IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Идолопоклонички однос кон Библијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Идолопоклонички однос кон Библијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 111213
Автор
Порака
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2009 во 08:32
Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Не, душичке, смртта на Лазар и заспивањето на девојката, не се разликувале. Двајцата биле умрени. А со ваквото понижување на Господ, нема ништо да постигнете, освен само грев на душа. Велите дека Го повикале Господ за да ја разбуди од сон, а не да ја воскресне. Па зарем Господ толкави чуда правел - будел од сон? Па тогаш и јас сум голем чудотворец, и јас го можам тоа.

Нашиот свет отец Теофилакт Охридски совршено ги објаснува овие цитати:

Матеј 9:23, 24 И кога дојде Исус во куќата на началникот и ги виде свирачите и народот збунети, им рече: “Излезете надвор, зашто девојката не е умрена, туку спие.” А тие Му се потсмеваа.


Господ рекол дека спие затоа што за Него, Кој лесно можел да го воскресне девојчето, смртта била како сон. Немој да се чудите што Му се потсмеваа, затоа што тоа уште повеќе го потврдува чудото, бидејќи Тој воскресна девојка која навистина беше умрена. Сите присутни така посведочија дека она била мртва, за подоцна никој да не може да каже дека она само ја изгубила свеста.


Знаеш, вчера пред да си легнам ми текна зошто Исус рекол дека се заспани.

Пред Тој да умре, пред Неговото воскресение, душите оделе во Шеолот. Како што објаснував на друга тема: Шеолот во Стариот Завет е преведуван како јама, гроб, а само 5 пати останува истиот збор. Значи, и верниците и неверниците кои живееле пред Христовата смрт и воскресение оделе во Шеолот (ама во различни делови), каде што биле во некоја заспана состојба. Тоа е местото на сенките, подземиот свет, царство на умрените.

Лука 23:42-43 И рече: „Исусе, спомни си за мене, кога ќе дојдеш во Твоето Царство!”
А Тој му рече: „Вистина ти велам, денес ќе бидеш со Мене во рајот.”

Откако Исус ќе умре луѓето ќе одат во Рајот или Адот. Пред тоа, тие се собираат во Шеолот.

Значи девојчето било мртво, но и не била мртво. Истото важи и за Лазар.


Опааа, имаме откровение

Ова треба да значи демек душите на умрените луѓе пред Христовото воскресение спиеле?

А ова е уште еден бисер:

Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Значи девојчето било мртво, но и не била мртво.


Изменето од Maran Ata - 02.Октомври.2009 во 08:34
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2009 во 09:20
Интересно е ова со сребреникавата нишка....
I like itљубов

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2009 во 11:21
Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Знаеш, вчера пред да си легнам ми текна зошто Исус рекол дека се заспани.


Лелее рита...МАКСИМАЛНО ќе се воздражам да искоментирам за тоа КАКО И КОГАго толкуваш Светото Писмо.

Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Пред Тој да умре, пред Неговото воскресение, душите оделе во Шеолот. Како што објаснував на друга тема: Шеолот во Стариот Завет е преведуван како јама, гроб, а само 5 пати останува истиот збор.


Колку што се сеќавам(не сум 100% сигурен) Шеол е и називот на ѓубриштето близу до ерусалим.Од каде многу смрдело а башка и таму ги фрлале труповите на пцовисаните животни.Затоа може и да се преведе и како јама и гроб.
Но не значи дека Шеолот кој се споменува во Светото писмо тука се мисли баш за ерусалимскат депонија туку дека таа состојба е како во шеолот.


Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Значи, и верниците и неверниците кои живееле пред Христовата смрт и воскресение оделе во Шеолот


Точно е ова и од православна гледна точка.

Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

(ама во различни делови), каде што биле во некоја заспана состојба. Тоа е местото на сенките, подземиот свет, царство на умрените.


Е ова е веќе твое толкување.

Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Значи девојчето било мртво, но и не била мртво. Истото важи и за Лазар.


Пак твое толкување.
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2009 во 12:16
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

"Зошто викате и плачете? Детето не е умрено, туку спие!" (Исус во Марко 5:39)
„Отстранете се, зашто девојчето не е умрено, туку спие.” (Исус во Матеј 9:24)
 


Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Евангелосе, која е поентата на чудото ако момата спиела? Нели би било поедноставно Исус да го разбудел, отколку да го воскреснал?збунетост
 
Дозволи ми да ти објаснам.
За правилно разбирање на овој текст важно е прецизно да се дефинира што е тоа смрт? Кога таа настапува?

Дефиницијата за тоа кога настапува смртта е неколку пати менувана. Порано луѓето сметале дека смртта настапува кога човекот ќе престане да дише. Потоа увиделе дека човек може условно да "умре" т.е. да престане да дише и пак условно да "оживее" т.е. да почне да дише - што значи дека човекот воопшто и не бил мртов.

Потоа, заради оваа причина, дефиницијата за смрт се поместила кон "чукањето на срцето", имено смртта настапувала кога срцето ќе престане да чука. Ова до пред неколку години беше и медицинската дефиниција за смрт. Но се случило нешто многу интересно согласно оваа дефиниција за смрт.

На некој осуденик во Америка му била досудена смрттна казна. Казната била извршена на електрична столица. По активирањето и исклучувањето на електричната столица осуденикот делувал мртов - тој не дишел, а и срцето му престанало да работи. Согласно медицинската дефиниција за смрт тој бил прогласен за мртов. Но по неколку минути срцето повторно почнало да чука и затвореникот се разбудил од електричниот шок кој го преживеал. Тоа не значи дека овој човек воскреснал, туку тој воопшто и не бил мртов, туку само доживеал електричен шок и по отрезнувањето срцето продолжило со својата регуларна работа. Сега следи најинтересното.среќа

Сега сите би очекувале, по неуспешнто усмртување на осуденикот, тој повторно да биде ставен на електрична столица и повторно да му се суди. Но во судството тоа не иде баш така. Се отворило јавна дебата дали на осуденикот треба пак да му се суди, бидејќи, согласно дефиницјата за смрт, тој си ја "одлежал казната" со тоа што неговото срце престанало да чука по исклучувањето на електричната столица.среќа Адвокатите на осуденикот ја добиле дебатата бидејќи законот бил на нивна страна согласно прецизната дефиниција за смрт.

"Мртвиот " осуденик бил пуштен на слобода, а Америка и целиот свет морал да ја промени дефиницијата за смрт, која денес настапува по престанокот на работата на мозокот која се констатира со снимање на циркулацијата на крв во кората на мозокот.
 
Сепак, библиската дефиниција за смрт е јасна и прецизна и таа вели дека смртта настапува откако духот ќе го напушти телото. Искрено верувам, дека е можно кај некој човек и мозокот да престане да му работи, па пак, по Божја воља, да се врати во живот. Но доколку Бог го повика нашиот дух и тој го напушти нашето тело (библиска дефиниција за смрт), не постои доктор на планетава што ќе го врати истиот и ќе не "оживее".
 
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Што е со Лазар? Замисрисан и веќе на распаѓање? Дали и Лазар спие?
Што вели Исус кога доаѓа да го ’разбуди“ Лазар?
 
Случајот со Лазар е сосема различен од оној со девојчето. Грчкиот збор што Исус го употребува за "заспивањето"  е "koimao".
Овој глагол е сличен како и македонскиот глагол "да починеш". Некои го употребуваат за сон/дремка (починка, или почивка како што велат бугарите за одмор среќа), а некои за смрт (тој и тој почина). Така што, во случајот со Лазар, Исус го употребил овој глагол (кој е двосмислен), па откако учениците не го разбрале, се изразил појасно употребувајќи појасен збор "apothenesko" за смртта на Лазар, збор кој едносмислено значи да умреш, да бидеш мртов.
Сепак важно е да се напомене дека Исус не рекол за лазар дека не е мртов, туку категорично рекол дека "Лазар е мртов." (Јован 11:14), додека пак за девојчето рекол дека тоа не е мртво (Марко 5:39, Матеј 9:24).
 
Дали Исус може да лаже?
"во надежта за вечен живот, што пред вечни времиња го вети Бог, Кој не лаже" (Тит 1:2, Библијата)
"Бог не е човек па да лаже" (Броеви 23:19, Библијата)
 
Затоа, верувајќи во Христос, верувам дека, според библиската дефиниција за смрт, Лазар бил мртов, а девојчето било само во еден вид "клиничка смрт", но сепак, иако функциите на нејзиното тело откажале, нејзиниот дух бил сеуште во неа и затоа Исус рекол дека таа спие, затоа Исус рекол дека таа не е мртва.
Ви благодарам на вниманието среќа


Изменето од EvAngelos - 02.Октомври.2009 во 12:20
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2009 во 12:28
Убаво, преубаво објаснение.аплауз

Гледам и некоја сличност на објаснението на Мајкл, она со нишката...(
Сепак, библиската дефиниција за смрт е јасна и прецизна и таа вели дека смртта настапува откако духот ќе го напушти телото. Искрено верувам, дека е можно кај некој човек и мозокот да престане да му работи, па пак, по Божја воља, да се врати во живот. Но доколку Бог го повика нашиот дух и тој го напушти нашето тело (библиска дефиниција за смрт), не постои доктор на планетава што ќе го врати истиот и ќе не "оживее".)

Јас верувам дека во двата случаи се работи за починати, односно духот веќе го напуштил телото. Зашто, она што за човека не е можно за Бог е можно.

Впрочем, во Делата апостолски мислам, е опишан настан во кој се случува потрес, воскреснуваат починати и им се јавуваат на свои блиски.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2009 во 12:45
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Впрочем, во Делата апостолски мислам, е опишан настан во кој се случува потрес, воскреснуваат починати и им се јавуваат на свои блиски.
 
Тоа е во евангелието по Матеј, и тоа се случува откако Христос ја плати казната за човековиот грев т.е. по Христовата смрт. Пред тоа, заради неподмирениот грев, не било можно човек да отиде на Небото. Пред тоа никој не се качил на Небото.
 
"И никој не отишол во небо, освен Оној, Кој слезе од небото, Човечкиот Син Кој е во небото"
(Исус во ев. Јован 3:13)
 
Пред Христовата смрт, како што кажа Rita.MD душите на починатите луѓе оделе во едно место коа на еврејски се нарекува "Шеолот", а во македонскиот превод на Библијата се преведува како "Подземјето". Секако, како што забележи ahmar1, тоа место "Шеол" буквално било едно место во близина на Ерусалим, еден вид на буниште, депонија каде што луѓето го фрлале својот отпад, ѓубриштето. Тоа место речиси честопати и горело за да се спречи евентуалното ширење на заразите. Но сепак, постои и такво духовно место кое е наречено симболично по ова место, а тоа е местото каде што оделе душите на луѓето чекајќи го Христовото откупување на гревовите кое Христос го извршил при Неговата смрт на Голготскиот крст.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Rita.MD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 719
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rita.MD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2009 во 15:02
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:


Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Пред Тој да умре, пред Неговото воскресение, душите оделе во Шеолот. Како што објаснував на друга тема: Шеолот во Стариот Завет е преведуван како јама, гроб, а само 5 пати останува истиот збор.


Колку што се сеќавам(не сум 100% сигурен) Шеол е и називот на ѓубриштето близу до ерусалим.Од каде многу смрдело а башка и таму ги фрлале труповите на пцовисаните животни.Затоа може и да се преведе и како јама и гроб.
Но не значи дека Шеолот кој се споменува во Светото писмо тука се мисли баш за ерусалимскат депонија туку дека таа состојба е како во шеолот.


Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Значи, и верниците и неверниците кои живееле пред Христовата смрт и воскресение оделе во Шеолот


Точно е ова и од православна гледна точка.

Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

(ама во различни делови), каде што биле во некоја заспана состојба. Тоа е местото на сенките, подземиот свет, царство на умрените.


Е ова е веќе твое толкување.

Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Значи девојчето било мртво, но и не била мртво. Истото важи и за Лазар.


Пак твое толкување.


Повторно ја покажуваш твојата (не)култура.

Каде се зборува за таков Шеол?

Значи православната гледа точка е најбитната. Аха. ОК.

Иако овде говори за Луцифер, стихов одговара за тоа што ти го зборувам.

Исаија: 14:9 Заради тебе се возбуди Подземјето за да те пречека кога ќе дојдеш. Во твоја чест, тоа ги разбудува сенките, сите земни насилници, тоа ги крева од престолите сите цареви на народите.

Езекиел 31:14 За да не се возвиши веќе со својот раст ниедно дрво покрај вода, и за да не го издигне својот врв до облаците! И за да ниедно дрво, што пие вода, не се надева во својата височина! Зашто сите и се предадени на смртта, фрлени во подземните краишта, сред човечките синови, со оние што слегуваат во јамата!’

15 Господ Бог зборува вака: ‘Во денот кога тој ќе слезе во Подземјето, во знак на жалост, ја затворив над него бездната и ги запрев неговите реки. И големите води пресушија, та сиот Ливан го замрачи по него и сите полски дрва се осушија заради него!

16 Со трескавицата од неговото паѓање ги стресов народите кога го фрлив главечки во Подземјето, со оние што слегоа во јамата! И во подземниот крај се утешија сите еденски дрва, најизбраните и најубавите во Ливан, сите што ја пиеја водата.

Ова е од преводот на Д. Константинов

Еве и од тој на МПЦ:
14 Тоа се стана, за да не се гордеа со својот висок раст никакви дрвја покрај водите, да не ги издигаат врвовите свои до густите облаци и да не се допираат до него со нивната височина дрвја што пијат многу вода; оти сите тие ќе бидат предадени на смрт во пеколот заедно со синовите човечки, што порано слегнале во гроб."

15 Вака вели Господ Бог: "Во оној ден, кога тој слезе во гроб, Јас направив да жалат за него, ја затворив бездната поради него и ги запрев реките нејзини, ги задржав големите води и го нажалив за него Ливан, и сите полски дрвја тагуваа по него.

16 Се затресоа од неговото паѓање. Јас ги доведов народите во трепет, кога го кутнаа во пеколот, при оние што порано слегнале во гроб, и се зарадуваа во адот сите дрвја едемски, одбраните и најдобрите на Ливан, сите што пијат вода;

Овие стихови се со цел да ти укажам на тоа дека Шеолот е преведуван како јама, подземјето, гроб...
Еве од американски превод на Библијата Тука не е сменет, останува Шеол.

Битие (1 Moj.): 44:29 Ако и овој го одведете од мене, па му се случи некаква несреќа, ќе ја фрлите со тага мојата седа глава долу, во Шеолот (гроб).’
(If you take this one also from 1me, and harm befalls him, you will abring my gray hair down to Sheol in sorrow.’-еден превод, еве и друг:If you take this one from me too and harm comes to him, you will bring my gray head down to the grave in misery.')

Многу е јасно дека пред Исус сите оделе во Шеолот. Мило ми е што се сложуваш. А кое толкување е мое?
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 111213
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,160 секунди.