![]() |
|
Судентски протести |
Внеси реплика ![]() |
страница 12> |
Автор | |
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 23.Мај.2009 во 11:13 |
Се почести се обиди за подигање на студенстскиот глас, бледи, етикетирани како партиски, политички обоени, но сепак протести. Протестираа за укинување на студентското радио, за место положбата на црквата на плоштадот, против укинување на Веронаука во основното и средното образование и з апрв пат против наплаѓање партиципација и нејаснотии околу наплаќање и нејасна распределба на студентскиот денар. Читајки го написот во Вест искрено ме радува една ваква иницијатива од нашите студенти. Секогаш ги критикуваме за пасивност а сега кога се организираа место да биде масовно и место да се подржат во нивните обиди се погласни с еобидите да им се даде партиска конотација. СТУДЕНТИТЕ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ПАРТИЦИПАЦИЈАТА Плаќаме Интернет, а го има само на два компјутера Ректорот Велимир Стојковски најави дека од следната студентска година ќе се разграничи колку ќе се плаќа за партиципација, а колку за останатите услуги кои ќе се плаќаат по избор на студентите
|
|
![]() |
|
sanja-a ![]() Сениор ![]() ![]() Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
...i spisanija sto ne gi dobivame,tetratki za pisuvanje za na kolokvium,koristenje na laboratorija(4 casa),osteti vo laboratorii (a nema osteti)....
Redno e da se vidi za sto se davaat parite sekoj semestar i koja e korista od sumite sto gi plakame Изменето од sanja-a - 23.Мај.2009 во 23:08 |
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
![]() |
|
polzavce ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Студентите се спремаат за протести....Ќе ве информирам дополнително...
|
|
МИР со сите
|
|
![]() |
|
polzavce ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Во вторник на 20-ти октомври ќе бидат протестите на студентите во 13 часот пред Владата на РМ.....
се протестира за многу работи.... ваучерите, стипендиите за постдипломците, подобри услови во студентските домови, укинување на партиципацијата за државната квота, промени во законот за студентско организирање, ...... уште многу, многу работи... |
|
МИР со сите
|
|
![]() |
|
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
А во чија организација се протестите? Оти знаеме дека и студентската младина кај нас е поделена по партиска основа. Наместо да биде движечка сила во општеството и, тие летаат по паметот на другите!
![]() |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
![]() |
|
Zajcef ![]() Сениор ![]() ![]() TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сигурно некоја партија ги има подбуцнато-нашите студенти не се бунат за ништо-добро им е.Освен кога ќе им земат 200 евра-тогаш инстинктивно реагираат ![]() |
|
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
|
![]() |
|
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Definitivnioi kaj nas studentski protesti za podobruvanje na studentskiot standard. Sme imale nie protesti, te za ova, te za ona ama nekako mlako, bezlicno. Sega izleguvaat so konkretni baranja koi se bajagi gorlivi i realni. Studentite reagiraat i za neednakvite ceni koi fakultetite so svojata avtonomija premnogu naplakjaat za sekoja sitnica po svoi cenovnici. Na nekoi faklteti na primer se naplaka nekade do 10 evra (500-600 denari) duri i potvrdata za polozeni ispiti koja na studentite im e potrebna za konk*riranje za stipendii/krediti.Ako e vistina naplakjanjevo nejasno e na koja osnova e formirana cenata? Nelogicno e toa da se naplaka koga vo osnovnite i srednite ucilishta sekoja izdadena potvrda e besplatna.
Студентски протест „Доста беше молк!“ Изменето од mamamd - 19.Октомври.2009 во 15:51 |
|
![]() |
|
polzavce ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
не, не и не....
Јас сум една од организаторите на протестов......Никаква партија, никакво политичко влијание не е вклучено..... Сепак ова не значи дека нема да се обиде некој да го злоупотреби протестот за сопствени политички или некакви други цели..... Ние пред време се оградивме од било каква политичка вмешаност, оти превземаме превентивни мерки против злоупотреба на ова случување во политичка смисла, но сме немоќни сосема да ги избегнеме ваквите ризици..... Жалосно е што при вакви движења кои се обид да се смени нешто (ама вистински да се смени), веднаш се помислува на политичка вклученост, задни политички намери, политичко профитирање итн.... Но не сме ние за обвинување што така мислиме...искуството така не научило....за жал..... |
|
МИР со сите
|
|
![]() |
|
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не се разликуваат многу од ’’регуларните партиски избори’’ овие наши студентски избори
![]() ВИДЕО: Инцидент на студентските избори |
|
![]() |
|
polzavce ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Медиумиве се опасно средство за манипулација....СРАМОТА за македонските медиуми...
Сликата што ја прикажаа со дечкото што доси знаме на СДСМ сосема погрешно го отсликува протестот.... Дечкото на сликата беше редар на протестот. Редарот е еден од студентите и беше задолжен (заедно со другите редари) да обезбедуваат ред и мир за време на протестот. Од нигде никаде се појави некој тип, извади знаме на СДСМ, редарот го фати дечкото со знамето, му го зема и на мегафонот кажа што точно се случило паралелно оградувајќи се од тој настан на лице место. Сликата што сте ја виделе на вести е сликата на редарот кој го собира одземаното знаме......Сето тоа камерите го снимаа, сликаа Тв екипите итн.....Но медиумите сета работа ја напумпаа, извртеа, преувеличија сакајќи ексклузивитет.... Никој не разговара за тоа што бараа студентите...Сите разговараат кој ги поттикнал на протест!!! СРАМОТА Изменето од mamamd - 23.Октомври.2009 во 08:37 |
|
МИР со сите
|
|
![]() |
|
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Полжавче, кога веќе и самата кажа дека си една од организаторите и кога овде кажуваш дека нема никакви партиски притисоци и дека си огорчена од медиумите за нивниот селективен приказ, ти честитам. Воедно би ти дал еден совет. Не се разочарувај од првиот ефект на овој собир. Собери ги твоите колеги и разговарајте, размислувајте за втор протест, за трет ... Не прекинувајте, не подлегнувајте под влијание на медиуми, политиканти, трачари ... Ако останете само на ова, кај обичниот човек навистина ќе се стекне впечаток на вистинитост на информациите од медиумите. Но, ако за кратко време организирате друг протест (гледајте да биде помасовен) мислам дека ќе има ефект, а и народот ќе сфати. Посебно ако на тие протести има студенти од повеќе партии, за да не се оквалификува како партиски. Малку повеќе удрете на „маркетинг“ меѓу студентите. Да се запознаат зошто се „буните“! Не дека тие не знаат, но ете кај нас секој треба да биде „подбуцнат“ за да излезе од инертната состојба. Исто така, имајте своја „информативна агенција“ кој ќе снима се, за да имате вие ваш снимен материјал, ваша архива, за да не се најде некој кој со сопствената приказна ќе сака да ве дискредитира. Размислете малку за ова што ви го реков.
![]() Р.Ѕ. Само, немојте да заборавите на учењето! ![]() ![]() |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
![]() |
|
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Негде многу порано имамкажано дека и Тито се има повлечено пред студентските протести и се потрудил да ги придобие на своја страна (не да ги подели, не да ги ситни).
Барањата кои се концепирани се рални и за нив и не треба да се протестира, тие треба да ги имаат студентите. Лично не се сеќавам кој беше наш студентски лидер кога јас студирав (Златниче памтиш ли ти кој беше кај вас ![]() ![]() Лично сметам- следејки ги ги работите во образованието воопшто дека во Македонијаод осамостојувањето до сега се сменија многу студентски
лидери, а проблемите на студентите останаа исти. Се чудат зошто има студентски протести токму во време кога течат студентските избори?!Ги гледав некна на 21
октомври кандидатите (како и сите нивни претходници)
ветуваа дека студентите нема повеќе да спијат на провев во студентските
соби, ветуваа дека ќе имаат топла вода за да се искапат, ветуваа дека
ќе имале поквалитетна храна во студентските мензи И ко што рече Златник, ако сакат студентите да бидат сериозно сфатени, прво треба да се консолидираат, да се заедно во своите барања. Некако ми е несфатливо студентски лидер од Скопје кој после предавања си оди домче во топла соба со парно да може да с еизбори за доброто на студентот од студентскиот дом Додека не легне на оние издупени, извалкани душеци, додека не му навлезе мирисот на мувлата од влагата на студентските бараки во Стив Наумов не може да знае што се студентски проблеми? А медиумите, па и тие ни се поделени. Заборавија кога беа студенти, со кој жар зборуваа за подобрување на условите за студирање. Изменето од mamamd - 23.Октомври.2009 во 08:54 |
|
![]() |
|
AcaRank. ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 17.Октомври.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 91 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сигурно си имаатмака штом се одлучиле на таков чекор.
|
|
Toa shto ne se postigna vo 1966 da go npravime sega....
|
|
![]() |
|
polzavce ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
мака...и тоа голема мака...
Ве подлажнуваат со ваучери две години. Се фалат насекаде колку студентите се помогнати, поткрепени..колку водат сметка за студентската популација...и оп доаѓаш ти на ред за ваучер, па ти викаат....ааааа..НЕ...рецесија е....нема за тебе ваучер.... Истовремено на сестра ти и викаат НЕМА за тебе стипендија ако си постдипломец со просек 9.5.....рецесија е.... Поднесуваш документи за во студентски дом и те одбиваат оти не си ги задоволувал критериумите (годината ти е чиста на време, сите испити положени, просек одличен, место на живеење оддалечено доста од градот во кој студираш итн......ама џабе......вистинскиот критериум не го задоволуваш....немаш партиска книшка) Не ти даваат стипендија, не те примаат во студентски дом и што ќе правиш???? како да платиш стан под кирија во Скопје?????....Ништо..бркаш врски, протекции, луѓе што го познаваат Самуил (претседателот на СПУКМ) лично......тие луѓе ти завршуваат работа (со судни маки) и им се чувствуваш должен цел живот... Таман мислиш си ги решил проблемите, се вселуваш во студентскиот дом, а таму нема топла вода...јадењето има вкус на буба шваба, креветот има душек до пола, бравата на вратата од собата е обиена и нема клуч (секој може да влезе и немаш никаква приватност), читалната има искршени масички, неудобни столчиња.....ти се качува притисокот ама ќутиш....оти ако ѕуцнеш...отиде јабана.....ќе те избркаат од студентскиот дом (каков таков), ќе ти го земат леглото.....што ќе правиш после?????? Како ќе ги слушаш родителите стечајци да ти „дрндаат„ по цели денови дека од твојата „храброст“ и неспособност да молчиш, трпиш и да ја голтнеш гордоста си ја упропастил иднината и треба да се отпишеш од факултет оти не можат да ти плаќаат стан и храна???????? Вака од прилика изгледа студентскиот живот на еден просечен студент од провинција кој дошол да студира во главниот град или некој од поголемите градови во Македонија..... Кога ваков ќе ви биде животот ќе ве прашам дали ќе чекате некој да ве организира, да ве поттикне на протест, да ве подбуцне, да ви соли памет....или самите ќе се организирате, ќе се сплотите во маките, ќе се здружите и заедно ќе речете ...ДОСТА НИ Е.....сакаме да не третираат како студенти.... |
|
МИР со сите
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |