Помош при учењето-да или не
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Образование
Опис на форумот: Улично, основно, средно, високо...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20471
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 08:58 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Помош при учењето-да или не
Постирано од: maria_magdalena
Наслов: Помош при учењето-да или не
Датум на внесување: 19.Октомври.2009 во 22:01
Повеќето овдешни родители делиме една заедничка работа-им помагаме на децата при учењето.
Почнувајќи од прво одделение па нагоре-додека има потреба. Им помагаме на децата да ги научат лекциите, да решат математика...Обемноста на наставната програма и нејзината оптовареност со често ирелевантни податоци кои засекогаш ќе бидат заборавени (пр. број на население во Уганда, површина на Чиле во квадратни км, години на почеток на некои движења во историјата, датуми на раѓање и смрт на личности)-честопати претставува извор на многу фрустрации како кај детето така и кај родителот.
Она што го заклучив е дека еден добар дел од поимите во учебниците се необјаснети, па детето ја учи лекцијата и раскажува, и кога ќе го прашаш што е тоа (декрет, декларација на пример) те гледа бледо.
Па така, кај пријателки сум била сведок на ситуации на “учење“ кои завршувале со шамари, каење и земање лексилиуми, фрлање и цепење книги, листови....
Математика е посебна приказна. За тие што се “математичари“ не е страшно, ама ете има родители како мене кои не се баш математичари, па мораат прво да ја учат лекцијата за да ја објаснат. А лекцијата, често пати знае да биде објаснета и вака “воочи како е решена задачата“.
Па така, следи губење време додека воочам како авторот на учебникот решил да се изживува со моите нерви.
И така до некое одделение, кога станува неопходно да се повика и професор. Две деца х2 пати неделно...Навистина, човек треба да ја има пештерата на Али Баба за да го ишколува своето дете во МКД.
(за немањето учебници и додатни напори кои ги вложувам од моја страна за надополнување на дупките не сакам на оваа тема)
Па ме интересира драги родители, како стоите по однос на оваа работа? Колку му помагате на вашето дете-а колку му оставате простор само да се потруди? Барате ли помош од старна, професори и слично кога не сте сезнајковци по некои предмети?
Поделете овде се што имате да кажете за оваа работа.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Коментари:
Постирано од: kejt-d-grejt
Датум на внесување: 19.Октомври.2009 во 22:09
во второ одд по предметот ,,основи на Демократија,, за домашна имаа прашање, кое гласеше буквално вака
- Наброј некои од одлуките на вашето гратско собрание!
Го чекавме тато да си дојде за да ни помогне, оти ни мама не знаеше, а камо ли тоа кутрото втораче
И ај после да те видам осамостали го само да учи
|
Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 19.Октомври.2009 во 22:25
Моите ја учеа сестра ми две години, што е
предходник, а што следбеник. Јас и ги решавав сите писмени и тестови до
осмо одделение и така таа поминувше одлична. Ама, во средно јас бев
кецарот, таа учење.
-------------
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 19.Октомври.2009 во 22:33
“Иницијална состојба-Акумулира податоци пред да почне трансформацискиот процес пред определен кинезиолошки третман во овој случај почетокот на учебната година па во оваа состојба влегуваат и параметрите кој ги покрива просторот на предметот на следењето или валоризацијата во антрополошките карактеристики“
немој да помислите дека сум ги заборавила точките и запирките...НЕМА...ова е една реченица од скриптата по кинезиологија за прва година средно
е како да ја упростам дефиницијава...ако е воопшто дефиниција
мислев дека после четврто одделение ќе може да учи сама...и можеше..се досега
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 19.Октомври.2009 во 22:58
ama , izgleda ...i odsega!...taa definicija,..ne bi mozel ni lektor...da ja"ispravi"...pa i da ima nekoja greshka!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 21.Октомври.2009 во 11:36
Значи горе долу, сите делиме иста мака. А јас си мислев дека сега кога се поголеми, ќе имам малку повеќе оддишка бар што се однесува до учењето.
На што се должи оваа неопходност? Често размислувам за тоа, особено кога ќе ми пукне филмот. Проблемот го гледам во неквалитетните учебници,кои изобилуваат со ирелевантни податоци, а им недостига поголема систематичност. Во ниеден учлебник нема асален речник на поими кои се користат во лекциите. Лекциите често се збрда здола напишани (ова особено може да се види во учебникот по историја, кој е напишан со таква сувопарност..Еднаш читајќи лекција ни сама не знаев кој нападнал, кој се повлекол. Редовно морам да помагам и по овој предмет, да ги објаснам поимите прво а потоа да раскажам за да сфати детето.
Каде вие го гледате проблемот?
Какви се учебниците од кои учат децата на нашите сонародници во странство? Имаат ли и тие вакви маки?
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Ecy0
Датум на внесување: 22.Октомври.2009 во 19:03
Јас сум 8одд.И значи учебникот е премногу измешан да кажам...Првин во прва реченица кажува дека тој и тој го нападнал,после во втора кажува кога и како а во трета кажува која била и што направила ќерка му,сето тоа проследено од датуми кои се тешки за запамтување...
------------- • Come as you are, as you were
As I want you to be
As a trend, as a friend, as an old enemy
Take your time, hurry up
The choice is yours, don't be late.
Come As You
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 22.Октомври.2009 во 19:22
Ecy0 напиша:
Јас сум 8одд.И значи учебникот е премногу измешан да кажам...Првин во прва реченица кажува дека тој и тој го нападнал,после во втора кажува кога и како а во трета кажува која била и што направила ќерка му,сето тоа проследено од датуми кои се тешки за запамтување... |
Е, кажи бе мило, абре не се знае кој се родил, кој нападнал, кој освоил, или прво пишува што освоил-е, па после враќа назад од кого се бранел. Сувопарно, досадно до-зла-Бога, нејасно, испрепишано збрда здола од енциклопедии (историја на човештвото). Срамотилаци, ако некој од “горните“ ЧИТА, НЕКА СТАВИ ПРСТ НА ЧЕЛО, учебникарството не е занает како чевларство, козметика, фризерај....
Генерации се воспитуваат алоооо!
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 22.Октомври.2009 во 20:28
верувајте дека не сакате цитати од учебникот по педагогија - секоја лекција има големи БЛА БЛА кои завршуваат со тоа дека воспитанието е општествена појава за да научам една лекција, мора да ја прераскажам, па да си ја објаснам и да сфатам дека сето тоа влегло од едното, а излегло од другото уво !!!
математика, ги измачив тетка ми, тетин ми и дедо ми.... сите си ги повторија логоритмите, а богами треба и да им ја оставам математиката да ги проучат новите РЕЛАЦИИ НА ТРИГОНОМЕТРИСКИ ФУНКЦИИ ОД НЕКОИ АГЛИ до 8мо одделение важев за математичар кој добиваше 5ки со 1 час вежбање... од 1ва година вежбам по цели а4 формат тетратки пред писмена, за едвај да закачам слаба петка или јака четворка... како и да е, среќа што имам кој да ми покаже, бидејќи некои сами се мачат и плаќаат приватни професори - како што спомна мариа_магдалена...
па добро бе мајка му стара, одбрав јазичен смер учам математики од факултет
а за јазиците, англиски знам, одам на к*рс од релаксација доколку не одам на додатни часови ( т.е. к*рсеви ) по италијански и германски ќе бидам ,,тотели конфјузд рагаца италијана,,
другите предмети се за да се седнат и да се научат сите (не)потребни информации
-------------
|
Постирано од: G1RL
Датум на внесување: 22.Октомври.2009 во 23:42
Od edna strana mislam deka e dobro roditelite da poucat so decata bidejki taka na nekoj nacin deteto ke stekne navika za ucenje a se slozuvam so toa deka vo nekoi ucebnici objasnuvanjata se mnogu nejasni pa deteto samo nema sansi da go razbere toa.
Vo osnovno roditelite ''ucea'' so mene matematika, fizika i hemija - so drugo ne gi zamarav. Iako vo 7mo i 8mo odd po4na da mi preci koga ke mi recea aj da vidime sto e nejasno i kako sto pisa nekoj pogore toa zavrsuvase so skinati tetratki a ednas i so skinat u4ebnik... Sega vo sredno imam dobra osnova po site predmeti pa taka da mozam da se snajdam i taka zavrsi zaednickoto ''ucenje'' ...
Mislam deka tuka mnogu moze i treba da pomogne objasnuvanjeto i upatuvanjeto od profesorot/profesorkata - sepak tie se zadolzeni za taa rabota a ne roditelite...
------------- TODAY COULD BE YOUR BEST, WORST OR LAST DAY IN YOUR LIFE...
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 23.Октомври.2009 во 10:32
Да, порано кога учев со мајка ми полесно сваќав така и пред некој ден ми текна да учам заедно со нејзе бидејќи завршила исто средно какво што учам и јас и ми објасни и некој дополнителни работи. Значи се согласувам со ова, но го негирам пишувањето на домашна со помош на родител, родителот пред тоа треба да објасни, а детето да напише.
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 23.Октомври.2009 во 11:12
G1RL напиша:
Od edna strana mislam deka e dobro roditelite da poucat so decata bidejki taka na nekoj nacin deteto ke stekne navika za ucenje a se slozuvam so toa deka vo nekoi ucebnici objasnuvanjata se mnogu nejasni pa deteto samo nema sansi da go razbere toa.
Родителите да објаснат кога детето некаде ќе заглави ДА ама родителите да учат з адетето- НЕ. Има голема разлика во помош во учењето и учење на цел материјал, па прераскажување или изработка на проектите кои се даваат за домашно. Дури с еоди до таму што родителите ќе напишат се на ливче а детето потоа препишува Vo osnovno roditelite ''ucea'' so mene matematika, fizika i hemija - so drugo ne gi zamarav. Iako vo 7mo i 8mo odd po4na da mi preci koga ke mi recea aj da vidime sto e nejasno i kako sto pisa nekoj pogore toa zavrsuvase so skinati tetratki a ednas i so skinat u4ebnik... Sega vo sredno imam dobra osnova po site predmeti pa taka da mozam da se snajdam i taka zavrsi zaednickoto ''ucenje'' ...
’’На здрав темел, се доградуваат спратови’’ Mislam deka tuka mnogu moze i treba da pomogne objasnuvanjeto i upatuvanjeto od profesorot/profesorkata - sepak tie se zadolzeni za taa rabota a ne roditelite... |
Натсавниците/професорите објаснуваат еднакво за сите, нели? Зошто едни разбрале/едни не Значи дека не можат сите да разберат се по сите предмети, значи дека сите не можат да имаат 5 по сите предмети, значи дека МОРА да постои диференцијација во усвоеност на материјалот, а со тоа автоматски и диференцијација во оцените (па затоа имаме оцени од 1-5). И сега доаѓаме до уписната политика- скроз одлицен, просек 5, 00 за секаде. Зошто? Па оној што ке оди во медицина треба да има знаење од природните науки, оној во економско, с езнае по кој предмети мора да има 5. Има многу наталожени проблеми кои испливуваат на површина секогаш кога некој лично ќе биде засегнат, дотогаш штама и незаинтересираност. И како една банална компарација- преметните наставници секогаш ги осудуваат учителките дека се многу толерантни, благи во односот со децата- демек ги галат и попуштаат Ама ако случајно нивното дете се падне кај некоја учителка која ’’не попушта’’ веднаш реагираат. Двојни аршини има секад еи ке има. Човечки е. А учебниците, тоа е друга приказна. Тоа не е за образование- засега само за во Бизнис
-------------
|
Постирано од: DDarko
Датум на внесување: 23.Октомври.2009 во 15:45
Не ви текнува на фактот дека никој не може ништо сам? Затоа родители фаќајте се за книгата пред вашите деца и повторете го тој материјал, им треба ваша помош.
-------------
|
Постирано од: AcaRank.
Датум на внесување: 23.Октомври.2009 во 16:08
Се во зависност од ученикот.
------------- Toa shto ne se postigna vo 1966 da go npravime sega....
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 25.Октомври.2009 во 15:09
Со сите родители со кои сум разговарала-помагаат на децата. Не е тоа само до ученикот, или наставникот кажал за сите исто. МНатерјалите такви какви што се треба убаво да се изџвакаат, дообјаснат, колку поими има само необјаснети.
Да не зборуваме за оние хамери проекти кои им ги даваат на децата и кои одземаат толку многу време, еве во моментов со сопругот цртаме и боиме на хамер, додека детето учи математика, што ќе биде ако му го оставам уште и хамеров? До утре ќе треба да пишува и црта по него, но тоа и не е така страшно.
Има голема разлика во тоа што детето ќе го научи само во однос ан наученото со помош на родител, друго е дообјаснување, давање пример, често и проширување на знаење со некој енциклопедиски податок.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 25.Октомври.2009 во 16:58
ne!...barem ne redovno ....tupavoto dete ...ke si ostane tupavo!...ako mu pomagash sekogash,..toa e samo za da dobie podobra ocenka,..ne deka ke mu ostane podolgo nauchenoto.... a, ako vekje ne e tupavo,...i ne mu treba pomosh( redovna!)...ke se snajde samioto so toa shto go ima napishano vo ...uchebnicite..
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 25.Октомври.2009 во 17:58
образованието ни дошло до тоа дереџе да и паметните деца ги затупави...им се задаваат невозможни проекти,имаат премногу материјал,учебниците се хаотични...на моите деца им помагав во прво и второ одделение,додека се описменија,што се вели...од тогаш учеа сами,и беа одлични ученици. сега е нешто сосем друго,јас сум изненадена...упорно тврдев дека во прашање е мрзливост и узбуркани хормони,додека не погледнав во учебниците...а таму...лекции напишани на неразбирлив Македонски јазик...конфузни реченици...хаос од години,битки,датуми,денови,број на население,овци,кози............ се расплинуваат на сите страни,учат од се по малку наместо да го учат она што треба,точно и конкретно
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 25.Октомври.2009 во 18:08
Да, можам да ги оставам сами да учат, и да си се посветам себеси. Но не е исто-никако нема да биде исто една сувопарна лекција од партиски учебник-и мое раскажување. НИКАКО. И драго ми е што ве гледам на форумов мајки како мене, го делите моето мислење, имаме заедничка обврска, да го облагородиме знаењето на нашите деца и да им всадиме љубов кон науката.
Није свеједно, никако.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 03.Јануари.2010 во 07:26
Родителот треба да учествува, помага при учење.Детето при продлабочување на знаењата може да користи и други извори освен учебникот како помагало. Со помош на барем еден родител се бараат податоци од интернет, (родителот селектира линкови кои може да се прегледаат) по оние предмети за кои може да се најдат. Еве дури и тука http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=21355 има убави податоци за проектни задачи по биологија.
-------------
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 03.Јануари.2010 во 12:39
Со мајка ми учев заедно до негде трето одделение...Тоа и не беше некое учење, само појаснување на одредени работи. Од четврто одделение ме остави сама да учам. И сватив дека не е до толку неопходна помош на родител, за да се свати материјалот.
Не сум за постојана помош од родител како на пример за домашни, тестови, писмени итн. Тоа дете можеби никогаш нема самостојно да учи...
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: nena_princess
Датум на внесување: 24.Април.2010 во 15:20
Одсекогаш сум работела сама. Никој не седнал со мене да ми покаже нешш никогаш , не оти нејкеле или нз што туку јас не им дозволував бидејќи најдобро е сам да се трудиш Сестра ми кога имаше 6 год. јас 4 она пишува и јас пишував и што се вика со неа работеа секогаш а со мене никогаш и дури наставниците викаа Најдобро е Сам Да Се Трудиш, Да Не Чекаш Помош Од Други, односно да зависиш од некој
------------- Секогаш бори се за она што го Сакаш и верувај ќе успееш ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥
|
Постирано од: marsovec
Датум на внесување: 24.Април.2010 во 16:57
Сум спремал другар на братучед ми кој имаше единица по математика. Доби петка на полагање ( за само 15 дена ).Навистина му фаќаше црпката.
Има ли поголема бламажа за професор да стави единица на ученик, кој за неговиот предмет е " флит".
Посвететесе повеќе на децата.Срамота е било кое дете да повторува ( да има единица).Ако нема писмени родители треба да повторува.Срамота,учителите се платени за да го научат а домот е за одмор, социјализација,морал,етика и сл. кое нешто денес најмногу недостасува.
Учители учете, родители (покрај школото)воспитувајте.
Ако родителите ги учат деецата - чуму се наставниците?????????????????Смешно.
------------- СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
Постирано од: nena_princess
Датум на внесување: 08.Мај.2010 во 22:40
Еее да ама ко шо знам Училиштето е Воспитна Образовна Установа нашколо учи дома дреми и за шо одиш нашколо? пффф нема логика
------------- Секогаш бори се за она што го Сакаш и верувај ќе успееш ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 20.Септември.2010 во 07:12
Ццццц..еве еден добар пример како да знаете да помогнете, иако го има некаде и во нашите поранешни збирки по математика и во старите нумеруси, ама полесно е да “учиме“ од странците http://www.bbc.co.uk/go/wsy/pub/rss/1.0/-/macedonian/news/story/2010/09/100917_maths_parents.shtml - Математика за родители
-------------
|
|