IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - Аzra
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Аzra

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2009 во 23:00
Ретко на некој фраер толку сум откачил, како на Џони Штулиќ.
Некако баш се ми се допаќаше кај него, неговите песни и начинот на кој ги пееше, неговиот брз говор со кој тешко ги следеше уште побрзите мисли и грчевито се бореше да не му побегнат, неговата единственост во сè. Толку едноставен и толку проклето комплициран. Ја сакав таа контролирана хистерија во неговите песни, тој негов вистински загре*ачки рокенрол. Ако занемариме еден заеднички лет на релација Белград-Загреб, кога, седејќи во опашката на авионот, разменивме неколку реченици за политиката и за улогата и важноста на Анте Марковиќ на политичката ЈУ сцена, последен пат човечки се дружевме на почетокот на деведесетите во Клубот на филмски работници. Се сеќавам дека испивме многу вотка. Имаше изразено  долга коса и брада од три недели. Онака со слабо и испиено лице, изгледаше како Христос и ми се чини дека подсвесно и се фураше на тој имиџ. Ретко кој од своите млади пријатели го пуштав да води главен збор во друштвото, но со него не беше можно да се натпреваруваш. Тој веднаш преземаше збор, без оглед кој седеше на масата. И како и уште еден мој пријател, чие име нема да го спомнувам заедно со Џони, бидејќи не се разделија баш пријателски, од се’ се разбираше најдобро - од политиката, од музика, од храна, од вотка и вино, од жени... Го пуштав таа вечер во Клубот на филмски работници да се прави важен, повеќе од она што заслужи, и заради неговата убава девојка која зборуваше на некој странски јазик кој совршено и прилегаше. Таа беше добар избор за овој наш харизматичен “Исус на југословенскиот рок." Од тогаш повеќе не се видовме. Знаев дека живее некаде во Холандија, во близина на Амстердам или некој друг поголем град. И дека не патува. И дека не вози ни велосипед. И дека не сака никакви контакти со никој. И дека повеќе не пее и не свира на својата гитара во јавност. И дека ја преведува “Илијада и Одисеја“ од старогрчки на хрватски ...
Сакав да му се јавам или да му напишам писмо и да го поканам на нашата тврдина Минор на Мали Бриони да направи концерт. Претпоставував дека тоа ќе го одбие, но кој знае ... Џони е непредвидлив и можеби баш ќе одлучи дека овој “одисејски“ остров е вистинско место за негово повторно видување со неговата публика во Хрватска. Бројот го добив од еден заеднички пријател Миле Рупчиќ, кој имаше многу заслуги за своевременото воскреснување на младиот и непознат студент Џони на Загре*ачката јавна сцена. Беше околу шест часот попладне по холандско време, на почетокот на 2006-та кога му се јавив на телефон. Се јави топол и убав женски глас, на оној истиот странски јазик со кој пред 16 години, една ноќ во загре*ачкиот клуб на филмски работници ја разлеваше својата раскошна женственост и грациозност.
- Ало .... Овде е Р.Ш.... би сакал да зборувам со Џони Штулиќ, молам .... - За жал тој не е дома ... има фудбалски натпревар и ќе се врати за околу два часа ... ... ве молам јавете се подоцна ...
Јас и заблагодарив и и реков дека ќе се јавам подоцна. Со жените или девојките на своите пријатели, кои не сум ги запознал добро, секогаш само официјално разговарав. Се јавив повторно за две и пол часа. Да му дадам време и за пиво после натпреварот.
- Како е, Шербеџија? - праша и не сомневајќи се дека е некој друг од онаа страна на жицата .
- Здраво Џони, победи ли? - Да. Добивме 2-0, но не знам кој к**** се случува.... тоа со мене и топката ... нешто се случува ... и не можам да разберам што е ...
- Па ти веќе не си момче - реков јас - имаш ти веќе сериозни окови на нозете ....
- Не ме заебавај, ти не знаеш ... јас сум посилен од било кога ... моето тело е како камен ... никогаш не сум бил подобар ... но нешто не разбирам .... нешто се случува и не можам да разберам што е тоа ...
Не сакав веќе да ја форсирам таа тема и не му реков дека јас своите копачки минатата година ги обесив на клин, знам дека веројатно би помислил дека разликата меѓу мене и него во фудбал е голема и јас не би можел да му докажам сум бил подобар фудбалер од него. Тоа сигурно би му го потврдиле и Мочибоб и Зајец и Паво и Куже и Ражич и Замбата и Мамут и Бенцо и Брацун и Мичо Вујаниќ и целата моја екипа со која своевремено играв фудбал.
- Туку, зошто се јавуваш? Што те мачи? Понекогаш со својата симпатична ароганција подсеќаше на Арсен, како всушност и со неговите први песни. Не сакав премногу да си играм со него "кој е посилен во моментов“.
- Не знам дали знаеш, ние веќе неколку години секое лето на Бриони... .. - Знам, нешто читав ... правите некои настапи на Бриони ... и што сакаш? - Па, би сакал да ти предложам ова лето да направиш свој концерт кај нас на Бриони ... Минатата година беше Арсен ... Беше прекрасно ... Памислевме оваа година ти да направиш концерт ...
Тишина. Нема одговор.
- Ало Џони ... ме слушаш ли? - Те слушам те слушам ...
Повторно тишина.
- Па што мислиш за тоа?
Повторно тишина.
- Ало Џони, ме слушаш? - Те слушам те слушам ...
И повторно молк.
Сега веќе знам дека врската не е прекината, бидејќи го слушам неговото дишење сосема тивко дише и го замислувам како седи на столот и ја превртува телефонската жица во рака, загледан во некоја точка на белиот ѕид на неговиот стан во Холандија ...
- ... Шербеџија - одеднаш ја прекина тишината ... - Да? - Дали ти би отишол сега, овој момент, да играш во “Лебедово езеро“ во Бољшој театар во Москва? - Што? - Реков јас низ смеа .- Па да играш балет во Бољшој театар. Во “Лебедово езеро“. Илич Чајковски. Црниот Принц...
Се насмеав. Тоа беше стариот Џони.
- И сега што треба јас да кажам? Невозможно, нели? -
Е па невозможно Шербеџија ... Тоа сакам да ти го кажам ... До ку*** невозможно...
Јас бев имав своја мајка и свој татко. И тие имаа свој стан. И свој живот. И свој град. И своја држава. Јас немам повеќе таму мајка и татко и тие немаат таму свој стан, ни свој град ни своја држава ...
Зборуваше, како секогаш, со висок тон и толку брзо што речиси пелтечеше при некои зборови. Потоа на ред дојде политиката, па јавните личности, менталитетот на луѓето, обичаите и примитивноста, театрите, универзитетите, па пак фудбалот и нерешените проблеми со топката кои во последно време го е*** па не може да разбере во што е штосот, па “Илијада и Одисеја“ и неколку цитати на кои беше особено горд, се додека не се измори од силниот говор кој со непредвидена брзина го “измитралезира“ во слушалка, и на крајот, по една длабока воздишка, речиси безгласно шепна: Впрочем, јас немам пасош!
- Па, ете добра причина - Јас се обидувам малку прагматично. - Го знаеш Душко Љуштина? - Го знам Љуштина, кој не го знае Душко Љуштина? - Е па тој сигурно може да ти помогне со формалностите за да добиеш пасош ...
Меланхолично се насмеав во себе си, како јас побратимот Љуштина спремно го нудам за помош, како тој да е семоќен и може да ги реши сите проблеми, од театарот Улис, Бандиќевата изборна тактика до пасошот на Штулиќ.
- Но Шербеџија, јас не сакам никаков и ничиј пасош, и не сакам да патувам никаде ... и ништо веќе не ме интересира ... особено не за таму каде што јас еднаш живеев. Тоа е за мене крај... го сфаќаш ли ти тоа човече?
Замолча.
Замолчив и јас. Молчеше и се околу нас и речиси се слушаше како нејзината мала мачка некаде во близина на некој топол холандски камин преде...
Сакав да му кажам, вака од растојание од цел еден океан и цела Северна Америка, дека и тоа како го разбирам и не само дека го разбирам туку и му се восхитувам и како понекогаш се презирам што смирувам во себе светови и како средношколски професор се обидувам да ги смирам спротивностите и да ги разберам разноличностите, и како му завидувам на тој негов избор со кој самиот тој се претвори во еден од античките трагични јунаци кои ги преведува од грчки на хрватски.
Сакав многу нешто да му кажам. Како ја разбирам неговата горчина, но мислам дека е време да се уништените брегови повторно да се изѕидаат. И дека во овој поделен свет нам ни припаѓа нашиот дел, и не само нашиот туку и нивниот, затоа што сме осудени едни на други. Сакав да му кажам дека е наша должност да пееме песни и на оние кои не не сакаат и како тоа е речиси Божјата мисија во која луѓето со добра волја ги поврзуваат световите. И дека немаме право на наша себичност и повреденост, без оглед колку и да сме во право. И уште сакав да му кажам дека младите луѓе кои никогаш не го виделе во живо ги потпевнуваат неговите песни и дека во Загреб сеуште има места и улици на кои неговите рамења совршено би се потпирале. И дека трамваите уште возат по истите патишта на Ремиз и дека Ожујското пиво е подобро од било кога. И дека Загрепчанките повторно се најубавите девојки во Европа ...
Сакав да му кажам многу ... Молчевме и понатаму. Како да таа тишина со која еден со друг се допиравме беше наша единствена реалност, единственото нешто што преостана. Ништо повеќе. Се слушаше само испрекинато зуење во телефонските жици, кои ја поврзуваа нашата заедничка занеменост.
- Добро... ... Барем се обидов - прв ја прекинав тишината.
Ајде Шербеџија, добро е што се слушнавме - рече со некој топол и помирлив тон и ме потсети на некои од нашите одамнешни загре*ачки прошетки по накиснатата Илица, по која лутавме после некои журки, собирајќи расфрлени светла кои паѓаа од светлечките излози по нашите влажни палта, додека неговата како јаглен црна влажна коса сјаеше од дождот и брилијантинот.
- Јави се понекогаш, кога ќе те донесе наваму патот...
ави тука за да ја нанесувам ...
-Ќе се јавам, сигурно ќе се јавам... кога ќе ме донесе патот...
- Чао!.
- Чао!


Раде Шербеџија


Изменето од Анастеа - 09.Октомври.2009 во 03:56
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2009 во 23:11
Имам измешани емоции за овој бенд, Азра, Азра.....гласот на Штулиќ некогаш ми е мелем, понекогаш досаден.
Нивната музика е од непроценлива вредност.
Некои песни ми се како врежани во мозочните вијуги. Како онаа Чудне навике
 
Она љуби преко воље
Верујем да није зла
Али ипак....има чудне навикецрвенеење
 
Филигрански плочници, овој албум ми е многу драгсреќа
 
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
zenmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Interceptor

Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zenmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2009 во 20:44
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 01:36

 volim kad pricas




Изменето од Andjelina - 17.Октомври.2009 во 01:37
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 02:08
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
zenmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Interceptor

Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zenmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 14:24
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 17:06
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2009 во 17:16
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Џо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Каубоец

Регистриран: 17.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Џо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2010 во 15:22
Џони е фраер...

Uzas Je Moja Furka
Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima



Кон врв
the Carpenter Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Март.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 12
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај the Carpenter Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2011 во 19:46
Џони замина и сакам да не се враќа. оти ништо не е сменето. Неговите песни (Иран на пример) се сеуште актуелни и звучат „свежо“. Ама, тоа што 90 проценти од “азрохоличарите“ го памтат по „А шта да радим?“ и „Балкан“ стварно е жално. Сигурно тој го знае тоа и најверојатно не му е баш ... Ок

Впрочем, песните ги направил за тие кои му го свртеа грбот. Кога никој не слушаше што тој воопшто зборува.
Кон врв
-Dawn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 130
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај -Dawn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2011 во 15:31




Изменето од -Dawn - 02.Јуни.2011 во 15:43
Кон врв
-Dawn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 130
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај -Dawn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2011 во 15:34
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2012 во 20:30
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
BiBi_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiBi_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2012 во 11:54


NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.