|
Просветленост и материјална благосостојба |
Внеси реплика | страница <1 678910 17> |
Автор | |||||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Апсолутно се согласувам со Месинџер, се е објаснето, се е кажано!
Како јас ја сфаќам просветленоста: Од психолошка гледна точка, за просветленост може да се зборува кога човек ќе успее да го тргне настрана или да се одрече од своето големо ЈАС. ЕГОТО да се стави на последно место, што воопшто не е лесно, знаејќи колку е тоа жилава материја, која секогаш дава отпор - свесна дека и се ближи изолација или крај. Тоа значи симнување на сите маски кои сме си ги навлекле сами или општеството со своите норми и соочување со голата, сурова вистина, во нејзиниот изворен облик и нејзино прифаќање како таква, без разлика на последиците по нашето разгалено его. Нематеријалниот дел од нас - ДУШАТА има еден дел, даден секому како чиста љубов, енергија (Универзална, вечна, Божја, кој како милува), која ја поседуваат и грешниците и светците... но не кај сите таа е осветленото катче од душата. Тоа е оној дел кој најчесто го потчинуваме и занемаруваме во корист на материјалното, физичкото, потребата, стравот, одмаздата... Тоа е оној дел кој потклекнува пред нашето ЈАС поврзано со папочна врвца со материјалниот свет со кој е опкружен. Патот кон осветлување на тоа катче од душата (по мое убедување го има кај секој, но некаде останува вечно во мрак) е тежок, во некои случаи и непрооден, и малкумина се способни да го изодат до крај, па и малкумина можат да се пофалат дека доживеале конечно просветлување. Дали ќе се стигне до некое конечно просветлување и не е толку важно, важно е да се тргне по патот... Императив е да се има ЖЕЛБА, ВОЛЈА, СПРЕМНОСТ И ОТВОРЕН ДУХ за спознавање и прифаќање на се’ она што е прво ВО НАС, па после и околу нас, пред нас, над нас, под нас... Да се стигне (и прими) конечното сознание дека СЕ’ Е ЕДНО: универзалната вистина, светлината, светот, универузмот, Бог, јас, ти, љубовта, тагата, болката, смртта, раѓањето... да се види се’ заедно, во една светлина - како една целина, истовремено вечна и минлива... Кога човек ќе се пронајде СЕБЕ СИ ВО СЕБЕ, кога ќе научи да живее во мир прво со самиот себе, кога ќе постигнеме состојба на умствена среќа НЕУСЛОВЕНА СО НИШТО, состојба на независност од било што а сепак поврзаност со се’... верувам просветленоста не е далеку. Начинот и светот во кој живееме ствара препреки на патот, нашите желби, навики, материјални потреби не одвраќаат од него, но важно е да се тргне... да се има желба... Кој до каде ќе стигне во тоа духовно просветлување, зависи и до каде САКА да стаса... |
|||||||||
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Браво Меси и Анастеа, ве читам и се ежам а воедно и просветлен сум додека го правам тоа
Јас би го додал само моето гледиште на работите: Просветлен сум додека слушам омилена моја песна, просветлен сум додека го пијам утринското кафе, просветлен сум додека гледам насмевка на лицата на моите сестри, просветлен сум додека чувствувам љубовта на моите родители, просветлен сум кога имам слободен ден, само за мене, одмор за мојата душа и време да фантазирам со моите мисли. Зошто ги посочив овие работи. Значи, јас не сум зависен од нив. Туку, кога ги доживувам, мојата душа е на нејзиното место и јас сум јас. Просветлување е уживање во дадениот миг, сатисфакција за самите нас. Се е до начинот на кој ги доживуваш нештата. На пр. -Ја слушам мојата омилена песна, и уживам, зашто знам дека музиката е најсовршеното на овој свет (барем тое е мое мислење), а јас моментално го слушам најсовршеното од совршенството. За разлика од тоа, имало и моменти кога сум рекол "Аман со оваа песна, ја имам слушнато милион пати", а тогаш не сум доживеал буквално ништо, празнина. -Пиење утринско кафе. Омилен ритуал, скоро секогаш сам го правам првото кафе, посебна шоља. Битен е соодносот на вода и кафе, температурата на која се пие кафето и терминот кога да запалам цигара. Значи, ако се поклопат сите тие работи, доживувам прогрес на просветлување. А лесно може да помислам, пиењето кафе е исто како и пиење на било која течност. -Насмевка на лицата на моите сестри. Најголема среќа е да ги гледаш среќни, оние кои што ги сакаш. Исполнето чувство. А, нели лесно можам да не ја забележам насмевката на нивните лица. -Љубовта на моите родители. Од љубовта на моите родители, настанале три деца. Тие три деца се одгледани со таа љубов. Таа љубов е пренесена на нас (зависи кој колку ја примил ) и се уште е во и околу сите нас (на моменти, различен е само интензитетот). А лесно таа љубов може да не се почувствува, и да помислам дека тоа е само обврска и грижа на моите најблиски. Просветленоста асоцира на летот на една птица. Асоцира на слобода, на прелетување и гледање на светот од повисоко место. Колку е подолг и поуспешен летот, толку е поголемо просветлувањето. Значи, со овие и со многу други работи се храни нашата душа. Но, никогаш не е доста и се посакува уште, уште. Тоа допринесува до осознавање на уште многу нешта, појава на прашања и нивни решенија, и пак појава на нови и нови прашања. Се така до бескрај. Барем тој пат никогаш не би требало да запре. Ако запре, душата ќе ни стане трула, не ќе можеме да се поднесиме самите себе. Затоа и реков дека "Просветлен си онолку, колку што на твојата душа и е удобно во твоето тело". И затоа мислам дека нема конечно просветлување. Е сега (како и што кажа Меси), секое верување, обичај, традиција и суеверие, тука би ја додал и религијата, доведуваат до прекинување на тој пат, претставуваат пречка. Затоа што, верувањето во такви работи, само по себе носи и забрана за доживување на некои непознати работи. Верување, дека така се правело и се прави и дека тоа е исправно. Ама, од кај да знам јас, што е исправно, ако не пробам. Ако само слепо верувам. А за просветлување не треба страв, треба храброст, решителност да чекориш кон непознати работи. На крајот, за просветлување се потребни позитивни и ведри мисли. Еден песимист, ни најмалку не може да биде просветлен. Негативен став на гледање на работите. Не е битно кој колку е просветлен, битно е да се најдеш и прифатиш самиот себе (како што кажа Анастеа) со сите свои доблести и мани, да им се покажиш на сите оние кои што те опкружуваат и да се сакаш и цениш како таков. Секој ден е нов ден, ни се случуваат нови работи кои влијаат колку ќе бидеме не/просветлени во тој ден. Ако денес не сме успеале, секогаш постои нов ден. Изменето од bounty_hunter - 08.Октомври.2009 во 05:47 |
|||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Различни луѓе, различни искуства, различна светлина на осознавање, различен процес на просветлување.. денес имал искуство што ќе го кон лево, утре ќе има искуство што ќе го води кон десно, напред, назад, вртење во круг, ние ги создаваме искуствата, ние учиме од нив, ние сме причината, ние сме и последицата, зарем не е тоа, како што велиш, трчање по сопствената опашка?
Доколку нема светлина, нема ни осознавање.
А како се будиш од тој сон? Од каде знаеш дека твоете будење не е само преминување од еден сон во друг?
Од каде тоа дека сонот е надвор од нас, а јавето е во нас? Зарем не е можно и ние самите да сме полни со сонови, со лаги, со илузии, догми, верувања и самоанализирајќи ги нив, да тонеме од еден сон во друг?
Убаво е да се рече "согледување на светот онаков каков што е", но таквата изјава е бесплодна доколку не се даде и начин како светот да се согледа онаков каков што е, затоа што, пак ќе кажам, различни луѓе, со различни искуства, на различен начин го согледуваат светот и секој од нив вели: "ваков е светот, таков е светот, ова било, она ќе биде". Така што дури и согледувањето на овој начин е релативно, субјективно и пред се индивидувално. Доколку нема светлина, нема ни согледување.
Може. За просветлување потребна е светлина. Некој што има светлина, може да му даде на некој што живее во мрак. Сонцето ја осветлува месечината затоа што сонцето има сопствена светлина. Доколку сонцето не и даде светлина на месечината, таа сама по себе не може да свети.
Точно така, дадениот совет може да помогне во просветлувањето и токму тоа, советот е светлината што се дава, и доколку се прими, така примателот се просветлува.
Зарем не е тоа трчање по сопствената опшака како што велиш?
Исус рекол: "Може ли слепец да води слепец? Зарем нема да паднат и двајцата во јама?"
Зарем може слепецот да се води сам себе? Зарем нема да си ја води тој сопствената опашка и заедно со неа да падне во јама бидејќи нема светлина, бидејќи нема кој да му го покаже патот?
Затоа, слепецот може да го води исклучиво некој што гледа, некој што има светилка со која може да го осветли патот по кој што се движи, да го фати за рака слепиот и сигурно да го води по патот.
Како што кажав, светлината може да биде дадена од некој друг, од некој што ја има. Изгасната свеќа не може да се запали од изгасната свеќа, но може да се запали од запалена свеќа и сите ние тоа го правиме на велигден кога си ги палиме свеќите еден од друг.
Како што знаеме, свеќата лесно може да се изгасне независно од тоа дали сме ја запалиле од некоја друга свеќа, или пак со нашата запалка. Запалената светлина може да го издржи ветрето единствено ако е голема, единствено ако огнот се разгорува и пламти, единствено ако светлината е вистинска светлина.
Доколку нема светлина, нема светлина ни за себе, ни за другите. Доколку има светлина, ќе има и за другите.
Може. Точно е тоа дека човек учи од своите искуства, но човек учи и од туѓите искуства. Впрочем, зошто одиме на училиште, на факутелтет? Зарем не одиме таму за некој друг да ни даде знаење? Зарем не одиме таму за некој друг да ги сподели со нас туѓите искуства? Зошто учиме историја? Зарем не учиме со тоа за искуствата од минатото, со цел да не ги повториме лошите искуства во нашата иднина?
Впрочем, зарем не е професорската дејност наречена и просветителска дејност? Зарем не се учителите просветители? Зарем не ги нарекуваат Кирил и Методиј Словенските просветители кои им дале на словените писмо за да ги просветлат со туѓото знаење, со туѓите искуства?
Си чул ли за книжарницата "Просветно дело"? Тие се нарекуваат така заоа што ја имаат таа намера и цел, да го просветлуваат народот?
Напротив, иако своите искуства најтешко се забораваат, човекот најчесто учи од туѓите искуства. Информацијата мора од некаде да дојде до нас. Таа не може да се создаде во нас. Таа може да дојде или преку нашето сопствено набљудување, значи преку нашите сетила, или пак преку процесот на откровение (откривање на вистината) т.е. доколку некој друг што веќе ја знае таа информација одлучи да ни ја каже. Можеби некој ќе забалежи дека за вториот процес е потребна доверба во оној кој ни ја доверува информацијата, но и во првиот процес е потребна вера во самите себе си, вера во сопствените сетила, вера во сопствените заклучоци (кои искуството покажало дека најчесто се погрешни).
Човек што се обидува да ја најде вистината во самиот себе го прави токму тоа што ти го рече: трча по сопствената опашка.
Сите ние се раѓаме табула раса, бланко, без никакви информации. И сето наше искуство, сиот наш материјал за самонабљудување и самоанализирање што подоцна го стекнуваме е нешто што влегло во нас однадвор, свесно или несвесно. Така што истражувањето на нас самите, самоанализирањето е всушност трагање по она што влегло во нас однадвор и затоа сосема легитимно е потрагата за нас самите да ја започнеме и однадвор.
Човек може слепо да верува на некој друг, но може и слепо да си верува на самиот себе. Слепоста е поширока категорија отколку што ти ја дефинираш. Слеп човек не може да ги види другите, но не може ни да гледа во огледалото. Слепиот човек не може да се види ни себе си.
Како што кажав, човекот се раѓа табула раса, бланко, форматиран диск. Првите работи што ги дознава му ги кажуваат другите - неговите родители, роднините, подоцна пријателите, па наставниците, професорите. Се разбира тие му кажуваат и многу лаги, но и тоа што тие мислат дека е вистина, можеби е лага. И така човекот се заменува една вистина со друга, една лага со друга, една претпоставка со друга. Претпоставките не исчезнуваат, туку само се заменуваат една со друга, без разлика дали човекот учи од друг или од самиот себе, од сопствените искуства.
Луѓето различни работи различно ги доживуваат, различно ги толкуваат, па и од едно исто искуство различни заклучоци донесуваат. Таквото доживување не може да биде објективно, туку е субјективно и зависи од доживувачот. На овој начин, ваквото просветлување исто така се базира на верата на оној што го доживува искуството. Како што кажав, двајца луѓе од едно исто искуство може да донесат два спротивни заклучоци, да научат две спротивни (контрадикторни) лекции. Во овој случај и двете не можат да бидат "вистина", туку или едното ќе биде вистина, а другото лага, или првото лага, а второто вистина, или пак и двете ќе бидат лага. И двете не можат да бидат светлина. Или едното ќе биде светлина, а другото темнина, или обратно, или пак и двете ќе бидат темнина.
Па така, од каде да знаеме дека она што ние мислиме дека е светлина не е всушност темнина? Ние можеби мислиме дека ја осветлуваме темнината со светлина, но можеби го правиме токму обратното: го помрачуваме осветленото со темнината.
Затоа, без разлика кон кој извор на светлина ќе се свртиме, дали кон себе или кон некој надворешен извор, ние веруваме во тој извор на светлина, веруваме дека светлината што извира од него е вистинска светлина, а не темнина. Верата е неопходна и во двата случаи.
Слепородениот, на кого Исус му ги отвори очите, во една прилика беше повикан од фарисеите да посведочи дали Исус е грешник. На тоа тој одговори: "Дали е грешник - не знам; ама едно знам, дека бев слеп, а сега гледам... Тоа е чудното, што вие не знаете од каде е, а ги отвори моите очи. Знаеме дека Бог не слуша грешници, туку, ако е некој богобојазлив и ја врши Неговата волја, него го слуша. Откако е веков не се чуло некој да отворил очи на слепороден; ако Тој не беше од Бога, не би можел да направи ништо"
Пред Исус да му ги отвори очите на слепородениот рекол: „Јас Сум Светлината на светот; кој Ме следи, нема да оди во темнина, туку ќе ја има Светлината на Животот.”
Ова му дава висок кредибилитет на Исус да се нарече Себе Си светлина. Секој друг "просветлител" може да се нарекува себе си светлината или пак дека ја има светлината, но само Исус ја потврди својата изјава и на дело, кога му ги отвори очите на слепородениот.
Исус е вистинската проверена светлина, светлина која што не се базира на филозофија, на импресивно филувани и слаткоречиви поговорки, свеќи и опашки, туку светлина која што на слепородениот очите му ги отворила.
|
|||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Анастеа i bounty_hunter, respekt do vas!
|
|||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Респект кон тебе, за ставовите и за темата
Убаво се разви дискусијата, ми се допаѓа што се мотивираа многу членови да пишуваат - интересни ставови, интересни гледишта, од сите... |
|||||||||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
За просветлувањето неопходно е следење на знаењето за нештата околи нас, во нас и на нас, но нај неопходно е следење на светлината како што рече ЕвАнгелос во една тема. А добро се знае Кој е Светлината на светот. E сега за материјалната благосостојба нема врска, постојат догми кој учат следбениците на таа догма да продадат се или да се ослободат од парите кој ги поседуваат, водејќи се по Библискиот стих, каде што Господ му вели на богатото момче се да продаде, но тоа било за тој и за тогаш. Како што реков, полесно ќе го доживуваме знаењето со повеќе материјално добро, но ако се користи и заработува со памет во глава.
|
|||||||||
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
морам да кажам дека ваква позитивна тема овде на форумов одамна немам прочитано, ме навлече да напишам нешто чисто колку да кажам дека уживав читајќи ве
интересни ставови, како на Меси, Анастеа,така и на Ев(ес јужуал)...но сакам само да кажам нешто лично, дека се додека на поверував во Исус, неможев претходно ни во најситен момент да се почувствувам „просветлено“, немаше да разберам или доживеам вистински многу други искуства... така да, незнам дали е Тој вистинскиот пат до просветлувањето, но за мене сигурно е голем поздрав до сите вас "simplicity is the ultimate sophistication" |
|||||||||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Јас би го додал само моето гледиште на работите: Просветлен сум додека слушам омилена моја песна, просветлен сум додека го пијам утринското кафе, просветлен сум додека гледам насмевка на лицата на моите сестри, просветлен сум додека чувствувам љубовта на моите родители, просветлен сум кога имам слободен ден, само за мене, одмор за мојата душа и време да фантазирам со моите мисли. .................................... Bravoooooooo , me iznenadi prijatno so tvoeto razmisluvanje Изменето од bijonse1 - 08.Октомври.2009 во 18:21 |
|||||||||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Амин! Точно, просветлување без Господ Исус е невозможно. Ако за тебе е вистински Пат, Тој е и за една милијарда и повеќе луге! Просветлување со знаење, храброст, вера, надеж, љубов, слобода, мир. Поздрав до тебе. |
|||||||||
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Dare, da ne ne razbra nesto kako se doagja do prosvetluvanje
|
|||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Isus e aspsolutno respektiran od site lugje i pretstavuva eden od najsvetlite zvezdi na chovekovoto nebo...
... hristijanite go pochituvaat kako Bozhji sin i Bog, muslimanite kako profet, hindusite kako avatar, gnosticharite i spiritualistite od site vrsti kako prosvetlen chovek, a ateistite kako produhoven filozof. Nema chovek koj mozhe da ostane ramnodushen kon negoviot zbor. Poentata mi e deka ne napravile site lugje religija od negovata prosvetlenost... kako sto napravile, na primer, i so Buda. |
|||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Е и за ова има одговор. Според некој религии кој практикуваат просветлување преку знаење и правење на добри дела, човекот колку и да учи и осознава тоа просветлување ќе трае се додека е жив и никогаш нема да биде full просветлен! Е сега, во некој религии се учи дека се довага само преку знаење, богоугоден живот... Додека во Христијанството се учи дека се довага преку вера, љубов, осознавање, смирение... Човекот довага во дилема сега што е вистина, а што не, дали така просветлување или другчије, ама тоа е тоа, убаво рече ЕвАнгелос, за човек да се просветли потребна му е светлина! |
|||||||||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Ima messenger, ima nekoj koj ostanuva ramnodushen pa duri i go omalozhuva. Ne ti teknuva na satanistite? |
|||||||||
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Epa, dodeka nekoi lichnosti pretpochitaat prosvetluvanje preku vera, religija gledajki svetlina vo religijata, jas ja pronaogjam svetlinata vo poinakov pristap kon site dozhivuvanja i poinakov pogled na rabotite. Zatoa shto vo mene se pojavuva konflikt pomegju logichko razmisluvanje i rasuduvanje na rabotite i slepo veruvanje. Shto da pravam, nekoi raboti ne mozham da gi prifatam. |
|||||||||
Внеси реплика | страница <1 678910 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |