IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Гаврил Македонецот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Гаврил Македонецот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 10>
Автор
Порака
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 09:39
Барајќи за Гаврил Македонец најдов уште двајца Козма Македонец и Гаврил Македонец, ама само по име.

„Козма Македонец и Гаврил Македонец в музикалните ръкописи от XVII – началото на XIX век. – Музикални хоризонти, 2000, № 1, 27–33. ...“
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 22:21
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Сака да покаже од каде ја научиле ТуркоМонголите Бугарски азбукатаголема%20насмевкаДа не биле Македонските просветители тие и ден денес ке пишуваа на туркомонголски хироглифинамигнување
Не,тој сака да каже дека Македонците се "Бугари".Но жал ми е тие не се,не биле,и нема да бидат.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2009 во 18:24


1.Види се дека во лево исто има нешто напишано, ама не можам да разберам што е.
2. Не може да биде Атанасов мислам. Начинот на кој се пишува малкото Т не дозволува, нема место.
3. Кој е на иконата?


ПС На прашање 3 најдов одговор - јован Златоуст е.


Изменето од Каснакоски - 26.Септември.2009 во 19:47
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2009 во 19:17
ГАВРИЛ АТАНАСОВ - ЗОГРАФ
(1862-1951)





Гаврил Атанасов е роден во Берово во 1862 година од православни родители.



Татко му, кој по народност бил Цинцарин - Влав, бил дојденец од Крушево. Во Берово се оженил со ќерката на некој Јован, која набргу починала, па бил принуден да се прежени.
Мајка му била од село Ратево. И таа претходно била мажена во Берово, но и нејзиниот маж починал. Така двајцата вдовци се земале и изродиле две женски и две машки деца меѓу кои бил и Гаврил.



Семејството на Гаврил, како доселеници во Берово, западнало во голема сиромаштија, па децата биле принудени да работат како аргати и да чуваат туѓа стока.



Во периодот 1872-1874 година, на десетгодишна возраст, за време на зимскиот период Гаврил одел на училиште, додека пак, во летниот период работел како овчар и говедар. Потоа, скоро годинаипол работел како калџија, со мајстори по Пијанечко и Струмичко. Едно лето работел и како аргатин на жетва во Штипско, а потоа околу две години поминал работејќи и со татко му како бичкаџија.



И неговиот постар брат Христо неколку години работел како овчар, а потоа отишол на Света Гора да работи како аргат. Поведен од него и Гаврил решил да го напушти тешкиот живот и сиромаштијата во Берово и да замине да работи на Света Гора. Така, младото момче, на 18-19 годишна возраст, во 1881 година, околу Митровден пристигнал кај својот брат кој веќе бил игумен во рускиот манастир „Свети Пантелејмон“. Таму, Гаврил работел како аргатин до Ѓурѓовден. Кога видел дека на Света Гора има многу добри зографи му кажал на брата си дека и тој сака да го научи зографскиот занает.



Така, со помош на својот постар брат, Гаврил се запишал во Карејската зографска школа, кај светогорскиот зограф, калуѓерот Глигоро Шк*рт, по народност Грк. На Глигоро, како школарина му платиле 20 златни лири за три години да слугува и да учи. Но, тука, младиот Гаврил, наместо да ги изучува тајните на зографскиот занает, научил само да му слугува на Глигоро, да мете, да вали огин, да вари кафе, да купува месо, да готви, да мести трпеза, да мие садови, да пере алишта. Тоа го натерало да го напушти зографот Глигоро и повторно да се вработи како физички работник.



По четирите години поминати на физичка работа, Гаврил одново се запишал во Карејската зографска школа, но сега кај зографот Христодулос Матеу, Грк од Његуш. Христодулос, увидувајќи го извонредниот зографски талент кај младиот Гаврил, по двегодишно калфување го зел за свој единствен соработник. Како соработник на зографот Христодулос Матеу, Гаврил поминал уште 11 години, сликајќи икони кои Матеу ги испраќал во Русија и во балканските земји.



По тринаесетгодишно работење со зографот Матеу во рускиот манастир „Свети Пантелејмон“, на Гаврил, од страна на престарениот руски зограф Поликарп му била доверена да ја води големата сликарска работилница и да ги воведува учениците во тајните на зографскиот занает.



За време на своето престојување на Света Гора, Гаврил, цело време копнее за Берово, за татковиот дом и за саканата девојка Маца. Поради тоа на него му се препишува и малешевската народна песна:

„Маце Марие бела Беровко,
жени се Маце, мен ме не чекај,
јас ќе си стана млади калуѓер.“


Младиот Гаврил, веќе зограф, полн со знаење и вештина од зографскиот занает се вратил во Берово и ја земал за свој животен сопатник девојката од цитираната песна Марија, од родот на Поп Буровци. Во брачниот живот со неа добиле осум деца: Александар, Полихерија, Диспина, Параскева, Панте, Михаил, Ана и Борис.



Зографот Гаврил Атанасов изработил повеќе иконостаси и огромен број на икони, од кои најубавите се наоѓаат во црквата во село Смиланци (Радовишко) и во Берово. Во манстирот „Св. Архангел Михаил“ во Берово Гаврил работел во периодот од 1899 до 1920 година. Тринаесетте икони што го носат неговиот потпис и што се наоѓаат во овој манастир се само „капка во морето“ од иконографското наследство што ни го оставил зографот Гаврил, расфрлано по црквите, манастирите и приватните домови во Малешево, Пијанец, Кочанско, Штипско, Радовишко, Струмичко, Струмско и подалеку низ балканските земји и Русија.



Во црквите во Малешево и Пијанец од пописната комисија на Републичкиот завод за заштита на културно-историските споменици се регистрирани 300 икони со различна големина, од кои 41 икона се препишуваат на неговиот син, зографот Борис. Во бројката од тристоте икони не се сместени иконите од црквите во Кочанско, Штипско, Радовишко, Струмичко, Струмско, а да не зборуваме за иконите изработени во работилниците на светогорските манастири и испраќани во Русија и балканските земји при крајот на деветнаесетиот век, кога зографскиот талент на младиот зограф Гаврил бил во полн расцут.



Од писмото, што на 04.04.1928 год. Гаврил Атанасов му го испратил на Јеремије М. Павловиќ, да му послужи при пишувањето на книгата „Малешево и Малешевци“, покрај дел од горе изнесените податоци, дознаваме дека Гаврил, за изработка на своите икони, за време на Турското робство набавувал материјал од Солун, за време на Бугарско од Софија, а во периодот кога е пишувано писмото (Српско) од Скопје.



Интересно е да се спомене иконата „Свети Јован Златоуст“, која е изработена на плех и е јужна олтарска врата во црквата во манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Берово. Зографот Гаврил ја изработил оваа икона во 1897 година и при изработката, во нејзиниот долен десен агол оставил запис, цитираме: „Иконописец Гаврил Атан(асов) Македонец от село Берово, Малеш 1897 година“, не претпоставувајќи дека неговиот запис од иконата, на неговите сонародници ќе им биде аргумент за докажување дека македонската нација и Македонија не се од вчера, туку од многу, многу порано.



Покрај тоа што главна преокупација на Гаврил Атанасов било зографството, т.е. иконосликарството, тој се занимавал и со фотографирање. Тој е првиот фотограф во Малешево, а можеби и пошироко. Покрај други, автор е и на фотографијата на која се наоѓа Даме Груев, по неговото убиство на врвот Петлец, кај селото Русиново во 1906 год. Тоа е таа историска фотографија направена по налог на Комисијата за идентификација на убиените комити, која требало да потврди дека е убиен големиот војвода, башкомитата Дамјан Груев. Низ Малешево постојат и други негови фотографии кои сведочат за значајни настани и личности од историјата на овој крај. Вистинска штета е што во 1934 година, заедно со куќата, изгорело и ателјето на овој малешевски фотограф, при што е уништен драгоцен фотографски материјал од историско значење.



Во обновената црква „Св. Богородица Балаклија“ во Берово, при нејзиното фреско-пишување, од страна на академскиот сликар Ѓорѓи Данев, насликан е и ликот на Гаврил Атанасов - Зограф, со што овој лик е овековечен за навек.




Зографот Гаврил Атанасов починал во Берово, 1951 година, во 88-та година од својот живот, опкружен од многубројните негови наследници.


http://maleshevo.blogspot.com/2008/07/blog-post_7141.html

Изменето од Каснакоски - 26.Септември.2009 во 19:18
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2009 во 19:21
Кон врв
g-1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 10.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај g-1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2009 во 22:13



"Татко му, кој по народност бил Цинцарин - Влав, бил дојденец од Крушево."

„Иконописец Гаврил Атан(асов) Македонец от село Берово, Малеш 1897 година“

Македонец???????????????????


"по народност бил Цинцарин - Влав"????? па Македонец??????

-----------------------------------------------
"Глигоро Шк*рт, по народност Грк."
"Грк" па уште и "шк*рт" = "кус, низок, краток", на антички македонски јазик.

-----------------------------------------------------
"Христодулос Матеу, Грк од Његуш."

Матеу, Грк, па уште од Неагушта (Његуш)????? населен со Антички Македонци.





Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2009 во 22:44
Каснакоски, не знам од каде тие информации дека е Влав, кога тој јасно напишал дека е Македонец, а бил жив и во слободна Македонија, па ако сакал ќе кажел дека е нешто друго веднаш.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2009 во 00:27


Таа е нивната теорија,се што е Македонско демек е Влашко,нормално не поради Власите туку поради шовинистичката Бугарска егоманија да не постојат Македонци како нас денес.

Зошто,ке прашате,эар не е налудничаво!!!!!!!

Па налудничаво е нормално но во Бугарија има скоро 35%-40% Бугариэирани Македонци кои сеуште энаат дека потеклото им е Македонско но иэлажани се од ТуркоМонголските Бугари дека Македонци како народ не постојат - јаэик Македонски не постои,култура и историја како и држава Македонска дека не постоела - и сега кога гледаат дека има Македонци,има Македонска култура,јаэик,писмо еве и држава има континуирана Македонска што им останува друго освен да ги прогласат сите тие работи эа некои други еве во погорниот случај Влашки.


Неэнаат дека еден Евлоги Георги е Влав а тие го прават голем Бугарин ама эатоа энаат дека Атанас Македонецот е Влав - гарант энаат Бугарите,ако треба и докаэи ке направат ама энаат
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2009 во 08:54
Originally posted by Македон Македон напиша:

Каснакоски, не знам од каде тие информации дека е Влав, кога тој јасно напишал дека е Македонец, а бил жив и во слободна Македонија, па ако сакал ќе кажел дека е нешто друго веднаш.


Taka пишува во информациите за него, а и во клипчето на МТВ е кажано дека татко му бил од Крушево.
Читај ги постовите на Г-н1, освен него и неговите учители биле Власи, знаеме дека тогаш Власите сами си се нарекувале Македонци, види на темата за Власите.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2009 во 11:14
Каде пишува дека е Влав,и у Крушево само власи ли живеат - оно подобро и Американец да е само да не е Македонец
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2009 во 11:24
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Каде пишува дека е Влав,и у Крушево само власи ли живеат - оно подобро и Американец да е само да не е Македонец


„ГАВРИЛ АТАНАСОВ - ЗОГРАФ
(1862-1951)





Гаврил Атанасов е роден во Берово во 1862 година од православни родители.



Татко му, кој по народност бил Цинцарин - Влав, бил дојденец од Крушево.........“

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2009 во 11:34
Не кажува така - да не имаш духови дома
Кон врв
g-1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 10.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај g-1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2009 во 15:10
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Не кажува така - да не имаш духови дома




цитат:


"Татко му, кој по народност бил Цинцарин - Влав, бил дојденец од Крушево."



Види стварно, Цинцар, па влав.



Во Србија, Цинцарите се високиот градски сталеж, и немаат баш ништо со власите кои се сточари и зборуваат различен јазик.




Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2009 во 15:26
Каде го кажува тоа Цинцар
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.