|
Каква улога има кај православните светата водичка? |
Внеси реплика | страница <1 56789> |
Автор | ||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Можеби ќе треба и пошироко да почнеме да ја применуваме, а не само во црква |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас погоре споменав за колешка која ги прскаше книгите со света вода пред испит.
Некои се замиваат кога ги боли нешто (ова сум го сторила и јас ама искрено не ми помогнало). Некои бајачки после баење ја даваат водата со која бајале и лицето требало со неа да се замива-и да прска дома. За бајарката и тоа е света вода. Кога се осветува крстот-водата во Вардар станува света, како и Ганг. Оној кој ќе го фати крстот добива телевизор од кумот за таа година (гледачката Дракче беше кума една година, онаа на сонови што гата, а на промоцијата на некоја книга нејзина почесни гости и беа некои владици) и верува дека ќе го среди среќа и здравје цела година. Истата Дракче често зборува за Светите води и ги испраќа луѓето да се замијат (некои места во МКД). Кај малата црквичка посветена на Богородица во кругот на св. Јован, од брденцето извираат неколку водички за кои се смета дека се свети, и помагаат за болни очи. (За информација, на тоа брдо живеат буџи и скоројевичи, па колку е таа вода чиста и света и колку некој може да остане без вид поради можна инфекција со коли-бацили не сакам да мислам)... Имам дома вода од реката Јордан. Муслиманите за света ја сметаат водата од Зам-Зам (иам и таква). Но сакам да знам-што е тоа што ја прави водата света? Како правилно се применува светата вода за да има ефект? И каков ефект можеме да очекуваме? |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да,има такви извори-на Света Гора. Додека многу се проблематични, од православна гледана точка, ако единствена причина зашто некој извор се смета за лековит е ако на некој му се сонило дека тоа било света вода и слично.Света вода у принцип значи осветена вода од клирот на Црквата.Така не знам ни што толку се запнале со секави поточиња да ги прогласуваат свети. Одамна се сеќавам гледав една језива емисија на МТВ за некое си село у струшко ли охридско беше(не ми текнува сега)каде на пола селани им се јавувал некој си "светител" кој им велел ако не напраите мал параклис на тој мал извор ќе ви потепам цела фамилија(!!) Резултат бил едно 10-на параклиси на површина од 20 метри квадратни(!!). Затоа мноооогу внимателно со тоа секакви непроверени "свети извори" за кој нема никаков благослов од Црквата.Не за друго,да не ни се ругаат демоните.
Прв пат слушам за ова,дај кој знае повеќе за ова да каже што како. Изменето од ahmar1 - 02.Октомври.2009 во 10:57 |
||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Овие последни две реченици кои си ги цитирал во еден контекст не се поврзани една со друга.
За Зам-Зам изворот споменав дека и муслиманите имаат света вода, но прашањето што ја прави водата света беше за православната света вода, што е и наслов на темата. Инаку Зам Зам е изворот кој и го покажал ангелот на Хагара, кога Сара и Авраам ја прогониле со Исмаила во пустината.... Значи, што е она што ја прави света водата во православието? Што таа вода е различна од Зам-Зам, од Ганг и слично... Изменето од maria_magdalena - 02.Октомври.2009 во 11:33 |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Токму вчера разговарав со еден форумски член за тоа дали Бог може да даде откровение, видение на соне и на некој обичен грешник. Одговорот беше дека Светите Оци рекле оти не треба да им веруваме на соновите, и дека само чист и праведен може да има такво видување (што е со Јосиф,Товија, фараонот-да, фараонот, Валтазар...) А сега по ова испаѓа дека “ако единствена причина зашто некој извор се смета за лековит е ако на некој му се сонило дека тоа било света вода и слично.“ Кој е во право? дали едни православни христијани сметаат дека соннот може да е разговор меѓу Бог и човекот односно обичен грешник да добие откровение, за било што па еве и за света вода, а други мислат поинаку? |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За зам замот моја грешка!Ја помислив дека тоа што прашуваш за тоа што ја прави света се однeсува на зам замот. Интересна информација во секој случај.
Додека за соновите e навистина шкакљива работата,не дека нема такви соништа(по Божја промисла) туки дека и демоните многу работат и на тоа поле.Затоа треба да се биде екстремно внимателен.И за обични грешници најдобро е воопшто да не се ослонуваат на соништата Додека тоа што реков ако на некој(ојле дојле) му се сонило го мислев во тоа за кога демоните му се ругаат на тој човек ,и ај што него го зезнале тој пак сега и други увалува у таа заблуда. Класичен пример од Светиниколско..на некој си таму му се појавил на сон некој си дух и му вика ај направи параклисче таму и таму и овој не направил и по некој ден овој ослепел(!!)и духот му рекол ете зашто не ме послуша те ослепев и сега ќе направиш незнам колку параклиси(сите еден до друг!!). И сега типот седи таму у некоја куќарка ,околу него едно 10-на параклиси сите пуни со икони,направил таму и бунар и сега тој бил лековит а он нешо како исцелител. И локалново населние ејјј лековит извор ејј лечел типов и грнале сите таму. Додека на таа иста локација НИКАД НЕ СЕ ПОЈАВИЛ НИТУ ЕДЕН СВЕШТЕНИК НИТУ ЕПИСКОП за да даде некаков си благослов,или ај еве дури и некаква си служба у тоа од некои од тоа "параклисите". Во таа епархија до тој степен се забегало со вакво си квази-"православие" што дури и синодот морал да реагира а кога се постави новиот Епископ Брегалнички Иларион,побара држава да ги урне тие ДИВИ "СВЕТИ" МЕСТА како дивоградби. Еве еден класичен пример како таков лажен(демонски)сон може да направи штета. |
||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Друг сличен таков пример за лажен (демонски) сон е сонот на Григориј, каде што му се појавила Теодора и му раскажувала за наводните "митарства" каде што Христовата жртва не е доволна и каде што човекот ќе треба со своите "добрини што му ги направила на духовникот" да ги подмитува митниците за да ја пуштат на патот до небото.
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Znachi nemozesh da sedesh miren a da ne bockash :) sekoja chest. |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не бееее, каков Григориј, каква Теодора - Нифонт, чедо, Нифонт од 4ти век кој си превзел некои исламски учења во своите митарства |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Вие знаете и посмирено да дискутирате, лично сум се уверила во тоа...
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Marija, vodata ba bide sveta, ja pravi pravata veroispovest i molitvite za sleguvanje na Svetiot Duh vrz nea.
Preku blagodatnoto dejstvo i moitvite na sveshtenikot vodata dobiva novo svojstvo, taa se osvetuva. Vistina e toa deka lugeto od sueverni prichini, ja zamenuvaat nejsinata vistinaska namena i od nea pravat fetish. Toa e zalno i osudeno od Crkvata. Prirodni Sveti vodi isto taka postojat no i kon niv treba da pristapuvame so pretpaliuvost i chista vera. kako shto kazuva i Ahmar, nemoze na sekogo kako ke mu tekne i da si proglasuva vodi za sveti. Neli i zdraviot razum toa ti go kazuva. No i toa ne najvazno. najvazno e preku toa chudotvorno dejstvo na vodta nie da mu oddeme slava na Tvorecot, zatoa shto ne vodata, tuku blagodatta na Svetiot Duh, koja Gospod sakal da ja izlie vrz nea, go pravi chudoto. A za sonovite... ova tema e vistinski kamen na sopnuvanje, no sekomu spored razumot i verata. Iskreno eve i jas ke se ispovedam, mnogu i veruvav na tie sonishta i kako ideshe vremeto jas se poveke zabeguvav vo nerealnost, prelest se dodeka eden moj prijatel pokraj negovite mnogu obidi, mi dade edna kniga os eden svet Otec vo koja pishuvashe otprilika: Vistinski mudar e onoj koj ne im veruva na sonovite. a onoj koj im veruva na sonovite licni na chovek koj odi po svojata senka i saka da ja fati. ovie negovi zborovi mnogu me otreznaa i fala mu na Boga, se vrativ vo realnosta:) |
||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
||
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Од каде знаеш? Ова е ТВОЕ лично толкување! Дали ти мислиш дека АПСОЛУТНО СЕКОЈ ЕДЕН човек кој го има прочитано од книгата на Откровението на Свети Јован Богослов ова со недодавањето и неодземањето од неа, го толкува на ист начин како и ти? Дали исто како тебе размислувал секој еден кој ја прочитал оваа реченица ПРЕД да биде составен списокот на книги од Светото Писмо (до кога книгата на Откровението била САМА за себе) и секој еден кој ја прочитал оваа реченица ОТКАКО бил составен списокот на книги од Светото Писмо? На кој авторитет се повикуваш кога го кажуваш ова? |
||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Штооо?!! Светиот Дух слегува врз водата! Аууу... Каде го Библијата го има тоа? Ова е мнооогу Библиски неподдржана изјава. Внимавајте во обраќањата!! Изменето од maria_magdalena - 02.Октомври.2009 во 14:32 |
||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Опитен, убав одговор, се разбира дека човек не треба да живее за сонот туку во реалноста, и со Бога. Погоре Евангелос постави прашање за Блажена Теодора и нејзиниот сон за митарствата, околу кој и до денес во Православието имаме поделени мислења, едни го прифаќаат со резерва (о. Калпаковски) а други сметаат дека тоа верување е составен дел од Православното верување. Слично нешто само малку различно сонила и монахињата Татјана... Во Русија. Патем, дали некој ја читал книгата “Теодора“ и дали е запознат со нејзиното потекло, историја... Зошто сонот на блажена Теодора се зема за еден да речам, императив, или бар составен дел од верата, а доколку некој селанец, добие Откровение/Јавување и го препознае Бог во истото, би се сметал за демонски сон? Кој е критериумот? Затоа верувам дека овие работи се прифаќаат со резерва, но доказ дека едно Откровение е Божествено а не демонско е токму неговото детално исполнување (сонот-видение на Даниел, Јосиф...и ред други). Поздрав |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
Внеси реплика | страница <1 56789> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |