IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што е Адвентистичката црква?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што е Адвентистичката црква?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 39>
Автор
Порака
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2009 во 15:49


Да не биле малце прерадикални .
Тие како прво не ни биле христијани,туку гностици со манихески елементи.
Биле гонети од ДРЖАВАТА(НЕ ЦРКВАТА)зашто главен приход им било продажба на робови на Арапите.А робовите биле православните граѓани на византија кои ги сигурно не ги правеле робови со молба.
А тоа дека биле ептен јаки "Христијани" се гледа од тоа како еден од нивните водачи Chrysocheres(863-872) со својата павликанска ВОЈСКА(!) ОПЉАЧКАЛ и ЗАПАЛИЛ многу градови меѓу кои и ЕФЕС каде големата и славната црква посветена на Свети Јован Богослов ја претворил во ШТАЛА за своите коњи.
Е сега византијците пратиле војска и го поразиле и му ја отсекле главата и му ја доденел во Ефес и ја закачиле сите да видат како завршил хулителот на светињата.
(значи сега он е само "радикален христијан" а византијците ѕверови во човечка тела).

Морам да забелешам дека многу ја мешаш Света Црква со државата. И сега испаѓа дека ја сум апологет на византијската држава а не на Православната Црква.
Јас те прашав каде Православната Црква ги гонела и палела еретиците а не византиската држава.

[/QUOTE]


Ti samo prasuvaj jas ke ti odgovaram.

Vo 10 vek pavlikijancite gi srekavame pod imeto bogomili koi stanale protiv rasipanosta na Rim i Vizant, gi otfrlale sakramentite na Crkvata i krstevanjeto na mali deca; ne ja prifakale dogmata za pretvoranje na lebot i vinoto vo vistinsko Hristovo telo i krv pri vecerata Gospodova nitu pocituvanjeto na ikonite i svetcite, i ne se poklonuvale pred krstot nitu go bacuvale.Poradi toa bile progonuvani i unistuvani. Osobeno zestoko bilo progonstvoto protiv bogomilite vo Carigrad.


"Taa rabota ja prezele vo svoi race licno glavite na dvete vlasti; carot Aleksej i patrijahot Nikola. Vednas do niv stoele crkovnite i drzavnite dostoinstvenici. Po istrazna postapka sledela kazna protiv oni sto cvrsto stoele na temelot na svojata vera od koja ne sakale da se otkazat.A toa znacelo lomaca za staresinite i dozivoten zatvor za obicnite vernici.


Vo toa vreme e spalen na lomaca vodicot na bogomilite vo Bugearija, Vasilij. Vasilij bil odveden na gradskiot hipodrom kade sto bila podignata lomaca. Tuka bile dovedeni i golem broj bogomili vrzani so sindziri kako najgolemi zlostornici da ja gledaat smrta na svojot ucitel. Pred hipodrumot podignale golem krst, i koga bilo podgotveno se, go pvikale Vasilij da go celiva krstot i da go spasi svojot zivot. Toj toa go odbil . So sveta vozbuda i so nepokolebliva vera, Vasilij se kacil na lomaca od kade uste ednas gi poglednal svoite sledbenici vrzani vo sindzir i , so dlaboka bolka i griza za niv, pocnal da go pee 90-tiot psala.. No nabrzo golemiot plamen go zadusil negoviot glas.
Potoa oo Bugarija, Grcija i Makedonija, bogomilstvoto se prosirilo vo Srbija, kade sto gi progonuvalgolemiot zupan Stevan Nemanja[1168-1196]so arhijerej Jeftimije.
"Svikale sobor na koj e utvrdeno deka vo Srbija e prosirena bogomolskata vera, ja osudile i nad nea izrekle kazna; knigite na bogomolite se spaleni, a na vodicot mu e presecen jazikot i proteran vo zatocenie. Nekoi od bogomilite se osudeni na na lomaca, a drugi proterani od Srbija , i na site odzeman imotot i podelenmegu "pravovercite"[pravoslavnite].


Pocituvan toa se golemi zlo dela sto gi pravela Istocnata pravoslavna "pravoverna" Crkva, koi nemozat da se izbrisat od istorijata..

Изменето од Blagoj_s - 24.Септември.2009 во 21:05
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2009 во 16:08
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:


Тие како прво не ни биле христијани,туку гностици




Golem lapsuz ahmar1... isto kako onoj na EvAngelos koga reche deka pravoslavnite ne se hristijani.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2009 во 12:29
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Golem lapsuz ahmar1... isto kako onoj na EvAngelos koga reche deka pravoslavnite ne se hristijani.


Меси,сме правеле муабет за ова и порано.
Според Правоверните Христијани,Гностиците НЕ СЕ ХРИСТИЈАНИ(ма како сакаат нека си се нарекуваат самите). А па посебно за павликијаните за кои пак стана збор претходно па да не праиме муабет!

еве мали исечоци од нивната доктрина од сајтовите што ги постирав:
ова од католичката енциклопедија

1.They thought all matter bad.
2.They rejected the Old Testament;
3.there was no Incarnation, Christ was an angel sent into the world by God,
4.They were Iconoclasts
5.their Bible was a fragmentary New Testament. They rejected St. Peter's epistles because he had denied Christ. They referred always to the "Gospel and Apostle", apparently only St. Luke and St. Paul
6.The whole ecclesiastical hierarchy is bad, as also all Sacraments and ritual.
7.They had a special aversion to monks


А ова е од гностичкиот сајт

1.Jesus was a mediator of God and Man, but He was not a divine entity; Jesus was born and created a Man. Through Baptism, Jesus received the Holy Ghost and became Holy. Jesus was baptized on his thirtieth birthday.

Е сега по вакво "исповедање на верата" павликијаните може да бидат што сакаат но христијани не се сигурно.


Изменето од ahmar1 - 25.Септември.2009 во 12:30
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2009 во 12:49
Благој.не ми е поентата сега да си играме тука ученик и учител ја прашувам ти одговараш, тука да разговараме..
Очигледно ова се што до сега го кажуваш ти е од Елен вајт(не заборавај, ја имам читано).

Освен што на Елен Вајт меша баби и жаби од историска перспектива туку и си ги толкува работи како што она ги сфатила.

Павликијаните сега одеднаш стануваат богомили?!!
Тоа не е точно зашто тие две групи иако се слично до некој степен со некои свои ставови, сепак се развиле паралелно и паралено исчезнале(богомилите некеде по доѓањето на Турците додека павликијаните се преобратиле во Римокатолицизам).

За Богомилите што да кажам.
Класични дуалисти кои тврдел дека материјата е зла сама по себе и го мрезел бракот и раѓањето(ова совршените го правеле). А знам дека следбениците на Елен Вајт не се до толку па да се согласат со овие богомилски начела!

А за прогоните, да биле доста гонети(од ДРЖАВАТА)зашто не признавале никава власт и како последица на тоа не сакале да плаќаат даноци!

И не биле баш сите така мирољубиви како што денес ги идеализираат.Си имaле они и своја "bad side".
На пример напаѓале православните манастири(ова е забележано од хроничарите на српските Цареви кога ја владееле Македонија) а и да те потцетам дека пола фамилија на Цар Самуил биле Богомили со кои имал некаков преќутен договор за взаемно толерирање за возврат за ВОЕНА подршка!
Така да наследникот на Самоил-Гаврило Радомир иначе бил БОГОМИЛ!


Изменето од ahmar1 - 25.Септември.2009 во 12:49
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2009 во 14:09
Ahmar1

Jas nemam protiv nikoja vera i nemozam da nateram nikogo da veruva vo ona sto jas veruvam.
A za istorijata kako sto bilo taka i pisuvam , za zal nemozam nisto da promenam, mozebi nekomu nema da mu se dopadne ama toa e. Mozeme da zboruame za religijata so fakti od Biblijata.

So golema pocit kon tebe.
Blagoj

Изменето од Blagoj_s - 25.Септември.2009 во 15:29
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 12:45
Адвентисти..."

Библијата зборува за човечката историја: за падот во грев, за Божјата љубов кон човекот, за Исусовата жртва на крстот, за принципите според кои човекот треба да живее, за Божјето решение за проблемот на страдањата и смртта...; и сите тие теми својата кулминација ја постигнуваат во најважниот настан пред кој стои планетата Земја - Второто Христово доаѓање.

Кога, по воскресението од мртвите, Исус се вознел назад кон Божјиот престол, Tој заминал со ветувањето: „ПАК ЌЕ ДОЈДАМ!“

Христијаните низ сите векови (но, и Божјите луѓе пред нив) живееле со надеж и исчекување на тој ден. Тоа е ден кога ќе биде ставен крај на злото и ќе се исполнат зборовите на толку посакуваното ветување: " и ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното (стариот свет) помина.” (Откровение 21,4)

При своето второ доаѓање Христос ќе им ја даде ветената награда, која ја обезбедил со својата смрт на крстот, на сите кои низ историјата Го прифатиле за свој Спасител и своите животи ги ускладиле со неговите заповеди.

Воскресение од мртвите, вечен живот на обновената Земја - тоа е платата што ќе ја добијат! „Зашто самиот Господ... ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво. Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме земени заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа“. Исус рекол: „Јас сум Воскресението и Животот, кој верува во Мене и да умре - ќе живее“, „А ова е волјата на Оној кој ме пратил: да не изгубам ништо од се што ми дал, туку ДА ГО ВОСКРЕСНАМ ВО ПОСЛЕДНИОТ ДЕН“. (1. Солунјаните 4,16-17; Јован 11,25; 6,39)

Без овој настан христијанството не би било ништо повеќе од само уште една филозофија на светов. Но, не! Уште од почетокот Бог имал намера човекот да живее вечно. А сега тој план, еднаш нарушен со Адамовиот грев, конечно ќе стане стварност, за сите оние кои застанале на Божјата страна, за сите кои го прифатиле тоа немерливо богатство платено со крвта на Божјиот син, за сите кои го прифатиле дарот на вечниот живот преку Исуса Христа.

Изразот „Адвентисти“ ја отсликува нашата огнена увереност во блискоста на тој величенствен настан - Христово второ доаѓање (advent).

Таа увереност секојдневно се потврдува и засилува со настаните кои се случуваат во светот, а се претскажани од самиот Исус како знаци кои го највуваат неговото доаѓање.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 13:18
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

А за прогоните, да биле доста гонети(од ДРЖАВАТА)зашто не признавале никава власт и како последица на тоа не сакале да плаќаат даноци!

И не биле баш сите така мирољубиви како што денес ги идеализираат.Си имaле они и своја "bad side".
На пример напаѓале православните манастири(ова е забележано од хроничарите на српските Цареви кога ја владееле Македонија) а и да те потцетам дека пола фамилија на Цар Самуил биле Богомили со кои имал некаков преќутен договор за взаемно толерирање за возврат за ВОЕНА подршка!
Така да наследникот на Самоил-Гаврило Радомир иначе бил БОГОМИЛ!
Совршените богомили не создавале семејства не затоа што го мразеле тоа, туку биле свесни дека тие нешта би ги врзале и би им ја оневозможиле нивната задача да ја објавуваат Божјата светлина на луѓето(тоа подразбирало постојани патувања, а во тоа време немало автомобили, авиони, интернет и сл.). Доколку би имале семејство, нешто од тие двете би трпело.

Вистинските богомили не ги напаѓале манастирите, туку други луѓе и тоа им било припишувано ним а таквите работи иделе во прилог на клеветите што ги ширеле против нив црквата и власта, со самото тоа на хроничарите не можеме целосно да им веруваме(зборуваат за некој кој е прогласен за државен и Божји непријател - што да се очекува?).

Точно е дека дел од богомилските верници(богомили само по име) не се држеле до учењето и си дозволувале мешање во политика и војни, од што и си стигнале соодветни последици.

Знаеш ли зошто биле ослепени војниците на цар Самуил по битката кај Беласица?

Инаку не сум знаел дека Вајт ги спомнува богомилите(а сум читал од нејзе книги). Меѓутоа од тоа што го знам за Адвентистите и Богомилите морам да речам дека многу се разликуваат како учење.

Изменето од Majkl - 29.Септември.2009 во 13:18
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 14:19
Originally posted by Majkl Majkl напиша:


Вистинските богомили не ги напаѓале манастирите, туку други луѓе и тоа им било припишувано ним а таквите работи иделе во прилог на клеветите што ги ширеле против нив црквата и власта, со самото тоа на хроничарите не можеме целосно да им веруваме(зборуваат за некој кој е прогласен за државен и Божји непријател - што да се очекува?).


Но ќе се сложиш сигирно со мене дека приучениот но недоучениот е најлош ученик!Така да православните сигурно не си ги палеле манастирите самите,туку повеќе некој приучен(но недоучен)богомил од групата на слушатели,кои сигурно си бирале што им одговара од богомилската теологија за задоволување на своите(приземни)цели.

Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Знаеш ли зошто биле ослепени војниците на цар Самуил по битката кај Беласица?


Колку што се сеќавам, затоа што Радомир(Богомилот нели) во една заседа му го РАСПОРИЛ стомакот на еден од најомилените команданти на Василиј додека овој со мала група војници иделе по намирници за Солун.

Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Инаку не сум знаел дека Вајт ги спомнува богомилите(а сум читал од нејзе книги). Меѓутоа од тоа што го знам за Адвентистите и Богомилите морам да речам дека многу се разликуваат како учење.


И ја не сум ги сретанал богомиле во нејзините книги но Благој ги спомна па претпоставував дека биле сега апдејтирани .Ова го велам во контекст на изјавата на некој си АНОНИМЕН француски историчар за кој уште не чув како се вика.
Додека за суботариве и мене секогаш ми било забавно што наоѓаат свои духовни претци од: Иконоборците,Павликаните,Катарите,Валдежаните,Чешката реформација,Лутер и све живо и мртво до времето на Елен Вајт
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 14:44
Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:

Изразот „Адвентисти“ ја отсликува нашата огнена увереност во блискоста на тој величенствен настан - Христово второ доаѓање (advent).


Секој христијанин е адвентист во овој смисол- Го Очекува Господ.
Разликата кај вас и другите е што вашите основачи се дрзнале да дозната КОГА И КАКО ќе биде тоа и покрај тоа што Христос им вели на Апостолите дека ниту Ангелите не го знаат тоа.
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 15:18
Големиот отпад

Доскоро забранувано и прогонувано, во времето на царот Константин (IV век) христијанството станало државна религија. Сега веќе не било срамота ниту опасно да се биде христијанин, напротив - станало популарно. Прогонствата престанале, но, се појавил нов, поопасен непријател. Тоа било се поотвореното прилагодување на христијанството кон верата на паганските (многубожечки) народи.

Во тој период мнозина го примале христијанството заради популарност или добивање привилегии. Други пак, биле присилно христијанизирани. Без промена на своите погледи на светот, или како што вели Библијата, без промена на срцето, и едните и другите, само го смениле името на својата вера, но не и нејзината суштина - тие си останале многубошци.

На тој начин во христијанството заедно со таквите луѓе влегле и бројни верувања и обичаи кои свое потекло имаат во паганството: обожавање на слики и статуи, верување во бесмртност на душата, вечни маки во пеколот (подоцна е додадено и верувањето за чистилиштето); наместо саботата од четвртата Божја заповед, за празнување е воведен паганскиот ден на сонцето - недела, воспоставена е посредничката улога на светители, култот на Марија, дарови и обреди за мртвите, верувањето дека со добри дела, жртви и самоизмачување може да се заслужи Божјата милост... Овие и уште многу други верувања кои немаат никаква основа во Библијата биле причина за целосно деформирање на христијанството.

Таквата промена не останала без последици на целокупното човеково живеење. Светот навлегувал во мрачниот дел од својата историја!



Настанок на Адвентистичката црква

Мнозина, во потрага по верска слобода, го напуштиле стариот континент и запловиле кон новооткриената Америка. Таму, тие биле слободни да веруваат и живеат според вистината која ја дознавале од Библијата.

Второто христово доаѓање било главен предмет на проучување на Библијата во текот на сите векови. Како резултат на истражувањето на оваа голема вистина, меѓу христијаните во многу земји во почетокот на IX век настанува адвентното движење, за малку подоцна да биде организирана Црквата на адвентистите на седмиот ден (кај нас позната како Христијанската адвентистичка црква).

Адвентистите сметаат дека отишле најнапред во долгогодишниот процес на реформа, односно се вратиле наназад до изворното, библиско христијанство, отфрлајќи ги сите небиблиски примеси кои се натрупале со вековите, и одново ги прифатиле вистините кои биле запоставени и отфрлени.

Веродостоен тест за ова тврдење е описот кој ни го дава Библијата за животот и верата на првите христијани, поуките и принципите на кои ги упатувал и учел самиот Исус Христос, но исто така и фактите кои ги бележи историјата за развојот на христијанството и за промените и отстапувањата кои се случувале во него.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 16:48
Originally posted by ahmar1 ahmar1 напиша:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Golem lapsuz ahmar1... isto kako onoj na EvAngelos koga reche deka pravoslavnite ne se hristijani.


Меси,сме правеле муабет за ова и порано.
Според Правоверните Христијани,Гностиците НЕ СЕ ХРИСТИЈАНИ(ма како сакаат нека си се нарекуваат самите).


A koi se toa Правоверните Христијани? Pravoslavnite? Katolicite? Protestantite? Koptite? Unitaristite?

Sekoj od niv tvrdi deka e Pravoveren, pa spored toa proizlaga deka site se Krivoverni. Ako odam spored takvata odredba sto ja zastapuvash , togash EvAngelos e prav koga veli oti pravoslavnite ne se hristijani. Ako ti si davash za pravo da odreduvash sto e "pravo" i sto e "krivo", samo zatoa sto onoa sto ti si odbral da veruvash e "pravo", togash spored EvAngeos ti ne si "prav" hristijanin. Duri mozhebi i ne si voopshto hristijanin.

So kakov avtoritet tvrdish deka drugite, sto ne veruvaat isto kako sto veruvash i ti, ne se hristijani??? Da ne loveshe ribi so Isus, pa da znaesh shto tochno govoreshe toj??? Ili da ne beshe Pavle, na koj mu veruvash bez tronka somnenie,   mozhebi Isusov uchenik za tri godini pa da znae od prva raka za negovoto uchenje ???

Mozhesh da kazhesh deka onie koi ne veruvaat onaka kako sto veruvash ti ne se Pravoslavni hristijani, no ne mozhesh da kazhesh deka ne se Hristijani bidejki nemash apsolutno nikakvi ingerencii da tvrdish neshto takvo. Toa sto go pravish ne e nisho drugo osven prelest.

Veruvaj vo sto sakash, no ne ze vozdigaj so toa i ne go ekskluziviraj i privatiziraj Boga bidejki ti ne si Negovo eksluzivno chedo, kako i eksluzivno mesto na sobiranje na Negovata mudrost, doblest i bozhenstvenost. Bog im pripagja na site lugje i Toj im se otkriva onaka kako sto smeta deka e potrebno.


Изменето од Messenger - 29.Септември.2009 во 17:14
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 16:53

Za Adventistickata crkva kako organizacija se najdobro.

Imam mnogu prijateli od taa zaednica, duhovno nastroeni lugje, go sakaat HRISTOS so seto srce, mnogu kulturni i fini lugje.

Sum prisustvuval na nivni evangelizacii i mozam da kazam deka mi se dopadna kako seto toa bese organizirano i kako bese izneseno. Site Hristijanski zaednici moze da ucat eden od drug i da se podobruvaat vo toa da go prenesat Evangelieto poblisku do narodot.
Ova mislam i za mojata Pravoslavna Crkva, no i za site drugi crkvi koi se izjasnuvaat kako Hristijani i go priznavaat ISUS za svoj Gospod i Spasitel, Sin Bozji.
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 19:09
По што се разликуваат адвентистите од другите христијани?

Постојат повеќе разлики, во зависност од тоа со која друга христијанска црква правите споредба, но, накратко кажано, разликата е во тоа што адвентистите како единствен темел и мерило за верата ја земаат Библијата: „Таа е мерило на карактерот, проверка на искуството, авторитетен толкувач на доктрината и веродостоен извештај за Божјите дела во историјата“ (од основните вистини на Адв. црква). „Целото писмо (Библијата) е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за поправање и за воспитување во правдата...“ „Посвети ги со својата вистина, Твоето слово (Боже) е вистината“ (Јован 17,17). „Твоето слово (Боже) е светилник на нозете мои и и светлина за патеката моја...“ (Псалм 119,105)

За разлика од адвентистите, некои христијански цркви покрај Библијата имаат и низа други книги на кои им придаваат исто, или дури и поголемо значење: црковни традиции, преданија, житија и др. Исто така, некои на ниво на Библијата ги издигнуваат одлуките на црковните собори или пак изјавите и учењата на одредени црковни авторитети - великодостојници или поглавари.

Во многу случаи таквите „додатни извори на вистина“ се во контрадикторност со јасните учењата на Библијата. Од тоа произлегле низа обреди, обичаи и верувања кои немаат своја основа во христијанството, онакво какво што го проповедал Исус Христос. Никаде во Библијата не е забележано дека Тој или неговите апостоли верувале, ги учеле другите или пак земале учество во одредени обреди, обичаи или учења вообичаени за некои христијански цркви денес.

Постојат и други (претежно протестантските цркви) кои исто така тврдат дека за свое единствено мерило на верата ја земаат Библијата. Но, во нивните учења се уште постојат небиблиски примеси кои низ вековите навлегле во христијанството.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2009 во 13:28
WOW!!човече..релакс месинџер.не знам што толку се вознемири?!

Ајде по ред..

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Ako ti si davash za pravo da odreduvash sto e "pravo" i sto e "krivo", samo zatoa sto onoa sto ti si odbral da veruvash e "pravo", togash spored EvAngeos ti ne si "prav" hristijanin. Duri mozhebi i ne si voopshto hristijanin.


Па името кое го носам ОРТОДОКСЕН(ПРАВОВЕРЕН/ПРАВОСЛАВЕН)Христијанин самото кажува дека јас(ние) веруваме дека исповедаме правоверно.Незнам што сега креваш таква галама за ова?!
Логички е дека тие што не веруваат како правоверните се во помала и поголема мерка во заблуда(од незнаење) или ерес(свесно кривоверие).
Е сега ако тие другите не сметаат за кривоверени или пак и дури и нехристијани тоа е нивно право,но тоа не го намалува моето убедување дека ние (вакови-такви) но барем ја исповедам верата како што ние е предадена од Апсотолите.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

..Katolicite? Protestantite? Koptite? Unitaristite?
Sekoj od niv tvrdi deka e Pravoveren, pa spored toa proizlaga deka site se Krivoverni.


Е тука да те поправам..РИМОкатолиците не веруваат дека се правоверни(овој термин по вториот ватикански концил го исфрлиле од својот речник)Они со сите се се сакаат и ги прифаќаат.Ти само папата да го признаеш за Врховен поглавар, другото мање више не е толку битно.

Протестантите(барем повеќето)веруваат во теоријата на разгранети гранки од едно дрво.
Во превод занчи дека сите христијани имаат заеднички и корен ддоека нивните меѓусебни разлики само ја збогатуваат убавината на гранките(значи и тука терминот правоверност е бесмислен)

Коптите пак велат(барем официално)дека и ние и они се едното исто(пак нешто тоа со гранките тезата).

Додека за унатаристи,кој НЕ ВЕРУВААТ ВО СВЕТА ТРОИЦА незнам што е финтата да се праи муабает за нив, кога само по ова значи дека не се христијани!(сега смири се не скокај со бан, ќе се дообјаснам)

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Da ne loveshe ribi so Isus, pa da znaesh shto tochno govoreshe toj???


Абе брат еднаш само сум бил на риболов на дебарско езеро каде со саати не фативме ништо,и му предложив на кумот: дај фрли динамит па да си идеме,и еден рибар до мене ми рече не бе батко,само малите ќе плутаат(!!).Толку од моето рибарење.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Ili da ne beshe Pavle, na koj mu veruvash bez tronka somnenie,


Ја просто сум зачуден колку луѓе од разни провиниенции му го имаат фрлено пикот на Светиот апостол Павле.
Ваков бил онаков бил,лажго,измамник... човек ќе помисли дека он е нешо ко Дарк Вејдер што успеал да го засени дури и Богочовекот Христос со "своето" учење.
Иначе вчера твојата колеша банира еден муслиман кој го нарече лажго..е сега ти малце нешо ко демек по интелектуално се изразуваш но суштина е тоа.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

mozhebi Isusov uchenik za tri godini pa da znae od prva raka za negovoto uchenje ???


Не сум ја имал таа чест.Истиот тој Исус Благоволил да се родам на земјава баш во овој историски период а не тогаш.
Но сепак тоа што Он го кажал и целокупанта радосна вест ја имам чуено и прочитано од Неговата Света Црква,која ни вратите на пеколот нема да ја надвладеат.Таа ми е гаранција за автентичноста.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Mozhesh da kazhesh deka onie koi ne veruvaat onaka kako sto veruvash ti ne se Pravoslavni hristijani


ок еве вака ќе се изразам..Според православните христијани сите што не веруваат како нив НЕ СЕ ПРАВОВЕРНИ.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

no ne mozhesh da kazhesh deka ne se Hristijani bidejki nemash apsolutno nikakvi ingerencii da tvrdish neshto takvo.


Главан особина на христијанството е дека веруваат дека Бог-Син се овоплотил на земјава за да не избави од гревот.Со други зборови Христос Е БОГ(или поточно Богочовек).Ова го веруваат скоро 99,9% од сите кои се нарекуваат Христијани.
Ако некој не го верува тоа или дека он е ангел,астрално битие,пониска форма на Божество и слично. Значи не го исполнува критериумот што е главен за да се дефинира Христијанството.
Значи тој кој верува во такви работи не е Христијанин.
Друга работа е што ние имам поговорка кога Христријанството се меша со некое друго човечко учење(гносис,дуализмот и слично) тоа веќе не е Христијанство.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Toa sto go pravish ne e nisho drugo osven prelest.


Од православна гледана точка многу е некако...(да не кажам дрско).. многу горделиво кога некој се занимава со нечија духовна состојба(освен нели духовникот)Бидејќи судот дека некој е во прелест значи дека тој што го кажува ВЕРУВА дека тој НЕ Е ВО ПРЕЛЕСТ(самоизмама).
И еве ти една инсајдерска информација
Светиот Игнатиј Брјанчинов вели дека најдобра заштита од прелест е свесноста дека СИ веќе во прелест.
Ако си свесен дека си во прелест нема да веруваш на своите помисли и своите толкувања туку ќе се раководиш според Светиот Дух во Црквата и од посискусните и поопитните од тебе.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

ne go ekskluziviraj i privatiziraj Boga bidejki ti ne si Negovo eksluzivno chedo


Скраја да е!!



Изменето од ahmar1 - 30.Септември.2009 во 13:39
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 39>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.