|
Писмо од Битола 12 август 1912 |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | |||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
„што сега ВЕЌЕ“ - колку поодамна?
Каков може да биде авторот според тебе? Јас кажав дека не е во никој случај од македонските Бугари. Може да биде, јас мислам, само етнички Македонец од надвор (од кругот на Чуповски). Од внатре може да биде некој разочаран од српската пропаганда, минал на македонистички позиции, т.е. пак од течението на Чуповски, ако може да се нарече течение. |
|||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Авторот секако дека е етнички Македонец, убаво кажа Буги. Ајде сега пак со Србите почна! Овој човек е човек кој не подлегнал на пропагандите на соседните држави, доста едноставно. |
|||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Докако не го знаеме кој е, само можеме да претпоставуваме.
Да ги понавржеме фактите. АЛЕКСАНДАР КОН "ПИСМО ОД БИТОЛА", 15 август 1912 г. Петстотини години Словеномакедонците живеат под турската власт, но никогаш гонењата и систематското истребување на овој несреќен и трудољубив народ не доаѓале во такви чудовшии размери како во денешно време. По ослободувањето на Бугарија со руска крв и со руски пари мнозина Македонци почнаа да учат по бугарски (во Македонија и во Бугарија), и за кусо време се образува силен кадар интелигентен пролетеријат. Тие почнаа да мислат и да размислуваат по бугарски и беспрекорно да ги исполнуваат сите барања на бугарската влада и на Егзархијата, да бидат учители и свештеници во Македонија, да му објавуваат на целиот свет дека во Македонија живеат само Бугари. Тие беа први ластовички на бугаризмот, тие се јавуваат и први виновници за раздробување на словенското население. Овие пионери на бугаризмот отпрвин работеа по мирен пат (преку училиштата и црквите), но кога Бугарија стана горе-долу самостојна држава сликата на мирна пропаганда веднаш се измени: бугарските агенти од Македонците и од Бугарите почнаа да се однесуваат во Македонија како кај себе во Бугарија. Таму каде што поткупот на турските чиновници не помагаше, тие насилно, со оган и со меч, го натераа словенското население да чита по бугарски и да се вика Бугари. За оваа цел во Софија беше образуван Македонски комитет (поточно - бугарски), којшто со бугарски пари, со дозвола од бугарската влада, ја исполнуваше смртната казна (проскрипционите списоци на жртвите уште порано се составувале) над оние Македонци што не сакаа да читаат на за нив неразбирливиот бугарски јазик и не сакаа да се нарекуваат Бугари. Србија, наоѓајќи се под пресата на економскиот гнет од Австро-Унгарија, по силата на законот за самоодржување (излез на морето - Солун), исто така почна да проповеда србизам во Македонија. Во Прилепскиот, Велешкиот и дури и во Битолскиот вилает многу бугарски училишта и цркви преминаа на српска страна: нели овие месности некогаш биле бедем на бугаризмот! На тој начин Бугарите овде претрпеа чувствителен пораз. Грците уште одамна не дремеа и дејствуваа пред турските власти по сите правила на византиска злоба и лукавост. И така, во Македонија вештачки се создадоа, покрај грчката пропаганда, уште две - бугарската и српската. Во последно време Македонија доби право на граѓанство и романската пропаганда. До појавувањето на бугарската и српската пропаганда Словено-македонците секогаш велеа дека тие се - Словени и никогаш не се наречуваа Бугари, Срби или Грци; учеа тие по грчки и по словенски, но си зборуваа на чист словенско-македонски јазик. Сега се појавува прашањето: како Македонците, коишто порано се викаа Словени, сега се наречуваат Срби, Грци или Бугари? За да одговори човек на ова прашање, треба прво, да биде вистински Македонец, второ, совеста и честа да не му се на издршка на Бугарите, Србите и Грците. Главната причина за изникнувањето, смалувањето или зголемувањето на растот на пропагандата во Македонија зависи од турскиот режим, од географската положба на Македонија и од економската зависност на словеномакедонскиот народ од балканските држави. Турската админстрација, до појавувањето на Младотурската конституција, живееше како паразит на македонското тело, поради што рамнотежата на економскиот живот на Македонците постојано се нарушуваше; колку почесто таа ја експлоатираше земјата, толку повеќе трудољубивоста на Македонците доаѓаше до високите предели на умственото и физичкот напрегање. Покрај тоа, оваа продажна администрација живееше широко од митото на бугарската, грчката и српската пропаганда. На пример, во Битолскиот вилает во едно од селата Македонците учеа на грчки, но си зборуваа словеномакедонски (Турците ги наречуваат урум-милети-"Грци"). Се појавуваат кај турскиот чиновник егзархистите и му даваат поткуп; турскиот чиновник ги прогласува Македонците дека не се Грци, ами Бугари и дека се должни да учат по бугарски. Грчкиот учител мора да си оди, на негово место доаѓа бугарски учител. Ако почнат Македонците да се противат, на помош на бугарскиот учител му доаѓа тајниот бугарски комитет; ќе исфаќа ноќе неколку видни и невооружени Македонци, ќе ги однесе во планина и таму беспоштедно ги убива; истото тоа потоа се повторува со Србите. Грците, Бугарите и Србите можат да се споредат со "мртвите души" на Гогољ, но со таа разлика што Чичиков ги купувал имињата на умрените селани и не ги преправал, а Бугарите, Србите и Грците ги купуваат од Турците имињата на живите Македонци, но со право македонското -СКИ да го изменуваат на -ОВ, -ИЌ и -ИДИС. А всушност словенското население си останува едно и исто и во полна сопственост на Турската Империја. Друг начин на зголемување на хартија на српската, бугарската и грчката нација (за сметка на Македонците), како што веќе споменав горе, тоа е економската зависност од соседните држави. Десетици илјади македонски работници секоја година одат на печалба во Бугарија, Србија и Грција. Кој во Грција не сака да се вика Грк, во Србија Србин, во Бугарија Бугарин, тој не може да го заработи парчето леб во овие "братски" земји. Има случаи, кога од тројца еднокрвни браќа едниот мора да се вика Грк, другиот Србин, третиот Бугарин, според тоа каде одат тие на печалба. Кога веќе споменатите методи не ги постигнуваат целите тогаш во Македонија се појавуваат вооружените бугарски, грчки и српски чети и со груба сила и со оружје в раце ги тераат Македонците да преминуваат од една нација во друга. И тогаш почнува вистинско братоубиствено истребување на Македонците. Сега сметките се собрани, жалната слика е налице: речиси четвртината од Словено-македонците се истепани, се исклани од Турците, а еден дел се иселија во Америка, Србија, Бугарија и Грција. Во последно време, со цел да предизвикат замешување на Европа или самите да ловат риби во матна вода, Бугарите почнаа да се занимаваат со провокации: фрлаат бомби (Кочани, Штип и др.) врз многулуѓните македонски пазари и на таков начин убиваат невини луѓе. А Турците одлично умеат да ги наоѓаат виновниците! Ако варварското самоистребување продолжи уште неколку десетици години, тогаш од словенскиот елемент во Македонија ќе останат само жални остатоци од потомците на Кирил и Методија. Да и се помогне на оваа несреќа може само на следниов начин: 1) Енергично застапување на братската Русија во полза на Македонците. 2) Уништување на бугарската, српската и грчката пропаганда во Македонија. 3) Отворање училишта на словеномакедонски јазик. 4) Востанување на црковна независност (автокефална словеномакедонска црква во г.Охрид). 5) Слободен развиток на националната самосвест, т.е. на свеста дека Словеномакедонците се еден и неделив народ. Во интерес на запазувањето на Отоманската Империја, турската влада треба со сите културни мерки да го помага распространувањето на оваа пропаганда што сега веќе има илјадници следбеници како во Македонија така и надвор од неа. 6) Во името на хуманоста, човечкото достоинство и љубовта кон својата татковина македонската интелигенција еднаш за секогаш мора да ја прекине срамната продажба на својата совест и чест на бугарските, српските и грчките пазари. 7) Широка внатрешна самоуправа на Македонија. Александер Кон, Македонское Блјуду в славјанском обеде в Вене - Гражданин (СпБ) 37 (16.IX 1912). Од книгата "Документи за борбата на македонскиот народ за самојстојност и за национална држава" Том Први, Универзитет Кирил и Методиј, Скопје 1981 |
|||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Од писмото мислам тоа нема да ви се допадне
„Ако почнат Македонците да се противат, на помош на бугарскиот учител му доаѓа тајниот бугарски комитет; ќе исфаќа ноќе неколку видни и невооружени Македонци, ќе ги однесе во планина и таму беспоштедно ги убива; истото тоа потоа се повторува со Србите. “ А кој е тајниот бугарски комитет? |
|||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Сега пак се прашам дали писмото за кое зборуваме не е пишано од Александар Кон, кој може да ја посетил Македонија, да го испратил на 15 август и да било отпечатено през септември. Треба да резумираме. Изменето од Каснакоски - 29.Септември.2009 во 18:30 |
|||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Бугарскиот комитет е ВМК ( Врховниот Комитет ). |
|||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Дали е сигурно? Мислам дека е внатрешната организација. |
|||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Комитетот знаеш дека на повеќе места е синоним за ВМК, додека за ВМРО е организацијата, или како што сам кажа, внатрешната организација. |
|||||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Грците, Бугарите и Србите можат да се споредат со "мртвите души" на Гогољ, но со таа разлика што Чичиков ги купувал имињата на умрените селани и не ги преправал, а Бугарите, Србите и Грците ги купуваат од Турците имињата на живите Македонци, но со право македонското -СКИ да го изменуваат на -ОВ, -ИЌ и -ИДИС.
Мдааа - писмото е писано од ЧуповСКИ ... ами што ке праиме со МисиркОВ? |
|||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Не на секаде. Кај Мисирков е синоним на внатрешните. А во времето за кое пишува во писмото врховен комитет не постои. Тој е растурен и го нема од 1905. Тоа го објавил Цончев во писмо-одговор до Рилскиот конгрес. Според Христо Силjaнов: „ Заслугата за тоа решение, кое ги изненади внатрешните, му припаѓа, пред се`, ако не изклучително, на генерал Цончева. То не би било замисливо, ако зависеше от слепи фракционери, увлечени от матниот порој на бушувачката меѓуособица. Тоа е проблесок на возвишен патриотизам и на здрав политички разум. Тоа му спести на македонското ослободително дело многу братска крв.“ Изменето од Македон - 29.Септември.2009 во 18:59 |
|||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Можеш ти да ја гледаш од твоја перспектива колку сакаш работава - јасно е дека тој се изјаснил за Македонец а тоа што вие формулирате измислени Македоно Бугари тоа е само ваша пропаганда.
Такво нешто како Македонски Бугарин не постоел никогаш во историјата,тоа е измислица на Бугарската егзархија и во поново време Бугарската држава која претендира кон Македонија и Македонскиот народ |
|||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Погрешно се изразив.... Мислев на луѓето од десницата, кои се слеале во ВМРО, меѓутоа останале со пробугарските идеи. |
|||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Нема никаков Битолски кружок, тоа си го измислил авторот на текстот. Статијата на Кон ја имаме, но никаде не пишува за некаков кружок. Мојата теза е дека Кон е одил во Македонија, испратил писмо до Чуповски, а кога се вратил во Русија, го пуштил писмото во весникот. Никаде во статијата нема и трага, дека се замешани повеќемина во предложената анализа на ситуацијата во Македонија. Тоа си е гледиште на еден човек - Александар Кон. „веќе споменав “ значи авторот си е само еден. Ако е пишано од името на некаков кружок, мислам немаше да се употреби точно овој израз.
|
|||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Kasnakoski, тој можеби пишува во името на битолчани, па секако дека ќе користи еднина, ако јас пишувам во името на подфорумот Историја, секако дека за себе ќе користам еднина. |
|||||
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |