IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Инклузија на деца со ПОП во редовните учи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Инклузија на деца со ПОП во редовните учи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3456>
Автор
Порака
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2009 во 13:09
..kolku jas razbrav ,Maria ne bese premnogu ostra ...
mozebi loso  bila svatena...
vnimatelno so ovaa populacija...
mec so dve ostrici..
zalam za takvite slucai..
no pokraj suvoto vi sirovoto gori.
iskustvoto sto go imam ,mi kazuva deka porano iako mozebi deluva surovo,no vlijanieto na tie deca bese ograniceno na nekoj nacin...
 
sekoja cest do karakterot na sekoja individua posebno , na sekoj roditel posebno,no tesko se izleguva so niv vo sekojdnevnite sredbi i kontakti.
mozebi ne sme dozreani da se soocime so vakvite slucai...
merkite na drzavata ponekogas se nedovolni ,a vo poveketo slucai i prebrzi ,konkretno za donesuvanje na odluki ....
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
lilica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lilica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Октомври.2009 во 15:01
Originally posted by zagor zagor напиша:

..kolku jas razbrav ,Maria ne bese premnogu ostra ...
mozebi loso  bila svatena...

vnimatelno so ovaa populacija...

mec so dve ostrici..

zalam za takvite slucai..

no pokraj suvoto vi sirovoto gori.

iskustvoto sto go imam ,mi kazuva deka porano iako mozebi deluva surovo,no vlijanieto na tie deca bese ograniceno na nekoj nacin...

 

sekoja cest do karakterot na sekoja individua posebno , na sekoj roditel posebno,no tesko se izleguva so niv vo sekojdnevnite sredbi i kontakti.

mozebi ne sme dozreani da se soocime so vakvite slucai...

merkite na drzavata ponekogas se nedovolni ,a vo poveketo slucai i prebrzi ,konkretno za donesuvanje na odluki ....



Колку за информација на ЗАГОР , и родителите тешко излегуваат на крај на средбите со секого.
Дискриминација на секој чекор,разбирање од никој.
Знаеш ли дека три години директорот на училиштето не ни даваше присуство на Советот на родителите, на кое имаме законско право. А оваа година единствената започната дискусија за проблемите на нашите деца заврши со - „Ај да го сечеме разговорот.......помини на другата точка“. Зошто? Зарем лугето со ПОП се од втор ред? И уште РОДИТЕЛИТЕ се обвинети дека ги чувале, ги криеле, децата на таван! Мора крај на тоа да се стави!
Никакви права, а на светот надвор се претствуваме колку сме хумани! Па ни маса, ни стол ли не треба за такви деца? Ако се побара нагледно средство, веднаш се реагира со - Па за што ќе им е тоа?
Поголема дискриминација, незнам каде има!
Кој бара ќе најде.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2009 во 10:52

лилице, ќе бидам доволно културна ОВДЕ да ти одговорам како на клеветата изречена во твојот пост против мене, така и на навредливото ЛП, со што сакам да ставам точка на мојата дискусија со тебе и да го окончам ова лудило што го направи на темава.

Прво, никаде не реков дека децата со ПОП се граѓани од втор ред, не искажав никаква навреда ниту дискриминација, напротив кажав дека нив им треба голема љубов.

Друго, инклузија (по ново) на деца со ПОП во редовно образование е АПСУРД сама по себе.
Со тоа се прави мечкина услуга на детето со ПОП. Наместо детето да учи во училиште прилагодено за неговите потреби, да научи колку толку да се осамостои (зашто родителите за жал не се вечни, и тие имаат рок на траење), да работи нешто во склад со своите способности, праќањето на детето во редовна настава, не само што ќе биде бесполезна во најмала рака за детето со ПОП, туку ќе биде штетна за него.

1. Значи, нема да научи ништо соодветно своите способности, ништо полезно што ќе му овозможи правилна перцепција на светот околу себе и стекнување хигиенски и општествени навики, изучување на некоја работа и слично...

2. Ќе биде изложено на погледи и потсмев (некои деца се немилосрдни) бидејќи нашата средина е таква-

3, доаѓајќи до факторот средина-тука лежи клучот.
Имено, ако прошетате малку по други држави ќе стекнете впечаток дека “тѕаму“ имаат многу ретардирани деца и возрасни...Но всушност не е така, процентот е ист (со некои исклучоци кои не се предмет на дискусијава), разликата е во тоа што ТИЕ таму не се срамат да ги изнесат своите деца/роднини со ПОП, а овде до скоро па и сега тоа се сметаше за срам, и затоа малкумина јавно ги претставуваа своите деца.
Една непомирливост со фактот, наместо прифаќање на вистината и давање најдобро од себе...

4. И секако, ќе им омета на другите во наставата.

Значи, НЕ за инклузија на деца со ПОП во редовни училишта, тоа не е начин за нивна социјализација.

Клучот во општествената инклузија на деца со ПОП е следниов:

*градење што посоодветни школи према степенот на ретардацијата,
*образување и запослување соодветен кадар по тие институции и училишта
*едукација на родител на дете со ПОП (околу прифаќање и однесување), а пред се, изнесување, претставување...а не криење и срамење. Прифаќање нови ставови, дека да се има дете со ПОП не е ни срам, ни грев, туку на извесен начин благослов-можност да ја пружи човек сета љубов и да ја покаже својата вера на дело, и да го разубави животот на детето со ПОП.
*едукација на средината околу прифаќање на лицата со ПОП како составен дел од средината, и зависно од степенот на ретардација соодветно вработување (да, да)
*организација на средби, семинари, повикување гости-стручњаци од дадена област, неформални дружења, излети, набавка на помагала (едукативни прилагодени содржини)....можности се безброј....

И на крај, зошто се вклучив на темава?
Почувствував дека имам што да кажам, пред се поради мојот животен позив и искуство, како и можности кои ми се укажале во животот да видам како тоа се прави во други земји, каде односот кон лица со ПОП е издигнат на далеку повисоко ниво, и кое искуство го имам преточено во научен труд.

Јас се повлекувам од оваа тема, а тебе и на твоето дете ви посакувам
секое добророза


МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2009 во 22:06
Многу е тешко кога проблемите се препуштаат стихијно да се решаваат. Родителите имаат мака и сакаат да си ги згрижат децата во градинка иако станува збор за дете со посебни потреби. Градинките имаат пак проблем со згрижување затоа што групите се премногу големи и една воспитачка и една негувателка тешко можат да ја обават својата работа со група поголема и за 2 пати од законски дозволената. Згора на тоа дете со ПОП кое бара строго индивидуална работа, кое има свој тек од кој неотстапува бидејки и да сака не може. министерството ЌЕ ги решава проблемите, но до решението страдаат и с еобвинуваат оние кои најмалку се виновни.
Дете со аутизам не го примаат во градинка
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2009 во 08:28
Проблеми имаат родителите, проблеми имаат училиштата со редовна настава, но проблеми имаат и специјализираните училишта. Мора да се заземе по категоричен став прво  околу категоризацијата на децата, институцијата која ке го врши тоа а потоа препорака за училиштето каде детето ке биде опфатено во образовниот процес.
Со приемот на дефектолозите ако децата бидат одделени во паралелки со кои ке работи дефектологот би било добро бидејки ке бидат тука, а ке учат според своите можности и со стручно лице.  Доколку бидат опфатени во редовната настава а дефектологот им посвети само по 1 час заради потребата од индивиуализацијата во работата со нив тогаш проблемот не е решен, односно проблемот пак се препушта на одделенските/предметните наставници бидејки психолозите во училиштата под образложение дека не се дефектолози (а тоа не се ни наставниците) одбиваат да работат со учениците со ПОП.  И додека дилемите траат, се носат неконструктивни решенија родителите талкаат од институција во институција
Два дефектолога нагледуваат сто осумдесет ученици со посебни потреби
Кон врв
blagorodna Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 568
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blagorodna Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2009 во 18:44
koj moit da se inklimatiziraa na forum moit i u ckolija
Кон врв
manuelakot Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 02.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај manuelakot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2009 во 23:43
Zdr. jas sum profesor po stranski jazik vo sredno uciliste i se soocuvam so problem kaj dete so POP.Imeno deteto e gluvo i nemo, i komunikacijata e mnogu teska, no problemot e sledniot:majkata na deteto ne saka da prifati bilo kakov tremin"inkluzija" za deteto,i saka deteto da ima isklucitelno visoki oceni (4 ili 5), i sekoja druga ocena, koja e vistinska i realna za negovoto znaenje ,( barem za mojot predmet,) za roditelot e maltretiranje i neprifakanje na ucenikot od moja strana. Ova se slucuva i pokraj mojata sorabotka so niv :i gi davam predhodno prasanjata da gi nauci doma i od niv dobiva nekolku za odgovor,(ova mi bese sugerirano od roditelot i prosveten inspektor), no taa i toa ne moze da go postigne da go nauci,dobiva edvaj 2. Jas do sega nemam raboteno so vakvi ucenici(od defektolog mi e kazano deka ovie deca ne ucat stranski jazik, ili barem ne dva stranski jazici) i site moi obidi da rabotam vistinski so ucenikot, toj nesto da nauci po predmetot, se minirani od roditelot zatoa sto nejze i e vazna ocenata , a ne vistinskoto znaenje na deteto.Smetam deka na deteto mu se nanesuva nepravda od strana na majkata so nasilnoto forsiranje da bide po sekoja cena vo normalno i redovono sredno uciliste Dali nekoj do sega imal vakov slucaj, bi me interesiralo kako postapil. Blagodaram.

Изменето од manuelakot - 02.Декември.2009 во 23:51
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2009 во 11:57
Сега Нема донатори за децата со посебни потреби , ама за нова година ко ке се заредат со куп новинари околу себе и со пакетчиња, лелеее што сликање ќе направатизненадување

Изменето од mamamd - 03.Декември.2009 во 11:57
Кон врв
lilica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lilica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2009 во 16:42
Originally posted by mamamd mamamd напиша:


Сега <span id="_ctl4_dtlArticles__ctl5_lblTimeTitle1">Нема донатори за децата со посебни потреби</span>
                              , ама за нова година ко ке се заредат со куп новинари околу себе и со пакетчиња, лелеее што сликање ќе направатизненадување


Кој бара ќе најде.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2011 во 11:50
Ко мало дете се радувам кога ќе сретнам реален напис ко овој во Дневник.
Нема воспитувачи за децата со посебни потреби
 Убава слика за шарената лажа наречена ИНКЛУЗИЈА на децата со посебни образовни потреби во образовниот (и згрижувачкиот) процес.
Ќе издвојам само неколку моменти кои според мене ја отсликуваат реалната слика
***
Ниту еден воспитувач не поминал специјална обука за работа со дете со специјални потреби, а проблем се и родителите кои честопати не го пријавуваат проблемот на своето дете
*****
Најважно-на факултетите за учители и воспитувачи НЕМА предмет за работа со деца со ПОП. Такви предмети и методики се изучуваат на факултетот за дефектологија.  И нпрмално и човечки се наметнува прашањето-дали со неколку дневна обука се станува постручен од оној кој 4 години се оспособувал за својата специјалност.
*****
Секое дете има право на образование и социјализација, затоа и не можам да одбијам дете чии родители сакаат да го запишат во градинка,. Но, ние тука се соочуваме со неколку проблеми во врска со децата. Точно е дека некои од воспитувачите се плашат да работат со деца што имаат посебни потреби, но исклучително поради безбедноста на самото дете и на другите деца, а не поради нив самите. Групите се големи, нема доволно вработени, а децата со посебни потреби си бараат повеќе внимание. Но, уште поголем проблем е тоа што родителите кои запишуваат дете со проблем, тоа не го пријавуваат. Доаѓаат со медицински белешки дека детето е здраво, но не е секогаш така, па воспитувачите и негувателите во тој случај се затечени. Многу често самите се едуцираат како да постапуваат со тоа дете.
******
да ама ептен реално и вистинито.
А ова, ова е човек да заплаче и да пукне од мака
*******
Во една група во градинката во моментов има три дечиња со посебни потреби.

- Во групата имам 23 дечиња, од кои три се со посебни потреби. Сама побарав да се грижам за тие деца. Преку градинката успешно ги завршив к*рсевите од програмата Монтисори, која многу ми помага во работата и во грижата и на овие деца. Не можам да одбијам родител кој ме замолил да се грижам за неговото дете, за мене сите деца се исти и на сите им треба исто внимание и љубов. Сепак, јас имам програма по која работам и за мојата работа треба да дадам отчет - вели Клементина Петрушевска, воспитувачка во градинката „Весели цветови“.

*******
Според законот за специјалните училишта- еден дефектолог може да работи МАКСИМУМ со 5 деца. И сега по логика на нештата- стручно лице-дефектолог кој завршил факултет работи со 5 деца бидејки законот јасно предвидел дека со овие дечиња се работи индивидуализирано, а воспитувач/наставник во редовната настава покрај со 15...20..30... од редовната МОЖЕ да работи плус со 1...2...3... со ПОПзбунетост
Кој останува недоучен-  јас имам програма по која работам и за мојата работа треба да дадам отчет....или во работата и во грижата и на овие деца?????збунетост
И една ама мноооогу реална слика
Таа додава дека индивидуалната работа за нив е луксуз, но на децата со посебни потреби токму тоа им треба. Петрушевска кажува и за своето искуство од Германија каде што во тамошните градинки има посебни простории кои се одредени за адаптација на детето, односно с` додека тоа не се вклопи со другите деца.

*****
И сега она кое не може да се сокрие, односно да се замачкаат очи на родителите-
директорката вели
Од голема помош е тоа што пред две години ангажиравме дефектолог, па таа секојдневно работи и со децата и со воспитувачите - вели Карамазова.
ама новинарката дава МНОООООГУ убав заклучок
Таа работи во девет објекти и тоа еднакво и со децата и со вработените
И човечки е да се праша- работи секојдневно во градинката и стасува во девет објекти и со децата и со воспитувачитезбунетост
И најлогичното прашање- А зошто не работи САМО со децата со ПОП бидејки таа е токму за тоа оспособеназбунетост
И како шлагфорт- Нгде не се спомнува психолог/педагог??????збунетост
Има ли градинката такво вработено лице? Има ли воопшто ангажман околу ова деца на “стручните служби“ или тие се препуштени само и само на воспитачките????
Нигде не се спомнати ни негувателките кои се задолжени за негата и исхраната на дете опфатено во градинка!!!!
Како и да е- од сето ова едно добро- актуелизирање на проблемот кој ги мачи и родителите и просветниот кадар- Време е сите одговорни да си ја преземат обврската за која толку на големо зборуваат- ВОСПИТУВАЧОТ/НАСТАВНИКОТ да ги интегрира децата за кои се остручени да ги прифаќаат децата со ПОП, а образовно-воспитниот и социјализацијата на самото дете со ПОП да си ја преземат самите дефектолози, педагози, психолози. Само така ќе имаме вистинска интеграција и вистински ќе покажеме грижа за децата со ПОП.Се додека не сториме така- продаваме САМО ЧИСТА ДЕМАГОГИЈА-сите до еден.

Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2011 во 21:05
Проблемот може ммногу едноставно да се реши и треба да се реши еднаш засекогаш, треба да се изградат образовни установи за децата и возрасни со посебни потреби и да се вработи соодветен кадар и да се изготви план за настава и да се испечатат образовни материјали.
Луѓето со посебни потреби на големо незнаење или изненадување на јавноста ги има во доста голема бројка и со тоа треба да им се даде статус и право да се образуваат во соодветни институции.
Нема ништо навредувачко и потценувачко во тоа да бидат групирани според тоа каде припаѓаат зошто само така ќе може да им се посвети вниманието што го заслужуваат и конечно да се отпочне во нов правец каде овие луѓе ќе се здобијат со она што им следува.
Луѓето со посебни и дополнителни потреби опфаќаат многу групи на граѓани кои имаат пречки во менталниот и физичкиот развој, слепите, глувите, немите, деца со Хиперактивност, Дислексија, Деменција и ред други.
Како постојано слушам се трошат тешки пари на излишни нешта во државата, некој треба добро да ги раздрма во Министерство за Образование а и оние во Социјалните служби а родителите и невладините организации да се позанимаваат со решавање на оваа проблематика со постојано лобирање кај Министерот па и кај премиерот да се отпочне со реализација за образовните установи од ваков тип, зошто ако сакаат да мрднат од минатиот век треба да направат напори да го однесат образованието на ниво кое кореспондира со западното кога станува збор за овие работи.
Странски експерти постојано се викаат за се и сешто а најчесто за ништо, и доколку им треба помош да основаат Училишта за деца и млади со Поп и да се запознае образовниот кадар со најновите методики можат да поканат професори од разни образовни институции или големи невладини непрофитабилни организации (од странските држави) кои секојдневно се занимаат со овој тип на едукација.
Јас не знам навистина, толку студенти се запишуваат и дипломираат на дефектологија а нивниот капацитет останува и понатаму неискористен. Исто и со Социјалните работници.
Доколку финансиите навистина не дозволуваат да се отвораат училишта од ваков тип тогаш секое редовно училиште би требало да си има свој дефектолог (или повеќе од еден) и да се формираат паралелки каде ќе работат со учениците со Поп.
Стварно не ми е јасно што е толку тешко или неизводливо.
Уште во првите години на детето се забележува дали психо-физичкиот развој му дозволува да учи редовно или ќе му треба адаптирана настава. Тука нема нешто ниту срамно ниту болно.
Луѓето терба да ги отфрлат старите навики на размислувања пред се и да работат на подигнување на свеста кај пошироката јавност и да е приоѓа на проблематиката од практична гледна точка а не од емотивна.
 
 
 


Изменето од Glenn - 02.Јули.2011 во 21:08
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2011 во 08:38
[QUOTE=lilica]Кој колку да има одбивност кон лицта со ПОП , мора да ги прифати во својата средина. Сите родители нека не се плашат од децата со посебни потреби, тие не касаат, не напаѓаат, не убиваат, не се дрогираат, не пијат алкохол и ВОНИКОЈ случај неможат да влијаат лошо на билокое дете.
Прифатете дека СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА е дел од третманот за лекување на овие деца. По уставот на секого му е загарантирана здравствената заштите, па затоа Инклузијата е НЕОПХОДНА!Тоа е лек!
[
/QUOTE]
Читајки ги неделава написите (и коментарите од читателите) во дневниот весник Дневник се навратив малку и ги препрочитав  коментарите на оваа тема сакајки да ја актуелизираме во интерес на сите.Заради ограничениот простор во весниците не вреди да се коментира-те сечат на пола и ти отиде поентата јабанатага Нешто што ме налути (пишав во претходниот пост) е ставот на родителите дека се врши дискриминација на децата со ПОП. И напишав претходно а ќе повторам и сега -не е дискриминација барањето документи-точната дијагноза од едноставна причина што тоа е основата за понатамошната активност со тоа дете.
Тука со коментарот на Лилица дојдовме до поентата- СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА, не ОБРАЗОВАНИЕ по програмата за задолжителните и изборните предмети. Сегмент- ограничено време на престој-не целодневна, не на сите часови и задолжителна придружба од возрасно лице кое се грижи за тоа дете.
Ме израдува што отварајки ја темата Дневник се вклучија и други и се надевам нема да прекрати, ќе продолжат и со проблемот ИНКЛУЗИЈА на децата со ПОП во редовната настава. Денешниот напис
 Градинките треба да пораснат
погоди во коренот- сржта на проблемот.Прашењето
кој ја спроведува тивката дискриминација во нашите градинки, кој ги доведува родителите, децата и воспитувачките во незавидна ситуација.
го разоткри проблемот пред кој сите мижат.
Кој им “мести“ на носителите на дејноста? Кој ги прави бездушни, нелуѓе, дискриминатори?
Па многу е јасно, оние кои сакаат да се затскријат за својата не работа, за својата бездушност бидејки законот јасно објаснува кој треба да работи со тие деца, кој за тоа има диплома, кој за тоа секој месец зема плата.Сите знаеме дека е многу полесно да се седи во канцеларија, да се пие на раат кафенце, да се критикува  другиот зошто “се освести работникот“ па нејќе да му ја сработи работата на оној кој сам себе се промовирал во ОБУЧУВАЧ.И некна и сега потенцирам- НЕРВИ МИ КИНАТ кога ќе прочитам дека ДЕФЕКТОЛОЗИТЕ, ПСИХОЛОЗИТЕ ги ОБУЧУВАЛЕ наставниците/воспитачките како да работат со детето со ПОП!!!!!
Се прашувам-имаат ли лице, образ? Кој тоа ним им го дал правото- место да работат за тоа што на десетина страни во годишните извештаи напишале бесрамно дека го сработиле, а не мрднале со мал прст, да даваат изјави дека тие демек обучиле тага За обуки ли завршија факултет, за обуки ли земаат плата. Обука ли стои во законот за нивното работно место?
Очекувам министерството и државниот инспекторат (популарната ИНТЕГРАЛНА) да се зафати здраво со проблемот ПРОВЕРКА НА ГОДИШНИТЕ ИЗВЕШТАИ за работата на не“стручните служби“ посебно во доменот на децата со ПОП. И за секое наведено дете таму “дека многу е работено по посебна прогара“ да побараат мислење и од наставникот во чија паралелка е детето и од родителот-па и од сите деца.



Изменето од mamamd - 07.Јули.2011 во 08:48
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2011 во 09:18
И како дополнување- како човек и како просветен работник секогаш сум ја застапувала тезата дека моите ученици МОРАМ да ги научам да ги прифаќаат децата поразлични од нив и затоа такаречи во секоја генерацијапокрај триесетина од редовната (иако и меѓу нив има дечиња со најразлични емоционални и психички проблеми за кој никој освен јас не мрднал со мал прст) сум имала по едно до две дечиња со ПОП, нормално не со тешка ретардираност.
За да разберете зошто толкав револт кон оние кои не си ја работат својата работа(таканаречените стручни служби а во нив ги вбројувам и дефектолозите затоа што и тие тераат по урнекот на првиве)  еве неколку сегменти од работа во паралелка во која има дете со ПОП (нормално ова не е генерално за сите-во зависност од дијагнозата)
1. Таман се почнало со работа и е мир-сите се ангажирани-часотго  прекинува детето до кое седи детенцето и ве информира дека се покакало (кај многумина не се развиени чувствата  за физиолошките потреби). Се прекинува часот, се бара родителот по телефон, многупати ако подолго време го нема детето се пресоблекува и забришува. И додека сето тоа заврши часот отиде, многупати дечињата меѓу себе се степале, скинале лист од тетратка, па отиде уште еден во смирување и изигравање арбитер во надминување на настанатиот конфликт додека се среди проблемот за кој другите (стручните служби) не ни знаат дека се случил оти во најголем случај и ги нема во училиштата-негде се на “обуки“ отиде и вториот частага
2. Таман се почнало со  објаснување 9+2 ееее ве прекинува детенцето со довикување два...два...два...лесно му е за изговор па го повторува а другите дигаат глава и една група со прстето на уста му довикува шшшшшшшшшш, а друга група се смее.На детенцето му станува интересно па почнува наизменично да повторува шшшшшшшш....дваааа и да се сме.Поминува време додека се воспостави ред, ѕвончето немилосрдно го прекинува часот-па собирањето со премин останува за наредниот час со молби до бога да не се повтори истото и ризикот родителите на останатите деца да не налутат и почнат  еден по еден да ги испишуваат и префрлат во друга паралелка бидејки и колку да се хумани и полни со разбирање сепак не сакаат часовите на кои децата треба да учат да пропаѓаат.
3.На час по физичко-растрчаните дечиња силно викаат, навиваат за своето другарче кое ја изведува вежбата, се весели и наеднш сето тоа го прекинува силно вриштење бидејки детенцето се исплашило од галамата. Поминува време во смирување на расплаканото и вознемиерно дете, но и на оние кои се лути (и веќе не се толерантни зошто секогаш НИМ мора да им се прекинува вежбата кога е најинтересно, кога им дошол редот да покажат колку силно можат да трчаат, прецизно фрлаат топка....)
А само треба, со детенцето да има родител, дефектолог, психолог па кога доаѓа до прекин заради некоја непредвидена ситуација наставникот да продолжи со децата а дефектологот, родителот, психологот, педагогот да поработат со детенцето со ПОП. Само тогаш нема да страда никој, детето ќе биде интегрирано, останатите деца нема ни криви ни должни да прекинуваат со работа, нема да бидат оставани сами на час,нема да има револт, лутина, испишувањ и префрлање во друга паралелка.
Малку треба- мнооогу малку- сите да си ја работат работата за која земаат плата. Само толку.тага
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2011 во 11:26
За едните нема ни основни потреби, а за други (чии родители се грлати  и имаат врски) може и образование во редовни паралелкиизненадување
А нели треба да се сите еднакви, никој да не ги дискриминиразбунетост

ФЗО глув за потребите на децата со посебни потреби


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3456>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.