IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонизам versus Бугаризам, историско филозовски
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонизам versus Бугаризам, историско филозовски

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 22>
Автор
Порака
KRUGER Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 08.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 23
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KRUGER Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2009 во 18:45
Коj што кажал, никоj не знае! Никоj от вас не бил таму, па да знае! :) Друго е прашањето што е вистина и луѓе... (-;

Изменето од Македон - 19.Октомври.2009 во 18:50
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2009 во 01:11
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Не знам на која тема беше, ама тврдеше некои работи, дека Бугарите, па дури и обичните луѓе дома си сборувале грчки сл. Јас ти кажував дека не си во право, ти настојуваше и ме убедуваше со филозофски аргументи.



Ти го прочитаова

Ако е премногу, почни од Почетоците на препродбата....забележи меѓу другото каква била улогата на Ванели и зошто трба да го цените како еден од идеолозите на бугаризмот.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2009 во 06:46
Верувам дека многумина ги имате видено овие цитати претходно, но сметам дека никому нема да му смета доколку се постават и овде, да стојат како сведоштво за македонската самобитност.

Голема благодараност до БРАТОТ кој ја составил оваа листа.


„...jужниот дел на Балканот го заземаат Македонците, кои се потомци на наjстарите Словени, и кои беа во Тракиjа уште пред Христа. Од север ги граничи шар Планина, од исток Родопите, од jуг Белото Море и Тесалиjа, од Запад Епир и Jужна Албаниjа. ...“
—'„Земљопис Србиjе и Турскe за основне српске школе“, Београд, 1872, стр. 35

„Македонците се наjстари Словени на ова илирско трополе...тоj народ стои во средината меѓу Србите и Бугарите“
—Jован Драгашевиќ, „Географиjа за средње школе“, Београд, 1871, c. 162-163


„Пред австриската окупација на Босна, никој во Србија не помислил на искажување претензии кон Македонија ... се додека Србија ги бараше своите брегови на Јадранското Mope, немаше тврдења дека во Солун има српско население. Дури откако на Србите, со насилен акт на Берлинскиот конгрес, им беше одземено природното право, поради историјата и јазичните граници, да се прошират кон Јадранското Mope, со вештачка агитација погледот на српската политика се сврте кон Македонија. “
—Изјава на Балугџиќ , Списанието "Словенски Југ", 21.9.1904.

„Македонците не се изгубиле од лицето на земата како што си дозволуваат некои да велат, зошто, доколку што знаеме ние, тие не згрешиле ништо па да зине земjата да ги голтне...“
—Димитар Македонски, „По македонското прашане“, „Мaкедониjа“, V, 7, Цариград, 16.II.1871


„Наша должност е сите да застанеме под македонските знамиња и да си ја пролееме крвта за нашата Татковина. Македонци, Споменете си за светскиот победник, светската слава на Македонија - Великиот Александар Македонски, споменете си за храбриот цар Самуил, за македонскиот великан, волшебниот Крале Марко, сесловенска слава, - дека во нив течела македонска крв, тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започната дело.
Да се покажеме како достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожтвуваност; да го отфрлиме од себе страмниот јарем што не гуши пет века... Слободата не се купува ни подарува, таа треба да се извојува. “
—„Кон Македонците“ и „Рaд македонских комитета“, Весник „Реформи“, 14 септември 1902 и „Браник“, XVIII, 131, Нови Сад, 26.IX / 9.10. 1902, стр. 2


„Бев испратил статиjа до "Автономна Македониja" за Александар Велики за да биде публикувана како подлисник; настоjчиво молам за неjзиното публикување. Од капитално значење е да jа сврземе нашата кауза со старата историjа на Македониjа...“
—Н. Киров Майски, В строя за Македония - Исторически факти, бележки и документи, I, София, 1957, 110а - ракопис во АО на ИНИ, Сл. IV, 192/I


„...Има уште такви, кои денешните жители на Македониjа не ги сметаат ни за Срби ни за Бугари, туку за посебна народност, вероjатно наследници на старите Македонци. ...“
—Jаков Слишковиќ, „Албаниjа и Македониjа“, Сараево 1904 година, стр. 160







„Сандански, по потекло од Пиринска Македонија, им припаѓаше на таканаречените словеногласни Македонци. Тој тврдеше дека како што се ослободија од турскиот јарем грчката нација, српската и бугарската, дојде часот да се ослободи и македонската нација. За да Македонија стане цела и сосем независна држава, Сандански проповедаше дека сите жители, без исклучок, не се ниту Бугари, ниту Грци ниту Куцовласи, макар и да зборуваат на македонски славјански дијалект како и самиот тој, или на грчки или на куцовлашки идиом, сите жители на Македонија се чисти Македонци, потомци на античките македонци на Филип II и на Александар. . . . Бугарските шовинисти решија да го ликвидираат бидејќи неговите проповеди не им одеа во прилог, зошто тој се противеше на присоединувањето на Македонија кон Бугарија. Тој го спречуваше славофонското население на Македонија да се смета себеси за бугарско и култивираше македонска национална свест. Сандански заедно со Делчев, протагонисти и двајцата за време на Илинденското востание, стана опасен за Бугарија и бугарските шовинисти решија да го ликвидираат, бидејќи неговата агитација не одеше во прилог на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, зашто тој култивираше кај Словеномакедонците македонска национална свест. И неговото убиство, всушност, беше извршено од самите Бугари. “
—„Елефтериос Ставридис“, „Зад кулисите на КПГ“, Атина 1953 г., стр. 214


„Oваа земja e Maкедониja и ако ja погледнеме природата, наравите, обичаите, карактерот на жителите, нивниот став, нивната физиономиja, исцело ке ги препознаеме истите оние мажи што во старо време ги сочинувале фалангите на Александар Македонски.“
—„Цариградски весник“, 3 март, 1860

„ПРАВИЛА НА МАКЕДОНСКИОТ ВОСТАНИЧКИ КОМИТЕТ“ Македонскиот востанички комитет озаконува во 1878. Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земjа Македониja поради причини од еготистички цели од страна на големите сили е оставена повторно на Турциja по Берлинскиот конгрес. Како резултат на тоа, доjде во одредени области на нашата татковина до многу крвави сценипознати на секого. Со желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот jaрем, секоj oд нас, кoj колку може, станавме да се жртвуваме, бидеjќи од секого од нас е нижна помош. Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што се лее по полината и горите македонски ние служиме, како македонската воjска на Александар Македонски, за слобода со нашата девиза" 'Слобода или смрт!'...“
—Приватна библиотека на Кирил, патриjaрх Бугарски, Заведено под сиг. Арх. Од дело 2341, AE 50, l.l. 30-61


„Нашата татковина Македонија си има историја за своето минато, каде што се гледа нејзината моќ, величина, како и нејзиното политичко потчинување под власта на тогаш моќната Турска империја. ... Денес, секој Македонец, кога го спомнува Александар Македонски, вели: Ние сме го имале цар Александар Велики. Со тие зборови тој си припомнува за блескавиот период и величието на Македонската држава. Александар Македонски стои пред лицето на секој Македонец како национална гордост! “
—Коста Шахов, в. "Македонија" на , број 4, Русе, 11. ХI.1888 година


„Навистина, некогаш Македониjа била под грчка, како и под римска и бугарска власт..., но поради тоа не може да се нарече "грчка" ... земjа. Пред да биде завладеана од други Македониjа беше одделно македонско царство, управувано од Александар Велики коj ги разби Грците и го покори целиот свет. Едно што Македониjа во минатото живеела самостоен живот, што и пречи и во иднина да живее таков живот? ...“
—Македоно-одрински преглед, 1907, II/38, стр. 595


„Уште зимоска, по македонските села крстосуваа македонските деjци, борци и водачи што организираа собраниjа, претпоставуваа да собираат потписи под молбата до таткото на сите Словени молеjќи за милостиво застапништво. Тогаш Македонците ги изразиjа своите вистински желби: на древниот македонкси престол на Александар Велики, на Самуила и Марко Крале да седне руски кнез. Но за никакво соединување со Бугарите, ни за напад врз Србите, непознато од чие име, никоj од автономистите не зборувал. ...“
—„Бескрупулозен неприjател на Македониjа и на словенството“, „Македонски Глас“, 20 ноември 1914 година


Ние македонците не сме ни срби, ни бугари, туку просто Македонци. Ние ги симпатизираме и едните и другите, кој ќе не ослободи, нему ќе му речеме благодарам, но србите и бугарите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците.
—Борис Сарафов, 2 септември 1902''


Ако постои грчка и српска пропаганда, зошто да не може да постои и бугарска. Таа постои. Има бугарски политичари кои се поголеми наши непријатели од Грците и Србите. Под имињата на мошне познати шефови тие испраќаат чети во Македонија да агитираат за анексионистичката идеја... Тука има место само за една Организација, а тоа е народната, македонската.
—Даме Груев, Блеквудс магазин


„македонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот“ и затоа “ треба да се борат за издвојување на својата слобода без да се надеваат на туѓа помош, зошто оние кои ќе дојдат да ги ослободат, всушност ќе дојдат да не заробат“
—Јане Сандански, Рилски конгрес, 1905


„Не бугарска Македонија сакаме ние, туку Македонија на Македонците, Македонија ослободена од тиранијата."
—Јане Сандански, Писмо до жителите на Мелник, 1904

Велам, за среќа, има македонска национална култура и историја, зашто тој факт го вооружува македонскиот народ со непобедливо оружје во неговата борба за човечки права и за слободен национален живот како рамноправен член во бројот на културните народи.
—Крсте Петков Мисирков, К. Мисирковъ-македонец, Македонска култура, „Миръ“, XXX, 7155, 19.IV.1924, 1.

„...Да се знае, кога селаните од моето родно село Радибуш Криворечка Паланка, ме главија за учител во нашето селско училиште, а и за Ранковци и за Криви Камен, за 1800 гроша годишно. Роден сум од татко ми свјаштеник Димитрија и мајка Васкресија, како 7-мо дете од дванајсе деца, пет машки и седум женски. Славјанско писмо го изучив од татко ми Димитрија Македонски, кој така се вика зошто сме Македонци, а не Грци, а неговиот татко се викал Јосиф, свјаштеник, а неговиот дедо Стојмен свјаштеник. И јас прекорот си го зедов Македонски, а не по татко ми и по дедо ми, за да се знае оти сме славјани од Македонија.“
—Ден Голема Богородица на 1846. Ѓорѓи Македонски, 15, т.Први, 282

„Оние што ја читале мојата “Земја на раздорот”, го знаат мојот поглед врз Македонците. Тоа не се Срби, ни Бугари туку првобитен словенски народ, со прост основен јазик кој во поголем степен е способен да се потчини на каква годе форма што ќе му ја предложи друга, повлијателна и поразвиена словенска култура.“
—Александар Валентинович Амфитеатров


„Македонија според нашите разбирања, треба да биде целосна, неразделна, автономна, претставувајќи од себе суверено кнежество, кое не треба да влегува во составот на која и да е држава, а особено не во составот на Бугарија, над која управуваат такви личности како што се Германецот Фердинанд и Радославов, кој се откажа од словенството.“
—А. Ф. Ритих, „Македонски глас” – С. Петербург


„Орган на македонските револуционери. Ослободението на Македонија е дело на самите Македонци. Слободата не е Егзархијата“
—Списание „Револуција“, Велес, 1895 г.

"Хрвати!
Нашата слобода ни е мила, за неа речиси илјада години се бориме и крвариме со различни душмани, та така и македонскиот народ не сака потчинување, туку сака да биде свој на своето, слободен и независен: Македонија на Македонците! Оној кој ќе отиде во служба на големите сили за подреденост и окупација на Македонија, тој се стреми за затварање на македонските права и слободи, по планините и селата да го убива невиното население што се бори за својата земја. Ние Хрватите да го чуваме својот дом, за него да се грижиме, и да не се залетуваме за капларската чест, бидејќи и дома ќе имаме леб ако работиме. Да се угледаме на Македонците, та да се грижиме што ќе стабне со нашата крвава и тажна земја. Начечно: не во Македонија! "
—Проглас до Хрватите објавен во „Нови Хрватски Радник 2“, 25. I. 1904, стр. 4



„Македонија ќе биде незвисна а Македонците ќе останат Македонци.
Ако Европа го мисли спротивното, таа греши?; ако Бугарите сметаат на бугаризација на Македонија, тоа се илузии. Она што го сакаат Македонците тоа е автономија за нивната земја, со интервенција на Европа во нивна корист. Нема делба, нема припојување кон некоја друга држава; Македонија е единствена и на Македонците. Кој може да се противи на создавањето на една автономна Македонија? Грците, да речеме. Грците имаат големи претензии, тоа е јасно, но војната од 1897 година која тие ја предизвикаа, ја докажа нивната војничка неспособност. Македонците треба да се признаат и треба да им се помогна да создадат своја автономна држава на Балканот, безбедна и цивилизирана. Овој народ е надарен народ кој ќе направи големи дела.“
—Routier Gaston, "La Macеdoine et la question macеdonienne", Paris, 1903


И вистина, зар ке се решит iеден искрен патриiот македонец да пожртвуат: Костур, Лерин, Битол'а, Охрид, Ресен, Прилеп, Велес, Тетоо, Скопiе и пр. за соiединуаiн'ето на Македониiа до левиiот брег на Вардар со Бугариiа?
—Крсте Петков Мисирков, За македонцките работи, 1903, Софиiа

„Како Македонец јас во Бугарија се чувствувам како на туѓина, каде што навистина се наоѓам меѓу родни браќа, но не сум си дома, во својата татковина. Таа е таму каде што сум се родил и каде што треба да си ги оставам коските, каде што треба да отиде мојот син, ако не ми биде судено да отидам јас лично“
—Крсте Петков Мисирков, „Самоопределувањето на Македонците“, 1925


... Уште полошо и посрамно од самата турска управа е постоењето на љубомора помеѓу Грците и Словените и плановите на постојаните држави за присвојување на туѓи територии. А зошто за не биде Македонија на Македонците, како што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите?
—William Gladstone, The Times, 6 февруари 1897

Граѓани, Интересирајќи се за судбината на Ерменците и Македонците, не затоа што се христијани, ами затоа што се луѓе, ние бараме, како гаранција за нивната благосостојба и за зацврстување на општиот мир, полно и целосно извршување на Берлинскиот договор, што се однесува за Ерменија и Македонија.
—Anatole France, Женева, 17 март 1903


"...во името на правото, во името на историјата, во името на практичноста, Ве молиме Вас, браќа, да ја прифатите следнава информација: Македонија е населена со хомогено православно население, кое има сопствена историја, свој начин на живот, своја држава во минатото, свои идеали. И оттука има право на самоопределба. Македонија треба да биде независна држава, со сопствени етнографски, географски и културно-историски обележја, со сопствена влада и народно собрание. Македонската држава треба да биде независна како и другите балкански земји. Неопходно е да се возобнови старата охридска автокефална црква, која потоа треба да оствари канонски релации со црквите на Грција, Русија, Бугарија, Србија, Романија".
—Димитрија Чуповски

Ерејот Димитрија од Кривопаланечко во врска со своето етничко потекло, во далечната 1848 година, запишал:
"Родум сум Македонец... Од Бога било пишано мојата татковина да страда од Грците, па тие не ни даваат мир ниту денес, иако сите знаат дека Македонија била постара држава од нивното царство."


"Во сите краишта што ги посетив, јас немам чуено други имиња освен имињата на Александар Велики и на Марко Крале. И едниот и другиот живеат во спомените на народот... Споменот за Александар Велики сепак е повеќе утврден кај народот."
- Виктор Григорович, во врска со импресиите од својата посета на Македонија во 1844 - 1845.


"Клетата раја од Македонија уште ги воспевува подвизите на завојувачот на Персија и Индија".
- Патопис од непознат автор од 1807 година. "Френски патеписи за Балканите 19 в." составила и редактирала Бистра Цветкова, Софија. Преземено од "Archives de l'armee de terre", со сигнатура МР 1618, 17.


"Македонците во стари времиња биле многу проучени како научници, а исто така и по својата храброст. Сега пак тие се плашливци и незнајковци"
- Патопис од непознат автор од пред 1798 година, Конгресна библиотека во Вашингтон, Оддел за ретки книги сигнатура Г 160. Л 317, 1816 год.


"Македонија толку славна со спомените на Филип и Александар, толку несреќна за време на римското владеење, понижена под Бугарите и најпосле толку понижена под отоманскиот меч, денес претставува само пустош кој зад себе го влече фанатизмот, незнаењето и деспотизмот".
-Патописот на Кузинери од 1816 година. Voyage dans la Macedoine I, Paris, 1831, Esprit Marie Cousinery, стр. 11.


Марко Цепенков, во 1899 година запишал:
"Помислете Вие, мили чеда:за велика цара Александра што се слави и до ден денеска!"


Петар Поп-Арсов во 1894 година објавил брошура, во која критикувајќи ја бугарската пропаганда во Македонија и конкретно Бугарската егзархија, помеѓу другото напишал:
"Порано златото на нашиот земјак Филип ја поткупи разединетата атинска интелигенција и ја пороби Грција, а сега дојде друго време со сосема спротивни услови - братот брата си го продава".


"Македонците се староседелци на Полуостровот. Тие го пречекале доселувањето и на Бугарите и на Грците и на Србите".
- Ѓорѓија Пулевски во 1892 година "Славјаномакедонска општа историја"

"Многупочитувани господа, македонскиот народ е словенски народ од пред 2600 години, кој бил доведен во Македонија од царот Каран, кој, исто како Филип и Александар, бил чист Словен..."
- Исаија Мажовски во неговиот говор одржан на бродот Рицар, за време на пловидбата по Дњепар, Русија, во 1888 година.

Рајко Жинзифов, кој во врска со една полемика меѓу Димитар Миладинов и еден Грк запишал:
"Пред доказите на Миладинов, Гркот замолча. Тој му зборуваше на Гркот не само за денешните Македонци, туку и за древните Македонци на Филип и Александар..."


"Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди големиот Александар, откако ги породи светите Кирил и Методија, оттогаш мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнемоштена. Но мајка што роди вакви синови, во иднина ќе роди и други како нив... Ќе произведе уште многу Кириловци и Методиевци, кои ќе бидат светилници на нашите училишта и столбови на нашата вера и кои ќе го прославуваат македонското име!"

- Глигор Прличев во 1885 година во Солун, по повод 1000-годишнината од смртта на свети Методиј.


"Со Бога напред, напролет ќе удриме на Турција сите ние синови славомакедонски. Или сите ќе изгинеме, или повторно ќе го издигнеме царството на Александар Македонски!"-Ѓорѓија Пулевски, во 1878 година.

И повторно Пулевски, до сите Македонци ..
"Самовила Македонска" од 1878 година:

"Дал сте чуле, Македонци, стари људи оти говорат:Од Македонци појунаци над них не било -Цар Александар Македонски триста лета пред Христасо Македонци сву вселену повладал...Ево днеска в македонској кралевини наши браќа тужатзашто само назе под ропство оставјатзато и мие хоштеме своју домовину...Браќа наши Македонци од православна вера,да се сви сложиме, јуначки бориме,како наши стари под цар Александром,повтор спомен своим имам по нас оставиме!Историју стару да оживиме."


ТРОЈА КАЈ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Бог да бијет краља од Тројана! Ми пособрал Тројанци христјани: „Ел чуете Тројанци граждани! Разсипите бога единего,Напишите бога стребренова.”Написале бога стребренова. Што ми текле у Тројана града Триесет и три точки студна вода;
-МИЛАДИНОВЦИ

Манифест на Привремената Влада на Македонија - 1881
23 март 1881 во Ќустендил

Македонци,
Нашата мила татковина Македонија еднаш беше една од најславните земји. Македонците ги поставија основите на уметноста на војувањето, со нивните победоносни фаланги и просветлувањето на Аристотел, го цивилизираа човештвото и Азија.
А сега нашата татковина, толку славна во минатото, сега е на прагот на уништувањето, благодарение на нашите грешки и негрижа.
Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја освојат нашата татковина и да го уништат нашиот народ, кој, блескајќи со таква светлина, никогаш нема да биде уништен.

Нашата мајка Македонија стана како вдовица, осамотена и напуштена од нејзините синови. Не го вее знамето што го вееше победоносната Македонска војска.
Денеска е само географски поим.
Како некој да се обидува да ја прикрие нејзината победоносна природа со прекривката на заборавот.
Гробот и’ го ископаа натрапници кои сноват низ нашата земја и ја троват со смртоносни отрови.
Тие натрапници се гробарите на нашата велика и славна татковина, тие се договараат како да ја распарчат и да ја препуштат на победничките војски на Австро-Унгарија. Ако еден јарем се замени со друг, обновувањето на Македонија ќе стане невозможно и нашиот народ ќе биде збришан.
Овој момент е клучен за Македонија; ова е прашање на живот или смрт. Вистински Македонци, верни чеда на вашата татковина! Ќе дозволите ли вашата татковина да биде уништена? Погледнете како се гуши во ропство, како крвави од раните што околните народи и’ ги нанесоа! Погледнете ги тешките синџири во кои Султанот ја окова! Во таква беспомошна состојба, сета во солзи, нашата мила Македонија, нашата драга татковина ве вика: вие, мои верни чеда, вие наследници на Аристотел и Александар Велики, вие во чии вени тече Македонска крв, не ме оставајте да умрам, помогнете ми!

Голем срам ќе биде за вас, вистински Македонци, ако останете неми сведоци на мојот погреб. Не, не, еве ги моите грозни раскрвавени рани, еве ги моите тешки пранги: скршете ги, расковете ги, зацелете ги моите рани, направете се’ што е во ваша моќ за да се напишта зборовите „Сложна и обединета Македонија“ на знамето што ќе го кренам.
Откога ќе успеете победоносно, избркајте ги убијците од оваа земја кои го веат знамето на раздорот и сеат погубни идеи, делејќи ве, мои чеда, на безбројни народи, па така обединето под знамето на Македонија, како единствен народ, дигнете го високо тоа славно знаме и подгответе се еднодушно да напишете на него: Да живее Македонскиот народ, да живее Македонија! Тоа е гласот на нашата земја, тоа е нашата слобода - нашето народно наследство. Ако ги прогласите овие зборови, ќе бидете поздравени од слободно мислечките народи и сите благородни срца ќе побрзаат да ви се придружат и да се борат, да ви помогнат да ја добиете светата слобода, која толку векови веќе ви е одземена. Македонци, запомнете го вашето потекло и не се одрекувајте од него!

Ќустендил 11-23 март 1881,
Верно на оригиналот Доспат 18-30 април 1881.
Претседател Васил Чомо
Секретар Никола Трајков
—Централната Државна Архива на Октомвриската Револуција во Москва (оддел гроф Игнатиев, Бр. 730, Опис бр 1, ед. хр. 79). Преобјавено во „Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, 2 дел, Скопје 1976 стр. 256-258).



“3а да се разбере какво е увлекло плевенските книжовници да преведат Александрията, трябва да се има предвид не само голямата склонност към чудни фантастични разкази, но и пълната увереност на преводачите, че македонците на Александра са били прадеди на сегашните македонци, следователно българи, а персите, срещу които е воювал великият цар, са били турци.’’
(Ю. Трифонов, История на град Плевен до Освободителната война. С., 1933, стр. 91-92)


Марко Цепенков, во 1899 година запишал:"Помислете Вие, мили чеда:за велика цара Александра што се слави и до ден денеска!"


Петар Поп-Арсов во 1894 година објавил брошура, во која критикувајќи ја бугарската пропаганда во Македонија и конкретно Бугарската егзархија, помеѓу другото напишал:
"Порано златото на нашиот земјак Филип ја поткупи разединетата атинска интелигенција и ја пороби Грција, а сега дојде друго време со сосема спротивни услови - братот брата си го продава".


ГЛАСОТ НА МАКЕДОНЕЦОТ ПОЧНУВА ДА СЕ НАДИГА
“...Минуваат годините, минуваат вековите, а Македонија се уште е нажалена и несреќна, цела потоната во таги и несреќи. Само дивото незнаење, дивата рутина, со кои се вдахнати цариградските џелати, може да ги создаде оние крвави сцени на кои робот почнал да гледа како на нешто обично, на нешто кое не станало. Жестокостите и циничните грубости, обесчествувањата и грабежите -- тоа е целиот систем на гнилата Турска империја! Тие примитивни луѓе и варвари, изроди на пеколот, со груба сила ја завладеале оваа просветена земја -- поробената и нереќна Македонија -- која едновремено е и лулка на Европската цивилизација. Таа земја која се гордее со своите славни традиции, со своите славни спомени, -- денес го влече тешкиот јарем на турското ропство. Гласот на Македонецот, кој систематски е задушуван од пред пет векови наваму, почнува да се надига. Неговиот подземен шепот ќе избувне со силата на величествен и блескав вулкан. ...’’
-“Гласот на Македонецот почнува да се надига’’, Од програмата на Македонската работничка социјалистичка група од 1895 година, цитирано во Историска вистина, Прогресивната општествена јавност во Бугарија и Пиринска Македонија за Македонското национално прашање -- документи, студии, резолуции, апели и публицистички прилози - 1896-1956, Култура 1981, Скопје, стр. 28

"Македонците се староседелци на Полуостровот. Тие го пречекале доселувањето и на Бугарите и на Грците и на Србите".
- Ѓорѓија Пулевски во 1892 година "Славјаномакедонска општа историја"


"Многупочитувани господа, македонскиот народ е словенски народ од пред 2600 години, кој бил доведен во Македонија од царот Каран, кој, исто како Филип и Александар, бил чист Словен..." - Исаија Мажовски во неговиот говор одржан на бродот Рицар, за време на пловидбата по Дњепар, Русија, во 1888 година.


Рајко Жинзифов, кој во врска со една полемика меѓу Димитар Миладинов и еден Грк запишал:
"Пред доказите на Миладинов, Гркот замолча. Тој му зборуваше на Гркот не само за денешните Македонци, туку и за древните Македонци на Филип и Александар..."


"Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди големиот Александар, откако ги породи светите Кирил и Методија, оттогаш мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнемоштена. Но мајка што роди вакви синови, во иднина ќе роди и други како нив... Ќе произведе уште многу Кириловци и Методиевци, кои ќе бидат светилници на нашите училишта и столбови на нашата вера и кои ќе го прославуваат македонското име!"
- Глигор Прличев во 1885 година во Солун, по повод 1000-годишнината од смртта на свети Методиј.


"Со Бога напред, напролет ќе удриме на Турција сите ние синови славомакедонски. Или сите ќе изгинеме, или повторно ќе го издигнеме царството на Александар Македонски!"
-Ѓорѓија Пулевски, во 1878 година.


И повторно Пулевски, до сите Македонци "Самовила Македонска" од 1878 година:

"Дал сте чуле, Македонци, стари људи оти говорат:
Од Македонци појунаци над них не било -Цар Александар Македонски триста лета пред Христасо Македонци сву вселену повладал...Ево днеска в македонској кралевини наши браќа тужат зашто само назе под ропство оставјат зато и мие хоштеме своју домовину...Браќа наши Македонци од православна вера, да се сви сложиме, јуначки бориме,како наши стари под цар Александром, повтор спомен своим имам по нас оставиме! Историју стару да оживиме."


Изменето од Македон - 21.Октомври.2009 во 02:33
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2009 во 10:05
Платеник, да започнеме со Д.В. Македонски

„Македонците не се изгубиле од лицето на земата како што си дозволуваат некои да велат, зошто, доколку што знаеме ние, тие не згрешиле ништо па да зине земjата да ги голтне...“
—Димитар Македонски, „По македонското прашане“, „Мaкедониjа“, V, 7, Цариград, 16.II.1871


Дали му ја прочита целата статија? Таа е одговор на познатата статија на Славејков „Македонското прашање“

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:







Не знам дали се чита добро. Ќе појаснувам, ако е потребно.


Едно е да знаеш целата содршина, друго е да извадиш од контекст некоја реченица. Мени се смислата така.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2009 во 11:38
Ти ја вадиш од контекст целата содржина,очигледно не ти одговара
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2009 во 12:50


...Во сличен манир, за терминот “Македонец” за чие дефинирање Бечев рече дека не било ни малку едноставна задача, речникот вели: “политички оспоруван регионален и етнички назив. Зависно од историскиот период и општествениот контекст, Македонец може да има повеќе значења:
1. Секој жител на географскиот регион Македонија кој се оформува во 19 век, без оглед на неговата или нејзината етничка припадност, јазик или религија.
2. Припадник на етничката македонска нација која е составена од сите Словени кои живеат во географска Македонија и го конституираат мнозинството од населението на Република Македонија.
3. Кој било кој граѓанин на Република Македонија.
4. Поданик на оригиналното Кралство Македон” (стр. 132-133).

Димитар Бечев
Кон врв
ADVISOR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1026
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ADVISOR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2009 во 14:06
4. Поданик на оригиналното Кралство Македон”

голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка
голема%20насмевка
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2009 во 18:00
Точно така - оригиналното кралство Македон (на принц Македон) / голема%20насмевка / знаете ли каде се наоѓа тоа кралствозбунетост
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 02:36
Platenik, покрај сите мои опомени и укажувања, пак си постирал нешто на јазик различен од македонскиот, а станува збор за нешто што лесно ќе го преведеш, нешто што и можеш да го преведеш.

На крајот на краиштата, на форумов има луѓе од сите генерации, не сите разбираат англиски, бугарски, руски итн. Нема да дозволам правилата да се нарушат, а со тоа некои луѓе да бидат лишени од учеството во дискусиите!


Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 03:27
Originally posted by Македон Македон напиша:

Platenik, покрај сите мои опомени и укажувања, пак си постирал нешто на јазик различен од македонскиот, а станува збор за нешто што лесно ќе го преведеш, нешто што и можеш да го преведеш.На крајот на краиштата, на форумов има луѓе од сите генерации, не сите разбираат англиски, бугарски, руски итн. Нема да дозволам правилата да се нарушат, а со тоа некои луѓе да бидат лишени од учеството во дискусиите!



Од 50тина цитати мислам само два беа на странски јазици, еден на англиски, а другиот на бугарски. Нема да се налутам, бриши ги тие два.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 03:44
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Платеник, да започнеме со Д.В. Македонски

„Македонците не се изгубиле од лицето на земата како што си дозволуваат некои да велат, зошто, доколку што знаеме ние, тие не згрешиле ништо па да зине земjата да ги голтне...“
—Димитар Македонски, „По македонското прашане“, „Мaкедониjа“, V, 7, Цариград, 16.II.1871


Дали му ја прочита целата статија? Таа е одговор на познатата статија на Славејков „Македонското прашање“

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:







Не знам дали се чита добро. Ќе појаснувам, ако е потребно.


Едно е да знаеш целата содршина, друго е да извадиш од контекст некоја реченица. Мени се смислата така.




Пак шпици вадиш. Добро немој да го коментираш Македонски, коментирај ги другите цитати, ако тоа те прави посреќен.

Еве ти уште нешто за размислување, ако тие 50тина цитати ти беа малку:

Извадокот е од книгата Македонија во делата на странските патописци 1903 - Ѓурѓа 2007


Гастон Рутие ( Gaston Routier ) есента 1903

Еден познат човек, многу забележителен, образован, Доктор Шишманов, министер за образование во Бугарија, ми кажуваше во еден разговор: „По десет години ако Македонија стане автономна, таму нема да постојат ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, ќе постојат само Македонци“. Тие ќе имаат многу заеднички политички интереси,особено економски, што треба да ги создадат со својата неуморна работа, ако сакаат да бидат независни од државите што се понапредни од нив и чие производство би го уништило нивното.

Како земјоделци, не ќе им биде воопшто од интерес да се спојат со земјоделските земји како што се Србија и Бугарија; како индустријалци, ќе сакаат да ја штитат својата индустрија која ќе биде против нашата; најпосле, тие ќе сакаат да ги задржат за себе местата на функционери во нивната администрација и на офицери во нивната војска .Значи, Македонија ќе биде независна и Македонците ќе останат Македонци. Ако Европа го мисли спротивното, таа греши; ако Бугарите сметаат на бугаризација на Македонија тоа се илузии“.
По една сериозна анкета, јас мислам дека доктор Шишманов ја зборуваше вистината и дека Македонија на Македонците е најдобрата варијанта за да се избегне поделбата на оваа област, толку посакувана, а да не се предизвика сомневање кај големите сили.

*Иван Шишманов (1862-1928), бугарски опшественик, политичар, професор, фолклорист, историчар на литературата, роден во Свиштов, студирал во Виена, Јена, Женева и Лајпциг, станал министер за просвета, член на бугарската академија на науките, претседател на Сојузот на бугарските писатели. Умрел во Осло каде што бил на конгрес на Пен клубот. Автор на повеќе од 400 труда, пишувал многу и за Македонија, со бугарска ориентација. Речиси сите трудови му се објавени во Зборникор на народни умоттворби, наука и китература, издаван од Министерството за просвета.


Види Коснаковски, според мене, кој не бил трпелив и недочекал Македонија да ја види слободна и застаната на сопствени нозе тој станал или Бугарин или Грк или Србин. Оние пак кои остнале на нивото од 19 век се практично филите и маните. Вие играте на таа карта.

Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 07:29
Mene mi se diskutira za D.V. Makedonski, ama ti nesto ne sakas. Za sekoj od tvoite citati ima kontra citat.
Originally posted by Platenik Platenik напиша:



"Нашата татковина Македонија си има историја за своето минато, каде што се гледа нејзината моќ, величина, како и нејзиното политичко потчинување под власта на тогаш моќната Турска империја. ... Денес, секој Македонец, кога го спомнува Александар Македонски, вели: Ние сме го имале цар Александар Велики. Со тие зборови тој си припомнува за блескавиот период и величието на Македонската држава. Александар Македонски стои пред лицето на секој Македонец како национална гордост! “
—Коста Шахов, в. "Македонија" на , број 4, Русе, 11. ХI.1888 година

Istiot Kosta Shahov ke napise
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 09:39
Не знам француски јазик, но открив една книга на Гастон Рутие:

Гастон Рутие

Видите ја содржината на книгата... има делови за Бугари, Грци, Власи ... но нема за Македонци.

Изменето од Македон - 21.Октомври.2009 во 14:13
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 10:48
Mozhebi tie pishuvale za novosozdadenite nacii, zatoa. трепкање
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,734 секунди.