje; vo kolku bi bile islamski vernici ne bi im begal epitetot na fanatici. Ova e kompliment, chitaj ponatamu i "nemoj da sudish" kako shto me "osudivte" prethodno za mozhebi predolgi i nerazbirlivi rechenici.
Povtorno kje se izvinam za nedorazbiranjeto po odnos na "Butel", no navistina mi tezhat zborovite upateni do mene a mojata poraka ostanala nerazbrana. - Ne znam shto mu preostanuva na choveka osven da veruva vo Boga - eden i edinstven. Ne znam zoshto bi moralo toa da go iskoristime kako marketing pred drugite.
Crkvata kako hram, zgrada, objekt, tula na tula, ne bila bitna vo vremeto na Hristos. Taa ne treba da se poistovetuva nitu so Krshetvanjeto (indirektno) bidejkji nitu Hristos e krsten vo crkva (a ne mi jasno koj go krstil Jovan Krstitel - baram informacija). Krsteni vo Jordan pod vedro nebo. Ne bi smee da ja involvirame crkvata vo sekakvi "diskusii" poradi koi bi mozhele da ispadneme i nerazbrani. Crkvata denes pretstavuva zbir na mnogu neshta, ne site tie "neshta" postoele pred 17 vekovi. Prvite tri veka od Hrista pa navaka mislam deka ova bi bilo apstraktna imenka. A ako nekoj treba da se gordee so neshto (iako poniznosta treba da mi bide svojstvena)togash toa e mojot roden kraj i mojata familila.
Site treba da go sakame Boga i svojata familija a ne sebesi i svoeto ego.
Za vo idnina ne znam dali postoi nekakva opcija i zhelba od Vasha strana za realno vremensko komuniciranje (neshto kako Mirc) za da ne lutame naokolu i vo ochekuvanje na replika.
Ova beshe ploden den za site nas.
Golem pozdrav,
Site Ve gledam!
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2006 во 18:22

Добредојден си даскале! Се надевам ќе научиме нешто од она што го знаеш!

„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
krale Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 923
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај krale Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2006 во 18:29
Даскале, можеби забелешката од Стевче беше преостра, но имаше мала нејаснотија во твоите постови. Сепак мислам дека постот кон Бутел, барем јас така го сфатив, не беше насочен директно како пример кон неа, туку за целото човештво кое има лимитиран интелектуален капацитет а се обидува да сфати нешто толку огромно и над нашите капацитети како што е Бог.

Вистина е дека многу врз човекот влијаат родителит и нивната верска определба. Но, тоа не треба ни да се преувеличува. Човек е сепак самиот тој кој одлучува дали ќе го следи нивниот пат, ќе оди поинаку, или спротивно. Познавам луѓе од сите овие три сфери. Познавам и муслимани, родени како муслимани, кои станале верни христијани. Познавам и луѓе родени како христијани, кои не се ни „х“ од христијани. Познавам и такви кои се родени во строго атеистички семејства, па сега се верници. Имаш право, но до одредена граница, бидејќи постојат и многу други работи што влијаат врз човекот и неговата вера.

Го поздравувам твојот став околу црквата и се сложувам.

Што се однесува до мирц итн., јас сум агаинст такви нешта, бидејќи сепак форумов ми е доволно атрактивно место за дискусија, каде човек може и да размисли пред нешто да каже.

Поздрав.
Ние сме Христов благ мирис пред Бог меѓу оние кои се спасуваат, и меѓу оние кои загинуваат; на едните смртен мирис за смрт, а на другите животен мирис за живот. 2Кор 2.15-16
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.