СУШТИНАТА НА ХРИСТИЈАНСТВОТО
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: право на избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=3843
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 22:11 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: СУШТИНАТА НА ХРИСТИЈАНСТВОТО
Постирано од: Стевче
Наслов: СУШТИНАТА НА ХРИСТИЈАНСТВОТО
Датум на внесување: 30.Март.2006 во 11:02
Пред некое време почина бабами по мајка и дедоми по таткова страна. Почина и моето куче. Загубите и разделбите се мигови на жалост. Тоа се моменти кога размислуваме: Кои сме? Што сме? Што ни е битно? Што сакаме да постигнеме? Која е суштината на нашето постоење?
Некој ќе изјави дека постои заради народот! Друг, за да оствари одредена мисија! Трет, за да ја продолжи лозата! Четврт, заради работата!
Но зошто постои народот? Која е нашата мисија? Ако не знаеме зошто постоиме нема потреба да ја продолжуваме лозата! Или ако постоиме заради работата тогаш можеме слободно да кажеме дека тоа повеќе би наликувало на живот на еден коњ отколку на живот на човек.
Па кој може да ни каже која е смислата на нашето постоење? Црквата? Не! Филозофијата? Не! Законот? Ни најмалку! Само еден. Оној кој не создадае- Бог.
Кој има уши да слуша нека слуша! Зашто мнозина гледаат и не видуваат, слушаат и не разбираат.
Овој живот е само миг и е ништо во споредба со вечниот. Во овој живот се раѓаме голи и боси. Такви и си одиме од него. Ништо не можеме да понесеме. Ниту куќата. Ниту автомобилот. Ниту парите во банка. Ништо! Само можеме да ги понесеме нашите гревови пред Бог.
Залудни се сите обичаи, ако ја немаме верата во Исус. Христијанството е повеќе од црквата како зграда од тули и малтер. Христијанството е повеќе од палењето свеќи и ставањето на колачи за поздрав и пари за патување до небото во ковчегот на починатите. Душите на покојните сигурно по пат нема да најдат менувачница за македонските денари.
Мене ме збунуваат низата обичаи зашто истите повеќе ме потсетуваат на нешто што го прават суеверните луѓе отколку вистинските Христијани.
Се прашувате кои се суеверни луѓе?
Па суеверни луѓе се личности што се враќаат три чекори назад кога ќе бидат пресретнати од црна мачка. Суеверните луѓе чукнуваат три пати во дрво и се поместуваат од место за злото да биде подалеку од нив. Тие не тресат трошки навечер. Пазат со која нога ќе излезат од дома. Опседнати се со хороскоп. Си ја гледаат судбината на карти, кафе и грав. Тие мислат дека Христос е презиме на Исус. Одат во црква еднаш годишно, обично за Велигден и тие средби ги претвораат во пијанки. Јас таквите ги нарекувам велигденски христијани. Од нив може да се слушнат само пцовки и дискусии за политика со кои се оправдува крадењето како нешто неминовно кога ќе се зграпчи власта.
Затоа како Христијанин одлучив да ја отворам устата и јавно да зборувам за верата. За вистинската и спасоносната вера. За верата што исполнува и што простува гревови. За верата со која може да се живее и вера со која може да се умре. Тоа е верата во Христос. Мене таа вера ме исполни со љубов, зашто и самата е љубов. И не случајно апостол Павле, кој ја започна христијанската мисија на овие простори од Македонија, ќе рече: ако немаме љубов ние сме како прапорец што ѕвечи. Без љубов ние сме ништо и она што го правиме без љубов не вреди ништо.
Јас ја разбрав Божјата љубов. Сфатив дека сонцето секојдневно изгрева за секој од нас и дека дождот паѓа подеднакво за сите. Сфатив и верувам дека Бог има прекрасен план за секој од нас, зашто тој не сака. Затоа и го даде својот Единороден Син Исус Христос. Тој умре на крстот за отплата на нашите гревови и воскресна. Ја победи силата на смртта и го порази сатаната. Исус умре за сите, дури и за оние што нема да веруваат во него. Но сфатив и дека ми е доста од поделби во Христијанството. Доста ми е од служби на старословенски. Доста ми е од црковни политики. Доста ми е од свештеници што водат политика и од политичари што даваат благослови. Доста ми е од меѓусебни осудувања.
Јас сфатив дека Христијанството е долга прошетка во еден правец и дека секој човек за да биде Христијанин верник треба да го земе крстот и да го следи Исус. Треба да биде христоцентричен, да ја чита Библијата, да се моли секојдневно и да се дружи со други верници. Сфатив дека луѓето од Македонија нема да одат во рајот само поради фактот што Македонија е спомената во Библијата.
Единствениот пат до небото е Исус. Тој речеЧ ,,Јас сум Патот, Вистината и Животот. Никој не доаѓа ка Таткото освен преку Мене.,, Тој рече: ,,Спасени сте по вера, не по делата што ги правите за да не се фали некој.,,
Исус рече: ,,Љубете го Бог со сето свое срце, сета своја душа и сиот свој разум. И молете го Бог. Тоа е единствениот начин за разговор со него. Молете за да ви се даде. Барајте за да најдете. Чукнете за да ви се отвори.
И за крај ве замолувам вашите дланки да ги искористите за молитва наместо за аплауз и знајте. Христос тропа на вратата од сечие срце. Онаму каде што ќе му се отвори Тој ќе влезе.
(Ораторски говор на Стевче 2005) Верувам ќе се пронајдете во него.
------------- СТЕФАН
|
Коментари:
Постирано од: Safe_Haven
Датум на внесување: 30.Март.2006 во 12:18
Eпа ај,с речи на дела...!
------------- "...To give children a good education in manners, arts and science, is important; to give them a religious education is indispensable..."
Noah Webster's dictionary
definition of "education"
|
Постирано од: krale
Датум на внесување: 30.Март.2006 во 12:36
Стефче ајде те молам објасни како ја разбираш ти верата надвор од црквата?
|
Постирано од: Стевче
Датум на внесување: 31.Март.2006 во 09:48
Вера надвор од црквата?
Црквата има две значења и воопшто црквата не е она што денес е толку многу присутно.
Првото значење на поимот црква е СОБИР НА ВЕРНИЦИ. Верниците можат да се соберат на било кое место во било кое време со тоа што тој собир ќе биде за славење на Господ. Значи црквата не е институција или зграда. Црквата не е свето место. Свет е Господ. Црквата не е единствено место каде што верниците можат да се молат. Зошто? Затоа што верниците можат да се молат и треба да се молат во секое време и на секое место. Вистинските верници се молат и кога им е тешко, и кога им е убаво- за да заблагодарат и кога се пред донесување на одлука.
Второто значење на поимот црква е ЧОВЕКОВОТО ТЕЛО. Секој верник кој го прифатил Исус се исполнува со Светиот Дух. Затоа и човековото тело е црква. Зашто секој човек треба да ја сочува чистотата и невиноста. Директна е комуникацијата помеѓу Бог и Човекот. Нема посредници. Единствен начин на разговор е молитвата кон Господ.
------------- СТЕФАН
|
Постирано од: krale
Датум на внесување: 31.Март.2006 во 10:03
Немам воопшто збор на полемика кон работите кои што ги кажа. Но се прашувам дали тоа е се? Дали нема место во црквата, не како човековото тело туку како заедница на верните, и за Светиот Дух, за начинот на кој Тој ги одредува улогите на верниците во Црквата. Затоа на едни им е дадено да бидат владики, епископи, апостоли, учители итн., а на други само „обични“ верници. Во твојот модел гледам една рамна претстава за црквата каде секој може да биде се и никој да не биде ништо. Така не функционира Божјиот Дух. Избегнувањето и негирањето на улогите дадени од Светиот Дух значи и негирање на самиот Бог.
|
Постирано од: Стевче
Датум на внесување: 31.Март.2006 во 13:03
Ти благодарам за коментарот. Одговор на твојот коментар најдов во Библијата.
Исто така Моделот на црква што во претходниот пасос го пишував не е мој тоа е модел на Исус. Тој рече во една прилика: ,,ќе го урнам овој храм и за три дни ќе изградам нов.,, Тој мислеше на храмот - составен од верници значи црква како собир на верници не на нешто материјално- згради или слични работи. Тоа е суштината. Зашто сите ние треба да бидеме како попови. Христијанството има своја приватна и јавна страна. Јавната страна е да го споделуваме спасението што го имаме и други луѓе да доведуваме до Исус. Секоје тоа треба да го прави. Точно дека треба да има попови- луѓе кои само тоа ќе работат. Но не да бидат институција. Или не институција во која црквите денес прераснале. Потребни се длабоки реформи.
Еве го и извадокот од Библијата.
Исус ги осудува закониците и фарисеите
(Мк. 12:38-40Ч Лк. 11:37-52Ч 20:45-47)
23
Тогаш Исус му се обрна на народот и на Своите ученици, 2 велејќи:
На Мојсеевото место седнаа закониците и фарисеите, 3 затоа сè што
ќе ви речат извршувајте и внимавајте, но не постапувајте според
нивните дела, зашто зборуваат, а не извршуваат! 4 И врзуваат тешки и
неподносливи бремиња, и ги ставаат врз плеќите на луѓето, а самите не
сакаат ни со прст да ги помрднат.
5 А сите свои дела ги прават за да ги забележат луѓето затоа ги
рашируваат своите молитвеници и ги издолжуваат ресите на
наметките 6 ги сакаат челните места по гоштавките, првите места во
синагогите, 7 поздравите на јавните места и милуваат луѓето да ги
нарекуваат ,рабин.
8 А вие не нарекувајте се учители, зашто Еден е вашиот Учител, а
вие сите сте браќа. 9 И никого на земјата не нарекувајте го ,отец,
зашто Еден е вашиот Татко Кој е на не*есата. 10 Не нарекувајте се
водачи, зашто Еден е вашиот Водач, Христос. 11 А најголемиот меѓу
вас нека ви биде слуга. 12 Кој се воздига се*еси, ќе биде понизен, а кој
се понизува се*еси, ќе биде возвишен.
13 Тешко вам, законици и фарисеи, лицемери, кои го затворате
не*есното царство пред луѓето, зашто самите не влегувате, ниту ги
пуштате внатре оние кои сакаат да влезат. 14 (Тешко вам, законици и
фарисеи, лицемери, зашто ги проголтувате домовите на вдовиците, и се
престорувате дека се молите долго. Затоа ќе добиете поголема осуда!)
16 Тешко вам, слепи водачи, кои велите: ,Ако некој се заколне во
Храмот, не е ништо ако пак се заколне во храмското злато, тогаш го
обврзува заклетвата! 17 Безумни и слепи! Што е поважно: златото или
Храмот што го осветува златото? 18 И: ,Ако некој се заколне во
жртвеникот, не е ништо а ако се заколне во дарот што е врз него,
тогаш го обврзува заклетвата. 19 Слепци! Што е поважно: дарот или
жртвеникот што го осветува дарот? 20 И така, кој се колне во
жртвеникот, се колне во него и во сè што е врз него. 21 И кој се колне
во Храмот, се колне во него и во Оној Кој живее во него. 22 И кој се
колне во небото, се колне во Божјиот престол и во Оној Кој седи на
него.
23 Тешко вам, законици и фарисеи, лицемери, кои давате десеток од
нане, копар и ким, а го запоставувате поважното во Законот: правдата,
милоста и верноста. Ова требаше да го правите, а она да не го
запоставувате! 24 Слепи водачи, кои ја цедите вошката, а ја
проголтувате камилата.
25 Тешко вам, законици и фарисеи, лицемери, кои ја чистите
надворешноста на чашата и садот, а внатре сте полни со грабеж и
лакомост! 26 Слеп фарисеју! Исчисти ја најпрвин внатрешноста на
чашата и садот, за да им биде чиста и надворешноста!
27 Тешко вам, законици и фарисеи, лицемери, зашто прилегате на
варосани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со
мртовечки коски и секаква нечистотија! 28 Така и вие однадвор им се
покажувате праведни на луѓето, а внатре сте полни со лицемерство и
беззаконие.
29 Тешко вам, законици и фарисеи, лицемери, кои им градите
гробови на пророците и им ги украсувате спомениците на праведните,
30 и велите: ,Ако живеевме во деновите на нашите татковци, не ќе
бевме нивни соучесници во крвта на пророците.ќ 31 Така сведочите за
се*е, дека сте синови на оние кои ги убија пророците. 32 И вие ја
дополнивте мерата на вашите татковци!
33 Змии, змиски породи! Како ќе избегнете на пресудата на
пеколот? 34 Затоа, еве, Јас ви праќам пророци, мудреци и законици. Од
нив едните ќе ги убиете и распнете, а другите ќе ги камшикувате во
вашите синагоги и ќе ги прогонувате од град до град, 35 та врз вас да
дојде сета праведна крв, пролеана на земјата, од крвта на праведниот
Авел до крвта на Захариј, синот на Барах, кого го убивте меѓу Храмот
и жртвеникот. 36 Вистина ви велам, сето тоа ќе падне врз ова
поколение
------------- СТЕФАН
|
Постирано од: krale
Датум на внесување: 31.Март.2006 во 20:19
Имам неколку забелешки на твоето толкување.
Прво, околу храмот кој Христос ќе го уништи за три дена, твоето толкување не се совпаѓа со библиското самотолкување на христовите зборови. Ев. по Јован 2:21 ни вели дека „Тој зборуваше за Храмот на Своето тело.“ Значи даваше пример за својата смрт и воскресение и за телото како Божји храм.
Второ, текстовите кои ги даде се однесуваат на јудејското свештенство, а не на црквата. Читај таму, ќе најдеш синагоги, свештеници, фарисеи итн.
Трето, црквата како институција. Гледам дека тоа е нештото кое што ти смета. Но што е институција? Зарем не е институција еден организам составен од луѓе. Зарем не е токму ова и описот на Апостол Павле на црквата како Тело со различни органи, но сепак едно тело.
Твојот пристап тотално ја индивидуализира верата. Но погледни кој е навистина Новозаветниот принцип. Погледни зошто Христос се моли „Оче наш“ а не оче МОЈ, или зошто Павле вели дека Христос ќе дојде по својата невеста црквата - а не своите невести -верните. Повторно и повторно ќе пронајдеш дека верата не е индивидуална работа, туку таа се живее во заедница со другите верни. Тоа е Црквата. Без таквата црква нема спасение бидејќи Христос така одлучил давајќи му ги на Петар и на апостолите, односно на Црквата, клучевите да одлучуваат за се. Црквата е Христос на Земјата. А без Христос има ли спасение? Без причестување од Христовото тело и крв има ли спасение? Без молитва, грижа и љубов за ближниот свој има ли вера?
Главната и најчеста порака на Христос беше дека со Него доаѓа Царството Не*есно. А какво е тоа Царство? Па, не треба премногу да се оди далеку да се знае дека едно Царство подразбира цареви, поданици, слуги и обични луѓе. Подразбира и одредена хиерархија. Царството подразбира владеење. Христовото Царство подразбира праведно владеење и љубов. А како може да се живее праведно и да се има љубов без други луѓе? Како може да се покаже дека сме вистински Христови следбеници ако таа хиерархија воспоставена од Него на ја живееме не како што другите луѓе ја живеат, туку со тоа што „најголемиот меѓу вас нека ви биде слуга“ (Матеј 23). Тоа е царството Божјо. Тоа е црквата. Тоа е црквената институција и црквената хиерархија според Христовиот модел, а не тотално затворање на зградите, објектите итн. каде што се собира црквата и одење на секој по својот пат да ја живееме верата. Такво нешто не постои во христијанството.
|
Постирано од: Стевче
Датум на внесување: 01.Април.2006 во 20:42
Христијанството има своја јавна страна. Тоа е онаа страна кога не се срамиме да кажеме дека сме верни, тоа е страната кога и други ги доведуваме до Христос- до спасението и јавната страна е нашето дружење со друг верници.
Јас не велам дека на луѓето не им е потребна црквата. Потребна им е. Но црквата како собир на верници.
Христијанството има и своја приватна страна, тоа е кога ќе се прифати Исус како свој спасител, оној кој ги отплати нашите гревови. Затоа без приватната страна, без нашиот личен однос со Исус или да речеме ако го немаме прифатено Исус, залудни ни се сите обичаи, залудно ни е одењето во Црква, залудно ни е се.
Пеколот ќе биде полн со така наречени христијани кои одат во црква, кои палат свеќи. Зошто? Затоа што залудни се сите обичаи ако го немаме Исус. Залудно е постоењето на црквата ако го немаме Исус. Тоа е она што се трудам да го кажам преку сите мои теми.
Зошто ги споредувам денешните свештеници со фарисеите, затоа што не се многу далеку од некои од постапките на фарисеите (не генерализирам, зашто постојат исклучоци).
Мене навистина не ми значи тоа што поповите одат во црно, што носат брада. Тоа на луѓето нема да им даде кузнае колку голем поттик за вера. Еден е начинот на спасение, еден е оној кој е темелот на Христијанството. Тоа е Исус. Тој е суштината на Христијанството. Затоа и се нарекува Христијанство. Ако на местото на Мухамед во Исламот или на местото на Буда во Будизмот ставиме друга личност тие ќе останат исти, ништо нема да се промени. Но ако на местото на Христос поставиме друг или се обидуваме Христос да го тргнеме настрана се ќе пропадне.
Затоа јас суштината на Христијанството не ја гледам преку црквата или преку обичаите, туку ја гледам преку Библијата и Исус.
------------- СТЕФАН
|
Постирано од: krale
Датум на внесување: 02.Април.2006 во 00:15
Пак ти со тоа јавна и приватна страна. Човекот не е шизофренично суштество па кога е сам да е едно, а кога е во заедница друго. Човек е човек, сам или во друштво.
Суштината на христијанството. Христос, несомнено. Библијата како сведок за Христос несомнено. Но, зарем е црквата само клуб за дружење на верните? Така го сфаќам твојов модел.
Црквата не е клуб, таа е живо Христово тело. Така ја нарекува Апостол Павле. Таа е Христос. Таа, како целина, ги има сите дарови од Светиот Дух, сите плодови на Христовата служба.
Обичаите без Христос се празни, тоа се сложувам. Но каква е таа вера во Христос без искажување на таа вера во заедница, во причестување, во заедничко молење и застапување, во заедничко славење на Господ? Не самостојно славење. Заедничко славење, бидејќи желбата на Христос беше да бидеме едно. Да бидеме единствени како што Тој и Отецот се единствени.
ЗНачи, да се разбереме, јас не се противам на твоите аргументи, но мислам дека запоставуваш еден многу важен, клучен сегмент од христијанското битисување. Поздрав.
|
Постирано од: Стевче
Датум на внесување: 03.Април.2006 во 16:10
Ова е за сите
Многумина луѓе раскажувајќи ги своите животни истории прашуваат: Каде е Бог? Зошто Бог молчи? Некогаш кога ќе ги нападнат страшни работи веројатно доаѓаат и до точка кога велат: ,,па можеби нема Бог,,!? Можеби небото е празно!? Можеби атеизмот сепак е во право!? Драги пријателе, оној на кого му доаѓаат вакви мисли треба да се уплаши. Кога би било вистина дека нема Бог, тоа би било страшно. Тогаш ние луѓето би биле сами и напуштени- како диви животни! Би биле како загубени деца што не знаат да се вратат дома. Некој што кажува: ,,Јас сум атеист.,, Нема поима што изразува со тоа. Тоа значи да не постои ништо над нас! Да сме напуштени! Да сме препуштени сами на се*е. Јас верувам дека има пекол. Тоа е место каде Бог нема што да им каже на луѓето. Таму можете да се молите, можете да го проколнувате, да викате по Него- но Тој нема да одговори! Пеколот е место каде што Бог не погледнува- тоа е место каде што конечно сме оставени, наполно напуштени од Бога. Можеш да правиш што сакаш, да се молиш или да пцуеш- но тој нема да одговара. Божјото молчење е најтешка казна од Бог. Бог нема што да ви каже ако вие не го прифатите Исус. Затоа отфрлете ја својата малечка религија и најдете ја верата во Исус.
Исус вели: ,,Јас те откупив, ти треба да бидеш мој.,, Прашајте го Исус: ,,Зошто висиш на крстот? А тој одговара: ,,Заради твојата вина пред Бог, или ти ќе ја платиш во пеколот, или јас ќе ја платам за те*е. Еден мора да плати. Јас сакам да го сторам тоа за те*е. Само верувај во Мене!,,
Решавачко прашање на сечиј живот е дали ќе го примите Исус.
Зошто Бог молчи? Бог воопшто не молчи, драги мои. Тој зборува. Неговиот збор се вика ,,Исус!,, Тоа значи љубов, милост и милосрдие. Тие што нема да го прифатат Исус нема да го чујат ни Бог.
------------- СТЕФАН
|
Постирано од: butel2
Датум на внесување: 04.Април.2006 во 11:33
Многу се убаво напишани твоите постови Стевче. Прекрасно склопени реченици од кои се гледа јасна и силна вера кон Бога.
Јас сум атеист и не се плашам да го кажам тоа. Не се чувствувам напуштена затоа што не верувам дека Бог постои, најискрено никогаш не сум имала ни можност да видам или осетам дека постои. Ги имам моите најблиски, тие се мојата поддршка и сила.
Во твојот прв пост зборуваш за смртта на блиски луѓе. Знам колку е болна таа разделба. Не сакам да звучам навредливо , некои членови и тоа го гледаа во моите постови, но смртта на блиските луѓе а и фактот дека смртта го чека секој човек, многумина ги тера во тие моменти да се свртат кон Бога и да веруваат дека нивните блиски се таму некаде каде го започнале вечниот живот.
Ни во тие моменти кога моите родители починаа, јас не го имав Бог до мене, до мене беше некој друг мој близок да ми биде поддршка и утеха.
|
Постирано од: Стевче
Датум на внесување: 05.Април.2006 во 09:03
Блез Паскал е од Франција (1623- 1662). Тој е брилијантен математичар, физичар, изумител и филозоф. На три години останал без мајка и главно бил самоук. На 11 години решавал тешки математички теореми. Умрел на 40 години, но за време на својот краток живот успеал да ги постави темелите на теоријата на веројатноста, од која се развива современата статистика. Дал и голем придонес во областите на хидростатиката, хидродинамиката, хидрауликата (познат е Паскаловиот закон за распределба на течностите) и во конструкцијата на првата сметачка машина. Тој исто така бил и непоколеблив христијанин, со силна верба во Библискиот Бог. За постоењето на Бог тој го понудил следниот приод на ВАГАЊЕ. Бог или посоти, или не посоти. ^овек треба да извага што добива, а што губи ако верува или ако не верува во Господ! Ништо нема да загубиш, ако веруваш во Господ ,,по грешка,,. Се ќе загубиш, ако не веруваш во Господ ,,по грешка,,! 1. Ако Бог не постои и ти не веруваш дека Тој постои, ништо нема да загубиш. Со смртта, едноставно ќе престанеш да посотиш. 2. Ако Бог не постои, а ти веруваш дека Тој постои, повторно ништо нема да загубиш, а ќе живееш избалансирано, праведно и спокојно. Твојата судбина по смртта не би била засегната. 3. Ако Бог посоти, а ти не веруваш дека Тој постои, ќе загубиш многу: во овој живот ќе талкаш во мрак, а и по смртта ќе завршиш во вечен мрак- во пекол. 4. Ако Бог посоти и ти веруваш дека Тој постои, добиваш се: во овој живот добиваш Семоќен пријател, добиваш водство и заштита, а по телесната смрт- вечен живот и идно воскресение. И ѓаволот ,,верува во Бог!,, Секако, тој не е атеист. Тој многу добро знае дека Бог е жив. Но тој нема мир со Бог. ^овекот добива мир со Бог кога ќе се отстрани ѕидот на неговиот грев и вината што стои меѓу него и Бог. Токму за ова дошол Исус. Тој го урнал ѕидот на нашата вина. Тој дозволил да го приковаат на крст. Тој знаел: ,,Некој мора да ја понесе осудата на Светиот Бог за гревот- или човекот или Јас.,, Замислете си ја сликата- Исус на крстот. Таму виси Тој, преку кого Бог го урнал ѕидот. Таму виси Тој за кого Библијата вели: ,,Бог ги положи сите наши гревови врз Него.,, Исус плати за сите. За секоја вина мора да се плати. Исус плати за нас. Затоа или ќе поверуваме во него или сами ќе си платиме за гревот. А казната за гревот е смрт. Исус ја победи смртта со воскреснување. Ние можеме да имаме живот вечен преку Исус. Вечниот живот не почнува со смртта. Вечниот живот почнува со прифаќање на Исус. Или ќе го прифатиме Исус и ќе имаме живот вечен. Или ќе го негирате Исус и ќе одите во пеколот. Во црквите сепак има некаква принуда, но во Божјото царство се е доброволно. Кој сака да живее без Бог, може слободно да реши и така да живее. Бог не кани, а ние имаме можност да го одбиеме. Дали сакате да живеете без Бог? Можете! Дали сакате да живеете без мир со Бог? Можете! Сакате ли да живеете без Библијата? Можете! Сакате ли да ги кршите Божјите заповеди? Можете! Сакате ли да не ја почитувате неделата, да блудничите, да лажете, да крадете? Смеете! Ако некој не го сака Спасителот што го пратил Бог да ги спаси грешните, слободно нека го одбие. Кој сака да заврши во пеколот, не му е забрането! Кај Бог нема принуда. Но, нека ви биде јасно дека ќе морате сами да си ги поднесете последиците. Бог преку Исус ви нуди проштевање на гревовите и мир. Можете да кажете: ,,Мене тоа не ми треба. Јас тоа не го сакам.,, Имате право така да живеете. Но немојте да се надевате дека во последните 5 минути на вашиот живот- при умирачка- ќе го сфатите и разберете се она она што Бог ви го нудел во текот на целиот ваш живот.
------------- СТЕФАН
|
Постирано од: Стевче
Датум на внесување: 05.Април.2006 во 09:34
,,Бутел 2,, твојот коментар ми беше поттик посебно за те*е да направам една лекција- тема која верувам ќе ти помогне во некои од размислувањата, а се надевам и на многумина други. Имам такви теми уште многу. Морам да признаам дека ќе се молам за те*е, за да успееш да ја видиш Божјата љубов. Бог не сака сите, а таа љубов ни ја искажа најмногу преку Исус. Исус умре за сите, дури и за оние што нема да веруваат во него. Но спасен е тој што поверува во Исус. Бог те љуби и те*е.
------------- СТЕФАН
|
Постирано од: butel2
Датум на внесување: 05.Април.2006 во 12:14
Интересна прашања и одговори , благодарам Стевче, поздрав.
|
Постирано од: Safe_Haven
Датум на внесување: 05.Април.2006 во 20:14
Браво бе Стево.Се што кажа е така.супер образложено и аргументирано.Библиски.
------------- "...To give children a good education in manners, arts and science, is important; to give them a religious education is indispensable..."
Noah Webster's dictionary
definition of "education"
|
Постирано од: krale
Датум на внесување: 06.Април.2006 во 10:14
Еве уште еден пример да надоврзам од еден англиски филозоф Луис (писателот на Нарнија) што е сличен на овој пример што го даде Стевче од Блез Паскал, па можда ќе ви биде интересен ( а посебно на те*е бутел).
Луис ја поставува оваа проблематика на еден ваков начин. Вели Христос за се*е тврдел дека е Божји Син, спасител, месијата. Во таков контекст, вели Луис, остануваат две опции: 1) Лаже 2) Ја зборува вистината.
1) Ако лаже, има повторно две опции: а) лаже свесно б) лаже несвесно (односно е ментално пореметен).
Луис понатаму вели ако Христос лажел свесно, тогаш несомнено тој не бил во ред ментално, бидејќи за таа своја лага и умрел. На своето судење Христос имал можност да ја признае својата лага и да ја избегне казната.
Значи всушност, вели Луис, остануваат само овие две опции:
Христос е или:
1) Луд 2) Ја зборува вистината.
Понатаму Луис детално се прашува дали е можно Христос да е луд? Дали е можно луд човек да биде толку генијален во своите одговори. Го разгледува прашањето кое му е поставено од фарисеите за тоа дали треба да плаќаат данок на Римјаните, знаејќи дека ако Христос каже да, тогаш ќе го обвинат кај Евреите за предавство, а ако каже не, ќе го обвинат кај Римјаните за бунт. Но Христос неверојатно мудро одговара со прашање: „чиј е ликот на парите кои ги користите?“. На цезарот. „Епа тогаш дајте му го на Цезарот тоа што е Негово, а дајте му го на Бог тоа што е Божјо“. Луѓето остануваат вчудоневидени, бидејќи со една реченица се извлече од оваа неверојатна загатка, со суптилно тврдење дека се му припаѓа на Бог.
Понатаму Луис ги разгледува Христовите проповеди и заклучува дека тие не е можно да се напишани од луд човек. Тие зрачат со преголема совршеност и мудрост. Според тоа, вели Луис, останува само втората можност:
Христос ја зборува вистината.
------------- Ние сме Христов благ мирис пред Бог меѓу оние кои се спасуваат, и меѓу оние кои загинуваат; на едните смртен мирис за смрт, а на другите животен мирис за живот. 2Кор 2.15-16
|
Постирано од: Safe_Haven
Датум на внесување: 06.Април.2006 во 11:35
Знам дека е ван тема,ама морам да прашам нешто: Стево и Крале,од каде сте и у која црква идете,ако идете и ако не е тајна?
------------- "...To give children a good education in manners, arts and science, is important; to give them a religious education is indispensable..."
Noah Webster's dictionary
definition of "education"
|
Постирано од: aaaaaaaaaaaaaa
Датум на внесување: 06.Април.2006 во 19:46
Crkva e da ucestvuvas vo bozjata priroda.
|
Постирано од: Стевче
Датум на внесување: 07.Април.2006 во 11:00
За Safe_Haven
Јас одам онаму каде што пронаоѓам заедништво со верници!
Одам и во православните Цркви во Велес и Скопје и во Христијански центар (Пентакосна).
Одам и на низа средби со верници или потенцијални верници со цел да се прошири Божјото слово. Имам и низа средби со дечки муслимани кои сакам да ги запознаам со вистината од Библијата. Имам и низа други евангелизаторски средби и дружења како што се кафе дискусиите на Студентската Христијанска организација ,,Нова надеж,,
Искрено кога некој ме прашува што сум, мојот одговор е ХРИСТИЈАНИН. Зашто не давам приоритет на поделбите во Христијанството. Истите сметам дека се направени пред се од политички аспекти. За мене приоритетно место има она што е суштината на христијанството- Христос и Библијата.
------------- СТЕФАН
|
Постирано од: Стевче
Датум на внесување: 10.Април.2006 во 12:09
Христос навистина воскресна! Војната во Бивша Југославија. Падот на Берслинскиот ѕид. ^овекот на месечината. Втората и Првата Светска војна. Откривањето на Новиот свет. Падот на Римската империја. Секој од овие настани има извонредно историско значење. Но ниту еден од нив нема толку сеопфатни, еднакво важни за целиот свет и вечни последици, како што е настанот од пред 2000 години. Тој настан е воскресението на Исус Христос. Бог дојде на Земјата како човек, за да плати со смртна казна за гревовите на целиот свет. Докази дека Исус воскресна: 1. Исус беше мртов кога неговото тело беше симнато од оној ужасен крст на Голготата. Некои критичари велат, Исус беше само онесвестен од болка. Тогаш немаше да има потреба од воскресение. За некој да воскресне од мртвите, мора прво да умре. Римските војници не ги прекршија Исусовите нозе, зашто видоа дека Тој веќе е мртов. Војникот со копје го прободе меѓу ребрата и од таму потече вода и крв. Медицинските експерти велат дека, дури и да бил Тој сеуште мртов, самиот тој убод би го убил. Кога Јосиф го побара телото на Христос, за тој и Никодим да можат да го погребаат, Понтие Пилат определи офицер да потврди дека Исус е мртов. Тие го подготвија телото за погребуање според еврејскиот обичај. Тоа вклучува и замотување во чист ленен повој. Ако имало било каков знак на живот, овие ожалостени пријатели ќе го забележеле тоа и немало Исусовото тело да го положат во гробот издлабен во карпа. Војниците на крај го запечатиле гробот со голем камен и поставиле стража за да се спречи евентуална кражба. 2. Гробот беше празен. Беше недела, жените одеа да го премачкаат телото на Исус со миризливи масла. По пат се чудеа кој ќе им помогне да го отстранат големиот камен за да влезат во гробот. Но кога стасаа, видоа дека каменот веќе беше отстранет! Тогаш ги пречека ангел, и им рече Исус воскресна. На гробот имало официјален римски печат и на власите ништо не им било поважно од тоа Исус да остане таму каде што Јосиф го беше положил. Имаше стража пред гробот, а телото не било веќе во гробот (за ова постојат и официјални историски записи). 3. Појавувањата на Исус. Исусовите следбеници три години го слушаа и следеа и беа близу до Него. Тие немале причина да измислуваат приказни дека го виделе. Исус се појавуваше пред Своите пријатели во текот на четириесет дена ширум земјата. Марија Магдалена- плачеше, затоа што како, што рече самата: ,,Го однеле мојот Господ и не знам каде го положиле.,, Но Исус ја изненади и и се појави. Се појави и пред повеќе жени- близу до гробот. Пред учениците се појави на третиот ден, првен на двајца од нив потоа и на останатите. Се појавил и пред Петар, па пред десет од своите ученици во горната соба, за време на молитвениот час. Тие мислеа дека гледаат дух, но тој брзо ги разувери и им понуди да Му ги допрат рацете и нозете и вечераше со нив. Се појави пред единаесет ученици- во горната соба, сега и Тома го виде. На седум луѓе кај Галилејското езеро. Учениците се вратија на работа, некои беа рибари, а риби немаше ни за лек. Тој им спреми вечера. Се појави и на договорена средба со единаесетмина ученици на една планина во Галилеја, и со уште 500 луѓе. Последното појавување на Исус беше близу до Бетанија пред Тој да се вознесе- Облак го зеде од пред нивните погледи. Само пред неколку недели тие беа малодушна група чиј водач беше мртов. Сега наеднаш станаа ревносни евангелизатори. 4. Реакција на власта. Римските војници не беа страшливци. Тие беа специјално обучени, дисциплинирани и добро опремени. Но кога стражареја пред гробот, тие осетија дека земјата се поместува и видоа ангел како го отстранува каменот, се преплашија и се онесвестија. Иако знаеја дека ќе бидат казнети зашто не успеале во стражарењето (најчесто биле претепувани или фрлани во оган) ги известија претпоставените. Се расцепи и завесата во храмот на пола. Старешините сфатија дека со убивањето на Исус не ја постигнале целта, одлучиле да ја заташкаат работата. Ги поткупија војниците за да рашират лажна вест, дека учениците го украле телото, додека тие спиеле. Но прашање е како не успеале да се разбудат кога група на луѓе поминувала крај нив. Како не успеале да се разбудат кога таа група го тргала огромниот камен. Како не успеале да се разбудат кога го одмотувале телото од 50 метри долгиот повој и кога го изнесувале телото. Старешините знаеја дека Исус воскресна. Нивната реакција и поткуп е доказ за тоа. 5. Однесувањето на Исусовите ученици. Учениците на Исус не беа некое чудо од луѓе. Ноќта откако Исус беше уапсен, учениците се распрснаа секој на разна страна. Петар се исплаши и од една слугинка што го препозна како Пријател на Исус и три пати се одрече од Него. Едноставно учениците не беа луѓе од акција. Но се случи нешто и сите до еден се променија. Што би можело да биде тоа што од една група плашливци и натажени луѓе ќе направи храбри и сложни евангелизатори, спремни да станат и да сведочат дека Исус што го распнаа воскресна? Што беше тоа што им даде сила доброволно да ги жртвуваат своите животи за верата? Тие луѓе беа мачени, распнати на крст со главата надоле, набодени на колец, главите им беа отсечувани, но до последен здив тврдеа дека Исус воскреснал. Нема друго нешто што би можело толку цврсто да ги разувери, освен со свои очи да Го виделе воскреснатиот Исус. Тие не се плашеа ни својот живот да го дадат за Оној што ја победи смртта, за нив и за нас! Никој не би пострадал на ваква смрт ако стануваше збор за лага. 6. Раѓањето на христијанската Црква. Христијанската Црква ниту ќе се родеше, ниту пак денеска ќе постоеше, само врз основа на Исусовиот живот и учење. Црквата што се роди нешто помалку од два месеци после смртта на Исус е резултат на нешто многу позначајно од Неговите изреки, параболи и филозофија. Тоа започна откако луѓето го видоа воскреснат. Петар не проповедаше веронаука, ниту штитеше некаква филозофија. Едноставно им кажуваше на луѓето дека распнатиот Исус е жив. Тој воскреснал. Таа порака е веќе две илјади години движеѓка сила на Црквата. 7. Очекувањето на Христовото враќање. Раната црква беше време на славење и потсетување на Исусовата смрт, како и време за споменување на неговата жртва. Каква причина би имале раните христијани да слават, ако Исус се уште бил мртов? Тие луѓе беа современици на Исус. Ако приказната за Исус беше лажна, тие ќе го знаеле тоа. Никој не би се осмелил да претскажува дека Исус ќе се врати, ако Тој лежеше во гробот, или пак ако Неговото тело беше однесено и скриено. Тие немаше да веруваат во Исусовото второ доаѓање, ако не знаеја дека Тој е жив
Што вели противничката страна? - Телото било украадено од гробот. Според оваа теорија учениците се злосторници. Тие незабележано се прикрале до каменот, го истуркале настрана и заминале оттаму, носејќи го телото на Исус. ПРИГОВОР: Како би можело да се прикрадат незабележано, кога имало стражари. Дури и ако тие стражари добро обучени, дисциплинирани и опремени, задремале, за што следи строга казна. Па тоа не било пракса. Сигурно би се разбудиле при тркалањето на големиот камен. И ако Исус не воскресна, тогаш кој се појави пред сите оние луѓе? - Властите го зеле телото. Знаеќи дека телото на Исус би им значело многу на учениците, претставниците на власта, световна и религиозна го зеле телото. ПРИГОВОР: Да било така властите многу лесно ќе го побиеле тврдењето на Петар и другите луѓе дека Исус воскреснал. Немаше да дозволат на учениците толку ревносно да го шират христијанството, за што и ќе немаше потреба од ширење ако телото беше кај властите. - Исусовите пријатели дошле на погрешен гроб. ПРИГОВОР: Ако беше така, тогаш чии биле погребните завои што ги пронајдоа Петар и Јован? Што правеше ангелот пред нечиј гроб? Можно ли е сите на ист начин да погрешиле и да дојдат на погрешен гроб? И на погрешен гроб ли стражареа војниците? - Исус само се онесвестил. Според оваа теорија Исус не умрел на крстот. Тој паднал во длабока несвестица. Потоа, кога веќе бил сместен во гробот, оживеаал. ПРИГОВОР: Како војниците не забележале дека Исус не е мртов? Како Јосиф кој го завиткувал во ленено платно, не забележал дека Исус не е мртов? Како можел Исус, во една таква состојба, сам да се одвита од погребните завои, да го турне каменот и да се појави пред луѓето совршено здрав? - Исусовите пријатели халуцинирале. Тие гледале слики во нивните умови што одговарале на она што сакале да го видат. ПРИГОВОР: Како може единаесет луѓе да халуцинираат на ист начин и да видат иста слика? Како може 500 души истовремено да халуцинираат на идентичен начин. Можат ли халуцинациите да траат повеќе недели и да се случуваат на повеќе места? Може ли халуцинациите да бидат повод учениците да си го дадат животот?
За ова може да ни послужи аферата Вотергејт од 1973г. Ја објаснува поранешниот советник на претседателот Никсон на САД, ^арлс Колсон. …Вотергејт не можеше да се прикрива повеќе. Го правевме тоа три неделеи, но не можевме повеќе. Ние бевме дванаесетте најмоќни луѓе во САД. Целата моќ беше во наши раце, но не можевме да издржиме сложно да лажеме ни 3 недели. Најмоќните луѓе на светот не можеа да протнат една лага, за да го спасат мандатот на претседателот Никсон. И сега вие ми тврдите дека тие бедни апостоли, отфрлени во нивната сопствена земја, можеа да издржат каменувања, прогонства и ќотеци, маченичка смрт и што ли уште не. ^овечки гледано невозможно, освен ако не го виделе воскреснатиот Христос лице в лице. Ако тоа беше лага ќе се спогодуваа со властите и ќе бараа да спасат глава. Би попуштиле под тој притисок. Но тие пострадаа за Исус, зашто беа сведоци.
(Ова е избор од ,,Основи на Христијанстовот,, мислам дека сега пред Белигден е идеално да се прочита нешто повеќе за Него)
------------- СТЕФАН
|
Постирано од: daskalot
Датум на внесување: 10.Април.2006 во 12:54
Pozdrav na site, osobeno do Stevche, Krale i poltronot Safe_Haven!
Denes naletav na Vash*te stavovi i navistina se zainteresirav za ona shto ima da go kazhete.
Za Butel-kata: Zhalam za tvojata najgolema zaguba. Vo tie momenti ne treba da go barash Boga do sebe, treba da go barash vo sebe i prashanje e na vreme koga kje go najdesh. Ne ochekuvaj deka tvojot inferioren mozok od 1,4 kg. kje go vospriemi Sevishniot kako konkretizacija ili deka kje ti se priche neshto. Srceto raboti avtonomno za razlika od mozokot.
Za Stevche (od: 02.Април.2006 во 00:15) - Zoshto ja smeni temata> Nemash li svoe mislenje pa mora sekogash da citirash i da se povikuvash na avtoritet.
Tocno e deka Crkvata - toa sme nie, no nie - krstenite, ne sme moduli pa izolirani sami da deluvame i rasuduvame (ne sudime). So krshtevanjeto stanuvame edno, i so nash*te predci i so nash*te sledbenici. Vremeto e najnerelevantniot faktor vo ovaa diskusija. Toa "Prashanje na vreme" e samo oddolzhuvanje na kaznata vo koe kako chovek staree stanuva "pogolem" vernik - Ja sfakja relevantnata vrednost na zhivotot - BOG. Pouka: Kolku chovek e postar - tolku e pogolem vernik.
Nov sum na forumov i se nadevam deka mojov komentar kje izleze bez slikiche. Ne bi sakal da me prepoznavaat kako: ahaaa, onoj sho imat ikonche so sklopeni dlanki za molenje ili apstrancija na vzaemno normalni pravi so prikacheni ribici ili obeseni jagninja.
Dali bi mozhelo vo idnina da pishuvate pokratki komentari, bidejkji pochesto ja gubite sushtinata na kazhanoto.
So pochit,
|
Постирано од: Стевче
Датум на внесување: 10.Април.2006 во 13:35
Не гледам причина зошто некои работи не би можеле да ги искористиме и за форумов. Да форумов е и за нашите мислења да ги кажеме, но и да споделиме она што сме го прочитале, виделе, доживеале. Па убаво би било тоа со сите на форумов да го споделиме.
Даскалот- ти во твојот коментар велиш дека ние сме црквата, но ние крстените.
Јас на ова ќе додадам. Дека, пеколот ќе врие од крстени луѓе! Пеколот ќе врие од луѓе што палат свеќи или уште што знам не. Не дека сум против тоа. Туку, се додека секој не ја најде својата лична поврзаност со Господ Исус Христос залудно му е се што прави (се во смисла на секакви обичаи). Потребно е да секој преку молитва го прими Исус, зашто ти можеш да бидеш како бе*е крстен, дали си тогаш христијанин? Не! Зашто прифаќањето на Исус е свесна одлука. Не треба да е нешто наметнато. Луѓето затоа ја имаме нашата слободна волја да го прифатиме или одбиеме Исус.
И ако го прифатиме имаме живот вечен. Ако го одбиеме го немаме тој вечен живот.
------------- СТЕФАН
|
Постирано од: krale
Датум на внесување: 10.Април.2006 во 13:39
Добредојде даскале... Се надевам ќе има што да не даскалуваш овде...
Што се однесува до твојот пост, се сложувам, претежно, иако можеби не до крај.
Поготово ме „пече“ она „колку е човек постар - толку е поголем верник“. Сум видел старци што го псујат Бога, а и млади што му се молат со најискрен дух. Не знам дали ова ти е баш точна констатација.
------------- Ние сме Христов благ мирис пред Бог меѓу оние кои се спасуваат, и меѓу оние кои загинуваат; на едните смртен мирис за смрт, а на другите животен мирис за живот. 2Кор 2.15-16
|
Постирано од: Стевче
Датум на внесување: 10.Април.2006 во 13:51
Се сложувам со Крале. Зашто и јас верувам дека верата во Исус не е нешто што се обезбедува со наследство или тестамент. Тоа што некои се постари воопшто не значи дека се поголеми верници. Верата во исус е духовен растеж и секој што го има прифатено Исус, се исполнува со Светиот Дух.
Белата коса не е доказ за вернос кон Бог.
------------- СТЕФАН
|
Постирано од: Стевче
Датум на внесување: 10.Април.2006 во 13:54
Даскале. Не знам дали си ти верник. Но можам слободно да речам - изгледа не. Зашто Христијанството пред се нуди љубов, почит, внатрешен мир. ВО твоето обраќање кон Бутел и кон Сафе- Хавен не го увидов тоа.
------------- СТЕФАН
|
Постирано од: daskalot
Датум на внесување: 10.Април.2006 во 18:03
Blagodaram shto voopshto mi obrativte so Vash*te stavovi.
Vo kolku ne go razbravte moeto obrakjanje kon "Butel" togash ne znam kako bi go tolkuval podobro, a za ona kon Safe, go zakluchiv od kratkite poddrshki kon ostanatite za koi mu izgledaat interesni.
Inaku, vernik. Poznata mi e definicijata za "vernik", odnosno, shto nekogo pravi vernik. Chesto slikata e kleknata lichnost, lichnost koja plai svekji, se klanja, se ispostuva do stepen na asketstvo, nosi crno so prikladni simboli, koga odi na gosti glasno dava na znewe deka "choekov nejadel mrsno" a koga kje se prepne na kamenot na izleguvawe kje kazhe pcost na set glas.
Stevche neka ne prejudicira od mozhebi nejasnost za mojata opredelba dali sum vernik ili ne. Potrebno beshe duri vo tretata toa da go iskazhe. Mojata vera nema potreba da ja iskazhuvam na TV jasno i glasno ili da nosam krst okolu vratot (iako nosam) za da me zaprimetat.
Normalno e tvrdenjeto deka kolku si postar tolku si pogolem vernik ne treba da se svakja bukvalno ili kako vremensko stareenje. Ova e vo kontekst so "nasleduvaweto" na religioznata opredelba. Site nie sme odredena spored nash*te roditeli. Nemam zapoznaeno chovek koj ja smenil verata spored negovo lichno prifakjanje na Boga gledano od druga strana. Sekoe desidentstvo kon druga vera e od egzistencijalni prichini. Svedok sum na prebegnuvanje (ne moite)od pravoslavna vo islamska vera za da mozhe da go ispolni pravoto na krvna osveta. Pa kda kje odi negovata dusha: smenil vera za da ubie a negovite sledbenici se sega muslimani?
Ajde so pretpostavka deka site na forumov se hristijani (pretezhno pravoslavni): Hristos ni e daden (ja imame taa srekja) so nasheto krshtevanje a na nas ostanuva dali da go odbieme (a so toa sleduva opshtestvena osuda bidejkji moralnata vekje bi bila pogazena) ili pak da prodolzhime so Hrista, za chie shto odbivanje samo ludite (prostete mi site shto ste ateisti) se sposobni. Darot na ljubov i vzaemna pochit e najmaliot dar vo hristijanstvoto. Ona vozvishenoto (a da, tochno e deka golem broj na hristijani kje gorat vo pekol ako nekoj toa go sfakja kako "konkretno mesto" tamu nekade) se postignuva na ovoj svet koj kako eden vid na test (ne deka sum daskal) mora da se polozhi. Polaganjeto ne e redovno odenje vo crkva, polganjeto ne e redovno postenje, polaganjeto ne e nishto shto bi se manifestiralo nadvoreshno, toa e vo nash*te srca. Odish po patot ili prekutrupa.
Postenjeto, osven od zdravstveni prichini i nasledstvo od torata, pretstavuvalo NUS PROIZVOD na asketite koi od pregolemo vremensko molenje go isposnuvale svoeto telo za da mu se doblizhat na Boga. Budizmot ne e nishto poaren. Denes, pak, toj nus proizvod go koristime kako sredstvo da se piblizhime do Boga a kako nesakan efekt go dobivame odenjeto vo crkva za praznici (i samo togash).
Ve molam, ne me razbirajte pogreshno. Shto e do mene, verskite instanci potrebno e da go ozakonat odenjeto vo crkva a neodenjeto da go osudat. Toj sobir na lugje na edno mesto vo edno vreme, POSVETENO NA BOGA - e toa osnovnoto vo doblizhuvanjeto kon sevishniot. Sekoja misa, treba da e poduchuvanje a ne uchenje. Chovekot i kolku pati da go prochita Svetoto pismo sekogash kje najde neshto novo. Ponekogash duri i strav da te fati. Koga toa kje dojde od sveshteni lica (zborot) svesta e pogolema.
Navistina e dobro koga Stevche, Krale, Safe i drugite se na stranata na Hristijanskoto uchenje; vo kolku bi bile islamski vernici ne bi im begal epitetot na fanatici. Ova e kompliment, chitaj ponatamu i "nemoj da sudish" kako shto me "osudivte" prethodno za mozhebi predolgi i nerazbirlivi rechenici.
Povtorno kje se izvinam za nedorazbiranjeto po odnos na "Butel", no navistina mi tezhat zborovite upateni do mene a mojata poraka ostanala nerazbrana. - Ne znam shto mu preostanuva na choveka osven da veruva vo Boga - eden i edinstven. Ne znam zoshto bi moralo toa da go iskoristime kako marketing pred drugite.
Crkvata kako hram, zgrada, objekt, tula na tula, ne bila bitna vo vremeto na Hristos. Taa ne treba da se poistovetuva nitu so Krshetvanjeto (indirektno) bidejkji nitu Hristos e krsten vo crkva (a ne mi jasno koj go krstil Jovan Krstitel - baram informacija). Krsteni vo Jordan pod vedro nebo. Ne bi smee da ja involvirame crkvata vo sekakvi "diskusii" poradi koi bi mozhele da ispadneme i nerazbrani. Crkvata denes pretstavuva zbir na mnogu neshta, ne site tie "neshta" postoele pred 17 vekovi. Prvite tri veka od Hrista pa navaka mislam deka ova bi bilo apstraktna imenka. A ako nekoj treba da se gordee so neshto (iako poniznosta treba da mi bide svojstvena)togash toa e mojot roden kraj i mojata familila.
Site treba da go sakame Boga i svojata familija a ne sebesi i svoeto ego.
Za vo idnina ne znam dali postoi nekakva opcija i zhelba od Vasha strana za realno vremensko komuniciranje (neshto kako Mirc) za da ne lutame naokolu i vo ochekuvanje na replika.
Ova beshe ploden den za site nas.
Golem pozdrav,
------------- Site Ve gledam!
|
Постирано од: sard
Датум на внесување: 10.Април.2006 во 18:22
Добредојден си даскале! Се надевам ќе научиме нешто од она што го знаеш!
------------- „Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe www.pravoslavna.mk
|
Постирано од: krale
Датум на внесување: 10.Април.2006 во 18:29
Даскале, можеби забелешката од Стевче беше преостра, но имаше мала нејаснотија во твоите постови. Сепак мислам дека постот кон Бутел, барем јас така го сфатив, не беше насочен директно како пример кон неа, туку за целото човештво кое има лимитиран интелектуален капацитет а се обидува да сфати нешто толку огромно и над нашите капацитети како што е Бог.
Вистина е дека многу врз човекот влијаат родителит и нивната верска определба. Но, тоа не треба ни да се преувеличува. Човек е сепак самиот тој кој одлучува дали ќе го следи нивниот пат, ќе оди поинаку, или спротивно. Познавам луѓе од сите овие три сфери. Познавам и муслимани, родени како муслимани, кои станале верни христијани. Познавам и луѓе родени како христијани, кои не се ни „х“ од христијани. Познавам и такви кои се родени во строго атеистички семејства, па сега се верници. Имаш право, но до одредена граница, бидејќи постојат и многу други работи што влијаат врз човекот и неговата вера.
Го поздравувам твојот став околу црквата и се сложувам.
Што се однесува до мирц итн., јас сум агаинст такви нешта, бидејќи сепак форумов ми е доволно атрактивно место за дискусија, каде човек може и да размисли пред нешто да каже.
Поздрав.
------------- Ние сме Христов благ мирис пред Бог меѓу оние кои се спасуваат, и меѓу оние кои загинуваат; на едните смртен мирис за смрт, а на другите животен мирис за живот. 2Кор 2.15-16
|
Постирано од: Safe_Haven
Датум на внесување: 10.Април.2006 во 18:52
Абе ај....како се сврти сеа за 180 ступњева....?! А даки? Даскале,тоа се мои принципи,ако не ти се свиѓаат имам ја и други! Поштувам квалитет у секој облик и давам подршка на на она што вреди.
------------- "...To give children a good education in manners, arts and science, is important; to give them a religious education is indispensable..."
Noah Webster's dictionary
definition of "education"
|
Постирано од: butel2
Датум на внесување: 11.Април.2006 во 10:55
Стевче напиша:
Даскалот- ти во твојот коментар велиш дека ние сме црквата, но ние крстените.
Потребно е да секој преку молитва го прими Исус, зашто ти можеш да бидеш како бе*е крстен, дали си тогаш христијанин? Не! Зашто прифаќањето на Исус е свесна одлука. Не треба да е нешто наметнато. Луѓето затоа ја имаме нашата слободна волја да го прифатиме или одбиеме Исус.
. |
Чинот на крштевање се случува во најраното детство, ние самите не одлучуваме дали или не да бидеме крстени, тоа е одлука која ја носат родителите. Јас сум крстена, па не сум верник, маж ми и золва не се крстени, па се многу повеќе посветени на тоа.
Се сложувам со Стевче дека прифаќањето треба да е свесна одлука, а не нешто наметнато.
Честото одење или не одење во Црква не е мерило за силата на верата која човек ја има.
|
Постирано од: daskalot
Датум на внесување: 11.Април.2006 во 12:52
Saaaaaafeeee, se obiduvam da bidam pristoen, nemoj da provocirash. Ne sum bil, nitu kje bidam vejka na vetrot. Chitaj za da razberesh shto e napishano a ne subjektivnoto da go ispukuvash vo javnost.
Krale odlichno go sfati mojot stav za chovekovata nemozhnost kon vospriemanjeto na Sevishnata sila. Da, chovekot mozhe da ima samo pretstava, no i za da si pravi idoli so toa ili da si gi crta kako kje mu tekne.
Otkako go zgasnav smetachot vchera, razmisluvav: Shto baraat ateisti na ova mesto? Postojat dve opcii: da n`e ubedat nas da staneme ateisti (no ova ne e nivnata cel) ili se prisutni za da bidat ubedeni vo sprotivnoto.
Kje prodolzham posle, mi iskrsna rabota...
Do podocna,
------------- Site Ve gledam!
|
Постирано од: Safe_Haven
Датум на внесување: 11.Април.2006 во 13:43
Како другачије да го разберам" ... poltronot Safe_Haven!"?
------------- "...To give children a good education in manners, arts and science, is important; to give them a religious education is indispensable..."
Noah Webster's dictionary
definition of "education"
|
Постирано од: daskalot
Датум на внесување: 11.Април.2006 во 16:10
Hahaha... prvo ja prochitav tvojata lichna poraka do mene a potoa go vidov tvojot komentar.
No koment!
Teraj i ponatamu so tvoite poddrshki kon drugite bez iznesuvanje na licni stavovi.
Pozdrav,
------------- Site Ve gledam!
|
Постирано од: Safe_Haven
Датум на внесување: 11.Април.2006 во 17:24
Денес реагирам на глупи постови,само многу ги има па затоа одговарам на најглупите... Зашто морам да контрирам ако со некоја работа се сложувам. Очигледно си јако искомплексиран тип штом уште во првите 3 поста вреѓаш. Да те прифатам онаков каков си или да те сакам :)
------------- "...To give children a good education in manners, arts and science, is important; to give them a religious education is indispensable..."
Noah Webster's dictionary
definition of "education"
|
Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 12.Април.2006 во 09:06
тема е: ’Суштината на Христијанството’. Пишувајте во контекст на темата
------------- Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
|
Постирано од: daskalot
Датум на внесување: 12.Април.2006 во 14:41
ZA TEMATA: Sushtinata na Hristijanstvoto e Voskresenieto.
Zoshto?
Se dava na znaenje za postoenje na zadgroben zhivot.
Nachin - kako do nego.
Ovozemniot zhivot e privremen. - Pazi shto pravish!
Eden e bog i negovata sila e demonstrirana so Voskresenie Hristovo.
Zoshto voskresnal - bidejkji Bil osuden.
Zoshto osuden - za postojnite grevovi na choveshtvoto (izraz na milosrdie, rabiranje i ljubov)
Koj Go osudil a ne kogo ne mu bilo prosteno?
Voskresenieto Hristovo gi sodrzhi site potrebni elementi za da se dolovi sushtinata na Hristijanstvoto.
Zoshto i kako bilo prifateno Hristijanstvoto od Rimskata Imperija, mislam deka se bazira vrz zborovite :"Slugi, pochituvajte gi svoite gospodari". Na "vladetelite" toa im odgovaralo nanormalno, otkolku da se pojavel nekoj drug mesija koj kje go podbucnuval narodor protiv Rimskata Imperija.
Pozdrav,
------------- Site Ve gledam!
|
Постирано од: butel2
Датум на внесување: 12.Април.2006 во 21:43
daskalot напиша:
Otkako go zgasnav smetachot vchera, razmisluvav: Shto baraat ateisti na ova mesto? Postojat dve opcii: da n`e ubedat nas da staneme ateisti (no ova ne e nivnata cel) ili se prisutni za da bidat ubedeni vo sprotivnoto.
Kje prodolzham posle, mi iskrsna rabota...
Do podocna, |
Каде пишува дека не смеат да доаѓаат овде и зарем на те*е тоа ти смета?
|
Постирано од: Стевче
Датум на внесување: 13.Април.2006 во 11:32
Случка на еден пастор.
- По избор на Стевче со извадоци од книгата ,,Исус наша судбина,, од Вилхем Буш
Еден ден седнав наспроти еден човек. Тоа беше тип голем како орман со три врати. Го нареков Фанелко бидејќи носеше де*ела блуза. Неговата жена загина. Загинаа и неговите двајца синови. Жал да те изеде! Човекот ми дофрли: „Господине пасторе, не стегајте ми го вратот со вашето христијанство! ТОлку многу пропратив, што во ништо веќе не верувам. Премногу имам преживеано!
Се насмевнав и му реков: „Кажи ми дали патуваш со воз?“ Ми одговори потврдно. Па дали кога патуваш со воз одиш кај машиновозачот и му бараш да ти ја покаже возачката дозвола. Фанелко ми одговори не! Па како, го запрашав? Се качуваш во воз, а не проверуваш дали машиновозачот знае да управува со возот? Значи им веруваш на секакви луѓе без да ти дадат некакви докази. Ете тоа се вика вера. Значи твојот живот си го доверил на машиновозачот. Затоа немој да ми викаш повеќе: „Јас не верувам, јас не верувам“.
Потоа го запрашав: „Дали купуваш во аптека?“ Ми одговори потврдно. Ми кажа дека си купувал прашок против главоболка скоро секој ден. Па добро му велам: „Што ако аптекарката наместо прашок против главоболка ти даде прашок- отров за глувци. Зар не го проверуваш прашокот. Значи веруваш во аптекарката и нејзе и го доверуваш животот. Затоа немој повеќе да велиш: „Јас не верувам, јас не верувам“ Кога твојот живот го доверуваш на машиновозач и на аптекарка.
Па драги Фанелко, му реков. Ти веруваш на секој друг и во сешто, а на Оној на Кој навистина треба да му се верува, ти не му веруваш. Јас познавам стотина луѓе што се покајуваат поради тоа што не верувале во Исус, а сеуште не познавам некој кој се кае поради вербата во него.
Јас не сум му на Бог министер за внатрешни работи, ниту личен адвока. Но со помош на Библијата сум дошол до извесни сознанија и одговори на многу прашања.
Многумина луѓе раскажувајѓи ги своите животни истории прашуваат: Каде е Бог? Зошто Бог молчи? Некогаш кога ќе ги нападнат страшни работи веројатно доаѓаат и до точка кога велат: „па можеби нема Бог“!? Можеби небото е празно!? Можеби атеизмот сепак е во право!?
Драги пријателе оној на кого му доаѓаат вакви мисли треба да се уплаши. Кога би било вистина дека нема Бог, тоа би било страшно. Тогаш ние лѓето би биле сами и напуштени- како диви животни! Би биле како загубени деца што не знаат да се вратат дома.
Некој што кажува: „Јас сум атеист.“ Нема поим што изразува со тоа. Тоа значи дека не постои ништо над нас! Да сме напуштени! Да сме препуштени сами на се*е. Јас верувам дека има пекол Тоа е место каде Бог нема што да им каже на луѓето. Таму можете да се молите, можете да го проколнувате колку што сакате, да викате по Него- но тој нема да одговори! Пеколот е место каде што Бог не погледнува- тоа е место каде што конечно сме оставени, наполно напуштени од Бог. Можеш да правиш што сакаш, да се молиш, да пцуеш- но тој нема да одговори. Божјото молчење е најтешка казна од Бог. Бог нема што да ви каже ако вие не го прифатите Исус. Затоа отфрлете ја својата малечка религија и најдете ја верата во Исус.
Исус вели: „Јас те откупив, ти треба да бидеш мој.“ Прашајте го Исус: „Зошто висиш на крстот? А тој одговара: „Заради твојата вина пред Бог, или ти ќе ја платиш во пеколот, или ќе дозволиш јас да платам за те*е. Еден мора да плати. Јас те сакам и го сторив тоа за те*е. Само верувај во Мене!“
Решавачко прашање на сечиј живот е дали ќе го примите Исус.
Зошто Бог молчи? Бог воопшто не молчи, драги мои. Тој зборува. Неговиот збор се вика „Исус“! Тоа значи љубов, милост и милосрдие. Тие што нема да го прифатат Исус нема да го чујат ни Бог.
За дополнување Читајте од Библијата од Прво послание до Римјаните од глава 10 стих 9- 17
------------- СТЕФАН
|
Постирано од: krale
Датум на внесување: 13.Април.2006 во 12:07
Стевче напиша:
Решавачко прашање на сечиј живот е дали ќе го примите Исус. |
Ај те молам Стевче да ми посочиш каде во Светото Писмо тоа пишува дека Исус треба да се „прими“?
------------- Ние сме Христов благ мирис пред Бог меѓу оние кои се спасуваат, и меѓу оние кои загинуваат; на едните смртен мирис за смрт, а на другите животен мирис за живот. 2Кор 2.15-16
|
Постирано од: daskalot
Датум на внесување: 13.Април.2006 во 13:07
"Primanje na Isus"
>Тој зборува. Неговиот збор се вика „Исус“! Тоа значи љубов, милост и милосрдие.<
- Sekoj shto e milstiv, milosrden i poln so ljubov kje go primi Isus (iako, na primer, toj e pripadnik na druga vera koja Hristos go prifakja SAMO kako Bozhji pratenik)?
> Затоа отфрлете ја својата малечка религија и најдете ја верата во Исус.<
- Nekoja konkretna religija, makar i politeistichka od pred 2000 godini, ili pak nekoja deneshna, (duri i ateistichkata) koja poprima forma i sodrzhina na religija=pari, religija=droga, religija=*.*?
> Божјото молчење е најтешка казна од Бог<
- Onoj shto pee zlo ne misli,
- Kuche shto lae ne kasa,
...
Shto postignuva Bog so svoeto molchenje?
Odnosno, shto saka da kazhe Bog so svoeto molchenje?
Shto postignuva chovek koga mu molchi na chovek?
Shto treba da "podrazbere" toj na koj shto mu se molchi?
------------- Site Ve gledam!
|
Постирано од: Стевче
Датум на внесување: 17.Април.2006 во 12:29
ИСУС Е БОГ!
1. Исус за себе тврди дека е божество:
- Јован 10:30 Јас и Татко Ми едно сме... и познајте дека Татко ми е во Мене и Јас во Него! - Јован 8: 58 Јас сум пред да се роди Авраам. - Јован 14:8- 11 Филип Му рече: ,,Господи покажи ни Го Таткото и доста ни е. Исус му рече: ,,Толку време Сум со вас и не Ме позна Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел и Таткото, тогаш како велиш ти: Покажи ни Го Таткото! Не веруваш ли дека Јас Сум во Таткото и дека Таткото е во Мене? Зборовите што ви ги кажувам , не ги зборувам од Се*е. Таткото Кој е во Мене, Тој ги прави делата. Верувајте Ми дека Јас Сум во Таткото и Таткото во Мене.
- Матеј: 28:18 Исус им се приближи и им рече: ,,Дадена Ми е сета власт на небото и на земјата.,, - Матеј: 28:20 И еве Јас Сум со вас во сите дни до свршетокот на светот. Амин! (Кој ако не е Бог би го тврдел ова)
2. Исус прифаќа да го слават како Бог. И другите тврдат дека е Бог.
- Јован 20: 25 Затоа и другите ученици му рекоа: ,,Го видовме Господа! - Јован 20:28 Тома одговори и Му рече Мој Господ и мој Бог! Исус му рече: ,,Поверува зашто Ме виде. Блажени се кои не виделе, а поверувале.
3. Исус опростува гревови
- Марко 2: 5-7 А Исус, кога ја виде нивната вера му рече на фатениот: ,,Синко, ти се опростуваат гревовите. А некои од книжниците седеа таму и размислуваа во своите срца ... Кој може да опростува гревови освен Еден Бог?
*Никој не може да опрости грев направен против Бог, освен самиот Бог. А Исус го направи тоа.
4. Исусовите чудотворни знаци и дела биле несекојдневни.
- Марко: 1:28 ...Им заповеда и на нечистите духови и тие Му се покоруваат. - Марко 3: 39 И стана, му се закани на ветерот и му рече на морето: ,,Стивни! Молкни! 3:41 И ги опфати голем страв и говореа еден на друг. Кој е овој што и ветерот и морето му се покорауваат? - Марко 5:41 (за мртвото девојче) ,,Јас ти велам стани!,, И девојчето стана... И се зачудија многу.
5. Исус исполни повеќе од 300 Старозаветни пророштва, од кои 48 се многу специфични во однос на Месијата.
- Веројатноста еден обичен човек да исполни само 8 пророштва е 1 од 10 на 17.
6. Исусовото воскреснување беше последниот доказ на Неговите тврдења.
* Буда, Мухамед или Конфучие не тврделе дека се Бог, а Исус го тврдел токму тоа.
* Исус Христос е име и титула. Името Исус доаѓа од грчки облик на еврејското име Јошуа, што значи Јахве- Спасител или Господ спасува.
7. На Исус не му се суди за делата што ги правел туку за тоа што тој тврдел дека е. На денот на погубувањето неговите судии и неговите непријатели потврдиле дека Бог преку Исус дошол во човечки облик.
8. Бог имал неограничена способност на себе да ги прими гревовите на целото човештво преку распнувањето негово на крстот.
9. Затоа и Христијанството не е религија. Религијата е збир на човечки настојувања за себе си да си создадат пат до Бога. Христијанството е кога Бог им се приближи на луѓето преку Исуса Христа.
------------- СТЕФАН
|
Постирано од: red_army
Датум на внесување: 17.Април.2006 во 13:19
ej site sto pisuvate ovde imam nesto novo ili mozebi i se objavil i ovde no jas resif da go napravam ova. Pred nekoja vreme e najdeno nesto novo sto moze da go smeni se sto e govoreno za kristianstvoto niz vremeto i na ovie fozumi na idividi.com.mk ne znam kako ke go primite no kako i da e jas sum resen ova da go ostavam na vasite komenti ovde vo forumot. pred nekoe vreme e najdeno nesto sto nekoi od vatikan ne bi sakal da bide objaveno no nekako dosol do nekoi race koi vednas po desifriranieto sfatile za sto se raboti. jas ke go davam na Angliski bidejki ne znam na makedonski da go brevedam. kolku sto zanm jas oficialno postojat Gospel of Mark,Gospel of Peter i taka na tamu vo posledno vreme e otkrieno i Gospel of Judas pisano nekade 130-170 C.E za poveke citajte na ovie sajtovi i posle od vreme na vreme jas ke se vklucam so novi fakti
http://www9.nationalgeographic.com/ngm/gospel/ - http://www9.nationalgeographic.com/ngm/gospel/
http://www.earlychristianwritings.com/gospeljudas.html - http://www.earlychristianwritings.com/gospeljudas.html
http://www.sogamed.com/index.php?s=forum&sub=viewthread&thread_id=9298&page=0#lastpost - http://www.sogamed.com/index.php?s=forum&sub=viewthread& amp;thread_id=9298&page=0#lastpost
ako ova sto e napisano ovde se potverdi mnogu nesta mozat da se promenat i mnogu steta moze da mu se naprae na kristianstvoto
|
Постирано од: krale
Датум на внесување: 17.Април.2006 во 14:23
Како што неколку пати реков, ова фалсификувано т.н. евангелие не е од апостолите, ниту од Јуда, туку од фалсификатор од 4 век. Читајте малце пред да верувате во се и сешто.
Во христијанството ова нема, и не може да промени ништо. Која е таа сила што ќе промени Божјото слово? Зарем не е самиот Господ доволно способен да го чува својот Збор?
------------- Ние сме Христов благ мирис пред Бог меѓу оние кои се спасуваат, и меѓу оние кои загинуваат; на едните смртен мирис за смрт, а на другите животен мирис за живот. 2Кор 2.15-16
|
Постирано од: red_army
Датум на внесување: 17.Април.2006 во 19:13
koga samiot "BOG" mozel da gi naredi da go spionirat i da go sopnat ova na krst toe ti e na nekoj vid samoubistvo (me gisht ne bith) znaete ova samo nekoj mentalno ne zrean covek moze da go primi a za toa deka e toa falsifikat toa ti ne mozes da go znas podobro od nekoi naucnici kristiani koi sami rekoa deka toa ti e direkno poverzano so toa sto pisuva vo laznata biblia koja vie samite ja koristite mene coveku mi e nogu zal kako ne mozel bog da spreci pojavuvanje na stotici razlicni bibli koga imal tolku sila.
navistina mi e zal no ste za placenie na vistina vasata vera e po primitivna i od tie sto veruvale vo nekoi kamenia ili na tie sto veruva na sonce i mesecina se gledame na drugiot svet
zatoa vi ostanuva samo uste nesto i toa e da priznaete deka NEMA DRUG BOG OSVEN ALLAH I MUHAMED E NEGOV PRATENIK
a ne "cedo bozje","samiot bog" toa stvarno gi pominuva site granici kako moze da se veruva vo ened maniak.
eve sega ke izleguva eden i ke kaze deka e sin bozi i deka e bog na zemjata i site drugi planeti ke napravi nekoi trikovi i ke mu veruvate pa vie ste tolku slabi sto ne znam i jas da znam da pravan ekzebici vo vazdu bi me veruvale na vistina ste za placenie no podobro kasno od nikogas imame nie luge koi se grizat za tie sto sakat da se vratat na vistinska vera jas bi ve pomagal samo izvolte
ova e vistinata
ESHEDU EN LA ILAHE ILALLA VE ESH-HEDU ENE MUHAMEDEN ABDUHU VE RESULUHU ova znaci NEMA BOG OSVEN ALLAH I MUHAMED E ALLAH-hova SLUGA
|
Постирано од: Nedim
Датум на внесување: 17.Април.2006 во 19:33
da be krale ti se znajs od kaj znaes deka e falsifikat ili ti kaza toj sto go falsifikuvase a bre do prva ke se utvrduva kolku ste vo APSURD !!! ova hristijani go imaat pisuvano i otkrieno ti ke kazes so osnovno odellenie deka e falsifikat a be uste ve lazat be !!!
P.S. Go imas citano Kodot Na DA Vinci !!!doprva i ke go gledas na film !!!
|
Постирано од: Nedim
Датум на внесување: 17.Април.2006 во 19:41
Vo postot od Stevce jas ne gledam nikade deka Isus rekol deka e BOG rekol deka toj i gospod se edno i deka toj moze da oprostuva hahah Ne gledam kade Isus rekol deka e gospod !!! Koga e krenal Isus kosnicata i koga molel za hrana na kogo toj se molel ako bil gospod toj togas ne moral da kreva kosnica na gore neka si recel ajde evo hrana i tolku ama toj ja krenal kosnicata i rekol Gospode daj ni hrana na site !!!!Znaci imalo nekoj gore sto Isus go molel da mu dade hrana !!!
|
Постирано од: krale
Датум на внесување: 17.Април.2006 во 21:13
Јас Недим не знам дали е фалсификат. Ама знаат научниците. НАЈДИ МИ ЕДЕН НАУЧНИК КОЈ ТВРДИ ДЕКА ТОА ЕВАНГЕЛИЕ ГО НАПИШАЛ ЈУДА И ДЕКА Е НАПИШАНО ВО ПРВИОТ ВЕК КОГА ЖИВЕЕЛ ХРИСТОС. ЕДЕН! ЕДЕН! ЕДЕН ЕДИНСТВЕН!
Немаш ни еден научник, а ти мене ќе ми зборуваш за наука. Смешен си.
Кодот на давинчи? Реков јас вие и во марсовци ќе поверувате ама во Вистината не! Ти си ја читал книгата „Елвис е жив“? Или „Марсовците напаѓаат?“ Или „Војна на ѕвездите“? Знаеш зошто те прашувам? Пошто на иста полица се со Кодот на да винчи Ехехеј, дечко, сакаш сериозни муабети со стрипчиња и романчиња да правиме. Прочитај нешто наука. И пази, лево-десно, да не те пратат марсовци
------------- Ние сме Христов благ мирис пред Бог меѓу оние кои се спасуваат, и меѓу оние кои загинуваат; на едните смртен мирис за смрт, а на другите животен мирис за живот. 2Кор 2.15-16
|
Постирано од: red_army
Датум на внесување: 17.Април.2006 во 22:47
e krale be smotan ni eden pa koj ja prevedil toj ne moze eden ofcar od pustina da preveduva edno takvo delo ne znam dali gi cita likovite sto gi dadov no kako sto vidam ne si cital nisto od toa no kako i da e so ovcar od Ovce Posle(krale) ne mozes da zboruvas nauka.
|
Постирано од: sard
Датум на внесување: 17.Април.2006 во 23:32
Да не претеруваш одеднаш red_army.?
------------- „Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe www.pravoslavna.mk
|
Постирано од: Стевче
Датум на внесување: 19.Април.2006 во 12:26
Зошто Исус е единствениот пат за воспоставување однос со Бога?
Зарем не постои ни еден друг кој би можел да не поврзе со Бога? Буда, на пример. Или Мухамед. Зарем човек не може да живее чист морален живот? Ако Бог е таков Бог на љубовта, зошто не ги прифати луѓето онакви какви што се? Како Бог којшто е полн со љубов ќе прати човек во пеколот?
Еден куп вакви прашања ќе поставувате и вие и многумина други. И сите тие ќе се вртат околу едно, зошто човекот мора да има доверба во Исуса Христа како во Спасител и Господ. Одговорот е:- ЗА ДА МОЖЕ ДА СЕ ВОСПОСТАВИ ОДНОС СО БОГА И ЗА ДА ДОБИЕМЕ ОПРОСТУВАЊЕ НА ГРЕВОВИТЕ.
Зашто Бог е Бог на љубов, но Бог е и Праведен и Свет и нема да дозволи грешник да дојде пред него.
- Бог во вечното минато речил да направи човечко суштество, маж и жена. Бог го создал човекот за со него да ја подели својата љубов и слава. Но Адам и Ева се побуниле против Божјата замисла и тргнале по соспствен пат, и тогаш гревот влегол во човечката раса. Од тој момент секој поединец станува грешен и одвоен од Бога. Сите луѓе од тој момент па наваму се раѓаме грешни, зашто Адам и Ева имале слободна свест и тие го одбрале гревот.
Библиската вистина е дека платата за гревот е смрт (како што и за секое прекршување на законот следи казна, така и за гревот мора да се плати).
Факт е дека и муслиманите и христијаните ги имаат Адам и Ева. И факт е дека сите признаваме дека тие згрешија - направија грев. Тогаш кој ќе плати за гревот? Бог кој е Свет и Праведен нема да дозволи да дојде грешник пред него.
И бидејќи Господ толку ги засака луѓето, и бидејќи Бог е со неограничена способност, тој самиот реши гревовите да ги плати и со луѓето- неговите деца да има повторно заедништво. Зашто казната за гревот е смрт. Некој мора да плати. Бог слегол во форма на човек преку Исус Христос и плати за гревот- преку смртта на Христос на Крстот.
Но Христос - Бог ја победи смртта и воскресна. И токму поради тоа верувањето во Исус- Бог нуди спасение (опростување за гревовите и вечен живот). Никој друг не плати за гревот.
Знам проблем е кога велиме и кога треба да се прифати дека една е вратата за влез во Божјото царство. Убаво би било да се повеќе врати. Но една е таа врата тоа е Исус. Затоа и Исус вели: широка е вратата и простран е патот што води во пропаст, но тесна е вратата и еден е патот кој води кон вечен живот. Кој поверува во ова ќе биде спасен. Кој не поверува во ова ќе го нема вечниот живот и ќе оди во пеколот.
,,Многумина се повикани, но малкумина се одбрани,,
,,Ќе гледате, а нема да видите. Ќе слушате, а нема да разберете,,
Точно така се додека не го прифатите Исус нема да го разберете. Се додека не го прифатите Исус ќе го немате спасението. Ѓаволот секогаш ќе ви наоѓа изговор, нови оправдувања, нови верувања, нови месии, нови научни докази- кои секојдневно се побиваат.
Затоа и има дел во Библијата каде Исус вели: ,,Проклет да е тој што ќе ви нуди ново Евангелие, па дури и ангел да е, ако е поразлично од она што ви го кажувам јас,,.
Вие постојано ќе наоѓате човечки филозофии, но прашање е дали тие мочат да платат за вашиот грев, дали тие нудат живот вечен. Одговорот е не!
Една е вратата, еден е патот, едно е спасението- тоа е преку Бог, еден е Бог. Бог е Праведен и Свет. И никој не доаѓа кај Бог преку Исус.
Ваше е да прифатите или одбиете. Колку и јас да ви докажувам, ако замижувате и понатаму нема да видите. Колку и јас да ве љубам ако вие не го прифатите Исус, залудно ви е се.
Ваше е да одберете по кој пат ќе чекорите. Или ќе одите во вечен живот и ќе поверувате во Исус и преку вера ќе му дозволите да плати и за вашите гревови или вие самите ќе платите за гревот. А казната за гревот е смрт. Со грев не може во вечен живот. Грешни луѓе не можат да влезат во Божјото царство.
------------- СТЕФАН
|
Постирано од: Стевче
Датум на внесување: 22.Април.2006 во 00:54
Chestit VELIGDEN- ISUS VOSKRESNA ZA SITE DURI I ZA ONIE SHTO NEMA DA VERUVAAT VO NEGO.
NO SPASENI SE SAMO ONIE SHTO VERUVAAT I GO PRIFAKAAT NEGO.
------------- СТЕФАН
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 22.Април.2006 во 01:08
ama ti, izgleda ke bidesh naj spasen!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: nindza
Датум на внесување: 08.Октомври.2006 во 20:42
Interesno
------------- OBAVESTUVANJE: gorenavedeniot tekst ne e za ogranicheni - od upravata
|
Постирано од: Kanon
Датум на внесување: 10.Април.2007 во 19:31
Стевче напиша:
Второто значење на поимот црква е ЧОВЕКОВОТО ТЕЛО. Секој верник кој го прифатил Исус се исполнува со Светиот Дух. Затоа и човековото тело е црква. Зашто секој човек треба да ја сочува чистотата и невиноста. Директна е комуникацијата помеѓу Бог и Човекот. Нема посредници. Единствен начин на разговор е молитвата кон Господ. |
Само кратко да те поправам. црквата не е човековото тело туку христовото тело. Ама во право си за тоа дека секој верник го има Светиот Дух и неговото тело е храм. Тоа е библиски.
------------- Jas Sum Patot, Vistinata i Zivotot. Nikoj ne doaga kaj Tatkoto osven preku mene. - ISUS HRISTOS
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 10.Април.2007 во 20:27
За којхрам треба да се грижи и да го негува односно да не се дупчи со пирсиву да не се тетовира и др.
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 10.Април.2007 во 22:31
чаир напиша:
За којхрам треба да се грижи и да го негува односно да не се дупчи со пирсиву да не се тетовира и др. |
a na ush*te obetki?
-------------
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 10.Април.2007 во 22:42
beleg напиша:
чаир напиша:
За којхрам треба да се грижи и да го негува односно да не се дупчи со пирсиву да не се тетовира и др. |
a na ush*te obetki? | И тоа е нарушување на Божјиот храм ама за нив се прогледува низ прсти
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 11.Април.2007 во 01:38
Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 22.Април.2007 во 01:07
Shto stana so obetkite???
-------------
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 22.Април.2007 во 01:15
е што стана де? што е сега проблемот?
поконкретно, со цитати, ако има нејаснотии, не вака, сега цела Библија да ја пречитувам заради обетки...
-------------
|
Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 22.Април.2007 во 01:24
Па Чаир рече дека треба да го чуваме нашето тело-тоа е храм- да го чуваме од пирсинг и тетовирање...а обетките нели се пирсинг-а нема жена која не и се дупнати ушите....тоа не ми е јасно
-------------
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 22.Април.2007 во 01:27
епа нека објасни чаир, аџија малце да одмори... и јас сум душичка...
-------------
|
Постирано од: rome
Датум на внесување: 22.Април.2007 во 14:32
Белег за обетките да ти казам во стариот завет на доста места пиши оти некоја девојка кога ке беше да речиме свршена му клаваја обетка на носот.знам малце изгледа глупо но на еврејте тока им беше а кога се мена за да носиме обетки на ушите немам најдено но кога ке најдам ке ти кажам а за теториванјетоГоспо не дозволува по никаков начин оти го бележиме телото а тоа смее само Бога но ѓаволот и прае младите да се тетовираат оти с0 тоа нема место за Бога да не забележи за него.
------------- Zaljubena vo Hristos nashiot Edinstven Spasitel
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 22.Април.2007 во 23:58
beleg напиша:
Па Чаир рече дека треба да го чуваме нашето тело-тоа е храм- да го чуваме од пирсинг и тетовирање...а обетките нели се пирсинг-а нема жена која не и се дупнати ушите....тоа не ми е јасно |
пирсинг, колку што јас сум информиран, бил практикуван во древниот свет, и не сум запознат дали има некоја заповед против обетки, речиси сигурен сум дека нема... Има некои стихови против цртање на телото, тоа да... е сега дали тоа вклучува тетоважа „ЈНА 5 Мај, 1970“, не сум запознаен...
-------------
|
|