|
Каква улога има кај православните светата водичка? |
Внеси реплика | страница <1 6789> |
Автор | |||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Битие 1:2 Земјата беше безоблична и празна; и имаше темнина над бездната; Духот Божји лебдеше над водата. Аххх, кога ќе почнеш веќе да ја читаш Библијата??? Почетокот т.е. основата не ја знаеш, а ни кажуваш дека откровенијата што ти дошле на сон се точниот начин на толкување на Светото Писмо. Изменето од Maran Ata - 02.Октомври.2009 во 14:54 |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Маран Ата, а кој тоа добил откровение за Библиско толкување-во сон?Не видов такво нешто. Зошто толкава иронија? Зошто таква жолч? Зар смеете така да си се обраќате едни на други, од висина, правејќи се кој е попаметен, кој прочитал или знае повеќе? “Последните ќе бидат први-а првите последни“ -што мислел Исус кога го рекол ова? |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Марија, а знаеш дека Исус рекол и да го положиш својот живот за ближниот? Во случајов, Рита малку дрско се обраќа кон Опитен.
И темата не е тоа. Да се вратиме дали всушност Светиот Дух слегол над водата или не. Нели, демек такво нешто немало во Библијата, но кој ја прочитал, ќе знае дека тоа е меѓу ПРВИТЕ работи кои се кажани во Библијата! |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Постот на Рита беше едитиран.
Со многу мала измена. И ја опоменав. Иако ни приближно обраќањето не и беше така арогантно како твоето кон неа. Толку од мене. Ако можете да се толерирате, да разговарате без лични видувања за тоа колку некој знае или прочитал, што да ви кажам...продолжете си така, ама после без плачки. |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Секогаш успеваш да ме насмееш. Срцка таа, сака да живеам подолго. Тоа што се случувало пред создавањето на животот на земјата нема никаква врска со тоа што вие го практикувате. Никаде не пишува дека таа вода била осветена од Светиот Дух или слично. Едноставно...wow... Запишано е во Новиот Завет: Матеј: 3:11 Јас ве крштавам во вода за покајание; но Оној, Кој доаѓа по мене е посилен од мене, Кому јас не сум достоен да Му ги понесам обувките. Тој ќе ве крсти во Светиот Дух и оган. Марко: 1:8 Јас ве крстив во вода, а Тој ќе ве крсти во Светиот Дух.” Лука: 3:16 Јован им одговори на сите: „Јас ве крштавам во вода; но иде посилен од мене, Кому јас не сум достоен да го одврзам ременот на Неговите обувки; Тој ќе ве крсти во Светиот Дух и оган. Јован: 1:33 Јас не Го познавав, но Оној Кој ме испрати да крштавам во вода ми рече: „Врз Кого ќе видиш да слегува Духот и да останува над Него, Тој е Оној, Кој ќе крштава во Светиот Дух.” Дела Ап.: 1:5 Јован крштаваше во вода, а вие ќе бидете крстени во Светиот Дух, не по многу дни!” 11:16 Тогаш се сетив на Господовите зборови: „Јован крштаваше со вода, а вие ќе бидете крстени во Светиот Дух. Според овие цитати има разлика во тоа да бидеш крстен во Светиот Дух и во вода. Никаде не пишува дека Светиот Дух слегол врз водата и ја осветил. Напротив, тие тука се јасно одделени. Е ај сега. Ти имаш еден стих, а јас шест. А за тоа во сон... па толку и ти знаеш. Мариа Магдалена уживај, се навикнав. |
|||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Немој, ќе помислам навистина си загрижена... Само, малку не соодветствува твојата загриженост со твоето однесување за што неколкумина ти посочија. Но нејсе... Зарем ќе ме банираш ако ја кажувам вистината дека некој добива откровенија на сон (кажано од Рита, не од мене)? Демек закана или? |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Рита, веза ти немаат стиховите. Гледаш ли што си пишала? Дека не се крштева со вода, туку само со Свети Дух. Ама очигледно или криеш како си се крстила ти, или чедо, уште не си се крстила
Инаку, Православното крштение е со вода и со Свети Дух. |
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јас не реков дека на сон сум добила откровение. Ти или не знаеш да читаш или имаш некои други проблеми. А твојот стих има везе? Крштевањето е со вода, од страна на водачите на црквата, а Господ крштева со Светиот Дух. И баш оф топик си. Ич да не те занима дали јас сум крстена или не. Исто како што мене не ме интересира какво е вашето бањање на бебиња кое го нарекувате крштение. |
|||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Колку се само интересни православните кога, немајќи библиска подршка за нивните новотарии во верата, се обидуваат со некое парче од некое стихче (кое воопшто нема врска со новотаријата) да си ја оправдаат целата новотарија, целиот ритуал. Дали ова ви изгледа на разумно издржано: Ние ја осветуваме водата, затоа што Божјиот дух при создавањето на земјата лебдеше над водата. Каква врска има едното со другото? Па доколку целта на Божјиот дух Кој лебдел над водите била да ги осветува, тоа значи дека целата вода на планетава денес е осветена. Тогаш зошто потребата од дополнително осветување од православците?
Тоа значи дека и дождот што врне е осветена вода бидејќи и тој е дел од водата над која лебдел Божјиот дух при создавањето на земјата? Тоа значи дека сите оние што носат чадори се лишуваат од "благословот" да бидат осветени?
Ако водата се осветила и добила магични својства само затоа што Божјиот дух лебдел над неа при создавањето на земјата, тогаш колку повеќе треба да се осветени магарињата затоа што Исус Христос седнал над магаре при Неговото влегување во Ерусалим? Тогаш зошто не осветувате и магариња? Зошто и врз магарињата не ги правите сите оние метании што ги правите врз водата и крстовите?
Вие исто така "осветувате" и крстови (правите фетиши од нив, им давате супер моќи, ги бацувате, се клањате врз нив) под изговорот дека Исус бил распнат на крстот, но тогаш зошто истото не го правите и врз магарињата затоа што Исус исто така јавал и над магаре, магаре кое било специјално порачано од Исус, магаре кое било пророкувано уште во Стариот Завет (Захарија 9:9)... замислете Господ Исус Христос седел над тоа магаре и свечени влегол во Ерусалим со него. Ова свето магаре одело и над палмовите гранчиња кои биле фрлани од народот во чест на Исусовото влегување во Ерусалим.
Зошто не осветувате и магариња?
Зошто не бакнувате магариња?
Зошто не се клањате пред тие животни над кои седел лично Господ?
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Какво е моето однесување и кој тоа ми посочил за нешто? Што е тоа, ако смеам да прашам? До мене не стигнало такво нешто, но едно знам, кога тогаш секој си го покажува своето вистинско лице, па макар скриено и зад невина православна икона. Изменето од maria_magdalena - 03.Октомври.2009 во 12:31 |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Првин не се разбравме каква моќ има светата вода и доколку ја има кој и ја дава таа моќ. И многу несериозни се овие коментари околу тоа кој може а кој не да осветува вода. |
|||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
|||
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Дали е вистина дека , светата вода не скиселува, не добива мирис ни вкус поинаков -никогаш.? И дали навистина, светата вода содржи во себе нешто необјаниво, и прочистува поголеми количини вода.
Прочитав некаде дека ако се стави мало количество од неа во обична вода-истата ке ги поприми нејзините својства....
Енергијата е таа, многумина различно ја толкуваат......!!1
|
|||
dejanpp
Сениор Регистриран: 30.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ako beshe taka togash ne znam zoshto lugjevo si gubat vreme so frlanje hemikalii vo vodovodot i bazenite za da ja drzhat vodata chista i dezinfekcirana? Neka poprslkaat so sveta voda i gotova rabota! |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Внеси реплика | страница <1 6789> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |