![]() |
|
|
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7475767778 81> |
Автор | ||
Pat ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
![]() |
|
Абе во приказните на Марко Цепенков имаш едно чудо Рисјани. И немој така дека словенството е измислица на Русите- ги навредуваш Словенците и Словаците, а и Кирил и Методиј, Климент, Наум, Черноризец Храбар, а заборавив да го спомнам и Џинот ![]() |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() |
|
Oтвори тема за Петар Драганов, јас ќе ги префрлам дискусиите таму, не е проблем.
П.С. Многу интересни констатации даваш, односно целиш дека се македонско е поттикнато од надвор, а сепак забораваш некои работи дека и кај вас ( кои се многу значајни ) се случиле благодарение на влијание однадвор. |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() |
|
Искрено, ниту имам потреба, а ниту сакам да учам марксизам-ленинизам, иако сум добро запознаен со идеологијата на марксизмот, бидејќи изучував социологија и социологија на правото, каде се говореше за сето ова. Ама бидејќи ова не е подфорум философија, само ќе одговорам на твоето прашање со реченицата "Пролетери од сите земји, обединете се", па ти пресуди дали го разбирам тој поим. |
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() |
|
На Елис Ајланд нема ниту еден христијанин или словен од Македонија.
Ти си од поколение кое не учило никогаш марксизам-ленинизам, историја на БКП (ти да речеме на КПЈ) или историја на КПСС. Дали знаеш што е пролетарски интернационализам? ПС Драганов го запзнав пак благодарение на Андонов Бале. Ако сакаш отвори тема за него, па и за Карл Хрон да ги видиме што пишуваат, како го пишуваат и зошто го пишуваат. Изменето од Каснакоски - 01.Октомври.2009 во 19:20 |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() |
|
Д.Благоев кога зборува за Загоричане, не зборува со тесносоцијалистички план, туку што видел во своето место. Тоа значи дека не може ниту еден од неговите политички противници да знае подобро од него што се случувало таму. Самиот факт што повикал да се организира референдум, па и стравот на власта од истиот, доволно кажува. Петар Драганов е фалсификатор затоа што напишал некои работи кои за вас се во најмала рака страшни, а за жал се сосема вистинити. Тоа што не одговарало на вашата научна клика и е друга работа, меѓутоа да се обвинува за фалсификат е нешто што треба да се докаже. Славјаномакедонци користи и Пулески. П.С. Благоев основал бугарска партија затоа што живеел во Бугарија. Ако основал македонска, тогаш другите немало да можат да се зачленат, а сепак била социјалистичка, отворена за сите. |
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() |
|
Тој се изјаснил околу тоа - точно убаво кажува дека е Руска пропаганда - на што се надоврзуваме и со Бугарските племиња
![]() Е сега кои се Бугарски племиња и дали на тие племиња им било неопходно да постојат Бугарофони(луѓе кои зборуваат Бугарски а не се Бугари) Бугарски Македонци(луѓе кои се претопиле а никогаш не биле етнички Бугари) и др. |
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() |
|
Ако е коректен цитатот, основачот на Бугарската работничка социалдемократска партија (тесни социјалисти) зборува со пролетарски интернационалистички плам против империалистичките домогнувања на великобугарската шовинистичка експлоататорска буржоазија. Кога американците ги прашале луѓето кои оделе за Америка какви се тие одговарале Бугари, а некои Македонци, и никој не кажал дека е христијанин, а уште помалку Словен. Тоа со Словените е измислено од Русите, сите пропагатори кои го нарекуваат населението во Македонија словенско лажат. Луѓето никогаш не се нарекувале Словени. Тоа е руска фалсификација. Во пропагандата за некакви Словени или македонски Словени или Славомакедонци се вклучуваат Пјотр Драганов (чист пропагатор и фалсификатор), руските конзули, Мисирков (за еден период) и особено групата на Чуповски. Ако некој знае некој да се нарекувал македонски Словен нека каже, јас такво нешто немам сретнато никаде. ПС И кога Благоев не бил Бугарин, зошто не основал Македонска СДРП, ами бугарска? Изменето од Каснакоски - 01.Октомври.2009 во 18:51 |
||
![]() |
||
да бе ![]() Сениор ![]() ![]() О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
![]() |
|
од комунисти и тесни социалисти - толкоз
|
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() |
|
ИСКАЖУВАЊЕ НА ДИМИТАР БЛАГОЕВ ЗА НАРОДНОСТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ПРЕД БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ВО 1917 ГОДИНА*
Д. Благоев: ...Всушност во Бугарија се водеше една голема борба не за обединувањето, како што велат, на бугарското племе, а за владеењето на едно племе во Бугарија. И таа борба е една од причините за ослободувањето на самата таа бугарска држава. Таа борба се водеше меѓу бугарското племе и словенското племе на Балканскиот Полуостров. Бугарското племе, еден грст, но добро организирано дојде на Балканскиот полуостров и најде едно племе мирно, уште недоразвиено во својата општествена организација, уште кога тоа се наоѓаше во последниот степен на варварство, кога тука што се формираше како сојузи на племиња, за да мине понатака, во периодот на цивизацијата, во нација. И тој поорганизиран дел, кој главно стоеше на едно пониско варварско стопало, грабечки жесток, кој не познаваше никакво одвраќање кон какви да било средства, се нафрли врз словенските племиња да ги завладее. Но тие племиња, и покрај тоа што беа неорганизирани, својата борба ја водеа долго против тоа бугарско племе. Ј. Сак`зов: Не заборавајте дека тие беа колонии на Византија и нејзинети потчинети. Д. Благоев: Потчинети,но независни во својот внатрешен живот. Некој од левицата: Не ја заборавајте историјата. Д. Благоев: Која историја? Таа ли, која вие ја фалсификуате? (смеа) Таква историја ние не ви признаваме. Ние гледаме како е стварноста. Факт е г. г. народни претставници дека имало голема борба меѓу бугарските и словенските племиња на Балканскиот полуостров. И тој процес за кој што ни говори Ј. Сак`зов и кој што го подржуваат и другите не е за обединување на бугарското племе туку за завладување на словенските племиња на Балканскиот полуостров и затоа ние гледаме потиснување на словенските племиња на Балканскиот полуостров што масовно се преселуваат во Византија и Мала Азија, и од друга страна, одат на југ кон Македонија во која имено се запазува долго време словенското племе. Г. Данилов: Ама вие сте родом од Загоричане. Д. Благоев: Јас сум родом од Загоричане, меѓутоа јас не сум Бугарин, јас сум Македонец, Македонски Славјанин! (смеа) И како таков ако сакате да знаете, јас сум за Македонија како словенска земја, која ќе има сопствена управа. Некој од десницата: Што бараш тогаш во Бугарија? Д. Благоев: Така што процесот за којшто не се говори, е процес за завладување, а не за обединување на бугарското племе... Министерот Х.И. Попов: Како се наречуваат во Загоричане Бугарите? Д. Благоев: Ако ги прашате, тие се нарекуваат христијани. Министерот Х.И. Попов: Тие се нарекуваат Бугари. Д. Благоев: Јас не сакам да навлегувам во таа сфера, но сакам да истакнам какви опасности од ваша гледна точка, од бугарска гледна точка, теории се развиваат во нашата историја, односно за процесот на обединување на бугарското племе.... Министерот Х.И. Попов: Борбите за независноста на бугарската црква највеќе се развија во вашето село и затоа го изгорија. Д.Благоев: Тоа сосема не е така, а процесот е во завојување на племињата на Балканскиот Полуостров од Бугарите. И ако говориме за историскиот процес, тогаш тој процес и денеска постои, имено бугарското племе да ги завладее местата кои му се неопходни, за да може тоа да излезе на море, за да може на големите водни патишта и Егејското Море. Ете ја смислата на историскиот процес. Д.Благоев: Јас мислам дека од вас послабо информирани по тие прашања и позабркани глави нема. Особоне вие учителите, којшто секогаш врз тие фалшливи теории сте се воспитувале, воопшто вие не можете да ги разберете тие работи! С. Костурков: (негодува) Претседавачот д-р. И. Момчилов: Г Костурков! Ве молам не го прекинувајте ораторот. Д. Благоев: “Ако вие сте убедени дека во Добружда се Бугари, дека во Мавровско, дека во Македонија се Бугари, дека во Серес, Драма и Кавала се Бугари, зошто вие се плашите од таа формула на рускиот мир.... Ако сте убедени дека некаде има Бугари, зошто вие се плашите да се направи референдум и да видиме што ќе кажат? Зошто се дерет? Значи несигурни сте, значи има нешто што ве тревожи, има некои области, завладеени од вас, кои, ако се подложат, на референдум....” (гласно негодување и прекинување на говорникот) * Извор: Стенограми од Бугарскиот парламент, Современост, јануари1967, стр.79-81 |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() |
|
Очигледно не ме разбра... Сакав да кажам дека ако некој има факти да ги смета за Бугари, јас имам такви да ги сметам за Грци. А за Архиепископите во Царгиград, не сум баш уверен дека е така како што кажуваш, ама не е темата тоа сега. |
||
![]() |
||
ADVISOR ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
![]() |
|
Brakata Miladinovci pisuvale na grcki zatoa sto bile skoluvani od nivniot dedo od majka koj bil bogat ucen covek .Toj go finansiral nivnoto skoluvanje -na grcki .Tie pisuvale i na Vlaski no so grcki bukvi.Ne bile Elini zatoa sto upetrebuvale grcki jazik -so ova si se pobivas sam sebe.Inaku tie ne znaele kirilica koja ja naucile podocna.Sferite na vlijanie bile podeleni megju Bugarskata egzarhija i Grckata Patrijarsija .Makedoncite vo golem del se identifikuvale so Bugarskata egzarhija .Vlasite pak bile pod jurisdikcija na Grckata patrijarsija-Mnogu Arhiepiskopi vo Carigrad bile Vlasi.No tie se izborile sepak za bogosluzba na arm'nski jazik .
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() |
|
Значи грешката на револуционерите е што ја зедоа пушката и се зазедоа за политичко ослободување на Македонија, потценувајќи ја агитацијата за етнографската свест! Инаку за тоа македонски Бугарин, кој според Динев е отфрлено во 1935 година, дадов доказ, односно весникот "Македонско дело", кој излегува неколку години пред 1935 година. Од преродбениците, тие кои се сметале за Бугари, зошто определен период биле Грци? Зошто Прличев пред тоа учел грчко училиште? А и зошто вие подоцна го отфрливте Прличев? Зошто Каравелов се закануваше со тепање за Прличев? Зошто Прличев умирајќи се колнеше, па дури и отворено кажа дека грчките Архиереи биле подобри од бугарските? Зошто Миладиновци биле Елини, се до влијанието на други луѓе, па не само тоа, туку дури и во меѓусебна кореспонденција со други луѓе употребувале грчки? |
||
![]() |
||
ADVISOR ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
![]() |
|
Grcite gi vikaat Vlasite -vlahoi elini- dali se tie Grci? - ne se Arm'ni se .Sekoj razlcno si go tolkuva ova. |
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() |
|
Точно така - но што е моментот - Бугарите тврдат дека ако си Бугарофон тогаш си Бугарин автоматски,исто како што на пр. Каснакоски е Македонофон па по автоматизам треба да е Македонец
![]() Бугарофрон е теза која е поставена од Бугарите и не е соодветно објаснето vsu[nost воопшто не се наоѓа во никаков лексикон и е измислица за да послужи во пропагирање на лажна вистина ![]() И МакедоБлгарин или БлгароМакедонец е човек кој живее во една држава а припаѓа на друг ентитет,при тоа не е соодветно да се крсти еден човек како се чувствувал од страна на друг човек бидејки етничкото чувство е лично и не се споделува во одредени случувања ![]() Изменето од Boogie - 01.Октомври.2009 во 17:47 |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 7475767778 81> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |