|
Дали верувате во Митарства? |
Внеси реплика | страница <1 45678 18> |
Автор | |||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 21.Септември.2009 во 15:35 | ||||
Ne sum ubeden vo postoenjeto na mitarstavata, pa mislam deka e mozhno i toa sto go velish. Velam "mozhno", a ne "sigurno" bidejki za da e tvrdi neshto takvo treba prvin da se tvrdi deka Bog ni objavil apsolutno s'e vo prisobranite i selektiranite pisanija sostaveni megju koricite na knigata koja denes ja nerekuvame Biblija. Za da se napravi takvo tvrdenje treba toa da se dokazhi. A takov dokaz do sega nema nikoj prineseno. Toa sto go velish ti (od aspekt na celosnoto Bozhjo prezentiranje vo pisanijata), na pochetokot go veruvale i evreite i muslimanite, pa podocna i tie minale na usni predanija i interpretacii bazirani na nivnite prosvetleni vernici. Zatoa stavot koj go podrzhuvash jas go smetam samo kako edna pretpostavka istoznachna na onaa sprotivnata. Da se tvrdi deka ednoto e izmisleno od lugjeto, a drugoto ne, mi nalikuva na oksimoronstvo. Изменето од Messenger - 21.Септември.2009 во 15:37 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Испратена: 21.Септември.2009 во 15:53 | ||||
Ова го извадив од “Премин“
Vernichka : Отец, што се случува со душата после смртта? Дали митарствата се прифатени во Православната Црква или се само источна варијанта на западното чистилиште? отец Игор Калпаковски : Мудрите луѓе во Црквата се многу внимателни по прашањето на митарствата, и воопшто по прашањето на тоа што се случува со душата по смртта. Зашто е факт дека учењето за митарствата е појавува подоцна во Црквата, раните отци не го знаат или слабо зборуваат за тоа. Може да се каже со сигурност дека со смртта душата се одвојува од телото и дека привремено се прибира на некое "место" до општото воскресение, кога повторно ќе биде соединета со телото и ќе го прими конечниот суд. Се' друго е засновано на поединечни сведоштва и добро е да се има внимателен пристап кон тоа. Маран Ата и останатите, што мислите за овој став на о.Калпаковски? Нели ви се чини како да има подвоеност по однос на ова меѓу самите свештеници? |
|||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 21.Септември.2009 во 15:59 | ||||
Rita, vekje nekolku pati beshe opomeneta za vakvoto komentiranje na forumot. Tvrdenjeto deka "духовници" врска немаат од Словото... небиблиски доктрини кои врска немаат со вистината! ne e nishto drugo tuku prelest, nepoznavanje na neshtata ili obichno navreduvanje. Prelest, zatoa sto bilo koj sto navistina go osoznal Boga nema da komentira na toj nachin za onie koi ne go postignale toa, a nepoznavanje na neshtata zatoa sto nemozheme nikogash da znaeme sto osoznale drugite i da im sudime i presuduvame na lugjeto zatoa sto ne gi spodeluvaat nash*te veruvanja. Na krajot, hristijanite od site denominacii ljubat da koristat isti citati od Noviot Zavet so cel da go "dokazhat" svoeto veruvanje... Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите - дали се од Бога, зашто многу лажни пророци излегоа во светот. 1 Јован: 4:1 Духот јасно вели дека во подоцнежните времиња некои ќе отстапат од верата и ќе слушаат измамливи духови и ѓаволски учења. 1 Тимотеј: 4:1 Зашто таквите луѓе се лажни апостоли, измамливи работници кои се преправаат во Христови апостоли. 2 Коринќаните: 11:13 ...a nikoj od niv ne se prashuva dali tokmu toj e onoj koj sledi лажни апостоли, измамливи работници кои се преправаат во Христови апостоли. Ne bidi nikogash 150% sigurna deka 100% od onoa sto go sledish е од Бога, i deka posledovatelno seto drugo ne e ... |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Испратена: 21.Септември.2009 во 16:19 | ||||
Извини Messenger.
Сепак, не го гледам проблемот. Јас само кажав дека има лажни учители, лажни духовници. Не реков дека тоа се било кои. Не кажев дали се православни, католици или муслимани. Секаде има црни овци. Зборував општо и без намера било кого да навредам или нападнам. Тоа беше само предупредување. Тоа второто, го мислев во контекст на: нема зашто да бидеш христијанка која верува во измислени работи, кои не се дел од Светото Писмо. Јас како и сите други овде, само си го искажувам своето мислење, не го наметнувам. Кој сака нека им верува на моите зборови, а кој не сака не мора. |
|||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 21.Септември.2009 во 17:44 | ||||
Ne kazha pravoslavni, no so tvojata replika i vo respekt na dotogashnata diskusija, jasno e deka implicirash na pravoslavnite duhovnici.
Inaku, "нема зашто да бидеш христијанка која верува во измислени работи, кои не се дел од Светото Писмо" e samo pretpostavka koja kje ima tezhina edinstveno ako se temeli na onoa sto prethodno go replicirav na izvoren. Imeno, da tvrdish deka seto znaenje, mudrost i prosvetlenost se sochinuva iskluchivo i potpolno megju koricite na Svetoto Pismo treba takvoto tvrdenje da se dokazhi. A takov dokaz do sega nema nikoj prineseno. Mene mi e potpolno jasno zoshto takviot stav e kamen temelnik za protestantite. Vo sprotivno, nivnata doktrina na strikno vrakjanje na pishaniot zbor vo tie pisanija i nivnoto bukvalno sledenje nema da ima osnova za egzistencija. Iteresno e deka toa sto go velish ti (od aspekt na ekskluzivnoto i celosno Bozhjo prezentiranje vo pisanijata), na pochetokot go veruvale i evreite i muslimanite, pa podocna i tie minale na usni predanija i interpretacii bazirani na nivnite prosvetleni vernici. Na krajot, ne smee da se previdi deka i onie posocheni pisanija koi se del vo Svetoto Pismo ne se izrezhani vo kamen od Boga, tuku se napishani od inspirirani vernici koi zapishuvale onoa sto videle ili slushnale, koi citirale i interpretirale vo svoj nadobar kapacitet. Da se tvrdi deka ednoto e izmisleno od lugjeto, a drugoto ne, mi nalikuva na oksimoronstvo. Изменето од Messenger - 21.Септември.2009 во 17:51 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Испратена: 21.Септември.2009 во 21:23 | ||||
Месенџер, вистината (за христијанството) е само во Библијата! Не можеш да ја бараш во К*ранот, во Ведите, или во други книги и писанија! Не си христијанин ако не веруваш во Новиот Завет. Тоа се обидувам да кажам. Не можеш да го читаш К*ранот, да му се молиш на Буда, да одиш во пагода и да велиш дека си христијанин.
На крајот на краиштата затоа има православни, католици, протестанти, па и англиканска црква. Некои од нив се обидуваат да му додадат други работи на христијанството, освен оние што се во Словото, па затоа настанувале шизми и реформации. |
|||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Испратена: 21.Септември.2009 во 22:38 | ||||
|
|||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Испратена: 21.Септември.2009 во 23:02 | ||||
Јаков: 3:1 Не бидете, браќа мои, мнозина од вас учители, зашто знаеме дека ќе бидеме построго осудени за тоа.
Духовниците, пасторите, свештениците, проповедниците, теолозите, мораат да внимаваат да бидат добри примери и водачи, да поучуваат правилно бидејќи пред Бога тие ќе одговараат, строго ќе бидат судени доколку поведат души кон погрешен пат. 2 Петар: 2:1 А имаше и лажни пророци во народот, како што ќе има и меѓу вас лажни учители, кои тајно ќе внесуваат гибелни кривоверства и ќе Го одречуваат Господа, Кој ги откупил, навлечувајќи врз себе брза погибел. А што се однесува до сексот: Битие: 1:28 И Бог ги благослови и им рече Бог: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата, и потчинете ја! Владејте над рибите во морето и над птиците во воздухот и над сите живи суштества што лазат по земјата!” 9:1 Тогаш Бог ги благослови Ное и неговите синови и им рече: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата. Појасно, здравје! А што се однесува за царините-ич да не му ја мислиш. Измислици се исто како и чистилиштето. |
|||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Испратена: 22.Септември.2009 во 06:31 | ||||
Искрено речено, овој коментар на отец Игор не е многу јасен, затоа што самиот тој не го наведува своето мислење, и не може да се тврди дека тој не го поддржува тоа учење. А се сложувам со тоа дека не треба да се догматизираат истите. Инаку, мудрите луѓе на Црквата имаат јасно кажано што се случува со душата после смртта, па затоа и целата Црква, неизоставно, во одредени денови прави панахиди за покојните, откако некој ќе се упокои служат секојдневно 40 Литургии за покојникот итн. Поради тоа што Бог открил што се случува во задгробниот живот, затоа во православните богослужбени книги има молитви и прозби во релација на тоа. Митарствата се учење на Црквата, а оние кои не ги прифаќаат, веќе реков дека најчесто се луѓе кои се протестанти преобратени во православни, кои сеуште не го имаат очистено стариот квас, или луѓе кои размислуваат рационалистички и секуларистички, потхранети и со схоластицизам (или луѓе кои читале книги само од опозицијата, но не ја имаат прелистано позицијата). Со оглед на тоа што мерило за веродостојноста на митарствата нам, Православните, не ни се поединечни свештеници, туку Светите Отци кои биле/се боговдахновени, затоа само накратко ќе изложам на неколкумина такви кои говорат за митарствата: 1. Богородица се молела на Својот Син да ја избави од злите духови кои ја напаѓаат душата во часот на смртта. 2. Св. Атанасиј Велики во житието на св. Антониј Велики 3. Св. Јован Златоуст 4. Авва Макариј Велики 5. Св. Великомаченик Евстратиј 6. Св. Великомаченик Георгиј 7. Св. Нифонт 8. Св. Симеон, јуродив Христа ради 9. Блажениот Јован Милостив, патријарх Александриски 10. Св. Симеон Столпник 11. Преподобен Јован Раитски 12. Преподобен Исаија Отшелник 13. Авва Варсануфиј Велики 14. Авва Доротеј 15. Св. Јован Карпатиски 16. Св. Исихиј 17. Преподобен Теогност 18. монах Евагриј 19. Затвореник Задонски, Георгиј 20. Св. Јован Лествичник......... 21. ................... И многу многу други, а од поновите одлично објаснување даваат св. Јован Шангајски, св. Игнатиј Брјанчанинов, блажени Серафим Роуз… |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Испратена: 22.Септември.2009 во 09:59 | ||||
А да наведеше некој од 1ви, 2ри или 3век?
(само те молам поштеди не со прикаските кои сте и ги накалемиле на блажената Марија - дека она го молела Исус тоа што велиш, дека апостолите летале по облаци за да се поздрават со неа, дека воскреснала, дека се вознела на Небото небаре Исус 2ри дел)
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Испратена: 22.Септември.2009 во 12:49 | ||||
Со нередовно читање на Светото Писмо, доаѓа и до искривување на неговата смисла и суштина, а исто така, тоа е последица и на неподвизување, мрзоволност во сечење на страстите и добри дела. Зарем не ти е познато од Светото Писмо дека ЉУБОВТА ПОКРИВА МНОГУ ГРЕВОВИ? Љубовта која блажена Теодора ја имала кон својот духовен отец на дело, ги ПОКРИЛА нејзините гревови кои не ги исповедала. 1 Петар 4:8 А пред се, имајте постојано љубов меѓу себе; зашто „љубовта покрива многу гревови”. ... изгледа немаш многу познавање за љубовта.
Дека имаш никакво познавање од православието, а се дрзнуваш да објаснуваш нешто што не го знаеш, правиш смешни грешки, а со тоа и самиот се бламираш. Ајде да видиме кој суди и да ги разобличиме лагите и клеветите на Евангелос. Св. Нифонт епископ на Константијана Александриска митарствата јасно и концизно ги објаснува: „Штом душата ќе излезе од телото, доаѓаат ангелите да ја преземат, но тогаш се собираат и мноштво демони. Ангелите ги претставуваат добрите дела на душата, додека демоните ги претставуваат лошите. Потоа сите стојат и чекаат од небесата да дојде одлука за спасение или за осуда. А додека не дојде таа ужасна одлука, низ какви само маки душата минува! Час мисли дека ќе биде фрлена во пеколот и премалува од страв, час се надева дека ќе и’ биде дарувано спасение и потскокнува од радост и веселба. Потоа повторно се сомнева и ги подига рацете кон небото, молејќи се да не биде предадена на оние што чкртаат со забите против неа. Но и ангелите имаат голема мака, како и демоните. Првите се надеваат на одлуката за спасение, а другите за одлуката за осуда. И кадешто ќе заповеда праведниот Судија, таму и ќе се предаде душата – или на Божјите ангели и на избавувањето, или на демоните на темнината и на гибелта.“
Православните веруваат и знаат дека Бог е единствениот праведен Судија Кој ќе им суди на живите и мртвите и на секој ќе му даде споре неговите ДЕЛА. Но, во Светото Писмо се вели и нешто друго: Лука 22:29,30 Јас ви ветувам, како што Ми вети Мојот Отец, царство, за да јадете и да пиете на трпезата Моја во царството Мое, и да седнете на престоли и да им судите на дванаесетте Израелови колена. 1 Коринтјаните 6:2 Не знаете ли дека светиите ќе го судат светот? Прашање за Евангелос: Што сакал да каже авторот тука? Зарем не е Бог Тој Кој суди? Или Господ не знае што зборува?
Evangelose, Evangelose, слабо го читаш Светото Писмо. Откровение: 12:10 И чув висок глас на небото како зборува: „Сега настана спасението и силата и царството на нашиот Бог и власта на Неговиот Христос, бидејќи е симнат клеветникот на браќата наши, кој ги клеветеше пред нашиот Бог дење и ноќе.“ И зарем не знаеш како ѓаволот го клеветеше Јов: Јов 2:1 – 5 Еден ден дојдоа синовите Божји да застанат пред Господа; меѓу нив дојде и сатаната да застане пред Господа. И му рече Господ на сатаната: "Од каде дојде?" Му одговори сатаната на Господа и рече: "Одев по земјата и ја обиколив." Тогаш му рече Господ на сатаната: "Обрна ли внимание на Мојот слуга Јов? Зашто на земјата нема таков како него: човек непорочен, праведен, богобојазлив и кој го одбегнува злото, и уште цврсто се држи во својата непорочност, иако ти Ме поттикнуваше, да го погубам без вина." Му одговори сатаната на Господа и рече: "Кожа за кожа, а за животот свој човек ќе даде и се што има ; но ајде пружи рака и допри се до коските негови и плотта негова, - ќе Те благослови ли и тогаш?" Дечко, па ти не знаеше до пред три дена дека со принесување жртва на идолите, фактички жртвата се принесува на демони, а сега сакаш нешто за демонот да ни раскажуваш како делувал?
А зошто да не можат да ја грабнат душата во пеколот, ако Господ пресуди дека таа душа е за во пеколот? Па низ цело Свето Писмо се кажува дека адот, темнината, пеколот е живеалиште на демоните, и дека секој кој нема добри дела ќе биде фрлен да живее со нив. Псалми 93:17 Да не ми беше помогнал Господ, душата моја брзо ќе се преселеше во адот. Матеј 8:12 а синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби. Матеј 25:30 а лошиот слуга фрлете го во крајна темнина: Таму ќе биде плач и крцкање со заби.' Евангелосе, па зарем до сега не знаеш дека ѓаволот ги мами луѓето да грешат за да ги однесе во пеклолот? Изменето од Maran Ata - 22.Септември.2009 во 12:51 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Испратена: 22.Септември.2009 во 12:51 | ||||
Повторно искривувено толкување, а до сега милион пати кажавме што се мисли со овој стих. Ама ајде, повторувањето е мајка на знаењето, велат. Спасението не е од делата и тоа се однесува на сите луѓе во светот. Но што сака тука да каже? Кое спасение, кога јасно знаеме дека нема сите луѓе да бидат спасени, затоа што сите се повикани, но малкумина избрани? Кога нашите прародители згрешиле, прелагани од сатаната, Бог ги изгонил од рајот, и зад нив рајската порта била затворена. Во Стариот Завет, сите грешници, но и сите праведници, поради тоа оделе во пеколот. За рајските врати повторно да бидат отворени за човекот, требала некоја извонредна жртва, која ниту еден човек не можел да ја даде. Токму затоа и доаѓа овоплотен Синот Божји на земјата – да го отвори рајот за човештвото и да го победи ѓаволот со тоа. А тоа се гледа од стихот каде Господ му вели на покајаниот разбојник дека тој уште во истиот ден ќе биде со Него во рајот. Тој е првиот човек кој влегол во рајот откако биле отворени рајските порти за сите нас, после Христовиот откуп на Голгота. Но дали сите ние ќе стигнеме таму, затоа што Господ не ја пролеа Својата крв само за тебе и мене, туку за сето човештво, од почетокот на светот до самиот негов крај? Toj Својата Крв ја пролеа и за убијците, и за крадците и разбојниците, и за сите кои вршат престапи. Токму тоа спасение од пеколот е дарот Божји, затоа се вели – 1 Коринтјаните 15:55 “Смрт, каде ти е осилката? Пеколу, каде ти е победата?”Тој дар не е по нашите дела. ПО ДАР НИ Е ДАДЕНА МОЖНОСТА ЗА СПАСЕНИЕ; НО НЕ СИТЕ ЌЕ БИДАТ СПАСЕНИ Христос ги отвори рајските порти за мене и за секој човек, но дали ќе влезeмe во рајот, тоа зависи од нашите дела. Матеј 7:23 И тогаш Јас ќе им кажам: ‘Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски дела!’ Римјаните 2:6-7 Кој секому ќе му даде според неговите дела; живот вечен на оние, кои со трпение во добрите дела бараат слава, чест и бесмртност; Изменето од Maran Ata - 22.Септември.2009 во 12:52 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Испратена: 22.Септември.2009 во 13:11 | ||||
За човек да биде спасен, треба да содејствува со Бога, т.е. да живее според Бога и праведно и да врши ДОБРИ ДЕЛА. Бог нема со сила да не спаси ако тоа ние не го сакаме. А како се докажува дека сакаме да сме спасени т.е. со Бога? – Со ДЕЛА. Бог ќе ни суди за секој наш грев, а светиот апостол Јаков вели дека тој кој може да прави добро, а не прави, му се пишува грев. Значи, секое дејствување или недејствување, се смета за добро дело или недело, и според тоа ќе бидеме судени. Џабе е ако веруваш, а немаш дела. И ѓаволите веруваат во Бог, но дела... злодела! Господ од нас бара покајание за гревовите кои сме ги направиле и менување на животот, т.е. прумување и започнување на нов живот исполнет со добри дела. А доколку тоа не го направиме... : Матеј: 16:27 Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Отец, со ангелите Свои, и тогаш ќе му даде на секој според делата негови. 1 Петар: 1:17 И ако Го нарекувате Татко Оној Кој непристрасно го суди секој поединец според делата, поминете го со страхопочит времето на својот животен пат, Римјаните 11:15 та затоа не е голема работа, ако е слугите негови му се преобразуваат како слуги на правдата; но нивниот крај ќе биде според делата нивни. 2 Тимотеј: 4:14 Ковачот Александат ми направи големо зло. Нека му врати Господ според делата негови! Откровение: 2:23 И чедата нејзини ќе ги поразам со смрт, и сите цркви ќе узнаат дека Јас сум Оној , Кој ги испитува срцата и бубрезите; и секому од вас му давам според делата негови. Откровение 20:12, 13 Потоа ви висов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отворија книги, и друга книга се отвори - книгата на животот; и судени беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни. Морето ги поврати мртвит свои, кои беа со него; смртта и пеколот ги повратија мртвите свои, што беа во нив; и секој прими суд според делата свои. Откровение 22:12 ‘И еве, ќе дојдам скоро, и отплата Моја и со Мене, за да му дадам на секого според делата негови.’ Изменето од Maran Ata - 22.Септември.2009 во 13:12 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Испратена: 22.Септември.2009 во 13:28 | ||||
Римјаните 7: 19-23 Оти не доброто, кое го сакам, го правам, туку злото, што не го сакам, го вршам. А штом го вршам она, што не го сакам, не го вршам веќе јас, но гревот, кој живее во мене. И така, во себеси наоѓам таков закон дека, кога сакам да го правам доброто, злото ми се наметнува. Бидејќи, со својот внатрешен човек наоѓам наслада во законот Божји, но во органите свои гледам друг закон, кој војува против законот на мојот ум и ме прави заробеник на гревовниот закон, кој е во моите органи. Светиот апостол Павле не е нановороден и го нема Светиот Дух во себе??? Лукавствуваше дека јас сум велела оти Посланијата на Павле не биле боговдахновени, а всушност ти го тврдиш тоа. |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
Внеси реплика | страница <1 45678 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |