|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 109110111112113 138> |
Автор | |
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како на почетокот
има време на потегот на другиот се чекаше по некоја пауза проучувачка по некоја чаша вино никако две веќе опиени бевме со сменети бои на очи еден од друг превземени како книга кога се чита со главниот лик соживеани наша приказна правиме ништо не запишуваме ќе се каеме ремек дело пропуштаме мислиме ќе запаметиме сега е така со во себе страв дека може ќе заборавиме. |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kako na kraj
nikogash nema vreme potezite nashi cekaaat pauza ispienite dve cashi vino ne ni ja smenija bojata na ocite eden so drug bez dogovor za glavniot lik za idnata sapunska serija prikaznata veke e napishana za nishto ne se kaeme pravo remek delo e sve e zapamteno nishto propushteno ne sum kriva deka idejata e ista samo vo obraten pravec stavena pred odsjajot na ogledaloto.. Изменето од bijonse1 - 29.Септември.2009 во 22:07 |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ниеден збор не е вечен
делата се такви а ние сме такви засекогаш поинакви со зборови играме додека низот продолжува споени и сплотени ко еден непоколебливи иако личиме на пеперутки никогаш не се одалечуваме од она што не врзува ова не е љубов на гранитен столб личи но многу е посилен нема мисла или збор кој не потсетува на нас не постои ништо друго само ние сме тишина е насмевки шушкаат кон бакнеж се стремат. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако пред тебе се појавам
дали само со поглед ќе ме погалиш или само ќе ми речеш дека време за игри не е а нити место каде треба да бидам оној кого знаеш. Ако те бакнам пред сите кои не те знаат како таква која е често бакнувана од мене кого на прв поглед ќе го знаат само како таков. Ако те гушнам и одведам онаму каде никогаш не сме биле дали бар тој ден зад себе се што си знаела ќе оставиш ? |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Две лица споени во минатото,
толку си припаѓаа едно на друго се сакаа,се милуваа, тајни си делеа Останаа да живеат, ама само во минатото таму вечно ќе постојат без никој да ги спречи и раздели. Сега нема ни еден збор помеѓу нив, но сепак останаа во срцата да живеат онаму каде некогаш застанаа. |
|
aceviz
Нов член Регистриран: 29.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
dali ima nesto vredno vo nasiot zivot?
dali e ova son ili pak navistina go dozivuvame ova? ljubov? Koga sonceto ke se zaljubi vo mesecinata koga neboto i zemjata ke se spojat ni togas nema da znaeme sto e toa ljubov ziveeme vo svet poln so lagi kade sto ljubovta e samo zbor kade sto zborot te sakam e samo edna navika Zasto se kolneme vo isus deka ke bideme verni? deka nema da vrsime preljuba deka ke bideme do krajot na zivotot zaedno zasto sami se lazeme? Brak,dokument so obicen potpis Svet so mnogu lagi so mnogu licemernost bez razlika sto i da napravime nikogas nema da bide dobro nikogas nema da bide kako sto sme sonuvale Zarem tolku e vreden ovoj zivot? ili nie neznaeme da go ziveeme kako sto treba Zasto gospod gi zima onie sto se najdobri onie sto gi sakame zasto ne tera da patime tolku taka bilo pisano ili pak nie si go pisuvame toa postojat milion prasanja vo vrska so zivotot no i milion odgovori koj sto nikogas nema da gi doznaeme....... Zivot-son ili realnost? |
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Hteo bih da sam cvet kraj puta,
a ti da naidjes kroz dolinu, da me uzbere tvoja ruka zanavek uzme me u svojinu. Zelim i da sam vino rujno, da ti potecem grlom belim, pa,kad se slijem s tobom bujno, tebe i sebe da iscelim. |
|
Дак
Сениор Регистриран: 09.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
С И Л У Е Т А
Се нишаа гранките од силниот ветер удирајќи по прозорецот. Дождот прскаше по стаклото замаглувајќи ми го видот. Оваа лето повеќе личи на есен со овие силни дождови така да повеќе време останував во својата соба со поглед упатен кон улицата.Ги гледав луѓето стиснати во своите намокрени алишта брзаа на кај своите домови.Ги изненади времето,од сончево се претвори во силен дожд,и тоа студен дожд.Го отворив прозорецот за да влезе свежината од дождот,но повторно го затворив,дождот навлегуваше и во собата.Повторно седнав до прозорецот гледајќи ги мокрите улици по кои течеше река од дождот.А што друго да правам, кога сум без светлост,без компјутерот,без телевизорот...дури неможев да си направам кафе.Снема струја од силните грмотевици...кога ли ќе престанат,се плашам од нивното силно трескање.Небото личеше на болно поле на секавици кои изгледаа моќни,светли,а воедно и прекрасни. Улицата од мојот видокруг беше сосема испразнета освен една машка силуета која чучеше под некоја стреа од куќата.Го знам човекот, често поминуваше и мислам дека тука некаде живее по таа улицата накај цигланскиот пат. Стиснат во своите излитени,искинати алишта настојуваше да се заштити од силниот дождот покривајќи се со крагната од пожолтеното палто.Со него секогаш одеа и три,четири кучиња,ги чува,им дава по некое перче леб.Кучињата му беа се,и деца и другари и комшии.Одеше сам,никој не му се приближуваше поради страшниот изглед.Има долга измаснета коса,лице обраснато во брада,но понекогаш знаеше и да ја избричи.Си свирка некоја песна,така е и сега додека го гледам како силуета зад замаглениот прозорец.Знае да се расправа и сам со себе,да зборува со невидливи личности познати само на него.А кучињата,негови верни другари горди стоеја до него,изгледа дека само тие можеа да го разберат,да бидат со него додека мрмори под мустаките.Му здосади од стоење и седна на земјата.Седеше така долго,мислам дека го фати дремка.Дождот сеуште паѓаше и мислиш никогаш не ќе престане.Човекот како да беше отргнат од некој сон. Скокна на нозете и застана на сред улицата.Почна да се врти во круг и пееше на цел глас.Изгледа му се сврте во главата,ја изгуби рамнотежата стрполувајќи се на улицата.Се смееше гледајќи кон темното небо од кое се слеваше дождот.Дождот паѓаше по неговото лице од кое настојуваше да ја измие насобраната кал од улицата.Повторно застана на своите нозе тетурајќи се лево десно.Откако се смири и исправи свирна со устата давааќи им сигнал на своите кучиња дека е време да тргнат.Не му пречеше силниот дожд,не настојуваше да се сокрие продолжувајќи по патот.Од мојот прозорц човекот полека по полека исчезна како силуета се додека сосема не исчезна. А човекот и личи на силуета,затворен во својот свет,во самиот себе. Даница Петровска „09„ |
|
Љубов и само љубов
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес имав „големо есенско чистење“ низ мојата глава... што се не ќе откриеш кога имаш миг да се посветиш самиот на себе. и додека споро се влечев по групата на нагорнините,отварав фиока по фиока... во фиоката со радост само ставив кесичка лаванда за освежување и не се осмелив да чепкам по неа...нека почека...ќе ја отворам некој друг ден... тага...спомени...слики од првите насмевки...зборчиња и слогови кои никој не ги разбираше а јас се радував на нив како луда...мали и големи расправии... затурено шишенце со солзи...не одолеав...ѕирнав... страшаната фиока... само ја подотворив...сметки,фактури,даноци,документи,кредити,давања и земања...ех да можев тој дел да го препратам директ во рисајкл бин некој ми вика-ајде де,побрзај...не си полжав.. полжав...да..само да можев да се скријам во сопствената куќарка...и да излезам само кога сакам јас..а вие останатите...хм...за вас нема место моите спомени се стуткале некаде далбоко во ќош..како да ги нема веќе...како да не постоеле...теглата со пеперутки...уф...од кога ги повикував... и музиката,мојата музика,куклите,моливите во боја,блокот,писмата...делови од мојот живот расфрлни по цела лева страна...ѕиркаат од фиоките...ме гледаат право во очи,ко да сакаат да ми кажат дека немам веќе право на нив...се’ е тука... стигнувам до групата..ме чекале...лути се...не може човек на раат да прочепка ниту низ сопствената глава а некој да не се најде повреден од постапката... ми падна на памет советот од Марко Антони... притисни DELETE... во право си бил пријателе притиснав DELETE... вечерва ќе спијам ко нова и обавезно со рацете нагоре Изменето од Andjelina - 12.Октомври.2009 во 10:06 |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Za ona DELETE
|
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
во фиоката со радост само ставив кесичка лаванда за освежување
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
зезнат прераскажувач на филмои
Денес, пред да легнам, гледав една холивудска полутралалајка. Ги сакам тие филмови. Насловот нема да Ви го кажам, оти ќе ме наречете зезнат прераскажувач на филмои. Фабулата е веќе видена. Една девојка и два типци, нешо ко дневникот на Бриџит Џонс.
Девојката го прашува првиот тип. Зошто ме сакаш? ... си прекрасна, преубава.... ...си тоа, што секогаш сум знаел дека ми треба..... ...никогаш не приговараш и секогаш сакаш исто како мене......
Девојката го прашува вториот- Зошто ме сакаш? ... појма немам, но те сакам..........
Љубов не е квиз -Kој сака да биде милионер?-, оти тие, што се сакаат, веќе се милионери.
Изменето од anakin - 12.Октомври.2009 во 14:38 |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако си чаша
ќе те испијам до дно и ќе барам повторно да ми се налееш да се опијам да се заборавам доста ми е од знаење нема тука никакво умеење доста ми е по грб тапкање прегратка ми треба обична и со страст дали ќе стојам или паднам исто да биде штом ќе те побарам веднаш да те наоѓам а лесно беше да знам што сакам меѓу толку многу лица бледи веднаш се издвои. |
|
Внеси реплика | страница <1 109110111112113 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |