![]() |
|
|
Внеси реплика ![]() |
страница <1 78798081> |
Автор | ||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() |
|
Боже, боже, сега испаднавме не само производ на српската туку и на грчката пропаганда. Ајде ќе те молам посериозно малку! Патем, Карев никаде се нема изјаснето како бугарофон, таа задкулисна квалификација му е припишана од гркот. Незаборавај дека и ден денеска кога грците полемизираат со нас и сакаат да не навредат тие ни викаат дека сме бугари. Мораш да признаеш дека се постојани во своите обиди, а вас тоа ви годи. Меѓутоа ниту тогаш ниту денес македонците небиле бугари или грци. Знам само дека има индикации дека некои од денешните бугари своевремено го отфрлиле македонското име и се приклучиле на егзархијата и станале бугари. Кај Карев случајот е сосема јасен, се декларирал за македоенц. За жал гркот го прави бугарофон, за тебе тоа е доволно да почнеш “аргументирано“ да дебатираш. Изменето од Platenik - 30.Септември.2009 во 13:43 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() |
|
Платеник, јас може да сум буквалист, ама ти гледаш през прсти на напишаното. Разговорот тргна од признанието на Карев пред Гркот дека бил БУЛГАРОФРОН, што најопшто значи твоето бугаризиран Македонец (а за гркот Македонец е синоним на Грк) А терминот „булгарофон“ (без Р) грците го користеле до појавата на Егзархијата најшироко. По тоа, а особено по создавањето на Кнежеството Бугарија „бугарофон“ е заменето од „славофон“. Имав најдено грчка анализа на грчката пропаганда, мислам во темата за Атанас Македонецот, каде тие се кајат сега од сопствената пропаганда, чии плодови денес им се враќаат како бумеранг. Станува збор за ПРОПАГАНДАТА ДЕКА СТЕ НАСЛЕДНИЦИ НА АЛЕКСАНДАР, како сега да докажат дека не сте, кога пред сто и кусур години ве убедувале токму во тоа. Значи булгарофон е заменето од славофон, кога грците започнале да ве учат дека Бугарите се Татари, а вие сте наследници на Александар, само што сте го заборавиле сопствениот јазик и сте го прифатиле славјанскиот. |
||
![]() |
||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() |
|
Каснакоски,
Многу си букавалист, а тоа не ти дозволува да гледаш на нештата од подруг, читај поширок агол. Повлечи се малку подалеку од предметот кој го обсервираш и ќе добиеш појасна слика. Не се вика бугарофрон туку бугарофон, исто како што ќе кажеш за грамофон, микрофон, телефон, касетофон, славофон.... и многу други зборови. Суфиксот или додавката фон во буквален превод значи нешто како глас, звук. Каков е нашиот јазик? Нашиот јазик е фонетски, а не фронетски. Понатаму, јас како Македонец сум англофон, србофон, хрватофон, словенофон, бугарофон и делумично русофон. Ниту сум англичанец,ниту србин, хрват, словенец бугарин, ниту пак рус. Во овај случај јас како македонец сум само полиглот. Штета што Алекс корегираше еден од моите постови на темата Никола Карев. Таму имаше подетално објаснување на оваа проблематика. Како и да е, за нас македонците, грците ниту во минатот, ниту пак сега нема да кажат дека сме луѓе кои зборуваат на македонски јазик. За нив етничките македонци или се бугарофони (според нив бугаризирани македонци)или славофони грци (словенизирани грци). Како гледаш и во двата случаи тоа е една добитна комбинација за грците и нивната пропаганда. Покрај нив и вие се обидувате да се протнете на мала врата. Кога тоа не ви оди од рака да ја докажете бугарската “вистина“ вие се свртувате кон планот Б и македонскито народ или го србизирате или пак го нарекувате производ на српската пропаганда, без разлика што за тоа нема никаква основа. Да не навлегувам во подетални објаснувања во кој контекст грците го употребуваат терминот вулгарос, вклучувајќи го тука и Драгоумис. Сепак тој е верен слуга на една грчка стратегија, односно пропаганда. Значи во основа некој е бугарофон доколку зборува бугарски, а тоа не го прави етнички бугарин. Ако некој е бугарофон, незначи дека живее и размислува бугарски. Таквите карактеристики донекаде можат да им се припишат на бугарофилите, поточно на бугароманите. Иако кај мене доминантни ми се мајчиниот македонски јазик и англискиот, слободно можеш да ме наречеш и бугарофон, но немој да ги извртуваш работите па да ме направиш бугарин. Јас гледам дека ти си поголем македонофон отколку што сум јас бугарофон. Овде правам компромис и го користам терминот бугарофон без разлика што кога ќе се спомне било кој поим со предзнак бугар, во контекст кој вие го разбирате, се коси со моите убедувања. За ова треба да им се заблагодариш на креаторите на политиката на овај форум. Асоцијација треба да се прави со нешто што е подалечно, поисточно, азиско. Изменето од Platenik - 30.Септември.2009 во 08:46 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
![]() |
||
ibobac ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 27.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 60 |
![]() |
|
Да го читав Бугарскиот и македонскиот превод на мемоарите на Костурскиот владика но не можам да го најдам online англискиот,малку ми е нелогично ова МАКЕДОНСКА БОРБА(мак превод) "III. ВО КОСТУР А. „Ќе бидеш епископ Костурски” (1900) — Бугарскиот комитет — Во конзулатот во Битола — „Да придобијам некој бугарофон војвода”: Коте од Рулја — Обиколка по сите славофонски села на Корештата (1901) — Нов извештај до Владата преку конзулот во Битола. „Да го фатиме Чакаларов во Атина”" Да не Ташко Караџа преведувал директно од бугарскиот превод!каде што бугарофон е б'лгарогласен а славофон е славjaногласен! |
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() |
|
Јас ја поставив темата од проста причина эа историски преглед од каде сега има такви луѓе и кои се тие воопшто,дали овие преэивки се етнички или само преэиме на предавници
![]() |
||
![]() |
||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() |
|
Citqam i ne mi e jasno zosto temata e ogranicena samo na ovie 3 kategorii?
![]() |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() |
|
Во минатото користеле и бугарофони, читај го Каравангелис. |
||
![]() |
||
ibobac ![]() Група ![]() ![]() Регистриран: 27.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 60 |
![]() |
|
Грците користеле и сеуште користат термин СЛАВОФОН не бугарофон!
За нив нема славофони бугари или македонци него само СЛАВОФОНИ ГРЦИ,темата што ми ја заклучивте објаснуваше се ама.. |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() |
|
Хммм...не рабирам....што знаеш да правиш.... а Егејците ги споменав затоа што за нив колку што се сеќавам зборуваше дека имале двојна свест...ако грешам поправи ме ![]() Јас не зборувам за бугарофРон, туку како темата што вели, бугарофон...не знам за што ме обвинуваш.... |
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() |
|
Штом ги замеша егејските Македонци, знам што да правам, за тоа само за финтите на Буги да појаснам - убаво си пишува булгарофРон со „Р“, а ти систематично пишуваш бугарофон, што е нешто различно.
|
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() |
|
Не се финти на Буги, не рекол ништо Буги, тоа Грците го рекле, буни се кај нив, не кај мене. И ако е бугарски, тогаш славофони се различни од бугарофони! И ако се мисли на Бугарин ќе каже едноставно Бугарин ( грчки Вулгарос ) и завршена е приказната, ама вика Буагрофон. Јасно е нели? Двојствена свест не постои, а ако мислиш на тоа, се сеќавам, едно време пишуваше дека имало двојствена свест кај Егејските Македонци до 1945 година, што е вистински циркус, додуша и трагично е... |
||
![]() |
||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() |
|
Прво за бугарофон. И ти си ги прифатил финтите на Буги. Бугарофон значи човек кој зборува бугарски јазик, како телеФОН, микроФОН. Во случајот со материалот за Карев не е бугарофон, туку БУГАРОФРОН. Г-ѓа Вамбаковска ти го објаснува што значи - ЧОВЕК КОЈ РАЗМИСЛУВА ПО БУГАРСКИ, кој се смета за Бугарин, ама не е. Како ЕТНИКОФРОН, исто многу добро објаснето. Циркусот сами си го правите. Да го земеме Димитар Влахов. Дали мислиш вечерта легнал да спие како Бугарин и на сабајле се собудил како Македонец? Дали нема да се согласиш дека имало еден преходен период? Истото и кај Мисирков, еднаш е Бугарин, друг пат Македонец. Наместо да ти кажам, како го обвинувале неговите современици дека и самиот не се знае каков е, јас ти кажувам дека има двојствена свест, хем е Бугарин од Македонија, ама хем не ист со Бугарите од Бугарија и тогаш е Македонец. Значи според тебе двојствена свест не може да постои , дури на теорија? |
||
![]() |
||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() |
|
Според грчката терминологија тоа е човек кој зборува "вулгарски"(синоним за варварски), значи не бугарски ( Драгумис е сосема јасен дека тоа за нив не е ниту јазик ), кој зборува јазик различен од грчкиот јазик. Значи бугарофон не може да е етнички Бугарин, затоа што доколку е така и славофон би бил етнички термин. П.С. Дури и денес, ако играат два фудбалски тима, едниот е од Северна Грција, другиот од Јужна Грција, тие од Јужна ќе почнат да викаат: Вулгарос, Вулгарос ( Бугари, Бугари ), во никој случај не алудирајќи на етнички Бугари. Изменето од Македон - 29.Септември.2009 во 20:24 |
||
![]() |
||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() |
|
Воопшто не ми е јасно што е Бугарофон - Балон ли е,Телефон ли е,што е
![]() |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 78798081> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |