IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ВМРО - соэдавање и дело
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВМРО - соэдавање и дело

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 55>
Автор
Порака
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2009 во 14:42
Само да додадам дека Евстати Дачев е од Котел, а Васил Попов од Стара Загора.
Инаку според тебе дефинитивно шпионите мора да се бугарски.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2009 во 15:16
Бугарите затоа и биле инфилтрирани во Македонскиот комитет - за да шпиунираат и да вршат предавстванамигнување
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2009 во 10:47
Пандо Сидов




Пандо Сидов е роден во 1878 година во Жупаништа, тогаш во Отоманската империја. Како ученик во Битолската гимназија се приклучува кон ВМОРО. Раководител и организатор на револуционерната борба во Костурскиот револуционерен реон и војвода во областа Корешта.

За време на Илинденското востание учествува во 33 борби и тој прв, со својата чета, влегува во Клисура. Во битката учествуваат уште Пандо Клjашев, Васил Чекаларов, Манол Розов и Марко Иванов.

По востанието продолжува вооружената борба со претставниците на турската власт и на грчката вооружена пропаганда во Македонија. Во 1908 година негов четник е и Христо Руков.

Во 1910 година емигрира во Торонто и е еден од организаторите на Македонската патриотска организација и издава весникот "Бугарска искра" заедно со свештеник Теофилакт Малинчев.

Зема учество во Балканските и Междусоjузническата војна во бугарската воjска-со Костурската чета на Васил Чекаларов-како што паѓа во српски плен на 11 јули 1913 година.
После ослободувањето живее во Бугариjа.
Починал во 1933 година во Крџали.


Четата на Пандо Сидов.

Изменето од lav4eto - 02.Октомври.2009 во 10:52
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2009 во 13:59
4 Конгрес

rilski-manastirПо завршувањето на окружните конгреси, на кои биле заземени ставови за поважните прашања што биле од значење за целата Организација, биле создадени услови за одржување на Општ конгрес на ВМРО. Сите револуционерни окрузи имале единствен став дека треба да се одржи таков конгрес.
Кон крајот на септември 1905 година во Софија се одржало Советување на делегатите што биле избрани од окружните конгреси за Општиот конгрес, за да се договорат во кое време и на кое место истиот ќе биде одржан. Делегатите од Серскиот револуционерен округ,на чело со Јане Сандански, предлагале Општиот конгрес да се одржи во Македонија за на тој начин да се потенцира самостојноста и независноста на Организацијата. Сите останати настојуваа конгресот да се одржи зад границата, дотолку повеќе, што речиси сите делегати беа веќе во Софија и враќањето во внатрешноста беше непрактично и сврзано со губење на време. Ѓорче Петров, Борис Сарафов и други беа најрешително против барањето на серчани. Мнозинството на делегатите зазеле став Општиот конгрес на ВМРО да се одржи на безбедна територија, крај самата граница, во Рилскиот манастир, за да може истиот непречено да работи.
Согласно донесеното решение на Советувањето, Општиот конгрес на ВМРО започнал со работа во почетокот на октомври 1905 година и траел цел месец. На овој конгрес, одржан во Рилскиот манастир, учествувале 22 делегат и тие беа: Даме Груев, Мише Развигоров и д-р П.Кушев од Скопскиот округ, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Борис Сарафов, Георги П.Христов и Павел Христов од Битолскиот округ, Борис Мончев, Аргир Манасиев и Добри Даскалов од Солунскиот округ, Христо Чернопеев, Стојо Хаџиев, Иван Илиев и Мануш Георгиев од Струмичкиот округ, Јане Сандански, Лазар Томов и Илија Балтов од Серскиот округ, Лазар Маџаров, Стамо Икономов, Климент Шапкарев и П.Васков (не дошол) од Одринскиот. За претседател на Конгресот со тајно гласање бил избран Дамјан Груев, а за секретар А.Манасиев.
На дневен ред на Конгресот биле поставени следните прашања:
1. Извештај за дејноста на ВМРО по револуционерни окрузи и околии;
2. Натамошна дејност на Организацијата;
3. Организациона поставеност и уредување на Организацијата:
а) Административен дел,
б) Судски дел,
в) Финансиски дел,
г) Културно-економски дел.
4. Литература и печат;
5. Однос и поведение на Организацијата спрема разните групи и струи:
а) Спрема сите пропаганди,
б) Спрема бугарскиот државен национализам и Егзархијата,
в) Спрема врховистите, емиграцијата и општеството во Бугарија,
г) Спрема одделните организациони групи внатре и надвор.
6. Тактика на Организацијата;
7. Отчет за дејноста на Централниот Комитет и Задграничното претставништво.
На Рилскиот конгрес дошла до израз поларизацијата на силите во Организацијата, особено по основното прашање за организациона поставеност и воспоставување на организационо единство. Даме Груев се застапувал за обновување на централизираната организациона структура, а Пере Тошев за децентрализација и примена на принципот на изборност. Делегатите на Серскиот, Струмичкиот и Солунскиот револуционерен округ биле порадикални: барале федералистичко уредување на ВМРО и потполна автономност на револуционерните окрузи.
По повеќедневни полемички расправи, како средна линија било прифатено стојалиштето на Пере Тошев. Тоа било вградено во усвоената од Конгресот Програмска декларација и во основните акти: Уставот и Правилникот на ВМРО. Потоа, Конгресот избрал нов Централен комитет во кој, со изборот на Даме Груев, Пере Тошев и Тодор Поп Антов (од Серскиот револуционерен округ), биле застапени трите револуционерни струи, Задгранично претставништво – од Ѓорче Петров, Димитар Стефанов и Петар Поп Арсов. За редактор на официјалниот орган на ВМРО „Револуционерен лист“ бил избран Димо Хаџи Димов, со усвојување на Уставот и Правилникот и по изборот на Централен комитет, било обновено организационото единство на Организацијата.
По извршените измени, Конгресот донел решение Организацијата повеќе да не се именува со зборот тајна, туку да се вика Внатрешна Македонско – Одринска Револуционерна организација (ВМОРО).
Конгресот ги осудил експанзионистичките планови на балканските држави, кои со продолжително и систематско пропагандно дејствување, како и со засилени терористички акции на уфрлени вооружени пропагандни чети што го тероризирале македонското население и имале за цел да ја спречат автономијата на Македонија. Поради тоа ВМРО донела решение со сите сили и средства да се пресметува со пропагандите на балканските држави.
За одбрана на суверенитетот на организационата територија бил заземен став дека повеќе не можело и не смеело да се толерираат дејста на надворешните организации. Конгресот издал посебно соопштение со кое остро го предупредувал Врховниот комитет во Софија дека ВМРО нема да го толерира неговото дејствување во Македонија; неговите групи и активности ќе ги прогонува „по секоја цена“, а водачите ќе го казнува како „злосторници спрема Татковината“. Од Врховниот комитет се барало веднаш да ја прекине активноста и „доброволно да се растури“, за да може Организацијата „сето свое внимание и сите свои сили да ги сврти против непријателот на нашата Татковина и нашата кауза“.
Рилскиот конгрес извршил крупни измени во внатрешното уредување на Организацијата, засновани врз принципот на децентрализација. Окружните комитети имале право, под одредени услови, да ги отповикаат членовите на Централниот комитет и пред истекот на мандатот. Што значи, тежиштето на револуционерната дејност се пренесувало во револуционерни окрузи.
Решенијата и донесените акти на Општиот – Рилски конгрес на ВМРО (Уставот и Правилникот) ги одразувале погледите и стојалиштата на водечките личности на револуционерните струи во Организацијата. Притоа, не било реално согледана и проценета меѓународната позиција и не било преземено ништо за сообразување со новата реалност создадена со реформите на силите во Македонија. За тоа било потребна политичка зрелост и дипломатска мудрост, која очигледно, недостасувала.
Жаклина Петровска
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 09:36
Често пати се тврди од Македонци дека во уставот на ТМОРО имало Македонец, а на нашите тврдења дека имало и Одринец се покажува првата страна на ракописот на Уставот и се пража каде е Одринец. Ние одговараме дека е на втората страна, а Македонците ни кажуват ајде покажете ја. Ние не можеме и тие заклучуват дека се во право - НЕМАЛО ОДРИНЕЦ.


СЕГА, БЛАГОДАРЕНИЕ НА АНДОНОВ БАЛЕ, кој презентира книга од Димо Хаџидимов можеме да покажеме доказ за Одринец. Нам ако не ни верувате, дали нема да верувате и на Димо Хаџидимов?



Видете го чл.4 од Уставот, читиран од големиот македонски револуционер.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 12:47
И да има при што треба да се додаде оригинален докаэ ова е супер эа Македонците / при што се докажува дека Одринците постојат како етникум а не се Бугари туку по окупирањето на одрин од Бугарите тие се Бугариэирани
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 16:08
одринците како етникум...тоа беше много научно издржано, нема што.
Ако дадеш и некаков пример за одринска народност или нациjа...нема да имаш равен.
Инаку форумот забава ли се викаше?
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 16:15
Па сврти страна понаэад и види чл.4 од Уставот, цитиран од големиот македонски револуционер,јасно кажува Одринец но не Бугарин,энаеме дека тогаш Одрин не бил окупиран од Бугарите сеуште эначи Одринците сеуште не се Бугариэирани
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 16:21

Едрене кратко беше окупирана од руските царски војници во 1829, за време на Грчката војна за независност, и во 1878 година, за време на Руско-турската војна од 1877-1878. Градот претрпел многу во 1905 година од голем пожар. Во 1905 година имаше околу 80.000 жители, од кои 30.000 биле муслиманите (некои Турци и Албанци, Роми и Черкези); 22.000 Грци, 10.000 Бугари; 4.000 Ерменци; 12.000 Евреи, и уште 2.000 граѓани на не-етнички класификувани религиозни потекла.


Значи тие последниве мора да се Одринците, нема коj друг да биде...ама сигурно ги било срам да си го признаат.
Кутрите Одринци...доjдете да скршиме робски окови!
Одрин

Изменето од lav4eto - 04.Октомври.2009 во 17:15
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 16:23
Точно така - дел од Руската пропаганда эа соэдавање на Бугарска нација
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 16:34


Одринска Тракија, или едноставно Одринско, е еден од европските вилаети во Османлиската Империја. Бил населен со бугарско, грчко и турско население. По создавањето на ТМОРО, се оформуваат и првите месни комитети на организацијата, а Гоце Делчев прави неколку обиколки на вилаетот.

Во 1903 година, две недели по објавувањето на Илинденското востание, тука се крева Преображенското, водено од Михаил Герџиков.

По Балканските војни, христијанското население од Одринско е прогонето од страна на турските власти, и денес регионот е претежно населен со турско население.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 16:37
Ова како Руски историјат ми эвучи - одринско беэ Одринци
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2009 во 12:55
Заклетва за ослободувањето на поробеното ни Отечество(Татковина) МАКЕДОНИJА и ОДРИНСКО:


Изменето од lav4eto - 04.Октомври.2009 во 12:55
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2009 во 12:57
Дали не треба да биде нашите Отечества или нашите Татковини? Сега ќе излезе дека Македонците и Одринците имаат едно Отечество????
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.