IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Филозофија и психологиjа
  Активни теми Активни теми RSS - Просветленост и материјална благосостојба
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Просветленост и материјална благосостојба

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 17>
Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2009 во 03:35
Апсолутно се согласувам со Месинџер, се е објаснето, се е кажано!аплауз

Како јас ја сфаќам просветленоста:
Од психолошка гледна точка, за просветленост може да се зборува кога човек ќе успее да го тргне настрана или да се одрече од своето големо ЈАС.
ЕГОТО да се стави на последно место, што воопшто не е лесно, знаејќи колку е тоа жилава материја, која секогаш дава отпор - свесна дека и се ближи изолација или крај. Тоа значи симнување на сите маски кои сме си ги навлекле сами или општеството со своите норми и соочување со голата, сурова вистина, во нејзиниот изворен облик и нејзино прифаќање како таква, без разлика на последиците по нашето разгалено его.

Нематеријалниот дел од нас - ДУШАТА има еден дел, даден секому како чиста љубов, енергија (Универзална, вечна, Божја, кој како милуванамигнување), која ја поседуваат и грешниците и светците... но не кај сите таа е осветленото катче од душата.
Тоа е оној дел кој најчесто го потчинуваме и занемаруваме во корист на материјалното, физичкото, потребата, стравот, одмаздата...
Тоа е оној дел кој потклекнува пред нашето ЈАС поврзано со папочна врвца со материјалниот свет со кој е опкружен.

Патот кон осветлување на тоа катче од душата (по мое убедување го има кај секој, но некаде останува вечно во мрак) е тежок, во некои случаи и непрооден, и малкумина се способни да го изодат до крај, па и малкумина можат да се пофалат дека доживеале конечно просветлување.
Дали ќе се стигне до некое конечно просветлување и не е толку важно, важно е да се тргне по патот...
Императив е да се има ЖЕЛБА, ВОЛЈА, СПРЕМНОСТ И ОТВОРЕН ДУХ за спознавање и прифаќање на се’ она што е прво ВО НАС, па после и околу нас, пред нас, над нас, под нас...

Да се стигне (и прими) конечното сознание дека СЕ’ Е ЕДНО: универзалната вистина, светлината, светот, универузмот, Бог, јас, ти, љубовта, тагата, болката, смртта, раѓањето... да се види се’ заедно, во една светлина - како една целина, истовремено вечна и минлива...

Кога човек ќе се пронајде СЕБЕ СИ ВО СЕБЕ, кога ќе научи да живее во мир прво со самиот себе, кога ќе постигнеме состојба на умствена среќа НЕУСЛОВЕНА СО НИШТО, состојба на независност од било што а сепак поврзаност со се’... верувам просветленоста не е далеку.

Начинот и светот во кој живееме ствара препреки на патот, нашите желби, навики, материјални потреби не одвраќаат од него, но важно е да се тргне... да се има желба...

Кој до каде ќе стигне во тоа духовно просветлување, зависи и до каде САКА да стаса...


Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2009 во 05:37
Браво Меси и Анастеа, ве читам и се ежам а воедно и просветлен сум додека го правам тоа голема%20насмевка

Јас би го додал само моето гледиште на работите:

Просветлен сум додека слушам омилена моја песна, просветлен сум додека го пијам утринското кафе, просветлен сум додека гледам насмевка на лицата на моите сестри, просветлен сум додека чувствувам љубовта на моите родители, просветлен сум кога имам слободен ден, само за мене, одмор за мојата душа и време да фантазирам со моите мисли.

Зошто ги посочив овие работи. Значи, јас не сум зависен од нив. Туку, кога ги доживувам, мојата душа е на нејзиното место и јас сум јас. Просветлување е уживање во дадениот миг, сатисфакција за самите нас.

Се е до начинот на кој ги доживуваш нештата.

На пр.
-Ја слушам мојата омилена песна, и уживам, зашто знам дека музиката е најсовршеното на овој свет (барем тое е мое мислење), а јас моментално го слушам најсовршеното од совршенството. За разлика од тоа, имало и моменти кога сум рекол "Аман со оваа песна, ја имам слушнато милион пати", а тогаш не сум доживеал буквално ништо, празнина.
-Пиење утринско кафе. Омилен ритуал, скоро секогаш сам го правам првото кафе, посебна шоља. Битен е соодносот на вода и кафе, температурата на која се пие кафето и терминот кога да запалам цигара. Значи, ако се поклопат сите тие работи, доживувам прогрес на просветлување. А лесно може да помислам, пиењето кафе е исто како и пиење на било која течност.
-Насмевка на лицата на моите сестри. Најголема среќа е да ги гледаш среќни, оние кои што ги сакаш. Исполнето чувство. А, нели лесно можам да не ја забележам насмевката на нивните лица.
-Љубовта на моите родители. Од љубовта на моите родители, настанале три деца. Тие три деца се одгледани со таа љубов. Таа љубов е пренесена на нас (зависи кој колку ја примил голема%20насмевка) и се уште е во и околу сите нас (на моменти, различен е само интензитетот). А лесно таа љубов може да не се почувствува, и да помислам дека тоа е само обврска и грижа на моите најблиски.
Просветленоста асоцира на летот на една птица. Асоцира на слобода, на прелетување и гледање на светот од повисоко место. Колку е подолг и поуспешен летот, толку е поголемо просветлувањето.

Значи, со овие и со многу други работи се храни нашата душа. Но, никогаш не е доста и се посакува уште, уште. Тоа допринесува до осознавање на уште многу нешта, појава на прашања и нивни решенија, и пак појава на нови и нови прашања. Се така до бескрај. Барем тој пат никогаш не би требало да запре. Ако запре, душата ќе ни стане трула, не ќе можеме да се поднесиме самите себе. Затоа и реков дека "Просветлен си онолку, колку што на твојата душа и е удобно во твоето тело". И затоа мислам дека нема конечно просветлување.

Е сега (како и што кажа Меси), секое верување, обичај, традиција и суеверие, тука би ја додал и религијата, доведуваат до прекинување на тој пат, претставуваат пречка. Затоа што, верувањето во такви работи, само по себе носи и забрана за доживување на некои непознати работи. Верување, дека така се правело и се прави и дека тоа е исправно. Ама, од кај да знам јас, што е исправно, ако не пробам. Ако само слепо верувам. А за просветлување не треба страв, треба храброст, решителност да чекориш кон непознати работи.

На крајот, за просветлување се потребни позитивни и ведри мисли. Еден песимист, ни најмалку не може да биде просветлен. Негативен став на гледање на работите.

Не е битно кој колку е просветлен, битно е да се најдеш и прифатиш самиот себе (како што кажа Анастеа) со сите свои доблести и мани, да им се покажиш на сите оние кои што те опкружуваат и да се сакаш и цениш како таков.

Секој ден е нов ден, ни се случуваат нови работи кои влијаат колку ќе бидеме не/просветлени во тој ден. Ако денес не сме успеале, секогаш постои нов ден.големо%20гушкање


Изменето од bounty_hunter - 08.Октомври.2009 во 05:47
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2009 во 12:03
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Toa e iskustveno osoznavanje za nas i za svetot, so otvoren um i bez dogmatichnost.
 
Различни луѓе, различни искуства, различна светлина на осознавање, различен процес на просветлување.. денес имал искуство што ќе го кон лево, утре ќе има искуство што ќе го води кон десно, напред, назад, вртење во круг, ние ги создаваме искуствата, ние учиме од нив, ние сме причината, ние сме и последицата, зарем не е тоа, како што велиш, трчање по сопствената опашка?
Доколку нема светлина, нема ни осознавање.
 
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Prosvetluvanje e razbuduvanje od sonot vo koj go sonuvame akumuliranoto znaenje, iskustvo, tradicii, veruvanja, dogmi i sueverija, i sogleduvanje na svetot onakov kakov e, a ne kakov sto mislime deka treba da bide…
 
А како се будиш од тој сон? Од каде знаеш дека твоете будење не е само преминување од еден сон во друг?
Од каде тоа дека сонот е надвор од нас, а јавето е во нас? Зарем не е можно и ние самите да сме полни со сонови, со лаги, со илузии, догми, верувања и самоанализирајќи ги нив, да тонеме од еден сон во друг?
Убаво е да се рече "согледување на светот онаков каков што е", но таквата изјава е бесплодна доколку не се даде и начин како светот да се согледа онаков каков што е, затоа што, пак ќе кажам, различни луѓе, со различни искуства, на различен начин го согледуваат светот и секој од нив вели: "ваков е светот, таков е светот, ова било, она ќе биде". Така што дури и согледувањето на овој начин е релативно, субјективно и пред се индивидувално. Доколку нема светлина, нема ни согледување.
 
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Prosvetlenosta nitu se dava nitu se prima. Ne mozhe nikoj da mu ja dade nekomu svojata prosvetlenost, nitu pak nekoj mozhe da ja zeme ili pozajmi prosvetlenosta od nekogo. Napishanoto pismo, kazhanata parabola i dadeniot sovet mozhat da pomognat da se dojde do prosvetluvanje, no samite po sebe ne se prosvetluvanje.
 
Може. За просветлување потребна е светлина. Некој што има светлина, може да му даде на некој што живее во мрак. Сонцето ја осветлува месечината затоа што сонцето има сопствена светлина. Доколку сонцето не и даде светлина на месечината, таа сама по себе не може да свети.
Точно така, дадениот совет може да помогне во просветлувањето и токму тоа, советот е светлината што се дава, и доколку се прими, така примателот се просветлува.
 
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Toa e svetlina sto mozhe edinstveno lichno da se zapali vo samiot sebe si...
 
Зарем не е тоа трчање по сопствената опшака како што велиш?
Исус рекол: "Може ли слепец да води слепец? Зарем нема да паднат и двајцата во јама?"
Зарем може слепецот да се води сам себе? Зарем нема да си ја води тој сопствената опашка и заедно со неа да падне во јама бидејќи нема светлина, бидејќи нема кој да му го покаже патот?
Затоа, слепецот може да го води исклучиво некој што гледа, некој што има светилка со која може да го осветли патот по кој што се движи, да го фати за рака слепиот и сигурно да го води по патот.
 
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Taa svetlina ne mozhe da bide dadena od nikoj... ne mozhesh da ja zapalish od svekjata na nekoj drug... bidejki togash taa kje bide samo obichna svekja koja lesno kje se izgasne i od najslaboto vetre...
 
Како што кажав, светлината може да биде дадена од некој друг, од некој што ја има. Изгасната свеќа не може да се запали од изгасната свеќа, но може да се запали од запалена свеќа и сите ние тоа го правиме на велигден кога си ги палиме свеќите еден од друг.
Како што знаеме, свеќата лесно може да се изгасне независно од тоа дали сме ја запалиле од некоја друга свеќа, или пак со нашата запалка. Запалената светлина може да го издржи ветрето единствено ако е голема, единствено ако огнот се разгорува и пламти, единствено ако светлината е вистинска светлина.
Доколку нема светлина, нема светлина ни за себе, ни за другите. Доколку има светлина, ќе има и за другите.
 
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

 i nemozhe nikoj da te nauchi na prosvetlenost,
 
Може. Точно е тоа дека човек учи од своите искуства, но човек учи и од туѓите искуства. Впрочем, зошто одиме на училиште, на факутелтет? Зарем не одиме таму за некој друг да ни даде знаење? Зарем не одиме таму за некој друг да ги сподели со нас туѓите искуства? Зошто учиме историја? Зарем не учиме со тоа за искуствата од минатото, со цел да не ги повториме лошите искуства во нашата иднина?
Впрочем, зарем не е професорската дејност наречена и просветителска дејност? Зарем не се учителите просветители? Зарем не ги нарекуваат Кирил и Методиј Словенските просветители кои им дале на словените писмо за да ги просветлат со туѓото знаење, со туѓите искуства?
Си чул ли за книжарницата "Просветно дело"? среќа Тие се нарекуваат така заоа што ја имаат таа намера и цел, да го просветлуваат народот?
 
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

do prosvetlenosta ne se stiga so naukuvanje, tuku edinstveno so svoe lichno baranje i iskusuvanje, so bidnuvanje svekja na samiot sebe si...
 
Напротив, иако своите искуства најтешко се забораваат, човекот најчесто учи од туѓите искуства. Информацијата мора од некаде да дојде до нас. Таа не може да се создаде во нас. Таа може да дојде или преку нашето сопствено набљудување, значи преку нашите сетила, или пак преку процесот на откровение (откривање на вистината) т.е. доколку некој друг што веќе ја знае таа информација одлучи да ни ја каже. Можеби некој ќе забалежи дека за вториот процес е потребна доверба во оној кој ни ја доверува информацијата, но и во првиот процес е потребна вера во самите себе си, вера во сопствените сетила, вера во сопствените заклучоци (кои искуството покажало дека најчесто се погрешни).
Човек што се обидува да ја најде вистината во самиот себе го прави токму тоа што ти го рече: трча по сопствената опашка.
Сите ние се раѓаме табула раса, бланко, без никакви информации. И сето наше искуство, сиот наш материјал за самонабљудување и самоанализирање што подоцна го стекнуваме е нешто што влегло во нас однадвор, свесно или несвесно. Така што истражувањето на нас самите, самоанализирањето е всушност трагање по она што влегло во нас однадвор и затоа сосема легитимно е потрагата за нас самите да ја започнеме и однадвор.
 
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


So drugi zborovi, pobrzo kje se prosvetlish koga neshto lichno kje dozhiveesh, otkolku samo da sledish nechii kazhuvanja i slepo da veruvash na toa.
 
Човек може слепо да верува на некој друг, но може и слепо да си верува на самиот себе. Слепоста е поширока категорија отколку што ти ја дефинираш. Слеп човек не може да ги види другите, но не може ни да гледа во огледалото. Слепиот човек не може да се види ни себе си.
Како што кажав, човекот се раѓа табула раса, бланко, форматиран диск. Првите работи што ги дознава му ги кажуваат другите - неговите родители, роднините, подоцна пријателите, па наставниците, професорите. Се разбира тие му кажуваат и многу лаги, но и тоа што тие мислат дека е вистина, можеби е лага. И така човекот се заменува една вистина со друга, една лага со друга, една претпоставка со друга. Претпоставките не исчезнуваат, туку само се заменуваат една со друга, без разлика дали човекот учи од друг или од самиот себе, од сопствените искуства.
 
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Prosvetluvanjeto nema vrska so veruvanje. Prosvetluvanjeto e samo lichno dozhivuvanje.
 
Луѓето различни работи различно ги доживуваат, различно ги толкуваат, па и од едно исто искуство различни заклучоци донесуваат. Таквото доживување не може да биде објективно, туку е субјективно и зависи од доживувачот. На овој начин, ваквото просветлување исто така се базира на верата на оној што го доживува искуството. Како што кажав, двајца луѓе од едно исто искуство може да донесат два спротивни заклучоци, да научат две спротивни (контрадикторни) лекции. Во овој случај и двете не можат да бидат "вистина", туку или едното ќе биде вистина, а другото лага, или првото лага, а второто вистина, или пак и двете ќе бидат лага. И двете не можат да бидат светлина. Или едното ќе биде светлина, а другото темнина, или обратно, или пак и двете ќе бидат темнина.
 
Па така, од каде да знаеме дека она што ние мислиме дека е светлина не е всушност темнина? Ние можеби мислиме дека ја осветлуваме темнината со светлина, но можеби го правиме токму обратното: го помрачуваме осветленото со темнината.
 
Затоа, без разлика кон кој извор на светлина ќе се свртиме, дали кон себе или кон некој надворешен извор, ние веруваме во тој извор на светлина, веруваме дека светлината што извира од него е вистинска светлина, а не темнина. Верата е неопходна и во двата случаи.
 
Слепородениот, на кого Исус му ги отвори очите, во една прилика беше повикан од фарисеите да посведочи дали Исус е грешник. На тоа тој одговори: "Дали е грешник - не знам; ама едно знам, дека бев слеп, а сега гледам... Тоа е чудното, што вие не знаете од каде е, а ги отвори моите очи. Знаеме дека Бог не слуша грешници, туку, ако е некој богобојазлив и ја врши Неговата волја, него го слуша. Откако е веков не се чуло некој да отворил очи на слепороден; ако Тој не беше од Бога, не би можел да направи ништо"
 
Пред Исус да му ги отвори очите на слепородениот рекол: „Јас Сум Светлината на светот; кој Ме следи, нема да оди во темнина, туку ќе ја има Светлината на Животот.
Ова му дава висок кредибилитет на Исус да се нарече Себе Си светлина. Секој друг "просветлител" може да се нарекува себе си светлината или пак дека ја има светлината, но само Исус ја потврди својата изјава и на дело, кога му ги отвори очите на слепородениот.
 
Исус е вистинската проверена светлина, светлина која што не се базира на филозофија, на импресивно филувани и слаткоречиви поговорки, свеќи и опашки, туку светлина која што на слепородениот очите му ги отворила.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2009 во 14:51
Анастеа i bounty_hunter, respekt do vas!

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2009 во 15:10
Респект кон тебе, за ставовите и за тематаголемо%20гушкање

Убаво се разви дискусијата, ми се допаѓа што се мотивираа многу членови да пишуваат - интересни ставови, интересни гледишта, од сите...
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2009 во 15:15
За просветлувањето неопходно е следење на знаењето за нештата околи нас, во нас и на нас, но нај неопходно е следење на светлината како што рече ЕвАнгелос во една тема. А добро се знае Кој е Светлината на светот. E сега за материјалната благосостојба нема врска, постојат догми кој учат следбениците на таа догма да продадат се или да се ослободат од парите кој ги поседуваат, водејќи се по Библискиот стих, каде што Господ му вели на богатото момче се да продаде, но тоа било за тој и за тогаш. Како што реков, полесно ќе го доживуваме знаењето со повеќе материјално добро, но ако се користи и заработува со памет во глава.
Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2009 во 16:08
морам да кажам дека ваква позитивна тема овде на форумов одамна немам прочитано, ме навлече да напишам нешто чисто колку да кажам дека уживав читајќи ве големо%20гушкање
интересни ставови, како на Меси, Анастеа,така и на Ев(ес јужуал)...но сакам само да кажам нешто лично, дека се додека на поверував во Исус, неможев претходно ни во најситен момент да се почувствувам „просветлено“, немаше да разберам или доживеам вистински многу други искуства...
така да, незнам дали е Тој вистинскиот пат до просветлувањето, но за мене сигурно е
голем поздрав до сите вас


"simplicity is the ultimate sophistication" големо%20гушкање големо%20гушкање големо%20гушкање


Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2009 во 18:20

Јас би го додал само моето гледиште на работите:
Просветлен сум додека слушам омилена моја песна, просветлен сум додека го пијам утринското кафе, просветлен сум додека гледам насмевка на лицата на моите сестри, просветлен сум додека чувствувам љубовта на моите родители, просветлен сум кога имам слободен ден, само за мене, одмор за мојата душа и време да фантазирам со моите мисли. ....................................

Bravoooooooo  аплауз  аплауз   аплауз    , me iznenadi prijatno so tvoeto razmisluvanje големо%20гушкање




Изменето од bijonse1 - 08.Октомври.2009 во 18:21
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2009 во 22:23
Originally posted by connected connected напиша:

морам да кажам дека ваква позитивна тема овде на форумов одамна немам прочитано, ме навлече да напишам нешто чисто колку да кажам дека уживав читајќи ве големо%20гушкање
интересни ставови, како на Меси, Анастеа,така и на Ев(ес јужуал)...но сакам само да кажам нешто лично, дека се додека на поверував во Исус, неможев претходно ни во најситен момент да се почувствувам „просветлено“, немаше да разберам или доживеам вистински многу други искуства...
така да, незнам дали е Тој вистинскиот пат до просветлувањето, но за мене сигурно е
голем поздрав до сите вас


"simplicity is the ultimate sophistication" големо%20гушкање големо%20гушкање големо%20гушкање



Амин!
Точно, просветлување без Господ Исус е невозможно. Ако за тебе е вистински Пат, Тој е и за една милијарда и повеќе луге! Просветлување со знаење, храброст, вера, надеж, љубов, слобода, мир.
Поздрав до тебе.среќа
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2009 во 22:28
Dare, da ne ne razbra nesto kako se doagja do prosvetluvanjeзбунетост
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2009 во 00:52
Isus e aspsolutno respektiran od site lugje i pretstavuva eden od najsvetlite zvezdi na chovekovoto nebo...

... hristijanite go pochituvaat kako Bozhji sin i Bog, muslimanite kako profet, hindusite kako avatar, gnosticharite i spiritualistite od site vrsti kako prosvetlen chovek, a ateistite kako produhoven filozof.

Nema chovek koj mozhe da ostane ramnodushen kon negoviot zbor.

Poentata mi e deka ne napravile site lugje religija od negovata prosvetlenost... kako sto napravile, na primer, i so Buda.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2009 во 06:42
Originally posted by bounty_hunter bounty_hunter напиша:

Dare, da ne ne razbra nesto kako se doagja do prosvetluvanjeзбунетост

Е и за ова има одговор. Според некој религии кој практикуваат просветлување преку знаење и правење на добри дела, човекот колку и да учи и осознава тоа просветлување ќе трае се додека е жив и никогаш нема да биде full просветлен! Е сега, во некој религии се учи дека се довага само преку знаење, богоугоден живот... Додека во Христијанството се учи дека се довага преку вера, љубов, осознавање, смирение... Човекот довага во дилема сега што е вистина, а што не, дали така просветлување или другчије, ама тоа е тоа, убаво рече ЕвАнгелос, за човек да се просветли потребна му е светлина!намигнување
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2009 во 06:47
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Isus e aspsolutno respektiran od site lugje i pretstavuva eden od najsvetlite zvezdi na chovekovoto nebo...

... hristijanite go pochituvaat kako Bozhji sin i Bog, muslimanite kako profet, hindusite kako avatar, gnosticharite i spiritualistite od site vrsti kako prosvetlen chovek, a ateistite kako produhoven filozof.

Nema chovek koj mozhe da ostane ramnodushen kon negoviot zbor.

Poentata mi e deka ne napravile site lugje religija od negovata prosvetlenost... kako sto napravile, na primer, i so Buda.


Ima messenger, ima nekoj koj ostanuva ramnodushen pa duri i go omalozhuva.тага Ne ti teknuva na satanistite?збунетост
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2009 во 21:53
Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Originally posted by bounty_hunter bounty_hunter напиша:

Dare, da ne ne razbra nesto kako se doagja do prosvetluvanjeзбунетост

Е и за ова има одговор. Според некој религии кој практикуваат просветлување преку знаење и правење на добри дела, човекот колку и да учи и осознава тоа просветлување ќе трае се додека е жив и никогаш нема да биде full просветлен! Е сега, во некој религии се учи дека се довага само преку знаење, богоугоден живот... Додека во Христијанството се учи дека се довага преку вера, љубов, осознавање, смирение... Човекот довага во дилема сега што е вистина, а што не, дали така просветлување или другчије, ама тоа е тоа, убаво рече ЕвАнгелос, за човек да се просветли потребна му е светлина!намигнување


Epa, dodeka nekoi lichnosti pretpochitaat prosvetluvanje preku vera, religija gledajki svetlina vo religijata, jas ja pronaogjam svetlinata vo poinakov pristap kon site dozhivuvanja i poinakov pogled na rabotite. Zatoa shto vo mene se pojavuva konflikt pomegju logichko razmisluvanje i rasuduvanje na rabotite i slepo veruvanje. Shto da pravam, nekoi raboti ne mozham da gi prifatam.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.