Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Забава
Име на форумот: Музика
Опис на форумот: Жанрови, спотови, групи, награди, концерти...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=15632 Датум на принтање: 25.Ноември.2024 во 08:23 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: АzraПостирано од: Анастеа
Наслов: Аzra
Датум на внесување: 19.Септември.2008 во 01:52
AZRA
Хрватска група формирана 1977 година од Бранимир Џони Штулиќ, контроверзен автор, индивидуалист и еден од најголемите музичари на екс-Ју сцената, роден 1953 година во Скопје.
Од формирањето на групата низ неа поминале повеќе големи имиња од тогашната музичка сцена. Деби албумот “Азра“ го снимаат 1980 година и се смета за едно од најјаките дебитирања во ЈУ музиката.
Албуми:
“Azra"
“Sunčana strana ulice"
"Ravno do dna"
"Filigranski pločnici"
"Singl ploče 1979. - 1982."
"Kad fazani lete"
"Krivo srastanje"
"Singlovi 1983-1985"
"It ain't Like In The Movies At All"
"Između krajnosti"
"Zadovoljština"
Џони Штулиќ - соло:
“Balkanska rapsodija"
"Balegari ne vjeruju sreci"
"Sevdah za Paulu Horvat"
"Anali"
"Blase"
Оригинални текстови од автор кој понекогаш бил исмејуван и критикуван, нарекуван себичен егоцентрик и генијалец, енергичен, непосреден, луциден, остар на јазик... со еден збор Џони Штулиќ...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Коментари: Постирано од: alan ford
Датум на внесување: 19.Септември.2008 во 11:49
ela da te gusnam anastea
AZRA...zaedno so EKV..definitivno najintelegentniot r`n`r na ovie prostori...Dzoni vrati se bar uste ednas
AZRA - Balkan
Jednog dana nema me
Da nikada ne dodjem
Prijatelje koje znam
Ne poznajem kad prodjem
Kao da me nikada na svijetu nije bilo
Kao da me njezino tijelo nije htilo
Moja pjesma miruje
A furala bi furke
Lepe dekle moderne ne padaju na zurke
Brijem bradu brkove
Da licim na pankrte
Jos da imam fendera vidio bi svirke
Ref:
Balkane balkane balkane moj
Budi mi silan i dobro mi stoj
Balkane balkane balkane moj
Budi mi silan i dobro mi stoj
Mi smo ljudi cigani
I sudbinom prokleti
Uvijek netko oko nas dodje
Pa nam prijeti
Ni bendovi nisu vise kao sto su bili
Moj se amaterski priprema da sviri
------------- I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 19.Септември.2008 во 20:04
Азраааааа... една од моите омилени групи, почнав да ги слушам со тато и се заразив...
------------- Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
Постирано од: KaLiNa
Датум на внесување: 19.Септември.2008 во 22:02
Monuska напиша:
Азраааааа... една од моите омилени групи, почнав да ги слушам со тато и се заразив...
me too
edna od najgolemite zelbi mi e da se soberat pak i da gi slusnam vo zivo...
Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 20.Септември.2008 во 02:11
И моја исто...
------------- Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
Постирано од: Рокси
Датум на внесување: 20.Септември.2008 во 02:15
Пред некое време спуштив нивни песни... со едно слушање ме “заразија“... легенди се
------------- Eternity is a mere moment.. just long enough for a joke!
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 11.Септември.2009 во 17:17
По дваесетгодишна пауза од музиката, Џони ќе објавува книги:
http://www.mmm.com.mk/?ItemID=D855311799B4E341B66415FD0AC4F712 - - Најголем проект на Џони, по Азра...
Џони, а да засвиреше пак нешто
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: Neptun74
Датум на внесување: 11.Септември.2009 во 19:05
Постирано од: Предраг
Датум на внесување: 13.Септември.2009 во 15:02
Една од мојте омилени групи.
Uzas Je Moja Furka ми е најомилена песна.
Имаат r'n'r звук,а punk текст :]
------------- http://www.userbars.be">
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 13.Септември.2009 во 15:10
http://www.youtube.com/watch?v=tE04Y6sioKY&feature=related - AZRA - volim kad pricas
музика на мојата младост....можеби затоа не можам да престанам да ги слушам
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 13.Септември.2009 во 15:11
http://www.youtube.com/watch?v=BEaiSE5aYgY - Као и јучер
Една од најдобрите и баш ми текна сега да ја слушнам
Ruke su mi bile slani pijesak, sanjao sam te Ruke su mi bile na oltaru mnogo godina Zaronjene stijene placu Svjetlost pocinje tihim mijenjanjem mojih pobuda Kao i jucer Iza zavjese Mozda na mom licu nades tragove sjecanja Mozda ne razumijes Ali volim te.
Krenuo sam u dubinu sobe s jasnom namjerom Da materijaliziram nemoguce snagom poruke Razuzdanost histriona blisko odzvanja Neka drugi broje krizeve Kao i jucer Iza zavjese Ono sto me stalno plasi zvuci poznato Mozda ne razumijes Ali volim te.
Otkud osjecaj da gubis pouzdano zalede Umjetnost te cini jacom nego sto pretpostavljas Mozda tvoja slutnja vara, mozda umisljam Htio bih da budes sretnija Kao i jucer Iza zavjese Igracu pred tobom opet ulogu pjesnika Mozda ne razumijes Ali volim te.
Gledaj kako konci aluzije prodiru u svijest Ni tjeskoba kao nijemi svjedok ne vrijedi suvise Stajao sam na peronu ljeta Gospodnjeg Moglo je biti proslo stoljece Kao i jucer Iza zavjese Zamisli da brdo slika putuje svemirom Mozda ne razumijes Ali volim te.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 13.Септември.2009 во 15:37
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 17.Септември.2009 во 14:33
Ќе се соберат за настап, ама пак без Џони...
http://www.mmm.com.mk/?ItemID=96506D0A1AB6864B813B26CF6871E4CB - - Даворин Боговиќ како Џони Штулиќ
По 25 години пауза
ритам-секцијата на оригиналната постава на култниот бенд Азра ќе
настапи во Белград. Борис Лајнер на тапани и Мишо Хрњак на бас ќе
засвират на Поздрав за Азра, настан кој на 15 октомври ќе се одржи во Домот на младите во Белград.
Поводот за обединувањето на две третини од составот е одбележувањето три децении од издавањето на синглот А шта да радим/Балкан, едно од најзначајните изданија на југословенскиот рокенрол.
Поради
тоа што Бранимир Џони Штулиќ веќе со години е неоправдано отсутен, на
концертот ќе се обиде да го замени поранешниот пејач на Прљаво
казалиште, Даворин Боговиќ - пишува во соопштението во кое се наведува
дека на бината ќе се најдат и загрепските музичари Жан Јакопач, Миљан
Бакиќ и Домагој Ворбергер.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
Постирано од: kejt-d-grejt
Датум на внесување: 02.Октомври.2009 во 00:47
Постирано од: kejt-d-grejt
Датум на внесување: 08.Октомври.2009 во 23:00
Ретко на некој фраер толку сум откачил, како на Џони Штулиќ.
Некако баш се ми се допаќаше кај него, неговите песни и
начинот на кој ги пееше, неговиот брз говор со кој тешко ги следеше уште побрзите мисли и грчевито се бореше да не му побегнат, неговата единственост во сè. Толку едноставен и толку проклето комплициран. Ја сакав таа контролирана хистерија во неговите песни, тој негов вистински загре*ачки рокенрол. Ако занемариме еден заеднички лет на релација Белград-Загреб,
кога, седејќи во опашката на авионот, разменивме неколку реченици за
политиката и за улогата и важноста на Анте Марковиќ на политичката ЈУ
сцена, последен пат човечки се дружевме на почетокот на
деведесетите во Клубот на филмски работници. Се сеќавам дека испивме многу вотка.
Имаше изразено долга коса и брада од три недели. Онака со слабо и испиено лице, изгледаше како Христос и ми се чини дека
подсвесно и се фураше на тој имиџ. Ретко кој од своите
млади пријатели го пуштав да води главен збор во друштвото, но со него не беше можно да се натпреваруваш. Тој веднаш преземаше збор, без оглед кој седеше на масата. И како и уште еден мој пријател, чие име нема да го спомнувам заедно со Џони, бидејќи не се разделија баш пријателски, од се’ се разбираше најдобро - од политиката, од музика, од храна, од вотка и вино, од жени... Го пуштав таа вечер во Клубот на филмски работници да се прави
важен, повеќе од она што заслужи, и заради неговата убава
девојка која зборуваше на некој странски јазик кој совршено и прилегаше. Таа беше добар избор за овој наш харизматичен “Исус на
југословенскиот рок." Од тогаш повеќе не се видовме. Знаев дека живее
некаде во Холандија, во близина на Амстердам или некој друг поголем
град. И дека не патува. И дека не вози ни велосипед. И дека не сака никакви контакти со никој. И дека повеќе не пее и не свира на својата гитара
во јавност. И дека ја преведува “Илијада и Одисеја“ од старогрчки на хрватски ...
Сакав да му се јавам или да му напишам писмо и да го поканам на нашата
тврдина Минор на Мали Бриони да направи концерт. Претпоставував дека
тоа ќе го одбие, но кој знае ... Џони е непредвидлив и можеби баш ќе
одлучи дека овој “одисејски“ остров е вистинско место за негово повторно видување со неговата публика во Хрватска. Бројот го добив од еден заеднички
пријател Миле Рупчиќ, кој имаше многу заслуги за своевременото воскреснување на
младиот и непознат студент Џони на Загре*ачката јавна сцена. Беше околу
шест часот попладне по холандско време, на почетокот на 2006-та кога му
се јавив на телефон. Се јави топол и убав женски глас, на оној истиот
странски јазик со кој пред 16 години, една ноќ во загре*ачкиот клуб на филмски
работници ја разлеваше својата раскошна женственост и грациозност. - Ало .... Овде е Р.Ш.... би сакал да зборувам со Џони Штулиќ, молам .... - За жал тој не е дома ... има фудбалски натпревар и ќе се врати за околу два часа ... ... ве молам јавете се подоцна
... Јас и заблагодарив и и реков дека ќе се јавам подоцна. Со жените или
девојките на своите пријатели, кои не сум ги запознал добро, секогаш само
официјално разговарав. Се јавив повторно за две и пол часа. Да му дадам
време и за пиво после натпреварот. - Како е, Шербеџија? - праша и не сомневајќи се
дека е некој друг од онаа страна на жицата . - Здраво Џони, победи ли? - Да. Добивме
2-0, но не знам кој к**** се случува.... тоа со мене и топката
... нешто се случува ... и не можам да разберам што е ... - Па ти веќе не
си момче - реков јас - имаш ти веќе сериозни окови на нозете
.... - Не ме заебавај, ти не знаеш ... јас сум посилен од било кога ...
моето тело е како камен ... никогаш не сум бил подобар ... но нешто не разбирам .... нешто се случува и не можам да разберам што е тоа ... Не сакав веќе да ја форсирам таа тема и не му реков дека јас своите копачки минатата година ги обесив на клин, знам дека веројатно би помислил дека разликата меѓу мене и него во фудбал е голема и јас не би можел да му докажам сум бил подобар фудбалер од него. Тоа сигурно би му го потврдиле и Мочибоб и Зајец и Паво и Куже и Ражич и Замбата и Мамут и Бенцо и Брацун и Мичо Вујаниќ и целата моја екипа со која своевремено играв фудбал. - Туку, зошто се јавуваш? Што те мачи? Понекогаш со својата симпатична
ароганција подсеќаше на Арсен, како всушност и со неговите први песни. Не сакав премногу да си играм со него "кој е посилен во моментов“. - Не знам дали знаеш, ние веќе неколку години секое лето на
Бриони... .. - Знам, нешто читав ... правите некои настапи на Бриони ...
и што сакаш? - Па, би сакал да ти предложам ова лето да направиш свој концерт кај нас на Бриони ... Минатата година беше Арсен ... Беше прекрасно ... Памислевме оваа година ти да направиш концерт
... Тишина. Нема одговор.
- Ало Џони ... ме слушаш ли? - Те слушам те слушам ...
Повторно тишина.
- Па што мислиш за тоа?
Повторно тишина.
- Ало Џони, ме слушаш? - Те слушам те слушам ...
И повторно молк.
Сега веќе знам дека врската не е прекината, бидејќи го слушам неговото дишење
сосема тивко дише и го замислувам како седи на столот и ја превртува телефонската
жица во рака, загледан во некоја точка на белиот ѕид на неговиот
стан во Холандија ... - ... Шербеџија - одеднаш ја прекина тишината ... - Да? - Дали
ти би отишол сега, овој момент, да играш во “Лебедово езеро“ во Бољшој театар во Москва? - Што? - Реков јас низ смеа .- Па да играш балет во Бољшој театар. Во “Лебедово езеро“. Илич Чајковски.
Црниот Принц... Се насмеав. Тоа беше стариот Џони.
- И сега што треба јас да кажам? Невозможно, нели? - Е па невозможно Шербеџија ... Тоа сакам да ти го кажам ... До ку*** невозможно... Јас бев имав своја мајка и свој татко. И тие имаа
свој стан. И свој живот. И свој град. И своја држава. Јас немам
повеќе таму мајка и татко и тие немаат таму свој стан, ни свој град ни своја држава ... Зборуваше, како секогаш, со висок тон и толку брзо што
речиси пелтечеше при некои зборови. Потоа на ред дојде политиката, па јавните личности, менталитетот на луѓето, обичаите и примитивноста, театрите, универзитетите, па пак фудбалот и нерешените
проблеми со топката кои во последно време го е*** па не може да разбере во што е штосот, па “Илијада и Одисеја“ и неколку
цитати на кои беше особено горд, се додека не се измори од силниот говор
кој со непредвидена брзина го “измитралезира“ во слушалка, и на крајот, по
една длабока воздишка, речиси безгласно шепна: Впрочем, јас немам
пасош! - Па, ете добра причина - Јас се обидувам малку прагматично.
- Го знаеш Душко Љуштина? - Го знам Љуштина, кој не го знае Душко Љуштина? -
Е па тој сигурно може да ти помогне со формалностите за да добиеш
пасош ... Меланхолично се насмеав во себе си, како јас побратимот Љуштина спремно го нудам за помош, како тој да е семоќен и може да ги
реши сите проблеми, од театарот Улис, Бандиќевата изборна тактика до пасошот на Штулиќ. - Но Шербеџија, јас не сакам никаков и ничиј пасош, и не сакам да
патувам никаде ... и ништо веќе не ме интересира ... особено не
за таму каде што јас еднаш живеев. Тоа е за мене крај... го сфаќаш ли ти тоа човече? Замолча. Замолчив и јас. Молчеше и се околу нас и речиси се слушаше како нејзината мала мачка некаде во близина на
некој топол холандски камин преде... Сакав да му кажам, вака од растојание од цел еден океан и
цела Северна Америка, дека и тоа како го разбирам и не само дека го разбирам туку и му се восхитувам и како понекогаш се презирам што смирувам во себе
светови и како средношколски професор се обидувам да ги смирам спротивностите и да ги разберам разноличностите, и како му завидувам на тој негов избор со кој самиот тој се претвори во еден од
античките трагични јунаци кои ги преведува од грчки на хрватски. Сакав многу нешто да му кажам. Како ја разбирам неговата
горчина, но мислам дека е време да се уништените брегови повторно да се изѕидаат. И дека во
овој поделен свет нам ни припаѓа нашиот дел, и не само нашиот туку
и нивниот, затоа што сме осудени едни на други. Сакав да му кажам дека е наша
должност да пееме песни и на оние кои не не сакаат и како тоа е речиси
Божјата мисија во која луѓето со добра волја ги поврзуваат световите. И дека немаме право на наша себичност и повреденост, без оглед колку и да сме во право. И уште сакав да му кажам дека младите луѓе кои никогаш не го виделе во живо ги потпевнуваат неговите песни и дека во Загреб сеуште има места и улици на кои неговите рамења совршено би се потпирале. И дека трамваите уште возат по истите патишта на Ремиз и дека Ожујското пиво е подобро од било
кога. И дека Загрепчанките повторно се најубавите девојки во Европа ... Сакав да му кажам многу ... Молчевме и понатаму. Како да таа тишина со која еден со друг се допиравме беше наша единствена реалност,
единственото нешто што преостана. Ништо повеќе. Се слушаше само испрекинато зуење во телефонските жици, кои ја поврзуваа нашата
заедничка занеменост. - Добро... ... Барем се обидов - прв ја прекинав тишината. Ајде Шербеџија, добро е што се слушнавме - рече со некој топол и помирлив тон и ме потсети на некои од нашите одамнешни загре*ачки прошетки по накиснатата Илица, по која лутавме после некои журки, собирајќи расфрлени светла кои паѓаа од светлечките излози по нашите влажни палта, додека
неговата како јаглен црна влажна коса сјаеше од дождот и брилијантинот. - Јави се понекогаш, кога ќе те донесе наваму патот... ави тука за да ја нанесувам ...
-Ќе се јавам, сигурно ќе се јавам... кога ќе ме донесе патот...
- Чао!. - Чао!
Раде Шербеџија
------------- се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 08.Октомври.2009 во 23:11
Имам измешани емоции за овој бенд, Азра, Азра.....гласот на Штулиќ некогаш ми е мелем, понекогаш досаден.
Нивната музика е од непроценлива вредност.
Некои песни ми се како врежани во мозочните вијуги. Како онаа Чудне навике
Она љуби преко воље
Верујем да није зла
Али ипак....има чудне навике
Филигрански плочници, овој албум ми е многу драг
------------- Beauty fades, dumb is forever
Постирано од: zenmaster
Датум на внесување: 15.Октомври.2009 во 20:44
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 11.Јули.2010 во 15:22
Џони е фраер...
http://www.youtube.com/watch?v=Wuq9YI_9P6U - Uzas Je Moja Furka
-------------
Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
Постирано од: the Carpenter
Датум на внесување: 26.Март.2011 во 19:46
Џони замина и сакам да не се враќа. оти ништо не е сменето. Неговите песни (Иран на пример) се сеуште актуелни и звучат „свежо“. Ама, тоа што 90 проценти од “азрохоличарите“ го памтат по „А шта да радим?“ и „Балкан“ стварно е жално. Сигурно тој го знае тоа и најверојатно не му е баш ... Ок
Впрочем, песните ги направил за тие кои му го свртеа грбот. Кога никој не слушаше што тој воопшто зборува.
-------------
Постирано од: -Dawn
Датум на внесување: 02.Јуни.2011 во 15:31
Постирано од: -Dawn
Датум на внесување: 02.Јуни.2011 во 15:34