IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Aнтички или словенски?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Aнтички или словенски?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4849505152 74>
Автор
Порака
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2009 во 14:35
Originally posted by Popi Popi напиша:

Ovde i nadvor isto taka, ovaa opcija veke oddamna se ispituva i samo e prashanje na vreme koga i ke se zapishe kako del od istorijata na Makedoncite a i site drugi takanarecheni Slovenski narodi. голема%20насмевка трепкање

A spored tebe kako ova pismo se nashlo vo Sirija za vreme na Makedonskata dinastija? So nekoja vremeplov mashina li nekoj go napishal? голема%20насмевка збунетост


Koe pismo Fenikijskotoтрепкање
Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2009 во 14:37
...........................

Изменето од Popi - 14.Ноември.2009 во 04:01
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2009 во 16:57
Попи- внимавај со употребата на таканаречени и слично, негирања на форумов не се дозволени, независно дали станува збор за народ, нација, племе или слично. Следниот пат ќе те санкционирам.

Истотака имате последно предупредување по оние од мамамд и моите за лични конфронтации. Ако уште еднаш вие двајца дискусиите ги сведете на лично ниво, веднаш ќе ве санкционирам!
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2009 во 18:39
Англискиот археолог Мина смета дека нема никакво сомнение дека Венетите (Вендите) се Словени. Таквите сознанија најупорно ги има афирмирано истакнатиот англиски историчар Гордон Чајлд. Во тоа доследно го поддржувал англискиот биолог Ј.Б.С.Холдејн, кој во многубројни научни трудови укажувал дека во праисторијата Британија била населена со Словени од просторите на поранешна Југославија. Овие научни сознанија, меѓутоа, не биле прифатливи за службената англиска историографија. Археологот Џекета Хокс, во тоа време една од авторитетите на службената англиска археологија, ваквите научни заклучоци на своите англиски, шкотски, ирски и велшки колеги остро ги нападнала. Но и покрај нејзините остри напади одделни истражувачи продолжиле со факти да докажуваат дека населението на Британија во дамнешните времиња било словенско. Ваквото гледиште тие најчесто го имаат поткрепувано со изобилството словенски топоними, откриените артефакти и записи на разни летописци. Ирскиот археолог Мек Алистер врз основа на вакви факти укажувал на длабоката древност на врските меѓу словенското население на Балканот и на Британија, истакнувајќи дека културниот центар на нивната заедничка цивилизација бил во Винча кај Белград.
Славниот археолог професор Стјуарт Пигот, професор на Шкотските универзитети не само што ги потврдил наведените откритија, туку ги дополнил со откритие на рани литерарни траги на врските на Шкотска со Илирите. Покрај цивилизациските врски на Балканот и Британија во бронзеното доба Пигот го додава и тврдењето дека и древната цивилизација Микена имала блиски врски со словенското население на британските острови. Најзанимливата поединост од истражувањата на Пигот се однесувала на пронајдените скулптури за кои Црњански укажува дека најмногу потсетуваат на старословенски скулптури откриени во Полска, како и на српските стеќци.
Науката има докажано дека основачот на историографијата хеленскиот историчар Херодот (околу 484 - 425 п.н.е.) воедно е и родоначалник на словенската историографија зашто оставил први податоци за Словените. Прочуениот хеленски историчар и географ Страбон (околу 63 година п.н.е.- 24 година н.е.) има запишано дека во 5 век п.н.е. установите во Тракија биле многу слични со оние во Британија
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2009 во 18:41
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 12:57
Прокопие Цезарес
......Војската на словените ја премина реката Истар (Дунав) и изврши страшни злосторства над сите Илири, све до Епидамн (Драч) убивајќи ги и ограбувајќи им ги богатствата....А илирските архонти ги следеле , но никако не се осмелувале сосемa да им се приближуваат…

Житието на Теофилакт Охридски
... Словените, еден варварски народ, ги опустошиа многу градови во Илирик. Дел од жителите со меч ги сотреле, дел ги заробиле, и сите убави згради и божјите храмови ги разурнале, и до темел ги уништиле

,,Тивериополските маченици,,
......тие словените ги затворaat очите, да не слушаат христијански молитви. …...сепак покорените илирци ја држеле својата чиста татковинска вера, и во разговорите со дојдените словени, им го спомнувале христовото учење и им ја откривале, доколку им било возможно, евангелската светлина. ( ,,Византиски извори,,I, 193; И. Иванов, стр.69.)

,,Чудата на Свети Димитрија Солунски,,
........Населувајќи ја Македонија, со исклучок на Солун, Словените ги словенизирале, и им нанесле тежок удар и на Византија и на староседелците Илири, Трачани и Грци на Балканот.
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 13:28

..Непосредниот контакт што го имале словените со старото население, илирите,траците и хелените, било од пресудно значење за нивното постепено преминување во христијанство.( Бранко Панов, Средновековна Македонija, Skopje,стр. 652)
,,Чудата на свети Димимитрија,,конечното населување на Словените заврши при крајот на 7 век, а тоа значи и потпаdање под нивна власт и на илирите, хелените, траците..."
Бранко Панов, Средновековна Македонија 652; ,,Словените ја поминуваа реката Дунав и ги напаѓале Илирик и Тракија, а тоа се сите краишта од Јадранското Море до Цариград. (Види и кај Вера Битракова, Старохристијански споменици во Охрид, Охрид 1975, стр.10; Грчки Извори 1. стр 144-45. каде што се наведува дека Охрид бил главен град на Нови Епир и не бил дел од Македонија.
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 16:53
Житието на Теофилакт Охридски
Прокопие Цезарес
Чудата на Свети Димитрија Солунски
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 16:57
Тој е роден на островот Еврип, а воспитан е во Цариград, кај најпрочуените учители на тоа време. Како клирик на Великата Црква и наспроти неговата волја го избраа за епископ и го испратија во Охрид, каде што помина околу дваесет и пет години (отприлика од 1082 г. до 1108 г.). Хоматијан Охридски го нарекува „најмудриот епископ“. Човек со огромно образование, светско и богословско, со префинет византиски вкус, меланхоличен и чувствителен. Меѓу Словените на Балканот Теофилакт се чувствувал како прогонет меѓу варвари. Напишал „Толкувања“ на сите четири Евангелија и на другите книги на Новиот Завет. Тие се најдобро дело од тој вид после оние на Св. Јован Златоуст, па денес се мошне драгоцени и корисни. Од останатите негови дела уште се познати „Писмата “ и „Животот на Св. Климент Охридски“. На старост Теофилакт се повлече од Охрид во Солун, каде, како што се мисли, го завршил животот и преминал во блажената вечност.


http://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=2184
Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 17:16
......................

Изменето од Popi - 14.Ноември.2009 во 04:00
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 17:38
Originally posted by Popi Popi напиша:

E pa mora da se chuda inaku vakvi zapisi normalno ne se pishuvaat. голема%20насмевка
 
 


http://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=2184


citajголема%20насмевка


Изменето од ADVISOR - 21.Октомври.2009 во 17:38
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 21:19
Свети Димитрија Солунски - Македонец кој го одбранил Солун од Словенските и ТуркоМонголските војски,тој е најубавиот пример эа Македонскиот народ кој управувал со Македонија,посебно со главниот Македонски град од тоа време - Солун.
Македонскиот народ почнува да се оформува како посебен етникум уште во раното средновековие од два носечки столба: античкото домородно македонско население и од Словените, со нивна фузија во еден етнос.
Византискиот Император, Константин Порфиногенет вели: „цела Македонија и скоро цел Пелопонез се словенизирани“ (Ibid; p.86). Значи, денешните Хелени, можат да полагаат право на континуитет со античките Хелени како и денешниве Македонци со античките Македонци. Историските факти велат дека и цела Елада била словенизирана со исти словенски племиња како и македонските. Само во источен Хелас (денеска погрешно го нарекуваме Грција) останале џепови со автохтоно грчко-ромејско население (Macedonia and Greece - The Struggle to Define a New Balkan Nation, John Shea, McFarland and Company Inc., North Carolina, 1997; p.86 ). Не само Хелада, туку и Епир и Тесалија во 8от век биле целосно словенизирани (Strabonos Epithomatus 8 век, C. Muller, Geographi graeci minores, Paris 1882, p.574). Имаме запис дека само грците од Елада поради аварословенските напади, се иселиле од Хелада (Пелопонес) на блиските острови (On the Chronicle of Nonemvasia see Charanis, op. cit., pp. 147 ff.), а на нивно место се населуваат словени; баш тие, денешните „Хелени“ полагаат право на континуитет со античките Хелени, а нас Македонците на прават чисти Словени!

Елините од 6 век не биле прави Елини, туку мешавина на античките Елини со нивните робови, па затоа тие, започнувајќи од потпаѓањето на елинските државички под римска власт, па се до крајот на 19 век, својата националност ја нарекуваат „Ремеои“, што значи Римјани, а ние ги знаеме како Грци или Византијци. И денеска, тие луѓе ние ги нарекуваме Грци, односно Византијци-Римјани, но не и Елини. Во елинските државички, робовското население било бројно исто колку и слободното, елинското, а во некои преовладувале мнозински и робовите, со состојба Елини да бидат малцинство во својата држава. Робовите најчесто биле Траки, Етиопјани или други афрички народи (The Oxford History of the Classical World, Oxford University Press, 1986). Имаме податок од првиот век од нашата ера, каде Римјаните велат дека тогашните „Елини“, немале ништо елинско во нив, туку биле потомци на робовите на Елините, кои пак биле протерани или убиени, па преовладувало населението кое биле потомок на афричките и тракиските народи (Tiberius Claudius, Roman Emperor and historian, 10 BC - 54 AD, in I Claudius, by Robert Graves).
Нема апсолутно никаков усмен или пишан историски извор, дека античките Македонци мигрирале од Македонија или не дај боже пропаднале во земја, исчезнале. Напротив, нивната крв тече во современите Македонци, било тие тоа да го сакаат или не. Најдобар пример како да го обајсниме словенизирањето и опстојувањето на античките Македонци е, Романија. Тековнава историја не учи дека Словените неколку стотици години живееле зад Карпатите и зад Дунав, на територијата на денешна Романија; но, Романците- наследници на Даките не изумреле, туку уште се живи и живеат во Романија. Така и античките Македонци опстанале, па поради заедничката религија, а со тоа и култура на античкито домородно македонско население и словените, настанала фузирање во еден етникум. Цела Македонија во 7 век е поделена на Склавинии, во кои живеат како новодојденците Словени, така и античкото македонско население и сите заедно го носат името Македонски Склавени. Македонскиот народ се простира и на територијата на соседната Пеонија (северно од денешно Градско), најјужна Дарданија (некогашна долна Мизија), источен Илирик (западна Македонија) и западна Тракија до реката Места (пиринска Македонија), поради тоа што таа територија ја населиле истите „Македонски Словени“. Во западна Тракија, од античко време најбројни биле античките Македонци, кои во зенитот на античка Македонија ја владееле и цела Тракија, а Филип Втори Македонски го изградил градот Филипоп, денешен Пловдив. Целата територија каде што живее македонскиот народ, наречена е по народот кој ја населувал- Македонија. Луѓето што ја негираат македонската нација велат дека Македонците своето име го добиле по територијата што ја населуваат т.е. Македонија, што е фатално за нивната квазитеорија, бидејќи Македонците живеат не само во областите на античка Македонија, туку и во Пеонија, Илирик, Дарданија, Тракија. На тоа становиште е и бугарската историографија, која пиринските Македонци ги учи дека се нарекувале и се нарекуваат Македонци, само поради тоа што живеат на територијата на Македонија; но, пиринска Македонија се наоѓа на територија на некогашна Тракија, па паѓаат во вода негирањето на постоење македонски народ, оти тој дел на Тракија се нарече Македонија по македонците кои живеат таму.

Доказ за тоа е и Солун, градот кој беше најголемо византиско упориште, никогаш не освоен од словенските доселеници, но целосно словенизиран, каде сите негови жители збореле чисто словенски. Во најстарото „Житие на Св. Методиј“ од Анонимус од 9 век, целосно се пренесени зборовите на Михаил Трети (византиски император) упатени до Светите Браќа Солунски: „...вие сте Солуњани, а сите Солуњани чисто словенски зборуваат”. Околу Солун, целата територија на Македонија била поделана на територијални самоуправни книжевства тнр. Склавинии, предводени од Кнезови. Македонија е целата словенизирана, домороднито население го прифати јазикот на новодојдените Словени (Strabonos Epithomatus 8 век, C. Muller, Geographi graeci minores, Paris 1882, p.574 / Ibid; p.86)..Византијците, а најверојатно и сите жители на Склавиниите, вклучувајќи го и словенизираното античко македонско население, почнале да се нарекуваат со едно име- Словени. Сите византиските историски извори од 7 век, па натаму, во Македонија познаваат само една народност- македонски Словени; во нив спаѓаше и античкото македонско население. Новиот македонски етнос е формиран.
Македонските Словени се посебна словенска етничка група и се различни од тнр. бугарски Словени- Антите. Затоа, во почетокот како Словени се познати Македонските Словени, а откако и Србите, Хрватите, Антите (бугарските Словени) итн. го прифатија јазикот и писмото на македонските Словени, почнаа и нив да ги нарекуваат Словени. Еден од најстарите историски извори за македонските Словени е „Животот на Св. Димитрија Солунски“ од 6-от век, каде македонските племиња се прикажани како имаат свои кнежевства, потчинети на византискиот Император и своја локална самоуправа на чело со жупани „Evocatis ex tota provincia principibus (жупани) conventum habuit“; извор:Livius XLV. 29. Од истиот извор дознаваме и кои се најголемите словениски племиња „Sclavenorum gens numero infinito ex Dragobitas, Sagodatis, Belegeretis, Baenitis, Berzitis, reliquisque, quae primum uno ex ligno naves praeparare diciderant“ т.е. Драговити, Сагудати, Велегезити, Венити, Брсјаци... Доказ за посебноста на македонските Словени се нивните здружувања во држави меѓусебе, без да соработуваат или да се здружуваат со нивните соседи, Антите, тнр. бугарски Словени или пак Србите. Можеме да кажеме дека Македонците имале први своја држава, со оформен етникум, народ. Веќе во втората деценија 7от век, во Македонија имаме создавање на примитивна државна формација, составена од обединетите македонски склавинии, кои дури имале и свој крал (рекс) Хатсон на чело на државата (Mirac.,II ,p.1325-1333). За жал, Византијците го убиваат Хатсон и македонската држава без лидер пропаѓа. Педесет години подоцна, во 70те години од 7от век, македонските склавинии прават нов обид за обединување т.е. форирање на држава; овој пат, крал (рекс) на обединетите македонски склавении е Пребонд, но пак Византија го уништува Пребонда и Македонија потпаѓа под Византиска т.е. Ромејска власт (Извор: "Mirac., II, p.1325-1333. / “Mirac.,",II,p.4, Tougard, p.148-176). Во 9 век хрониката на Теофанес Конфесор спомнува посебна држава „Склавиниа“ во периодот 657-658 г. на просторот на етничка Македонија (Theophanes, Chronographia, edited by Carolus de Boor (Leipzig, 1883), I, стр. 347). Тогаш имаме постоење на посебна словенска држава на територијата на Македонија, но во 658 г. византискиот император Константин Втори ја уништува Склавинија и пак хрониката на Теофанес Конфесор потоа спомнува само склавинии, но не и држава Склавинија (Ibid., I, 486).

Македонскиот народ како „нацио мацедонум“ за прват е спомнат 1027 г. (9 г. по уништувањето на Самоиловата држава), во трите најважните средновековни документи од историјата на Бари: Annales Barenses, Lupi Protospatharii и Anonymi barensis chronicon. Во сите три документа, покрај македонскиот народ, за прв пат е спомнат во западната историографија и влашкиот народ, а целиот текст гласи: Anno 1027 “descendit in Italiam cum exercitu magno, i.e. Russorum, Guandalorum, Turcorum, Burgarorum, Vlachorum, Macedonum, aliarumque ut caperet Siciliam.'” (Annales Barenses, MGH SS, V, 53). Понатаму, спомнати се и грците (граеци), што јасно укажува дека средновековните автори од Бари на овие документи, не мислеле ниту на географски, ниту на жители од темата Македонија.

Во 12 век, Македонците биле познати како „македонското племе„ т.е. македонска Phatr’a, а византискиот државен функционер и историчар Nicetas Choniates известува дека во 1138 г. византискиот император Јован Втори ја поделил својата војска по етнички групи Phatr’aи, каде се забележани и македонски Phatr’ai (Nicetas Choniates 1 (стр. 29-30))л Во 1184 г. војниците кои ја бранеле Никеја, држеле состаноци по етнички групи phatr’ai (ibid., 284-5).
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 23:29
Словените биле моќно племе кое харало ниэ Европа со векови но нивното потекло е Македонско,читај убаво
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 23:32
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Словените биле моќно племе кое харало ниэ Европа со векови но нивното потекло е Македонско,читај убаво


Околу Солун, целата територија на Македонија била поделана на територијални самоуправни книжевства тнр. Склавинии, предводени од Кнезови. Македонија е целата словенизирана, домороднито население го прифати јазикот на новодојдените Словени (Strabonos Epithomatus 8 век, C. Muller, Geographi graeci minores, Paris 1882, p.574 / Ibid; p.86)..Византијците, а најверојатно и сите жители на Склавиниите, вклучувајќи го и словенизираното античко македонско население, почнале да се нарекуваат со едно име- Словени. Сите византиските историски извори од 7 век, па натаму, во Македонија познаваат само една народност- македонски Словени; во нив спаѓаше и античкото македонско население. Новиот македонски етнос е формиран.


големо%20гушкањеголемо%20гушкање
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4849505152 74>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.