|
Писмо од Битола 12 август 1912 |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | ||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 23.Август.2009 во 12:43 |
|
Тука http://bank.referama.ru/txt.php?str=5&srch=&ch=7798 се Руско - македонските врски на Ристовски и најдов цитат на писмото од Битола, ама не можам да разберам од кого е испратено. Ако некој може нека да помогне.
На линкот се чита подобро, има интересни барања. Изменето од cercetator - 23.Август.2009 во 12:44 |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Најдов!
Писмото е апел за помош од битолските граѓани и е адресирано до Русија, кај мене во книгата стои дека е адресирано до јавноста. П.С. Писмото е одговор на заверата на соседните држави. Изменето од Македон - 28.Септември.2009 во 21:11 |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нов Устав на Словеномакедонското друштво
Кога се заговори за спогодбата на балканските монархии за војна против Турција, Чуповски и Другарството ги согледаа сериозните опасности за целоста и слободата на Македонија и побрзаа да обезбедат официјално призната македонска национална асоцијација, од чиешто име би настапувале пред јавноста. На 27 јуни 1912 година турските државјани Димитрија Чуповски, д-р Гаврил Константинович и Наце Димов, тројцата најактивни членови на Другарството и на Македонската колонија во Петербург, го поднесуваат за регистрација новиот „Устав на Словеномакедонското национално-просветно друштво, Св. Кирил и Методија“, со истите основни цели и задачи како во 1903 година - „да го помага духовното преродување и обединување на македонските Словени и нивното слободно национално-битово самоопределување“. Во чл. 4 од Уставот се децидира: Редовни членови на Друштвото можат да бидат исклучително - Словеномакедонци, Словеномакедонки, а исто така и жени на Македонци што се согласни со изложените основни ставови во овој Устав и што се готови да го помагаат нивното реализирање. Македонците и Македонките од словенско потекло што не го исповедаат национално самобитно единство на македонските Словени, туку се наречуваат Срби, Бугари и Грци - не можат да бидат редовни членови на Друштвото. И во овој акт посебно внимание му се посветува на македонскиот јазик, па во чл. 31 се озаконува: „Меѓу членовите на Друштвото разговорен и писмен јазик се смета словеномакедонскиот јазик“. И овде се нагласува дека Друштвото „во односите со други организации и одделни лица од словенските земји го користи сесловенскиот руски јазик“, додека „целото деловодство на Управата на Друштвото се води на руски и на словеномакедонски јазик“. Но, во ситуацијата кога руската влада исцело беше ангажирана за создавањето на Балканскиот сојуз и кога рускиот император и сега (како и во 1904) беше поставен за арбитар за „спорната“ зона при поделбата на Македонија по заземањето од Турците - овие потфати на Македонците не можеше да бидат охрабрени и Друштвото не беше регистрирано. Но, Чуповски, д-р Константинович и Н. Димов беа членови на повеќе словенски и други друштва во руската престолнина и учествуваа во сите собири и дискусии. На еден таков словенски ручек во ресторанот „Виена“ во Петербург во почетокот на септември 1912 година, тие ги нагостиле ручокарските словенофили „со своите национални македонски јадења приготвени со солзи, наситени со крв“, а утрето му изјавиле на рускиот публицист Александар Кон: Да, положбата е критична: во Македонија мириса на смрт. Единствениот спас на нашето дело, на нашата независност, а заедно со тоа и за спасот на Европа од војна, тоа е замешувањето на Русија, но не во вид на поддршка на Словенскиот сојуз против Турција, ами морална поддршка на Македонија, брз и решителен притисок врз Турција за неодложно спроведување на реформи во Македонија. Овој морален притисок ќе го спаси делото, ќе го отстрани надвиснатиот призрак на војната... Самата победа на Словенскиот сојуз, ако се реализира, апсолутно е непожелна од словенско гледиште, зашто тоа ќе биде парастос над потомците на Кирил и Методија: ќе ја разделат Македонија на три дела и ќе биде привремен триумф над нејзиното тело, но никој нема да биде задоволен: ќе се наложи да војуваат со соделачите и нема да има бел ден за Словените. Ако Русија му укаже поддршка на Словенскиот сојуз, што е малку веројатно, тогаш резултатите бездруго ќе бидат европска војна и поделба на Македонија. Сиве овие пророчки укажувања на Македонците непосредно пред објавувањето на Првата балканска војна потоа се исполнија. Тие најдобро ја чувствуваа ситуацијата и во Македонија и во пошироки размери. Тие имаа непосредни врски со своите сомисленици и соборци во татковината. Тоа го потврдува и вонредно значајното писмо на Битолскиот кружок од 15 август 1912 година што било упатено до Чуповски и до Другарството, а беше објавено во рамките на статијата на Александар Кон во в. „Гражданин“ на 16 септември 1912 година. Тоа е автентичниот глас на македонскиот народ, на македонската интелигенција во дните пред избувнувањето на воениот пожар. Тоа има и денеска актуелен одѕив, кога одново кај нас се појавуваат гласови што ни навеваат тогашни премрежиња и нови и конечни национални катастрофи. Затоа ќе го пренесеме во целост ова историско писмо: Битола, 15 август 1912 година. За да предизвикаат замешување на Европа или самите да ловат риби во матна вода, Бугарите почнаа да се занимаваат со провокации: фрлаат бомби (Кочани, Штип и др.) врз многулуѓните македонски пазари и на таков начин убиваат невини луѓе. А Турците одлично умеат да ги наоѓаат виновниците! Ако варварското самоистребување продолжи уште неколку десетици години, тогаш од словенскиот елемент во Македонија ќе останат само жални остатоци од потомците на Кирила и Методија. Да и се помогне на оваа несреќа може само на следниов начин: 1. Енергично застапување на братска Русија во полза на Македонците. 2. Уништување на бугарската, српската и грчката пропаганда во Македонија. 3. Отворање училишта на словеномакедонски јазик. 4. Востановување на црковната независност (автокефалната словеномакедонска црква во г. Охрид). 5. Слободен развиток на националната самосвест, т.е. на свеста дека Словеномакедонците се еден и неделив народ. Во интерес на запазувањето на Отоманската Империја, турската влада треба со сите културни мерки да го помага распространувањето на оваа пропаганда што сега веќе има илјадници следбеници како во Македонија така и надвор од неа. 6. Во името на хуманоста, човечкото достоинство и љубовта кон својата татковина македонската интелигенција еднаш за секогаш мора да ја прекине срамната продажба на својата совест и чест на бугарските, српските и грчките пазари. 7. Широка внатрешна самоуправа на Македонија. Во такви околности и со таква национална свест на македонската интелигенција внатре во земјата, беше објавена војната на „сојузниците“ против Турција. Бук*решката судбина на Македонија беше веќе видлива... Врз основа на претходните пазарлаци и договори на 26 септември 1912 година, „балканските монархии“ со невиден ентузијазам ја почнаа војната против Турција. Иако во прогласите балканските суверени нагласија дека војуваат за автономија на Македонија, тие всушност се нурнаа во европска Турција натпреварувајќи се кој повеќе да зграби. Во руската јавност се создаде еуфорична атмосфера. Се глорификуваше словенството и православието. Македонците како да им поверуваа на декларациите и се стекоа огромни маси доброволци од сите страни на светот за борба против петвековниот поробувач, но тие веднаш беа спрегнати во колесницата на завојувачките интереси на соседите. За жал, во таква (и предна) улога беше одново активирана и Македонската револуционерна организација. Егзалтацијата од победите на „сојузниците“ им ги замрачи погледите кон перспективите на Македонија и на видните македонски револуционери. Подготовките што ги направија соседните пропаганди во периодот по Младотурската револуција се покажаа мошне успешни: народот беше израсцепкан на разни туѓински „партии“, „клубови“ и други многубројни асоцијации, но без македонски, национални форми на организирање на македонскиот народ. При објавувањето на војната сите тие групирања се вклучија во армиите на соседите - според бојата на прифатената пропаганда. Будната интелигенција во Македонија ги сфати целите на завојувачите и веднаш го притисна копчето за аларм. И во Петербург почна пресудната битка за зачувување на целоста на земјата и на народот. Димитрија Димов Чуповски стана трибунот на таа нерамна борба. Неговата „кантора“ стана своевиден национален парламент во перманентно заседание. Со пишан и устен збор се настапува пред руската и пред светската јавност за да се објасни вистината за Македонија и Македонците. Кога „сојузниците“ почнаа да ја окупираат Македонија и почна жестоката чистка на заземените територии, пред се од македонските национални дејци, Македонската колонија во руската престолнина реши и лично да се најде на местото на настаните и да придонесе за организирање ефикасен отпор против настрвените окупатори. Крсте Мисирков веќе замина на фронтот во Јужна Македонија под форма на руски воен дописник од Одеса; д-р Гаврил Константинович (како руски воен лекар) се пријави доброволец преку Петербуршкото словенско благотворно друштво и замина на Балканот, лоциран во болницата на Цетиње, додека Димитрија Чуповски на 27 ноември 1912 година веќе стигна во Софија. Откако изврши важни консултации со повидните македонски дејци што беа останале во престолнината на Бугарија, на 4 декември веќе стигна во Скопје. На Свети Арангел вечерта, во куќата на Коробаровци во Велес, Чуповски ја одржува историската Општомакедонска конференција, на која се решава да се испратат претставници на Лондонската мировна конференција и во Париз за да дејствуваат за зачувување на целоста на Македонија, а се дава и полномошно на Македонската колонија во Петербург за да ја застапува македонската кауза пред Европа. Се заклучило и Р. Ризов да замине во Солун и Битола за да се консултира со истакнатите македонски дејци. Но, во Солун се сретнал со П. Шатев и со професорот Ј. Иванов, кој остро го заплашил: Момче, момче, за тој збор (автономија) ние јазици ќе сечеме! За тоа ли бугарскиот народ се тепа, за тоа ли тој си ја пролева крвта, та сега вие да барате автономија! Знајте дека ние само за таа автономија во армијата сме пуштиле 20.000 души детективи; глави ќе паѓаат! Тој однос на бугарските окупатори го изрази и случајот со Јане Сандански на банкетот во Солун во тоа време, кога бугарските офицери му ги извадиле сабјите. Тоа го потврдува и рускиот научник и политичар П. Милјуков, кој тогаш (во рамките на една меѓународна комисија) беше стигнал во овој град и дознал за „првите писмени протести предадени во Солун до бугарскиот цар и престолонаследникот Борис“ со барање за „единствена автономна Македонија“, зашто: „За луѓето што цел живот се бореле за македонската идеја очевидно, психолошки беше невозможно во еден миг да се преклонат пред свршените факти и да го признаат својот идеал - конечно упразнет и предаден во архив“. А. Г. К. во виенското „Македонско сознание“ од 16 април 1924 година сведочи: Еден добар Македонец, родом од Охрид, стар учител и револуционер А. К-ов, сега во Бугарија, писа едно писмо во Софија. Во него пишеше да се даит од Бугарија на Македонија автономија, а оттаму му одговорија да не обелвит заб ушче едношка за такво нешчо, зашчо ќе бидит протеран сурѓун во к*рт-Бунар. И затоа секој си седеше мадро, зашчо беше војна и се се праеше со сила. Затоа и Д. Чуповски, веднаш по конференцијата, го напушти Велес и на 10 декември 1912 година пак преку Скопје за последен пат (како и Мисирков) ја напушти својата татковина што никогаш веќе не успеа да ја види. А по враќањето во Русијатој напиша една јадровита статија што беше објавена на 27 јануари 1913 година во в. „Граѓанин“. Изменето од чоли - 29.Септември.2009 во 07:07 |
||
Bronhi
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 348 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Текстов го има и на македонски: „Македонско-руските врски во XIX и почртокот на XX век“, Сојуз на друштвата на историчарите на Република Македонија, Скопје 1996. Текстов што го бараш е на 21-22 страна и е посочено со фуснота:А. Кон, Македонское блюдо на славянском обеде в „Вене“, „Гражданин“, 37, С.-Петербург, 16.IX 1912,3. |
||
Земете БРОНХИ полесно се дише
|
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Затоа ќе го пренесеме во целост ова историско писмо: Битола, 15 август 1912 година.
За да предизвикаат замешување на Европа или самите да ловат риби во матна вода, Бугарите почнаа да се занимаваат со провокации: фрлаат бомби (Кочани, Штип и др.) врз многулуѓните македонски пазари и на таков начин убиваат невини луѓе. А Турците одлично умеат да ги наоѓаат виновниците! Ако варварското самоистребување продолжи уште неколку десетици години, тогаш од словенскиот елемент во Македонија ќе останат само жални остатоци од потомците на Кирила и Методија. Да и се помогне на оваа несреќа може само на следниов начин: 1. Енергично застапување на братска Русија во полза на Македонците. 2. Уништување на бугарската, српската и грчката пропаганда во Македонија. 3. Отворање училишта на словеномакедонски јазик. 4. Востановување на црковната независност (автокефалната словеномакедонска црква во г. Охрид). 5. Слободен развиток на националната самосвест, т.е. на свеста дека Словеномакедонците се еден и неделив народ. Во интерес на запазувањето на Отоманската Империја, турската влада треба со сите културни мерки да го помага распространувањето на оваа пропаганда што сега веќе има илјадници следбеници како во Македонија така и надвор од неа. 6. Во името на хуманоста, човечкото достоинство и љубовта кон својата татковина македонската интелигенција еднаш за секогаш мора да ја прекине срамната продажба на својата совест и чест на бугарските, српските и грчките пазари. 7. Широка внатрешна самоуправа на Македонија.
Нема потпис, нема ништо и се прашувам дали не е напишано писмото од кругот на Чуповски. Од информациите што ги покажа Чоли не е јасно кој е одил во Македонија кога е напишано писмото, но мислам авторот е човек од надвор. Не верувам некој да напише такво нешто од внатрешноста. Кој ќе биде тој интелигент, кој ќе каже за себе си дека е жртва на некаква пропаганда??? Ги осудува атентатите и пишува дека се бугарски провокации, Мислам се визираат МАГАРЕШКИТЕ АТЕНТАТИ, значи не може да биде во никој случај човек од жртвите на „бугарската пропаганда“ Изменето од Каснакоски - 29.Септември.2009 во 14:01 |
||
Bronhi
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 348 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нема потпис, нема ништо и се прашувам дали не е напишано писмото од кругот на Чуповски.
Од информациите што ги покажа Чоли не е јасно кој е одил во Македонија кога е напишано писмото, но мислам авторот е човек од надвор. Не верувам некој да напише такво нешто од внатрешноста. Кој ќе биде тој интелигент, кој ќе каже за себе си дека е жртва на некаква пропаганда??? Ги осудува атентатите и пишува дека се бугарски провокации, Мислам се визираат МАГАРЕШКИТЕ АТЕНТАТИ, значи не може да биде во никој случај човек од жртвите на „бугарската пропаганда“ [/QUOTE] Има ако виде погоре посочив кој, каде и кога А. Кон, Македонское блюдо на славянском обеде в „Вене“, „Гражданин“, 37, С.-Петербург, 16.IX 1912,3. Изменето од Bronhi - 29.Септември.2009 во 14:22 |
||
Земете БРОНХИ полесно се дише
|
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тоа го видов, ама Македон тврди дека е од македонски интелектуалци пишувано, а ти тврдиш дека е од некој Кон (претпоставувам Русин). Ако ти си во право, значи моите размислувања се точни. Кога го прочитав повторно, ми се фрли во очи точка 5. 5. Слободен развиток на националната самосвест, т.е. на свеста дека Словеномакедонците се еден и неделив народ. Во интерес на запазувањето на Отоманската Империја, турската влада треба со сите културни мерки да го помага распространувањето на ОВАА ПРОПАГАНДА што сега веќе има илјадници следбеници како во Македонија така и надвор од неа. Интересно!!! |
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тоа чив став е
Во писмото Македонците убаво се изјаснуваат - што е нејасно |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
на славянском обеде в „Вене“, „Гражданин“, 37, С.-Петербург, 16.</span>IX 1912,3.[/QUOTE] Од моjот материал: Тоа го потврдува и вонредно значајното писмо на Битолскиот кружок од 15 август 1912 година што било упатено до Чуповски и до Другарството, а беше објавено во рамките на статијата на Александар Кон во в. „Гражданин“ на 16 септември 1912 година. Кон краjот на 1912 г. Чуповски за последен пат во живото си е бил во Македониjа. |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Каков е тој Битолски кружок? Т.е. дали писмото е пишувано во Битола, или некој битолчанец во Русија го напишал, претставувајќи се за член на некаков Битолски кружок.
|
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како и да е се кажал дека како Македонец го претставува кружокот
|
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
зА ТОЧКА 5 НИШТО НЕ КАЖА „турската влада треба со сите културни мерки да го помага распространувањето на ОВАА ПРОПАГАНДА што сега веќе има илјадници следбеници како во Македонија така и надвор од неа. “ Значи за авторот има веќе три пропаганди, а тој самиот формулира ЧЕТВРТА. Изменето од Каснакоски - 29.Септември.2009 во 15:48 |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Този Битолски кружок е бил много таен... толкова таен че и досега не се знаат учесниците во него: Македонскиот сепаратистички кружок |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Убаво вели Буги, јасно е дека е етнички Македонец, дека така се чувствува и слично. Авторот не форумилира четврта пропаганда затоа што ова мислење веќе има илјадници следбеници, па дури не само во Македонија, туку и надвор од неа. Значи ова дрвижење не е од "сега", туку од поодамна. |
||
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |