|
ВЕРСКИ ВЕСТИ |
Внеси реплика | страница <1 4950515253 86> |
Автор | ||||||||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Dobro e toa od SPC. Sujk*r! Konecno nesto Hristijansko da vidime od nivna strana sprema nas. Изменето од KINGDAVID - 03.Август.2009 во 15:33 |
||||||||||||||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
vistinata koga togas izleguva na videlo..................................
|
||||||||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Аукција на навреда
Карикатурата на пророкот Мухамед која пред неколку години го крена на нозе исламскиот свет доби колекционерска вредност, според која една копија од "богохулењето" чини 250 долари. Контроверзниот цртеж на к*рт Вестергард на кој е претставен основачот на муслиманската религија Мухамед со бомба на турбанот се претвори во добар бизнис за печатниците, галериите но и за самиот автор. Од галеријата Дропнер која наскоро ќе организира изложба на дела од Вестергард велат дека продале голем број на копии од карикатурата потпишани од авторот. Галеријата отишла до таму и ја замолила престижната Лондонска аукциска куќа Сотебис да одреди почетна цена за оригиналот кој авторот размислува да го продаде. Врвен Американски колекционер ја проценил илустрацијата на 150.000 долари. Една Балтичка печатница исто така профитира од "делото". Од тиражот од 1000 копии досега продале 870 по цена од 250 долари. Цртежот беше објавен во Данскиот весник Јиландс - Постен во септември 2005-та што предизвика серија протести низ муслиманскиот свет, во кои беа уништени и неколку Дански амбасади. Последна промена: 13.08.2009 # |
||||||||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Силување доби нов назив брачна проституција
Откако го ревидираше законот за брачно силување, авганистанскиот претседател Хамид Карзаи низ дупка во законот го протурка во форма на брачна проституција. Во превод - сопругот може да не и дава храна и пари на сопругата доколку таа му одбие разумно сексуално задоволство. „Имаше некакви протести против законот и демонстрантите бараа некакви промени во законот“,вели една Авганистанка. И додека жените млако го кренаа гласот против враќањето на талибанската репресија, за мажите исламскиот закон е и уставен и безгрешен. „Законот што го направиле свештениците и почитуваните луѓе е во ред и добар за муслиманското општество. Општиот закон е исламски закон и тој што ќе впери прст во него ќе го впери против исламскиот закон. Според исламот, законот е коректен и добар“, смета Мулр Мохамед Сален, локален жител. Така авганистанките паднаа како жртва на претседателските избори - Карзаи го донел законот за да го смири Шиитското малцинство и да ги купи неговите гласови. Иако парламентот ќе може да го преиспита и да го смени законот дури по изборите, од парчето хартија поважен е менталитетот. „Не можеме да го смениме животот на авганистанската жена со парче хартија, без разлика дали тоа е уставот или шиитскиот закон за семејство. Тоа што треба да се смени е праксата во Авганистан“, изјави Шинкаи Карокел, пратеничка во авганистанскиот парламент. Карзаи си ги обезбеди гласовите на шиитските мажи без да си повлијае на гласовите од жените - и тие ќе гласаат за него бидејќи мнозинството се необразовани, се срамат да тропнат на вратите од судовите, а и не се информирани дека им скроил таква судбина. Човек не знае дал да ги жали или да се утепа од смеење. |
||||||||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
МПЦ се чува од вишок попови Маја МИХАЈЛОВСКА Само 15 од вкупно 40 пријавени ученици успеаја да се запишат во оваа учебна година во средното богословско училиште на МПЦ, кое се наоѓа на излезот од Драчево кон Зелениково. И покрај постојаната заинтересираност за оваа професија, од пред неколку години Синодот бил присилен да донесе одлука да се преполови бројот на новозапишани ученици, затоа што се појавил вишок попови во земјава, вели директорот на училиштето и епископ на Повардарската епархија, Агатангел. - Кога ќе завршат, си имаме проблем како да ги вработиме. За некоја година еве завршуваат средно, дипломираат, и детето ќе се ожени, треба да работи, грев е да го оставиме на улица, а внатре пак имаме премногу свештеници, околу 400, па затоа мора да внимаваме со примањето ученици - објаснува дедо Агатангел, како што популарно го нарекуваат. Тој објаснува дека секоја од седумте епархии може да испрати по неколку кандидати, од кои на приемниот поминуваат по двајца. - Синодот реши да води ваква кадровска политика зашто се создаде превработеност. Се појави многу младо свештенство. Во мојата епархија, од 42 свештеника, само двајца дури за 13 години ќе одат во пензија, а останатите 40 свештеници ќе работат уште најмалку 30 години - вели дедо Агатангел, кого го добивме на мобилен телефон, бидејќи се наоѓаше на работното место во Повардарската епархија. Десетмина отпаѓаат Дедо Агатангел вели дека во текот на петгодишното средно образование, најчесто по 10 деца во просек се откажуваат, поради тоа што не можат да ја издржат строгата дисциплина во училиштето. Во богословското училиште, во кое освен училници е сместен и интернатот, престојуваат околу 70 ученици распоредени во пет класови, по еден од секоја година. |
||||||||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
И куклите во иранските излози - забулени
Иранската полиција спроведува кампања со која се обидува да го запре западното влијание во начинот на облекување кај Иранците, што во оваа земја особено стана популарно во последните десетина години. Од доаѓањето на власт на актуелниот претседател Махмуд Ахмандиџад, во 2005 година, меѓутоа, ваквото неисламско однесување се најде на мета на исламската полиција, која се грижи за строго почитување на моралните исламски норми на однесување. Сопствениците на дуќаните и трговски центри се предупредени дека во излозите не смеата да изложуваат кукли без хиџаб, традиционалната шамија која ја покрива главата или да ги покажува нејзините облини. На мажите, пак, им се забранува да носат вратоврски, а се забранува и продажба на женска долна облека, се наведува во полициско соопштение. Иранските медиуми наведуваат дека ваквата кампања вообичаено трае во текот на летото, меѓутоа, минатогодишната забрана, која меѓу се другото се однесуваше и на носењето тесни панталони, траеше и во текот на зимата. Иранките кои прв пат ќе го прекршат ова правило вообичаено добиваат усно предупредување, но доколку продолжат да ја прекршуваат забраната можат да бидат и судски гонети. |
||||||||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Потврдена казната за манекенката која пиела пиво
Апелациската комисија на религиозниот суд на Малезија ја потврди пресудата за 32-годишната манекенка за шест удари со стап и парична казна од 5.000 рингити (1.400 долари) поради што пиела пиво. Но, Апелациската комисија не го утврди датумот кога ќе биде извршена казната. Малезиските власти бараат казната за 32-годишната Картика Сари Деви Шукарно да биде извршена јавно со цел да ги натера нејзините сограѓани муслимани да не пијат алкохол. Консумирањето алкохол е спротивно на исламските закони. Шукарно, која е мајка на две деца, изјавила дека сака казната да биде извршена јавно и оти жали за „прекршокот“. „Се надевам дека ако другите муслимани видат како ќе бидам казнета, тоа ќе ги убеди да не пијат“, истакна Шукарно. Таа била откриена дека пие пиво во еден хотелски бар при рутинска контрола. Шукарно ќе биде првата жена во Малезија која на ваков начин ќе биде казнета. Таквата казна во Малезија досега беше наменета само за мажите. Извршувањето на казната беше одложена поради Рамазан. Судскиот процес против малезиската манекенка предизвика критики на меѓународните организации за заштита на човековите права. |
||||||||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Покана до Папата да ја посети Македонија
Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски денеска во Ватикан на секретарот за односи со државите на Светата столица надбискупот Доминик Мамберти му ја предаде поканата од претседателот Ѓорге Иванов за посета на Папата Бенедикт 16 на Македонија. „Со трајно убавиот спомен од средбата со Вашата светост по повод посетата во Ватикан на македонската делегација за празникот „Свети Кирил и Методиј“ ја имам сега големата чест да Ви го пратам ова писмо кое ги носи моите чувства, а тие се и на македонскиот народ, чувства на длабока почит за Вашата личност и за постојаните напори за зачувување на христијанските вредности и за мирен соживот во светската заедница“, се наведува во писмото кое Милошоски му го врачи на Мамберти. Во писмото Иванов потсетува дека штотуку се навршени 2000 години од раѓањето на апостолот Павле, а следната година се прават подготовки за прослава на стогодишнината од раѓањето на Мајка Тереза. „Затоа сакам да пратам до Вашата светост искрена покана да не посетите во Македонија по тој повод на датум кој Вие ќе сметаме дека е слободен за Вас. Не само јас како Претседател на државата, исто така и Владата, како и католичкото население и православното и сите членови од националната заедница ќе бидеме навистина почестени и среќни да Ве примиме во нашата земја“, вели Иванов во писмото, во кое посочува дека Македонија следната година се подготвува да ја прослави 100-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза и го наведува тоа како еден од поводите за Папата да ја посети Македонија.
Милошоски, јави известувачот на МИА, по средбата изјави дека односите меѓу Ватикан и Македонија се одлични и пријателски и ги краси една взаемна доверба и почитување. „Благодарни сме што Ватикан во сите овие изминати години откако Македонија е независна држава сите позначајни празници ги честита и на македонскиот јазик што е од големо значење“, рече Милошоски. Македонскиот министер за надворешни работи оцени дека во Македонија има добра атмосфера за да се пречека гостин каков што е Папата, додавајќи дека македонските граѓани се мошне гостопримливи луѓе. „Цениме дека идната година, во пресрет на стогодишнината од раѓањето на Мајка Тереза, како и 1100 годишнината од славењето на Свети Наум Охридски, може да биде навистина добра можност за еден таков историски чекор на кој ние се радуваме“, нагласи Милошоски. Македонскиот амбасадор во Ватикан Ѓоко Ѓоргевски изјави дека можноста за доаѓање на еден папа на територијата на Република Македонија би се случила по повеќе од десет столетија. Тој посочи дека од религиски аспект посетата на Папата би била потврда на квалитет за квалитетниот и успешен религиски дијалог. Од политички аспект, според Ѓоргевски, тоа би значело и силна поддршка за напорите на Република Македонија во насока на интегрирање во меѓународните структури. |
||||||||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Муслиманите ќе градат џамија во чест на Исус. Кога ќе дочекаме црква посветена на Исус од МПЦ?
|
||||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||||||||
al_islamia
Сениор Регистриран: 09.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Државата вплеткана во верска пресметка
Најновата пресуда против одметнатиот владика од МПЦ, Јован Вранишковски, ќе им донесе на државата и на судството критики дека се ставиле во служба на МПЦ и дека за нејзини интерес ги кршат верските права и слободи во државата, тврдат експерти по право и заштита на човековите права. Велешкиот суд во четвртокот во отсуство го осуди архиепископот на нерегистрираната ПОА на две и полгодишна казна затвор за проневера на црковни пари. Покрај тоа, Вранишковски на МПЦ треба да и врати и околу 250.000 евра. Вранишковски, кој повеќе од две години живее во Србија и Грција, двапати беше ослободуван од обвинението за истото дело, со образложение дека тоа не е казниво според Кривичниот законик. Вранишковски се бранеше дека трошењето пари во црквата не е предмет на работа на обвинителството и судот, дека црквата не води книговодство и дека таа е одвоена од државата. Но, Апелацискиот суд постојано ги укинуваше ослободителните пресуди и предметот го враќаше на повторно судење. Самиот тој факт, велат активисти за човекови права кои го следеа случајот, е мошне индикативен и укажува на тенденција да се добие пресуда дека е виновен. - Има неколку чудни работи кои покажуваат дека се работи за тенденциозна одлука. Велешкиот основен суд со неколку одлуки утврди дека нема докази, но Апелацискиот суд постојано го враќаше случајот дури не се донесе пресуда која е погодна за МПЦ - вели Мирјана Најчевска од невладината организација „Македонија без дискриминација“. Според неа, симптоматично е тоа што сите процеси против Вранишковски се водат сукцесивно и во сомнителни временски интервали. Штом ќе заврши еден, веднаш потоа почнува друг процес против него, вели Најчевска, а тоа за неа е уште еден доказ дека не се работи за злоупотребата на парите на МПЦ, туку за континуиран притисок врз Вранишковски. - Со ваквите случаи се доведува во прашање слободата на верско убедување особено што притисокот не е насочен само кон Вранишковски туку и кон неговите следбеници кои се изложени на прогон, полициски притисоци и сл. Сето тоа се евидентира од меѓународните организации за заштита на човековите права, но и од Европската унија, чијашто членка сакаме да станеме - вели Најчевска. Симптоматично е и тоа што судските процеси против Вранишковски се покренати по кавгата во Синодот на МПЦ, по која Јован беше расчинет иако делата за кои се обвинува се однесуваат на период од пред тоа. - Без оглед на тоа какво мислење има некој за Вранишковски, демократијата подразбира слобода на верско изразување и дејствување и тука нема простор да одредуваме дали некој ни се допаѓа или не. Таа важи за сите - вели Дамјан Стојановски, активист за заштита на човекови права. Од МПЦ одбиваат да зборуваат за Вранишковски со објаснување дека судот го кажал своето и тие нема зошто да коментираат судски одлуки. Од Српската православна црква, пак, велат дека се изненадени од новата пресуда за Вранишковски, која доаѓа во период кога се прават обиди за нормализација на односите меѓу двете цркви. Токму затворањето на расчинетиот владика Јован беше една од главните причини за прекинувањето на релациите на СПЦ и на МПЦ, кои по неколкугодишна пауза пред неколку месеци беа обновени. Расчинетиот владика беше обвинет дека трошел црковни пари, без одлуки на епархиските одбори, а кога бил протеран од повардарската епархија, оттаму одзел џип и автомобил. Вранишковски веќе одлежа дваесет месеци затвор, по пресудите за поттикнување верска омраза и проневера на донација за црква |
||||||||||||||
al_islamia
Сениор Регистриран: 09.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Попови играа фудбал во мантии
Свештениците-фудбалери од Скопскатаепархија на МПЦ ги победија тимовите на Струмичката, Брегалничката и Повардарската епархија во ревијалниот натпревар што се одржа завчера во спортскиот центар „Партизан“ во скопската населба „Карпош 4“. На натпреварот учествуваа свештеници, студенти на Богословскиот факултет во Скопје, монаси како и владиката Наум од Струмичката епархија. На трибините свештениците ги бодреа неколку монахињи, кои се радуваа на секој постигнат гол. Фудбалските првенства меѓу епархиите се одржуваат веќе неколку години и имаат цел да го јакнат спортскиот дух и дружењето меѓу свештените лица. Фото: Слободан Ѓуриќ |
||||||||||||||
al_islamia
Сениор Регистриран: 09.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
СВЕТОТ ИМА 1,57 МИЛИЈАРДА МУСЛИМАНИ
Германија е "поисламска" од Либан Во светот има 1,57 милијарда муслимани, од кои 60 отсто живеат во Азија, а повеќе од 300 милиони живеат во земјите во кои исламот не е главна религија, покажа истражувањето на американски институт за религија и јавен живот. Утврдено е дека 30 отсто од муслиманите живеат на Блискиот исток и во северна Африка, како и дека во Германија живеат повеќе муслимани отколку во Либан, а во Русија повеќе отколку во Јордан и Либија заедно, пренесува МИА. Шиитите сочинуваат меѓу 10 и 13 отсто од муслиманите и главно живеат во Иран, Пакистан, Индија и Ирак, а сунитите се меѓу 87 и 90 отсто од муслиманската заедница во светот. Во Европа живеат 38 милиони муслимани што е околу пет отсто од населението на овој континент, а европските муслимани сочинуваат нешто повеќе од два отсто од светската муслиманска популација. Муслиманите се четвртина од населението Муслимански аџилак во Мека Еден нов извештај вели дека во светот има преку милијарда и пол Муслимани, речиси четвртина од вкупното население. Извештајот на „Форумот Пју" од Вашингтон, проценува дека преку 60% од Муслиманите се во Азија, споредено со 20% на Блискиот исток и северна Африка. Исламот главно се смета за блиско-источна религија, но иако потекнува од Арапскиот полуостров, драматично се прошири и источно и западно. Денес, најбројно муслиманско население, околу 62%, се наоѓа во Азија, вели извештајот „Пју“. Големата тројка: Индонезија, Индија и Пакистан носат преку една третина од вкупниот број. Наспроти нив, околу 20% се на Блискиот исток и во северна Африка. Од останатите, 15% се во подсахарска Африка, меѓу два и три проценти во Европа, а многу помал број, помалку од половина процент, во двете Америки. Една петина од сите Муслимани сега живеат како малцинства во земји како Индија, Етиопија, Кина и Русија. Да се открие точно колку Муслимани има, често е тешко. Едно од изненадувањата на извештајот е дека се претпоставува оти Германија има повеќе Муслимани од Франција, која често се опишуваше како земја со најголемо муслиманско малцинство во Западна Европа. Уште едно изненадување е бројката од два и пол милиони во Соединетите држави, многу пониско од проценките на американските исламски организации. Околу брзината на растот на муслиманското население се појавија многу контроверзи. На пример, се шпекулираше дека Муслиманите се на пат да станат мнозинство во Европа, нешто што демографите го сметаат за фантазија. Но за проекциите на „Пју“ за идните трендови ќе почекаме до следната година, кога се планира издавање на уште еден извештај |
||||||||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
И што ви значат тие весели бројки? Што ако се множат раѓајќи деца од бракови со братучеди?
Квалитетот е секогаш поважен од квантитетот. Кажи ми ти во какви услови живее поголем дел од тоа население? Изменето од maria_magdalena - 18.Октомври.2009 во 22:48 |
||||||||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||||||||||
al_islamia
Сениор Регистриран: 09.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
temata e verski vesti ane komentari da se dava, i vsusnost jas ne gi davam tie brojki
|
||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 4950515253 86> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |