|
Петар Драганов- истражувања и мислења |
Внеси реплика | страница 123 7> |
Автор | |||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 01.Октомври.2009 во 20:03 |
||
Vo pravo si, ama za da se komentira neshto treba da se znae shto e tochno. Ete vidi Draganov koristi etnografski materijali od predstavnici na NEZAVISNITE BUGARSKI OPSHTINI (koi se smetaat sebe si za Bugari), ama TOJ gi smeta ne za bugarski materijali, tuku za makedonski, ZOSHTO TOJ ZNAE PODOBRO KAKVI SE TIE LUGJE PO NACIONALNOST, A TIE SAMITE NE ZNAJAT. So drugi zborovi falsifikuva. Izdava se deka i` sluzhi na ruskata politika (odnosite megju Stambolov i Rusija se mnogu loshi) koga pishuva za CHIST BUGARIN od Gabrovo. Zakluchok - Draganov gi smeta makedonskite slavjani za NECHISTI BUGARI, t.e. Sami sebe si se narekuvaat Bugari, ama tie ne se Bugari, tuku Makedonci ili Slavjanci. |
|||
depo
Сениор Регистриран: 28.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 501 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Си напишал дека користи извори од луѓе што себеси се сметале за Бугари. Од каде тој заклучок? Учењето во бугарски гимназии не ги прави автоматски бугари т.е. не значи дека имале бугарско национално чувство. Службата во егзархијата исто така - примерот со Гологанов. Дури и Бугарско национално чувство не го прави јазикот на којшто пишува човек Бугарин. Миладиновци пишувале на Македонски иако немале Македонско национално чувство. Добро е што имало такви случаи забележани инаку ќе тврдевте за сите исто без да може да ви се докаже. Најдолу има таму еден Марко Мусевич на пример како заклучи дека се чуствувал Бугарин без да е наведено во текстот на Драганов. |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Штом оној од Габрово е чист Бугарин значи македонските се нечисти, така излегува. Што се НЕЗАВИСНИТЕ БУГАРСКИ ОПШТИНИ?
А Марко Мусевич го истражувам и ќе ти дадам одговор подоцна за него. Одсега ќе кажам дека има некој врска со со една соседна тема, ама кога бидам сигурен - тогаш. Еден од аргументите на Драганов се книгите на Шапкарев. Самиот Шапкарев си кажува дека пишува на македонското наречје на бугарсакиот јазик, рускиот агент ќе му каже дека тоа не е бугарски јазик, а некаков различен. Мислам дека Шапкарев подобро знаел каков му е сопствениот јазик. Македон забележа дека Пулевски користи славјано-македонски, ама тоа пак е под влијание од надвор. Изменето од Македон - 12.Ноември.2009 во 19:53 |
|||
depo
Сениор Регистриран: 28.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 501 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Изменето од depo - 02.Октомври.2009 во 20:10 |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Пред да ти кажам за Шапкарев, види нешто интересно. Речникот на Константин Петкович го претставувате како македонско-руски, нели? И може би Драганов исто го сметал за таков, ама неговиот автор не мислел така. knigata vo pdf Rakopisot Тука имаме не бугарофони, фили, фрони, мани, а самоопределување и изјава на националната свест, таква каква што била кај Петкович. Автентетика! Изменето од Каснакоски - 02.Октомври.2009 во 20:55 |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Бидејќи се отвори разговор за Драганов, сметам дека треба да се отвори посебна тема за овој научник, како и за неговите истражувања и мислења за Македонија и македонскиот народ!
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Интересно е да се каже дека Драганов, кој е обвинуван за спроведување на руската политика студирал во Русија, но со бугарска стипендија. По враќањето во Бугарија испратен е во Македонија да ги истражува македонските наречја и да го докажува бугарскиот карактер на македонското население, за што посебно е назначен за учител во Солунската Егзархиска гимназија од страна на самата Егзархија, а наредбата за негово заминување во Македонија е издадена од самиот егзархиски секретар Атанас Шопов. Пет месеци подоцна Шопов го повторува барањето за материјали со аргументот:
"Само вие сте во состојба да ни ги дадете потребните материјали за македонските наречја зошто сте имале можност да ги проучувате како специјалист и одблиску". Блаже Ристовски Петар Драганов за посебноста на македонската нација,историја, јазик и култура во Зборник, Македонистот Петар Драганов (1857-1928), Скопје 2007 стр. 86-87 Имало покатени и други научници од странство, но тие одбиле да го сторат тоа. За да ги отстрани сите надворешни фактори од своето проучување тој се обратил до учениците од подолните одделенија како што и самиот сведочи "јас прибегнав кон најлесниот и најцелисходниот од сите можни начини во денешно време. Се обратив кон учениците од спомнатата гимназија ( првенствено од подолните разреди ) по Божиќ и Водици да ми достават најмалку два примерока од својата домашна поезија и проза. Иако бев поставен во мошне поволна положба за моите дијалектографски истражувања, бидејќи сите ученици од гимназијата, преку 300, беа само Македонци од апсолутно сите краеви на Македонската провинција и меѓу нас немаше ни еден Бугарин дојден отаде границата од Бугарското Кнежество, од Источна Румелија и дури ни од Одринскиот вилает и ни еден Србин дури ни од Косовскиот вилает и притоа Македонци што прилично лошо го совладуваат современиот бугарски литературен говор. Сепак за да се избегне било каква итрина, јас намерно замолив за примероци од селската поезија само од учениците од подолните разреди, на кои им препорачав да ми донесат примероци фонетски запишани т.е. од домашниот говор зашто инаку нема да ги читам" Блаже Ристовски-Петар Данаилович Драганов и македонистиката во Русија, стр 18-19 |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Дека е замешана политиката и Драганов не работи научно се гледа од тука
Каква била Руската политика ни кажува и Мисирков. Но во Праителственото Сообшчуаiне имат ушче iедно много важно место: револ'уционите комитети, по изражуан'ето на руското праителство, сакаат да создадат „Бугарска Македониiа", а Русиiа, за коiа сет блиски и интересите на друзите рисiанцки народности во Македониiа, не можит да пожртвуат нивните интереси на бугарите. Разбра ли во Бугариiа, шчо означуваат тиiе зборои? Разбраа ли во Македониiа? Разбрафме наi напoкон ниiе? Русиiа отворено ни изкажуат, зашчо она не работит и не можит да работит инак. Да ли iет праа Русиiа во своите утврдуаiн'а? Да ли можит она да постапит инак? Ако се постаифме во положеiн'ето на руското праителство, и ниiе не ке можефме да постапиме инак . . До 1878 год. сите, па и руското праителство, велеа, оти Македонците сет бугари. После Берлинцкиiо догоор истапиiа со своите претенциiи на Македониiа србите. Србите во течеiн'е на 25 години, особено последните 20 години успеа, ако не да напраат македонците срби, то барем да создадат во европеiцкото обшчествено мнеiн'е убедеiн'е, оти во Македониiа имат и срби. Праи ли сет они, или не, не iет важно за дипломатите. Ако селцкото населеiн'е и сега си зборуат, како шчо си зборуало и по прег'е, и зборуат одред низ цела Македониiа само на iеден словенцки iазик, - во градоите, редом со бугарцките машки и женцки гимназиiи и основни сколиiи, на секаде ке наiме и србцки. Iедни села имаат србцки, друзи бугарцки скол.иiи. Едни сел'ани со нивните учители и попои признаваат патриархiата и сет под покроителството на србцки или грцки консули, а друзи признаваат бугарцкиiо екзарх и слушаат бугарцкиiо трговцки агент. Се тоа сет факти за дипломатиiата, коiа шчо имат да се броiит со деiствителноста, а не со теориiата за народноста на македонците. Политиката немат работа со науката. Па и да имат работа, зар iет докажано, како два и два 4, оти сет македонците бугари? До рускотурцката воiна имаше само iедна теориiа за народноста ни. Сега сет две. Кон ниф се прибауат и трек'а, оти македонците сет нешчо стредно мег'у србите и бугарите. Привржениците на таiа теориiа пак се подраздел'уат: 1, на коiи шчо кажуваат, оти тоа стредно iет iеднакво далеко и от србите и од бугарите; 2. оти оно iет по блиско до србите; 3, отиiет по блиско до бугарите; оти част iет по блиска до србите, част - до бугарите. Не iет важно за дипломатите, каде iет истината. Важен iет факто, оти во Македонцкото прашаiн'е сет заинтересуани етнографцки, редом со бугарите и грците, ушче и србите. Осем тоа и политично Србиiа iет не по малку заинтересуана во судбите на Македониiа. Последната за Србиiа имат по големо значеiн'е, от колку за Бугариiа, оти Бугариiа можит да излезит на Егеiцкото море и преко Кавала и ДедеАгач. Дали Драганов не е теоретичар кој сака да ја докаже третата теорија, која најмногу им одговара на руските интереси? Изменето од Каснакоски - 03.Октомври.2009 во 09:57 |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Пак да кажам дека Шапкарев подобро знаел каков е што е, одколку Драганов за него. Читај ја книгата на Шапкарев |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не знам што е лошото што кажал, одлично објаснил за тоа кој треба да биде важен за Русија. Од друга страна во Русија студирал со бугарска стипендија, па обвинувањето дека тој бил под влијание на руската политика не држи вода, затоа што тој бил зависен од бугарската стипендија.
Мисирков говори за политичарите и дипломатите не говори за научниците. Не можеме да го поврземе Драганов со ова. Пред се, ова се однесува на севкупната состојба во Македонија, на странските пропаганди и односот на дипломатијата кон истите. [QUOTE=Каснакоски] Дали Драганов не е теоретичар кој сака да ја докаже третата теорија, која најмногу им одговара на руските интереси? Не, како што кажав погоре, тој студирал со бугарска стипендија, тоа значи дека бугарската власт и научна мисла е таа која имала најголемо влијание врз него. П.С. Зошто си ја дал само петтата точка од заклучокот на неговиот труд? Зошто не ги прикажеш и другите заклучоци? Исто зошто не го прикажеш она што Петар Драганов го заклучил при неговата посета за тоа што Бугарите и Србите правеле со грчките Цркви од минатото и со оние од времето на Крале Марко, како на пример со манастирот Трескавец во Прилер и Марковиот манастир во Скопје? Изменето од Македон - 04.Октомври.2009 во 22:32 |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Шапкарев, во почетокот обвинет за сепаратист од цариградскиот весник "Слобода" по издавањето на неговите книги во Бугарија одеднаш станува заштитник на бугарските позиции. Тој го обвинува Драганов дека објавил се што му донеле неговите ученици, кои според него биле "недобро упатени", биле од "подолните разреди" и запишувале по "домашному говору" и дека Драганов не бил запознаен со јазикот во Македонија. Само за потсетување, Драганов објавил се што неговите ученици му донеле, изворно, онака како што тие запишале. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Еве ги и другите заклучоци на Драганов, т.е. првите четири. Петтата веќе погоре ја прикажа Каснакоски.
|
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Драганов (писмо до В. И. Ламански):
"Србите, и особено Бугарите го презираат тоа наречје. Тие не знаат дека литературата на автентичното македонско наречје, колку и да е мала, во секој случај е факт ..... Јас воопшто не страдам од српско-бугарска политичка зашеметеност во моите погледи за македонското наречје, а мојата филолошка работа се одликува со научна трезвеност." Само се запрашај дали работел научно или политички овој Драганов, зборувајќи за автентичното македонско наречје како некаква целина, дали во цела Македонија се зборува само едно наречје или биле неколку, како е и до ден денес. И тука се гледа дека не ги почитува ставовите на самите автори на „литературата на автентичното македонско наречје“ кои јасно си кажале дека тоа наречие е само едно од наречијата на еден поголем јазик. |
|||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Проблемот по темата е дека Драганов се позива на Миладинови, Шапкарев, Прличев, Партенија Зографски и др. кои својот јазик го сметаат за дел од општобугарскиот јазик, а тој тврдејќи дека работи научно не ги прифаќа нивните ставови.
Ако некој на некаков форум има ограничено знаење си е негов проблем, јас за него не можам да одговарам. Ако го сретнам ќе му ја покажам грешката. По кои критериуми Драганов зборува за македонски јазик, различен од бугарскиот? Да не мешаме литературниот бугарски со јазикот кој е совкупност од сите дијалекти? |
|||
Внеси реплика | страница 123 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |