Мајка Тереза
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20381
Датум на принтање: 26.Ноември.2024 во 03:57 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Мајка Тереза
Постирано од: spiros
Наслов: Мајка Тереза
Датум на внесување: 13.Октомври.2009 во 00:33
Минатата сабота листав низ книгата на познатиот пакистански фотограф Рагху Раи, која му беше посветена на Мајка Тереза (Агнес Бојаџиу) и не успеав да ги зачувам очите да ми останат суви!
Мислам дека е редно да се отвори тема за еден од најблагородните луѓе на минатото столетие, а кој е роден на македонска земја!
Што мислите вие?
„Која е Мојата мајка и кои се Моите браќа?”(Мат. 12:48)
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Коментари:
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 13.Октомври.2009 во 11:55
Браво за темава, нема да веруваш, ама деновиве ми се моткаше во глава отварањето тема посветена на мајка Тереза.
Најголем Христов следбеник и апостол на модерното време во вистинска смисла на зборот, таа навистина остави се и тргна да му служи на Бог служејќи им на другите на најпокорен начин. Опкружена со најсиромаси и најболни, лепрозни, таа не се штедеше себеси.
Безрезервно го послушала Христовиот повик и од млада се одрекла од световните наслади, за да биде со оние на кои најмногу им треба Божјата помош, што повеќе да се каже за оваа жена, утеха за сиромашните и бедните, светилка за најболните?
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 13.Октомври.2009 во 16:49
Ти верувам Марија! Уште одамна ми лежеше на срце оваа тема, оваа жена која успева да ме додирне во срце и после нејзината смрт и после објавувањето на нејзините тајни писма во кои се опишани нејзините сомневања.
Незнам дали би можел само една година да живеам во такви услови како што живееше таа! Секој ден, секој месец, секоја година од нејзиниот живот, опколена со најсиромашните од сиромашните, опколена со најболните од болните.
Алал да и е верата!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 13.Октомври.2009 во 20:14
Ќе соопштам едно сосема поинакво гледање...
Не е се така сјајно и свето околу Мајка Тереза како што многумина мислат благодарејќи на медиумската шминка која речиси секогаш ја претставуваа во розова светлина под наметката „христијански„. Генерално медиумите ги слават оние кои му служат на овој свет - тоа кажува многу.
Таа е доста контроверзна личност која се криеше зад маската на помагање на сиромашните а всушност беше инструмент на римо-католичкиот фундаментализам.
Во нејзините болници сиромашните можеа само да вегетираат чекајќи ја својата телесна смрт, бидејќи по нејзини инструкции болницата одбиваше прифаќање на материјална помош која значително би ги подобриле хигиенските и други услови во самата болница.
Кога во една прилика болницата доби голема донација во форма на нов намештај и модерни медицински инструменти таа со стап испокрши се бидејќи тоа го нарушуваше нејзиниот „идеал„ за сиромаштија - дека со тоа им скрати вистинска здравствена помош на оние во неволја тоа не и значеше ништо, оти чемерот и јадот за нејзе беа свети нешта. Инаку таа самата се лекуваше во луксузна болница во Калифорнија, не во сопствените.
Нејзината намера не беше да им помага на луѓето. 1981 година на една конференција за печатот прашана: „Дали ги учите сиромашните да ја трпат својата немаштија?„ таа одговори „Сметам дека е прекрасно за сиромашните да ја прифатат својата состојба, споделувајќи го со Христовото страдање. Сметам дека на светот многу му се помага низ страдањето на сиромашните луѓе.„(!)
Таа го подржуваше постоењето на сиромаштијата со цел потпомагање на своите фондови. (ако се искорени сиромаштијата ќе нема потреба од хуманитарци, автоматски признанието и финансиите ќе пресушат).
|
Постирано од: al_islamia
Датум на внесување: 13.Октомври.2009 во 22:01
a dali zasluzuva da e se dava titula svetica, ona bila dobra licnost pomagala na siromasni , zarem sekoja licnost koj e podobar ili na pogorna linija od drugite treba da se narekuva svetec,.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 13.Октомври.2009 во 22:01
Majkl, зар некој ќе напушти семејство и се што има, и во рана младост да се приклучи на една ваква мисија ако немала искрена намера да им служи на луѓето, односно на Бог?
Можеби и подоцна тоа го злоупотребил некој, не сум упатена, но искрено не верувам во тоа.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Момче Македонче
Датум на внесување: 13.Октомври.2009 во 22:25
Немала многу, многу... за да напушти се. Биле сиромашни, а татко и починал кога имала осум години. Туку прашањето ми е, дали Албанците носат име Никола?
------------- „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 13.Октомври.2009 во 22:31
Момче Македонче напиша:
Немала многу, многу... за да напушти се. Биле сиромашни, а татко и починал кога имала осум години. Туку прашањето ми е, дали Албанците носат име Никола? |
Не мислев на материјалното богатство, но зар сестрите, мајка и не биле се што имала? Зар не ги сакала? Зар и било лесно да не ги види цел живот? Таа не добила ништо материјално за возврат, сигурно дека не ни очекувала...
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Момче Македонче
Датум на внесување: 13.Октомври.2009 во 22:37
И кога некој ќе се замонаши не значи дека престанува да ги сака своите. Дали имала материјална корист си знаела таа самата, но замонашувањето исто така значи безбедност, обезбедување преживеалиште, храна и слични ствари. Нема безгрешен човек на планетава, па сигурно и таа имала грешки во својот живот. Ако е вистина тоа што го напишал Мајкл, нејзините грешки биле од тие непростливите. И уште еднаш ќе прашам, дали е својствено албанците да имаат име Никола, ај нека каже некој од поупатените
------------- „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 13.Октомври.2009 во 23:50
maria_magdalena напиша:
Majkl, зар некој ќе напушти семејство и се што има, и во рана младост да се приклучи на една ваква мисија ако немала искрена намера да им служи на луѓето, односно на Бог?Можеби и подоцна тоа го злоупотребил некој, не сум упатена, но искрено не верувам во тоа. | Се работи за следното: тоа се одвива под закрила на една финансијски но и политички моќна религиозна институција: римо-католичката црква. Наместо Мајка Тереза да се заложи кај папата црквата да го инвестира своето богатство на пр. отворајќи работни места за сиромашните, заговарајќи фер меѓународна трговија(користејќи го својот висок углед кај политичарите но и акциите на берзите кои ги има таа црква) таа бараше донатори од трети, некогаш при тоа учествувајќи во сомнителни трансакции на криминалци и државни диктатори. На пр. редовно ги прифаќаше донациите од семејството на корумпираниот диктатор на Хаити, Папа-Док(Франсоа Дивалие) и повеќепати јавно го славеше и фалеше за тоа. Не е проблемот што од некого се добила донација само по себе, но ако се знае што прави и како доаѓа до парите некој(со туѓа пот и дури крв) зошто да не се опомене на преобраќање и зошто да се збори уште пофално за нив во јавноста?
Понатака Мајка Тереза ги одговарала сестрите да одат на соодветна медицинска обука за да се справат правилно со болестите и заразите со кои се соочуваа бидејќи според нејзиното убедување Бог ги ополномоштува и им дава од својата сила само на неуките и слабите.
За ова може повеќе да се прочита во книгата на Colette Livermore, поранешна сестра во Мисијата на Милосрдието, каде таа ги опишува причините поради кои го напуштила редот. Книгата носи наслов „Надежта Истрајува: Напуштањето на Мајка Тереза, губењето верба и потрага по смисолот„
Момче Македонче напиша:
Дали имала материјална корист си знаела таа самата, но замонашувањето исто така значи безбедност, обезбедување преживеалиште, храна и слични ствари. Нема безгрешен човек на планетава, па сигурно и таа имала грешки во својот живот. Ако е вистина тоа што го напишал Мајкл, нејзините грешки биле од тие непростливите. И уште еднаш ќе прашам, дали е својствено албанците да имаат име Никола, ај нека каже некој од поупатените | Не велам дека таа живеела во луксуз, проблемот е како средствата биле распределувани и што беше од сето тоа конечниот резултат. Дали целта беше искоренување на сиромаштијата или нешто друго?
Момче Македонче напиша:
И уште еднаш ќе прашам, дали е својствено албанците да имаат име Никола, ај нека каже некој од поупатените | Да, својствено е. На пр. Никола Карапици со Ана Тома и Љумније Радовицка се автори на сјајниот учебник по албански јазик GJUHA LETRAR SHQIP(Ѓуха љетрар шќип)издаден во Тирана, а кој никако не можам да го најдам тука.
Не сите албанци имаат арапски имиња(Мехмет, Азиз, Ирфан и тн..), особено не оние кои се католици и православни(претежно живеат во јужна Албанија).
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 13.Октомври.2009 во 23:54
Момче Македонче напиша:
... Туку прашањето ми е, дали Албанците носат име Никола? |
Да!
Majkl напиша:
Ќе соопштам едно сосема поинакво гледање...
...
|
Во книгата што во првиот уводен пост ја споменав, пакинстанско/индинскиот профи фотограф Рагху Раи сведочи за една случка со еден швајцарски банкар кој дошол кај мајка Тереза во индија да и понуди финансиска помош. Во неговиот глас - вели тој - се слушаше една извесна арогантност која ме повредуваше, но кога дојде мајка Тереза потполно ме ослободи од таа повреда. Таа стрпливо го сослушала швајцарецот и му рече: сигурно и во вашата земја има луѓе на кои им треба помош и кров над главата. Зошто со вашите пари не направите таму нешто? Јас добивам доволно пари од луѓето тука во индија, со кои можам да се грижам за сиромашните во мојата земја!
Откако ја слушнав и видов оваа сцена, се почуствував - како никогаш дотогаш - горд што сум индиец, вели Рагху Раи!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: MAKEDON-FILIP
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 00:17
maria_magdalena напиша:
Majkl, зар некој ќе напушти семејство и се што има, и во рана младост да се приклучи на една ваква мисија ако немала искрена намера да им служи на луѓето, односно на Бог?Можеби и подоцна тоа го злоупотребил некој, не сум упатена, но искрено не верувам во тоа.
|
Зарем некој ке го напушти своето семејство (хм , мислиш ли на она кое што она го немаше , маж , деца.) Вистинска светица е онаа која во вакви времиња се осудила да роди и чува деца како многумина кои ги знам.
И види богати па таа во рана младост заминала во легачка мисија со туѓи пари милостина да дели , е кога ке ги заработи и тогаш ке ги дава за милостина тогаш ке кажам дека имала божја мисија.
|
Постирано од: MAKEDON-FILIP
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 00:20
Момче Македонче напиша:
И кога некој ќе се замонаши не значи дека престанува да ги сака своите. Дали имала материјална корист си знаела таа самата, но замонашувањето исто така значи безбедност, обезбедување преживеалиште, храна и слични ствари. Нема безгрешен човек на планетава, па сигурно и таа имала грешки во својот живот. Ако е вистина тоа што го напишал Мајкл, нејзините грешки биле од тие непростливите. И уште еднаш ќе прашам, дали е својствено албанците да имаат име Никола, ај нека каже некој од поупатените |
Па Никола како никола не но како и многу други имаиња можеби имаат некоја нивна верзија. Па и они се голем дел од нив католици така да....
|
Постирано од: Момче Македонче
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 00:20
Да, својствено е. На пр. Никола Карапици со Ана Тома и Љумније Радовицка се автори на сјајниот учебник по албански јазик GJUHA LETRAR SHQIP(Ѓуха љетрар шќип)издаден во Тирана, а кој никако не можам да го најдам тука.
Не знам, јас никаде во Албанија не можам да сретнам некој кој се вика Никола, ама баш Nikola, не поинаку. А овој Карапици, да не се вика Зана? По она што го најдов најверојатно е женско со име Zana Karapici, бар по името на книгата што ми ја даде. http://www.amazon.co.uk/Gjuha-shqipe-Lumni-Radovicka/dp/B0018WKIXS
Прашувам за името затоа што татко и се викал Никола... никаде не сум сретнал албанец со такво име, па макар и да е католик.
Инаку за мајка Тереза, што знам, секогаш ми изгледала како таинствена, мистична, како нешто да крие, мрачен поглед, баш ме интересира таа книгата што ја напишала сестрата, па да видам што и како се дешавало, хехе :)
------------- „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
|
Постирано од: MAKEDON-FILIP
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 00:24
Браво Мајк конечно некој кој ги гледа реално работиве
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 00:25
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: MAKEDON-FILIP
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 00:31
Кај нас е Никола во Русија е Николај во Америка е Ник а во Албанија незнам ке мора некој колега од албанско потекло да ни потврди ама не ми се верува дека има такво нешто па макар и другачие да би звучело но не ја исклучувам можноста да има.
А за мајка тереза немам други зборови..... т . е . кога ке размислам има , па од каде и е па ова Мајка кога никогаш не родила , чуден надимок за цовек што не е тоа по кое го викаат. Тоа би било да те викаат Никола а да се викаш Петко.
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 00:40
spiros напиша:
Минатата сабота листав низ книгата на познатиот пакистански фотограф Рагху Раи, која му беше посветена на Мајка Тереза (Агнес Бојаџиу) и не успеав да ги зачувам очите да ми останат суви!
Мислам дека е редно да се отвори тема за еден од најблагородните луѓе на минатото столетие, а кој е роден на македонска земја!
Што мислите вие?
„Која е Мојата мајка и кои се Моите браќа?”(Мат. 12:48)
|
Eden dekemvriski den, Majka Tereza drzala govor vo Obedinetite nacii, i posle toa otisla da go poseti zatvorot Sing Sing vo severniot del na drzavata Njujork, kade razgovarala so cetvorica zatvorenici bolni od AIDS.
Sakajki da im pomogne, se vratila vo gradot Njujork za da razgovara so gradonacalnikot Edvardr Koh, koj po molba na Majka Tereza go povikal na telefon guvernerot na drzavata Njujork, Mari Kuomo. Sledi razgovorot:
"Guverneru,samo sto se vrativ od Sing Sing. Tamu ima cetvorica koi boleduvaat od sida. Sakam da otvoram centar za sida. Dali ke mi gi predadete tie cetvorica zatvorenici da bidat pacienti vo AIDS-centarot?"
"Pa , dobro, Majko," rekol Kuomo, "imame cetirieset i trojca bolni od sida vo zatvorot. Ke vi gi predadam site."
"Okej", odgovorila taa. "Sakam najprvo da zapocnam so ovie cetvorica. A sega da vi kazam za zgradata sto ja najdov. Dali kje mozete da platite za nea?"
"Okej", vozvratil Kuomo, "srusen" od energicniot stav na taa zena.
Togas Majka Tereza se zavrtila kon gradonacalnikot Koh i mu kazala:"Denes e ponedelnik. Jas sakam ova da go otvoram vo sreda. Ke ni trebaat nekoi dozvoli. Dali ke mozete toa da go sredite?"
Koh samo ja poglednal sitnata zena sto stoela pred nego vo negovata kancelarija i mrdnal so glavata levo-desno i rekol: "Da, moze, samo pod uslov da ne me naterate mene vo taa zgrada da gi brisam podovite so mokra krpa".
TAKOV COVEK BESE MAJKA TEREZA!
|
Постирано од: MAKEDON-FILIP
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 00:45
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 00:46
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 00:48
Луѓето имаат потреба да следат луѓе, да создаваат култни личности (светци), нешто видливо и опипливо наспроти невидливиот Бог. Дури и во политиката е потребен човек за пред медиумите, човек чија слика ќе егзистира на билбордите, по весниците, по вестите.
Вистинските христијани не се прославуваат преку медиумите, тие не го величаат своето име, туку ја истакнуваат и величаат славата на Бог. Исус во една прилика рече:
"Ако бевте од овој свет, светот би ги љубел своите; но бидејќи не сте од светов - туку Јас ве избрав од светот - затоа светот ве мрази." (Исус во ев. Јован 15:19)
Исусовите вистински следбеници биле секогаш прогонувани од светот, понижувани, нарекувани со навредливи имиња, а нивната медиумска слава била единствено присутна кога настапувале во центарот на амфитеатрите - бавно горејќи на клада... на што ракоплескале и се забавувале императорите и нивните сојузници.
Сепак има и онакви кои биле понизни и не барале да бидат славени, ама сепак луѓето од светот од нив направиле "светци" и до ден денес ги слават.
Не знам во која група спаѓа Тереза, тоа Бог најдобро знае согледувајќи ги скриените мотиви и дела на луѓето и верувам Тој ќе суди и според нив.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 00:49
KINGDAVID напиша:
Eden dekemvriski den, Majka Tereza drzala govor vo Obedinetite nacii, i posle toa otisla da go poseti zatvorot Sing Sing vo severniot del na drzavata Njujork, kade razgovarala so cetvorica zatvorenici bolni od AIDS.
Sakajki da im pomogne, se vratila vo gradot Njujork za da razgovara so gradonacalnikot Edvardr Koh, koj po molba na Majka Tereza go povikal na telefon guvernerot na drzavata Njujork, Mari Kuomo. Sledi razgovorot:
"Guverneru,samo sto se vrativ od Sing Sing. Tamu ima cetvorica koi boleduvaat od sida. Sakam da otvoram centar za sida. Dali ke mi gi predadete tie cetvorica zatvorenici da bidat pacienti vo AIDS-centarot?"
"Pa , dobro, Majko," rekol Kuomo, "imame cetirieset i trojca bolni od sida vo zatvorot. Ke vi gi predadam site."
"Okej", odgovorila taa. "Sakam najprvo da zapocnam so ovie cetvorica. A sega da vi kazam za zgradata sto ja najdov. Dali kje mozete da platite za nea?"
"Okej", vozvratil Kuomo, "srusen" od energicniot stav na taa zena.
Togas Majka Tereza se zavrtila kon gradonacalnikot Koh i mu kazala:"Denes e ponedelnik. Jas sakam ova da go otvoram vo sreda. Ke ni trebaat nekoi dozvoli. Dali ke mozete toa da go sredite?"
Koh samo ja poglednal sitnata zena sto stoela pred nego vo negovata kancelarija i mrdnal so glavata levo-desno i rekol: "Da, moze, samo pod uslov da ne me naterate mene vo taa zgrada da gi brisam podovite so mokra krpa".
TAKOV COVEK BESE MAJKA TEREZA! |
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: MAKEDON-FILIP
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 00:54
EvAngelos напиша:
Луѓето имаат потреба да следат луѓе, да создаваат култни личности (светци), нешто видливо и опипливо наспроти невидливиот Бог. Дури и во политиката е потребен човек за пред медиумите, човек чија слика ќе егзистира на билбордите, по весниците, по вестите.
Вистинските христијани не се прославуваат преку медиумите, тие не го величаат своето име, туку ја истакнуваат и величаат славата на Бог. Исус во една прилика рече:
"Ако бевте од овој свет, светот би ги љубел своите; но бидејќи не сте од светов - туку Јас ве избрав од светот - затоа светот ве мрази." (Исус во ев. Јован 15:19)
Исусовите вистински следбеници биле секогаш прогонувани од светот, понижувани, нарекувани со навредливи имиња, а нивната медиумска слава била единствено присутна кога настапувале во центарот на амфитеатрите - бавно горејќи на клада... на што ракоплескале и се забавувале императорите и нивните сојузници.
Сепак има и онакви кои биле понизни и не барале да бидат славени, ама сепак луѓето од светот од нив направиле "светци" и до ден денес ги слават.
Не знам во која група спаѓа Тереза, тоа Бог најдобро знае согледувајќи ги скриените мотиви и дела на луѓето и верувам Тој ќе суди и според нив. |
А кои биле оние кои се забавувале , оние кои биле благословувани од папата?
|
Постирано од: MAKEDON-FILIP
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 00:57
А тие што биле палени зашто пак тие биле палени , затоа што ја носеле вистината за Исус и компанија , па биле спречени да ја кажат таа вистина за кралското семејство на Исус и Марија од Магдала
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 01:33
Момче Македонче напиша:
Не знам, јас никаде во Албанија не можам да сретнам некој кој се вика Никола, ама баш Nikola, не поинаку. А овој Карапици, да не се вика Зана? По она што го најдов најверојатно е женско со име Zana Karapici, бар по името на книгата што ми ја даде. http://www.amazon.co.uk/Gjuha-shqipe-Lumni-Radovicka/dp/B0018WKIXS | Во право си, направив лапсус, Никола(не ми текнува презимето) е ко-авторот на FJALOR I GJUHES SHQIP во издание на албанската академија на науките. Кога ќе ми биде повторно во раце ќе го наведам целото име и презиме.
Момче Македонче напиша:
Прашувам за името затоа што татко и се викал Никола... никаде не сум сретнал албанец со такво име, па макар и да е католик. |
А еве еден Никол: http://www.toena.com.al/toena/Public/katalogu_i_botimeve/gjuhesi/Nikolle_Berishaj.html - http://www.toena.com.al/toena/Public/katalogu_i_botimeve/gjuhesi/Nikolle_Berishaj.html автор на албанско словенечки речник.
Инаку во албанскиот јазик едно L се чита слично на нашето Љ, а две LL како наше Л. Па Никола би било Nikolla. Е со 2 точки т.е. ë e темен вокал како ` во Б`лгарија, но на крај од збор после согласка не се изговара па последниов не е Никол` туку само Никол.
Момче Македонче напиша:
Инаку за мајка Тереза, што знам, секогаш ми изгледала како таинствена, мистична, како нешто да крие, мрачен поглед, баш ме интересира таа книгата што ја напишала сестрата, па да видам што и како се дешавало, хехе :)
| Има и други, ќе спомнам за нив во некој нареден пост.
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 02:56
KINGDAVID напиша:
A sega da vi kazam za zgradata sto ja najdov. Dali kje mozete da platite za nea?"
"Okej", vozvratil Kuomo, "srusen" od energicniot stav na taa zena. | Ми упаѓа во очи зборот „срушен„. Зошто не ја рушела алчноста и себичноста на сопствената црква тешка милијарди?
Не може да не била свесна за тој факт бидејќи таа имала средби со папата, тнр. свет-отец во Ватикан и тоа повеќе пати. Но на тој начин таа би го довела во прашање безгрешноста и авторитетот на римокатоличката црква и папата кому таа беше слепо послушна(како и секој сериозен римо-католик).
За тоа сведочи и нејзиниот брат Лазар кој во една прилика и се пожалил дека свештеникот го натепал а таа му одговорила дека не смее така да зборува, свештениците се свети и грев е да се критикуваат.
|
Постирано од: Muslima_23
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 03:10
zdravo na site. da prasham nesto. dali e vistina deka .tereza e albanka katolik od albanija????? mnogu,albanci i makedonci go potvrduvaat toa.
------------- ITEKILLAH_MUSLIMIN !!! ALLAH IS ONE
|
Постирано од: Момче Македонче
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 03:34
Muslima_23 напиша:
zdravo na site. da prasham nesto. dali e vistina deka .tereza e albanka katolik od albanija????? mnogu,albanci i makedonci go potvrduvaat toa. |
Фактите говорат дека е македонка со албанска националност, родена во Скопје. Но малце ме збунува името на таткото, во ред е, има други верзии на името Никола, ама на сајтот од Ватикан името на татко и баш е напишано како Nikola, ни Nikolle, ни Nikolla, Никола како што ние изговараме и пишуваме. А ако бил албанец, не е логично да ја користи македонската верзија од името, нели?
------------- „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 06:09
Muslima_23 напиша:
zdravo na site. da prasham nesto. dali e vistina deka .tereza e albanka katolik od albanija????? mnogu,albanci i makedonci go potvrduvaat toa. | По потекло нејзината фамилија била од Shkodër(Шкод`р т.е. Скадар, сeверна Албанија) но самата Агнеза Гонџа Бојаџиу(подоцна Мајка Тереза) е родена во градот Скопје во 1910 год.(тогаш дел од отоманската империја и познат под турското име Üsküp) тоа албанците воопшто не го оспоруваат. Државјанството и било меѓутоа индијско и била корисник на индијски пасош, бидејќи таму најмногу престојувала.
Таа за себе имала обичај да каже дека е граѓанка на светот сакајќи да каже дека не е битна националноста, сите се пред Бога еднакви. Макар да гледано од перспектива на некои Исусови изјави во евангелијата(на пр. Моето Царство не е од овој свет...), изјавата „граѓанка на светот„ може да се сфати и во една друга конотација
Момче Македонче напиша:
Фактите говорат дека е македонка со албанска националност, родена во Скопје. Но малце ме збунува името на таткото, во ред е, има други верзии на името Никола, ама на сајтот од Ватикан името на татко и баш е напишано како Nikola, ни Nikolle, ни Nikolla, Никола како што ние изговараме и пишуваме. А ако бил албанец, не е логично да ја користи македонската верзија од името, нели? |
Изворно, самото име не е ниту албанско ниту македонско, туку старо-грчко: Νικόλαος. Во западно-словенските јазици Никола е женско име. На сајтот на ватикан го напишале така веројатно затоа што така било најпрактично или толку знаеле. Инаку во нејзините биографии на пр. во Saints blessin од Мера Лестер јасно со албански букви е наведено дека родителите и биле Nikollë и Drana Bojaxhiu (Никол и Драна Бојаџиу).
Туку во врска со оној Никола што го спомнав како ко-автор на Речник, не ќе е тој, нема таков, незнам од кај ми се увртел во глава тој Никола, а сигурен сум дека го сретнав како автор на некоја книга. Во секој случај албанскиот јазик изобилува со имиња кои ги среќаваме и во македонскиот, српскиот и тн.. На пр. Емил Љафе, Ана Тома, Јани Тхомаи, Валтер Мемиша, Танас Фека(овие се од издавачкиот тим на Албанската академија на науките) или Ирена Точи(дизајнер на детска книга за Скендербег во издание на Ботимет Тоена од Тирана)и тн...
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 11:50
Пред една година ми дојде еден чуден човек (наводно историчар) на работа и се обиде да ме убеди дека апостолите Јован, Лука, Павле, христородицата Марија итн. биле уствари македонци затоа што и самите имиња им биле "македонски".
Пред да ме убеди дека и Господ е македонец, му реков дека имам многу работа и го поздравив.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Vlad Tepesh
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 12:23
~,,~Mene stalno me ubeduvaat deka chovechanstvoto poteknuva od Makedonija a vo ponovo vreme se pochesto mi ja serviraat tezata deka makedoncite najprvin otishle zad karpatite pa se vratile na matichnata teritorija a toa deka Jovan,Luka ,Pavle i Hristorodicata Marija kako i samiot Isus deka se makedonci toa se znae ,pa do tamu i Adam i Eva bog gi stvoril vo Ohrid a eva jabolkoto go probala po edna proshetka vo Resen itd,itd...~,,~
------------- http://protravelguide.com/Images/VladTepesDraculaBranCastle.jpg
|
Постирано од: Момче Македонче
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 12:36
EvAngelos, во право си, но јас на никој не го убедувам дека тој Никола бил Македонец, не ми е јасно зашто е употребена македонската верзија на името на сајтот на Ватикан (кој мислам дека би бил најрепрезентативен кога станува збор за вакви личности) ако тој е Албанец. Што се однесува до Vlad Tepesh, зар поверојатна ти е тезата дека Словените дошле на овие простори нуркајќи по Дунав со цефчиња во устите? Што бели дробови ќе имале, бреее... ок, веројатно тогаш не пушеле цигари
------------- „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
|
Постирано од: Vlad Tepesh
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 13:46
Момче Македонче напиша:
EvAngelos, во право си, но јас на никој не го убедувам дека тој Никола бил Македонец, не ми е јасно зашто е употребена македонската верзија на името на сајтот на Ватикан (кој мислам дека би бил најрепрезентативен кога станува збор за вакви личности) ако тој е Албанец. Што се однесува до Vlad Tepesh, зар поверојатна ти е тезата дека Словените дошле на овие простори нуркајќи по Дунав со цефчиња во устите? Што бели дробови ќе имале, бреее... ок, веројатно тогаш не пушеле цигари | ~,,~CCCCCCCCCCCCC... ako se preispitash shto si me prochital i shto si napishal po tvoja verzija izleguva deka dva pati Slovenite nurkale vo dunav so slamki -trski ednash nakaj karpati i ednash nazad~,,~ A vo mojot stabv nikogash ce nema mesto za nebulozata slameni trski i td. ribarski prikazni ,,, Fakt e deka Slovenite go proshle Dunav !!! a kako ??? istrazhujaj ako imash so shto da gledash i mislish
------------- http://protravelguide.com/Images/VladTepesDraculaBranCastle.jpg
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 13:48
EvAngelos напиша:
Пред една година ми дојде еден чуден човек (наводно историчар) на работа и се обиде да ме убеди дека апостолите Јован, Лука, Павле, христородицата Марија итн. биле уствари македонци затоа што и самите имиња им биле "македонски".
Пред да ме убеди дека и Господ е македонец, му реков дека имам многу работа и го поздравив. |
|
Постирано од: Amber
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 17:56
Јас пак каснам како и по обичај.
Го превртувам форумов со зелба да читнам нешто поучно што ке ми послужи.
Ама луѓево на форумов се чудо. Имаат некоја харизма фала му на Аллах ги надарил. Те привлекуваат и како ништо да не гугнеш? ? ?
1. Некој се осмелил да праша како може Албанец да се вика Никола ?
- А зашто да не може? Зарем сите Албанци се МУСЛИМАНИ ? хммм Јас не можам да сватам зарем уште некои поими некои работи не се разјаснети.
- Зарем уште постојат луѓе што не знаат дека постојат Албанци; муслимани,христијани,католици
- Ако некој од ДЕБАР се вика ФИЛИП одма сметате дека спаѓа во Македонците (пошо поголемиот број македонци така сметаат ) како ко демек во оваа СКАПОЦЕНА ДРЖАВА Живее само една нација. Во Дебар постојат Албанци католици ако некому не е јасно. А во Албанија иминјата се ; Никола, Илија, Илирјана, Калтерина, Калтрин.
2. Некој си зеде за право да напише МАЈКА ТЕРЕЗА најголемиот Христов преврзаник или така нешто.
Зарем Мајка Тереза само помагаше на христијанитее? Молим вас?
3. И што ако е родена во МАкедонија? . . . да не е случајно сега и оваа Ќерка господова што дојде на земјата да му помага на грешниот народ и да го избави од гревовите?
Чудни луѓе.
Абе ако нешто мислеш. Да би била јас на тоа место би размислувала 3 ноќи па ке го напишам.
Или ке земам некоја книга ке читнам нешто. А не само пиши да се бројат постови.
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 20:56
Претставувам извадок од текстот „Мајка Терезината куќа на илузии: Како ги повреди своите помагачи како и оние кои `помагаа`„ - од Сузан Шилдс која речиси една деценија беше сестра во Мисијата на Милосрдието и имаше клучна улога во организацијата на Мајка тереза се до 1989 год. кога ја напушти.
... Како мисионерка на Милосрдието бев задолжена да ги бележам донациите и да пишувам писма на благодарност(до донаторите). Парите пристигаа во луди количини. ... Потпишувавме примање на пратки редовно во висина од 50,000$. Понекогаш донаторот ќе ни се јавеше да праша дали ги добивме парите очекувајќи да се сетиме лесно(за кој донатор се работи) бидејќи сумата беше висока. Можевме ли да кажеме дека не се сеќаваме само затоа што примавме бројни пратки со повисоки суми?
Кога Мајка(Тереза) говореше јавно, таа никогаш не бараше пари, но ги охрабруваше луѓето да се жртвуваат за сиромашните, „да се дава до болка„. Многумина го правеа тоа - и и го даваа. Добивавме трогателни писма од луѓе, понекогаш очигледно и самите сиромашни кои се жртвуваа да ни го пратат она малце пари кои ги имаа: за гладните луѓе во Африка, погодените од поплави во Бангладеш или за сиромашните деца во Индија. Најголемиот дел од парите остануваше да лежи на нашите банковни сметки.
Напливот од донации беше сметан како знак за Божјото одобрување на конгрегацијата на Мајка Тереза. Ни беше кажувано од нашите претпоставени дека добиваме повеќе дарови од било која друга верска конгрегација затоа што Бог бил задоволен со Мајка(Тереза), и бидејќи Мисионерките на Милосрдието беа сестри кои се верни на вистинскиот дух на релеигиозниот живот.
Поголемиот дел од сестрите немаше представа колку многу пари натрупуваше нашата конгрегација. На крајот од краиштата, ние бевме учени да не собираме ништо. Едно лето на сестрите кои живееа во предградието на Рим им беа дадени повеќе гајби домати отколку можеа да распределат. Никој од соседите ги нејќеше(доматите) оти годината беше мошне родна. Сестрите решија да ги конзервираат доматите наместо да ги остават да изгнијат, но кога за тоа дозна Мајка(Тереза) беше мошне незадоволна. Зачувувањето(складирањето) работи укажувало на недостиг од доверба во промислата Божја.
Донациите постојано притекуваа и беа депонирани во банка, но тие немаа никакво влијание на нашите аксетски животи и многу малку ефект врз животите на сиромашните на кои им се обидувавме да помагаме. Живеевме едноставен живот, лишен од секакви изобилства. Имавме три пара облека, кои ги закрпувавме додека материјалите не станаа крајно неупотребливи за да можат повторно да се закрпуваат. Сопствената облека ја перевме рачно. Бескарјните столбови од чаршафи и крпи од нашето ноќно засолниште го перевме исто така рачно. Се бањавме само со една кофа вода. На стоматолошките и медицинските прегледи се гледаше како на непотребен луксуз.
Мајката се грижеше мошне многу за тоа да го зачуваме нашиот дух на сиромаштија. Трошењето пари би ја уништило таа сиромаштија. Беше опседната со користење на само најпростите средтсва (потребни) за нашата работа. Беше ли ова во најдобриот интерес за луѓето на кои се обидувавме да им помогнеме, или пак ние всушност ги искористувавме како алатки за унапредување на нашата сопствена „светост„? Во Хаити, за да се одржи духот на сиромашноста, сестрите ги употребуваа истите игли(за инекции) додека не затапуваа. Гледајќи ја болката која ја предизвикуваат тапите игли, некои волонтери се нудеа да набават нови игли, но сестрите одбиваа. ...
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 22:01
Продолжение на текстот од претходниот пост, напишан од Сузан Шилд поранешна следбеничка на редот Мисија на Милосрдието предводена од Мајка Тереза.
Просевме за храна и намирници од локалните трговци како да немавме ресурси. Во една од ретките прилики кога ни се потроши даруваниот леб, отидовме да просиме во локалната продавница. Кога нашето барање беше одбиено, нашата претпоставена одлучи дека нашата кујна за супа може да работи дента без леб.
Не им беше нудено само на трговците да бидат великодушни. И од авиокомпаниите беше барано да ги превезуваат сестрите и товарот(каргото) бесплатно. Од болниците и лекарите се очекуваше да ги покријат трошоците за медицинските третмани на сестрите или да земаат од фондовите наменети за религиозните. Работниците беа охрабрувани да работат бесплатно или по снижени цени. Силно зависевме од волонтерите кои работеа долги часови во кујните за супа, засолништата и дневните кампови.
Еден вреден фармер посвети многу рани утрински часови(досл. часови на будење=waking hours) за собирање и испорака на храна за напите куини за супа и засолништа. „Па јас да не дојдов, што ќе јадевте?„ праша тој.
Нашиот устав ни забрануваше да испросуваме повеќе отколку што ни беше потребно, но кога доаѓаше до тоа (да мора) да сепроси, милионите докари акумулирани во банка беа третирани како воопшто да не постојат.
Со години требаше да пишувам илјданици писма до донаторите, кажувајќи им дека севкупните нивни дарувања ќе бидат употребени да им се донесе Божјото сочувство полно љубов за најсиромашните меѓу сиромашните. Упевав да ги смирувам поплаките на мојата совест бидејќи бевме подучувани оти Светиот Дух ја води Мајка (Тереза). Сомнежот во неа беше знак на недостиг од доверба и, уште полошо, станување виновен за гревот на возгордеаноста. Ги одложував своите обвинувања и се надевав дека еден ден ќе можам да разберам зошто Мајка (Тереза) сакаше да собираме толку многу пари, кога таа самата не` учеше дека дури и конзервирањето доматен сос покажува недостиг на доверба во промислата Божја.
Целиот текст од Сузан Шилдс на англиски јазик(како статија од списанието Free Inquirey) може да се прочита тука
http://www.secularhumanism.org/library/fi/shields_18_1.html - Mother Theresa's House of Illusions
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 22:46
Postoi edna izreka: "Izbeganata kalugerka go ozboruva svojot manastir."
Sigurno e napisana ovaa kniga od taa izbegana kalugerka za dobro da zaraboti, bidejki pisuva vo nea za eden od najgolemite lugje koi postoele na ovoj svet, a toa e MAJKA TEREZA, Nobelovka.
P.S. Koga lugeto zboruvaat loso za edna takva licnost kakva sto e Majka Tereza, na covek mu ostanuva da kaze: Kade otide vekov?
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 23:00
KINGDAVID напиша:
Postoi edna izreka: "Izbeganata kalugerka go ozboruva svojot manastir."
Sigurno e napisana ovaa kniga od taa izbegana kalugerka za dobro da zaraboti, bidejki pisuva vo nea za eden od najgolemite lugje koi postoele na ovoj svet, a toa e MAJKA TEREZA, Nobelovka. | Воопшто не се работи за книга(ако мислеше на последните два поста) туку за статија бесплатно достапна на интернет. Види го линкот горе.
KINGDAVID напиша:
P.S. Koga lugeto zboruvaat loso za edna takva licnost kakva sto e Majka Tereza, na covek mu ostanuva da kaze: Kade otide vekov? | Не е таа единствена која го зборува тоа за нејзе. Има и други поранешни соработници. Ќе наведам и натамошни текстови и истражувања.
И кому да веруваме повеќе - на комисијата за Нобелова награда која одвај ја познавала Мајка Тереза лично, или некому кој бил и живеел со нејзе, и бил на одговорна функција во нејзината Мисија на Милосрдието?
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 23:04
Lesno e za nekkogo da zboruvas loso, daj kazi nesto dobro za nea. Ili omrazata na tvojata prorocica Gabriele sprema Katolickata crkva te pottiknuva da pisuvas takvi raboti za Majka Tereza .
Sramota ! Nema svet... Ponatamu ne komentiram na ovaa tema.
Koga za edna MAJKA TEREZA najdoa lugeto da zboruvaat loso, sto ke ostane za drugo? Nema veke pocit na ovoj svet.
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 23:23
KINGDAVID напиша:
Lesno e za nekkogo da zboruvas loso, daj kazi nesto dobro za nea. | За нејзе се зборува постојано добро во суперлатив, се е нај нај. Ретко кој се прашува за другата страна на медалјата. На тоа се обидувам да укажам.
KINGDAVID напиша:
Ili omrazata na tvojata prorocica Gabriele sprema Katolickata crkva te pottiknuva da pisuvas takvi raboti za Majka Tereza . ... |
Од кај па сега ја извади Габриеле??? Кој ја спомна нејзе?
KINGDAVID напиша:
Koga za edna MAJKA TEREZA najdoa lugeto da zboruvaat loso, sto ke ostane za drugo? Nema veke pocit na ovoj svet. | А ти си ја познавал лично Мајка Тереза и си бил долгогодишен нејзин следбеник за да можеш да ги оспориш туѓите искуства?
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 23:29
Majkl напиша:
KINGDAVID напиша:
Lesno e za nekkogo da zboruvas loso, daj kazi nesto dobro za nea. | За нејзе се зборува постојано добро во суперлатив, се е нај нај. Ретко кој се прашува за другата страна на медалјата. На тоа се обидувам да укажам.
KINGDAVID напиша:
Ili omrazata na tvojata prorocica Gabriele sprema Katolickata crkva te pottiknuva da pisuvas takvi raboti za Majka Tereza . ... |
Од кај па сега ја извади Габриеле??? Кој ја спомна нејзе?
KINGDAVID напиша:
Koga za edna MAJKA TEREZA najdoa lugeto da zboruvaat loso, sto ke ostane za drugo? Nema veke pocit na ovoj svet. | А ти си ја познавал лично Мајка Тереза и си бил долгогодишен нејзин следбеник за да можеш да ги оспориш туѓите искуства?
|
Sekoj od nas ima i svoi dobri i losi strani. Nikoj ne e sovrsen.
Од кај па сега ја извади Габриеле??? Кој ја спомна нејзе?
Pa gi citav ucenjata na vasata zaednica i znam kakov e stavot na vasata zaednica sprema Rimokatolickata crkva, pa zatoa znam zosto ja spomenuvas vo negativna konotacija , bidejki e najpoznatiot katolik vo svetot.
Ne sum ja poznaval licno Majka Tereza, kako ni Tose Proeski, no toa sto tie go napravija so svojata humanost ostanuva i ponatamu da zivee po niv, iako se razbira ne bile sovrseni.
P.S. I te molam bez sarkazam, se razbira deka ne sum ja poznaval licno Majka Tereza!
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 23:44
KINGDAVID напиша:
Sekoj od nas ima i svoi dobri i losi strani. Nikoj ne e sovrsen. | Точно. Но не е фер лошите страни да се прикажуват како Божја промисла. Тука збориме за кардинални пропусти кои многумина ги чинеа психички и физички патила а кои не се забележуваат од народните маси како грешки туку се аплаудира на шминката.
KINGDAVID напиша:
Од кај па сега ја извади Габриеле??? Кој ја спомна нејзе?
Pa gi citav ucenjata na vasata zaednica i znam kakov e stavot na vasata zaednica sprema Rimokatolickata crkva, pa zatoa znam zosto ja spomenuvas vo negativna konotacija , bidejki e najpoznatiot katolik vo svetot. | Воопшто не ја споменувам поради тоа и не ми е познато да Мајка Тереза била таму спомнувана(можеби и била, незнам). Туку затоа што неможам да се согласам со мачкањето очи на народот во Христово име, а поради тоа илјадници да патат и умираат - треба ли и јас да учествувам во тоа и да премолчувам ако ја имам информацијата? Немам намера.
KINGDAVID напиша:
P.S. I te molam bez sarkazam, se razbira deka ne sum ja poznaval licno Majka Tereza! | Се извинувам, но не беше сарказам, туку отворено прашање. Од кај да знам,можда и си ја познавал па можеш да ги побиеш претходно наведените информации.
Зошто секогаш кога ќе некој ќе се обиде да предочи поинакви информации за општоприфатеното гледиште веднаш се рипа без да се преиспита што е тоа кое ни се соопштува?(потоа може и аргументирано да се отфли, ама да сослушаме, истражиме и самите и сл. најпрвин)
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 14.Октомври.2009 во 23:49
Dobro, namesto da ja ocrnuvas Majka Tereza, ajde kazi nekoe dobro delo od nea, pa ke se soglasam so tebe.
Majka Tereza ima spaseno iljadnici zivoti, a ti ja pravis licemer? BOG DA CUVA I DA BRANI!
P.S. Za poslednoto deka mislis deka sum ja poznaval Majka Tereza licno, pocnav da se somnevam vo tvoeto mentalno zdravje .
|
Постирано од: Момче Македонче
Датум на внесување: 15.Октомври.2009 во 00:03
Amber напиша:
Јас пак каснам како и по обичај.
Го превртувам форумов со зелба да читнам нешто поучно што ке ми послужи.
Ама луѓево на форумов се чудо. Имаат некоја харизма фала му на Аллах ги надарил. Те привлекуваат и како ништо да не гугнеш? ? ?
1. Некој се осмелил да праша како може Албанец да се вика Никола ?
- А зашто да не може? Зарем сите Албанци се МУСЛИМАНИ ? хммм Јас не можам да сватам зарем уште некои поими некои работи не се разјаснети.
- Зарем уште постојат луѓе што не знаат дека постојат Албанци; муслимани,христијани,католици
- Ако некој од ДЕБАР се вика ФИЛИП одма сметате дека спаѓа во Македонците (пошо поголемиот број македонци така сметаат ) како ко демек во оваа СКАПОЦЕНА ДРЖАВА Живее само една нација. Во Дебар постојат Албанци католици ако некому не е јасно. А во Албанија иминјата се ; Никола, Илија, Илирјана, Калтерина, Калтрин.
2. Некој си зеде за право да напише МАЈКА ТЕРЕЗА најголемиот Христов преврзаник или така нешто.
Зарем Мајка Тереза само помагаше на христијанитее? Молим вас?
3. И што ако е родена во МАкедонија? . . . да не е случајно сега и оваа Ќерка господова што дојде на земјата да му помага на грешниот народ и да го избави од гревовите?
Чудни луѓе.
Абе ако нешто мислеш. Да би била јас на тоа место би размислувала 3 ноќи па ке го напишам.
Или ке земам некоја книга ке читнам нешто. А не само пиши да се бројат постови.
|
Амбер, Амбер, како заклучи дека јас не знам дека има Албанци католици Па јас познавам многу такви, ама ниту еден не се вика ни Филип, ни Никола, ни Климе, ни Спасе, туку си имаат баш албански имиња, на пример како Петрит. А за Дебар, нема ниту еден албанец со име Филип, тоа го тврдам Јас не кажав дека татко и бил Македонец, туку не ми беше јасно зашто е употребена македонската верзија од името ако веќе тој бил албанец. Кога прашуваш а што ако е од Македонија, јас би рекол, а што ако е албанка по потекло. Инаку за Мајка Тереза, го имам истото мислење како и Мајкл, само што тој е далеку позапознаен со нејзнината мисија и дело од мене и се што кажува кажува со факти.
------------- „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 15.Октомври.2009 во 00:09
KINGDAVID напиша:
Dobro, namesto da ja ocrnuvas Majka Tereza, ajde kazi nekoe dobro delo od nea, pa ke se soglasam so tebe. | Знаејќи толку информации не би избрзувал, оти тоа што се чинеше дека досега е добро испаѓа дека и не било баш така.
KINGDAVID напиша:
Majka Tereza ima spaseno iljadnici zivoti, a ti ja pravis licemer? BOG DA CUVA I DA BRANI!
| Аман бе KINGDAVID од кај знаеш дека ги спасила? Ајде, добро... да ги поставиме вака работите:
Прочита ли дека луѓето биле боцкани со исти игли и дека била одбиена помошта да се набават нови хигиенски? Што ако некого заразиле со смртоносна болест(СИДА на пр. или хепатитис Ц)? Прости, но не можам да се согласам дека така се спасува нечиј живот, тоа би било цинично.
Ако некој има милиони и милони долари(денес е малку послаб доларот, но во тоа време немало дискусија за тоа) а воедно се залага за помош на сиромашните - зошто не ги употребува тие средства(собрани од доброволни прилози и донации) туку наредува минимална помош за да сиромаштијата се одржи?
Прочита што се случи со доматите? Прости но тоа не може да биде некоја мала мана која сите ја имаме, да критикуваме зошто ближните ставиле залихи храна со цел сиромашните да имаат што да јадат подоцна.
KINGDAVID напиша:
P.S. Za poslednoto deka mislis deka sum ja poznaval Majka Tereza licno, pocnav da se somnevam vo tvoeto mentalno zdravje . | КИНГДАВИД јас не те познавам па за да изнесувам избрзани ставови како ти понекогаш. Јас не знам каде се ти си патувал, на која возраст си, со што се бавиш и тн... освен тоа Мајка Тереза го посети Скопје неколку пати крајот на седумдесетите и знам 1980 и во 1986 година. Верувам ќе се согласиш дека постоела теоретска можност да ја запознаеш па дури и бидеш со нејзе...
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 15.Октомври.2009 во 00:57
Извадок од статијата на Walter Wuelenweber со наслов: „Мајка Тереза - Каде се нејзините милиони?„ објавена на 10 септември 1998 год. во германскиот „STERN", - вреди да се напомене дека „ШТЕРН„ еднo од најпродаваните списанија во Европа и е во суштина конзервативно и не е познато по наклонетост кон анти-католицизам. Текстот се појави на годишнината од смртта на Мајка Тереза.
„... Самити, човек на околу 30 годишна возраст, без заби, кој живее во предградијата на Калкута. Тој е еден од „најсиромашните меѓу сиромашните„ на кои Мајка Тереза го посвети својот живот. Со пластична торба во раката, тој стои во километарски долгиот ред во Калкута Park Street. Сиромашните чекаат трпеливо, додека волонтерите не зафатат малце ориз и леќа од вреќите и им стават во нивните торби. Но Самити не ја добива својата храна од Мајка Тереза институтот, наместо од таму, ја добива од Собирот Божји(Asembly of God), американска добротворна организација која послужува над 18000 оброци дневно тука (во Калкута).
„Мајка Тереза?„ вели Самити, „Ние не добивме ништо од нејзе тука. Прашајте во предградијата - кој добил било што од овдешните сестри - тешко дека ќе најдете некого.„
Паналал Маник исто така има сомнежи. „Не разбирам зошто учените луѓе на запад направиа од оваа жена таква божица!„ Маник е роден пред 56 години во предградието Рамбаган, кое со своето 300 годишно постоење е најстаро предградие на Калкута. Она што Маник го постигна може да се нарече „чудо„. Тој изгради 16 згради со станови насред предградието - простор за живеење на 4000 луѓе. Парите за градежните материјали - во вредност од 10,000 германски марки(околу 5000 евра денес) по станбена зграда - Малик ги измоли од Рамакришна Мисијата(Индијска хинду добротворна организација) ... Жителите на предградието самите ги изградиа зградите. Тоа стана модел(пример?) за цела Индија. Но што со Мајка Тереза? „Јас појдов кај нејзе 3 пати, „ вели Малик. „Таа дури не ни сослуша што имав да и кажам. Сите на планетава знаат дека сестрите имаат многу пари. Но никој незнае што прават со нив! ...„
|
Постирано од: sneska_v
Датум на внесување: 15.Октомври.2009 во 14:11
Majka Tereza imala golema vera, golemo srece, golema dusa...tolku
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 23.Ноември.2012 во 22:08
Починаа со разлика од само неколку дена.
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 18.Април.2013 во 04:53
http://postimage.org/" rel="nofollow"> http://postimage.org/" rel="nofollow -
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|