IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Мајка Тереза
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мајка Тереза

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Мајка Тереза
    Испратена: 13.Октомври.2009 во 00:33

Минатата сабота листав низ книгата на познатиот пакистански фотограф Рагху Раи, која му беше посветена на Мајка Тереза (Агнес Бојаџиу) и не успеав да ги зачувам очите да ми останат суви!

Мислам дека е редно да се отвори тема за еден од најблагородните луѓе на минатото столетие, а кој е роден на македонска земја!

Што мислите вие?











„Која е Мојата мајка и кои се Моите браќа?”(Мат. 12:48)





Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2009 во 11:55
Браво за темава, нема да веруваш, ама деновиве ми се моткаше во глава отварањето тема посветена на мајка Тереза.

Најголем Христов следбеник и апостол на модерното време во вистинска смисла на зборот, таа навистина остави се и тргна да му служи на Бог служејќи им на другите на најпокорен начин. Опкружена со најсиромаси и најболни, лепрозни, таа не се штедеше себеси.

Безрезервно го послушала Христовиот повик и од млада се одрекла од световните наслади, за да биде со оние на кои најмногу им треба Божјата помош, што повеќе да се каже за оваа жена, утеха за сиромашните и бедните, светилка за најболните?


Изменето од maria_magdalena - 13.Октомври.2009 во 11:56
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2009 во 16:49
Ти верувам Марија! Уште одамна ми лежеше на срце оваа тема, оваа жена која успева да ме додирне во срце и после нејзината смрт и после објавувањето на нејзините тајни писма во кои се опишани нејзините сомневања.

Незнам дали би можел само една година да живеам во такви услови како што живееше таа! Секој ден, секој месец, секоја година од нејзиниот живот, опколена со најсиромашните од сиромашните, опколена со најболните од болните.

Алал да и е верата!




Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2009 во 20:14
Ќе соопштам едно сосема поинакво гледање...

Не е се така сјајно и свето околу Мајка Тереза како што многумина мислат благодарејќи на медиумската шминка која речиси секогаш ја претставуваа во розова светлина под наметката „христијански„. Генерално медиумите ги слават оние кои му служат на овој свет - тоа кажува многу.

Таа е доста контроверзна личност која се криеше зад маската на помагање на сиромашните а всушност беше инструмент на римо-католичкиот фундаментализам.

Во нејзините болници сиромашните можеа само да вегетираат чекајќи ја својата телесна смрт, бидејќи по нејзини инструкции болницата одбиваше прифаќање на материјална помош која значително би ги подобриле хигиенските и други услови во самата болница.
Кога во една прилика болницата доби голема донација во форма на нов намештај и модерни медицински инструменти таа со стап испокрши се бидејќи тоа го нарушуваше нејзиниот „идеал„ за сиромаштија - дека со тоа им скрати вистинска здравствена помош на оние во неволја тоа не и значеше ништо, оти чемерот и јадот за нејзе беа свети нешта. Инаку таа самата се лекуваше во луксузна болница во Калифорнија, не во сопствените.

Нејзината намера не беше да им помага на луѓето. 1981 година на една конференција за печатот прашана: „Дали ги учите сиромашните да ја трпат својата немаштија?„ таа одговори „Сметам дека е прекрасно за сиромашните да ја прифатат својата состојба, споделувајќи го со Христовото страдање. Сметам дека на светот многу му се помага низ страдањето на сиромашните луѓе.„(!)

Таа го подржуваше постоењето на сиромаштијата со цел потпомагање на своите фондови. (ако се искорени сиромаштијата ќе нема потреба од хуманитарци, автоматски признанието и финансиите ќе пресушат).



Изменето од Majkl - 13.Октомври.2009 во 20:17
Кон врв
al_islamia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај al_islamia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2009 во 22:01
a dali zasluzuva da e se dava titula svetica, ona bila dobra licnost pomagala na siromasni , zarem sekoja licnost koj e podobar ili na pogorna linija od drugite treba da se narekuva svetec,.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2009 во 22:01
Majkl, зар некој ќе напушти семејство и се што има, и во рана младост да се приклучи на една ваква мисија ако немала искрена намера да им служи на луѓето, односно на Бог?

Можеби и подоцна тоа го злоупотребил некој, не сум упатена, но искрено не верувам во тоа.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Момче Македонче Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Август.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Момче Македонче Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2009 во 22:25
Немала многу, многу... за да напушти се. Биле сиромашни, а татко и починал кога имала осум години. Туку прашањето ми е, дали Албанците носат име Никола?
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2009 во 22:31
Originally posted by Момче Македонче Момче Македонче напиша:

Немала многу, многу... за да напушти се. Биле сиромашни, а татко и починал кога имала осум години. Туку прашањето ми е, дали Албанците носат име Никола?


Не мислев на материјалното богатство, но зар сестрите, мајка и не биле се што имала?
Зар не ги сакала? Зар и било лесно да не ги види цел живот? Таа не добила ништо материјално за возврат, сигурно дека не ни очекувала...
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Момче Македонче Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Август.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Момче Македонче Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2009 во 22:37
И кога некој ќе се замонаши не значи дека престанува да ги сака своите. Дали имала материјална корист си знаела таа самата, но замонашувањето исто така значи безбедност, обезбедување преживеалиште, храна и слични ствари. Нема безгрешен човек на планетава, па сигурно и таа имала грешки во својот живот. Ако е вистина тоа што го напишал Мајкл, нејзините грешки биле од тие непростливите. И уште еднаш ќе прашам, дали е својствено албанците да имаат име Никола, ај нека каже некој од поупатените
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2009 во 23:50
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Majkl, зар некој ќе напушти семејство и се што има, и во рана младост да се приклучи на една ваква мисија ако немала искрена намера да им служи на луѓето, односно на Бог?Можеби и подоцна тоа го злоупотребил некој, не сум упатена, но искрено не верувам во тоа.
Се работи за следното: тоа се одвива под закрила на една финансијски но и политички моќна религиозна институција: римо-католичката црква. Наместо Мајка Тереза да се заложи кај папата црквата да го инвестира своето богатство на пр. отворајќи работни места за сиромашните, заговарајќи фер меѓународна трговија(користејќи го својот висок углед кај политичарите но и акциите на берзите кои ги има таа црква) таа бараше донатори од трети, некогаш при тоа учествувајќи во сомнителни трансакции на криминалци и државни диктатори. На пр. редовно ги прифаќаше донациите од семејството на корумпираниот диктатор на Хаити, Папа-Док(Франсоа Дивалие) и повеќепати јавно го славеше и фалеше за тоа. Не е проблемот што од некого се добила донација само по себе, но ако се знае што прави и како доаѓа до парите некој(со туѓа пот и дури крв) зошто да не се опомене на преобраќање и зошто да се збори уште пофално за нив во јавноста?

Понатака Мајка Тереза ги одговарала сестрите да одат на соодветна медицинска обука за да се справат правилно со болестите и заразите со кои се соочуваа бидејќи според нејзиното убедување Бог ги ополномоштува и им дава од својата сила само на неуките и слабите.

За ова може повеќе да се прочита во книгата на Colette Livermore, поранешна сестра во Мисијата на Милосрдието, каде таа ги опишува причините поради кои го напуштила редот. Книгата носи наслов „Надежта Истрајува: Напуштањето на Мајка Тереза, губењето верба и потрага по смисолот„


Originally posted by Момче Македонче Момче Македонче напиша:

Дали имала материјална корист си знаела таа самата, но замонашувањето исто така значи безбедност, обезбедување преживеалиште, храна и слични ствари. Нема безгрешен човек на планетава, па сигурно и таа имала грешки во својот живот. Ако е вистина тоа што го напишал Мајкл, нејзините грешки биле од тие непростливите. И уште еднаш ќе прашам, дали е својствено албанците да имаат име Никола, ај нека каже некој од поупатените
Не велам дека таа живеела во луксуз, проблемот е како средствата биле распределувани и што беше од сето тоа конечниот резултат. Дали целта беше искоренување на сиромаштијата или нешто друго?
Originally posted by Момче Македонче Момче Македонче напиша:

И уште еднаш ќе прашам, дали е својствено албанците да имаат име Никола, ај нека каже некој од поупатените
Да, својствено е. На пр. Никола Карапици со Ана Тома и Љумније Радовицка се автори на сјајниот учебник по албански јазик GJUHA LETRAR SHQIP(Ѓуха љетрар шќип)издаден во Тирана, а кој никако не можам да го најдам тука.

Не сите албанци имаат арапски имиња(Мехмет, Азиз, Ирфан и тн..), особено не оние кои се католици и православни(претежно живеат во јужна Албанија).

Изменето од Majkl - 13.Октомври.2009 во 23:54
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2009 во 23:54
Originally posted by Момче Македонче Момче Македонче напиша:

... Туку прашањето ми е, дали Албанците носат име Никола?


Да!



Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Ќе соопштам едно сосема поинакво гледање...

...



Во книгата што во првиот уводен пост ја споменав, пакинстанско/индинскиот профи фотограф Рагху Раи сведочи за една случка со еден швајцарски банкар кој дошол кај мајка Тереза во индија да и понуди финансиска помош. Во неговиот глас - вели тој - се слушаше една извесна арогантност која ме повредуваше, но кога дојде мајка Тереза потполно ме ослободи од таа повреда. Таа стрпливо го сослушала швајцарецот и му рече: сигурно и во вашата земја има луѓе на кои им треба помош и кров над главата. Зошто со вашите пари не направите таму нешто? Јас добивам доволно пари од луѓето тука во индија, со кои можам да се грижам за сиромашните во мојата земја!

Откако ја слушнав и видов оваа сцена, се почуствував - како никогаш дотогаш - горд што сум индиец, вели Рагху Раи!      


Изменето од spiros - 13.Октомври.2009 во 23:56
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
MAKEDON-FILIP Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Декември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 731
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MAKEDON-FILIP Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2009 во 00:17
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Majkl, зар некој ќе напушти семејство и се што има, и во рана младост да се приклучи на една ваква мисија ако немала искрена намера да им служи на луѓето, односно на Бог?Можеби и подоцна тоа го злоупотребил некој, не сум упатена, но искрено не верувам во тоа.




Зарем некој ке го напушти своето семејство (хм , мислиш ли на она кое што она го немаше , маж , деца.) Вистинска светица е онаа која во вакви времиња се осудила да роди и чува деца како многумина кои ги знам.

И види богати па таа во рана младост заминала во легачка мисија со туѓи пари милостина да дели , е кога ке ги заработи и тогаш ке ги дава за милостина тогаш ке кажам дека имала божја мисија.
Кон врв
MAKEDON-FILIP Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Декември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 731
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MAKEDON-FILIP Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2009 во 00:20
Originally posted by Момче Македонче Момче Македонче напиша:

И кога некој ќе се замонаши не значи дека престанува да ги сака своите. Дали имала материјална корист си знаела таа самата, но замонашувањето исто така значи безбедност, обезбедување преживеалиште, храна и слични ствари. Нема безгрешен човек на планетава, па сигурно и таа имала грешки во својот живот. Ако е вистина тоа што го напишал Мајкл, нејзините грешки биле од тие непростливите. И уште еднаш ќе прашам, дали е својствено албанците да имаат име Никола, ај нека каже некој од поупатените



Па Никола како никола не но како и многу други имаиња можеби имаат некоја нивна верзија. Па и они се голем дел од нив католици така да....
Кон врв
Момче Македонче Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Август.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Момче Македонче Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2009 во 00:20
Да, својствено е. На пр. Никола Карапици со Ана Тома и Љумније Радовицка се автори на сјајниот учебник по албански јазик GJUHA LETRAR SHQIP(Ѓуха љетрар шќип)издаден во Тирана, а кој никако не можам да го најдам тука.

Не знам, јас никаде во Албанија не можам да сретнам некој кој се вика Никола, ама баш Nikola, не поинаку. А овој Карапици, да не се вика Зана? По она што го најдов најверојатно е женско со име Zana Karapici, бар по името на книгата што ми ја даде. http://www.amazon.co.uk/Gjuha-shqipe-Lumni-Radovicka/dp/B0018WKIXS

Прашувам за името затоа што татко и се викал Никола... никаде не сум сретнал албанец со такво име, па макар и да е католик.

Инаку за мајка Тереза, што знам, секогаш ми изгледала како таинствена, мистична, како нешто да крие, мрачен поглед, баш ме интересира таа книгата што ја напишала сестрата, па да видам што и како се дешавало, хехе :)
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.