Испечати | Затвори го прозорот

Писмо од Битола 12 август 1912

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19905
Датум на принтање: 04.Февруари.2025 во 09:04
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com

Тема: Писмо од Битола 12 август 1912
Постирано од: Каснакоски
Наслов: Писмо од Битола 12 август 1912
Датум на внесување: 23.Август.2009 во 12:43
Тука http://bank.referama.ru/txt.php?str=5&srch=&ch=7798 - http://bank.referama.ru/txt.php?str=5&srch=&ch=7798 се Руско - македонските врски на Ристовски и најдов цитат на писмото од Битола, ама не можам да разберам од кого е испратено. Ако некој може нека да помогне.

На линкот се чита подобро, има интересни барања.

Коментари:
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 28.Септември.2009 во 21:10
Најдов!
Писмото е апел за помош од битолските граѓани и е адресирано до Русија, кај мене во книгата стои дека е адресирано до јавноста.

П.С. Писмото е одговор на заверата на соседните држави.

-------------

Постирано од: чоли
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 07:05
Нов Устав на Словеномакедонското друштво

Кога се заговори за спогодбата на балканските монархии за војна против Турција, Чуповски и Другарството ги согледаа сериозните опасности за целоста и слободата на Македонија и побрзаа да обезбедат официјално призната македонска национална асоцијација, од чиешто име би настапувале пред јавноста. На 27 јуни 1912 година турските државјани Димитрија Чуповски, д-р Гаврил Константинович и Наце Димов, тројцата најактивни членови на Другарството и на Македонската колонија во Петербург, го поднесуваат за регистрација новиот „Устав на Словеномакедонското национално-просветно друштво, Св. Кирил и Методија“, со истите основни цели и задачи како во 1903 година - „да го помага духовното преродување и обединување на македонските Словени и нивното слободно национално-битово самоопределување“. Во чл. 4 од Уставот се децидира: Редовни членови на Друштвото можат да бидат исклучително - Словеномакедонци, Словеномакедонки, а исто така и жени на Македонци што се согласни со изложените основни ставови во овој Устав и што се готови да го помагаат нивното реализирање. Македонците и Македонките од словенско потекло што не го исповедаат национално самобитно единство на македонските Словени, туку се наречуваат Срби, Бугари и Грци - не можат да бидат редовни членови на Друштвото. И во овој акт посебно внимание му се посветува на македонскиот јазик, па во чл. 31 се озаконува: „Меѓу членовите на Друштвото разговорен и писмен јазик се смета словеномакедонскиот јазик“. И овде се нагласува дека Друштвото „во односите со други организации и одделни лица од словенските земји го користи сесловенскиот руски јазик“, додека „целото деловодство на Управата на Друштвото се води на руски и на словеномакедонски јазик“. Но, во ситуацијата кога руската влада исцело беше ангажирана за создавањето на Балканскиот сојуз и кога рускиот император и сега (како и во 1904) беше поставен за арбитар за „спорната“ зона при поделбата на Македонија по заземањето од Турците - овие потфати на Македонците не можеше да бидат охрабрени и Друштвото не беше регистрирано. Но, Чуповски, д-р Константинович и Н. Димов беа членови на повеќе словенски и други друштва во руската престолнина и учествуваа во сите собири и дискусии. На еден таков словенски ручек во ресторанот „Виена“ во Петербург во почетокот на септември 1912 година, тие ги нагостиле ручокарските словенофили „со своите национални македонски јадења приготвени со солзи, наситени со крв“, а утрето му изјавиле на рускиот публицист Александар Кон: Да, положбата е критична: во Македонија мириса на смрт. Единствениот спас на нашето дело, на нашата независност, а заедно со тоа и за спасот на Европа од војна, тоа е замешувањето на Русија, но не во вид на поддршка на Словенскиот сојуз против Турција, ами морална поддршка на Македонија, брз и решителен притисок врз Турција за неодложно спроведување на реформи во Македонија. Овој морален притисок ќе го спаси делото, ќе го отстрани надвиснатиот призрак на војната... Самата победа на Словенскиот сојуз, ако се реализира, апсолутно е непожелна од словенско гледиште, зашто тоа ќе биде парастос над потомците на Кирил и Методија: ќе ја разделат Македонија на три дела и ќе биде привремен триумф над нејзиното тело, но никој нема да биде задоволен: ќе се наложи да војуваат со соделачите и нема да има бел ден за Словените. Ако Русија му укаже поддршка на Словенскиот сојуз, што е малку веројатно, тогаш резултатите бездруго ќе бидат европска војна и поделба на Македонија. Сиве овие пророчки укажувања на Македонците непосредно пред објавувањето на Првата балканска војна потоа се исполнија. Тие најдобро ја чувствуваа ситуацијата и во Македонија и во пошироки размери. Тие имаа непосредни врски со своите сомисленици и соборци во татковината. Тоа го потврдува и вонредно значајното писмо на Битолскиот кружок од 15 август 1912 година што било упатено до Чуповски и до Другарството, а беше објавено во рамките на статијата на Александар Кон во в. „Гражданин“ на 16 септември 1912 година. Тоа е автентичниот глас на македонскиот народ, на македонската интелигенција во дните пред избувнувањето на воениот пожар. Тоа има и денеска актуелен одѕив, кога одново кај нас се појавуваат гласови што ни навеваат тогашни премрежиња и нови и конечни национални катастрофи. Затоа ќе го пренесеме во целост ова историско писмо: Битола, 15 август 1912 година.

За да предизвикаат замешување на Европа или самите да ловат риби во матна вода, Бугарите почнаа да се занимаваат со провокации: фрлаат бомби (Кочани, Штип и др.) врз многулуѓните македонски пазари и на таков начин убиваат невини луѓе. А Турците одлично умеат да ги наоѓаат виновниците! Ако варварското самоистребување продолжи уште неколку десетици години, тогаш од словенскиот елемент во Македонија ќе останат само жални остатоци од потомците на Кирила и Методија. Да и се помогне на оваа несреќа може само на следниов начин:
1. Енергично застапување на братска Русија во полза на Македонците.
2. Уништување на бугарската, српската и грчката пропаганда во Македонија.
3. Отворање училишта на словеномакедонски јазик.
4. Востановување на црковната независност (автокефалната словеномакедонска црква во г. Охрид).
5. Слободен развиток на националната самосвест, т.е. на свеста дека Словеномакедонците се еден и неделив народ. Во интерес на запазувањето на Отоманската Империја, турската влада треба со сите културни мерки да го помага распространувањето на оваа пропаганда што сега веќе има илјадници следбеници како во Македонија така и надвор од неа.
6. Во името на хуманоста, човечкото достоинство и љубовта кон својата татковина македонската интелигенција еднаш за секогаш мора да ја прекине срамната продажба на својата совест и чест на бугарските, српските и грчките пазари.
7. Широка внатрешна самоуправа на Македонија. Во такви околности и со таква национална свест на македонската интелигенција внатре во земјата, беше објавена војната на „сојузниците“ против Турција. Бук*решката судбина на Македонија беше веќе видлива...
Врз основа на претходните пазарлаци и договори на 26 септември 1912 година, „балканските монархии“ со невиден ентузијазам ја почнаа војната против Турција. Иако во прогласите балканските суверени нагласија дека војуваат за автономија на Македонија, тие всушност се нурнаа во европска Турција натпреварувајќи се кој повеќе да зграби. Во руската јавност се создаде еуфорична атмосфера. Се глорификуваше словенството и православието. Македонците како да им поверуваа на декларациите и се стекоа огромни маси доброволци од сите страни на светот за борба против петвековниот поробувач, но тие веднаш беа спрегнати во колесницата на завојувачките интереси на соседите. За жал, во таква (и предна) улога беше одново активирана и Македонската револуционерна организација. Егзалтацијата од победите на „сојузниците“ им ги замрачи погледите кон перспективите на Македонија и на видните македонски револуционери. Подготовките што ги направија соседните пропаганди во периодот по Младотурската револуција се покажаа мошне успешни: народот беше израсцепкан на разни туѓински „партии“, „клубови“ и други многубројни асоцијации, но без македонски, национални форми на организирање на македонскиот народ. При објавувањето на војната сите тие групирања се вклучија во армиите на соседите - според бојата на прифатената пропаганда. Будната интелигенција во Македонија ги сфати целите на завојувачите и веднаш го притисна копчето за аларм. И во Петербург почна пресудната битка за зачувување на целоста на земјата и на народот. Димитрија Димов Чуповски стана трибунот на таа нерамна борба. Неговата „кантора“ стана своевиден национален парламент во перманентно заседание. Со пишан и устен збор се настапува пред руската и пред светската јавност за да се објасни вистината за Македонија и Македонците. Кога „сојузниците“ почнаа да ја окупираат Македонија и почна жестоката чистка на заземените територии, пред се од македонските национални дејци, Македонската колонија во руската престолнина реши и лично да се најде на местото на настаните и да придонесе за организирање ефикасен отпор против настрвените окупатори. Крсте Мисирков веќе замина на фронтот во Јужна Македонија под форма на руски воен дописник од Одеса; д-р Гаврил Константинович (како руски воен лекар) се пријави доброволец преку Петербуршкото словенско благотворно друштво и замина на Балканот, лоциран во болницата на Цетиње, додека Димитрија Чуповски на 27 ноември 1912 година веќе стигна во Софија. Откако изврши важни консултации со повидните македонски дејци што беа останале во престолнината на Бугарија, на 4 декември веќе стигна во Скопје. На Свети Арангел вечерта, во куќата на Коробаровци во Велес, Чуповски ја одржува историската Општомакедонска конференција, на која се решава да се испратат претставници на Лондонската мировна конференција и во Париз за да дејствуваат за зачувување на целоста на Македонија, а се дава и полномошно на Македонската колонија во Петербург за да ја застапува македонската кауза пред Европа. Се заклучило и Р. Ризов да замине во Солун и Битола за да се консултира со истакнатите македонски дејци. Но, во Солун се сретнал со П. Шатев и со професорот Ј. Иванов, кој остро го заплашил: Момче, момче, за тој збор (автономија) ние јазици ќе сечеме! За тоа ли бугарскиот народ се тепа, за тоа ли тој си ја пролева крвта, та сега вие да барате автономија! Знајте дека ние само за таа автономија во армијата сме пуштиле 20.000 души детективи; глави ќе паѓаат!
Тој однос на бугарските окупатори го изрази и случајот со Јане Сандански на банкетот во Солун во тоа време, кога бугарските офицери му ги извадиле сабјите. Тоа го потврдува и рускиот научник и политичар П. Милјуков, кој тогаш (во рамките на една меѓународна комисија) беше стигнал во овој град и дознал за „првите писмени протести предадени во Солун до бугарскиот цар и престолонаследникот Борис“ со барање за „единствена автономна Македонија“, зашто: „За луѓето што цел живот се бореле за македонската идеја очевидно, психолошки беше невозможно во еден миг да се преклонат пред свршените факти и да го признаат својот идеал - конечно упразнет и предаден во архив“. А. Г. К. во виенското „Македонско сознание“ од 16 април 1924 година сведочи: Еден добар Македонец, родом од Охрид, стар учител и револуционер А. К-ов, сега во Бугарија, писа едно писмо во Софија. Во него пишеше да се даит од Бугарија на Македонија автономија, а оттаму му одговорија да не обелвит заб ушче едношка за такво нешчо, зашчо ќе бидит протеран сурѓун во к*рт-Бунар. И затоа секој си седеше мадро, зашчо беше војна и се се праеше со сила. Затоа и Д. Чуповски, веднаш по конференцијата, го напушти Велес и на 10 декември 1912 година пак преку Скопје за последен пат (како и Мисирков) ја напушти својата татковина што никогаш веќе не успеа да ја види. А по враќањето во Русијатој напиша една јадровита статија што беше објавена на 27 јануари 1913 година во в. „Граѓанин“.

Постирано од: Bronhi
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 11:17
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Тука http://bank.referama.ru/txt.php?str=5&srch=&ch=7798 - http://bank.referama.ru/txt.php?str=5&srch=&ch=7798 се Руско - македонските врски на Ристовски и најдов цитат на писмото од Битола, ама не можам да разберам од кого е испратено. Ако некој може нека да помогне.

На линкот се чита подобро, има интересни барања.

Текстов го има и на македонски: „Македонско-руските врски во XIX и почртокот на XX век“, Сојуз на друштвата на историчарите на Република Македонија, Скопје 1996.

Текстов што го бараш е на 21-22 страна и е посочено со фуснота:А. Кон, Македонское блюдо на славянском обеде в „Вене“, „Гражданин“, 37, С.-Петербург, 16.IX 1912,3.

-------------
Земете БРОНХИ полесно се дише

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 13:57
Затоа ќе го пренесеме во целост ова историско писмо: Битола, 15 август 1912 година.

За да предизвикаат замешување на Европа или самите да ловат риби во матна вода, Бугарите почнаа да се занимаваат со провокации: фрлаат бомби (Кочани, Штип и др.) врз многулуѓните македонски пазари и на таков начин убиваат невини луѓе. А Турците одлично умеат да ги наоѓаат виновниците! Ако варварското самоистребување продолжи уште неколку десетици години, тогаш од словенскиот елемент во Македонија ќе останат само жални остатоци од потомците на Кирила и Методија. Да и се помогне на оваа несреќа може само на следниов начин:
1. Енергично застапување на братска Русија во полза на Македонците.
2. Уништување на бугарската, српската и грчката пропаганда во Македонија.
3. Отворање училишта на словеномакедонски јазик.
4. Востановување на црковната независност (автокефалната словеномакедонска црква во г. Охрид).
5. Слободен развиток на националната самосвест, т.е. на свеста дека Словеномакедонците се еден и неделив народ. Во интерес на запазувањето на Отоманската Империја, турската влада треба со сите културни мерки да го помага распространувањето на оваа пропаганда што сега веќе има илјадници следбеници како во Македонија така и надвор од неа.
6. Во името на хуманоста, човечкото достоинство и љубовта кон својата татковина македонската интелигенција еднаш за секогаш мора да ја прекине срамната продажба на својата совест и чест на бугарските, српските и грчките пазари.
7. Широка внатрешна самоуправа на Македонија.

Originally posted by Македон Македон напиша:

Најдов!Писмото е апел за помош од битолските граѓани и е адресирано до Русија, кај мене во книгата стои дека е адресирано до јавноста.П.С. Писмото е одговор на заверата на соседните држави.

Нема потпис, нема ништо и се прашувам дали не е напишано писмото од кругот на Чуповски.

Од информациите што ги покажа Чоли не е јасно кој е одил во Македонија кога е напишано писмото, но мислам авторот е човек од надвор.
Не верувам некој да напише такво нешто од внатрешноста. Кој ќе биде тој интелигент, кој ќе каже за себе си дека е жртва на некаква пропаганда???
Ги осудува атентатите и пишува дека се бугарски провокации, Мислам се визираат http://www.krumblagov.com/fifty/8.php - МАГАРЕШКИТЕ АТЕНТАТИ , значи не може да биде во никој случај човек од жртвите на „бугарската пропаганда“

-------------

Постирано од: Bronhi
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 14:22
Нема потпис, нема ништо и се прашувам дали не е напишано писмото од кругот на Чуповски.

Од информациите што ги покажа Чоли не е јасно кој е одил во Македонија кога е напишано писмото, но мислам авторот е човек од надвор.
Не верувам некој да напише такво нешто од внатрешноста. Кој ќе биде тој интелигент, кој ќе каже за себе си дека е жртва на некаква пропаганда???
Ги осудува атентатите и пишува дека се бугарски провокации, Мислам се визираат http://www.krumblagov.com/fifty/8.php - МАГАРЕШКИТЕ АТЕНТАТИ , значи не може да биде во никој случај човек од жртвите на „бугарската пропаганда“

[/QUOTE]

Има ако виде погоре посочив кој, каде и когаплазење А. Кон, Македонское блюдо на славянском обеде в „Вене“, „Гражданин“, 37, С.-Петербург, 16.IX 1912,3.

-------------
Земете БРОНХИ полесно се дише

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 14:32
Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:

Има ако виде погоре посочив кој, каде и когаплазење А. Кон,<span style="" lang="MK"> Македонское блюдо
на славянском обеде в „Вене“, „Гражданин“, 37, С.-Петербург, 16.</span>IX
1912,3.

Тоа го видов, ама Македон тврди дека е од македонски интелектуалци пишувано, а ти тврдиш дека е од некој Кон (претпоставувам Русин). Ако ти си во право, значи моите размислувања се точни.

Кога го прочитав повторно, ми се фрли во очи точка 5.

5. Слободен развиток на националната самосвест, т.е. на свеста дека Словеномакедонците се еден и неделив народ. Во интерес на запазувањето на Отоманската Империја, турската влада треба со сите културни мерки да го помага распространувањето на ОВАА ПРОПАГАНДА што сега веќе има илјадници следбеници како во Македонија така и надвор од неа.

Интересно!!!

-------------

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 14:58
Тоа чив став еголема%20насмевка

Во писмото Македонците убаво се изјаснуваат - што е нејаснозбунетост

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: чоли
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 15:04
Originally posted by Bronhi Bronhi напиша:

Нема потпис, нема ништо и се прашувам дали не е напишано писмото од кругот на Чуповски.

Од информациите што ги покажа Чоли не е јасно кој е одил во Македонија кога е напишано писмото, но мислам авторот е човек од надвор.
Не верувам некој да напише такво нешто од внатрешноста. Кој ќе биде тој интелигент, кој ќе каже за себе си дека е жртва на некаква пропаганда???
Ги осудува атентатите и пишува дека се бугарски провокации, Мислам се визираат http://www.krumblagov.com/fifty/8.php - МАГАРЕШКИТЕ АТЕНТАТИ , значи не може да биде во никој случај човек од жртвите на „бугарската пропаганда“

Има ако виде погоре посочив кој, каде и когаплазење А. Кон,<span style="" lang="MK"> Македонское блюдо
на славянском обеде в „Вене“, „Гражданин“, 37, С.-Петербург, 16.</span>IX
1912,3.[/QUOTE]
Од моjот материал:

Тоа го потврдува и вонредно значајното писмо на Битолскиот кружок од 15 август 1912 година што било упатено до Чуповски и до Другарството, а беше објавено во рамките на статијата на Александар Кон во в. „Гражданин“ на 16 септември 1912 година.
Кон краjот на 1912 г. Чуповски за последен пат во живото си е бил во Македониjа.

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 15:24
Каков е тој Битолски кружок? Т.е. дали писмото е пишувано во Битола, или некој битолчанец во Русија го напишал, претставувајќи се за член на некаков Битолски кружок.

-------------

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 15:25
Како и да е се кажал дека како Македонец го претставува кружокотголема%20насмевка

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 15:47
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Како и да е се кажал дека како Македонец го претставува кружокотголема%20насмевка

зА ТОЧКА 5 НИШТО НЕ КАЖА
„турската влада треба со сите културни мерки да го помага распространувањето на ОВАА ПРОПАГАНДА што сега веќе има илјадници следбеници како во Македонија така и надвор од неа. “
Значи за авторот има веќе три пропаганди, а тој самиот формулира ЧЕТВРТА.

-------------

Постирано од: чоли
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 15:59
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Каков е тој Битолски кружок? Т.е. дали писмото е пишувано во Битола, или некој битолчанец во Русија го напишал, претставувајќи се за член на некаков Битолски кружок.

Този Битолски кружок е бил много таен... толкова таен че и досега не се знаат учесниците во него:
http://mk.wikibooks.org/wiki/На_Македонија_на_потомците_на_Кирил_и_Методиј_може_да_и_помогне_само_Русија - Македонскиот сепаратистички кружок

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 18:05
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Како и да е се кажал дека како Македонец го претставува кружокотголема%20насмевка

зА ТОЧКА 5 НИШТО НЕ КАЖА
„турската влада треба со сите културни мерки да го помага распространувањето на ОВАА ПРОПАГАНДА што сега веќе има илјадници следбеници како во Македонија така и надвор од неа. “
Значи за авторот има веќе три пропаганди, а тој самиот формулира ЧЕТВРТА.

Убаво вели Буги, јасно е дека е етнички Македонец, дека така се чувствува и слично. Авторот не форумилира четврта пропаганда затоа што ова мислење веќе има илјадници следбеници, па дури не само во Македонија, туку и надвор од неа. Значи ова дрвижење не е од "сега", туку од поодамна.

-------------

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 18:12
„што сега ВЕЌЕ“ - колку поодамна?

Каков може да биде авторот според тебе? Јас кажав дека не е во никој случај од македонските Бугари.

Може да биде, јас мислам, само етнички Македонец од надвор (од кругот на Чуповски).
Од внатре може да биде некој разочаран од српската пропаганда, минал на македонистички позиции, т.е. пак од течението на Чуповски, ако може да се нарече течение.

-------------

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 18:15
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

„што сега ВЕЌЕ“ - колку поодамна?

Каков може да биде авторот според тебе? Јас кажав дека не е во никој случај од македонските Бугари.

Може да биде, јас мислам, само етнички Македонец од надвор (од кругот на Чуповски).
Од внатре може да биде некој разочаран од српската пропаганда, минал на македонистички позиции, т.е. пак од течението на Чуповски, ако може да се нарече течение.

Авторот секако дека е етнички Македонец, убаво кажа Буги.
Ајде сега пак со Србите почна!газење%20од%20смеење
Овој човек е човек кој не подлегнал на пропагандите на соседните држави, доста едноставно.

-------------

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 18:22
Докако не го знаеме кој е, само можеме да претпоставуваме.

Да ги понавржеме фактите.
АЛЕКСАНДАР КОН "ПИСМО ОД БИТОЛА", 15 август 1912 г.

Петстотини години Словеномакедонците живеат под турската власт, но никогаш гонењата и систематското истребување на овој несреќен и трудољубив народ не доаѓале во такви чудовшии размери како во денешно време. По ослободувањето на Бугарија со руска крв и со руски пари мнозина Македонци почнаа да учат по бугарски (во Македонија и во Бугарија), и за кусо време се образува силен кадар интелигентен пролетеријат. Тие почнаа да мислат и да размислуваат по бугарски и беспрекорно да ги исполнуваат сите барања на бугарската влада и на Егзархијата, да бидат учители и свештеници во Македонија, да му објавуваат на целиот свет дека во Македонија живеат само Бугари. Тие беа први ластовички на бугаризмот, тие се јавуваат и први виновници за раздробување на словенското население.

Овие пионери на бугаризмот отпрвин работеа по мирен пат (преку училиштата и црквите), но кога Бугарија стана горе-долу самостојна држава сликата на мирна пропаганда веднаш се измени: бугарските агенти од Македонците и од Бугарите почнаа да се однесуваат во Македонија како кај себе во Бугарија. Таму каде што поткупот на турските чиновници не помагаше, тие насилно, со оган и со меч, го натераа словенското население да чита по бугарски и да се вика Бугари.

За оваа цел во Софија беше образуван Македонски комитет (поточно - бугарски), којшто со бугарски пари, со дозвола од бугарската влада, ја исполнуваше смртната казна (проскрипционите списоци на жртвите уште порано се составувале) над оние Македонци што не сакаа да читаат на за нив неразбирливиот бугарски јазик и не сакаа да се нарекуваат Бугари.

Србија, наоѓајќи се под пресата на економскиот гнет од Австро-Унгарија, по силата на законот за самоодржување (излез на морето - Солун), исто така почна да проповеда србизам во Македонија. Во Прилепскиот, Велешкиот и дури и во Битолскиот вилает многу бугарски училишта и цркви преминаа на српска страна: нели овие месности некогаш биле бедем на бугаризмот! На тој начин Бугарите овде претрпеа чувствителен пораз.

Грците уште одамна не дремеа и дејствуваа пред турските власти по сите правила на византиска злоба и лукавост.

И така, во Македонија вештачки се создадоа, покрај грчката пропаганда, уште две - бугарската и српската. Во последно време Македонија доби право на граѓанство и романската пропаганда. До појавувањето на бугарската и српската пропаганда Словено-македонците секогаш велеа дека тие се - Словени и никогаш не се наречуваа Бугари, Срби или Грци; учеа тие по грчки и по словенски, но си зборуваа на чист словенско-македонски јазик.

Сега се појавува прашањето: како Македонците, коишто порано се викаа Словени, сега се наречуваат Срби, Грци или Бугари? За да одговори човек на ова прашање, треба прво, да биде вистински Македонец, второ, совеста и честа да не му се на издршка на Бугарите, Србите и Грците.

Главната причина за изникнувањето, смалувањето или зголемувањето на растот на пропагандата во Македонија зависи од турскиот режим, од географската положба на Македонија и од економската зависност на словеномакедонскиот народ од балканските држави.

Турската админстрација, до појавувањето на Младотурската конституција, живееше како паразит на македонското тело, поради што рамнотежата на економскиот живот на Македонците постојано се нарушуваше; колку почесто таа ја експлоатираше земјата, толку повеќе трудољубивоста на Македонците доаѓаше до високите предели на умственото и физичкот напрегање. Покрај тоа, оваа продажна администрација живееше широко од митото на бугарската, грчката и српската пропаганда.

На пример, во Битолскиот вилает во едно од селата Македонците учеа на грчки, но си зборуваа словеномакедонски (Турците ги наречуваат урум-милети-"Грци"). Се појавуваат кај турскиот чиновник егзархистите и му даваат поткуп; турскиот чиновник ги прогласува Македонците дека не се Грци, ами Бугари и дека се должни да учат по бугарски. Грчкиот учител мора да си оди, на негово место доаѓа бугарски учител. Ако почнат Македонците да се противат, на помош на бугарскиот учител му доаѓа тајниот бугарски комитет; ќе исфаќа ноќе неколку видни и невооружени Македонци, ќе ги однесе во планина и таму беспоштедно ги убива; истото тоа потоа се повторува со Србите.

Грците, Бугарите и Србите можат да се споредат со "мртвите души" на Гогољ, но со таа разлика што Чичиков ги купувал имињата на умрените селани и не ги преправал, а Бугарите, Србите и Грците ги купуваат од Турците имињата на живите Македонци, но со право македонското -СКИ да го изменуваат на -ОВ, -ИЌ и -ИДИС. А всушност словенското население си останува едно и исто и во полна сопственост на Турската Империја.

Друг начин на зголемување на хартија на српската, бугарската и грчката нација (за сметка на Македонците), како што веќе споменав горе, тоа е економската зависност од соседните држави. Десетици илјади македонски работници секоја година одат на печалба во Бугарија, Србија и Грција. Кој во Грција не сака да се вика Грк, во Србија Србин, во Бугарија Бугарин, тој не може да го заработи парчето леб во овие "братски" земји. Има случаи, кога од тројца еднокрвни браќа едниот мора да се вика Грк, другиот Србин, третиот Бугарин, според тоа каде одат тие на печалба.

Кога веќе споменатите методи не ги постигнуваат целите тогаш во Македонија се појавуваат вооружените бугарски, грчки и српски чети и со груба сила и со оружје в раце ги тераат Македонците да преминуваат од една нација во друга. И тогаш почнува вистинско братоубиствено истребување на Македонците.

Сега сметките се собрани, жалната слика е налице: речиси четвртината од Словено-македонците се истепани, се исклани од Турците, а еден дел се иселија во Америка, Србија, Бугарија и Грција. Во последно време, со цел да предизвикат замешување на Европа или самите да ловат риби во матна вода, Бугарите почнаа да се занимаваат со провокации: фрлаат бомби (Кочани, Штип и др.) врз многулуѓните македонски пазари и на таков начин убиваат невини луѓе. А Турците одлично умеат да ги наоѓаат виновниците!

Ако варварското самоистребување продолжи уште неколку десетици години, тогаш од словенскиот елемент во Македонија ќе останат само жални остатоци од потомците на Кирил и Методија. Да и се помогне на оваа несреќа може само на следниов начин:

1) Енергично застапување на братската Русија во полза на Македонците.
2) Уништување на бугарската, српската и грчката пропаганда во Македонија.
3) Отворање училишта на словеномакедонски јазик.
4) Востанување на црковна независност (автокефална словеномакедонска црква во г.Охрид).
5) Слободен развиток на националната самосвест, т.е. на свеста дека Словеномакедонците се еден и неделив народ.

Во интерес на запазувањето на Отоманската Империја, турската влада треба со сите културни мерки да го помага распространувањето на оваа пропаганда што сега веќе има илјадници следбеници како во Македонија така и надвор од неа.

6) Во името на хуманоста, човечкото достоинство и љубовта кон својата татковина македонската интелигенција еднаш за секогаш мора да ја прекине срамната продажба на својата совест и чест на бугарските, српските и грчките пазари.
7) Широка внатрешна самоуправа на Македонија.

Александер Кон, Македонское Блјуду в славјанском обеде в Вене - Гражданин (СпБ) 37 (16.IX 1912). Од книгата "Документи за борбата на македонскиот народ за самојстојност и за национална држава" Том Први, Универзитет Кирил и Методиј, Скопје 1981

-------------

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 18:22
Од писмото мислам тоа нема да ви се допадне

„Ако почнат Македонците да се противат, на помош на бугарскиот учител му доаѓа тајниот бугарски комитет; ќе исфаќа ноќе неколку видни и невооружени Македонци, ќе ги однесе во планина и таму беспоштедно ги убива; истото тоа потоа се повторува со Србите. “

А кој е тајниот бугарски комитет?

-------------

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 18:29
Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

„што сега ВЕЌЕ“ - колку поодамна?

Каков може да биде авторот според тебе? Јас кажав дека не е во никој случај од македонските Бугари.

Може да биде, јас мислам, само етнички Македонец од надвор (од кругот на Чуповски).
Од внатре може да биде некој разочаран од српската пропаганда, минал на македонистички позиции, т.е. пак од течението на Чуповски, ако може да се нарече течение.
Авторот секако дека е етнички Македонец, убаво кажа Буги.Ајде сега пак со Србите почна!газење%20од%20смеењеОвој човек е човек кој не подлегнал на пропагандите на соседните држави, доста едноставно.

Сега пак се прашам дали писмото за кое зборуваме не е пишано од Александар Кон, кој може да ја посетил Македонија, да го испратил на 15 август и да било отпечатено през септември.

Треба да резумираме.

-------------

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 18:30
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Од писмото мислам тоа нема да ви се допадне

„Ако почнат Македонците да се противат, на помош на бугарскиот учител му доаѓа тајниот бугарски комитет; ќе исфаќа ноќе неколку видни и невооружени Македонци, ќе ги однесе во планина и таму беспоштедно ги убива; истото тоа потоа се повторува со Србите. “

А кој е тајниот бугарски комитет?

Бугарскиот комитет е ВМК ( Врховниот Комитет ).

-------------

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 18:32

Дали е сигурно? Мислам дека е внатрешната организација.

-------------

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 18:40

Комитетот знаеш дека на повеќе места е синоним за ВМК, додека за ВМРО е организацијата, или како што сам кажа, внатрешната организација.

-------------

Постирано од: чоли
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 18:42
Грците, Бугарите и Србите можат да се споредат со "мртвите души" на Гогољ, но со таа разлика што Чичиков ги купувал имињата на умрените селани и не ги преправал, а Бугарите, Србите и Грците ги купуваат од Турците имињата на живите Македонци, но со право македонското -СКИ да го изменуваат на -ОВ, -ИЌ и -ИДИС.

Мдааа - писмото е писано од ЧуповСКИ ... ами што ке праиме со МисиркОВ?

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 18:56
Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Од писмото мислам тоа нема да ви се допадне

„Ако почнат Македонците да се противат, на помош на бугарскиот учител му доаѓа тајниот бугарски комитет; ќе исфаќа ноќе неколку видни и невооружени Македонци, ќе ги однесе во планина и таму беспоштедно ги убива; истото тоа потоа се повторува со Србите. “

А кој е тајниот бугарски комитет?
Бугарскиот комитет е ВМК ( Врховниот Комитет ).

Дали е сигурно? Мислам дека е внатрешната организација.
Комитетот знаеш дека на повеќе места е синоним за ВМК, додека за ВМРО е организацијата, или како што сам кажа, внатрешната организација.

Не на секаде. Кај Мисирков е синоним на внатрешните.
А во времето за кое пишува во писмото врховен комитет не постои. Тој е растурен и го нема од 1905. Тоа го објавил Цончев во писмо-одговор до Рилскиот конгрес.

Според Христо Силjaнов:

„ Заслугата за тоа решение, кое ги изненади внатрешните, му припаѓа, пред се`, ако не изклучително, на генерал Цончева. То не би било замисливо, ако зависеше от слепи фракционери, увлечени от матниот порој на бушувачката меѓуособица. Тоа е проблесок на возвишен патриотизам и на здрав политички разум. Тоа му спести на македонското ослободително дело многу братска крв.“

-------------

Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 19:01
Можеш ти да ја гледаш од твоја перспектива колку сакаш работава - јасно е дека тој се изјаснил за Македонец а тоа што вие формулирате измислени Македоно Бугари тоа е само ваша пропаганда.

Такво нешто како Македонски Бугарин не постоел никогаш во историјата,тоа е измислица на Бугарската егзархија и во поново време Бугарската држава која претендира кон Македонија и Македонскиот народнамигнување

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 19:05
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Од писмото мислам тоа нема да ви се допадне

„Ако почнат Македонците да се противат, на помош на бугарскиот учител му доаѓа тајниот бугарски комитет; ќе исфаќа ноќе неколку видни и невооружени Македонци, ќе ги однесе во планина и таму беспоштедно ги убива; истото тоа потоа се повторува со Србите. “

А кој е тајниот бугарски комитет?
Бугарскиот комитет е ВМК ( Врховниот Комитет ).

Дали е сигурно? Мислам дека е внатрешната организација.
Комитетот знаеш дека на повеќе места е синоним за ВМК, додека за ВМРО е организацијата, или како што сам кажа, внатрешната организација.

Не на секаде. Кај Мисирков е синоним на внатрешните.
А во времето за кое пишува во писмото врховен комитет не постои. Тој е растурен и го нема од 1905. Тоа го објавил Цончев во писмо-одговор до Рилскиот конгрес.

Според Христо Силjaнов:

„ Заслугата за тоа решение, кое ги изненади внатрешните, му припаѓа, пред се`, ако не изклучително, на генерал Цончева. То не би било замисливо, ако зависеше от слепи фракционери, увлечени от матниот порој на бушувачката меѓуособица. Тоа е проблесок на возвишен патриотизам и на здрав политички разум. Тоа му спести на македонското ослободително дело многу братска крв.“

Погрешно се изразив....
Мислев на луѓето од десницата, кои се слеале во ВМРО, меѓутоа останале со пробугарските идеи.

-------------

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 30.Септември.2009 во 08:38
Originally posted by чоли чоли напиша:

Нов Устав на Словеномакедонското друштво

Тоа го потврдува и вонредно значајното писмо на Битолскиот кружок од 15 август 1912 година што било упатено до Чуповски и до Другарството, а беше објавено во рамките на статијата на Александар Кон во в. „Гражданин“ на 16 септември 1912 година. Тоа е автентичниот глас на македонскиот народ, на македонската интелигенција во дните пред избувнувањето на воениот пожар. Тоа има и денеска актуелен одѕив, кога одново кај нас се појавуваат гласови што ни навеваат тогашни премрежиња и нови и конечни национални катастрофи. Затоа ќе го пренесеме во целост ова историско писмо: Битола, 15 август 1912 година.

Нема никаков Битолски кружок, тоа си го измислил авторот на текстот. Статијата на Кон ја имаме, но никаде не пишува за некаков кружок. Мојата теза е дека Кон е одил во Македонија, испратил писмо до Чуповски, а кога се вратил во Русија, го пуштил писмото во весникот. Никаде во статијата нема и трага, дека се замешани повеќемина во предложената анализа на ситуацијата во Македонија. Тоа си е гледиште на еден човек - Александар Кон.
„веќе споменав “ значи авторот си е само еден. Ако е пишано од името на некаков кружок, мислам немаше да се употреби точно овој израз.

Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

...Друг начин на зголемување на хартија на српската, бугарската и грчката нација (за сметка на Македонците), како што веќе споменав горе, тоа е економската зависност од соседните држави. ...

Александер Кон, Македонское Блјуду в славјанском обеде в Вене - Гражданин (СпБ) 37 (16.IX 1912). Од книгата "Документи за борбата на македонскиот народ за самојстојност и за национална држава" Том Први, Универзитет Кирил и Методиј, Скопје 1981

-------------

Постирано од: Македон
Датум на внесување: 30.Септември.2009 во 15:26

Kasnakoski, тој можеби пишува во името на битолчани, па секако дека ќе користи еднина, ако јас пишувам во името на подфорумот Историја, секако дека за себе ќе користам еднина.

-------------

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 27.Јуни.2012 во 18:10
Мунгос, тоа го знаеме одпред 3 години.
Една мистификација на Чуповски.

Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 27.Јуни.2012 во 18:59
Мистификација на Чуповски? Ајде биди сериозен , сигурно сите весници во Русија не беа на Чуповски.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев

Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 27.Јуни.2012 во 20:54
Писмото е пишувано од Чуповски.

Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 27.Јуни.2012 во 23:34
Имаш некаков доказ , ја разгледав темата и освен твојот збор не видов никаков доказ дека писмото е пишувано од Чуповски.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев

Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk