|
Помош при учењето-да или не |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 19.Октомври.2009 во 22:01 |
Повеќето овдешни родители делиме една заедничка работа-им помагаме на децата при учењето.
Почнувајќи од прво одделение па нагоре-додека има потреба. Им помагаме на децата да ги научат лекциите, да решат математика...Обемноста на наставната програма и нејзината оптовареност со често ирелевантни податоци кои засекогаш ќе бидат заборавени (пр. број на население во Уганда, површина на Чиле во квадратни км, години на почеток на некои движења во историјата, датуми на раѓање и смрт на личности)-честопати претставува извор на многу фрустрации како кај детето така и кај родителот. Она што го заклучив е дека еден добар дел од поимите во учебниците се необјаснети, па детето ја учи лекцијата и раскажува, и кога ќе го прашаш што е тоа (декрет, декларација на пример) те гледа бледо. Па така, кај пријателки сум била сведок на ситуации на “учење“ кои завршувале со шамари, каење и земање лексилиуми, фрлање и цепење книги, листови.... Математика е посебна приказна. За тие што се “математичари“ не е страшно, ама ете има родители како мене кои не се баш математичари, па мораат прво да ја учат лекцијата за да ја објаснат. А лекцијата, често пати знае да биде објаснета и вака “воочи како е решена задачата“. Па така, следи губење време додека воочам како авторот на учебникот решил да се изживува со моите нерви. И така до некое одделение, кога станува неопходно да се повика и професор. Две деца х2 пати неделно...Навистина, човек треба да ја има пештерата на Али Баба за да го ишколува своето дете во МКД. (за немањето учебници и додатни напори кои ги вложувам од моја страна за надополнување на дупките не сакам на оваа тема) Па ме интересира драги родители, како стоите по однос на оваа работа? Колку му помагате на вашето дете-а колку му оставате простор само да се потруди? Барате ли помош од старна, професори и слично кога не сте сезнајковци по некои предмети? Поделете овде се што имате да кажете за оваа работа. Изменето од maria_magdalena - 19.Октомври.2009 во 22:03 |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
во второ одд по предметот ,,основи на Демократија,, за домашна имаа прашање, кое гласеше буквално вака
- Наброј некои од одлуките на вашето гратско собрание! Го чекавме тато да си дојде за да ни помогне, оти ни мама не знаеше, а камо ли тоа кутрото втораче И ај после да те видам осамостали го само да учи Изменето од kejt-d-grejt - 19.Октомври.2009 во 22:10 |
|
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Моите ја учеа сестра ми две години, што е
предходник, а што следбеник. Јас и ги решавав сите писмени и тестови до
осмо одделение и така таа поминувше одлична. Ама, во средно јас бев
кецарот, таа учење.
Изменето од bounty_hunter - 19.Октомври.2009 во 22:44 |
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Иницијална состојба-Акумулира податоци пред да почне трансформацискиот процес пред определен кинезиолошки третман во овој случај почетокот на учебната година па во оваа состојба влегуваат и параметрите кој ги покрива просторот на предметот на следењето или валоризацијата во антрополошките карактеристики“
немој да помислите дека сум ги заборавила точките и запирките...НЕМА...ова е една реченица од скриптата по кинезиологија за прва година средно е како да ја упростам дефиницијава...ако е воопшто дефиниција мислев дека после четврто одделение ќе може да учи сама...и можеше..се досега |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ama , izgleda ...i odsega!...taa definicija,..ne bi mozel ni lektor...da ja"ispravi"...pa i da ima nekoja greshka!
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи горе долу, сите делиме иста мака.
А јас си мислев дека сега кога се поголеми, ќе имам малку повеќе оддишка бар што се однесува до учењето. На што се должи оваа неопходност? Често размислувам за тоа, особено кога ќе ми пукне филмот. Проблемот го гледам во неквалитетните учебници,кои изобилуваат со ирелевантни податоци, а им недостига поголема систематичност. Во ниеден учлебник нема асален речник на поими кои се користат во лекциите. Лекциите често се збрда здола напишани (ова особено може да се види во учебникот по историја, кој е напишан со таква сувопарност..Еднаш читајќи лекција ни сама не знаев кој нападнал, кој се повлекол. Редовно морам да помагам и по овој предмет, да ги објаснам поимите прво а потоа да раскажам за да сфати детето. Каде вие го гледате проблемот? Какви се учебниците од кои учат децата на нашите сонародници во странство? Имаат ли и тие вакви маки? |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Ecy0
Група Регистриран: 03.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 43 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас сум 8одд.И значи учебникот е премногу измешан да кажам...Првин во прва реченица кажува дека тој и тој го нападнал,после во втора кажува кога и како а во трета кажува која била и што направила ќерка му,сето тоа проследено од датуми кои се тешки за запамтување...
|
|
• Come as you are, as you were
As I want you to be As a trend, as a friend, as an old enemy Take your time, hurry up The choice is yours, don't be late. Come As You |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е, кажи бе мило, абре не се знае кој се родил, кој нападнал, кој освоил, или прво пишува што освоил-е, па после враќа назад од кого се бранел. Сувопарно, досадно до-зла-Бога, нејасно, испрепишано збрда здола од енциклопедии (историја на човештвото). Срамотилаци, ако некој од “горните“ ЧИТА, НЕКА СТАВИ ПРСТ НА ЧЕЛО, учебникарството не е занает како чевларство, козметика, фризерај.... Генерации се воспитуваат алоооо! Изменето од maria_magdalena - 22.Октомври.2009 во 19:23 |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
верувајте дека не сакате цитати од учебникот по педагогија - секоја лекција има големи БЛА БЛА кои завршуваат со тоа дека воспитанието е општествена појава за да научам една лекција, мора да ја прераскажам, па да си ја објаснам и да сфатам дека сето тоа влегло од едното, а излегло од другото уво !!!
математика, ги измачив тетка ми, тетин ми и дедо ми.... сите си ги повторија логоритмите, а богами треба и да им ја оставам математиката да ги проучат новите РЕЛАЦИИ НА ТРИГОНОМЕТРИСКИ ФУНКЦИИ ОД НЕКОИ АГЛИ до 8мо одделение важев за математичар кој добиваше 5ки со 1 час вежбање... од 1ва година вежбам по цели а4 формат тетратки пред писмена, за едвај да закачам слаба петка или јака четворка... како и да е, среќа што имам кој да ми покаже, бидејќи некои сами се мачат и плаќаат приватни професори - како што спомна мариа_магдалена...
па добро бе мајка му стара, одбрав јазичен смер учам математики од факултет
а за јазиците, англиски знам, одам на к*рс од релаксација доколку не одам на додатни часови ( т.е. к*рсеви ) по италијански и германски ќе бидам ,,тотели конфјузд рагаца италијана,,
другите предмети се за да се седнат и да се научат сите (не)потребни информации
|
|
G1RL
Сениор Регистриран: 09.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 103 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Od edna strana mislam deka e dobro roditelite da poucat so decata bidejki taka na nekoj nacin deteto ke stekne navika za ucenje a se slozuvam so toa deka vo nekoi ucebnici objasnuvanjata se mnogu nejasni pa deteto samo nema sansi da go razbere toa.
Vo osnovno roditelite ''ucea'' so mene matematika, fizika i hemija - so drugo ne gi zamarav. Iako vo 7mo i 8mo odd po4na da mi preci koga ke mi recea aj da vidime sto e nejasno i kako sto pisa nekoj pogore toa zavrsuvase so skinati tetratki a ednas i so skinat u4ebnik... Sega vo sredno imam dobra osnova po site predmeti pa taka da mozam da se snajdam i taka zavrsi zaednickoto ''ucenje'' ... Mislam deka tuka mnogu moze i treba da pomogne objasnuvanjeto i upatuvanjeto od profesorot/profesorkata - sepak tie se zadolzeni za taa rabota a ne roditelite... |
|
TODAY COULD BE YOUR BEST, WORST OR LAST DAY IN YOUR LIFE...
|
|
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да, порано кога учев со мајка ми полесно сваќав така и пред некој ден ми текна да учам заедно со нејзе бидејќи завршила исто средно какво што учам и јас и ми објасни и некој дополнителни работи. Значи се согласувам со ова, но го негирам пишувањето на домашна со помош на родител, родителот пред тоа треба да објасни, а детето да напише.
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Натсавниците/професорите објаснуваат еднакво за сите, нели? Зошто едни разбрале/едни не Значи дека не можат сите да разберат се по сите предмети, значи дека сите не можат да имаат 5 по сите предмети, значи дека МОРА да постои диференцијација во усвоеност на материјалот, а со тоа автоматски и диференцијација во оцените (па затоа имаме оцени од 1-5). И сега доаѓаме до уписната политика- скроз одлицен, просек 5, 00 за секаде. Зошто? Па оној што ке оди во медицина треба да има знаење од природните науки, оној во економско, с езнае по кој предмети мора да има 5. Има многу наталожени проблеми кои испливуваат на површина секогаш кога некој лично ќе биде засегнат, дотогаш штама и незаинтересираност. И како една банална компарација- преметните наставници секогаш ги осудуваат учителките дека се многу толерантни, благи во односот со децата- демек ги галат и попуштаат Ама ако случајно нивното дете се падне кај некоја учителка која ’’не попушта’’ веднаш реагираат. Двојни аршини има секад еи ке има. Човечки е. А учебниците, тоа е друга приказна. Тоа не е за образование- засега само за во Бизнис Изменето од mamamd - 23.Октомври.2009 во 11:13 |
|
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не ви текнува на фактот дека никој не може ништо сам? Затоа родители фаќајте се за книгата пред вашите деца и повторете го тој материјал, им треба ваша помош.
|
|
AcaRank.
Група Регистриран: 17.Октомври.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 91 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се во зависност од ученикот.
|
|
Toa shto ne se postigna vo 1966 da go npravime sega....
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |