IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Историски погледи на црковните прашања
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Историски погледи на црковните прашања

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 37>
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2009 во 08:08
За црковните прашања секогаш се зборувало, се барале решенија далеку од очите на јавноста. Еве извадок за ова од интервјуто на академик Цветан Грозданов
Во Вашите истражувања посебно место зазема Охридската архиепископија. Какво беше нејзиното значење и имаме ли право да се прогласуваме за единствени наследници?

Ова е прашање кое бара поширока елаборација, но сега само кусо ќе кажам: иако тоа е црковна институција од екуменски ранг и постоела речиси 800 години, нејзината власт се протегала од Украина до Сицилија, но, сепак, основното нејзино јадро е Македонија. Охридската архиепископија е нашата државност. Благодарение на христијанските норми во нејзе дејствувале најинтелигентните чеда на македонскиот народ, за што говори големата активност и книжевна заоставнина. МПЦ има право да смета и верува дека е наследник на Охридската архиепископија.

Дали во блиска иднина ќе се реши спорот со Српската православна црква околу автокефалниот статус на МПЦ. Имаме ли во целата приказна и ние своја вина?

- Преговорите повторно со СПЦ се во тек. Ние бараме посредување од Руската православна црква, која ги знае нашите проблеми и има големо влијание дури и врз СПЦ и точно знае какво било значењето на светите Кирил и Методиј, Климент, Наум... за словенскиот свет. Скора разврска не очекувам, но се надевам дека ова прашање ќе мора да се надмине.
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2009 во 12:36
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

... нејзината власт се протегала од Украина до Сицилија, но, сепак, основното нејзино јадро е Македонија. ...


Многу точно речено мамамд, Сега некоj да намери мапа од 9 век и да гледа што пишува помегу денешна Украина и денешна Сицилиазадоволство
Кон врв
g-1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 10.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај g-1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2009 во 09:38
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

За црковните прашања секогаш се зборувало, се барале решенија далеку од очите на јавноста. Еве извадок за ова од интервјуто на академик Цветан ГроздановВо Вашите истражувања посебно место зазема Охридската
архиепископија. Какво беше нејзиното значење и имаме ли право да се
прогласуваме за единствени наследници?
Ова е прашање
кое бара поширока елаборација, но сега само кусо ќе кажам: иако тоа е
црковна институција од екуменски ранг и постоела речиси 800 години,
нејзината власт се протегала од Украина до Сицилија, но, сепак,
основното нејзино јадро е Македонија. Охридската архиепископија е
нашата државност. Благодарение на христијанските норми во нејзе
дејствувале најинтелигентните чеда на македонскиот народ, за што говори
големата активност и книжевна заоставнина. МПЦ има право да смета и
верува дека е наследник на Охридската архиепископија.Дали
во блиска иднина ќе се реши спорот со Српската православна црква околу
автокефалниот статус на МПЦ. Имаме ли во целата приказна и ние своја
вина?
- Преговорите повторно со СПЦ се во тек. Ние
бараме посредување од Руската православна црква, која ги знае нашите
проблеми и има големо влијание дури и врз СПЦ и точно знае какво било
значењето на светите Кирил и Методиј, Климент, Наум... за словенскиот
свет. Скора разврска не очекувам, но се надевам дека ова прашање ќе
мора да се надмине.


Dali bi mozel cenetiot akademik Cvetan Grozdanov kako dobar poznavac na crkovnite prasanja, da kaze nesto poveke za sodrzinata na "zlatnata bula" so koja 1018 god. e vostanovena "Ohridskata Arhiepiskopija".
Кон врв
g-1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 10.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај g-1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2009 во 14:13
Originally posted by mamamd mamamd напиша:


Originally posted by да          бе да          бе напиша:


Originally posted by mamamd mamamd напиша:

...
нејзината власт се протегала од Украина до Сицилија, но, сепак,
основното нејзино јадро е Македонија. ...
Многу точно речено мамамд, Сега некоj да намери мапа од 9 век и да гледа што пишува помегу денешна Украина и денешна Сицилиазадоволство
Ова не го кажува мамамд, туку академик Грозданов, да нема забуни, пренесени се делови од интервјуто според темите кои се опфатени.


Sigurno deka nema zabuni.

Prasanjeto bese jasno.

Poradi interes moze da se nadopolni intrvjuto.

Smetam deka cenetiot akademik Cvetan Grozdanov kako dobar poznavac na rabotite kako najkompetenten strucnjiak ne bi imal nisto protiv da ja obrazozi sodrzinata na dekretot na Vasilie II.
Кон врв
Bronhi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 348
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bronhi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2009 во 11:56
Прашање до сите кои сметаа дека МПЦ ги прекршила црковните канони по однос прогласувањето на автономија и автокефалност. Ве молам посочете ми ги каноните кои МПЦ ги прекршила збунетост
Јас  тврдам дека не е прекршен НИТУ ЕДЕН ЦРКОВЕН КАНОН!
Ако грешам кажете ми кој.

Црковната јурисдикција на Српската православна црква врз Македонија престанала на 6 април 1941 со Одлука бр. 1279 и Пов., 81. запис. 471 од 22 септември 1945
 Одлуката е на на САС на СПЦ

Еве еден текст кој хронолошки го следи основањето на МПЦ. Истиот е 20тина страни и ќе го ставам во делови, бидејќи на еднаш не ми дава сајтот :)


4. Возобновување

    на св. Климентовата - Охридска архиепископија

    во лицето на Македонската православна црква

 

           

Идејата на митрополитот Теодосиј да ја возобнови Охридската архиепископија, вековната Црква на македонскиот народ со што само би се потврдила неговата одделност како посебен народ на Балканот,  со посебен јазик, историја и култура, воопшто не била оригинална, ниту пак само негова. Таа била во мислите на сите Македонците. Ова ни го потврдуваат и неколкуте претходни обиди на Македонските црковно-училишни општини да се осамостојат од Цариградската патријаршија и Егзархијата. Она што го направи митрополитот Теодосиј и ударот што им го нанесе на туѓите пропаганди во Македонија само уште повеќе ја разгоре борбата на македонскиот народ, и ја покажа и потврди реалната потреба и можноста за свое национално и духовно ослободување.

            Блискоста да се оствари сонот на Македонците, да си ја повратат неканонски укинатата Св. Климентова црква - Охридската архиепископија уште повеќе ја мотивира македонската интелигенција да говори и да ја афирмира домашната и светската јавност за потребата на македонскиот народ од своја сопствена држава и своја сопствена Црква.

            Како пример ќе го посочиме Крсте Петков Мисирков кој во својата книга „За Македонцките работи“ јасно го изнесува сето она за што се залагаше и митрополитот Теодосиј:

 

            ’Јас сум Македонец и интересите на мојата татковина ми се претстауат така: не Русија и Австро-Унгарија сет непријатели на Македонија, а Бугарија, Грција и Србија. Само енергична борба со тија три држави ке избаит од погубуајне нашата таткоина’;

             ’Време јет да отфрлиме од очите наши мрежите, шчо ни $ кладоа националните и верцки пропаганди во Македонија’;             Македонцката интелигенција секогаш... требит да зборуат мег‘у себе на централното македонцко наречје (Велешко-Прилепцко-Битолцко-Охридцко). Тоа наречје имат да бидит литературен јазик на Македонците’;

            ’Праославијето, нај старата, нај распространетата и основна религија на сите македонцки народности, за сожал‘уајн‘е сосим изгубило од видот својата главна цел‘а да сејит братство мег‘у народите... наместо тије благородни задаки праославијето сејит само раздор и ненавист. Праославијето во Македонија сега јет до толку искажено, шчо и не можит да бидит реч, за една праославна црква, - сега тамо имат 3 цркви, но не праославни, а: грцка, бугарцка и србцка. Зашчо тоа да бидит така? Зар црквата не требит да бидит: Една, Соборна, Вселенцка и Апостолцка? Прво нешчо, које ке се потребат, тоа јет, да се образуат во Македонија: Една, Соборна и Апостолска црква т.е. да се возстаноит Охридцката Архиепископија, која шчо ке бидит ’Архиепископија всеја македонији’... Архиепископијата ке земит во свои раци сколијцката работа;

            ’а ако се признаит официално, оти во Македонија немат неколку словенцки народности, ами имат само једна оддел‘на, ни бугарцка, ни србцка, и ако се одделит Македонија во самостојна архиепископија, наједнаш Турција ке се ослободит од набркуајн‘ето во македонцките работи од сите 3 саседни држаи.“[1].

            К. П. Мисирков е само еден од плејадата Македонци кои твореле и ја афирмирале идејата за македонската држава, народ и Црква.

            Со поделбата на Македонија помеѓу Србија, Бугарија и Грција по Балканските војни и македонските епархии биваат поделени помеѓу црквите на овие држави. Со ова обидот да се однароди македонскиот народ само се засилил, целиот македонски клир бил сменет со српски, бугарски или грчки, а биле воведени при богослуженијата јазиците на овие држави. Говорењето на македонскиот јазик било дури казнувано со затвор, или, пак, во случајот со Грција одење на робија на некој од грчките острови.

            Конечно реализирање на идејата за возобновување на Охридската архиепископија вековната Црква на Македонскиот народ започнува во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. За време на Втората световна војна кога на ослободената македонска територија со дозвола од македонскиот генерал Михајло Апостолски, верскиот референт, свештеникот Вељо Манчевски го свикал  Првиот свештенички собир на 21 септември 1943 во селото Идеглавје - Дебарца (Охридско). На соборот присуствувале 11 од постојните 13 свештеници од територијата на ослободениот дел од Македонија. Од страна на истиот е поздравена одлуката од Верското поверенство  при Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија коешто донело одлука: да се возобнови Охридската архиепископија во лицето на автокефална Македонска Православна Црква, на чело со македонски архиереи, воведување на македонскиот јазик во црковната администрација и проповедите и отворање на македонски училишта.

Соборот донел одлука да се формира Архиерејско намесништво за ослободената македонска територија на чело со свештеникот Антим Поповски кој е поставен за Архиерејски намесник. Направена е и парохиска поделба на територијата, при што истата е поделена на девет парихии.

Во македонската историја овој Свештенички собир се смета за предвесник на Вториот Илинден - Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичко Собрание на Народното Ослободување на Македонија) на 2 август 1944 и исполнување на македонското право за слободна татковина и возобновена Св. Климентова Охридска архиепископија. Улогата на ова Архиерејско намесништво и поврзаноста на свештенството со својот народ и важната улога што истото ја игра во борбата за национално докажување на македонската посебност може да се согледа и во тоа што Архиерејскиот намесник, свештеникот Антим Поповски е поставен за претседател на Околискиот народно-ослободителен одбор во Македонија.

При крајот на Втората световна војна на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 се поставени темелите на Македонската држава.

Со заминувањето на пропагандите Црквата во Македонија остана без епископи. Заради зачувување на редот во истата во октомври 1944 во селото Врановци доаѓа до формирање на Иницијативен одбор за организирање на црковниот живот во Македонија. За таа цел, а по наредба од Иницијативниот одбор, во сите градови во Македонија се формираат Духовни одбори коишто раководат со црковниот живот.

За жал Историјата се повторува!



[1] К. П. Мисирков, За Македонцките работи, (Фототипно издание), Скопје 2002, 11.12.33-34.35.36. Поопширно за мислата на Мисирков за возобновување на Охридската архиепископија, види: Протоѓакон Ратомир Грозданоски, К. П. Мисирков како богослов, неговите еклисиолошки погледи и барањата да се возвозобнови Охридската архиепископија како автокефална црква на цела Македонија, Годишен зборник на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски, Книга 9, Скопје 2003, 37-78.


Српската православна црква започнува со обиди да го врати својот пропаганден црковен апарат во Македонија и да ја врати црковната состојба во рамките од пред Втората световна војна[1] т.е., потчинување на македонските епархии и враќање на српскиот Скопски митрополит Јосиф. Ова доведува до свикување на Првиот македонски црковно-народен собор во Скопје[2] (4 - 5 март 1945) на кој присуствуваат над 300 делегати (свештеници и мирјани)[3]. На овој Прв црковно-народен собор е донесена следнава Резолуција:

 

„Р Е З О Л У Ц И Ј А

 

1. Македонскиот православен народ, преку своите избрани делегати од сите духовни околии во Македонија, решава да се возобнови Охридската архиепископија како Македонска самостојна црква и да не биде потчинета ни на која друга помесна национална православна црква;

2. Решава да има свој  народен епископат и свое народно свештенство кое ќе биде гаранција дека нашиот народ ќе си ги запази карактерните особености и ќе биде поблизок до својата родна Црква;

3. Решава на возобновената Охридска архиепископија, првиот македонски епископ да носи титула Архиепископ Охридски, а нашата православна црква да се вика Свети Климентова Охридска Архиепископија;

4. Решава, избраната делегација да ги посети сите сестрински цркви, или писмено да ги извести и да биде толкувател пред нив на соборското решение и сенародната желба на православните Македонци и да издејствува признание од сите православни цркви, решението да ни добие канонска потврда, и да биде во најскоро време во дело по патот на црковните канони и во духот на утврдената црковна традиција;

5. По свршувањето на таа работа, предлагаме делегацијата да покани гости епископи од други православни цркви, а ние да бидеме свикани на второто заседание за избор на кандидати за наши народни владици, кои ќе бидат хиротонисани од гостите епископи;

6. Првиот меѓу нашите епископи сакаме да биде на торжествен начин устоличен во градот Охрид, на престолот на Охридската архиепископија;

7. Кога ќе се создаде Југословенска православна црква - Патријаршија и нашата Македонска православна црква ќе влезе во нејзиниот состав како другите православни цркви во Федеративна Југославија[4].

 

Одлуките од Првиот македонски црковно-народен собор биле доставени до вршителот на патријаршиската должност во Белград, бившиот Скопски митрополит Јосиф. Но, Синодот на Српската православна црква заборавајќи дека црковната јурисдикција на Српската православна црква врз Македонија престанала на 6 април 1941 со Одлука бр. 1279 и Пов., 81. запис. 471 од 22 септември 1945 ја негира Резолуцијата од овој Собор. Ова доведува до ново Свештеничко собрание одржано на 9 - 10 мај 1946 на коешто присуствуваат околу 200 свештеници од Македонија. На Собранието е донесена следнава Резолуција:

 

Р Е З О Л У Ц И Ј А

 

            1. Бараме да имаме народни архијереи, народно свештенство и самоуправност на сите внатрешни црковно-народни прашања;

            2. Народните архијереи да бидат избрани од народот и свештенството;

            3. Да се испрати апел до Светиот синод на СПЦ, до српското православно свештенство и народот, како и до православните свештеници и православните верници и другите југословенски народи, и до црковно-народниот собор на Македонија, да ја поткрепат идеата и акцијата за поскоро организирање на православни цркви во Југославија во која да влезат сите православни цркви на рамноправни начела;

            4. Православните цркви на народните републики да имаат право на самоуправност во внатрешните црковни прашања, да се раководат од свои народни архијереи кои ќе бидат членови на Архијерејскиот собор на православната црква во Југославија со еднакви права и задолженија при решавање на прашања од интерес на заедничкиот црковен живот;

            5. Секоја Народна црква, без оглед на бројот на верниците да има и по еден свој претставник во постојаното управно тело, односно во Светиот синод на православните цркви во Југославија;

            6. Проект Уставот на Православна црква во Југославија да биде изработен од комисија составена од еднаков ист број претставници од сите Православни цркви во Југославија,  истиот да се разгледа и прими на еден заеднички Црковно-народен собор;

            7. Да организира југословенски православни цркви и хиротонија на македонски архијереи, црковниот живот во Македонија да се раководи од избраните од нас црковно-управно тело, и

            8. Ставање во должност на тоа Црковно-управно тело да го направи потребното оваа резолуција да биде спроведена во дело[5].

 

            Со направените отстапки од оваа Резолуција, а во однос на Српската православна црква се сметало дека истава ќе биде прифатена од страна на Српската православна црква. Но, се случило исто како и со претходната резолуција од Првиот македонски црковно-народен собор. Оваа Резолуција е одбиена од страна на Синодот на Српската православна црква со заклучок од 10/23 ноември 1946 под АС бр. 18/заг. 12, со што е повторена одлуката од 22 септември 1945[6].

            По донесувањето на резолуцијата свештеничкото собрание пристапило кон реорганизирање на Иницијативниот одбор, на чиешто чело застанал протоерејот Нестор Поповски.

            На 11 мај 1948 Иницијативниот одбор упатува нов апел до Архиерејскиот собор на Српската православна црква:

 

            1. Македонскиот народ и неговото свештенство има еднодушна желба и право во однос на својата црква да добие свои архиереи, кои ќе бидат вистински народни и црковни претставници;

            2. Православната црква во НР Македонија да биде самоуправна и да се вика: ’Православна црква во НР Македонија’, која ќе биде во канонска врска со Српската православна патријаршија;

            3. Што побрзо да се изврши избор на кандидати за епископи, а тие кандидати избрани од нашето свештенство и народ, да бидат предложени на Св. Арх. Собор за хиротонија;

            4. Сите горни барања да бидат потврдени со одредбите на уставот [...] ваквото решение на нашето црковно прашање ќе бидат од полза за обете страни и во духот на оправданите желби на југословенските народи, во општ интерес на верата и црквата, за чување на братството и единството на нашите народи[7].



[1] Македонските епархии до создавањето на Српската православна црква се наоѓаат под црковна јурисдикција на Цариградската патријаршија. За да ги добие овие епархии Кралствот на СХС започнува преговори со Цариградската патријаршија. Делегацијата којашто преговарала со Патријаршијата била составена од: дипломатот Панта Гавриловиќ, д-р Чедомир Митровиќ, народниот пратеник Саво Љубибратиќ, пратеникот Тенко Поповиќ, прота Стеван Димитријевиќ и ѓаконот Емилијан Пиперковиќ. За согласноста на Цариградската патријаршија да ги отстапи македонските епархии на Српската православна црква, Кралството на СХС од државната каса исплатило 1,500.000 златни франци. Прогласувањето на Српската православа црква за самостојна е направено со кралски Указ! Д. Илиевски, Македонското православно свештенство во борбата за црковна и национална слобода на македонскиот народ, Скопје 1986, 133.

[2] Соборот е одржан во Големата сала на Офицерскиот дом, истиот повеќе не постои, беше срушен за време на земјотресот во Скопје 1963.

[3] Интересно е да се напомене дека на овој Собор присуствувале и претставници и од другите верски заедници во Македонија: од Римокатоличката црква претставник бил Алојз Турк, а од Муслиманската верска заедница скопскиот муфтија Саит Идриз.

[4] Д. Илиевски, Македонското православно свештенство во борбата за црковна и национална слобода на македонскиот народ, Скопје 1986, 127-127.

[5] Цитирано според: Д. Илиевски, Македонското православно свештенство во борбата за црковна и национална слобода на македонскиот народ, Скопје 1986, 151-152.

[6] Исто., 154-155.

[7] Цитирано според: Јован Белчовски, Историските основи за автокефал-носта на Македонската Православна Црква, Скопје 1990, 145-146.



и по однос на овој апел одговорот од страна на Српската православна црква е негативен. Со смртта на патријархот Гаврило († 1950)[1] со изборот на Викентиј за нов српски патријарх, работите полека се менуваат. Новиот патријарх покажал подготвеност за решавање на недоразбирањата помеѓу Српската православна црква и Иницијативниот одбор. Во контекст на ова Иницијативниот одбор испратил писмо до Патријархот (6 ноември 1951) со кое дал поддршка на новоизбраниот патријарх и искажал готовност да ја признае јурисдикцијата на Српската православна црква, доколку се исполнат следниве барања:

 

            1. Додека не се реши прашањето на митрополитот Јосиф, кого ние не сакаме да го примиме, да ни се дадат два епископа: господин Доситеј и да се избере прота Тома Димовски за втор епископ;

            2. Во иднина исто така во епархиите во НР Македонија да се бираат епископи само од Македонија;

            3. Во администрацијата да се употребува нашиот, македонскиот јазик, како и во коресподенцијата;

            4. да се преименуваат црковните установи и печатите во НР Македонија, и наместо ’Српска православна општина во...’ или слично, да стои ’Православна црковна општина во...’;

            5. Во нашите епархии свештеници да се поставуваат само од Македонија, и

            6. По можност првата хиротонија на другиот кандидат да се изведе кај нас, заради нашиот народ и свештенство, зошто тоа би било голема манифестација[2].

 

Патријархот Викентиј со ова писмо се обратил до Архиерејскиот сабор кој во одговорот на ова писмо посебна улога им дал на српскиот епископ во Соединетите Американски Држави Дионисиј и епископот Николај Велимировиќ.

 Така, епископот Дионисиј со писмо под Д. Прот. Бр. 6 од 16 јануари 1952 се обратил до патријархот Викентиј со предлог до Архиерејскиот Собор на Српската православна црква против признавање на Македонска православна црква и Иницијативниот одбор. Во писмото меѓу другото се вели:

 

 затоа се измислени: македонската народност, македонската азбука и македонската книжевност, да би се запечатило со дефинитивното одвојување од Српската православна црква и за создавање независна Македонска православна црква која би ги сочувала тие измислени творевини[3].

 

Со иста цел на 5 јануари 1952 до патријархот Викентиј испратил писмо и епископот Николај Велимировиќ, во кое што вели:

 

Уште потежок е случајот со признавањето на ’македонската народност’, што може да го стори само некој поматен мозок или некој српски одрод и плитички смуткаџија, продадена душа, предавник на српскиот народ. А, кога не постои македонска нација не може да постои ни ’македонска азбука’, ни македонска книжевност, ни македонски јазик, кој всушност е само срботекст на светосавски дијалект на српскиот народ[4]“.

 

Доволни се само овие делови од писмата на овие многупочитувани српски епископи за да разбереме какво христијанство сакала да проповеда и шири во Македонија Српската православна црква. Каква татковска грижа овие архиереи биле подготвени да му дадат на македонскиот народ и со каква мајчинска љубов Српската православна црква сакала да го облие и прегрне македонскиот народ. Зарем некој може да си дозволи да негира постоење на еден народ!? Негирање на народ кој го повика св. ап. Павле да дојде во Македонија за да му проповеда за Христа, народ од чиишто прегратки излегоа сесловенските просветители св. браќа Кирил и Методиј. Народ кој има оставено свој силен печат врз светската историја, народ со богата култура, народ кој прв од сите останати словенски народи ја имаше Библијата на својот мајчин јазик. Народ горд, горд поради духовното наследство коешто го има - Св. Климентовата Охридска архиепископија.

Сепак, и покрај овие негодувања и испади од страна на српските епископи, српскиот патријарх Викентиј успева да добие согласност од Архиерејскиот собор на Српската православна црква[5] да избере епископи за епархиите во НР Македонија. Во согласност со договореното Иницијативниот одбор на 7 јуни 1954 упатил ново писмо до Патријархот каде меѓу другото се вели:

 

1. Православната црква во Македонија да биде во канонско единство со Српската православна црква на чело со патријархот Викентиј, Св. Архиерејски собор и Св. архиерејски синод;

2. Црквата во Македонија да се вика Православна црква на Македонија како би се запазил националниот суверенитет на православното свештенство и македонскиот народ и во таа смисла да се викаат и пониските организациони единки;

3. Во администрацијата да се употребува македонскиот јазик, а во црквата црковно-словенскиот[6].

 

Како предлог за нови епископи е испратена листа со предлог имиња: свештеникот Нестор Поповски од Скопје, прота Томо Димовски од Битола и епископот Топлички Доситеј (кандидат за епископ на Злетовско-струмичката епархија), од овие беше прифатен само епископот Доситеј, но и тој не беше избран.

Во 1956 Иницијативниот одбор го призна патријархот за Администратор[7] на македонските епархии при што е извршена и нова реорганизација на епархиите во Македонија и истите се поделени на три епархии: Скопска, Охридско-битолска и Злетовско-струмичка. Бидејќи сите три епархии биле без епископи истите внатрешно се поделени на Архиерејски намесништва на чело со Архиерејски намесници, сè со цел подобро организирање на црковниот живот. Во периодот што следи се чини дека работите се помрднале од мртва точка, дури патријархот Викентиј и ракоположил неколку нови свештеници.

Во април 1958 во Македонија доаѓа делегација од Српската православна црква: патријархот Викентиј, епископот Нишки Јован, епископот Браничевски Хризостом и викарот на патријархот епископот Доситеј, и се чини дека работите конечно ќе дојдат на своето место. Веќе на 10 мај истата година Архиерејскиот Собор на Српската православна црква повторно одлучува да се врати состојбата во „Јужна Србија“ онака како што била до пред Втората световна војна и го негира договорот од 1957 со кој беше договорен избор и хиротонија на епископи Македонци. Архиерејскиот собор на Српската православна црква цели 12 години играше партија шах со Иницијативниот одбор и додека вториов од барање за автокефалија во 1945 ги менуваше и намалуваше своите барања признавајќи го дури и српскиот патријарх за администратор со македонските епархии, Архиерејскиот собор знаеше само за еден потег: рокада!

Иницијативниот одбор сметаше дека е време да се стори нешто, немаше повеќе што да се отстапи. За таа цел, на 23 јули 1958 со проширен пленум Иницијативниот одбор донесена е одлука за свикување на нов македонски црковно-народен собор.

На 4 октомври во одморалиштето „Орце Николов“ на бреговите од Охридското езеро започнува со работа Вториот македонски црковно-народен собор. Истиот трае до 6 октомври и на него присуствуваат 219 делегати. Самиот Деловник на Соборот бил поделен на три дела. Во првиот дел се разгледувани точки коишто се однесуваат на самиот собор и дотогашните активности на Иницијативниот одбор. Во вториот дел е третирана обновата на Охридската архиепископија, а во третиот дел Уставот на Македонската православна црква и нејзиното уредување. Овој Црковно-народен собор ја донесува следнава Одлука:

 

 

О Д Л У К А

 

I

Овој Црковно-народен собор решава да се обнови старата Македонска Охридска архиепископија која беше присилно укината, а и епархиите припоени кон Цариградската патријаршија во 1767 година, и истата да носи назив „Македонска православна црква“.

 

II

            Според основните канонски прописи црковните граници да се поклопуваат со државните граници, овој собор решава црковните граници на епархиите на Македонската православна црква наполно да се поклопуваат со границите на НР Македонија.

 

III

            Во составот на Македонската православна црква влегуваат: митрополија Скопска, епархиите Охридско-битолска и Злетовско-струмичка со сите парохии што се наоѓаат на територијата на НР Македонија.

IV

            На чело на македонската православна црква стои митрополит кој носи титула „Архиепископ охридски и скопски и митрополит Македонски“.

            Седиштето на митрополијата е во град Скопје.

            Митрополитот со епархиските архиереи претставува највисока духовна власт на Православната црква во Македонија.

 

V

            Животот и работата на Македонската митрополија како и на целиот црковен живот, ќе се одвива според Уставот и одредбите на Македонската црква што овој собор ќе ги донесе, како и според каноните на Православната црква.

 

VI

Овој собор ќе го избере првиот митрополит и епархиските архиереи на македонската православна црква од средината на своите домашни синови, а според правилникот што соборот ќе го донесе.

 

VII

Заради одржување на црковно-канонското единство во Православната црква на територијата на ФНРЈ, Македонската црква го признава патријархот на Српската православна црква како врховен поглавар на православните. Единството во православната црква го репрезентира патријархот.

 

VIII

Правата и односите меѓу патријархот на Српската православна црква и Македонската православна црква ќе бидат утврдени со посебна спогодба.

IX

Овој црковно-народен собор, по изборот на митрополит и епархиските архиереи, ќе ја продолжи својата работа како прв законодавен и уредбодавен редовен собор на Македонската митрополија[8].

 

Особено внимание од оваа Одлука привлекуваат членот 4 и членот 7 во коишто јасно се укажува во каков однос ќе биде Македонската православна црква со Српската православна црква, како две независни цркви коишто постојат во една Федеративна држава. ФНР Југославија беше како што кажува и нејзиното име Федерација на независни држави здружени поради заеднички интерес, ова треба да биде и односот помеѓу двете автокефални цркви коишто се наоѓаат во две независни држави: НР Србија и НР Македонија, но сепак, заедно во Федерацијата. Токму ова е односот поставен помеѓу Македонската и Српската православна црква. Патријархот е признат како врховен поглавар на Православната црква во рамките на Федерацијата, а не во Македонија. Членот 4 јасно го определува и единствениот поглавар на Македонската православна црква: На чело на Македонската православна црква стои митрополит кој носи титула „Архиепископ охридски и скопски и митрополит Македонски. Интересно е дека при формирањето на Српската православна црква во указот на Министерството на верата на Кралството СХС и во канонското писмо на Цариградскиот патријарх не се споменува Српска православна црква, туку Обединета православна црква во Кралството СХС!



[1] На погребот на српскиот патријарх Гаврило присуствувала и Делегација испратена од Иницијативниот одбор. Истата ја сочинувале свештениците: Ѓорѓи Ангелковски, Борис Анѓелковски, Вељо Манчевски и Симон Сардељиќ.

[2] Цитирано според: Јован Белчовски, Историските основи за автокефал-носта на Македонската Православна Црква, Скопје 1990, 146. Види: Д. Илиевски, Македонското православно свештенство во борбата за црковна и национална слобода на македонскиот народ, Скопје 1986, 181-182.

[3] Д. Илиевски, Македонското православно свештенство во борбата за црковна и национална слобода на македонскиот народ, Скопје, 182.

[4] Исто., 182 -83.

[5] Писмо од Светиот Синод на Српската православна црква бр. 1149/54.

[6] Цитирано според: Јован Белчовски, Историските основи за автокефално-ста на Македонската Православна Црква, Скопје 1990, 147; Д. Илиевски, Македонското православно свештенство во борбата за црковна и национална слобода на македонскиот народ, Скопје, 251.

[7] Патријархот Викентиј е прифатен за Администратор на трите непополнети епархии на НРМ, под услов администраторството да не трае повеќе од интервалот на две заседанија на Светиот архиерејски сабор.

[8] Цитирано според: Јован Белчовски, Историските основи за автокефално-ста на Македонската Православна Црква, Скопје 1990, 149-50; Д. Илиевски, Македонското православно свештенство во борбата за црковна и национална слобода на македонскиот народ, Скопје, 316-317.



За Архиепископ на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква е избран Топличкиот епископ г. Доситеј, за Злетовско-струмички епископ е избран Тома Димовски, а за Охридско-битолски Никола Трајковски.

Востоличувањето на архиепископот е извршено на 5 октомври 1958 во храмот „Св. Климент“, а на 6 октомври Црковно-народниот собор го донесе Уставот на Македонската православна црква. За ова архиепископот Доситеј го извести патријархот Герман. Но, остана проблемот со високиот клир, сè уште недостасуваа двајца епископи. Избраните кандидати од страна на Соборот беа замонашени, но не беа епископи.

Скоро една година по Црковно-народниот собор прв пат откако започна разговорите со Српската православна црква за обновување на Охридската архиепископија и создавање на Македонска православна црква во Скопје стигна јасен, неколеблив христијански одговор. Архиерејскиот собор на Српската православна црква на својата јунска седница (24 јуни 1959) со Одлука  (АС. бр. 47/1959 и 6/1595 запис. 57) ги потврдува одлуките од Вториот македонски црковно-народен собор од претходната година:

 

Светиот Архиерејски Собор констатира: дека епархиите Скопска, Охридско-битолска и Злетовско-струмичка на црковно-народниот собор одржан на 4-6 октомври 1958 година во Охрид СЕ ИЗДВОИЛЕ ВО САМОСТОЈНА МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА која се управува по Уставот донесен на тој Собор, а останува и понатаму во КАНОНСКО ЕДИНСТВО со Српската православна црква преку нејзиниот поглавар НЕГОВАТА СВЕТОСТ ПАТРИЈАРХОТ на Српската православна црква.[1] [...] СО ОВАА ОДЛУКА ПРЕСТАНУВААТ ДА ВАЖАТ ПРОПИСИТЕ НА СРПСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ЗА ЕПАРХИИТЕ И АРХИЈЕРЕИТЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА НР МАКЕДОНИЈА[2].

 

Веќе на 10 јули истата година српскиот патријарх Герман заедно со архиепископот Доситеј во храмот „Св. Мина“ во Скопје го хиротонисаа Климент (Никола Трајковски) за епископ Охридско-битолски , а на 26 јули во Штип во храмот „Св. Никола“ е хиротонисан за епископ Злетовско-струмички Наум (Тома Димовски). Со самото сослужување, а и ракополагањето на двата епископа коишто и недостасуваа на Македонската православна црква да дејствува и да се развива понатаму, патријархот Герман и лично ја потврди одлуката и каноничноста од прогласувањето на Македонската православна црква за АВТОКЕФАЛНА.

Во 1962 Македонската православна црква ја посети и рускиот патријарх Алексеј при што на 25 мај во храмот „Св. Богородица - Каменско“, Охрид беше отслужена света архиерејска литургија чиноначалствувана од тројцата поглавари: патријархот Алексеј, патријархот Герман и архиепископот Доситеј.

Но овој мир во Црквата Христова траеше кратко. Веќе во 1966 на својата седница во мај Архиерејскиот собор на Српската православна црква донесува Одлука да се ревидира Одлуката од 24 јуни 1959 и Македонската православна црква да се врати под нејзина јурисдикција.

Не можејќи со ништо да го оправда ваквиот став на Архиерејскиот собор и не наоѓајќи можност за дијалог со Српската православна црква, Светиот Синод на Македонската православна црква со писмо (Бр. 226 од 5 декември 1966) побара од Архиерејскиот собор на Српската православна црква признавање на Автокефалноста. Одговорот беа закани упатени кон македонските архиереи.

Како последица од ваквиот однос на Српската православна црква Светиот Синод на Македонската православна црква свика Трет македонски црковно-народен собор (17 јули 1967). Соборот ја подржа одлуката на петтемина македонски архиереи за прогласување автокефалност. Па така, на 18 ЈУЛИ 1967 Светиот Синод на Македонската православна црква донесе Одлука за прогласување автокефалност.

 

 

 

 

О Д Л У К А

ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ АВТОКЕФАЛНОСТ НА

 МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 

ЧЛЕН 1.

            Македонската православна црква - наследница на обновената Охридска архиепископија - се ПРОГЛАСУВА АВТОКЕФАЛНА.

 

ЧЛЕН 2.

На чело на автокефалната македонска православна црква е АРХИЕПИСКОП со достоинство „АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ“.

Досегашниот поглавар на Македонската православна црква, сега поглавар на автокефалната Македонска православна црква, Неговото Блаженство Господин Доситеј ќе се именува „АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ“.

 

ЧЛЕН 3.

            Дијацезата на автокефалната Македонска православна црква се поклопува со границите на македонската национална држава - Социјалистичка Република Македонија.

 

ЧЛЕН 4.

            Автокефалната Македонска православна црква, како дел на едината, света, соборна и апостолска Црква, ги прима и го чува своето Свето Писмо, прописите на сите Вселенски и Помесни собори, како што го чуваат и другите автокефални православни цркви и отфрла секое друговерно учење.

 

ЧЛЕН 5.

            Автокефалната Македонска православна црква се управува согласно со Светото Писмо, Светото Предание, Апостолските правила, каноните на светите Вселенски и Помесни собори и Уставот на Македонската православна црква.

 

ЧЛЕН 6.

            Препис од оваа одлука да се достави до сите автокефални православни цркви, како и до сите епархии и црковни општини на автокефалната Македонска православна црква.

 

ЧЛЕН 7.

            Објавувањето на оваа Одлука да стане пред Црковно-народниот собор на Македонската православна црква, свештенството и благочестивите христијани на Св. Архиерејска литургија во црквата Св. Климент Охридски во Охрид.

 

ЧЛЕН 8.

            Оваа одлука стапува во сила веднаш по донесувањето.

 

 

            Со писмо од 31 август 1967 Светиот Синод на Македонската православна црква го запозна Архиерејскиот собор на Српската православна црква со својата одлука, одговорот беше дека високиот клир при Македонската православна црква се расколници [!?]. Со цел да го одвои македонскиот народот од својата Црква, истиот не беше прогласен за расколнички. Доколку клирот на Македонската православна црква се расколници, тогаш и македонскиот народ е расколнички, бидејќи Црковно-народниот собор од 17 јули ја потврди и усвои Одлуката на Светиот Синод на Македонската православна црква.

 

            Иако поминаа 62 години од Првиот свештенички собир (21 септември 1943) и 38 години од прогласувањето  на Автокефалноста на Македонската православна црква (18 јули 1967), таа сè уште не е признаена од страна на Српската православна црква. На почетокот од XXI век Српската православна црква сè уште го одрекува постоењето на македонскиот народ со што ја правда „не возможноста“ да постои Македонска православна црква како Црква на македонскиот народ.  



[1] Цитирано според: Јован Белчовски, Историските основи за автокефално-ста на Македонската Православна Црква, Скопје 1990, 151 .

[2] Д. Илиевски, Македонското православно свештенство во борбата за црковна и национална слобода на македонскиот народ, Скопје, 332.



Изменето од macedon_alex - 23.Јули.2009 во 14:40
Земете БРОНХИ полесно се дише
Кон врв
Bronhi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 348
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bronhi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2009 во 13:10
Зарем никој не знае барем ЕДЕН канон што го прекршила МПЦ по однос на прогласуваето на афтокефалност?
Земете БРОНХИ полесно се дише
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2009 во 09:12
Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:

Зарем никој не знае барем ЕДЕН канон што го прекршила МПЦ по однос на прогласуваето на афтокефалност?


Докако чекаме некој да даде одговор на твоето прашање да видиме малку историска фантастика на црковна тематика од д-р Петар Поповски
http://mn.mk/index.php/aktuelno/408-rusite-pravoslavnata-vera-ja-primile-od-makedonija


Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2009 во 18:58
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:

Зарем никој не знае барем ЕДЕН канон што го прекршила МПЦ по однос на прогласуваето на афтокефалност?


Докако чекаме некој да даде одговор на твоето прашање да видиме малку историска фантастика на црковна тематика од д-р Петар Поповски
http://mn.mk/index.php/aktuelno/408-rusite-pravoslavnata-vera-ja-primile-od-makedonija




Црковните работи се сложена материја, за која секако е потребно и мислење од човек кој на тоа е посветен. Интересно би било ова да е поткрепено со мислење и од Русите, или некој нивен запис.

Секако, митологизации Каснакоски, особено на полето на црковните работи има и кај вас, па дури и повеќе отколку што можеш да замислиш ( вашата Црква е признаена Црква од 1945 година, а и не заборавајте, тоа е поради милоста на Цариградската Црква, иако канонските одердби не ги исполнувавте.
Кон врв
Bronhi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 348
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bronhi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 11:22
Македон ова е потврдено и од Русите :). До 1018 денешната Руска православна црква се наоѓа под црковна јурисдикција на Охридската архиепископија, времето на архиепископот Јован.
Земете БРОНХИ полесно се дише
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 13:33
Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:

Македон ова е потврдено и од Русите :). До 1018 денешната Руска православна црква се наоѓа под црковна јурисдикција на Охридската архиепископија, времето на архиепископот Јован.


Дај да видиме извор.


А на Депо да му покажам што се вика фалсификат од истиот линк, а тука веќе имаме официален карактер на источникот - весникот „Македонска нација“.

Потеклото на вистинските цркви

Римскиот папа Никола I (858-867), пренесувајќи го официјалниот став на Римокатоличката црква во поглед на приматот на христијанските цркви во Источната и Западната екумена уште во далечната 859 година изјавил:
“ Римската к*рија за вистински цркви ги смета оние што беа основани од апостоли, како што се - македонската, римската, антиохиската и александриската црква. И покрај тоа што црковните големодостојници на цариградската и ерусалимската црква се нарекуваат патријарси, сепак, тие немаат такво значење, бидејќи не се уредени од апостоли ”.


(Латински извори за бугарската историjа, II, BAN, Sofiz, 1960, 109, 110, 11 i 172).

Во ЛИБИ никаде не пишува такво нешто.




Барај на 92

Папата заборавил да ја спомне и македонската црква, ама не е проблем да му ја исправиме грешката, нели?



Изменето од Македон - 29.Септември.2009 во 17:03
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2009 во 17:45
Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:

Македон ова е потврдено и од Русите :). До 1018 денешната Руска православна црква се наоѓа под црковна јурисдикција на Охридската архиепископија, времето на архиепископот Јован.


Интересно тврдење, ако може и некој извор да ми дадеш, навистина за ова првпат слушам и многу ме интересира. Јас ја знам традиционалната верзија за руското покрстување, односно присуството на пратениците на Св.Владимир на литургијата во Цариград, нивното враќање и покрстувањето на кнезот и сите луѓе со свештеници од Цариград.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2009 во 18:07
Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:

Македон ова е потврдено и од Русите :). До 1018 денешната Руска православна црква се наоѓа под црковна јурисдикција на Охридската архиепископија, времето на архиепископот Јован.
Интересно тврдење, ако може и некој извор да ми дадеш, навистина за ова првпат слушам и многу ме интересира. Јас ја знам традиционалната верзија за руското покрстување, односно присуството на пратениците на Св.Владимир на литургијата во Цариград, нивното враќање и покрстувањето на кнезот и сите луѓе со свештеници од Цариград.


Нема да може да ти даде друго, освен напишаното од фантазерот Попвски.
Линкот до „Македонска нација“ не работи, не знам зошто. Види ја статијата



Русите христијанството го примиле од Македонците



Името на Прва Јустинијана Охридска уште на почетокот на 10. век длабоко навлегло во руските маси и тоа станало поим и легенда за православното христијанство.
"Руската кнегиња Олга отишла да се покрсти во македонската престолнина на христијанството (955 г.), бидејќи сметала дека приказната за нејзиното покрстување во тогаш популарниот Охрид, можела да придонесе да се забрза процесот на христијанизацијата во Русија".

Ако се суди по преписите на службите и житијата на Климент и Наум, направени во тој период во Русија, за кои се знае дека биле "сакано четиво" кај источната публика, особено меѓу верниците, тогаш со право може да се констатира дека врските меѓу Македонија и Македонската охридска црква со Русија и Руската црква датираат од многу порано, од времето на солунските браќа Константин - Кирил и Методиј, кога тие биле во црковно-просветна и културна мисија кај Хазарите на Кавказ, што е сосема разбирливо, зашто Хазарското Царство се граничело со Киевска Русија, каде што живеел исклучиво словенски народ. Се претпоставува дека и самата Хазарска држава, која се простирала од Каспиското до Аралското Море, посебно по долното течение на реките Волга и Дњепар, до Северен Кавказ, била населена со племиња од различен етнички состав, меѓу кои доминирал словенскиот елемент. За нивната просветна дејност меѓу словенските народи на тие простори дознаваме и од рускиот летопис "Повест времених лет" од XI век, составен од "преподобниот" Нестор (1056-1114), монах во Киевско-Печерскиот манастир. Во овој исклучително важен документ авторот ни соопштува дека светите браќа Константин - Кирил и Методиј, додека престојувале кај Хазарите, освен Евангелието, ги превеле уште и: Апостолот, Октоихот, Псалтирот и уште неколку богослужбени книги за словенските народи на тие простори.

Влијанието на солунските браќа во поглед на ширењето на христијанството и на писменоста во руските земји било многу големо. Нивните идеи се ширеле многу брзо и на сите страни и тие биле месовно прифаќани од руското населние. Уште со првиот продор на идеите за христијанизација и, особено, на богослужбените книги со кирилско писмо, истовремено продирале и сознанијата за постоењето на најголемата христијанска црква на Балканот, на античката древност - Прва Јустинијана Охридска. Нејзиното име уште во почетокот на X-от век длабоко навлегло во руските маси и тоа станало поим и легенда за православното христијанство во таа земја. Во прилог на тој факт, сведочат и сознанијата на познатиот руски историчар Приселков (1881-1941). Тој вели: "Киевска Русија христијанската вера ја примила - не од Византија, туку од рацете на охридскиот патријарх", што како резултат на тоа, "Руската црква била една од епархиите на старата Охридска патријаршија". Според Приселков, во времето на покрстувањето на Русите, Русија немала некои постојани и цврсти врски со Византиската империја. Имено, христијанството примено кај нив, убедливо се разликувало од она што било раширено во одделните теми во Византија. Ова свое сознание го темели врз основа на своите научни истражувања, направени во почетокот на XX век и врз основа на стари летописи. Како многу силен аргумент, со кој се поткрепува тој факт, претставува неговото откритие за првите видни личности во руското општество кои го прифатиле христијанството и се покрстиле.

Имено, во старите руски летописи открил дека "руската кнегиња Олга и нејзиниот внук, кнезот Владимир, биле покрстени во Охрид, првата во 955, а вториот во 987 година.

Овој податок не е без основа. Сите руски извори тврдат дека кнегињата Олга била првата руска жена која самата се вовела во христијанството. Оваа енергична и грамотна кнегиња, чии интелектуални способности се одликувале со силно изразено визионерство, имала јасно одредени цели за иднината на Русија. Имено, со цел да ја сочува нејзината независност и да се здобие со самостојност во црковните работи, "водела итра дипломатска политика". Познавајќи ја многу добро византиската црковно-политичка концепција, според која, секој народ кој христијанството го примал од рацете на Грците автоматски станувал вазал на грчкиот император, односно политички зависен народ и политички зависна држава, таа не сакала нејзината земја да ја подведе под Византија. Од тие причини, наместо во Цариград, отишла во Охрид, "во престолнината на христијанството", каде што се покрстила. Не случајно тргнала на толку долг пат. Охрид во тоа време претставувал "најсветлиот пункт во историјата на македонците", а во македонската Прва Јустинијана Охридска бил концентриран целиот духовен живот на народите. Оваа жена-дипломат меѓу својот народ уживала голем углед и авторитет во работите од христијански карактер, поради што манифестирала забележително влијание во сферата на религиозниот живот кај соседните народи. Затоа тргнала, токму, во Македонија, бидејќи сметала дека приказната за нејзиното покрстување, во тогаш популарниот Охрид, можела да придонесе да се забрза процесот на христијанизацијата во Русија. Во тоа наполно успеала.
Култот кај Русите кон кнегињата Олга толку многу пораснал, што непосредно по нејзината смрт била прогласена за народен светија на Руската Православна Црква. Во Киевска Русија таа се почитува како прва жена христијанка и како жена дипломат и владетелка. Во нејзина чест во Украина е воведена награда "Орден на кнегиња Олга", со која се наградуваат жени што се истакнале во служењето на украинскиот народ.

Руските летописци сиот триумф од победата на христијанството над јазичниците му ја припишуваат на Олгиниот внук, на кнезот Владимир. Неговото покрстување во Охрид, во 987 година, придонесло уште повеќе да се зацврснат врските на Киев со Охрид, што имало силен одраз врз развојот на христијанството во Русија. Тие врски постојано се проширувале и збогатувале со нови христијански содржини. Историчарот Приселков констатира дека "кога бил ракоположен првиот руски митрополит, Теопемт, во 1037 година, руската црква била потчинета на Охридската патријаршија".

Покрстувањето на Киевска Русија хронолошки се совпаѓа со постоењето на Самоиловото Царство, а Црквата на Самоил, Охридската архиепископија, која во негово време била подигната на степен на патријаршија (999 г.), била најсилна христијанска црква, со најголема диецеза, која имала врски со многу словенски народи. Некои руски историчари тврдат дека "јурисдикцијата на Охридската патријаршија над Руската црква се протегала и по паѓањето на Македонија под Византија, во времето на Василие Втори". Првата жена на кнез Владимир, чие име, засега, не ни е познато, мајка на нивните синови Борис и Глеб, кои денес се слават како први руски светии, Приселков соопштува дека потекнувала од семејството на цар Самоил. На ваков заклучок го навел податокот дека "првобитно синовите на кнез Владимир ги имале христијанските имиња Роман и Давид, кои често се среќавале меѓу големодостојниците од придружбата на македонскиот цар Самоил". До извесно заладување на односите меѓу Киев и Охрид дошло кога кнезот Владимир, откако станал вдовец, се оженил со Ана, сестрата на византискиот император Василиј II Македоноубиец.
Просветителското дело на солунските браќа, кое незадржливо се ширело меѓу словенското и несловенското население на Кавказ, и особено во Киевска и Московска Русија, одиграло значајна улога, пред сѐ, во подоцнежниот период, во време на покрстувањето на рускиот народ на тие простори. Имено, тоа довело до забрзување на тој процес и до културен препород на новохристијанизираните словенски маси, што ги издигнало на повисоко црковно-просветно и културно рамниште.



Д-р. Петар Поповски




Изменето од Каснакоски - 05.Октомври.2009 во 18:07
Кон врв
g-1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 10.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај g-1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2009 во 20:41
Originally posted by Македон Македон напиша:


Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:

Македон ова е потврдено и од Русите :). До 1018 денешната Руска православна црква се наоѓа под црковна јурисдикција на Охридската архиепископија, времето на архиепископот Јован.
Интересно тврдење, ако може и некој извор да ми дадеш, навистина за ова првпат слушам и многу ме интересира. Јас ја знам традиционалната верзија за руското покрстување, односно присуството на пратениците на Св.Владимир на литургијата во Цариград, нивното враќање и покрстувањето на кнезот и сите луѓе со свештеници од Цариград.




Чесен и точен одговор на ова прашање може да даде г-дин. Цветан Гроздановски.
Црковните прашања се негова специјалност.


Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2009 во 15:48
Види Македон, зошто Егзархијата не била туѓа за Македонците. Пак Мисирков. Навистина неговото може да спореди со Библијата. Има одговор на сите прашања и ми се чини дека ни одговарат и на двете стани. Мене ми е пријатен да речеме првиот дел на реченицата, тебе вториот или обратно.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 37>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,500 секунди.